КАФЕ ПАУЗА

Tag: тен

  • Интересни факти за Коко Шанел

    Интересни факти за Коко Шанел

    Кога ќе помислите на модна икона, со сигурност ќе ви текне на едно име – Коко Шанел. После речиси 100 години откако е креиран, нејзиниот парфем и денес е еден од најпопуларните. Иако многумина знаат многу за нејзиниот живот и патот до славата, еве неколку интересни факти поврзани со Коко Шанел кои можеби не сте ги знаеле.Интересни факти за Коко Шанелrn

    Нејзиното вистинско име е Габриел

    rnРодена е како Gabrielle Bonheur Chanel, но го добила прекарот Коко според една од нејзините песни. И покрај тоа што прекарот го добила додека се занимавала со музичка кариера, таа останува препознатлива по тој прекар и во текот на нејзината модна кариера.rnrn

    Таа направила исончаниот тен да биде популарен

    rnВо тоа време белиот тен се сметал за женствен и елегантен, секако, тоа го променила токму Коко. Таа била доста популарна во Париз, па по враќањето од едно нејзино патување во Кан, жените посакале да го имаат нејзиниот исончан тен. Така тенот станал популарен.rnrn

    Нејзиниот дом секогаш мирисал на Шанел 5

    rnСтанува збор за еден од најпопуларните парфеми на сите времиња, а очигледно уште тогаш Коко била многу горда на својот успех. Таа уживала да го прска нејзиниот дом со Шанел 5, што само докажува колку сакала да биде опкружена со елеганција и префинетост.Интересни факти за Коко Шанелrn

    Ја започнала својата кариера како дизајнер на шапки

    rnЗапочнала со мало производство, продавајќи им шапки на пријателите. Но, нејзиниот бизнис за брзо се проширил, вклучувајќи линија со облека. Оној кој најмногу ја поддржал во отворањето на првиот бутик за шапки, бил нејзиниот љубовник Артур Капел. Па од негде мора да се започне, нели?rnrn

    Нејзиниот омилен број бил 5

    rnОчекувано, зарем не? Не само што го крстила парфемот Шанел број 5, туку истиот за првпат бил пуштен во продажба на 05.05.1922 година. Друг интересен факт поврзан со парфемот е дизајнот на шишето. Таа се противела на гломазните и екстравагантни опаковки на парфеми, па се одлучила за едноставно шише, тврдејќи дека луѓето треба да се сконцентрираат на она што е во шишенцето. Мислам дека сите со сигурност би можеле да кажеме дека воопшто не погрешила.rn
    rn

    Таа направила вистинска револуција во женската мода

    rnЖените во тоа време носеле многу неудобна облека, како што биле корсетите, а како аксесоари носеле нападен накит. Коко го променила тоа креирајќи поудобна и функционална облека. Го креирала познатиот женски костим кој бил едноставен и лесно ги изразувал позитивните страни на женската фигура, без да ги приморува жените да носат неудобни корсети за да го сокријат стомакот. Исто така, таа му донела слава на обичниот и едноставен накит, а да не заборавиме дека токму нејзина е заслугата за славата на малиот црн фустан. Кога зборуваме за модна револуција и уникатни идеи за пресврт во модата, мислиме на Коко Шанел!Интересни факти за Коко Шанел
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Избор на лак за нокти врз основа на…

    Избор на лак за нокти врз основа на…

    Автор: Ивана ПетковскаrnrnЕдна стара изрека вели: „Можеш да препознаеш дама ако ги погледнеш нејзините раце“. И засекогаш ќе остане така, затоа негувајте ги вашите раце!rnrnНешто што е секогаш воочливо за туѓите очи се вашите раце и нивната нега. Затоа треба редовно да им правите третман, а меѓу нив е и најзабавниот начин за да направите некаква промена, секако со помош на лакот за нокти. Но, се знае, прво третман, а потоа боја! Ги правиме сите потребни третмани за заноктици, обликување со турпија, полирање, чистење и зацврстување, а потоа доаѓа нанесувањето на лак за нокти.rnrnИзбор на лак за нокти врз основа на...rnrnНо, секоја боја на лак не одговара на секоја пригода, сезона или некој елемент што го имате на себе. Затоа ве насочуваме како да направите избор врз основа на следните потреби.rnrn

    1. Сезона

    rn

    Како што се менуваат модните трендови во согласност со годишното време, така треба да обрнеме внимание и на бојата на нашите нокти. За пролет се препорачуваат некои посвежи, цветни бои и нијанси, како што се светло розовите. За лето, се препорачуваат некои појаки нијанси на розово, сино, жолто итн. За есен и зима, ги предлагаме оние потешки, односно позатворени темни бои, како темна сина, темна виолетова и бордо.rnrnИзбор на лак за нокти врз основа на...

    rnrn

    2. Гардероба

    rn

    Пред да одберете некој лак за нокти, секогаш прво погледнете во вашиот шкаф. Многу е важно да забележите која боја најчесто доминира во вашиот орман, па според тоа да се ориентирате при изборот на бојата.rnrnИзбор на лак за нокти врз основа на...

    rnrn

    3. Кармин

    rnУште еден многу важен фактор за избор на вашиот лак, е бојата на вашиот кармин. Тоа е тренд што во последниот период е многу следен од многу познати личности, а воедно и од сите нас.rnrnИзбор на лак за нокти врз основа на...rn

    4. Прилика

    rnМногу е важно да ја „обоите“ приликата, односно да знаете дека во секоја пригода треба да обрнете внимание и на бојата на вашите нокти. За деловен состанок, секогаш преферирајте да избирате неутрални и бледи нијанси на бои, за љубовен состанок или вечера со пријателките користете посмели нијанси, додека за вечерен настан можете да одберете поинтензивни и потемни бои. Црвената боја на нокти, одговара на секоја прилика.rnrnИзбор на лак за нокти врз основа на...rn

    5. Тенот на вашата кожа

    rnКога станува збор за добро усогласување на бојата на вашиот лак со гардеробата, приликата, сезоната или карминот, прилагодувањето на лакот кон тенот на вашата кожа е уште еден битен фактор кој овозможува истакнување на природната убавина на вашите раце.rnrnЗа светол тен се препорачуваат светло црвени нијанси, за средно светол тен се препорачуваат темно бургунди или нијанси на вино. За потемен или средно темен тен на кожата се избираат портокалово-црвени, кадифени или златни нијанси, додека за темен тен ви предложуваме да одберете силни цветни, темно сини или сребрени нијанси.rnrnИзбор на лак за нокти врз основа на...rnrnИсто така, внимавајте на начинот на кој го чувате вашиот лак, секогаш гледајте да биде на суво и ладно место во исправена положба.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пет прехранбени продукти за добар тен

    Пет прехранбени продукти за добар тен

    Сите знаеме колку правилната исхрана влијае на метаболизмот и на тежината, но малку луѓе знаат дека некои прехранбени продукти можат да придонесат за поубав и поблескав тен. Еве пет прехранбени продукти кои можат да го подобрат изгледот на вашиот тен.Пет прехранбени продукти за добар тенrn

    Компири

    rn

    Доколку внесете повеќе компири во вашата исхрана, кожата ќе ви биде свиленкаста. Компирите содржат бета-каротин, кој се претвора во витамин А. Витаминот А, според тврдењето на дерматологот Lisa Дрехер, помага кожата да остане нежна. Доколку компирите не се вашето омилено јадење, со морковите можете да го постигнете истиот ефект.Пет прехранбени продукти за добар тен

    rnrn

    Киви

    rnВитаминот Ц го стимулира создавањето колаген, кој е важна состојка за спречување на појава на брчки. Продукти кои содржат најмногу витамин Ц се кивите, портокалот и цитронот. Според една студија објавена во магазинот „Clinical Nutrition“, жените кои секојдневно консумирале витамин Ц, имале многу помалку брчки од оние кои го користеле во мали количини.Пет прехранбени продукти за добар тен . rn

    Црно чоколадо

    rn

    Фактот дека црното чоколадо е добро за тенот ќе ги израдува оние кои го обожаваат. Дерматологот Дрехер тврди дека доколку консумирате умерени количини црно чоколадо кое содржи многу какaо, ќе обезбедите оптимално ниво на флаванол, супстанца која влијае на хидрирање на кожата.Пет прехранбени продукти за добар тен .

    rnrn

    Јогурт

    rnСпоред нутриционистот Пола Симпсон, јогуртот е добар и за тенот и за ноктите. Во него има многу протеини и калциум, кои го стимулираат метаболизмот, помагаат во одржувањето на линијата, но го поттикнуваат и растот на ноктите.Пет прехранбени продукти за добар тен . rn

    Јаткасти плодови

    rnБадемите, лешниците, сончогледот и семките, се секако подобар избор за ужина од чипс и смоки. Сончогледот е најдобар избор бидејќи содржи нутритиенти и витамин Е, кои го спречуваат прераното стареење на кожата.Пет прехранбени продукти за добар тенrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да изберете идеална боја за вашата коса?

    Како да изберете идеална боја за вашата коса?

    Менувањето на бојата на косата е убав начин набрзина да си го промените имиџот. Секако, тоа не значи дека секоја боја е соодветна за вас. Пробувањето нови бои секој месец ниту ви овозможува да го задржите добриот изглед, ниту пак е добро за косата. Затоа, погледнете се во виртуелното огледало за да ја изберете идеалната боја и вистинската нијанса. Виртуелното огледало го овозможува Perfect 10 и претставува онлајн-апликација која ќе ви помогне да ги тестирате нијансите на разните бои, пред да ја направите промената кон која тежнеете.Како да изберете идеална боја за вашата коса?Начин на користење: Работата со апликацијата е многу едноставна. Изберете добра фотографија, на која лесно ќе можете да ги означите краевите на косата. Исто така, таа треба да е направена на добро светло, така што ќе можете реално да ги забележувате промените на бојата на косата во однос на вашиот тен. Со четкичките бојте одозгора, бришете кога ќе згрешите и сè така додека да добиете совршено исцртани граници на вашата фризура. Потоа, пробувајте, споделувајте ги резултатите со вашите пријатели и очекувајте искрени мислења.Како да изберете идеална боја за вашата коса?Бонус совет: Изборот на вистинската боја на коса не е лесна работа. Треба да се зема предвид бојата на кожата, на очите, текстурата на косата и карактерот. Можеби ги сакате оние светло руси коси или пак „даркерски“ црни, но тоа може да резултира со изгорена коса, губење на специфичните карактеристики на вашето лице или пренагласување на некои кои не треба да се толку потенцирани. Препорачливо е да експериментирате со 2-3 нијанси посветла или потемна боја на коса од вашата природна.Како да изберете идеална боја за вашата коса?Експериментирајте и (по)кажете ни ги резултатите :)rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За мажи: одберете облека според вашиот тен

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    Носењето боја на облека која не одговара на вашиот тен, прави да изгледате бледо и уморно, дури и ако сте спиеле 8 часа и се чувствувате супер одморено.rnrnПронаоѓањето гардероба која не доаѓа во конфликт со нијансата на вашата кожа е клучно за вашиот стил на облекување и за начинот на којшто другите ве доживуваат.rn.rn

    Определување на вашиот тен

    rnСекој човек има природна нијанса на кожата, која генерално може да се класифицира во три категории: топла, ладна и неутрална боја. Еве како да дознаете во која категорија спаѓате вие:rnrnСеднете пред огледало на силна дневна светлина. Земете накит или некои златни и сребрени предмети и приближете ги до вашата кожа. Ако вашиот тен изгледа подобро со сребро, тогаш имате ладна боја на кожа. Ако пак нијансата на вашата кожа повеќе одговара со златото, тогаш имате топла боја на кожа.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тенАко вашиот тен е маслинест или златест, тогаш вие спаѓате во категоријата топли бои на кожа, а доколку имате бледо розов тен, тогаш спаѓате во категоријата ладни бои.

    rnКога еднаш ќе го определите тенот кој го имате, ќе можете да го подобрите вашиот стил. Имајќи ги на ум боите кои добро ви прилегаат, ќе можете да го направите правилниот избор на гардероба и во секој момент да се чувствувате одлично, не грижејќи се за тоа дали изгледате добро или не.rn.rn

    Избор на облека според вашиот тен

    rnТопли бои на кожа значи дека треба да носите топли бои на облека и обратно. Ова не значи дека ако спаѓате во категоријата топли бои на кожа не смеете да носите виолетов дуксер. Бидејќи секоја боја има многу различни нијанси, вие можете да ја одберете онаа која најдобро му прилега на вашиот тен. Така на пример, виолетовата може да биде модро виолетова, лавандер и пурпурна. Во тој контекст, интензивната модро виолетова облека ќе изгледа подобро на оние кои имаат маслинест или златест тен, а лавандерот ќе одговара на оние со розов, бледникав тен. Затоа не грижете се дека треба да ја замените целата облека, туку секогаш кога ќе облечете нешто убаво погледнете се во огледало и видете како нијансата на вашата блуза одговара со вашиот тен.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    rn

      rn011

    • rn

      Топол тен

      rn

    • rn

    rnКако што кажавме, оние кои имаат маслинест или златест тен изгледаат подобро кога се облечени во топли бои. Црвена, портокалова, жолта, беж боја и темно кафена се вистинскиот избор за типот на вашата кожа.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    rn

      rn011

    • rn

      Ладен тен

      rn

    • rn

    rnАко констатиравте дека имате бледо розов тен, односно спаѓате во категоријата ладни тонови на кожа, тогаш вам одлично ќе ви прилегаат розова, сина, зелена и виолетова боја на облека.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    rn

      rn011

    • rn

      Неутрален тен

      rn

    • rn

    rnОние кои не спаѓаат ни во ладни ни во топли бои на кожа, сепак се поблиску до едната или другата категорија, па во тој контекст, изборот на гардероба можат да го прават врз основа на конкретната нијанса. Во секој случај, оваа категорија на мажи се најсреќни, бидејќи ним им прилега убаво секоја боја на облека.rnrnАко ви се допадна овој текст, препорачајте ѝ на вашата девојка или пријателка да прочита кои бои на облека најдобро неа би ѝ прилегале.