КАФЕ ПАУЗА

Tag: тестер

  • Како да го одберете вистинскиот парфем без болки во главата?

    Како да го одберете вистинскиот парфем без болки во главата?

    Одбирањето на вистинскиот парфем може да биде исцрпувачко искуство. Спојот на различните мириси во парфимериите ве зашеметува дури пред да се втурнете во самата потрага. И доколку сѐ уште го немате одбрано вашиот препознатлив парфем, време е за промена на стратегијата! Еве што ни препорачува Алберто Мориљас, врвниот дизајнер на парфеми, кој меѓу другото го има создадено и неповторливиот „Versace Bright Crystal“.rnrnkako-da-go-odberete-vistinskiot-parfem-bez-bolki-vo-glavata-kafepauza.mkrn

    Одберете го вистинското време

    rnОдберете го вистинското време за одење во парфимерија. „Раното попладне е моментот кога сетилните клетки за мирис се најчувствителни“, вели Мориљас. Исто така, пред да излезете од дома не ставајте никаков парфем бидејќи нема вистински да ги почувствувате мирисите кои потоа ќе ги нанесувате на кожата.rn

    Потрудете се да го ограничите изборот

    rnПред да купите парфем, истражувајте повеќе за мирисите кои ви се допаѓаат. Дали тоа се свежи, цветни или овошни парфеми? Ваквата категоризација ќе ви помогне да го ограничите изборот од самиот старт, а со тоа и ќе ви го олесни купувањето.rn

    Користете зрна кафе

    rnЗрната кафе може и да имаат и друга примена. „Сетилото за мирис може да се презасити од многуте различни дразби, а со тоа и повеќе да не биде способно да ги разликува мирисите“, вели Мориљас. Затоа, пред нанесување на наредниот парфем, најпрвин помирисајте ги зрната кафе, што пак ќе придонесе за прочистување на сензорите за мирис.rn

    Нанесете ги само најомилените парфеми

    rnВо ред е да помирисате неколку парфеми преку тестер-хартивчињата, но доколку некој навистина ви се допаѓа, најдобро е да го напрскате на самата кожа. Ограничете го бројот на два до три парфеми со кои ќе го направите тоа. Инаку, ќе дојде до поклопување на различни мириси и само дополнително ќе се збуните.rn

    Нанесувајте правилно

    rnПарфемот нанесете го на рачниот зглоб. Топлината во оваа точка на телото помага вистински да го доживеете конкретниот мирис. Но, не брзајте со одлуката. На парфемот му се потребни барем 30-на минути за да се откријат трите групи на ноти – горните, средните и основните, кои го даваат целосното доживување на мирисот.rn

    Земете тестери

    rnСè уште не се одлучивте? Земете со себе тестери од двата омилени парфеми бидејќи секој број над тоа, само ќе ви создаде поголеми конфузии. Дадете си неколку дена за конечна одлука и едноставно купете го она што сметате дека е најдобро за вас!

  • 10 најкул работни позиции

    10 најкул работни позиции

    Не сите луѓе си ја сакаат работата што ја работат. Поточно, ова е вистинска реткост. Сепак, некои луѓе се прави среќници… или барем нам на другите така ни се чини. Задоволни или не, луѓето кои ја работат оваа работа, дефинитивно имаат најкул работни позиции во светот.rn
    rn

    1. Контролор на марихуана за медицински цели

    rn10 најкул работни позицииОвие луѓе буквално стануваат „high“ во текот на нивната работа. Со отворањето на многубројните аптеки за марихуана во Калифорнија, Колорадо и во други земји, се отвори и работната позиција за проверувач на квалитетот на овие места и производите кои таму се нудат. Сепак, за да можат да ја работат оваа работа, тие луѓе и самите мора да смеат легално да купуваат марихуана.rn
    rn

    2. Контролор на тобогани

    rn10 најкул работни позицииТоми Линч има многу интересна работа, иако некогаш е лизгава. Тој е проверувач на забавни базени (тобогани). Тој ја проверува висината, брзината, количината на вода и сигурноста при спуштањето за да се осигури дека сè е како што треба за луѓето кои доаѓаат на одмор.rn
    rn

    3. Дегустатор на чоколадо

    rn10 најкул работни позицииОва е буквално слатка работа. Сали Меккинон кој е проверувач на чоколадо и менаџер за развој на производите за ланецот продавници Теско, вели дека ја има најдобрата работа во светот.rn
    rn

    4. Изумител на печена храна

    rn10 најкул работни позицииОваа вкусна работна позиција му припаѓа на Абел Гонзалес од Далас. Досега има изумено многу вкусни печени колачи. Со ваква работа, не можеш да останеш гладен.rn
    rn

    5. ТВ-леш

    rn10 најкул работни позицииАко сакате да ја работите најмрзливата работа во светот, која подразбира лежење и неправење ништо по цел ден, тогаш вие треба да станете ТВ-леш. Ќе се дружите и зезате за време на снимањето, ќе добиете бесплатна храна и добар хонорар (200$), барем ако сте дел од светскиот шоу-бизнис. Се прашуваме колку се плаќа за глумење леш во македонски услови?rn
    rn

    6. Пробувач на пиво

    rn10 најкул работни позицииАко имате ваква работа, ќе се чувствувате потопло, но и помалку занесено, почесто од сите други луѓе. За разлика од дегустаторите на вино, пробувачите на пиво мора да голтнат за да дадат оценка за квалитетот на пивото. На здравје пиење!rn
    rn

    7. Тестер на видео игри

    rn10 најкул работни позицииАко ги сакате видео игрите, ова е вистинската работа за вас. Тестерите на видео игри, ги играат игрите пак и пак и пак и пак, сè додека не се уверат во нејзиниот квалитет, во тоа таа да нема никакви технички проблеми, да пробаат да ја „срушат” и многу повеќе.rn
    rn

    8. Контролор на луксузни кревети

    rn10 најкул работни позицииВо ред, работава сигурно нема да ви трае вечно, меѓутоа навистина е кул и забавна додека трае. Во август, 2009, Роисин Мадиган, студент од Бирмингем, Англија, добивал по 1.600 долари месечно само за да ги пробува најдобрите кревети и постелнини чијашто цена се движела од 8.000 до 43.500 долари.rn
    rn

    9. Блогер што патува

    rn10 најкул работни позицииПаровите коишто уживаат да патуваат и да пишуваат ќе ја обожаваат работава. Официјалните претставници на министерството за туризам на Тајланд, неодамна почнале да ја рекламираат оваа работа за двојки кои би патувале и би блогирале за Тајланд. На петте победнички двојки ќе им бидат платени сите патни трошоци, а парот којшто ќе биде најдобар во својата работа во Тајланд, ќе добие и 10.000 долари, видео камера и Блекбери.rn
    rn

    10. Велосипедист во Париз

    rn10 најкул работни позицииГо сакате велосипедизмот и Градот на Светлината? Па тогаш сигурно ќе ја обожавате и оваа работа. Имено, Гугл вработил двајца млади велосипедисти да возат ултра технолошки велосипеди на три тркала низ главниот град на Франција во летото, 2009. Фенси троциклите биле опремени со по 9 камери, GPS, компјутер и генератор за велосипедистите да направат илјадници дигитални фотографии за познатиот сервис Google Maps.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn