КАФЕ ПАУЗА

Tag: трендови

  • Модни трендови за eсен, 2014

    Модни трендови за eсен, 2014

    Автор: Софија СионоваrnrnЛетото одамна заврши и време е да се препуштиме на постуденото време и потоплата облека. Џемпери во разни бои, интересни капути и јакни и чизмите до глужд се меѓу главните карактеристични парчиња за есен. Но, секоја сезона има по некој нов тренд кој ги покорува сите, од улиците па сѐ до најценетите дизајнери.rnrnmodni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mkrn

    1. Накит во арт деко стил

    rnКако што се менува времето, заменете ги веселите тиркизни и корални ѓердани со потемни нијанси на накит во арт деко стил. Сјајот и придушените тонови го прават одличен избор за поладните месеци.rnrn1-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mkrn

    2. Есенски цветови

    rnРазликата од пролетните до есенските цветови е само во бојата на позадината. Додека кај пролетните имаме принтови со весели бои, кај есенските владеат потемните нијанси. Ваквите парчиња одлично стојат со чизмички до глужд во бежови нијанси.rnrn2-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mkrn

    3. Долги џемпери

    rnДолгите џемпери се апсолутен хит оваа сезона. За вечерни прошетки, за на кафе со пријателите, овие џемпери се соодветни за секоја прилика. Изгледаат одлично со краток џемпер, отворени обувки и бојфренд фармерки.rnrn3-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mkrn

    4. Метални оксфордки

    rnПретходните сезони, оскфордките кои го отсликуваа машкиот стил започнаа да доминираат и на женските стапала. Оваа сезона, тие се повторно модерни, но наместо класичниот модел се преферираат моделите кои се во металик нијанси. Одлично изгледаат со кошула и џемпер врз неа, како и со ултрамодерниот ранец.rnrn4-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mkrn

    5. Мантил со изглед на наметка

    rnМантилите оваа сезона го заменуваат нивниот строг крој и линии со порелаксиран изглед кој зрачи со женственост и ја потенцира женската силуета. Најдобар начин да ги инкорпорирате во вашиот изглед е со џемпер на риги и фармерки.rnrn5-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mkrn

    6. Чизми со врзување

    rnЛесни за облекување и по малку необични, тие се одличен избор за есенските денови.rnrn6-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mkrn

    7. Чизми до глужд во бежови нијанси

    rnЕдно од класичните парчиња кои морате да ги имате за есента се дефинитивно чизмичките до глужд. Но, оваа сезона најголем фаворит се бежовите нијанси, наспроти црните. Не само што се шик и модерни туку тие се и многу практични.rnrn7-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mkrn

    8. Совршен ранец

    rnОваа есен се обрнува доста внимание на комфорот, па освен ослободувањето од високите потпетици, се ослободуваме и од тешките чанти. На нивно место доаѓаат ранците. Се носат на двете раменици, така што нема да чувствувате болки во грбот, а сепак ќе носите сѐ што ви е потребно.rnrn8-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mkrn

    9. Есенски шешир

    rnИзработени од волна со широк обод во темни нијанси есенските шешири се токму она што ви е потребно за оваа сезона. Плус, тие се најдобар начин да ја внесете есента во летната облека.rnrn9-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauzarnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

    6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

    Од плетенки до готска шминка, еве што диктираат модните писти оваа есен кога станува збор за надворешната убавина.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    1. Плетенки

    rnОваа есен познатите модни куќи на модните писти презентираа доволно фризури со плетенки што не можеме а да не се запрашаме дали плетенките се тренд за оваа сезона? Тука се и некои од познатите личности кои редовно се појавуваат со плетенки, без разлика дали станува збор за изглед на црвениот тепих или кежуал комбинација. Во секој случај, со плетенки може да си направите фризура за секоја пригода и да направите косата да ви биде средена без многу труд и време. Плетенките се секогаш добар избор па не ги изоставувајте оваа есен.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    2. Шишки

    rnШишките се секогаш најдобар избор доколку сакате да направите промена во вашиот изглед. Шишките ви ги истакнуваат очите и јаболчниците и ви даваат заводлив изглед. Но, не зборуваме за какви било шишки, оваа есен одете смело. Речете му на вашиот фризер дека сакате шишки со заоблени краеви или драматичен пад на краевите или пак скратете ги пократко од вообичаено.rnrnОскар де ла Рента и Александар Венг дефинитивно покажаа смели изгледи на њујоршката недела на модата, кои може да ви послужат како инспирација.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    3. Вампирски усни

    rnОва е еден од оние трендови кои се враќаат секоја година. Штом дојде оваа сезона усните стануваат сè потемни па темноцрвените нијанси се доста популарни наесен. Не заборавајте пред карминот внимателно да ги оцртате усните со молив. Кога станува збор за нијансите, од вино до темновиолетова, добредојдено е сè што е темно и мистично. За посебни пригоди изгледот надополнете го со парче впечатлив накит, комбинација која гарантира луксуз, додека темната нијанса на кармин со црн тренди капут е навистина моќна и женствена.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    4. Готски нокти

    rnКога сме веќе кај храбриот изглед и „темната“ страна на есента, уште еден тренд кој се враќа секоја есен дефинитивно се готските нокти. Темно виолетови, вино боја, темно кафеави, мастило боја, се нијанси кои се добредојдени. Доколку не сте љубители на темните лакови одберете металик нијанса, кои исто така даваат софистициран изглед. Доколку сакате повпечатливи нокти, слободно одберете темна нијанса со светки.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    5. Металик шминка за очи

    rnСмел и заводлив поглед директно од диско клубовите на деведесеттите. Доколку баравте начин да постигнете впечатлив и луд летен изглед наесен, еве ви можност. Нанесете сребрена металик сенка на внатрешниот агол на окото за да ги истакнете очите. Сите девојки со сини очи, златна или бакар нијанса е вистинската за вас. Не заборавајте дека вниманието го влечете кон очите, па нема потреба од тешки и впечатливи нијанси на кармин. За усните може да одберете т.н. „гол“ изглед.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    6. Неутрална и природна шминка

    rnДосега есенските трендови се прилично смели, но доколку впечатливите бои не се ваша добра страна нема потреба да се обидувате да бидете нешто што не сте. „Голата“ шминка е сосема прифатлива оваа есен. Всушност, неутралното никогаш не излегува од мода. Клучот за постигнување на овој изглед е употребата на што е можно понеутрална шминка за да се нагласат добрите црти на вашето лице. На пример, одберете крем пудра која нема да ви го „фасадира“ лицето, туку ќе му даде топлина на природен изглед, како и нежно розово руменило кое суптилно ќе го нанесете на јаболчниците правејќи потези со четката кон надвор. Сенките за очи нека бидат со природни и земјени тонови, што е можно понеутрални, а изгледот може да го завршите со сјај за усни во праска боја или нежен кармин во крем нијанса.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Трендови за есен/зима 2014-2015: Кои бои најмногу ќе се носат оваа сезона?

    Трендови за есен/зима 2014-2015: Кои бои најмногу ќе се носат оваа сезона?

    Ако погледнеме во колекциите на дизајнерите, скоро целиот круг на бои е застапен оваа сезона, не исклучувајќи ги секогаш присутните – белата и црната. Стандардно, есента носи малку потемни нијанси, но овој пат и по некоја светла, која ќе ја разбие монотонијата и во најтмурните денови.rnrn0-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnЕве кои бои се најзастапени во колекциите на модните дизајнери и како тие најдобро се комбинираат.rn

    Алуминиумска сива

    rnОд најсветла до најтемна, оваа футуристичка боја е комплексно-неутрална и е најпопуларната за сезонава.rnrn1-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 2-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Нијанси на сина (морнарска и кобалт)

    rnМорнарско-сината е класична боја која секогаш е во тренд. Комбинирајте ја со бела за беверменски изглед.rnrnСветлата кобалт сина има дискретна зелена поднијанса и претставува варијација на традиционалната кобалт сина.rnrn3-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk4-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Црвена (аурора и сангрија)

    rnОвие нијанси даваат гламур и свечен изглед.rnrnАурората е портокалово-црвена нијанса, која претставува класична есенска боја која дава доза живост меѓу останатите потемни бои.rnrnСангрија е убава нијанса на шумско овошје која побудува чувство на гламурозни авантури и далечни дестинации.rnrn5-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 6-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Блескава орхидеја и бежова магла

    rnЗа доза женственост – овие бои лесно се комбинираат меѓусебно, но одлично изгледаат и самостојно во комбинации од глава до пети.rnrnБлескавата орхидеја добро се комбинира со сини и сиви нијанси.rnrnБежовата магла е романтична и елегантна светловиолетова нијанса која дава женственост и добро се комбинира со сангрија и блескава орхидеја.rnrn8-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk7-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Коњак кафена кафеава боја и нијанси на беж

    rnОвие две бои даваат суптилна елеганција.rnrnКоњакот е најпопуларна нијанса на кафена за оваа есен. Ова е многу топла боја која многу едноставно се комбинира со останатите нијанси во палетата.rnrn9-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk10-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Чемпрес зелена

    rnКласична, но силна есенска зелена нијанса. Освежувачка боја која лесно се комбинира со беж, жолта, аурора црвена и коњак боја.rnrn11-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 12-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Замаглено жолта

    rnНајсветла за сезонава, создава рамнотежа помеѓу останатите темни бои од есенската палета.rnrn13-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Класичните црна и бела

    rnСекогаш во мода, било во посебни комбинации од глава до пети или во меѓусебен спој.rnrn14-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 15-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 16-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 трендови од 90-тите кои повторно се враќаат во мода

    5 трендови од 90-тите кои повторно се враќаат во мода

    Автор: Софија СионоваrnrnМодата од 90-тите е еден интересен период од кој моментално сите дизајнери црпат инспирација. Додека модните избори во минатото не биле баш најмудри (премногу светки на кожата и широки пантолони во стилот на MC Hammer), голем дел од нив повторно се враќаат на големата сцена.rn

    1. Кроп топови

    rn1-5-trendovi-od-90-tite-koi-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-kafepauza.mkrnrnИако веќе некое време се модерни, тешко дека овој тренд за брзо време ќе си замине. Од свечени до обични, со долги ракави или кратки, со шари или еднобојни, секој може да си го најде омилениот модел. Токму затоа овој стил е повторно многу популарен. За кежуал изглед широкиот модел со графички принт, шорцеви и цветно кимоно изгледа одлично, или кроп топ од тантела во комбинација со макси здолниште за вечер со пријателките. Можностите се неограничени.rn

    2. Биркенсток сандали

    rn2-5-trendovi-od-90-tite-koi-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-kafepauza.mkrnrnОва е еден од најскептичните трендови. Без разлика што не се баш најомилени помеѓу женската популација (а секако и меѓу машката!), нивната удобност полека освојува, а голем плус е што модерните верзии се многу поубави од нивните претходници. Најлесно се комбинираат со неутрални бои или минималистички парчиња.rn

    3. Капчиња со прилагодлива големина

    rn3-5-trendovi-od-90-tite-koi-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-kafepauza.mkrnrnОва капче полека се пробива низ најмодерните трендови и си го добива местото меѓу нив. Ги има во безброј бои и варијанти. Се носат од напред, од назад дури и настрана. Со женствен фустан создаваат контраст, а за изглед инспириран од гранџот најдобро стојат со шорцеви и маичка со принт.rn

    4. Комбинезон

    rn4-5-trendovi-od-90-tite-koi-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-kafepauza.mkrnrnОва е еден од трендовите кој никој не очекуваше дека ќе се врати, но како и повеќето, и тој го прави неговиот голем камбек. Ако сте похрабри, овие комбинезонките изгледаат супер слатко и се едно од најудобните парчиња за летово. За да не изгледате како да сте излегле од филм од 90-тите, избегнувајте ги широките стилови. Носете потесни модели или кратки. За екстравагантен изглед можат да се спојат со кроп топ, така што ќе покажете малку кожа која ќе ѕирка од страните.rn

    5. Карирано

    rn5-5-trendovi-od-90-tite-koi-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-kafepauza.mkrnrnДефинитивно стилот на 90-тите е најпрепознатлив по карираното. Иако овој принт е евергрин, оваа сезона го има секаде. Одлични варијанти се: кошула со маичка и фармерки за секојдневен изглед, или кошула заврзана на струкот со убав фустан или спортско здолниште за баланс помеѓу женствениот и машкоданскиот изглед.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични свадбени трендови во 2014

    Необични свадбени трендови во 2014

    Многу работи немаше пред 10 години, смартфони, Пинтерест, Инстаграм, Твитер… Ова секако го прави различен скоро секој аспект од животот, но дали сте помислиле колку технологијата и социјалните мрежи го имаат променето начинот на кој ги организираме и посетуваме свадбите?rnrn?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????rnrnОва се 4 необични свадбени трендови кои ја бележат 2014.rn

    1. Покани „Не сте поканети“

    rnВо последно време многу парови се одлучуваат за мали свадби, понекогаш со цел да ѝ избегаат на традицијата, а многу често заради тоа што просторот кој го изнајмуваат е предвиден за помал број луѓе. Веројатно и буџетот си игра улога во ова.rnrnНавистина е чудно кога нема да добиете покана за свадба од некој што го чувствувате за доволно близок за да ве покани, но новиот тренд е добар за двете страни. Со културна порака ги известувате сите луѓе кои ги познавате и кои би очекувале да бидат поканети на вашата свадба, дека поради ограниченост на просторот, на вашата веселба ќе присуствуваат само најблиските и жалите што не тие нема да бидат дел случувањето. Некако за непоканетите, ова веднаш делува коректно и веројатно тие не би држеле лутина поради ова.rn

    2. Офлајн свадби

    rnУште еден тренд е присутен откако настапи ерата на паметните телефони и социјалните мрежи – константно „фоткање“ и поставување фотографии на Инстаграм, Пинтерест, твитање во живо од местото на случувањето итн.rnАко правите свадба веројатно сте најмиле армија професионални фотографи и сниматели, па можеби не сакате „неофицијални“ фотографии да истекуваат во јавност. Има доволно луѓе кои ќе се погрижат да ги фатат најдобрите моменти, а потоа и ќе им ги понудат на гостите да ги купат оние фотографии на кои ги има. Праксата е земање на телефоните на влез и враќање кога гостите ќе си заминуваат.rn

    3. Консиерж за социјални медиуми

    rnОвој тренд е сосема спротивен на претходниот. Ова се свадби на кои се најмени посебни лица кои се одговорни за сите хаштагови кои треба да се користат при споделување на фотографии од „зад сцената“ на сите социјални мрежи.rn

    4. Розови венчаници

    rnИ порано сме гледале венчаници во други бои, но најчесто ако се заобиколува традиционалната бела, обично изборот паѓа на бојата шампањ. Оваа сезона трендот е променет и сега се хит розовите фустани, боја која одлично одговара со лесните лелеави материјали кои даваат изглед на принцеза. За тоа придонесоа модните свадбени линии на некои дизајнери како онаа на Вера Ванг за есен, 2014.rnrnrnrnКој свадбен тренд го имате забележано вие? На кој начин се имаат променето свадбите во последно време?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зимски модни комбинации за трудници

    Зимски модни комбинации за трудници

    Зимата пополека ни доаѓа, па пополека треба да се подготвиме за нови комбинации и трендови. Иако повеќето трудници сметаат дека за разлика од летото, зимата е тешко годишно време за модно експериментирање, овие модни комбинации со сигурност го докажуваат спротивното. rnrnrnrnБез разлика во кој месец сте од вашата бременост, можете да изгледате спектакуларно и да се чувствувате удобно во она што го носите. Повеќето од овие парчиња ги имате во вашите гардеробери, па лесно ќе можете да го прилагодите вашиот стил за претстојната студена сезона.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модните трендови од Лондонската недела на модата 2013

    Модните трендови од Лондонската недела на модата 2013

    Лондонската недела на модата, како и секогаш, предизвика лавина на реакции, наметнување нови трендови и задоволство на лицата на љубителите на модата. Иако лондонската треска заврши, ќе остане запаметено спектакуларното шоу, откачените текстури, нео-панк креациите и шаренилото од бои. Ова се 6 модни трендови од овогодишното лондонско модно шоу.rn

    Панк во стилот на 21-ви век

    rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnСо тесни мини здолништа, разни принтови и отпечатоци од слогани, панкот навистина се истакнуваше кај многу од моделите. Изгледот беше надополнет со луксузен накит и шпиц-обувки.rn

    Огромни здолништа

    rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnПовторно станува збор за враќање на еден моден тренд, но овој пат во сосема поинаков стил. Здолништата не се изработени од традиционални материјали, а изгледот е надополнет со џемпери и кошули, што отсликува еден многу порелаксиран стил.rn

    Смело комбинирани бои

    rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnВнесете бои во вашиот плакар! Смелото комбинирање на бои е во тренд, ставете цела палета од бои на вас, или комбинирајте ги обувките со палтото. Целта е да привлечете внимание со бои кои се истакнуваат.rn

    Висок сјај

    rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnОгромен тренд за наредната есен, ПВЦ-кожа. Какво било парче облека, фустан, капут, здолниште… Ваквиот изглед со сигурност привлече внимание како нов моден тренд.rn

    Графички плетки

    rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnВаквата храбра текстура е добредојдена во вашиот плакар. Плетените текстури се во комбинација со сосема спротивни принтови и дизајни.rn

    Ролки

    rnМодните трендови од Лондонската недела на модата-2013rnrnМеѓу многуте работи кои прават камбек се и ролките. Не само што наесен ќе треба да внимавате да ви биде топло на вратот, ролките се секси и женствени. Не секогаш тоа што е премногу разголено е секси, некогаш е токму обратното.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мејкап трендови за есен 2012

    Мејкап трендови за есен 2012

    Дизајнерите ширум целиот свет ги поставија топ трендовите за оваа есен. Есенската монотонија ќе ја протресат впечатливи бои, интересни форми и смели мејкап изгледи. Ова се мејкап трендовите за оваа есен кои ги издвојуваме:rn
    rn

    Бела сенка за очи

    rnМејкап трендови за есен 2012Можеби месеците кои доаѓаат се постудени, но тоа не значи дека треба да го ограничите вашиот изглед со темни бои. Обичното и секојдневното е здодевно, па затоа наместо тоа нанесете ја сенката само на внатрешните или само на надворешните агли од очните капаци. Маскарата можете или целосно да ја прескокнете или да нанесете само еден слој маскара или туш за очи.rn
    rn

    Геометриски форми

    rnМејкап трендови за есен 2012Со изборот на вистинските бои, оваа есен можете лесно да ја користите шминката за очи како аксесоар. Строги линии, апстрактни форми и накосеност на каревите за да добиете „мачкин поглед“.rn
    rn

    Смели веѓи

    rnМејкап трендови за есен 2012Тенките веѓи веќе не се ин, дебелите веѓи на големо направија камбек во последниве години. Оваа сезона веќе се екстремни, слободно нагласете ги!rn
    rn

    Образи румени како од студ

    rnМејкап трендови за есен 2012Како што и самите забележавте, оваа сезона преовладува природниот изглед, а обично вниманието се носи само на одреден дел од вашето лице. Во овој случај, нагласете ги образите. Одберете розово или црвено руменило и направете ги вашите образи румени како од студ.rn
    rn

    Готик изглед

    rnМејкап трендови за есен 2012Темни бои, висок сјај, нагласување на усните. Оваа есен во тренд се темните усни, нијанси кои се движат од бордо, до речиси црно.rn
    rn

    Блескави „зачадени“ очи

    rnМејкап трендови за есен 2012Изгледот „зачадени очи“ не излегува од мода – само му се дава една поинаква димензија. Ваквата шминка е секогаш одличен избор доколку сакате да ставите акцент на вашите очи. Класичните „зачадени очи“ заменете ги со живи, блескави бои, особено пурпурна и смарагдна боја. За да постигнете совршен изглед, одберете три монохроматски нијанси. Најсветлата сенка искористете ја за да го потенцирате делот под веѓите и долж внатрешните агли на очите, а најтемната за да ја дефинирате формата на окото. Потоа додадете живи бои во центарот на очните капаци за вашите очи да изгледаат поголеми.rn
    rn

    Црвена сенка за очи

    rnМејкап трендови за есен 2012Долго време црвената боја се користи за нагласување на усните, но сфатете го ова како еден вид пресврт. Зошто да не ги нагласите вашите очи со црвена сенка?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 пролетни трендови на обувки

    5 пролетни трендови на обувки

    Автор: Моника Трајковска

    rn

    Пролетта конечно дојде и сите ние сме возбудени за подолгите, посончевите и потоплите денови. Можете слободно да ги спакувате вашите чизми и зимски кондури за да ослободите повеќе место за пролетните обувки. Оваа пролет очекувајте балетанки, сандали и мокасинки во многу бои. Најмногу ќе се издвојуваат апстрактните и цветните дезени кои одлично ќе изгледаат за време на најубавото годишно време.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn

    1. Балетанки со врв во различна боја

    rn

    Овој вид на класични балетанки секогаш биле во тренд, но оваа пролет ќе имаат сосема нов изглед. Тие ќе бидат со уникатни бои, светли или темни, со цветни дезени или карирани и секогаш со врв во различна боја. А за оние кои се посмели, ќе има и посебни платнени балетанки со метален врв.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn

    2. Апстрактни дизајни

    rn

    Оваа пролет не смеете да немате барем еден пар обувки со овој дизајн. Без разлика на тоа дали се работи за сандали, балетанки или мокасинки тие мора да имаат многу бои на нив и уникатни дизајни по кои ќе бидете лесно препознатливи.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn

    3. Рамни сандали

    rn

    Рамните сандали се основа за секојдневни прошетки на топло време, а оваа сезона најмногу ќе се издвојуваат оние со два ремена. За девојките кои со нетрпение ја дочекаа пролетта, најдобар избор се сандалите со цветни дизајни, додека пак за покласичните девојки тука се сандалите со многу светли бои и платнени ремени.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn

    4. Сандали со рамна платформа

    rn

    Претходната година се до завршувањето на летото, овие сандали беа голем хит. Оваа сезона повторно се високо на листата. Без разлика дали се работи за дневна прошетка во паркот или вечерно кафе со другарките, тие се секогаш одличен моден додаток.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn

    5. Разнобојни мокасинки

    rn

    Пронајдете го вашиот внатрешен пролетен дух со мокасинки во најразлични бои. Во зависност од бојата што преовладува во вашиот плакар, одберете си еден пар мокасинки кој оди со скоро сите видови на пролетна облека.  Пробајте и цветен дизајн, доколку вашиот стил ви го дозволува тоа.5 пролетни трендови на обувки

    rnrn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Застарени модни правила

    Застарени модни правила

    Модниот свет поставува трендови и правила кои остануваат долго да владеат. Сепак, најкреативните поединци секојдневно покажуваат дека правилата не секогаш мора да бидат почитувани поставувајќи нови граници за модерното и урбаното. Ова се само дел од правилата кои пополека стануваат минато.rnrnЗастарени модни правилаrn

    Не комбинирајте ги црната и кафената боја

    rnМногумина црната ја гледаат како боја која може да се искомбинира со сите останати. Сепак, сите ја знаат лекцијата дека во ниеден случај не треба да се комбинира со кафена боја. Во денешно време многу девојки го докажуваат спротивното, комбинирајќи ги овие две бои на стилски начин и за волја на вистината овој пар може да си одговара перфектно.rnrnЗастарени модни правилаrn

    Не комбинирајте злато со сребро

    rnДоколку дизајнерите на накит немаат проблем да обединуваат златни и сребрени елементи на едно парче, зошто вие би имале проблем да ги ставите во комбинација во рамките на вашиот целокупен изглед. Според стилистите и дизајнерите на накит, оваа комбинација сè повеќе почнува да се почитува.rnrnЗастарени модни правилаrn

    Чевлите мораат да одговараат со чантата

    rnОва правило особено се прекршува доколку чевлите се во иста боја со вашата облека, па се одбира чанта во боја која ќе разбива. Исто така, можете да изгледате неверојатно комбинирајќи три бои од вашата гардероба. Колку поедноставно сте облечени, толку ви е поголем изборот за чевлите и чантата.rnrnЗастарени модни правилаrn

    Сината и зелената не одат заедно

    rnОваа констатација е многу погрешна, особено доколку станува збор за морнарска сина боја, која се смета за втора црна и оди во секаква комбинација, па дури и со зелената. Бебешката сина е многу потешка за комбинирање, но и онака не треба да доминира во вашиот плакар по петнаесеттата година.rnrnЗастарени модни правилаrn

    Хулахопки и отворени потпетици се лоша комбинација

    rnОва правило особено се практикувало за проѕирни хулахопки кои и онака се поретко се носат. Секогаш можете да облечете хулахопки со интересен дезен, комбинирајќи ги со отворени потпетици на плута и да изгледате одлично. Запомнете, оваа комбинација не се препорачува да се изведува со елегантни чевли.rnrnЗастарени модни правилаrn

    Спакувајте ја летната облека

    rnОва правило дефинитивно е најзастарено од сите. Облекувањето во слоеви е сè почест тренд, а парчињата летна облека секогаш се најдобриот избор за комбинирање. Организирајте го плакарот и користете ја зимската со летната облека за да изгледате тренди и модерно.Застарени модни правилаrnrnНекои работи, сепак се недозволени во модата. Ве предупредуваме за модните катастрофи кои секако треба да ги избегнувате. И не заборавајте, во тек е пролетната сезона со нови модни правила и стилови. Одлучивте каков ќе биде вашиот?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.