КАФЕ ПАУЗА

Tag: тен

  • Исфрлете ја употребата на пудра со помош на овие трикови!

    Исфрлете ја употребата на пудра со помош на овие трикови!

    Иако пудрата ги прекрива сите недостатоци на кожата, во текот на летниот период нејзината употреба би требало да се сведе на минимум. Сигурно не би сакале целата шминка да ви се истопи од топлото летно сонце. Без разлика дали станува збор за додавање на уште еден чекор кон вашата утринска рутина или за генијален продукт, овие трикови ќе ви помогнат да го добиете тенот за кој отсекогаш сте сонувале.rnrn0-isfrlete-ja-upotrebata-na-pudra-so-pomos-na-ovie-trikovi-kafepauza.mkrn

    1. Ексфолијација

    rnРапавата и сува кожа честопати се собира на видливи места, па дури иако користите квалитетна пудра. И таа е најголем причинител за нееднаков тен. За да го спречите појавувањето на црвенило и за да ја одржите мазната текстура на кожата, ексфолирајте ја еднаш неделно. Забрзајте го процесот со ексфолијаторен сунѓер или крпа, во зависност од нежноста на кожата.rn

    2. Навлажнување

    rnКожата честопати може да се иритира од сонцето. Затоа постојано навлажнувајте ја со разни кремови. Во зависност од количината масло што ја произведувате, ставајте крема за навлажнување на кожата два пати дневно – навечер и наутро. Исто така користете продукти кои содржат масла од чајно дрво или алое вера за да го смирите црвенилото. Ако вашата кожа е добро хидратизирана, тогаш се спречува појавата на слободните радикали на површината, кои инаку навлегуваат длабоко во кожата и ја уништуваат работата на клетките.rn

    3. Ладење

    rnКористете спреј за лице богат со алое, ставете ладна крпа (по можност од муслин) врз целото лице или маска која го лади лицето. Вака ќе спречите создавање на црвенило и кожата ќе добие свеж изглед. Спрејовите за лице и маските треба да бидат направени од супстанции кои спречуваат црвенило, делуваат на инфламации и ѝ даваат природен изглед на кожата. Ако ви црвенеат образите, а морате да нанесете шминка, пробајте со ваквиот чекор за да добиете што е можно поеднаков тен.rnrn1-isfrlete-ja-upotrebata-na-pudra-so-pomos-na-ovie-trikovi-kafepauza.mkrn

    4. Подлога за шминка

    rnНе плашете се од трендовите во убавината. Подлогата за шминка моментално ги доживува своите пет минути слава. Има и причина зошто. Таа служи за покривање на видливите пори како тие на носот и брадата. Подлогите за шминка создаваат изглед на платно на кое се прекриени апсолутно сите линии, лузни, несовршености и пори. Бидејќи овој продукт стана многу популарен, тој доби и понапредна верзија која вклучува заштитен фактор и навлажнувач.rn

    5. Обоен навлажнувач

    rnИако има големи сличности со пудрата, сепак неговата формула е многу полесна и поприфатлива во текот на летните месеци. На кожата ѝ дава совршен финиш, но без чувството на затнати пори. Може, но и не мора да содржи заштитен фактор, а може да се најде секаде, од познатите парфимерии, до аптеките и дрогериите.rn

    6. Коректор

    rnИако неговата цел е насочена кон кожата околу очите каде што се наоѓаат тие ужасни темни кругови, сепак коректорот може да има и поширока примена. Само многу е важно да ја погодите нијансата која одговара на вашата кожа. Кога таа е несоодветна, а вашето лице ќе дојде во контакт со рефлектор или друг вид вештачка светлина, неговиот ефект ќе спротивен – дамката која отскокнува од тенот на останатиот дел на кожата ќе дојде до израз. Исто така важно е да знаете каков вид коректор користите уште пред да го нанесете. На пример, на коректорот за целосно покривање му е потребно подолго време за да се изедначи со кожата. Затоа морате да одвоите малку повеќе време за негово нанесување.rn

    7. ББ и ЦЦ креми

    rnПосветли и полесни од пудрите, честопати збогатени со витамини, заштитен фактор и што уште не, овие чуда веднаш станаа миленици на жените. Бидејќи имаат многу лесна текстура и одлично се комбинираат со сите шминкерски рутини, тие се сон на секоја девојка.rnrn2-isfrlete-ja-upotrebata-na-pudra-so-pomos-na-ovie-trikovi-kafepauza.mk

  • Како да го изберете совршениот накит според видот на вашата кожа?

    Како да го изберете совршениот накит според видот на вашата кожа?

    Наоѓањето накит кој совршено одговара на вашиот тен може да биде малку тешко и комплицирано, но со помош на следниве 7 совети вие ќе можете многу полесно и побрзо да го најдете вашиот совршен моден додаток со чија помош полесно ќе се издвоите од останатите…rnrnКако да го изберете совршениот накит според видот на вашата кожа?rn

    1. Откријте кој е вашиот тип кожа

    rnПред да почнете со потрагата по совршениот накит, прво треба да одредите дали вашиот тен спаѓа во потоплите или во поладните нијанси. Постапката е всушност многу едноставна. Погледнете ги вените на вашите зглобови. Доколку тие се со сина боја, тогаш припаѓате на ладните нијанси, но ако повеќе влечат кон зеленикава боја, тогаш вие имате топла нијанса на тенот. Уште еден начин на кој можете да го утврдите видот на вашата кожа е доколку поставите една златна и една сребрена обетка на вашата кожа и да забележите која боја повеќе одговара на вашиот тен. Многу е важно ова да го направите на природно светло со цел ефектот на нијансите врз вашиот тен да биде поуочлив.rn

    2. Ладни тонови

    rnВо палетата на боите, помеѓу ладните спаѓаат сребрената, зелената и сината, па ако изберете накит во било која од овие бои тие без сомнение ќе изгледаат фантастично врз вашата кожа. Истовремено, можете да пробате и со различни нијанси розова и црвена боја, но не заборавајте дека поладните тонови повеќе ќе сјаат на вашата кожа.rn

    3. Топли тонови

    rnАко имате топла нијанса на тенот, боите кои повеќе ќе ви одговараат се жолта, златна, розова и црвена. Но, вие нема да згрешите ако одберете и дијамант. Секако, можете да експериментирате и со поладните тонови, но топлите се оние кои со сигурност ќе се истакнат врз вашата кожа.rn

    4. Потемен тен

    rnАко имате потемен тен на кожата, тогаш пред вас имате огромен избор за накит. Било која посветла нијанса која ќе ја одберете совршено ќе изгледа врз вашата кожа. Потемните бои нема да можат толку да дојдат до израз, но затоа со светлите никогаш не можете да згрешите. Особено ако се одлучите за белата боја.rn

    5. Посветол тен

    rnЗа овој вид кожа најдобро е да одбирате бои во нијанси кои се посветли од вашиот тен. Нежните тонови се вистински избор за вас, бидејќи темните или исклучително светлите бои можат да изгледаат премногу нападно на вашата кожа. Секако, не треба да се откажувате целосно ни од нив, па доколку ви се покаже можност за постигнување таков ефект, тогаш дефинитивно треба да ја искористите.rn

    6. Средна нијанса на тенот

    rnАко имате ваков тип кожа, тогаш вие без сомнение имате најголем избор. Слободно можете да ги носите скоро сите бои и нијанси кои ќе ги посакате. Всушност, ако се определите за сребрени или златни тонови, обидете се да го вклопите и останатиот дел од вашиот изглед со тенот, со цел да привлечете поголемо внимание.rn

    7. Накитот и бојата на косата

    rnБојата на вашата коса е исклучително важна за накитот, особено ако размислувате за ѓердан или обетки. Црвената боја на коса одлично одговара со нијансите кои асоцираат на вода – сина, азурна, тиркизна, зеленикава… Сребрените тонови најдобро се истакнуваат на потемна коса, додека пак, за блондинките најдобро одлучуваат нијансите.

  • 11 проблеми со кои се справуваат девојките со блед тен

    11 проблеми со кои се справуваат девојките со блед тен

    Да се има блед тен на кожата не е лесно. Од изгореници од сонцето заради кои личите на вампир, до неконтролирано вцрвенување на кожата, девојките со блед тен се справуваат и со овие проблеми.rn

    1. Често ве мешаат со некој лик од „Самрак“

    rn2-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    2. Одењето на плажа повеќе личи на постојано борба со сонцето отколку на одмор

    rn3-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    3. Ги слушате своите пријателки како нестрпливо чекаат да добијат тен ова лето, а вие сте…

    rn4-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    4. Го имате пробано секој спреј за самопотемнување од супермаркетите и не можете да најдете некој кој нема да ве направи да изгледате како Умпа Лумпа

    rn5-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    5. Кога поцрвенувате од срам, сите го забележуваат тоа и намерно го потенцираат, што прави… да поцрвенувате уште повеќе

    rn6-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    6. Носите крем со заштитен фактор +100 (да, постои) и без разлика на тоа, повторно горите

    rn7-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    7. Вежбањето толку ве зацрвенува што луѓето во салата ве прашуваат дали сте добро

    rn8-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    8. Купувањето бикини ако сте девојка со блед тен? Сто пати полошо

    rn9-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    9. Сликањето селфи со блиц само прави да изгледа како да немате лице

    rn10-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    10. Очекувањето кога носите темен кармин

    rn11-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    11. Реалноста

    rn12-11-problemi-so-koi-se-spravuvaat-devojkite-so-bled-ten-na-kozhata-www.kafepauza.mk_

  • Најчести митови за убавината и разубавувањето

    Најчести митови за убавината и разубавувањето

    Цел живот слушаме совети од нашите мајки, пријателки и баби кои нè уверуваат дека некои методи за нега се исправни, додека други погрешни, но дали е тоа навистина така? Повеќето од нив се митови во кои ние целосно веруваме. Ги издвојуваме најчестите невистини кои некои од нас дури ги имаат прифатено како „светото писмо“.rnrnnajchesti-mitovi-za-ubavinata-i-razubavuvanjeto-kafepauza.mkrn

    МИТ 1: „Кубењето“ на белите влакна прави тие да растат повеќе

    rnОва е тотален мит. Нашата коса побелува како што старееме и тоа е процес кој не можеме да го запреме. На некој тоа му се случува порано, на некој подоцна, но не постои личност на која нема да ѝ побелее косата. Често се случува, откако ќе го забележиме првото бело влакно, да ни се причинува како да ги има сè повеќе и повеќе. Всушност тоа е поради тоа што сега сме го „истренирале“ нашето око да ги забележува секојпат кога ќе се погледнеме во огледало.rn

    МИТ 2: Бричењето ги прави влакната подебели и погусти

    rnО, да дами. И ова е голем мит! Избричените влакна изгледаат подебели поради тоа што бричот го отсекува влакното само од површината на кожата, односно тоа не е целосно извадено од фоликулата. Заради тоа кога повторно ќе почне да расте, се гледа подебелиот дел и визуелно ни изгледа дека влакната станале подебели.rn

    МИТ 3: Мајонезот е одличен регенератор

    rnВсушност, тука има и вистина. Ако мајонезот е вистински, односно содржи вистинско масло и јајца, тоа го прави добар регенератор. Киселините и протеините добро ја негуваат косата.rn

    МИТ 4: Ставањето мраз на кожата ги намалува порите

    rnНе, не и не. За жал, ништо не може да ги намали порите. Големината на порите е резултат на генетиката, а не се менува под влијание на температурата нанесена на кожата. Факт е дека некои луѓе имаат помали, а некои поголеми пори.rn

    МИТ 5: Пастата за заби ги суши акните

    rnПастата за заби содржи ментол и други активни состојки кои можат да ги исушат или намалат акните пред да дочекате тие „природно“ да исчезнат. Меѓутоа, истите тие состојки можат да ја исушат или изиритираат кожата на вашето лице, па подобро е да користите крем против акни.rn

    МИТ 6: Со нанесување на пиво пред сончање може да добиете „златен“ тен

    rnНе е вистина. Треба да избегнувате да излегувате на сонце без да нанесете крем со висок заштитен фактор, а пивото и не може баш да ви помогне. Како и поголемиот дел од работите така и ова е дел од генетиката. Некои потемнуваат лесно, а други пак изгледаат како рак веднаш штом излезат на сонце.rn

    МИТ 7: Поради седењето со прекрстени нозе ќе добиете проширени вени

    rnНе, нема да добиете. Сè уште не е откриен факторот зошто набабруваат вените на нозете. Седењето со прекрстени нозе нема да направи да добиете проширени вени, но ако веќе имате тогаш ваквото седење може да ги влоши.rn

    МИТ 8: Вените отекуваат кога ги миете нозете додека сте уморни

    rnНе, вените ви отекуваат затоа што нозете ви се уморни. Тоа е начин на кој телото се бори против заморот. Добро е кога сте изморени да ги ставите нозете во топла вода за да ја подобрите циркулацијата во долниот дел од телото и да го отстраните заморот.

  • 7 факти што не ги знаевте за ангелите на Викторија Сикрет

    7 факти што не ги знаевте за ангелите на Викторија Сикрет

    Ако го гледате модното шоу на Викторија Сикрет секоја година и мислевте дека знаете сè за ангелите, тогаш се лажете. Неодамна Кајли Бајсати, поранешен модел на Викторија Сикрет, прозборе во јавност. Исто така таа ја напиша книгата „Јас не сум ангел“ во која ја раскажува нејзината приказна и причините зошто го прекинала договорот со Викторија Сикрет.rn

    1. Лажна коса

    rn1-7-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-angelite-na-viktorija-sikret-kafepauza.mkrnrnОсновната работа што треба да ја знаете за Викторија Сикрет е дека убавата и долга коса на моделите, всушност не е вистинска. Сите модели носат надградба, што Бајсати изјави дека одзема часови додека се стави. Исто така нивната коса постојано се фарба за да изгледа попривлечно.rn

    2. Лажен тен

    rn2-7-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-angelite-na-viktorija-sikret-kafepauza.mkrnrnСкоро сите модели се прскаат со спреј за потемнување пред да излезат на сцената. Со тоа им се намалуваат сите недостатоци што ги имаат. Тие се прскаат од глава до пети што одзема часови додека се нанесе целосно.rn

    3. Вештачки трепки

    rn3-7-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-angelite-na-viktorija-sikret-kafepauza.mkrnrnСкоро сите модели носат вештачки трепки. Бајсати изјавила дека без нив и горенаведените работи не се чувствувала како своја кога ќе излезела на сцена.rn

    4. Многучасовно вежбање

    rn4-7-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-angelite-na-viktorija-sikret-kafepauza.mkrnrnЗа време на снимањата и подготовките за шоуто моделите одвојуваат по неколку часа за вежбање, што им одзема значителен дел од денот. Тие мораат да го затегнат секој дел од телото и да останат слаби, што може да доведе до сериозна опседнатост со своето тело.rn

    5. Строга диета

    rn5-7-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-angelite-na-viktorija-sikret-kafepauza.mkrnrnНормално е секој да се храни здраво, но за разлика од нас, на моделите од Викторија Сикрет тренерите им одредуваат кога, што и колку калории ќе внесат.rn

    6. Алкохол пред шоу

    rn6-7-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-angelite-na-viktorija-sikret-kafepauza.mkrnrnУште нешто што треба да се знае за Викторија Сикрет. Пред да настапат, на моделите им даваат алкохолни пијалаци за да им помогнат да се опуштат и да бидат разиграни на сцена.rn

    7. Фотошопирани слики

    rn7-7-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-angelite-na-viktorija-sikret-kafepauza.mkrnrnМногу од моделите не изгледаат онака како што ние ги гледаме на сликите. Нивните бутови се поделени на половина, струкот им е исечен, а градите двојно зголемени.

  • Жените се понекогаш грозни: Работи кои тие ги прават, а мажите немаат поим

    Жените се понекогаш грозни: Работи кои тие ги прават, а мажите немаат поим

    Секоја жена би сакала во секој момент да биде совршено средена, но реалноста за жал е многу поинаква. Не само што жените немаат доволно време, туку неретко и парите се проблем за да би биле цело време тип-топ. Затоа се снаоѓаат на разни генијални начини со цел мажите никогаш да не забележат. Но, некои од тие работи се едноставно одвратни.rnrnzhenite-se-ponekogash-grozni-raboti-koi-tie-gi-pravat-a-mazhite-nemaat-poim-kafepauza.mkrn

    Ги бричат нозете до колена

    rnНе можете да стигнете да се издепилирате? Тогаш избричете ги нозете до колена и облечете ја омилената сукња. Внимавајте само да не ве види партнерот додека се соблекувате, глетката може сериозно да го исплаши.rn

    Ги мијат само шишките

    rnНемате време да ја измиете косата? Измијте ја само од напред. Ако имате шишки, измијте ги нив, над лавабото, а ако не, измијте само одредени прамени. Потребни се само неколку минути, а косата на прв поглед ќе ви изгледа чисто.rn

    Прават лажен тен

    rnАко ви е скапо да дадете пари за цело шишенце спреј за самопотемнување, тогаш лажирајте го тенот само на потребното место. Да речеме, ако носите фармерки и балетанки или сандали, измачкајте го делот од стапалата кој се гледа со бронзер. Без облека ќе изгледате како да сте згазнале во кал, но со фармерките ќе делувате како штотуку да сте се вратиле од одмор.rn

    Ја „чистат“ валканата облека со освежувач за простор

    rnАко сте премногу мрзеливи или немате пари за хемиско чистење, облеката можете да ја испрскате со освежувач за простор и таа ќе изгледа (и мириса) како нова.rn

    Ги прикриваат подраснатите веѓи со пудра

    rnАко немате време да ги искубете веѓите, прикријте ги влакната кои стрчат со малку течна пудра. Ова е брзо решение, но може да делува и уште понеуредно ако не ја погодите вистинската нијанса на пудрата.rn

    Лакираат само по два нокта на нозете

    rnАко носите чевли со отворени прсти, а немате време за комплетен маникир, налакирајте ги само првите два прста на нозете, односно само оние кои се гледаат. Доколку ги соблечете чевлите веројатно ќе делувате чудно и неуредно, но кој би имал прилика да ви ги види нозете боси кога сте излезени во град!?rn

    Ги прелакираат подизлупените нокти

    rnКога маникирот ќе почне да се лупи, тоа лесно и брзо може да се реши доколку преку него нанесете нов слој лак. Исто така жените практикуваат уште еден метод – лепење вештачки нокти. Ако вашите нокти се изабени, а немате време за маникир, само прелепете ги со вештачки и ќе делувате тип-топ средени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пронајдете го соодветниот накит за тенот на вашата кожа

    Пронајдете го соодветниот накит за тенот на вашата кожа

    Летото е одличен период за потемнување и мали промени во тенот. Без разлика дали бевте на летување или едноставно се изложивте на повеќе сончеви зраци, вашиот тен веројатно барем малку се променил. Иако жените мислат дека секој накит одговара на сечиј тен, тоа и не е баш точно. На секоја нијанса на кожа ѝ одговара различен накит. Накитот е еден од полесните делови при склопување на совршената модна комбинација, или барем така изгледа. Но, постојат некои парчиња кои се посоодветни за одредена боја на кожата, за разлика од други.rnrnpronajdete-go-soodvetniot-nakit-za-tenot-na-vashata-kozha-kafepauza.mkrn

    1. Како да откриете каков тен имате?

    rnЗа да го одредите вашиот тен, најдобро е да започнете со чисто лице (ако сте користеле средство за самопотемнување, почекајте една недела па пробајте го ова). Исчистете го лицето од шминка, употребете хидратантен крем и почекајте барем 15-тина минути да се впие. Вака, кожата ќе се навикне на влажноста на воздухот и температурата од вашата околина.rnrnЗемете огледало и застанете на светло. Не мора да биде на сонце, но на место каде што доаѓа природна светлина. Ставете парче бела хартија до вашето лице. Ако кожата има розовкаст сјај во однос на хартијата, вие имате бледникав (светол) тен. Ако кожата изгледа кафеава или златна тогаш имате темен тен. Темниот тен изгледа одлично со златни, црвени, портокалови и корални бои, а светлиот со сребрени, сини и зелени нијанси.rnrn1-Pronajdete-go-nakitot-koj-i-soodvetstvuva-na-vasata-koza-kafepauza.mkrn

    2. Како да го пронајдете соодветниот накит за вашиот тен?

    rnВеќе откривте каков тен имате и какви додатоци ви прилегаат, сега останува да ги пронајдете соодветните парчиња накит.rnrnНа потемен тен (маслинест и црн), златото, скапоцените камења и светлобелите бисери изгледаат луксузно и одлично.rnrnПосветлите тенови изгледаат прекрасно со сребро, платина и одредени нијанси на розово злато. Скапоцените камења како морганит, аквамарин и бисери во нежни нијанси на розова, корална и сива исто така стојат прекрасно.rnrnНо, постојат тенови кои се на средината помеѓу овие два екстреми. За среќа, правилата кои се однесуваат на мешањето метали, камчиња или текстури повеќе не важат, односно слободно можат да се прекршуваат. Од бројни алки од различни материјали до повеќе прстени на неколку прсти – овие трендови ги „живеат“ своите 5 минути популарност, така што балансот што ќе го направите најмногу ќе зависи од вашиот личен вкус.

  • Како да постигнете бронзен тен на лицето со помош на руменило?

    Како да постигнете бронзен тен на лицето со помош на руменило?

    Во жешките летни денови, повеќето жени сакаат да имаат убав бронзен тен, кој совршено ќе прилега во комбинација со летните фустанчиња и сандалки. Но, доколку сте од оние паметни жени кои внимателно се штитат од сончевите зраци, ваквиот бронзен одблесок можете да го постигнете со козметика, за само неколку секунди. Нанесувањето бронзер на вистинските зони од лицето, ќе ви даде совршен златен сјај на вашите образи. Погледнете колку е тоа едноставно, во видеото на мејкап-артистката Мери Гатри.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На здравје лето!

    На здравје лето!

    Тешко е нам луѓето да ни се погоди нешто. На зима ни е ладно, а на лето неподносливо топло. И така сè во круг. Арно ама, иако сите по малку знаеме да измрчиме дека не е нормално што го чувствуваме мирисот на асфалтот како да ни се топи под нозе, летото ни годи. Ќе си планираме одмори, ќе пиеме коктели, ќе се пржиме на сонце, а во септември задолжително пишување состав на тема „Како го поминав летниот распуст?“.rnrnБарем за мене, рецепт за совршено лето е: латино журки – добри книги – кафе со мраз – плажа – мирис на масло за сончање. Денес кратко ќе ве поздравам со моите 20 летни правила:На здравје лето!1. Не муртете се, од сонцето се прават уште повеќе брчки.rnrn2. Носете ги омилените парчиња облека и костими за капење – и самите не сте свесни колку сте прекрасни кога се сакате себеси.rnrn3. Задолжително пробајте Sex on the beach (мислам на вотка, ликер од праска, сок од портокал и од брусница).rnrn4. Јадете многу сладоледи.rnrn5. Не заборавајте дека под зраците на сонцето сè е многу попривлечно (како на пример вашиот бронзен тен).rnrn6. Заборавете на must do листите.rnrn7. Не мочкајте во езеро/море/базен.rnrn8. Аман, не шминкајте се за на плажа (по првото излегување од вода ќе бидете таман за на кастинг за улога на зомби).rnrn9. Избегнувајте ги високите потпетици, со нив не можете да скокате на летните забави, журки, фестивали…rnrn10. Пијте го кафето ладно.rnrn11. Најдете песна која ќе ви го обележи летото (највисоко на мојата листа засега стојат Get lucky и Blurred lines).rnrn12. Ако сè уште немате, направете си своја кореографија на Bomba од King Africa.rnrn13. Понастрана од здодевни и негативни личности.rnrn14. Не кршете многу срца (само неколку).rnrn15. Ако не знаете да пливате – оваа сезона научете.rnrn16. Секогаш носете си очила за сонце и шеширче.rnrn17. Пијте многу вода.rnrn18. Не заборавајте на млекото за сончање со висок заштитен фактор (барем при првите изложувања на сонце).rnrn19. Заљубете се… во животот.rnrn20. И секако, слушајте ги мама и тато.rnrnНа здравје лето 2013!rnrnЕли.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 златни правила за одржување на тенот во солариум

    7 златни правила за одржување на тенот во солариум

    Постојат многу истражувања кои покажуваат дека треба да го избегнете одењето на солариум, но доколку сепак се решите да го одржувате вашиот тен на овој начин, добро е да сте запознаени со овие совети.7 златни правила за одржување на тенот во солариум1. Експертите предупредуваат дека во солариум треба да се оди што поретко. Но, доколку имате кус период за да го постигнете посакуваниот тен, немојте да го заборавите ова правило, кое вели дека помеѓу два третмани треба да помине минимален период од 2 дена.rnrn2. Пред одење на третман, задолжително направете пилинг на целото тело, за да ги отстраните мртвите клетки од кожата.rnrn3. За одржување на убавиот тен, доволно е да одите еднаш неделно, од 6 до 8 минути.rnrn4. Најдобро е да не се туширате барем два часа по третманот.rnrn5. Солариумот ја суши кожата, па затоа не заборавајте, по туширањето убаво да се намачкате со некое помрсно млеко за тело.rnrn6. За да ја избегнете дехидрацијата, по третманот пијте многу течности.rnrn7. Не одете на солариум по месечниот менструален циклус, ниту доколку пиете антибиотици или сте на терапија со кортикостероиди.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn