КАФЕ ПАУЗА

Tag: свет

  • 20 работи кои дефинитивно не ги научивме во училиште

    20 работи кои дефинитивно не ги научивме во училиште

    Светот е едно фантастично место за живеење во кое има многу работи кои може да се научат надвор од четирите ѕида во училницата. Но, покрај сè, постојат моменти кога едноставно учебникот е неизоставен дел. Сепак, овие 20 интересни работи никогаш не сме ги научиле во училиште.rnrn1-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rn

    1. Како работи снимањето на зелена позадина

    rn2-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rn

    2. Како се прават сендвичи од сладолед

    rn3-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rn

    3. Како работи машината за перење со горно полнење

    rn4-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rn

    4. Како работи патентот

    rn5-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rn

    5. Како изгледа кога пиете течности

    rn6-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rn

    6. Како се прават корнетите за сладолед

    rn7-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rn

    7. Како Мајкл Џексон ѝ пркосеше на гравитацијата

    rn7-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rn

    8. Како осцилираат вентилаторите

    rn8-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rn

    9. Како клучот ја отвора бравата

    rn9-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rn

    10. Како „патува“ wi-fi сигналот низ вашиот дом

    rn10-20-raboti-koi-definitivno-ne-gi-nauchivme-vo-uchilishte-www.kafepauza.mk_rnrn

  • Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без пари

    Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без пари

    Секојдневно имаме можност да видиме статии за луѓе кои оставиле сè зад себе со цел да го остварат својот сон и да патуваат ширум светот. Но, овој пат нештата се малку поразлични. Шанел Картел и Стиво Диринбергер, како и многу луѓе пред и по нив, одлучиле да ја напуштат својата стабилна работа и тргнат кон незаборавна авантура. Нивното патување можете да го следите на блогот „How Far From Home“, каде што има неверојати фотографии од прекрасни локации ширум светот.rnrn(1) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без париrnrnНа прв поглед, тие делуваат како да го живеат сонот. Но, неодамна решиле да ја откријат и другата страна на приказната за која не читаме често. Шанел открила дека таа и Стиво морале да чистат тоалети со цел да соберат пари бидејќи нивната заштеда пресушила и тие останале шворц.rn

    „Поминувајќи низ нашите објави на блогот и на Инстаграм, може да се добие впечаток дека лудо се забавуваме. Немојте да нè сфатите погрешно, ние навистина се забавуваме. Фантастично ни е. Но, не е сè сладолед и неверојатни пејзажи.“

    rn(2) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без париrnrnТие на откриле дека понекогаш биле приморани да работат и нечисти и напорни работи.rn

    „Мислам дека досега имаме исчистено 135 нечисти тоалети, имаме фрлено 250 килограми кравји измет, префрлено 2 тони камења, поставено 60 метри цемент, наместено 57 кревети, а не можам ни да избројам колку чаши имаме измиено. Од удобен и пријатен живот во Јоханесбург, ние сега чистиме тоалети.“

    rn(3) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без париrnrnТие велат дека и покрај тоа што напорно ги заработуваат парите, понекогаш не можат да си го дозволат дури ни најосновното.rn

    „Неодамна посетивме пријатели во Норвешка, па сакавме да им купиме пиво и бонбони, но можевме да си дозволиме само конец за заби. Нашиот буџет ни е многу ограничен и затоа мора да бидеме креативни со цел да ги надминеме нашите проблеми (а понекогаш и благиот напад на плач).“

    rn(4) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без париrnrnТие објаснуваат и дека овој начин на живот почнал да им влијае врз нивното здравје.rn

    „Не сум во најдобра физичка и здравствена состојба. Поголемиот дел од денот јадеме крекери и спиеме околу 5 часа, а често до доцна во ноќта ги влечеме нашите тешки торби барајќи сместување (бидејќи парите за превоз не ни се вклучени во буџетот).“

    rn(5) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без париrnrnНо, и покрај сè тие тврдат дека оваа авантура се исплати, бидејќи инаку не би можеле да го искусат она низ кое поминале.rn

    „Ова е рај за нас. Да, понекогаш треба да се постават дрвја за огрев и да се изнесе ѓубрето, но откако ќе завршиме со тоа, ние сме слободни да правиме сè што сакаме, да лутаме и да бидеме насамо со своите мисли.“

    rn(6) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без париrnrnЗа крај, тие и многу научиле од ова нивно искуство…rn

    „Не постои ништо што може да ве научи на понизност и колку е важно да се живее секој ден како да ви е последен од замената на работата од која заработувате многу пари со работа која вклучува чистење тоалет.“

  • 10 разнобојни места во светот: Ваква убавина заслужува да се види со голо око

    10 разнобојни места во светот: Ваква убавина заслужува да се види со голо око

    Ако сте љубители на убави локации (а кој не е?), тогаш мора да ги погледнете овие неверојатни места кои изобилуваат со бои. Кога ќе ги погледнете сигурно ќе добиете сомнеж дека се направени со помош на Фотошоп, но би погрешиле. Овие неверојатни места се вистински и далеку поубави кога ги гледате со голо око отколку онака како што се прикажани на фотографиите.rnrn

    10 разнобојни места во светот
    Националниот парк Долина на цвеќињата, Индија
    rnrnРаспространети низ целиот свет, од Колумбија па сè до Австралија, некои би ги опишале овие места како рај на земјата, и би биле целосно во право.rnrnПогледнете ги овие неверојатни фотографии и уживајте во убавината богата со бои.rnrn

  • Ова е првото кафуле во светот

    Ова е првото кафуле во светот

    Денеска кафето е задоволство кое го практикуваме како рутинска навика. Неминовно е нашата кафе пауза да ја искористиме релаксирајќи се во некое кафуле, а пак првото нешто што ќе го направиме во посета на некоја нова држава е да ја почувствуваме атмосферата на кафулињата таму. Денес тој толку вообичаен процес некогаш бил недозволен и забрануван.rnrn1-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    Знаете ли кое е и кога е отворено првото кафуле во светот?

    rnКафето служело во медицината на Истокот. Најверојатно пристигнало од Етиопија и Јемен до Блискиот Исток, па потоа и по брегот на Северна Африка.rnrnПрвото кафуле било отворено во Константинопол во 1555 година на денешната улица во Истанбул – Тахтакале. Кафулето се викало Кива Хан.rnrnИма повеќе приказни кои се врзуваат за ова кафуле и за неговото потекло. Прво дека Шамс од Дамск и Хакам од Алепо се иноваторите на кафулето.rnrnДруга е грчката приказна во која велат дека Грци биле луѓето кои го отвориле ова кафуле уште во 1475 година, на што Турците возвраќаат дека кафето за првпат е донесено во 1517 година за време на владеењето на султанот Селим I по освојувањето на Египет.rnrnТрета приказна вели дека Отоманскиот управник во Јемен, Оздемир Паша, донел зрна кафе кога бил повикан во Константинопол каде што тој го запознал Султанот Сулејман со овој необичен пијалак. Најверојатно Оздемир знаел многу претходно за кафето затоа што пред да стане управител во Јемен живеел во Каиро, а потоа ги освоил Судан и Етиопија. По оваа средба во палатата веднаш бил вработен човек кој бил задолжен да прави кафе за султанот.rnrn2-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnПодоцна кафето во Турција било забрането и сите вреќи со кафе биле истурени во морето затоа што се сметало дека тоа е иновација која ја стимулира човековата природа. Но, ваквите забрани биле игнорирани од страна на кафулето Кива Хан, па тоа сепак продолжило да работи.rn

    Што се правело во кафулето?

    rnНајчесто тоа било место каде се собирале мажи кои покрај тоа што пиеле кафе, читале и пишувале поезија, слушале музика, воделе дискусии за културниот живот, играле шах. Вообичаено се собирала голема група мажи, околу 20-30 луѓе кои споделувале мисли и искуства со чаша кафе. Во кафулето доаѓале и високи функционери кои сакале да се релаксираат.rnrn3-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnКафулето многу пати било затворано, но подоцна почнало да функционира без дозвола, менувајќи ја локацијата во некои слепи улички далеку од очите на власта, каде всушност се ослободило од плаќање данок. По многуте обиди да се затвори кафулето, сепак властите попуштиле и тоа продолжило со работа.rnrnПо речиси еден век биле отворени и првите кафулиња во Европа. Со воените освојувања од страна на Отоманската империја во Европа, оставени се голем број вреќи со кафе, па така почнал да се шири овој тренд и биле отворени кафулиња во Виена, Венеција, Париз, Мадрид, Хамбург и Лондон.rnrn4-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо Турција кафулето се сметало како место за состанок на мажите кои разговарале за културниот социјален живот.rnrn5-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо Англија за одржување форуми чија тема била политичкиот живот. Кафето имало цена од 1 пени.rnrn6-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо Германија кафулето имало погрдно значење со кое се опишувало женското озборување. Но, оттогаш ваквите места служат за попуштени разговори.rnrn7-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mk7

  • Девојки, следете ги овие правила и ќе владеете со светот!

    Девојки, следете ги овие правила и ќе владеете со светот!

    За да владеете со светот, најпрво треба да бидете свој газда, фигуративно. Тогаш имате самодоверба, свој став и не ви е грижа што другите мислат за вас или пак за она што го правите. Звучи добро, нели? Вие сè уште имате супер карактер и сте милосрдни, само што не ги земате работите за сериозни од луѓето кои не ви значат ништо. Кога ќе одлучите да бидете свој газда, ќе се чувствувате посилно и посреќно од претходно. Следете ги овие правила и започнете да владеете со светот!rnrn1-devojki-sledete-gi-ovie-pravila-i-kje-vladeete-so-svetot-www.kafepauza.mk_rnrn1. Прифатете ги вашите недостатоци. Едноставно не ви е грижа како ви стои облеката или пак дали вашата фризура е во тренд. Го правите она што го сакате. Не се криете од светот. Застанувате пред сите и гордо ги прифаќате своите надворешни и внатрешни недостатоци.rnrn2. Избришете ги песимистите од вашиот живот. Што ги прави газдите толку многу силни? Тие сè опкружени со луѓе на кои им е грижа за нив и обратно, но тие немаат проблем да им кажат на песимистите да излезат од нивниот живот. Без целата таа негативност во нивниот живот, тие имаат поголема самодоверба и можат да прават што сакаат.rnrn3. Правете го она што ве прави среќни. Уморни сте од извршувањето на напорната работа или пак од однесувањето како добра девојка? Пронајдете го она што ве прави среќни. Направете сè што ќе го промени вашиот секојдневен живот и започнете да ги правите оние работи што ве прават среќни. На крај, вие самите сте одговорни за вашата среќа во вашиот живот.rnrn4. Импресионирајте сè себеси. Престанете да ги импресионирате луѓето кои не се важни. Што тие направиле за вас? Нивното мислење не е важно. Единствениот кој треба да го импресионирате и да го цените неговото мислење сте токму вие.rnrn5. Фокусирајте сè на сопствените цели. Дали ги одложувате своите соништа? Зошто? Ослободете сè од она што ви го одвлекува вниманието и посветете се на нив. Вашето семејство и пријателите ќе ве разберат. Земете време за себе и работете на постигнување на вашите цели. Вие го заслужувате тоа и не дозволувајте некој друг да ви го кажува спротивното.rnrn2-devojki-sledete-gi-ovie-pravila-i-kje-vladeete-so-svetot-www.kafepauza.mk_rnrn6. Не сè извинувајте. Вие сте шеф и вие не се извинувате. Исклучок е само доколку сте направиле нешто навистина лошо, во останатите случаи заборавете на извинувањето. На никого не му е грижа за тоа, а со тек на време другите ќе научат да живеат со тоа. Грешките се вредни искуства, па затоа не треба да се извинувате за нив.rnrn7. Застанете зад оние кои ги сакате. Вие не сте тотално себични. Вие само не губите време на некого кој не ви е важен. Вистинските газди застануваат зад оние кои навистина ги сакат. Бидете силни и задржете ги вашите најблиски околу себе.rnrn8. Бидете самоуверени. Мислите дека што и да кажете или направите, вие им дозволувате на другите да ве притиснат кон дното или да ве истуркаат настрана. Но, не повеќе. Почнувате од сега, вие станувате посамоуверени. Отворено кажувате сè што мислите. Можеби тие ќе ве навредат, но вие само им се заблагодарувате и продолжувате. Не дозволувајте некој повторно да ве омаловажува.rnrn9. Покажете став. Дали некогаш сте забележале како оди сопствениот газда? Тие стојат исправено и влегуваат во просторијата како да е во нивна сопственост. Тие имаат стил и го покажуваат. Секогаш кога влегувате бидете полни со самодоверба. Глумете како навистина сето тоа да е ваше. Однесувајте се како вистински газда и сите ќе го забележат тоа.rnrn3-devojki-sledete-gi-ovie-pravila-i-kje-vladeete-so-svetot-www.kafepauza.mk_rnrn10. Прифатете го она што сте во моментот. Знаете дека можете да се смените. Но, исто така знаете дека треба да прифатите што навистина сте. Можеби нема да сте среќни во тој момент, но прифатете го тоа. Тогаш започнувате да работите на тоа за да сè промените и да бидете повторно среќни. Прифатете се, сменете го она што можете да го смените и продолжете. Едноставно е!rnrn11. Дефинирајте сè себеси врз основа на вас самите. Луѓето сè љубоморни бидејќи вам не ви треба никој друг освен вие за да се дефинирате како личност. Тоа е точно. Вие не се дефинирате по статусот на вашата врска или пак по бројот на вашите пријатели. Не ви треба дечко или пак илјадници пријатели и социјални мрежи за да станете подобра личност. Поминете некое време сами и научете кои сте вие навистина.rnrn12. Бидете директни. Може ќе ве сметаат за дрски поради тоа, но сфатете го тоа како комплимент и како знак дека сте навистина свои газди. Животот е краток за да бидете постојано суптилни. Кажете го она што навистина го мислите. Не мора да бидете злобни, само прескокнете го заобиколувањето и кажете го тоа директно. Ако сакате да ја завршите врската бидете искрени со него, кажете му ја причината и завршете. Можеби звучи грубо, но „омекнувањето“ на работите и вртењето од страна нема да ви помогне и ќе биде само губење на време.rnrn13. Држете сè до вашите стандарди. Ако сакате да бидете свои газди, тогаш поставете си сопствени стандарди. Определете се што навистина сакате и држете се до тоа. Така ќе бидете сигурни дека го добивате она што го заслужувате и ништо помалку.

  • Надреални светови кои ќе ви го одвлечат вниманието од секојдневието

    Надреални светови кои ќе ви го одвлечат вниманието од секојдневието

    Овој сликар од Литванија, Модестас Малиноскес, црта неверојатни надреални светови со бродови кои лебдат во воздухот и магични балони кои летаат високо над земјата. Во неговите светови живеат и луѓе, но и големи риби, мостови, магични градби и јаболка од рајот. Неговата работа е исполнета со романса и радоста на животот.rnrn(1) Надреални светови кои ќе ви го одвлечат вниманието од секојдневиетоrnrnКога станува збор за имагинарни светови, изгледа дека овој сликар го познава многу добро просторот на фантазијата, а тоа може да се забележи и преку фактот што сите мотиви и теми на неговите слики се поврзани во една прекрасна приказна. Таа сè уште не е завршена, но вие веќе можете да откриете што тој се обидува да ни каже. Погледнете…rnrn(2) Надреални светови кои ќе ви го одвлечат вниманието од секојдневиетоrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пар од Тахити: Се заљубивме еден во друг и започнавме да патуваме низ светот

    Пар од Тахити: Се заљубивме еден во друг и започнавме да патуваме низ светот

    На овој начин една девојка ја одбележала годишнината од врската со нејзиното момче. Разгледајте ја авантуристичката љубовна врска на Шарлот и Џесон преку егзотичните фотографии кои тие ги прават на местата кои заедно ги посетуваат.rnrn

    1-Par-od-Taiti-Se-zaljubivme-eden-vo-drug-i-zapochnavme-da-patuvame-niz-svetot-kafepauza.mk
    Бора Бора
    rn

    „Се запознавме во април, се заљубивме ден во друг и почнавме да патуваме заедно низ светот. Тој е горд татко на мало човече, а јас среќна мајка на кученце. Тој е атлетичар во повеќе спортови, јас сум студентка. Отсекогаш живееме на островот. Се решивме заедно да го шетаме светот. Ова е нашата љубовна приказна низ фотографии.“

    rn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемата причина за појава на депресија ширум целиот свет

    Најголемата причина за појава на депресија ширум целиот свет

    Според една група истражувачи од неколку различни држави во светот, луѓето кои страдале од злоупотреба за време на нивното детство имаат поголеми шанси да бидат дијагностицирани со клиничка депресија отколку оние кои имаат генетска предиспозиција за оваа состојба.rnrnНајголемата причина за појава на депресија ширум целиот светrnrnЗа време на 3-годишниот експеримент, научниците анализирале пациенти од 41 различна здравствена установа во 7 различни шпански провинции. Тие биле на возраст од 18 до 75 години.rnrnОна што го откриле преку генетско тестирање било неверојатно. Учесниците кои покажувале ограничена функција на гените поврзани со протеинот BDFN (невротрофичен мозочен фактор) и со пренесувањето на серотонинот, биле многу посензитивни во однос на штетните ефекти од злоупотребата во детството – без разлика дали била психолошка, физичка или сексуална. Со други зборови, овој конкретен недостаток на активност во генот кој е измешан со насилна историја може да резултира со зголемен ризик од развивање депресија.rnrnБланка Гутиерез, професор во одделот за психијатрија на Универзитетот во Гранада и водечкиот координатор на оваа студија вели дека овие пронајдоци се клучни во однос на третманот.rn

    „Тоа е важен резултат кој ни укажува на тројната генетска поврзаност, што има многу поголема важност доколку се земе предвид дека реакциите на антидепресивите се чини се фундаментално условени од протеините кодифицирани од страна на двата гени кои ги проучувавме.“

    rnНово слично истражување покажало и дека 8% од жителите на Америка доживуваат умерена до сериозна депресија, а само третина од нив бараат помош од експерт за ментално здравје. Националниот центар за статистика открил дека депресијата е почеста кај жените на возраст од 40 до 59 години.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пролетта пристигна: Неверојатни фотографии од црешови цутови ширум светот

    Пролетта пристигна: Неверојатни фотографии од црешови цутови ширум светот

    На северната хемисфера природата добива неверојатно розова боја, а со тоа и го најавува пристигнувањето на пролетта. Почна сезоната на расцветаните црешови дрвја кои ѝ даваат сосема нова димензија на надворешната атмосфера. Погледнете ги овие неверојатни фотографии од црешови цутови направени од страна на корисниците на „500px“ кои ќе ви ја исполнат душата со позитивна и пролетна енергија.rnrn(1) Пролетта пристигна: Неверојатни фотографии од црешови цутови ширум светотrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Порив за патување: Кога секаде по малку ви е дома

    Порив за патување: Кога секаде по малку ви е дома

    Луѓето кои имаат порив за постојано патување не можат да седат само на едно место. Тие имаат потреба постојано да бидат во движење и избегнуваат да се скрасат. За некои тоа трае само додека се млади и сакаат со голема љубопитност да го истражуваат светот, а за други тоа трае цел живот. Овие луѓе обожаваат да се селат од еден во друг град или држава заради училиштето или работата, но и кога тоа не се случува тие се обидуваат да најдат малку слободно време и да одат на кое било место кое нема да им изгледа познато и кое ќе можат да го истражуваат како мали дечиња кои прв пат љубопитно се соочуваат со некоја нова мистерија на животот. За тоа треба да се направат одредени жртви, пред сè да го напуштат домот и да бараат комфор надвор од зоната на комфорот. Затоа тие можат да нè научат нешто во врска со тоа каде е домот: дали тој е каде што е срцето, каде што се враќаме или од каде што потекнуваме.rnrnПорив за патување: Кога секаде по малку ви е домаrn

    Домот е таму каде што е срцето, но тие имаат оставено дел од срцето на многу места

    rnТие не се луѓе кои мислат дека престојот од два дена на едно место може да им даде претстава за тоа место. За разлика од луѓето кои ангажираат туристички агенции за да им го покажат накратко само она кое е „најважно“ за едно место, овие патници преферираат да останат подолго време и да го почувствуваат градот, неговиот пулс и динамика, да ги запознаат луѓето и да добијат суптилен впечаток од тоа место. Кога треба да заминат чувствуваат дека губат дел од себе со напуштањето на тој град, но сепак желбата за движење е многу поголема и знаат дека можат да најдат нов дом каде било под ова небо.rnrnПорив за патување: Кога секаде по малку ви е домаrn

    Домот е местото каде што се враќате, но тие сакаат постојано да се движат, а не да се враќаат на едно исто место

    rnТие како постојано да го бараат својот дом. Како да не се чувствуваат комфорно во својата комфорна зона, туку во непознатото кое ја задоволува нивната неисцрпна љубопитност и желба да учат за светот. Овие луѓе се ученици на светот кои мораат постојано да ги менуваат училниците. Својот дом го наоѓаат во движењето од едно на друго место. Тие почувствувале и знаат колку е убаво да се припаѓа на една заедница, но знаат и дека нивната заедница не може да биде ограничена со политички граници и етничка припадност.rnrnПорив за патување: Кога секаде по малку ви е домаrn

    Домот е местото од каде што потекнуваш, но тие се граѓани на светот

    rnСекоја личност домот си го сфаќа на различен начин. Кога некој ќе нè праша од каде сме, ние кажуваме каде сме пораснале или каде живееме во последните години. А што би требало да речат овие номади кои не можат да седат на едно место? За нив домот е нешто поинакво. Ако домот е местото од каде што доаѓаме, односно местото кое ни е најдобро познато, но што се случува кога цел свет ќе ни стане познат? Што ако сакаме да живееме на повеќе места истовремено? Патувањето прави тие да го гледаат целиот свет како една целина од различни и прекрасни луѓе и затоа тие им припаѓаат на сите нив. Се плашиме од луѓето кои не ги познаваме, но тие ги познаваат повеќето култури и затоа ги сакаат. Луѓето со порив за патување сфаќаат дека сите доаѓаме од истиот свет и затоа цел свет ни е дом.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.