КАФЕ ПАУЗА

Tag: тон на глас

  • Научниците потврдија: Вашето куче дефинитивно разбира што му зборувате

    Научниците потврдија: Вашето куче дефинитивно разбира што му зборувате

    Најчесто, кога им се обраќаме на нашите кучиња, го користиме оној тон кој го употребуваме и кога зборуваме со бебиња. Тоа речиси секогаш предизвикува радост кај нашите миленичиња, која не ја кријат од нас.rnrn(1) Научниците потврдија: Вашето куче дефинитивно разбира што му зборуватеrnrnРезултатите од една студија посветена на кучињата и тонот со којшто им се обраќаме, покажуваат дека нашите миленици разбираат многу повеќе отколку што мислиме.rnrnСпоред истражувањето спроведено на Универзитетот Еотвос во Будимпешта, кучињата можат да ги распознаат речникот и интонацијата на човечкиот говор. Тоа значи дека тие имаат способност да го оценат она што сте им го кажале врз основа на зборовите што ги користите и начинот на кој што ги кажувате. Студијата укажува на тоа дека кучињата, како и луѓето, ги користат двете страни од мозокот за да го разберат речникот и тонот, а потоа ги комбинираат информациите и извлекуваат заклучок за значењето на тоа што сте им го кажале.rnrnПоради тоа не изненадува податокот дека кучињата реагираат најдобро кога им се обраќате со премногу позитивен тон, додека истовремено имаат способност да ги препознаат негативните зборови, прекриени со лажен позитивен тон.rnrnЗатоа следниот пат кога ќе му се обратите на вашето куче потрудете се тоа да биде искрено, затоа што не можете да ги измамите овие интелигентни суштества.

  • Како вашиот глас влијае врз луѓето околу вас?

    Како вашиот глас влијае врз луѓето околу вас?

    Длабокиот глас ја подобрува меморијата, познатите гласови можат многу лесно да се слушнат или да се блокираат, гласот на љубовта звучи сосема различно од останатите… Но, не станува збор само за она што го говорите, туку и за начинот на кој го кажувате. Звукот на вашиот глас, вклучувајќи ја и неговата висина, акцент и модулација има најразлични суптилни ефекти врз начинот на кој другите луѓе ве доживуваат.rnrnКако вашиот глас влијае врз луѓето околу васrnrnПогледнете ги 10-те начини на кои звукот на вашиот глас влијае врз умот на луѓето околу вас.rn

    1. Познатите гласови се издвојуваат

    rnРезултатите од неколку истражувања покажуваат дека оние гласови кои нам ни се познати автоматски ни се издвојуваат од вревата во позадина. Учесниците во една неодамнешна студија успевале да го слушнат гласот на своите сопружници кога бил измешан со гласот на непознати лица. Тие можеле многу лесно да погодат кој е гласот на нивниот партнер, а кој е на непознатиот. Она што е интересно е дека луѓето, доколку сакале, успевале многу полесно да го игнорираат гласот на нивните брачни партнери. Па, можеме слободно да заклучиме дека познатите гласови полесно се слушаат, но исто толку лесно можат и да не се слушаат.rn

    2. Постои т.н. глас на љубовта

    rnДали сте забележале дека постои суптилна разлика во гласот на луѓето кога тие зборуваат со личноста која ја сакаат? И покрај тоа што оваа разлика е премногу мала, луѓето можат да ја забележат за само 2 секунди. Една од авторките на студијата, Сузан Хјуз, објаснува дека гласот на новите љубовници има специфичен тон:rn

    „Постои некаква ранливост во гласовите на оние кои се во почетна фаза на заљубеност. Веројатно затоа што луѓето не сакаат да бидат напуштени.“

    rn

    3. Жените ги привлекуваат мажи со подлабоки гласови

    rnИ покрај тоа што ова откритие не е воопшто ново, сепак крие огромна мистерија. Прашањето кое сè уште стои неодговорено е: „Зошто?“ Ако малку размислите, можеби би заклучиле дека длабокиот глас може да биде знак на повисок и посилен маж, со повеќе мускули… Но, кога жените биле тестирани, се открило дека длабокиот глас ги асоцира на потежок маж. Со други зборови, мажите со подлабок глас можат да бидат ниски, со прекумерна тежина и без никакви мускули.rn

    4. Длабокиот глас полесно се помни

    rnМажите со подлабок глас имаат многу повеќе предности. На пример, тие звучат како лидери, во одредени ситуации луѓето повеќе гласаат за нив и жените многу полесно ги помнат.rn

    5. Мажите ги привлекуваат жени со повисоки гласови

    rnИсто како што жените преферираат мажи со низок тон на гласот, мажите преферираат жени со тенок (кога поголема количина на воздух поминува низ гласните жици) и висок глас, но не премногу висок и пискав. Образложението лежи во фактот што високиот глас асоцира на помало тело и попокорна личност.rn

    6. Тенкиот машки глас е секси

    rnТенкиот женски глас звучи поатрактивно за мажите, но изненадувачки е дека и на жените им се допаѓаат мажите со ваков глас. Една од теориите зошто и на мажите и на жените би им се допаѓал тивкиот глас е дека на тој начин тие се перципираат како помалку агресивни и попристапни.rn

    7. Бидете претпазливи со гласот на неверството

    rnПотенцијалниот проблем кој се јавува кај мажите со длабок глас и кај жените со висок глас се знаците на атрактивност кои можат да укажуваат и на склоност кон неверство. Резултатите од истражувањата покажуваат дека луѓето се свесни за ова. Еден од авторите на студијата, професорот Дејвид Фејнберг објаснува:rn

    „Мажите со повисоко ниво на тестостерон имаат подлабок глас, а жените со повисоко ниво на естроген имаат повисок глас. Високите нивоа на овие хормони се поврзуваат со неверното однесување и нашите резултати покажуваат дека индивидуите на некој начин се свесни за поврзаноста и можат да ја употребат во нивната потрага по романтичен партнер.“

    rn

    8. Го сакате ли вашиот глас?

    rnСигурно поголемиот дел од вас слушнале снимка од вашиот глас и потоа биле изненадени од него. Многу луѓе во ваква ситуација знаат да кажат: „Ох, многу го мразам како звучи мојот глас!“rnrnНо, дали е тоа вистина? Истражувачите спровеле студија во која им давале на луѓето да слушаат серија од гласови во која тајно бил вклучен и нивниот глас. Резултатите покажале дека во просек луѓето навистина го сакаат звукот на својот глас и покрај тоа што не препознавале дека е нивен.rn

    9. Странските акценти се помалку веродостојни

    rnЕден проблем со оние кои имаат странски акцент е дека тие звучат помалку веродостојно. Неодамнешна студија покажала дека изјавите кои биле прочитани на странски акцент биле одбрани како помалку вистинити од оние кои биле прочитани со нативниот акцент. И покрај тоа што можеби се вмешани и предрасудите, големи се шансите дека проблемот се наоѓа во фактот дека мозокот потешко ги обработува странските акценти. За жал, нашиот ум има едно едноставно правило: ако е потешко да се разбере, големи се шансите дека не е вистина.rn

    10. Имитирајте акценти за да разберете

    rnДоколку две личности со различен акцент разговараат помеѓу себе, тие без да забележат почнуваат да го менуваат акцентот за повеќе да звучи како другиот. Ова се случува бидејќи доколку го имитирате акцентот на вашиот соговорник, ќе можете полесно меѓусебно да се разберете. Но, обидете се да бидете посуптилни, бидејќи доколку претерате вашиот соговорник може да се почувствува како да го исмејувате.

  • Како да препознаете кога некој ве лаже?

    Како да препознаете кога некој ве лаже?

    За жал, на луѓето кога лажат не им расте носот како на Пинокио, за да можеме лесно да увидиме што се случува. Затоа, прочитајте што велат пет странски експерти, во врска со симптомите по кои можете да препознаете дека некој не ви ја кажува вистината.rnrnКако да препознаете дека некој ве лаже?rn

    Однесувањето или тонот на гласот радикално се менуваат

    rn
    rn

    Како инспектор, прво нешто што се обидувам да дознаам, е каков е вообичаениот стил на зборување на некоја личност. За да го сторам тоа ù правам интервју, во кое ù поставувам прашања, на кои веќе го знам одговорот, како на пример „Име и презиме?“ или „Каде живееш?“. Некои луѓе се поживи по природа и зборуваат многу брзо. Други, се повоздржани. Кога ќе сфатам за каков тип на личност станува збор, почнувам да ù поставувам прашања на кои не го знам одговорот. Доколку однесувањето на личноста ненадејно се промени, од смирена кон вознемирена состојба или од енергична кон помирна состојба, тогаш постојат шанси дека не ви ја кажува вистината. – Грег Меккрери, пензиониран ФБИ агент и криминалистички аналитичар во Фредериксбург, Вирџинија

    rn

    Личноста одбегнува да започнува реченица со „јас“

    rn
    rn

    Во моето истражување, открив дека кога луѓето кажуваат лаги, имаат тенденција поретко во реченицата да ги употребуваат зборовите „јас“ и „мене“, во однос на луѓето кои се искрени со вас. На тој начин, лажговците ќе зборуваат за себеси, изразувајќи се во 3л. еднина: „Оваа девојка обожава да скија“ или уште повеќе ќе го скратат јазикот: „Џезот е кул жанр на музика“. Ќе се изразат така, за психолошки да се оддалечат себеси од лагата. – Џефри Хенкок, вонреден професор по комуникациски науки на универзитетот Корнел, кој го проучува онлајн лажењето

    rnКако да препознаете дека некој ве лаже?rn

    Личноста има одговор за сè

    rn
    rn

    Повеќето луѓе кога ќе ги прашате што правеле мината седмица, ќе подзастанат за да размислат и да се сетат. Тоа особено важи за тинејџерите, кои најчесто немаат толкав капацитет инстантно да ја ви раскажат приказната во детали. Кога викнав едно дете во мојата канцеларија, тоа изгледаше сосема спремно да одговори, без ни малку да се двоуми пред да го одговори прашањето. Со тоа веднаш се издава себеси дека не ја кажува вистината. – Џулија Чанг, работи како просветител веќе 16 години, прво предавала во средно училиште во Лос Анџелес, а сега му е асистентка на директорот во округот Вестчестер, во Њујорк

    rnКако да препознаете дека некој ве лаже?rn

    Личноста почнува да мрда и да се возбудува без причина

    rn
    rn

    Доколку некој почне одненадеж да демонстрира некоја физичка активност, која изгледа беспричинска, како на пример прекумерно пребришување на очилата за гледање, повеќекратно преврзување на врвките од чевлите или упорно бришење на масата со крпа, која веќе е чиста, тогаш тоа може да значи дека ви кажува лага. Вината и нервозата која ја чувствува бидејќи ве лаже, прави да се чувствува неуморно. Ова може особено да важи, доколку личноста лаже некој кого сака. Кога личноста го лаже сообраќајниот полицаец, можеби нема да се вознемири премногу, но кога го лаже својот брачен партнер, верувајте дека нема да може да остане рамнодушна. – Барбара Мичел, терапевт за врски, со 34-годишно искуство.

    rnКако да препознаете дека некој ве лаже?rn

    Личноста постојано ја прокламира својата искреност

    rn
    rn

    За да ни ја „продадат“ чесноста на нивните одговори, лажговците честопати користат фрази со кои ја нагласуваат валидноста на нивната изјава, како на пример: „Искрено да ти кажам“ или „Ако сакаш најискрено да ти кажам“. На ваквите вербални предупредувања, може да се додадат и оние кои повикуваат на религиски чувства, како на пример: „Ти се колнам во Библијата“ или „Само Господ ми е сведок“. Повеќето искрени луѓе, обично немаат потреба да одат толку далеку, во своите искажувања. – Џозеф Бакли, претседател на компанијата „ John E. Reid and Associates“ во Чикаго, која се занимава со обучување на полициски инспектори

    rnМожат ли очите да ви помогнат да одредите дали некој лаже или ја кажува вистината?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.