КАФЕ ПАУЗА

Tag: свет

  • Нема да можете да му одолеете: Погледнете го најубавото куче на светот

    Нема да можете да му одолеете: Погледнете го најубавото куче на светот

    Откако ги видовме најубавите мачки ширум светот, денес ќе се запознаеме со најубавото куче. Иако некои сметаат дека одредени личности повеќе сакаат мачки, а други повеќе се наклонети кон кучињата, сепак, без оглед на тоа, овде сме сигурни дека нема да можете да му одолеете на ова прекрасно суштество. Запознајте се со Теа, авганистанско куче кое стана хит ширум светот.rn

    Нејзиното крзно изгледа како да излегло од реклама за шампон

    rnНе ќе можете да му одолеете: Запознајте се со најубавото куче во светотrn

    Таа е толку самоуверена!

    rnНе ќе можете да му одолеете: Запознајте се со најубавото куче во светотrn

    Кој не би му позавидел на девојчето?

    rnНе ќе можете да му одолеете: Запознајте се со најубавото куче во светотrn

    Таа е неверојатна!

    rnНе ќе можете да му одолеете: Запознајте се со најубавото куче во светотrn

    А исто така и разиграна

    rnНе ќе можете да му одолеете: Запознајте се со најубавото куче во светотrnrnБез разлика дали сте наклонети кон мачките или кучињата, Теа дефинитивно ќе ви го разубави денот!

  • Најкреативните клупи и места за седење ширум светот

    Најкреативните клупи и места за седење ширум светот

    Многу работи го дефинираат изгледот на еден град: Згради, мостови, паркови, скулптури… па дури и клупи! Да, тоа е вистина. Оваа едноставна форма на „јавен мебел“ може да додаде прекрасен изглед на некое место. Погледнете ги овие необични дизајни на клупи кои докажуваат дека креативноста може да ги трансформира дури и најздодевните улици во пријатна јавна дневна соба. Без разлика дали таму ќе го јадете вашиот оброк или ќе го имате вашиот прв состанок, овие неверојатни клупи со сигурност ќе ви го разубават денот.rnrn

    Интересна клупа во Луксембург
    Интересна клупа во Луксембург
    rnrn

  • 11 здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдете

    11 здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдете

    Обично, кога ни треба совет поврзан со здравјето, им се обраќаме на нашите пријатели и семејство. Тоа е во ред, но добиените информации може да бидат ограничени ако сите имаме исто потекло и култура. Во тој случај, добра идеја е да се погледнат навиките на другите земји во светот и да се прифатат оние кои најмногу одговараат на нашиот начин на живот.rnrn11здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдетеrnrnЖивееме во глобално село каде сите земји и култури имаат свои традиции и навики, многу од кои би можеле да ни помогнат да ги одржиме телото и умот здрави. Доколку сакате да внесете некоја промена во вашата секојдневна рутина, но не знаете од каде да почнете, побарајте инспирација од земјите ширум светот. Ова се 11-те здрави навики кои уште веднаш би требало да ги украдете од другите земји…rn

    1. Нигерија: Јадете лисест зеленчук

    rnТрадиционалната кујна на Нигерија содржи многу зеленчуци кои не само што се хранливи, туку се и неверојатно вкусни. На пример, горчливиот лист од растението „Vernonia amygdalina“ е зеленчук кој се користи во подготовката на супа од горчлив лист, едно од најпопуларните јадења во Нигерија. Листовите на растението содржат многу антиоксиданси, но нудат и други здравствени придобивки. Конкретно овој горчлив лист можеби тешко ќе го најдете кај нас, но затоа, пак, друг зеленчук кој се користи во подготовката на многу традиционални супи е бамјата.rn

    2. Холандија: Возете велосипед

    rnЛуѓето од Холандија не возат велосипеди само за рекреација, туку со него одат на работа и ги извршуваат сите останати обврски во текот на денот. Главното превозно средство во Холандија е токму велосипедот. Оваа активност е еден вид аеробик кој е добар за кардиоваскуларното здравје, а тоа е доволна причина да почнете почесто да ја практикувате.rn

    3. Турција: Одете на турска бања

    rnБрзиот начин на живот во современото општество предизвикува луѓето постојано да се под стрес. Но, Турците смислиле одличен начин да ги опуштат нервите и да се релаксираат, а решението е топла бања во просторија исполнета со пареа. Веројатно не би можеле да го практикувате ова премногу често, но нема ништо лошо во тоа да се почестите одвреме-навреме.rn

    4. Сингапур: Одржувајте хигиена

    rnСингапур важи за една од најчистите земји во светот. Фрлањето ѓубре на улица се смета за сериозен кривичен престап. Сите знаеме дека тоа има штетно влијание на животната околина и може да доведе до појава и развој на вируси, бактерии и зарази. Чистата околина е главен услов за општата човечка благосостојба.rnrn11здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдетеrn

    5. Шведска: Одржувајте баланс помеѓу работата и приватниот живот

    rnМногу луѓе понекогаш знаат да се посветат единствено на работата и да ги занемарат останатите сегменти од животот. Работат прекувремено, работата ја носат дома, а сето тоа негативно се одразува на нивниот приватен живот. За разлика од тоа, во Шведска работното време трае 6 часа. Како резултат, вработените се многу попродуктивни, посреќни, дури и поретко се разболуваат. Шансите се дека нема да можете да си го намалите работното време од 8 часа, но можете барем да се обидете максимално да го користите и да ја завршувате работата на време за да не морате да заглавувате прекувремено или да работите дома.rn

    6. Јапонија: Внимавајте на големината на оброците

    rnЖителите на Окинава во Јапонија имаат подолг животен век од луѓето во останатите делови од светот. Тоа е поврзано не само со видот на храната што ја јадат, туку и со начинот на кој ги јадат нивните оброци. Тие секојдневно ја практикуваат навиката „хара хачи бу“, односно јадат додека не почувствуваат дека се 80% најадени. Ова е здрава навика која дефинитивно треба да ја прифатите, ако не сакате да се прејадувате што сите знаеме дека доведува до вишок килограми.rn

    7. Индија: Користете зачини

    rnИндија е позната по употребата на различни зачини во храната, а тоа не само што им дава вкус на јадењата, туку е корисно и за здравјето исто така. Додавајте зачини како куркума, ѓумбир и коријандер при готвењето бидејќи тие ја спречуваат појавата на воспаленија, а имаат и многу други здравствени придобивки.rn

    8. Тајланд: Одете редовно на масажа

    rnМасажата е луксуз за многумина, но во Тајланд редовните масажи се дел од секојдневната рутина. Научно е докажано дека масажите можат да ве ослободат од анксиозноста, да ја подобрат работата на дигестивниот систем, да ви помогнат во случај на несоница, да ја намалат болката во зглобовите и да го забрзаат заздравувањето на повредите. Со оглед на тоа, почестите масажи се нешто што би требало да го земете предвид.rnrn11здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдетеrn

    9. Франција: Препуштете им се на задоволствата што ги нуди храната

    rnПознато е дека Французите многу уживаат во храната, но сепак немаат проблем со вишок килограми и кардиоваскуларни болести. Добро е понекогаш да си дозволите мала порција од вашето омилено јадење. Некои истражувања покажале дека доколку земете малку од посакуваната храна, тоа ќе ви даде исто толкаво задоволство колкаво што би доживеале ако изедете цел оброк.rn

    10. Кина: Пијте чај

    rnЗачудувачки, но Англија не е најголемиот консумент на чај, туку Кина. Една шолја чај на ден може значително да ви го подобри здравјето. Чајот го намалува ризикот од повеќе видови рак, невролошки болести, низок холестерол, мозочен удар и уште многу други здравствени проблеми.rn

    11. Грција: Јадете медитеранска храна

    rnМожеби веќе сте чуле дека најздравата исхрана е токму медитеранската. Она што ја прави оваа исхрана толку корисна е тоа што Грците не ги одбегнуваат здравите масти. Истражувањата покажале дека зголемената консумација на мононезаситени масти, кои се содржат во јаткастите плодови, маслиновото масло и авокадото, води до подолг животен век, намален крвен притисок и намален ризик од срцеви заболувања.rnrnДури и да не отидеме на пат околу светот, сепак можеме да учиме од сите тие различни земји, со цел да го подобриме нашиот начин на живот и да стекнеме повеќе нови здрави навики.

  • Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светот

    Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светот

    Луѓето имаат различни вкусови кога станува збор за летните одмори и плажите. Некои повеќе сакаат плажи полни со луѓе, додека други избираат поинтимни места, каде што можат да се одморат во мир и тишина, слушајќи ги единствено брановите кои лесно удираат во брегот. Доколку сакате мирни плажи, ние ви нудиме листа од девет најотсечени плажи во светот, каде постојат само песокот, морето и вие, доколку се одлучите да заминете на некоја од нив.rn

    rn1. Плажа Салема (Португалија)

    rn

    (1) Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светот

    rnСалема е неоткриена скапоценост во јужна Португалија. За да стигнете до неа, треба да поминете низ мал рибарски град со бели куќи и диви цвеќиња. Возејќи низ гратчето ќе стигнете до прекрасната мала плажа, со недопрен песок во златна боја во кој удираат брановите на Атлантскиот Океан.rn

    2. Плажа Баи Даи (Виетнам)

    rn(2) Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светотrnrnОколу 70 проценти од малиот остров Фу Куок, кој има облик на солза, е заштитен како национален парк, што го зачувува од брз туристички развој и големи гужви. Една од најинтимните плажи на островот, Баи Даи е откриена на западната страна од островот, каде што кристално чистата вода ќе ве остави без здив.rn

    3. Плажата на љубовниците (Невис)

    rn(3) Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светотrnrnПетминутно пешачење по правлив, необележан пат ќе ве донесе до интимна плажа со кадифен песок на карипскиот остров Невис, на неговото северно крајбрежје. Покрај неверојатните мир и тишина, плажата нуди и прекрасен поглед кон островот Сент Китс, што го надополнува впечатокот за плажата.rn

    4. Баиа до Санчо (Бразил)

    rn(4) Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светотrnrnСте слушнале ли за Фернандо де Нороња? Тоа е архипелаг во Атлантскиот Океан, со прекрасни острови, каде што туризмот не е развиен. Овој архипелаг од брегот на Бразил е оддалечен околу 350 километри. Но, за да стигнете до неверојатната плажа Баиа до Санчо, потребно е околу 20-минутно пешачење по правлива патека со опасни камени препреки, но крајната цел ќе ве остави без зборови.rn

    5. Плажа Грејт Рок Бајт (Мартас Винјард)

    rn(5) Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светотrnrnОваа плажа е една од најдобро чуваните тајни на островот Мартас Винјард, кој се наоѓа во Атлантскиот Океан во рамки на Масачусетс, веднаш под полуостровот Кејп Код. Покрај неверојатниот песок, чиста вода и мир, плажата има и големи карпи, кои можат да се користат за скок во водата, секако за оние најхрабрите.rn

    6. Плажа Брава (Уругвај)

    rn(6) Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светотrnrnОваа плажа е неверојатно тивка, освен во периодот на божиќните празници. Доколку сакате да се опуштите само со звукот на брановите и песочните дини, плажата Брава е прекрасно место за вас. Таа нуди неверојатен спој со природата.rn

    7. Плажа Факистра (Грција)

    rn(7) Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светотrnrnПлажата Факистра се наоѓа под планината Пелион во централна Грција и нуди сосема различно искуство од повеќето плажи во оваа развиена туристичка земја. Додека повеќето плажи во Грција се уредени со лежалки и барови, Факистра е лоцирана до малото село Цагарада и нуди мир, тишина и хармонија со природата.rn

    8. Полихејл Стејт Парк (Хаваи)

    rn(8) Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светотrnrnОваа неверојатна плажа се протега на западниот брег, во дел кој е практично напуштен. На оваа плажа освен во мирот, можете да уживате во песочните дини, кактуси, како и да го доживеете најубавото зајдисонце на светот. Недопрената убавина е надополнета со силен ветер и големи бранови.rn

    9. Ко Аданг (Тајланд)

    rn(9) Недопрена природа и неверојатна убавина: 9 најинтимни плажи во светотrnrnНедопрена природа која излегува на Андаманското Море. Наместо луѓе, друштво може да ви прават мајмуни. Ќе наидете на неверојатни водопади и шума, а белиот ситен песок и кристалната вода се единствени.

  • Како да го заштитите мозокот од загадување во негативен свет?

    Како да го заштитите мозокот од загадување во негативен свет?

    Вестите и информациите од светот, речиси секојдневно предизвикуваат непријатни чувства во нас и поради нив ја губиме вербата во човештвото и светлата иднина. Многу е тешко да се остане позитивен во свет полн со омраза. Можеби е тешко, но не е невозможно. Потребен е малку поголем напор и работа на сопствениот поглед на животот и на светот, воопшто.rnrn(1) Како да го заштитите мозокот од загадување во негативниот свет?rn

    1. Прифатете го неизбежното

    rnПотребно е да вложите многу енергија за да ја избегнете фрустрираноста од работите што се случуваат во светот. Доколку премногу внимание обрнувате на секоја информација, на крајот на денот ќе бидете исцрпени и воопшто нема да има имате контрола врз некои работи. Понекогаш, колку и да изгледа поразително, прифатете го фактот дека не можете да влијаете врз некои работи и продолжете понатаму. Не губете си го времето размислувајќи премногу на нештата за кои сте апсолутно немоќни.rn

    2. Сменете го фокусот

    rnНаместо постојано да велите „Има премногу зло во светот“, променете го вашето размислување со тоа што почесто ќе велите „Има толку многу убавини и добри работи во светот“. Секако, вие ја знаете вистината – постојат и добри и лоши сили, но ставете го фокусот на позитивните нешта. По секоја лоша вест што ќе ја слушнете, најдете начин што побрзо да ја избришете од вашата глава, прочитајте нешто позитивно, погледнете некој добар филм или слушајте ја омилената музика. Посветете се на убавите работи. Со тоа нема да го намалите бројот на лошите нешта, но ќе го заштитите организмот од преголем стрес.rn

    3. Најдете си хоби

    rnНаместо да развивате лоши навики, како пиење и пушење, кои луѓето многу често ги користат под изговор дека преку нив се смируваат, најдете покреативен начин да ја исфрлите негативноста насобрана во вас. Најдете хоби и преокупирајте го мозокот со креативни мисли и идеи. Цртајте, пишувајте, плетете, спортувајте… Постојат голем број начини да ги оттргнете мислите од секојдневното црнило.rn

    4. Опкружете се со позитивни луѓе

    rnВие ги примате сите емоции кои излегуваат од другите луѓе. Затоа внимателно избирајте си го друштвото. Ако сте постојано опкружени со луѓе кои се жалат на сè и сешто, многу лесно можете да паднете во замката и вие да почнете да го правите истото. Затоа, бидете во друштво на ведри и насмеани луѓе, кои знаат да се радуваат и на најмалите нешта и кои се вистински благодарни за работите кои ги имаат во својот живот. Тие луѓе ќе ве мотивираат да одите напред и да постигнете неверојатни резултати.rn

    5. Бидете благодарни за сè во животот

    rnСекој човек во животот се соочува со тешкотии, некои се поголеми, а некои помали. Но, не заборавајте дека околу вас имате многу работи на кои можете искрено да бидете благодарни. Уште овој миг, додека го читате овој текст, можете да бидете благодарни за две работи – интернет и компјутер или паметен телефон. Знаете ли колку луѓе во светот ги немаат тие две,три работи? Бидете вистински благодарни за сите нешта кои ги имате во животот.rn

    6. Позитивноста е „заразна“ работа

    rnКога еднаш ќе се охрабрите да го смените фокусот и ќе почнете работите да ги гледате на поинаков начин, ќе се наполните со позитивна енергија, која ќе ви го разбистри умот и ќе ви даде одредена моќ да дадете свој придонес во подобрувањето на светот. Не го сфаќајте животот секогаш толку сериозно. Отворете се за новите предизвици. Започнете ги промените од вас. Еден мал гест на добрина може да има домино ефект.

  • 15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

    15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

    Поголемиот дел од децата ги сметаат училиштата за здодевни. Меѓутоа, не се сите образовни институции подеднакво монотони. Постојат некои навистина неверојатни училишта кои изгледаат како футуристички згради од некој научно фантастичен филм и нудат сосема нов пристап кон учењето. На пример, во Шведска има училиште каде децата не се делат според половите. Во Сан Франциско, САД, наставниците ги учат децата на „опасни“ работи, кои нивните родители обично им ги забрануваат. Во продолжение прочитајте повеќе за најнеобичните училишта во светот, по што со сигурност ќе посакате и вие да сте учеле во некое од нив…rn

    1. Макоко, училиште што плови во Лагос, Нигерија

    rn15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренцијаrnrnОва училиште што плови е уникатна градба на вода која се наоѓа во крајбрежниот регион на Африка. Училиштето е наменето за сите возрасти и првично било изградено во случај водата од лагуната да достигне многу високо ниво. Во него има училници и простории за забава, како и капацитет безбедно да издржи до 100 деца, дури и во екстремни временски услови.rn

    2. Училиште во коцка, Копенхаген, Данска

    rn15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренцијаrnrnОва училиште е всушност една голема училница во која доаѓаат повеќе од 1.100 средношколци. Лекциите се одржуваат во широка стаклена коцка која се нарекува гимназија. Отворениот простор е поделен на одвоени секции со удобни места за седење чија цел е да ја поттикнат флексибилноста и креативното размислување на учениците.rn

    3. Училиште со индивидуален пристап кон учениците, Австралија

    rn15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренцијаrnrnПокрај необичниот и светол надворешен дизајн, стратегијата за учење која се користи во ова училиште е исто така далеку од традиционална. Сите ученици имаат свој индивидуален план на учење кој лесно може да биде прилагоден од страна на наставниците и родителите. Децата исто така имаат право сами да даваат предлози за да го подобрат образовниот процес и да го направат попријатен за учениците. Уште една поразлична одлика на ова училиште е тоа што сите часови се одржуваат во мали групи.rn

    4. Училиште во вистинскиот свет, Роуд Ајленд, САД

    rn15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренцијаrnrnУште од самиот почеток учениците учат за она што ги интересира. Со цел да им се помогне на тинејџерите да ја пронајдат и проследат нивната идеална професија, секој ученик добива ментор кој работи во областа каде што детето би сакало да влезе еден ден. Тоа значи дека учениците го учат само она што навистина им е потребно за нивната идна кариера. Оваа стратегија на учење моментално е прифатена од страна на 55 училишта ширум светот.rnrnПродолжете на следната страница за останатите училишта.rn

  • Дознајте каде живеат најсреќните луѓе во светот

    Дознајте каде живеат најсреќните луѓе во светот

    Неверојатен пејзаж, бесплатно образование, позитивен и добродушен народ… Звучи како бајка, се согласувате? Верувале или не станува збор за вистински живот. Погледнете кои се 10-те најсреќни земји во светот кои сигурни сме дека веднаш би сакале да ги посетите…rn

    1. Шведска

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnНародот во Шведска постојано покажува дека е многу задоволен од животот. Нивната тајна лежи во шведската традиција позната како „фика“, збор кој се користи за да се опише нивната навика да прават паузи од работа за да пијат кафе и да разговараат за најновите вести со пријателите. Овие кратки одмори траат само 15 минути, но се случуваат на секои два часа. Кога ќе се земе предвид оваа навика, не е големо изненадување фактот што луѓето во Шведска се едни од најголемите консументи на кафе во светот.rn

    2. Австралија

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnАвстралија има ниско ниво на загаденост, високо ниво на граѓанска вклученост и сложни заедници. Луѓето велат дека причината за ова е нивната љубов кон скарите. Жителите секогаш организираат настани во локалните паркови за да поминат време заедно и да се социјализираат со нивните пријатели. Но, ако немате пријатели од Австралија секогаш можете да отидете на некоја од организираните тури кои ви даваат можност да посетите голем број пивници и да пробате традиционални австралиски јадења со месо.rn

    3. Нов Зеланд

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnКако да не бидете среќни кога сте опкружени со сини планини, неверојатна дива природа и уште илјадници такви глетки кои го одземаат здивот? Ниското ниво на загаденост и разновидноста на дивиот свет се причината за тоа народот во Нов Зеланд да се вброи во еден од најсреќните и најздравите во светот.rn

    4. Холандија

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnЖителите на Холандија се издвојуваат со нивната голема физичка активност и љубов кон возењето велосипеди. Тие со право се горди на системот на безбедни велосипедски патеки што го имаат создадено, кој се протега во должина од 30.000 километри. Доколку некогаш имате можност да отидете во Амстердам, не заборавајте да изнајмите велосипед и водич.rn

    5. Канада

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnЕдна од најголемите земји во светот, Канада е вистински рај за сите туристи и љубители на патувањето. Граѓаните на оваа прекрасна земја можат да се гордеат со мноштвото национални паркови кои изобилуваат со стрмни планини и широки рамнини. Доволно е само да ги погледнете овие неверојатни пејзажи за да разберете зошто Канаѓаните се толку среќни.rn

    6. Финска

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnСите ваши грижи и проблеми веднаш ќе испарат кога ќе влезете во традиционална финска сауна. И покрај малата популација од само 5,2 милиони луѓе, Финска има 3,3 милиони сауни кои можат да се најдат речиси секаде, од бреговите на езерата до канцелариите во зградите.rn

    7. Норвешка

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnНорвежаните се горди на нивното фасцинантно природно опкружување и кон него се однесуваат со најголема одговорност и почит. Се верува дека качувањето на една од највисоките планини во земјата, позната како Скала, може да го ослободи човекот од сите негови грижи и проблеми. Во буквално секој агол од оваа неверојатна земја можете да поставите шатор и да уживате во неверојатната убавина на светот околу вас.rn

    8. Исланд

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnВулкани, диви плажи, жешки извори и неспоредлив пејзаж – сите овие работи ги прават луѓето од Исланд едни од најсреќните на планетата Земја. Навистина, зар е можно да не почувствувате радост додека лежите во топлите сини води и гледате во прекрасната природа?rn

    9. Швајцарија

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnЗемја со толку многу видови чоколадо што по дефиниција не е возможно да се биде несреќен. Но, луѓето во Швајцарија исто така се големи љубители на здравиот живот. Многу од нив обожаваат скијање, кајакарење и параглајдерство. Со оглед на тоа, не е никакво изненадување тоа што во земјата има најниско ниво на дебелина во светот.rn

    10. Данска

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnСе верува дека Данска е најсреќната земја во светот. И тоа не е само поради фактот што луѓето уживаат целосно бесплатно здравство и образование. Народот е исто така горд на неговото чувство за заедништво. Станува збор за луѓе кои во секој момент ќе ве поканат на чај, дури и да не ве познаваат.

  • Дознајте колкава е пензијата во земјите низ светот

    Дознајте колкава е пензијата во земјите низ светот

    Станува збор за фасцинантна споредба која ретко се зема предвид. Сте размислувале ли никогаш колкава пензија би земале кога би живееле на некое друго место во светот, надвор од вашата родна земја? Во некои земји, пензионерите земаат прилично солидна сума на пари, но во други принудени се да зависат од нивната сопствена заштеда за да преживеат.rnrnДознајте колкава е пензијата во земјите низ светотrnrnДознајте во кои земји би имале убав и финансиски стабилен живот кога ќе остарете благодарение на добрата пензија, а во кои би добивале минимална пензија…rnrn

  • Колку тежат луѓето во различни делови од светот?

    Колку тежат луѓето во различни делови од светот?

    Просечната тежина на човекот е околу 62 килограми. Но, таа варира во различни делови од светот. Погледнете колкава е просечната тежина на мажите и жените во различни земји, на различни страни на планетата Земја.rnrn

    (1) Колку тежат луѓето во различни делови од светот?
    Канада
    rnrn

  • Заљубете се во некој кој сака да чита и збогатете го вашиот свет

    Заљубете се во некој кој сака да чита и збогатете го вашиот свет

    Читањето е бесмртен портал кој води кон милион други светови. Не се работи само за ставање зборови на хартија кои треба да се обработат во мозокот, туку за отворање на умот и прифаќање на идеи, култури и луѓе кои ви се непознати. Се работи за сознанието дека постои еден цел универзум надвор од вашиот секојдневен распоред. Оние ситници за кои некогаш сте се нервирале, ќе станат многу поприфатливи кога ќе почнете да разбирате како стојат работите во други делови од светот.rnrnЗаљубете се во некој кој сака да чита и збогатете го вашиот светrnrnПроблеми, борби, неправди, радости, вистини, лаги, корупција, скандали, добрина, себичност, несебичност, одлуки, зависности, предизвици, врски, грешки, жртви… Толку многу нешта и емоции. Читањето ве изложува на сите тие работи, за кои инаку не би биле свесни.rnrnЗатоа, бидете со некој кој сака да чита. Ако некој чита не значи дека е најинтелигентниот, најобразованиот и најсофистицираниот човек од сите. Не значи дека е најдобар. Не станува збор за супериорност.rnrnЧитањето ви помага да ги отворите очите најмногу што можете. Ви помага да апсорбирате толку многу приказни колку што вашиот мозок има капацитет да собере. Приказни од секаков вид: Вистински, измислени, историски, фантастични, хумористични и трогателни. На тој начин вие ќе можете да ги разберете оние кои се поразлични од вас, оние кои имале многу поинаков живот од вашиот. Така ќе можете да го разберете фактот дека постојат бесконечно многу приказни во светот, нималку слични на вашата.rnrnА тоа ќе можете да го разберете, и покрај бескрајните разлики помеѓу вас и останатите, благодарение на човечноста која е заедничка за сите луѓе. Сите ние сме пред сѐ луѓе.rnrnТаква е моќта на читањето. Читањето нѐ потсетува дека сите ние сме луѓе, дека сите страдаме, дека она што сите најмногу го сакаме е да почувствуваме како нашите души се поврзани една со друга.rnrnНе двоумете се дали да започнете љубовна врска со некој кој сака да чита. Тоа значи дека тие се отворени, љубопитни и грижливи. Тие разбираат дека сочинуваат само еден минијатурен дел од универзумот. Тие разбираат дека нивната приказна не е најважната, туку дека е само една од многуте. Разбираат колку е важно да се биде прифатен и сфатен, и кога падот е неизбежен, тие ќе продолжат да вложуваат труд. Затоа што приказните постојано ги потсетуваат колку е важно никогаш да не се откажуваат.rnrnЗаљубете се во некој кој сака да чита и вашиот свет постојано ќе се збогатува, никогаш осиромашува.