КАФЕ ПАУЗА

Tag: The Walking Dead

  • ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)

    ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)

    Како се распаднал светот каков што го знаеме денес по појавата на првите „мртви“?

    rn(1) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)Главни улоги: Мерцедес Мејсон, Рубен Блејдс, Ким ДикенсrnrnЖанр: драма, хорорrnrnКреатор: Роберт Киркман, Дејв ЕриксонrnrnПремиера: 23 август 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДоколку сте фанови на одличната драма „The Walking Dead“, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и оваа нова ТВ серија во која ќе имаме можност да ги видиме чекор по чекор, сите стадиуми на распаѓање на човештвото какво што го знаеме денес. Станува збор за светот пред оној кој ни е претставен во „The Walking Dead“, односно во првите моменти кога се појавуваат „мртвите“ кои полека се здобиваат со своето место на врвот на синџирот за исхрана. Ние сè уште немаме можност да откриеме како сè почнало, но барем ќе дознаеме како луѓето се трансформирале во она светло во кое веќе добро ги знаеме откако мртвите ќе завладеат.rnrn(2) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)rnrnПриказната се одвива во Лос Анџелес, каде што веднаш гледаме две споени семејства кои изгледа како да имаат многу потешкотии. Тие секојдневно се борат со нивните проблеми, сè уште несвесни за она што почнало да се случува ширум светот. И покрај тоа што насекаде има знаци за „инвазијата на мртвите“, луѓето се претерано окупирани со нивните секојдневни животи, па затоа и воопшто не обрнуваат внимание на знаците за опасност. Но, тоа брзо ќе почне да се менува откако лично ќе почнат да се соочуваат со овие суштества. Во овој момент тие сè уште веруваат дека нивните блиски се некаде длабоко скриени, потиснати од чудовиштата кои преземаат контрола врз нивното тело, па токму затоа и се враќа тешката тензија кон нив која можеше силно да се почувствува во првите сезони од „The Walking Dead“.rnrn(3) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead) (4) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)rnrnЕдинствената забелешка која ја имаме за оваа ТВ серија (иако досега има само 1 епизода излезено) е што изборот на актери делува многу послаб од оној во другата. Тие изгледаат малку хаотично, како да не се снаоѓаат добро во кожата на својот лик, па токму затоа и потешко може да се сочувствува со оние нешта кои им се случуваат. Можеби сè уште е рано да се критикува за нивната глума, па токму затоа и ќе почекаме до крајот на сезоната за овој заклучок. Што се однесува до самата приказна, таа се одвива на истиот начин како и кај „The Walking Dead“. Сцените се одвиваат бавно, но бидејќи се детално изработени во ниту еден момент нема да ви биде здодевно. Со други зборови, дефинитивно ви препорачуваме да ја гледате.rnrn(5) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)

  • 8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксон

    8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксон

    Во текот на последниве неколку сезони од ТВ серијата „The Walking Dead“ Дерил Диксон успеа да најде начин да влезе во нашето срце и да стане еден од нашите омилени ликови. Тој е секогаш забавен за гледање, но на страна од тоа, тој индиректно нè научи на многу моќни лекции.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    1. Никогаш не судете за книгата по нејзините корици

    rnДоколку ја следите оваа ТВ серија, тогаш сигурни сме дека како и сите останати, така и вие имавте погрешно мислење за Дерил на почетокот. Сите ние мислевме дека тој е ист како својот брат Мерл, премногу агресивен и личност на која не може да ѝ се верува. Но, како што поминуваше времето така сфаќавме дека нашето мислење е погрешно. Дерил постојано ни покажува дека изгледот на личноста не го отсликува и нејзиниот карактер.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    2. Во ред е да плачете

    rnДоколку нешто ве растажува, тогаш најдобро е да му верувате на Дерил и едноставно да ги отпуштите солзите од вашите очи. Откако здраво ќе се исплачете, работите веднаш ќе почнат да се подобруваат.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    3. Вашето минато не треба да ве дефинира

    rnИ покрај застрашувачката смрт на мајка му која изгорела во оган предизвикан од сопствената цигара и ужасното дело на неговиот постар брат кој го оставил сам да се справува со насилничкиот татко, Дерил сепак успеал да го тргне своето минато на страна и да го живее животот онака како што навистина треба. Тој постојано нè учи дека дури и во оние моменти кога изгледа како сè да е против вас, вие сте доволно силни да се изборите и да излезете од тој период како добра личност.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    4. Понекогаш е во ред да бидете строги

    rnСите ние добро знаеме дека Дерил понекогаш е темпераментен, но во оние ситуации кога гледате дека вашиот пријател прави нешто глупаво, сосема е во ред да го повишите вашиот тон. Како инаку тие би научиле?rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    5. Никогаш не се откажувајте

    rnВо втората сезона од оваа ТВ серија, Софија, ќерката на Керол исчезна и целата група се обидуваше да ја најде. По неколку дена, многумина се откажаа од потрагата, но не и Дерил кој продолжи да ја бара, дури и по ризик на својот живот. Без разлика на вашата мисија, никогаш не се откажувајте од тоа што сте го намислиле бидејќи кога-тогаш ќе ги почувствувате придобивките од вашиот труд.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    6. Понекогаш сè што му е потребно на светов е малку смеа

    rnЖивотот во постапокалиптичен свет е далеку од едноставен, но тоа не значи дека не треба да се најде време и за малку позитивности. Дерил секогаш успева да измами насмевка на лицето на неговите пријатели, бидејќи ја знае нејзината моќ. Без разлика на периодот низ кој поминувате, не заборавајте дека насмевката може да ве направи многу посилни.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    7. Никогаш не е предоцна за промена

    rnВо 6-тата епизода од 5-тата сезона добивме краток поглед кон детството на Дерил. Ние откривме дека тој чита книга во која е објаснето справувањето со децата кои претрпеле семејно насилство, а токму со тоа ни покажува дека никогаш не е доцна да започнете со менување на себе.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    8. Возењето мотор со самострел на вашиот грб секогаш прави да изгледате кул!

    rn8 животни лекции на кои нè научи Дерил ДиксонrnrnЗарем треба да се каже нешто повеќе?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

    10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

    Сте се запрашале ли некогаш што точно се крие зад сцените на оваа ТВ серија? Погледнете ги наредниве 10 фасцинантни факти кои со сигурност ќе ве изненадат и ќе направат да ги засакате уште повеќе вашите омилени ликови…rn

    1. Некои од нашите омилени карактери никогаш не биле дел од стриповите

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnИ покрај тоа што Мерл и Дерил Диксон станаа нашите најомразени и најсакани ликови на малите екрани, тие всушност никогаш не биле дел од стриповите „The Walking Dead“. Браќата Диксон, заедно со Саша, се креирани од страна на продуцентот Френк Дарабонт кој сакал нови карактери со цел да се освежи приказната.rn

    2. ТВ серијата еднаш била мета на полицијата

    rnДарабонт со сигурност зажалил за одлуката да го измисли ликот Мерл во оној момент кога за време на првата сезона набљудувачи повикале полиција бидејќи мислеле дека тој е лудак кој стои на кров со снајпер. За само неколку секунди се појавиле специјалци кои брзо откриле дека станува збор за снимање.rn

    3. Во план било „T-Dog“ да умре порано

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnКога сме на темата за ликови кои не постоеле во стриповите, „T-Dog“, карактер чие полно име беше Теодор Даглас, требало да биде дел од само 3 епизоди во првата сезона. Но, тој станал толку популарен што продуцентите решиле да го поштедат од смртта и да го задржат до 3-тата сезона.rn

    4. За време на снимањето, мртвите се тивки суштества

    rnСите љубители на оваа ТВ серија многу добро знаат како звучат гладните мртви, но дали сте знаеле дека нивните звучни ефекти се додаваат во пост-продукцијата? Всушност, поголемиот дел од мртвите за време на сцените се екстремно многу тивки со цел да не се наруши атмосферата или пак, да не се одвлекува вниманието на глумците.rn

    5. Мртвите никогаш не трепкаат

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnЕдна од најголемите карактеристики на мртвите во оваа ТВ серија е што тие никогаш не трепкаат. Доколку некогаш се сними трепкање кај некои од нив, тоа веднаш се исфрла. Ако добро размислите, ова до некаде има смисла, бидејќи тие едноставно не поседуваат доволно основни способности за да ги движат нивните екстремитети соодветно, па трепкањето само дополнително би ги бунело.rn

    6. Карл Грајмс е фан на стрипови

    rnВо оваа ТВ серија често можеме да забележиме мали знаци од други ТВ серии, филмови или стрипови. За време на првите 3 сезони, Карл носи маица на која има цртеж со шепа од куче. Овој цртеж е всушност логото на „Science Dog“, карактер кој исто како оваа приказна, бил креиран од Роберт Киркман за стрипот „Invincible“.rn

    7. Дублерите на Карл се всушност девојки?

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnСе сеќавате на сите оние драматични сцени со многу акција? Верувале или не, позади нив стои тим од искусни дублери кој многу наликуваат на актерите кои ги заменуваат. Но, она што е навистина интересно е што сите дублери на Чендлер Ригс (Карл Грајмс) кој е 15-годишно момче, поради својата мала градба се девојки: 31-годипната Ешли во петата сезона, 29-годишната Емили Бробст во четвртата сезона и 31-годишната Савана Џејд Вихант во третата сезона.rn

    8. Што всушност јадат мртвите?

    rnИ покрај тоа што изгледа како мртвите навистина да јадат човечко месо и органи, реалноста не е толку одвратна. Тимот кој се грижи за специјалните ефекти е екстремно креативен, па токму затоа она што вам ви изгледа како човечко месо е всушност шунка потопена во оцет. Покрај шунката, за снимањето се користат и други видови храна како на пример, желе од грозје, од кое бил направен глушецот кој Лизи ќе го подаде на едно од овие суштества во четвртата сезона.rn

    9. Луѓето и мртвите не се мешаат зад сцената

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnЈадењето е многу важен дел во „The Walking Dead“, бидејќи и мртвите и луѓето постојано се во потрага по храна, но зад сцените работите се малку поинакви. Луѓето и „зомбињата“ јадат во различни простории со цел да се одржува тензијата на високо ниво кога тие повторно ќе се вратат на снимање.rn

    10. Традиционалната вечера на смртта во оваа ТВ серија не е толку ужасна како што звучи

    rnСте знаеле ли дека постои традиција секогаш кога ќе умре еден од главните карактери, останатите ликови да организираат „вечера на смртта“ во негова/нејзина чест? Оваа вечера им овозможува на сите да се збогуваат со својот пријател…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.