КАФЕ ПАУЗА

Tag: талог

  • Забавна чаша за повкусна голтка кафе

    Забавна чаша за повкусна голтка кафе

    Благодарение на дизајнерите Hye Yeon Cho и Seo Young Yoon, вашиот утрински ритуал за расонување или дружбата со пријателите, не мора да бидат здодевни и да завршат со последната голтка кафе. Тие креирале атрактивна чаша, која ќе внесе малку забава во секојдневието на кафеџиите…Забавна чаша за повкусна голтка кафеВо нејзината внатрешност поставиле недовршен цртеж и точки, кои треба да ги поврзете за да го комплетирате. Па, ако не сте по гледањето на кафе, талогот може да ви послужи да повлечете линии од една до друга точка. 🙂 Сè што треба да направите е да земете сламка и по нумерички редослед да започнете со развлекување на остатоците од вашиот омилен напиток.Забавна чаша за повкусна голтка кафеЗабавна чаша за повкусна голтка кафе
    rnrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Корисни примени на кафето

    Корисни примени на кафето

    Како што веќе дознавме, од кафето имаме многу придобивки на здравствено поле. Но, кафето можеме да го користиме и за многу други намени, кои ќе ни го олеснат секојдневието. Ова се неколку евтини, забавни и ефективни начини како да ги употребите кафето и неговиот талог.rnrnКорисни примени на кафетоrn

    Анти-целулитен третман

    rnОва е одличен и едноставен начин како да се ослободите целулитот, без притоа да потрошите цело богатство. Всушност, не треба да потрошите ни денар, ниту пак свежо кафе, бидејќи за овој третман ќе ви биде потребен само талогот. На местата каде што имате целулит, нанесете топол талог и завиткајте го пределот со најлонска фолија. Оставете ја „маската“ од 15 до 30 минути и потоа отстранете ја фолијата. Постапката спроведувајте ја 2-3 пати неделно и по извесно време резултатите ќе бидат очигледни.rnrnКорисни примени на кафетоrn

    Инсектицид за оси

    rnОсите уживаат во мирисот на ѓубре, овошја и зеленчуци во фаза на скапување и секој друг мирис кој ги асоцира дека во околината можат да пронајдат храна. Но, за некое чудо тие имаат одбивност кон мирисот на кафето. Овој совет навистина треба да се има на ум, доколку овие пролет и лето сакате да уживате на отворено, без да тие да ви попречуваат. Во малечка чинија, сипете мелено кафе, потпалете го и оставете го во вашата близина. Силниот мирис со сигурност ќе ги избрка, а вие ќе уживате во природата околу вас.rnrnКорисни примени на кафетоrn

    Нега за вашата кожа

    rnМеленото кафе е малку абразивно, па можете да го измешате со малку маслиново масло или со мед и со смесата да направите третман, кој ќе ја направи вашата кожа свилено мека. Покрај тоа што пиејќи го, си го креваме нивото на енергија и будност, кафето прави чуда и доколку талогот се нанесе како маска за лице. Сите третмани на кои се трошат големи пари во салоните за убавина се прават на база на кофеин, па зошто да не се искористи овој бенефит и во домашни услови и тоа без пари.rnrnКорисни примени на кафетоrn

    Ги растерува мравките и мачките

    rnМожеби немаат ништо заедничко, но и мачките и мравките никогаш немале проблем да ви направат беља во дворот. За среќа, тие не го поднесуваат кафето, па така најубаво е насекаде да попрскате со кафе за да ги избркате штетниците. Исто така, доколку попрскате во близина на коренот на вашите цвеќиња, ќе ги избркате и полжавите кои ги нагризуваат нивните листови и стебла.rnrnКорисни примени на кафетоrnrnДоколку денеска го испивте вашето кафе, не фрлајте го талогот, ќе се изненадите за колку интересни намени можете да го искористите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот живот

    Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот живот

    Купувањето парфем е тешка работа. Треба да помирисате барем 3-4 додека го изберете вистинскиот, но после вториот, веќе не можете да направите разлика. Кога ќе излезете со намера да си купите нов парфем, понесете си малку кафе во вашата чанта и добро вдишувајте од него помеѓу секој парфем што ќе ви го понудат.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животСакате да ја дознаете тајната на вашата сосетка која има прекрасни цвеќиња во својот двор, но секогаш кога ќе ја прашате во што се состои нејзиниот успех, таа само учтиво ви се насмевнува. Утре, насмевнете и се и вие неа.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животЗемете го талогот од вашето утринско кафе и пропрскајте го земјиштето во коренот на вашите растенија. Ова ќе ги оттргне полжавите од џвакање на вашата градина.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животКако надоврзување на претходното, комбинацијата од кафе и шеќер може да им помогне и на растенијата кои се чуваат во саксија, во домашни услови.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животДоколку ги нахраните вашите цвеќиња со оваа смеса и секако, доколку редовно ги наводнувате, можете да им ја вратите живоста и бојата, откако свенале и пожолтеле за време на зимата.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животМожеби уживате да бидете заглавени во кујната и да подготвувате интересни јадења за домашните и за вашите пријатели. Доколку тие немаат ништо против, не избегнувајте ги кромидот и лукот само заради тоа што подоцна ќе мирисате на нив.rnrnПосле готвењето постапете вака: најпрво потопете ги рацете во топла вода. Потоа, ставете течен сапун на едната рака и врз него ставете сол или подобро, талог од кафе. Тријте ги рацете една од друга една минута, а потоа плакнете ги врз мијалникот од не`рѓосувачки челик. Ако миризбата е сè уште тука, можеби ќе треба да се обидете уште еднаш.rnrnНе мора цел ден да ја носите кујната со вас, ослободете се од неа веднаш по готвењето. Ако го употребите овој трик, ќе забележите дека рацете ќе ви омекнат како кадифе.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животАко пак практикувате да јадете некој од овие зеленчуци, добро размислете како ќе постапите пред да излезете на кафе со пријателите или колегите. Најдобро е да не јадете кромид или лук пред излегување, но ублажување на лошата миризба ќе направите со шолја кафе. Доколку не ви е грозно, земете една лажичка неприготвено кафе и џвакајте го некое време во устата. Други природни отстранувачи на лошата миризба од кромид и лук се магдоносот и лимонот.rnrnСо оглед на шансите, подобро е да не успеете да ги избркате вампирите отколку да ги избркате пријателите :).rnrn

  • Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    После уживањето во шолја ароматично кафе, талогот секогаш оди во корпата за отпадоци бидејќи се смета за неупотреблив. Меѓутоа, неговите алтернативни употреби би ви обезбедиле заштеда на време и пари при вршењето на некои споредни работи за себе или за домот.rn

    1. Одлично решение за чешлање на вашето милениче

    rn

    Можеби звучи чудно,  но талогот од кафето помешан со вода, може да претставува одличен регенератор за расчешлување за вашето домашно милениче. По неколку триења, крзното станува помеко а влакното посјајно и лесно за чешлање. Некои одат дотаму што велат дека, ги отстранува болвите и другите паразити од крзното, меѓутоа ова се уште не е доволно тестирано и докажано.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    2. Дезодоранс за фрижидер

    rn

    Чувањето на различни видови храна во фрижидерот може да доведе до создавање на многу непријатна миризба. Измешаната миризба можете лесно да ја неутрализирате доколку во фрижидерот ставите сад со талог од кафе и неколку капки екстракт од ванила кој потоа ќе ја апсорбира миризбата.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    3. Пилинг за лице

    rn

    Триењето на лице со кафе е смешна но одлична идеја. Кафето го отстранува мртвото ткиво од кожата и го затегнува. Може да ви зачува илјадници денари.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    4. Отстранувач на миризба од чевли

    rn

    Активните луѓе и миризливите нозе обично oдат заедно. Талогот од кафето може да ви помогне да го намалите непријатниот мирис од чевлите или пак доколку сакате навистина да не ви мирисаат нозете тогаш можете редовно да ги миете со вода и екстракт од кафе.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    5. За посјајна коса

    rn

    Секој сака да има блескава и сјајна коса. Некои луѓе фрлаат многу пари само да направат нивната коса да изгледа подобро и да изгледаат посамоуверено. Едноставно и многу поевтино ќе поминете доколку ја протриете косата со талог од кафе, потоа да почекате неколку минути и на крај убаво да ја измиете. Вашата коса ќе го добие посакуваниот холивудски изглед.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    6. Ослободете се од домашните мравки

    rn

    Мравките можат да бидат доста досадни, а што е најтрагично тешко можете да се ослободите од нив. Но за некое чудо, мравките не го сакаат мирисот на кафето, па затоа за да не ви пречат најдете од каде доаѓаат и запрете ги малите штетници.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    7. Боја за сликање

    rn

    Доколку добро ја измешате смесата, кафето може да ви претставува одлична кафеава фарба за сликање на ткаенини или уметнички дела а во комбинација со кна може да претставува одлична боја за тетовирање.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.