КАФЕ ПАУЗА

Tag: толпа луѓе

  • Најдобрите флеш моб настапи

    Најдобрите флеш моб настапи

    По првиот флеш моб настан во 2003 година, оваа појава стана многу честа и доста популарна. Можеби првиот обид за флеш моб не беше успешен, но набрзо овие настани прераснаа во многу важни социјални збиднувања.rnrnФлеш моб претставува група на луѓе кои се среќаваат на одредено место во одредено време презентирајќи јавен настап со некаква цел. Најчесто, учесниците немаат многу време за подготовка, но нивните настапи изгледаат складно и синхронизирано.Најдобрите флеш моб настапиСо тек на време, флеш моб настапите почнаа масовно да се користат низ целиот свет, со уметничка или едукативна цел, со намера да исмејат одредени навики во општеството, да изразат протест, негодување, да ја разбудат еколошката свест, да ги поттикнат луѓето на акција, или едноставно поради забава.rnrnОва се едни од најдобрите флеш моб настапи досега, кои ќе ве расположат и ќе направат да посакате да бидете дел од толпата.Најдобрите флеш моб настапиrn

    1. „Замрзнатиот“ Гранд Централ

    rnОвој клип покажува над двесте луѓе кои без никакво објаснување се „скаменуваат“ во Гранд Централ во Њујорк и само по неколку минути исто како ништо да не се случило се „одскаменуваат“ и продолжуваат да одат.rn

    rn
    rn

    2. Танцот на T-Mobile

    rnИнвентивниот маркетинг трик на оваа компанија уште еднаш направи прекрасна атмосфера и настап за паметење.rn

    rn
    rn

    3. Флеш моб во Охајо Јунион

    rnТолпа од вработени и студенти во студентскиот центар Охајо Јунион, во текот на еден работен ден изведуваат танц без никаква најава, како вистинско изненадување за нивните колеги и посетители.rn

    rn
    rn

    4. Звукот на До Ре Ми

    rnЕден од најпозитивните и највеселите флеш моб настапи, кој дефинитивно им го разубави денот како на учесниците, така и на набљудувачите, а бога ми и на нас гледачите на интернет.rn

    rn
    rn

    5. Во чест на Мајкл Џексон

    rnВо Стокхлом, во два наврати, над 300 танчери му оддаваат почит на човекот кој навистина остави обележје со своето постоење.rn

    rn
    rn

    6. Флеш моб на концерт

    rnНа почетокот на настапот на Блек ајд пис во шоуто на Опра, една енергична девојка е единствената која танцува на музиката. Но, набрзо  ù се придружува останатиот дел од публиката со веќе смислена кореографија.rn

    rn
    rn

    7. Флеш моб на 100 сингл девојки

    rnДевојките танцуваа на еден од најголемите хитови на Бијонсе. Овој флеш моб се случи во Лондон, а го издвојуваме како еден од најоригиналните.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фестивалска експлозија од бои и младешки дух

    Фестивалска експлозија од бои и младешки дух

    Фестивалот Холи, попознат како Фестивал на боите е хиндуистички ритуал со кој што се означува крајот на зимата и се пречекува пролетта. Освен во Индија, се оддржува и во други делови од светот, а најмасовниот на западната хемисфера е оној пред храмот Шри Шри Рада Кришна во гратчето Спениш Форк во Јута. Додека настанот во Индија го посетуваат туристи од сите возрасти од целиот свет, во Јута доаѓаат преку 40.000 млади луѓе. Најголем дел од нив се студенти од универзитетот Бригам Јанг и од другите универзитети од американската сојузна држава Јута, а во последните години доаѓаат млади од целиот континент.rnФестивалска експлозија од бои и младешки духДивата прослава на фестивалот трае два дена во кои во воздухот интензивно се чувствува младешкиот дух. Се пали голем логорски оган, се слуша музика во живо, а кулминацијата се достигнува на секои два часа кога посетителите фрлаат боја во прав, предизвикувајќи огромна експлозија од бои. За да се постигнат возбудата, радоста и забавата на фестивалот, организаторите секоја година набавуваат дури 120.000 вреќички со боја во прав.rn

    rn

    rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите

    Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите

    Во многу филмови се јавува потреба од учество на маса луѓе, во сцени каде што има навивачи на спортски натпревари, луѓе кои се забавуваат на концерти или во дискотеки, публика која гледа филм во кино и слично. Компјутерското генерирање слики е навистина скапо, а со статистите е тешко да се излезе на крај и плус чинат многу за да се најмат. За таа цел, компанијата „The Inflatable Crowd“ нуди алтернативно решение на овој проблем – 300.000 пластични манекени на дување за употреба во филмски сцени, каде треба да има голема маса луѓе.rnrnКомпанијата е оформена во 2002 година за креирање сцена со толпа луѓе во филмот „Сибискит“. Подоцна нивната монтажна пластична публика на дување се појави во уште 80 филмови, меѓу кои има и многу познати како што се „Говорот на кралот“, „Фрост/Никсон“, „Американски гангстер“, „Спајдермен 3“ и многу други. Овие пластични мажи и жени се исто така составен дел од сцените на многу ТВ серии и реклами. Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеВо продолжение следуваат неколку фотографии со пластичните луѓе сликани одблизу и оддалеку, како што ги гледаат гледачите. Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеПластичните кукли најпрво се вадат од нивните кутии и се дуваат. Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеПотоа се облекуваат. Сè уште немаат реални човечки лица. Маските за лице, заедно со периката, капата и слично се ставаат откако куклите ќе бидат комплетно облечени. Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеКукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеКукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеКукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеКукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеКукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеОдблизу надуваните кукли изгледаат ужасно неуредно и вештачко, но под одредено прилагодување на светлото и соодветен агол на снимање со камерата, тие изгледаат сосема добро и не се забележува дека не се вистински луѓе.rnrn

    Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите
    Сцена од филмот „Американски гангстер“ со 1.500 надувани кукли
    rnrn
    Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите
    Сцена од филмот „Машка пепелашка“ со 11.000 пластични кукли
    rnrn
    Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите
    Сцена од филмот „Ние сме Маршал“ со 2.400 кукли на дување
    rnrn
    Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите
    Сцена од филмот „Замена“ со 400 кукли
    rnrn
    Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите
    Сцена од филмот „Пат кон славата“ со 4.000 пластични кукли
    rnrn
    Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите
    550 надувани кукли подготвени за „глумење“ во сцена од филмот „Ангели и демони“
    rnrn

    Сцена од филмот „Машка пепелашка“ со 11.000 пластични кукли.rnrn