КАФЕ ПАУЗА

Tag: тишина

  • Зошто тишината може да биде корисна?

    Зошто тишината може да биде корисна?

    Тишината може да биде голем извор на енергија. Таа има моќ да ги натера луѓето да мислат и да дејствуваат, а исто така помага и за одморање на умот. Проблемот со тишината е што многумина мислат дека треба да го пополнат тој момент со непотребен разговор, гледање телевизија, со музика или со каков било друг вид активност. Молчењето може да биде вознемирувачко и да направи луѓето да се чувствуваат непријатно, па затоа честопати го оставаме вклучен телевизорот, иако не го гледаме, со цел со својата бучава да ја прекине тишината.rnrnrn

    Што всушност се случува кога има тишина?

    rnВо тие моменти ние се фокусираме на нашата личност, односно на нашите мисли. Тогаш нашето его е привремено исклучено, па се обидуваме да го видиме светот онаков како што треба да биде. Кога има целосна тишина ѝ овозможуваме на нашата вистинска личност да зборува, наместо тоа да го прави нашето его или свесниот ум.rnrnЕве неколку примери коишто ќе ви покажат кога е подобро да молчите.rnrn1. За време на кавги. Еден од најдобрите моменти да го искористите молчењето е да молчите за време на некоја кавга. Кога ќе се најдете во ваков момент, егото ќе се обидува да надвладее, но запаметете дека вие сте оние коишто треба да ги контролираат работите, а не вашето его. Затоа, зачувајте ја вашата енергија на тој начин што ќе гледате во соговорникот и нема да продолжите со карањето. Ова е тешко да се направи, но е навистина моќно.rnrn2. За време на озборување. Кога постои поголема толпа луѓе на едно место, голема е веројатноста дека таму ќе постои и озборување. Она што е карактеристично за озборувањето е дека тоа е заразно. Кога некој зборува нешто за личност која не ја сакате, тогаш и вие тежнеете да го искажете вашето мислење. Наредниот пат обидете се да го избегнете тоа. Молчењето ќе ви донесе поголеми придобивки.rnrn3. Додека зборува некој. Секогаш треба да молчите додека зборуваат другите. Во тие моменти фокусирајте се на нив и обидете се да бидете добар слушател. Зборувајте само доколку имате некое прашање до соговорникот со цел да добиете повеќе информации, но не ја насочувајте темата кон вас.rnrnrnrn4. Кога куќата е празна. Тишината во домот може да биде многу вознемирувачка за некои луѓе, па тогаш доаѓа потребата од пуштање радио или телевизор. Но, тишината во домот не значи дека сте осамени, туку бесценета можност да го наполните вашиот ум и да добиете дополнителна енергија. Тишината ви овозможува полесно да се фокусирате на настаните и обврските коишто ве очекуваат. Таа ви нуди одлична можност да размислувате за животот, за она што сакате да го правите и за начините на коишто можете да го добиете тоа.rnrn5. Кога е време за размислување. Тишината е одличен начин за да се поврзете со светот, што не е возможно кога сте опкружени со бучава. Одвојте 15 минути наутро и 15 минути навечер за целосно да се фокусирате на себе, па тоа ќе направи чудо како за вашиот ум, така и за вашето тело. Размислувањето во тишина може да ви помогне да постигнете длабоко ниво на смиреност. Тишината е начин да постигнете друго ниво на вашиот ум, што не е возможно кога сте заглавени во вашата дневна рутина.

  • Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за добар почеток на разговор

    Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за добар почеток на разговор

    Дали досега сте се нашле во ситуација да треба да почнете разговор со одредена личност, без разлика дали сте на работа, на забава или во друга ситуација, но меѓу вас да завладее непријатна тишина? Следниот пат имајте ги на ум овие пет реченици со кои можете да го „скршите мразот“ и да оставите добар впечаток кај вашиот соговорник.rn

    1. „О, колку интересно (вметнете парче облека). Каде го купи?“

    rn(1) Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за старт на разговорrnrnОблеката е секогаш добар вовед за почеток на разговор. Прекинете ја непријатната тишина со тоа што на вашиот соговорник ќе му посочите одредено парче од неговата облека или накит. Добро е за почеток да поставите некое прашање поврзано со него или неа, но внимавајте тоа да не биде нешто многу лично. Затоа облеката е совршена тема за почеток на каков било разговор.rn

    2. „Дали ја гледаш (вметнете некоја нова хит серија)?“

    rn(2) Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за старт на разговорrnrnИсто како и облеката, така и прашањето дали тој/таа гледа некоја од популарните серии, може да биде добар вовед во разговор. Веројатноста да одговори потврдно е голема, бидејќи во последно време луѓето сè почесто наоѓаат релаксација во големиот избор серии. Но, и да ви одговори дека не знае за која серија станува збор или дека не ја гледа, секогаш можете да потрошите неколку минути во пријатен разговор околу тоа зошто токму таа серија ви оставила добар впечаток.rn

    3. „Имаш планови за викендот?“

    rn(3) Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за старт на разговорrnrnИли, „Како си помина изминатиот викенд?“, се прашања кои можат да ве воведат во еден подлабок разговор со вашиот соговорник. Тоа, исто како и облеката е поврзано со неговата/нејзината приватна страна, но не е премногу лично прашање. Во зависност од одговорот, можете да го продлабочите разговорот во различни правци. Можеби ќе ви одговори дека сака да плете, да шие, да патува, да готви… Можностите се неограничени.rn

    4. „Кое ти е омилено сирење?“

    rn(4) Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за старт на разговорrnrnМожеби ви звучи чудно, но всушност ова е едно многу логично прашање ако се наоѓате на некоја забава или на настан каде што покрај вас има храна. Од тоа прашање, може да дојдете до многу други интересни теми. На пример тој/таа може да одговори дека е веган или дека не може да поднесе лактоза, замислете колку далеку можете да отидете со разговорот. Исто така, којзнае, можеби тој/таа најдоброто сирење го вкусил/а во Прованса?rn

    5. „Ќе продолжиме…“

    rn(5) Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за старт на разговорrnrnДоколку почувствувате дека не можете да продолжите со продлабочување на разговорот, без оглед која од горенаведените реченици сте ја употребиле, не грижете се, и за тоа има решение. Наместо да се извинувате дека треба да одите во тоалет и на тој начин веднаш да ставите точка на непријатната ситуација, можете да искористите еден поучтив начин. Можете да речете: „Извинете ме за кратко, ќе продолжиме“. Со тоа ќе оставите позитивен и охрабрувачки, но истовремено и неодреден однос кај вашиот соговорник, со што се ослободувате себеси од повторно враќање кај истата личност.

  • 4 типови тишина кои се штетни за вашата љубовна врска

    4 типови тишина кои се штетни за вашата љубовна врска

    Живееме во доба кога голем дел од времето го поминуваме гледајќи во екраните на компјутерите или на телефоните. Голем дел од комуникацијата со колегите, па и со блиските ја остваруваме преку социјалните мрежи. Разговорите полека стивнуваат, а тишината и звукот на тастатурите стануваат сè погласни. Но, што станува со тишината во љубовните врски? Сите парови имаат моменти на тишина, тоа е сосема јасно. Се случува. Некогаш еден или двајцата партнери се зафатени или преморени за да разговараат, и тоа не е ништо страшно, бидејќи многупати е посочено дека здравите врски имаат многу тишина во себе. Но, сепак постои и една друга тишина, која е штетна за вашата врска и може да биде знак дека нешто не оди како што треба помеѓу вас. Постојат неколку типови тишина, а ние ги издвоиме 4-те кои се најштетни за љубовниот однос.rnrn(1) 4 типови тишина кои се штетни за вашата врскаrn

    1. Си се казнувате со тишина

    rnКако и секој пар, така и вие. Сте се скарале и до толку сте се налутиле, што потоа подолго време не разговарате. На тој начин го избегнувате партнерот. Мислите дека така ќе ја надминете ситуацијата полесно и нештата сами од себе ќе се средат. Но, грешите. Ваквата тишина најчесто не завршува добро. Го казнувате вашиот партнер, кој не знае што да мисли, но и вие самите си се казнувате. Кажете си отворено што мислите и одете напред. Не терајте го партнерот да ве моли за внимание. Проблемите се решаваат со разговор, а не со молк.rn

    2. Немате што да си кажете

    rnОва најчесто укажува дека дошло време да ставите крај на вашата врска. Ако се вратите од работа, седнете на маса да вечерате и покрај толку нешта што ви се случиле и на обајцата во текот на денот, сепак немате што да си кажете поставете си го ова прашање: Зошто? Дали неговиот/нејзиниот глас ве прави нервозни? Не сте заинтересирани за неговиот/нејзиниот живот? Доколку не сакате да ги споделите убавите и лошите моменти од секојдневието, тогаш можеби таа личност не треба да биде покрај вас, затоа што на крајот на денот, комуникацијата со најблискиот човек до вас е суштинска. Ако комуникацијата меѓу двајца партнери умира, тогаш умира и самата врска.rnrn(2) 4 типови тишина кои се штетни за вашата врскаrn

    3. И двајцата се исклучувате

    rnИма периоди од врската, кога со вашиот партнер не се согласувате речиси за сè, не постои заеднички јазик и доаѓате во ситуација кога повеќе не знаете кој чекор да го преземете. Тогаш најлесно ви е да се повлечете. Се исклучувате и се затворате во себе. Почнувате да се согласувате со ставовите и барањата на партнерот, само да го замолчите и едноставно ги заладувате односите. Но, со тоа си наштетувате и себеси и на својот партнер. Не се затворајте, кажете што мислите. Доколку личноста со која што сте е разумна, ќе размисли и ќе се согласи со вашето размислување и барање. Многу е полесно да ги кажете работите, отколку навечер да си легнете полни со лутина. Тоа ве заморува, а истовремено ја разорува и вашата љубов.rn

    4. Не одговарате на пораки подолго време

    rnОва е нешто што голем број парови го применуваат. Постојат многу причини зошто не би му одговориле на вашиот партнер, кога ќе добиете порака од него или неа. Можеби сте зафатени со работата, со семејството, со пријателите… Но, она што е важно е дека треба да му најавите дека одредено време нема да бидете достапни. Доколку со вашиот партнер комуницирате преку пораки, без оглед дали тоа е преку социјалните мрежи, имејл или телефонски, ако наеднаш ве снема, тогаш ќе го/ја ставите на мисла што се случува со вас и ќе почне да размислува во различни правци. Но, доколку претходно му најавите дека одредено време ќе ве нема, тогаш нема да настанат непотребни проблеми. Тишината знае да ги комплицира работите повеќе отколку што мислите.

  • 4 научно докажани причини зошто треба да поминувате повеќе време во тишина

    4 научно докажани причини зошто треба да поминувате повеќе време во тишина

    Секој момент од нашиот живот е исполнет со врева и најразлични звуци, поради што сме свикнале на оваа акустична загаденост која ја сметаме за нормална и дури не ни обрнуваме внимание на звуците од сообраќајот, телевизорот и гужвата. Но постојат неколку причини поради кои треба да поминуваме повеќе време во тишина…rnrn4 научно докажани причини зошто треба да поминувате повеќе време во тишинаrn

    1. Тишината им помага на мозочните клетки да се регенерираат

    rnСпоред истражување од 2013 година, само два часа поминати во тишина помагаат при формирањето нови клетки во делот од мозокот задолжен за учење и помнење.rn

    2. Тишината нè прави покреативни

    rnНашиот мозок е активен дури и кога телото одмара. За време на одморот, тој ги процесира сите информации кои ги примил во текот на денот. Кога овој процес поминува добро, без да биде прекинат од звуци или други дистракции, мозокот го активира оној дел кој ги содржи сеќавањата и емоциите. На тој начин ја поттикнува нашата имагинација и ги зголемува нашите способности. Како резултат на времето поминато во тишина, ние стануваме покреативни и поотворени за нови искуства.rn

    3. Тишината нè ослободува од стрес и тензија

    rnПовеќепати е докажано дека постојаната бучава влијае на мозокот а тоа доведува до зголемување на нивото на хормоните кои предизвикуваат стрес. Тишината, од друга страна пак, го има спротивниот ефект – отсуството на врева го ослободува мозокот и телото од тензија. Научниците ги набљудувале промените во крвниот притисок и циркулацијата и заклучиле дека две минути поминати во тишина се поефективни од слушање на каква било музика за релаксација.rn

    4. Тишината го обновува нашиот извор на идеи и инспирација

    rnБучавата ни пречи кога треба да решиме некаков проблем во секојдневниот животот или работата и може да биде главната причина за намалување на нашата мотивација, внимание, како и за зголемување на бројот на грешките што ги правиме. Некои истражувања докажале дека децата кои живеат или одат во училиште кое се наоѓа во близина на прометна улица или шини, имаат послаби оценки по читање и изучување јазици од децата што живеат во потивки области. Добрата вест е што мозокот може да го поврати она што го изгубил како резултат на звучното загадување.

  • Бруталната вистина за насилството врз жените раскажана со еден збор – „ДА“

    Бруталната вистина за насилството врз жените раскажана со еден збор – „ДА“

    Унгарскиот артист Миклос Кис ја користи фотографијата за да ја подигне свеста на луѓето за насилството врз жените кое секојдневно се случува пред нашите очи низ целиот свет.rnrn

    (1)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Германско потекло
    rnrnВо неговата серија фотографии „Тивка согласност“ можеме да видиме фотографии од жени кои потекнуваат од различни земји во светот и припаѓаат на различни етнички заедници. Сите тие имаат нешто заедничко, а тоа е зборот „ДА“ кој е испишан на 11 различни јазици на нивните усни, во боите на знамето на земјата која ја претставуваат.rnrnМотивиран од бруталната вистина дека секој ден сѐ повеќе и повеќе жени се злоупотребувани и малтретирани на секој можен начин, овој артист решава да го освести народот преку оваа фотосесија која го симболизира молчењето на жените кои во тишина го трпат насилството врз себе.rnrn
    (2)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Арапско потекло
    rnrn
    (3)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Кинеско потекло
    rnrn
    (4)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Руско потекло
    rnrn
    (5)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Бразилско потекло
    rnrn
    (6)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Јапонско потекло
    rnrn
    (7)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Американско/Британско потекло
    rnrn
    (8)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Унгарско потекло
    rnrn
    (9)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Израелско потекло
    rnrn
    (10)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Француско потекло
    rnrn
    (11)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Мексиканско потекло

  • За тишината на работата и вревата на успехот…

    За тишината на работата и вревата на успехот…

    „Работете напорно во тишина. Дозволете му на успехот да направи врева.“

    rn

    За тишината на работата и вревата на успехот...
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (2000×1125)

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

    Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

    Тоа што во моментот сте сами или се чувствувате осамено не мора да значи дека навистина сте препуштени сами на себе. Чувствувате дека сте сосем сами, здодевно ви е, почнувате претерано да размислувате, сите ваши пријатели се зафатени со своите животи, а дури ни времето не ви оди во прилог. Тоа не значи дека вие сте осамени личности, едноставно во моментот нема никој покрај вас. Ова се 10 одлични начини да се развеселите самите, а можеби и да откриете некоја нова страст.rnrnКако да се развеселите кога се чувствувате осаменo?rnrn

    Време е да станете рок ѕвезда

    rnrnОблечете се како вашата омилена музичка ѕвезда или идол, грабнете нешто што ќе ви послужи како микрофон и пејте дури гласот не ви засипне. Пеењето, танцувањето па дури и свирењето на некој инструмент ќе ви помогне да ја исфрлите целата негативна енергија. Не грижете се ако воопшто не сте талентирани на ова поле, секако никој не ве гледа.rnrnКако да се развеселите кога се чувствувате осаменo?rnrn

    Уживајте во тишината

    rnrnНекогаш и тишината е добра. Всушност во разбрануваните денови полни со обврски би дале сè за да можете макар 10 минути да поминете сами со својата тишина. Во тишината може да си ги чуете сопствените мисли. Искористете го ова време за медитација, па дури и ако тоа за вас подразбира само седење во тишина и слушање на ветрот.rnrn

    Разгалете се себеси

    rnrnВо овој момент целиот свет се сведува на вас. Никој не ве малтретира и не ви бара дел од вашето слободно време, па слободно разгалете се. Направете го она што вам ви причинува задоволство, без разлика што и да е тоа. Слободно може да почнете и сосем ново хоби.rnrnКако да се развеселите кога се чувствувате осаменo?rnrn

    Зацртајте си некаква цел

    rnrnМоже да станува збор за нов проект на работно поле или пак за некаква промена во вашиот изглед. Искористете го слободното време добро да го испланирате секој чекор, а првиот направете го токму денес. Најдете ја вашата инспирација во некој филм или книга што сте го/ја гледале или прочитале скоро. Изборот е огромен, а одлуката е ваша.rnrn

    Слободно бидете „несредени“

    rnrnОслободете се од сите притисоци дека сè мора да биде средено по мерка. Едноставно опуштете се, пуштете ја вашата омилена серија, останете по пижами, препуштете се на храната или пијалакот кој ви е сладок непријател. Можеби вино или чоколада?rnrn

  • Ноќта кога бевме кралеви…

    Ноќта кога бевме кралеви…

    Знаеш дека си заљубен кога не можеш да заспиеш, затоа што реалноста конечно е подобра отколку сонот…

    rnНоќта кога бевме кралеви...rnrnОва кратко анимирано филмче е дело на пет студенти од француското анимациско студио „Gobelins“, направено во соработка со 3Д студиото „Cube Creative“. Преку видеото е прикажана заслепувачката љубов помеѓу главните ликови и уживањето во мирот и тишината.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поезија: Тишина…

    Поезија: Тишина…

    Автор: Елена МиленкоскаrnrnТишина...rnrnСè е празно,rnсобата пуста,rnкреветот сè уште топол,rnкрвта и ладна и врела,rnсрцето и стои и чука,rnтелото и мртво и живо.rnrnНема љубов,rnнема омраза,rnсамо празнина.rnrnТишина…rnrnТишина горка,rnтишина болна,rnтишина мачна.rnБездна… напуштена душа.rnrnУтрото не е повеќе среќно,rnсветлината не е светла,rnчовекот не е повеќе човек.rnrnБладам јас – бладаш ти,rnстрадаме двајцата.

  • 12 златни правила за пријатен разговор

    12 златни правила за пријатен разговор

    Без разлика дали сте на состанок со некој од спротивниот пол, на средба со колега од работа или пак едноставно сте излезени да се дружите со некој од вашите пријатели, добриот и пријатен разговор е клучот за започнување или зацврстување на односот кој го имате со таа личност, а е и предуслов за добар помин. За да бидете добар соговорник и за луѓето околу вас повеќе да ве ценат, секогаш на ум имајте ги следниве 12 златни правила за пријатен разговор.rn12 златни правила за пријатен разговор1. Избегнувајте непотребни детали. Не излегувајте од колосек на разговорот. Обидете се да не скокате од тема на тема, само затоа што ви текнало нешто друго од минатото кое не сте го кажале. rnrn2. Не прашувајте ново прашање пред да ви биде одговорено првото. Сè додека од соговорникот не добиете соодветен одговор на прашањето, не избрзувајте да прашате ново, за кое можеби би добиле одговор доколку би биле малку потрпеливи сослушувајќи го соговорникот до крај.12 златни правила за пријатен разговор3. Не прекинувајте никого дур зборува. Исто така, обидувајте се секогаш да раскажувате кратки приказни, за да му дадете шанса и на соговорникот да зборува и да не ве прекине.rnrn4. Не бидете контрадикторни, особено за нешто неважно. Избегнувајте да додавате непотребни детали во вашата приказна, но и во приказната на лицето од другата страна. Луѓето кои се контрадикторни, обично знаат после некое време истото нешто да го кажат на сосема нов начин оставајќи го слушателот збунет. Никој не го сака ова.rnrn5. Никогаш не зборувајте само вие. Прашувајте прашања за да ги најдете работите за кои имате заеднички интереси и теми на разговор.rn12 златни правила за пријатен разговор6. Немојте секогаш да бидете главниот херој во вашата приказна, иако приказната треба да има херој. Обидете се да ги истакнете и пофалите и останатите исто толку добро како да сте вие во прашање.rnrn7. Секогаш одбирајте тема од заеднички интерес. Извлечете ги интересите на соговорникот и гледајте да не го свртите муабетот на политика, доколку соговорникот сака да зборува за поезија и уметност. Избегнувајте да зборувате на теми кои ви лежат само вам и притоа несвесно да нарушите некое од останатите правила од оваа листа.rnrn8. Бидете добар слушател. Следејќи ги правилата на оваа листа сослушувањето ќе ви стане природна работа.rn12 златни правила за пријатен разговор9. Разговорот треба да е во хармонија со околината. Секогаш внимателно анализирајте што се случува околу вас. Понекогаш и тишината не треба да се потценува.rnrn10. Не претерувајте. Понекогаш не е сè „најдобро“, „најсмешно“ или „најлошо“ како што вам ви изгледа.rnrn11. Немојте погрешно да цитирате. Кога цитирате некого, треба да ја пренесете точната информација и чувството со која е кажана. Погрешното пренесување може да предизвика лажно обвинување на личноста.12 златни правила за пријатен разговор12. Имајте мерка. Не ширете невистини и не чувствувајте потреба да повредите некого. Внимавајте што кажувате, бидејќи не сите нешта идат во прилог на добриот тек на разговорот. Запомнете дека тишината е секогаш опција. Кажете го вистинското нешто или молчете.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn