Фаворизирани од секого – од индустриски работници, оутдор спортисти, до естрадни ѕвезди и луѓе од повисоката класа, жолтите чизми на Timberland (Тимберленд) се едни од најпрепознатливите модни класици помеѓу обувките. Веќе 40 години опстојуваат како феномен со сопствен изграден стил кој истовремено значи класика, неуништливост и моден тренд!rnrn
rnrn„Timberland и светот на премиум чизми“, вчера во винскиот бар „Штала“ ја одбележаа 40-годишнината од постоењето на добро познатите жолти чизми. На уникатен начин беше прославен роденденот на овие револуционерни модни обувки, кои со својот уникатен печат го дефинираат стилот, а воедно се секојдневни, удобни и модерни чизми.rnrnПосетителите имаа можност да остават свој „yellow boots“ отпечаток на најголемата патека на стапалки на потрошувачи, која говори за бројните фанови на Timberlend yellow boots и во Македонија.rnrn
rnrnПрославата на овој значаен јубилеј во Македонија помина во духот на брендот Timberland – со оргинална интерактивна програма во автентична атмосфера.rnrnНа забавата беше присутна урбана македонска публика и многу познати јавни личности кои го потврдија имиџот на овој бренд – мода сама за себе, привлечна и соодветна за сите класи и стилови.rnrn
rnrnПоголем број наши естрадни ѕвезди со своето присуство истакнаа дека се обожаватели на славните жолти чизми на Тимберленд, а меѓу нив беа светскиот топ-модел Катарина Ивановска, раперот ЛД Пистолеро и искусниот рокер Бени Шаќири.rnrn
rnrnСоставени од 39 различни компоненти и продуцирани во 80 различни фабрички оддели, „yellow boots“ чизмите се неуништлива креација, а нивниот квалитет и долготрајност не се коинциденција.rnrnСите компоненти на чизмите се внимателно изработени и поврзани за да обезбедат водоотпорност, долг век и перформанси. Тука се најдобрата т.н нубук- водоотпорна кожа, поравување со технологија за заштита од уништување и притисок, месингани држачи за врвките кои се силни и оптпорни на р’ѓосување, единствена технологија за спречување на замор вградена во ѓонот итн. Нивното препознатливо лого во форма на дрво е најзначаен идентитет на брендот, а Timberland e пример за компанија која е меѓу првите кои започнале храбро да го означуваат логото на ваков производ.rnrn
rnrnМодниот печат на популарните yellow boots ги надминува сите модни стилови и пенетрира во нова поп-културна свера, почитувана од многубројни лојални потрошувачи насекаде во светот и во Македонија. Од светската естрада најлојални Timberland фанови кои се поистоветуваат со брендот се Rihanna, Jay-Z, Kanye West и други.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.