КАФЕ ПАУЗА

Tag: свежина

  • Кујнски трик за зачувување на свежината на салатите

    Кујнски трик за зачувување на свежината на салатите

    Зелените салати и останатиот лиснат зеленчук се супер храна за летниот период, но кога станува збор за нив често се соочуваме со проблемот на пребрзо сушење и скапување. За да ѝ го продолжите траењето и да ја задржите комплетната свежина како во моментот кога сте ја купиле, послужете се со овој кујнски трик, кој ќе ви ја спаси салатата, а богами и домашниот буџет.rnrn1-kujnski-trik-za-zachuvuvanje-na-svezhinata-na-salatite-kafepauza.mkrnrnОткако ќе ја купите салатата или сличен лиснат зеленчук, веднаш очистете ја и измијте ја убаво, па ставете ја во чист сад. На самиот врв поставете хартиен бришач и потоа покријте ја со најлонска фолија. Хартијата ќе го впие вишокот влага и листовите ќе останат кревки и свежи. На овој начин можете да го продолжите рокот до една недела.rnrnПритоа имајте предвид дека на салатата ѝ е секогаш потребно барем малку да ја оставите влажна пред да ја складирате во фрижидерот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модни детали што ќе внесат ведрина и во најтмурните денови

    Модни детали што ќе внесат ведрина и во најтмурните денови

    Кога дождливото време е дел од пролетните денови, не очајувајте и пробајте да си го кренете расположението со неколку свежи модни детали. Еве 7 предлози кои ќе ви помогнат да внесете малку ведрина и во најтмурните, дождливи денови.rn

    1. Чевли во свежа боја

    rnМодни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните деновиrnrnНајкласичен начин за внесување на повеќе боја во секојдневниот изглед се чевлите. Црвени, сини, жолти, балетанки или штикли, па дури и металик нијансите, може да бидат вистинско освежување, особено кога облеката што ја носите е во темни и монохроматски тонови.rn

    2. Чанта во јака боја

    rnМодни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните деновиrnrnНосењето на чанта, во јака, впечатлива боја е многу побезбеден начин за постигнување на истиот ефект. Најдобар избор се чантите со едноставни и чисти линии, како плик чантите или пак големите торби.rn

    3. Масивен накит

    rnМодни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните деновиrnrnОгромен хит оваа сезона е повторно масивниот накит, кој е многу впечатлив и уметнички. Особено тренди се гломазните ланци, како и покомплексните парчиња накит инспирирани од aцтеки стилот. Секако, поелегантните и класични варијанти секогаш функционираат.rn

    4. Реси

    rnМодни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните деновиrnrnРесите се враќаат во мода и ги разигруваат чевлите, чантите како и другите делови од гардеробата. Затоа, одберете некоја чанта со ваков моден детаљ и подобрете си го расположението без разлика на времето.rn

    5. Светкав накит

    rnМодни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните деновиrnrnКога надвор е облачно и нема многу природна светлина, ставете некој скапоцен камен, кој позитивно ќе влијае на вас. Доколку не сте во можност да поседувате вистински скапоцени камења, одлучете се за природните, како кварцот и цирконот, кои не се многу скапи, а сепак ќе завршат работа.rn

    6. Интересни прстени

    rnМодни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните деновиrnrnВо изминатиов период особено популарни беа масивните прстени или носењето на повеќе мали различни прстени на целата рака. Овие уникатни трендови сѐ уште важат, па зошто да не си поиграте со боите и стиловите и не уживате во убавото расположение?rn

    7. Марами во најразлични бои

    rnМодни детали што ќе внесат свежина и во најтмурните деновиrnrnДождливото и променливо време во пролет е одлична шанса за разигрување на изгледот со марама во свежа боја. Одберете марама од летен материјал, како лен, памук или свила. Ќе изгледате лежерно, а сепак толку фенси.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастичен трик: Како да им го продолжите свежиот вкус на јагодите?

    Фантастичен трик: Како да им го продолжите свежиот вкус на јагодите?

    Со топлото време ни доаѓаат и вкусните овошни плодови кои ги обожаваме: јагоди, цреши, грозје, па на крај и лубеници и дињи. Ретки се луѓето кои не го сакаат слаткиот вкус на јагодите, но проблем е тоа што тие траат кратко, имаат краток рок и брзо ја губат свежината, па на тој начин ни ја скратуваат можноста да уживаме во нив. Еве како да го зачувате вашето омилено овошје од уништување.rnrnfantastichen-trik-kako-da-im-go-prodolzhite-svezhiot-vkus-na-jagodite-kafepauza.mkrnrnСепак, постои начин да ги спасите јагодите од скапување. За почеток, направете мешавина од јаболков оцет и вода во однос 1:10. Потопете ги јагодите во овој раствор и оставете ги неколку минути. Потоа добро измијте ги, исцедете ги и префрлете ги на чиста кујнска крпа за да се исушат. Потоа ставете ги јагодите во фрижидер. По ваквиот третман, јагодите би требало да останат свежи и до две недели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мејкап-совети за мајки: свеж, неутрален изглед за само 5 минути

    Мејкап-совети за мајки: свеж, неутрален изглед за само 5 минути

    Да се биде мајка е тешка задача. Најчесто мајките немаат доволно време за себе, особено оние кои имаат бебиња, па кога треба да излезат некаде, едвај наоѓаат време да фрлат некое фино парче облека на себе. Во таква ситуација, за шминка многупати не може ни да стане збор, но со овие едноставни чекори, за само 5 минути можете да направите неутрален мејкап и да му дадете свежина на вашето изморено лице.rnrnМејкап-совети за мајки: свеж, неутрален изглед за само 5 минутиrn

    1 чекор: Подлога

    rnНанесете подлога за пудра на целото лице и почекајте пола минута кожата да ја впие. Доколку не користите класична подлога, можете да ја замените со лесна дневна крема за лице.rn

    2 чекор: Коректор

    rnКоректорот за подочници претставува нешто што ѝ е потребно на секоја мајка, посебно на оние кои имаат бебиња. Кога одбирате боја, гледајте таа да биде најслична на вашиот тен. Нанесете по една линија под очите, потоа со домалиот прст полека натапкајте ја во пределот под очите.rn

    3 чекор: Течна пудра

    rnЗа пудрата важи истото правило, гледајте нијансата да биде најслична на бојата на вашата кожа. Ставете по малку на двете раце и размачкајте по цело лице. Водете сметка да не останат линии на рабовите на лицето, тоа делува многу неуредно.rn

    4 чекор: Руменило

    rnЗа да постигнете свеж изглед, изберете руменило со бледо розова боја. Со четка нанесете го на јаготките, но не превисоко. Нанесете иста боја кармин или балсам за усни. Ефектот ќе биде неверојатен.rn

    5 чекор: Маскара

    rnЗа да го комплетирате изгледот, последното што треба да го направите е да ги истакнете трепките со маскара. Купете изразито црна маскара за подобар ефект и во три потези подготвени сте за излегување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 тибетски вежби за подмладување

    5 тибетски вежби за подмладување

    Телото има 7 главни чакри. Основната цел на овие вежби е да ја подобри нивната работа, така што ќе го забрза нивниот ритам. Овие 7 главни чакри се одговорни за работата на нашиот ендокрин систем, а тој е одговорен за нашето здравје и е клучниот дел од процесот на стареењето. Со стимулирање на ендокриниот систем и циркулацијата на животната енергија во вашето тело, овие техники придонесуваат за прекрасен баланс и совршена хармонија на вашата физичка, ментална и емоционална состојба.rnrn5 Тибетски вежби за подмладувањеrnrn5 едноставни техники и 20 минути на ден е сè што ви е потребно за да бидете посвежи, поенергични и да се чувствувате помладо. Погледнете го наредново видео и пробајте да вежбате паралелно со инструкторката. Почувствувате ли некаква разлика?rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разиграниот „бохо“ стил во вашиот дом

    Разиграниот „бохо“ стил во вашиот дом

    Се воодушевувате на модерниот дизајн, но отсекогаш ви изгледал премногу студено? Строгите линии, ладните бои и најновата технологија можеби ќе направат вашиот простор да изгледа современо, но навистина е потребен екстра напор за да биде всушност ваш дом.rnrnДоколку сте слободен дух кој секогаш уживал во малку поопуштена атмосфера, но сепак стилски и вкусно уредена, ентериерите подолу се вистинскиот избор за вас. Разиграниот „бохо“ стил е секогаш добра опција кога сакате да внесете малку боја и свежина во домот. Лесно е да се забележи дека понекогаш само некој детал плус може драстично да го измени ликот на просторијата, па можеби баш тука ќе ја пронајдете онаа идеја која отсекогаш ви недостигаше.rnrnРазиграниот бохо стил во вашиот домРазиграниот бохо стил во вашиот домРазиграниот бохо стил во вашиот домРазиграниот бохо стил во вашиот домРазиграниот бохо стил во вашиот домРазиграниот бохо стил во вашиот дом(1) Разиграниот бохо стил во вашиот домРазиграниот бохо стил во вашиот домРазиграниот бохо стил во вашиот домРазиграниот бохо стил во вашиот домРазиграниот бохо стил во вашиот домrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Маска од кафе и какао за свежо лице

    Маска од кафе и какао за свежо лице

    Можеби не сте знаеле дека кафето ја зацврстува кожата, ги намалува брчките и отеченоста на лицето. Какаото на сувата кожа ѝ дава свежина и ја прави мека, а истовремено ја смирува и иритираната. Кога ќе ги ставите во комбинација кафето и какаото во една маска, со нејзино нанесување на вашето лице ќе ја зголемите и циркулацијата на вашата кожа. Здружени, овие состојки ја хранат и подмладуваат кожата.rnrnМаска од кафе и какао за свежо лицеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 лажички кисело млеко
    • rn011

    • 2 лажички мелено кафе
    • rn011

    • 2 лажички какао во прав
    • rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо едно шолја помешајте ги сите состојки и направете паста, намачкајте ја на лицето и оставете ја половина час да се исуши. Отстранете ја така што прво ќе го навлажните лицето со жешка вода и потоа нежно тријте ја кожата со рака, за маската убаво да отпадне. На крај измијте го лицето со топла вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој е идеалниот дел од денот за туширање?

    Кој е идеалниот дел од денот за туширање?

    Веројатно досега сте знаеле дека секојдневното туширање, освен тоа што ја одржува хигиената на вашето тело, е значајно и за чувството на свежина и елан во текот на денот. Доколку се прашувавте, во кој дел од денот млазот вода над вашето тело ќе направи вистински да се „офрешите“ и енергично да го истерате остатокот од денот, тука ќе го пронајдете одговорот.Кој е идеалниот дел од денот за туширање?rn

    1. Утринско туширање

    rnСекој треба да си го прилагоди својот дневен ритам, зависно од обврските кои ги има во текот на денот. На тој начин, доколку сте личност којa тешко се буди наутро, тогаш би ви било идеално да се туширате веднаш штом ќе станете од кревет. Во комбинација со првото утринско кафе, туширањето ќе ви ја подобри циркулацијата, при што ќе отидете свежи на работа и ќе бидете попродуктивни во текот на целиот ден, бидејќи веднаш ќе го пресечете од корен чувството на поспаност. Доколку сте посмела личност, ви препорачуваме да се туширате со малку постудена вода, бидејќи притоа на вам нема да се забележува ниеден знак на умор.rn
    rn

    2. Туширање пред спиење

    rnНекои луѓе едноставно сакаат да се чувствуваат чисто навечер, пред да легнат да спијат. Доколку сте една од нив, за вас би било совршено капењето непосредно пред спиење. Доколку се туширате со топла вода, ќе ја зголемите веројатноста побрзо и поудобно да потонете во длабок сон.rn
    rn

    3. Попладневно туширање

    rnТрета категорија луѓе се оние кои обожаваат да се тушираат во попладневните часови, кога ќе се вратат дома од работа и ќе почувствуваат умор од работните обврски што ги имале во текот на денот. Во овој период од денот, туширањето е идеален начин да се освежите и да ја вратите енергијата која ви е потребна за да го истерате остатокот од денот.rnrnА да не сте вие едни од оние луѓе кои сакаат да се тушираат повеќе пати во текот на денот? Споделете со нас зошто повеќекратното туширање е дел од вашето секојдневие.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што треба да знаете кога одите на пазар?

    Што треба да знаете кога одите на пазар?

    Ништо не ги најавува годишните времиња како плодовите на пазарските тезги. Изобилство од свежина, бои и вкусови… Имајте ги предвид следните совети кога ќе одите да пазарите:Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    1. Кој рано рани, две среќи граби

    rnСите знаете дека продуките наутро се оние најсвежите. За време на викендите, обидете се да станете порано и да испазарите уште изутрина. Така ќе бидете сигурни дека сте го купиле најсвежото и најквалитетното на пазарот.Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    2. Пробајте пред да купите

    rnСекој продавач треба да биде среќен кога купувачот сака да проба од неговиот производ. Ако тоа не е случај, не купувајте од таа тезга. Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    3. За квалитет/свежина и органски производи се плаќа повисока цена

    rnИмате две опции: да испазарите во блискиот супермарект или да отидете на пазар. Пазарот е подобра опција, затоа што имате поголем и подобар избор на повеќе продукти. Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    4. Не се ценкајте

    rn…или па ако баш морате или сакате, правете го тоа со усул. Невкусно е да барате премногу ниски цени, а да знаете дека добивате квалитет и свежи производи.Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    5. Работата на земјоделецот не е ни малку лесна

    rnОва е уште едно дополнување на правилото погоре. Копање, орање, садење, наводнување… Сето ова бара физичка работа и многу труд. Имајте го тоа предвид кога ќе ги видите цените на продуктите на пазарите. Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    6. Поголемиот дел од продавачите се трговци на мало

    rnТие се оние на кои треба да им се вреднува трудот повеќе. Има и такви кои купуваат на големо и препродаваат. Пазарот треба да постои за земјоделците.Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    7. Купувајте во зависност од сезоната

    rnНема смисла да купувате домати во зима и тикви во лето.Што треба да знаете кога одите на пазар?rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

    Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

    На љубовните врски им е потребна одредена доза возбуда и непредвидливост за да останат и понатаму интересни за партнерите кои се во неа, но честите разновидни активности, се исто така многу важни за одржување на нивната стабилност. Тоа што сте во долга врска, не значи дека љубовното секојдневие треба да ви претставува една досадна рутина. Пронајдете активности кои можете заеднички да ги правите со најбитната личност во вашиот живот, кои не само што ќе го разгорат огнот помеѓу вас двајца, туку ќе ја напреднат вашата врска. Хороскопскиот знак на вашиот партнер може да покаже во какви активности тој/таа најмногу ќе ужива.rnrnАстрологијата и одржувањето свежина во вашата врскаrn

    Воздушни знаци

    rnБлизнаците, вагата и водолијата обожаваат да комуницираат, така што ритуал кој вклучува разговарање, пишување или било што кое се состои од зборови, ќе им биде добредојдено на овие знаци. Тие сакаат постојано да бидат ментално стимулирани, бидејќи во спротивно им станува веднаш здодевно. Затоа, испланирајте некоја активност која ќе му го одржува умот активен на вашиот љубен/а.rnrnИдеи за активности: Соберете се друштво и играјте „брза географија“, „вистина или предизвик“, „каладонт“, „асоцијации“ или некоја друга интересна друштвена игра, како кога бевте тинејџери. Не заборавајте, дека воздушните знаци секогаш ќе останат деца во душа, па токму поради тоа, ваквиот тип забава секогаш ќе им биде интересен. Отидете на театарска претстава, во кино, на промоција на добра книга, посетете изложба…Купете инспиративна проза или поезија, прочитајте ја двајцата и потоа разменете ги вашите импресии и чувства кои ги побудила кај вас.rn

    Огнени знаци

    rnОвенот, лавот и стрелецот сакаат акција и движење и се чувствуваат навистина лошо кога седат и не прават ништо. И покрај тоа што огнените знаци не сакаат да прават една иста работа цело време, ако еднаш неделно резервирате време за некаков тип забава, тоа добро ќе им дојде, сè додека активноста е возбудлива и стимулативна.rnrnИдеи за активности: Скокајте банџи, учете нов јазик, возете се со скутер на вода, качувајте се по карпи, запишете се на часови по танцување кои ви се непознати на двајцата. Барем еден ден од седмицата, закажете состанок, секојпат на различна дестинација. Правете сè што ќе ви го покачи адреналинот и ќе внесе возбуда во вашите животи.rn

    Водни знаци

    rnРакот, скорпијата и рибите имаат потреба постојано да бидат поврзани со партнерот на емотивна основа, па затоа изберете активност која ќе ви даде можност да се поврзете на интимен начин. Тргнувањето на мислите од секојдневието и откривањето и копањето по емоционалната длабочина на својот партнер, им овозможува на водните знаци да се чувствуваат дека вложуваат во нивната врска. Доколку сакате вашиот партнер да се чувствува задоволно, ќе треба да ја развивате вашата имагинација, а артистичките активности ќе ви помогнат да ги отворите очите во таа смисла.rnrnИдеи за активности: Гледајте почесто филмови со вашиот партнер кои имаат голема длабочина и ќе влијаат врз развојот на вашите чувства. Одете заедно на часови по уметност (пеење, свирење инструмент, глума, цртање) каде што ќе можете да го споделите вашето креативно истражување. Споделувајте ги соништата кои ги паметите и оставиле силен впечаток врз вас.rn

    Земјени знаци

    rnБикот, девицата и јарецот се практични знаци и сакаат да видат корисни резултати добиени од нивниот вложен напор. Тие попрво би правеле со вас нешто што е корисно, отколку премногу забавно. Обидете се со некои активности, кои ќе бидат интересни, но истовремено ќе овозможат да постигнете некаква цел.rnrnИдеи за активности: Вклучете се во волонтерска еколошка акција заедно. Заседете цвеќиња во дворот и разубавувајте ја вашата градина. Обојте ги ѕидовите во друга боја и преуредете го мебелот. Бидејќи земјените знаци се познати по трошењето пари и слабоста кон храната, смислете интересен распоред кој ќе морате да го почитувате за да остварите некаква цел. На пример: „Ако редовно ја посетуваме салата за вежбање цело лето, ќе се почестиме со нова облека, која тогаш ќе ни стои многу подобро отколку сега“.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.