КАФЕ ПАУЗА

Tag: светски брендови

  • Логоа на светски брендови како средновековни илустрации

    Логоа на светски брендови како средновековни илустрации

    Една од клучните работи денес за успешен бренд е препознатливото, оригинално лого. Но, што ако брендовите кои ги знаеме денес постоеле пред стотици години? Како би изгледало нивното лого во средновековниот период? Уметникот Ilya Stallone ја користи својата уметност за да нè однесе назад во времето при што одново ги дизајнира логоата на познатите светски брендови во стилот на средновековната уметност.rn

    Тој ја добил инспирацијата по неговата посета на замоците во Белорусија. „Долго време се занимавам со дизајнирање, илустрирање и изработка на логоа, па така во еден момент сфатив дека можам да ги спојам работата која ја сакам и духот на средновековието“, вели Ilya.

    rnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrnЛогоа на светски брендови како средновековни илустрацииrnrnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrnДоколку ви се допаднаа овие необични илустрации, можеби ќе сакате да погледнете и 15 илустрации кои го доловуваат секојдневието на еден вљубен пар.rnrnИзвор: mymodernmet.com

  • Дали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?

    Дали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?

    За некои брендови, боите се исто толку карактеристични и препознатливи како и нивните логоа.rnrnНо, дали знаете зошто познатата компанија Кока-кола ги избрала црвената и белата боја или зошто Фејсбук се одлучил за сината? Следуваат 9 интересни приказни кои ги кријат одговорите на овие прашања.rn

    1. Зошто Кока-кола ги избрала црвената и белата боја?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnВо 1890-тите, компанијата започнала да ги бои бурињата со сокот црвени за даночните агенти да можат полесно да ги распознаваат оние со Кока-кола од оние со алкохол за време на транспортот. Компанијата дури го именувала нивното прво списание „Црвеното буре“ во 1924 година.rn

    2. Зошто Гугл има шарено лого?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnБоите на буквите, како и нивниот распоред, потсетуваат и алудираат на разиграност. Рут Кедар, графичкиот дизајнер кој го изработил логото, вели:rn

    „Се одлучивме за примарните бои, но наместо да имаме редоследна низа на буквите по боја, додадовме и една секундарна боја на буквата ‘Л’, зелената, што нè потсетува на идејата дека Гугл не ги следи правилата.“

    rn

    3. Зошто логото на БМВ е сино и бело?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnПопуларните гласини велат дека логото би требало да претставува пропелерско сечило кое сече низ синото небо. Но, овие гласини се погрешни. Квадрантите ги претставуваат боите на слободната баварска држава.rn

    4. Зошто логото на Фејсбук е сино?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnЗатоа што основачот на позната социјална мрежа, Марк Закерберг, не може да ги гледа и распознава црвената и зелената боја. Тој објаснува:rn

    „Сината боја е најбогатата боја за мене – можам да ги распознавам сите нијанси на сина.“

    rn

    5. Зошто логото на Шел е жолто и црвено?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnКога компанијата за бензин Шел за првпат ја започнала својата дејност во 1915-тата година во Калифорнија, се одлучила за светли бои за да се издвојува од своите конкуренти во индустријата. Биле избрани црвената и жолтата боја, поради силните врски на државата со Шпанија.rn

    6. Зошто компанијата Тифани ја избрала познатата тиркизна боја?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnБојата, која всушност се нарекува „Тифани сина“, била избрана од основачот на компанијата, Чарлс Луис Тифани, како боја која ќе преовладува на првата насловна страница на „Сината книга“ – годишна колекција на накит која за првпат била издадена во 1845-тата година. Од компанијата велат дека бојата, исто така, била избрана поради популарноста на тиркизниот скапоцен камен од 19-тиот век. Каменот бил омилен помеѓу младите невести од викторијанското доба, кои на гостите им подарувале брошови изработени од овој камен во форма на гулаб.rn

    7. Компанијата Старбакс порано имала кафеава боја. Зошто тогаш денес знаеме дека препознатливата боја на компанијата за кафе е зелена?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnИзвршниот директор на Старбакс, Хауард Шулц, отворил свое кафуле за еспресо „Il Giornale“, откако за одреден период ја напуштил компанијата бидејќи не успеал да ги убеди вработените и сопствениците да стават еспресо на менито. Во 1987 година, оригиналните сопственици на Старбакс ја продале компанијата на Шулц, кој го вовел и еспресото во новото мени. Новото лого е комбинација на сирената на Старбакс и зелената боја на неговото поранешно кафуле „Il Giornale“.rn

    8. Зошто бојата на Јаху е виолетова?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnСпоред компанијата Фаст, соосновачот на Јаху – Дејвид Фило, во 1995-тата година отишол да купи боја за да ги пребои ѕидовите на нивната канцеларија. Има две различни страни на приказната. Првата е дека Фило забележал мала продавница во непосредна близина која имала големи количини евтина виолетова боја. Другата страна на приказната вели дека Фило мислел дека бојата е сива, но поради силното флуоресцентно светло во канцеларијата, бојата изгледала виолетова.rn

    9. Зошто логото на Ленд Ровер е зелено?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnЛегендата вели дека во периодот на првите трки со автомобили во Европа, британските автомобили биле зелени, а италијанските црвени. Но, брендот никогаш не се натпреварувал во ваквите трки. Портпаролката на Ленд Ровер вели дека зелената боја на возилото била избрана бидејќи таков бил оригиналниот план кога се дизајнирало логото. Оригиналното лого, пак, било светло зелено со црвени букви, потоа светло жолто-зелено, а потоа темно жолто-зелено.