КАФЕ ПАУЗА

Tag: свет

  • 7 позитивни и реалистични начини да се соочите со хорорите во светот

    7 позитивни и реалистични начини да се соочите со хорорите во светот

    Живееме во свет каде што тероризмот и масовните убиства се секојдневие. И колку повеќе слушате и читате за нив, толку посилна ви станува желбата едноставно да избегате од сè. Но, истовремено се прашувате и дали воопшто постои можност за ваков вид бегство. Ако самиот свет е во неволја, тогаш нема место кое е имуно на овие проблеми. Па, како да се соочите со тоа што се случува, додека истовремено останете реалистични, позитивни и со надеж за човештвото?rnrn7 позитивни и реалистични начини да се соочите со хорорите во светотrn

    1. Запомнете, не сте сами

    rnЗастрашувачката задача на соочување со свет кој изгледа како да се распаѓа не е нешто низ што треба да поминувате сами. Побарајте други кои се чувствуваат на истиот овој начин и наместо да се жалите или очајувате, работете заедно за да се смирите малку и утешите.rn

    2. Потсетете се дека не сте жртва

    rnЖртва е онаа личност која страда како резултат на настани кои се случуваат надвор од нејзината контрола. Според оваа дефиниција, вие можете да кажете дека сте жртви на она што се случува во светот. Но, ако ја промените перспективата за начинот на кој го дефинирате „светот“ и наместо целата планета, да намалите само на локалното општество, тогаш можете да создадете поразумни очекувања.rn

    3. Информирајте се за проблемите

    rnОбидете се да се информирате за светските проблеми (од сите гледни точки), како и за решенијата со кои во минатото се обидувале да се решат. Научете што успеало, а што не, откријте зошто настанале грешките и што би можело да се направи поинаку за да се воведат позитивни промени. Којзнае, можеби токму вие ќе наидете на идеја која ќе го смени целиот свет.rn

    4. Сфатете дека имате моќ

    rnОткако ќе сфатите дека не сте немоќни, во вас ќе ви се појави обновена сила и оптимизам. Препознајте ја оваа моќ која како индивидуална личност ја поседувате, и начинот на кој таа се зголемува доколку сте дел од група, па најдете креативни начини да ја искористите за општото добро. Но, внимавајте да не ве преплави моќта, бидејќи ниту една група, а уште помалку еден човек, не може да смени сè.rn

    5. Фокусирајте ја вашата енергија

    rnВашите способности се ограничени, па токму затоа и мудро насочете го вниманието и енергијата на оние задачи кои можат да бидат завршени. Засега, тргнете ги настрана невозможните. Чекорете полека, од полесните кон потешките, и брзо ќе се движите нагоре.rn

    6. Покажете емпатија кон другите

    rnКако што учиме за проблемите во светот, така почнуваме да сфаќаме и дека многу од нив настануваат поради луѓе кои не се разбираат меѓусебно. Ние имаме тенденција да го гледаме светот од наша перспектива и да ја потврдуваме нашата историја, без притоа да ги признаеме оние со кои би можеле да не се согласуваме, не сфаќајќи дека и тие функционираат на истиот начин како и ние. Бидете отворени и чујте го нивното мислење. Којзнае, можеби ќе откриете сосема нова перспектива кон светот.

  • Хуманоста на Мајка Тереза: Вистинската глад во светот не владее помеѓу сиромашните

    Хуманоста на Мајка Тереза: Вистинската глад во светот не владее помеѓу сиромашните

    Која е дефиницијата за зборот сиромаштија? Дали станува збор само за недостаток на материјални вредности, или, пак, недостаток на нешто многу повредно и посуштинско? Вистински сиромашните се оние кои се духовно сиромашни, во срцето. Тие најмногу патат. Оние кои се материјално сиромашни не патат толку. Според едно истражување, 90% од самоубиствата не се извршени од страна на сиромашните, туку од страна на богатите кои имаат сѐ, но се толку фрустрирани што не можат да се соочат со животот.rnrnХуманоста на Мајка Тереза: Вистинската глад во светот не владее помеѓу сиромашнитеrnrnВистина е дека на нашите тела им треба храна, но и на нашиот ум и душа исто така им е потребна соодветна храна. Знаењето добиено од книгите и образованието ќе го нахрани нашиот ум и тоа не треба да го спречуваме. Но, зошто упорно ја изгладнуваме нашата душа?rnrnПрочитајте ги следниве зборови на Мајка Тереза, најголемата хуманитарка, која целиот нејзин живот го посветила да им помогне на сиромашните, и целосно ќе го промените вашето мислење…rn

    „Вистинската глад во светот не владее помеѓу сиромашните, туку помеѓу богатите. Секој може да даде парче леб на гладен човек и да му го наполни стомакот. Но, луѓето на овој свет се осамени, незадоволни, нивните животи се празни, а срцата им гладуваат. Богатите луѓе честопати се во полоша ситуација од сиромашните во смисла на духовност, самотија и глад во срцето. За да ги нахраниме, мораме да им дадеме љубов. Моментално, тоа е најголемата потреба во светот.“

    rnТочно е тоа дека на сиромашните треба да им се даде храна, облека и засолниште, но ним им треба и чувство на достоинство, значење и смисла. Им треба среќа, задоволство и љубов, а тоа се стекнува преку психичкиот и духовниот напредок. Кои луѓе вистински и искрено се обидуваат да им помогнат на сиромашните? Оние кои се сакаат себеси, го сакаат светот и сите живи суштество како да се нивни браќа и сестри. Тие можат да им ја дадат на луѓето помошта којашто вистински им треба.

  • Никогаш не се извинувајте поради тоа што се грижите премногу

    Никогаш не се извинувајте поради тоа што се грижите премногу

    Нашата генерација има сосема погрешно сфаќање за рамнодушноста. Никој не сака да биде тој што се грижи премногу, па затоа сите се однесуваме како да не ни е гајле за ништо. Не му дозволувајте на општеството да ве натера да поверувате дека искреноста е слабост. Престанете да ги гушите вашите желби и директно кажувајте што сакате. Страста е потценета. Луѓето ќе се обидат да ве убедат дека сѐ се врти околу вечната потрага по нешто, но тие грешат. Невозможно е да уживате во што било во животот ако од вас се очекува да им пристапувате на нештата од далеку.rnrnНикогаш не се извинувајте поради тоа што се грижите премногуrn

    Самите сте одговорни за вашата среќа, затоа откријте што ве прави среќни

    rnЧувајте ги нештата што ги сакате и цврсто држете се за нив, без никакво извинување! Во ред е да покажете интерес за некого. Во ред е да бидете оние што се грижат премногу. Не им обрнувајте внимание на луѓето кои се плашат од вашите чувства. Тие можеби сакаат да играат игри со нивното срце, но вие не морате. Посветете му време на некој кој ќе ја прифати вашата ранливост. Чувајте го оној кој не се плаши да ги признае неговите чувства кон вас.rnrnПродолжете да им го покажувате срцето на луѓето, без разлика колку пати ќе ве растргне тоа на парчиња, бидејќи ако еднаш почнете да криете кои сте, ќе ја изгубите вашата вредност. Личноста со која ќе го поминете вашиот живот ќе се заљуби во вашето срце, а не во вашата сенка. Секој кој ќе побегне од вас во моментот кога работите ќе станат сериозни, ви прави услуга.rn

    Треба да си направите услуга со тоа што ќе ги пуштите да си одат и ќе продолжите понатаму

    rnВие одлучувате дали ќе ги прифатите живите бои на светот или ќе го живеете вашиот живот во сиви нијанси. Еднаш се живее и должни сте да живеете храбро. Кога ќе почувствувате нешто, чувствувајте длабоко, од длабочините на вашето срце, па сѐ до прстите на вашите нозе. Кога луѓето ќе ви кажат да не се надевате премногу, одговорете им дека свет без надеж е свет без светлина. Кога ќе ве обесхрабрат и ќе ве наведат да не го искажувате вашето мислење, зборувајте уште погласно. Бунтувајте се против очекувањата на општеството и покажете му на светот колку се грижите!

  • Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

    Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

    На 25-годишна возраст, Гарет Ги без сомнение го живее животот од соништата. Откако развил апликација која подоцна сопствениците на Снепчет ја купиле за неверојатни 54 милиони долари, тој решил да тргне на неверојатна авантура. Гарет го продал поголемиот дел од нештата кои ги поседувал и веќе 9 месеци патува ширум светот, заедно со својата сопруга и двете дечиња.rnrn(1) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светотrnrnИнтересно е што тој сè уште не ги ни допрел парите кој ги заработил од договорот со Снепчет. Всушност, тој вели дека и други професионалци би можеле малку да уживаат во својот живот така што ќе се ослободат од нештата кои не им се потребни и ќе ги вложат парите од нив во фонд за патување.rnrn(2) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светотrn

    „Почнете да продавате дел од вашите работи и тргнете на мини одмор“, вели тој. „И ако ви се допадне тоа, продадете повеќе нешта и тргнете на друг одмор. Обидете се!“

    rn(6) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светотrnrnАвантурите на Гарет започнале пред година дена, додека тој и неговото семејство живееле во Силициумската долина. Откако тој ја продал својата апликација, голем број инвеститори чекале да се впушти во друг бизнис, нудејќи му можност да ја спонзорираат неговата работа, но тој ги одбил и одбрал на патува и поминува повеќе време со неговото семејство.rnrn(3) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светотrnrnДенес, тој е на траен одмор. Тие продале скоро сè што имаат за 50.000 долари – сума доволна за да прошетаат околу светот. Подоцна почнале и блог наречен „The Bucket List Family“ кој им овозможува доволно поддршка за нивното патување. Исто така, Гарет развива и нова апликација додека патува.rnrn(4) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светотrn

    „Сакав да го дизајнирам мојот живот, па создадов кариера од тоа“, вели тој.

    rn(5) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светотrnrnСè што во моментов ова семејство поседува може да се собере во 2 ранци и куфер. Ако нè прашувате нас, тоа е сосема доволно за нивните авантури ширум светот.rnrn(7) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

  • Илустрации кои го покажуваат апсурдот на модерниот свет

    Илустрации кои го покажуваат апсурдот на модерниот свет

    Марко Мелграти е илустратор од Италија кој поминал многу време во набљудување на модерниот свет: Светот на технологијата, виртуелната реалност и стереотипите наметнати од медиумите. Еден ден тој решил да го претстави апсурдот на секојдневниот живот.rnrn

    А би можело да се роди љубов!
    А би можело да се роди љубов!
    rnrnОвие илустрации ќе ви помогнат да го погледнете животот од друга перспектива. Можеби дури и ќе ве инспирираат да направите нешто за кое сте сонувале веќе подолго време.rnrn

  • Оваа кокошка тргнала на пат околу светот со својот човечки пријател

    Оваа кокошка тргнала на пат околу светот со својот човечки пријател

    24-годишниот Гјурек Суде од Франција, решил да тргне на пат околу светот со својот брод и со цел да има постојан извор за храна, решил да ја понесе со себе својата кокошка која се вика Моник. Но, многу брзо таа покажала дека е многу повеќе од мини фарма за јајца – таа станала неговиот најдобар сопатник кој некогаш го имал. Не само што несе околу 6 јајца неделно, таа редовно сурфа и плива, лови риби кои слетуваат на палубата, па дури и вози скирол заедно со својот човечки пријател. Погледнете го ова интересно и необично пријателство кое го привлече вниманието на целиот свет!rnrnrnrn

  • Хонгконг низ објективот на исклучително талентиран фотограф

    Хонгконг низ објективот на исклучително талентиран фотограф

    Енди Јеунг е неверојатно талентиран фотограф кој обожава да фотографира пејзажи, архитектура и различни моменти во текот на неговите многубројни патувања. Верувајќи дека фотографијата и патувањата одат рака под рака во неверојатна хармонија, тој повеќе од 10 години ни претставува сосема нови и различни перспективи на светот. Погледнете дел од неговата серија фотографии наречена „Урбана џунгла“ и уживајте во еден од најбрзите градови ширум светот.rnrn(9)-Hong-Kong-niz-objektivot-na-Endi-Jeung-kafepauzarnrn

  • Погледнете како изгледа појадокот во различни земји од светот

    Погледнете како изгледа појадокот во различни земји од светот

    Многумина веруваат дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тој ви дава енергија за да го преживеете првиот дел од работниот ден и влијае на тоа како ќе функционирате физички и психички.rnrnПогледнете како изгледа појадокот во различно земји од светотrnrnВо денешно време луѓето обожаваат да споделуваат фотографии со храна. Во тој контекст, погледнете како изгледа појадокот во различни земји од светот…rnrn

  • Најдобриот лек за скршено срце: Сами на пат околу светот

    Најдобриот лек за скршено срце: Сами на пат околу светот

    Штотуку прекинавте долгогодишна врска и се чувствувате за никаде. Ни еден пријателски совет, ни една луда забава и ни една статија од типот: „Како најбрзо да го преболите?“ не може да ве утеши. Излезот од долга врска значи влез во еден сосема поразличен свет каде повторно треба да се пронајдете себеси. Најверојатно сте исплашени затоа што не знаете што да правите со сето време што го имате на располагање. Сите врати ви се отворени и можете да правите сè што ќе посакате. Сакавте да почнете да се занимавате со танц, но не сте имале доволно време? Сакавте да се вклучите во аматерски театар, но на вашето момче не му се допаѓаше идејата? Се обидувавте да го натерате момчето да отпатувате во некоја далечна егзотична земја, но тој одбиваше да прифати нови предизвици и искуства?rnrnПат околу светот сами-најдобриот лек против скршено срцеrnrnПогодете што? Сега ништо не ви стои на патот и можете да ги реализирате сите ваши идеи! Зошто да не отпатувате сами? Можеби се чувствувате несигурно и не верувате дека патувањето низ светот може да ви ја намали болката по раскинувањето, но навистина можете да искусите нешто неверојатно и да го излечите скршеното срце истовремено. Еве неколку причини кои ќе ве убедат дека патувањето е најдобрата работа што можете да ја направите за себе:rn

    Ќе ви помогне да излезете од вашата рутина

    rnДоколку се чувствувате лошо, самото планирање на патувањето ќе ве натера да се чувствувате возбудени поради нешто различно и интересно. Ќе потрошите време на пребарување, планирање, организирање на финансиските средства и на крај ќе тргнете на тоа патување на некоја далечна дестинација. Кога конечно ќе пристигнете, сите нови работи околу вас толку многу ќе ги обземат вашите сетила, што ни на крај памет нема да ви падне да размислувате за глупавото раскинување.rn

    Патувањето ќе го смени вашето мислење за животот

    rnСамото патување, било тоа да е со авион, воз или автобус, ќе ве инспирира да почнете да се интересирате за големината на нештата. Ќе ги доведете до знак прашалник вашите амбиции и мотивации и ќе ги согледате деталите што обично ги пропуштате во секојдневниот живот. Може дури и да станете благодарни за работите што ги имате, наместо да се фокусирате на тагата предизвикана од врската што тргнала наопаку.rn

    Ќе имате можност да се запознаете со друга култура

    rnГлетката, звуците, мирисот. Ова целосно претопување во комплетно различна средина ќе ви создаде нови мисли, чувства, емоции и ќе станете отворени за нови идеи и искуства што никогаш не сте ги имале претходно. Ќе останете счудоневидени од обичаите на новото место и нема да имате време да размислувате на него (како му беше името?!).rnrnПат околу светот сами-најдобриот лек против скршено срцеrn

    Патувањето ќе ви отвори нов поглед кон светот

    rnЌе запознаете нови луѓе и ќе сфатите дека постојат милијарди различни луѓе кои живеат свој посебен живот на оваа неверојатна планета, секој ден, во истото време кога и вие го живеете вашиот, но на различен начин и во различни услови. Вашите искуства ќе ви помогнат да се спознаете себеси. Можеби ќе почнете повеќе да ја цените вашата земја или пак лудо ќе се вљубите во новата. Ќе бидете преплавени со толку многу силни емоции, што чувството на болка сосема ќе ви исчезне.rn

    Она што ќе го искусите може да го промени вашиот животен пат

    rnОткако ќе се вратите полни со впечатоци и инспирација, ќе почнете да живеете сосема нов живот. Ќе научите да го цените вашиот живот и да бидете благодарни за она што го имате. Сето ова ќе придонесе за вашата среќа. Среќата зависи само од погледот на работите.rnrnСекое раскинување е тешко и нормално, потребно е време да се ослободите од старите навики и да се прилагодите на новата ситуација. Најважно е да не дозволите да изгубите време во тапкање во место поради тоа што сте исплашени и осамени. Светот ве чека вас да го освоите! Одберете дестинација и спакувајте го куферот! Искуствата што можете да ги доживеете ќе бидат бесценети.

  • Кои се 25-те најбогати земји во светот?

    Кои се 25-те најбогати земји во светот?

    Според анализата извршена од страна на светското списание посветено на работата со финансии „Global Finance Magazine“, следниве 25 држави се најбогатите во целиот свет. Врз основа на податоците од Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, списанието ги рангирало земјите според нивниот бруто домашен производ (БДП) по глава на жител изразен во РРР (Purchasing Power Parity). РРР овозможува да се споредат животните стандарди помеѓу различни нации.rnrnТринаесет од првите 25 најбогати земји се наоѓаат во Европа, додека САД и Канада исто така се вклучени во листата. Велика Британија не успеала да влезе во првите 25, но е рангирана на 27-мото место, со БДП по глава на жител од 39.224 долари. Некои мали земји како Лихтенштајн, Науру, Ватикан, Монако, Сан Марино и Андора не биле воопшто вклучени во истражувањето. Да не должиме, погледнете кои се 25-те најбогати земји во светот.rnrn

    25. Франција со БДП по глава на жител: 41 396 долари
    25. Франција со БДП по глава на жител: 41.396 долари
    rnrn