Ако сакате да го промените светот, грижете се помалку за начинот на кој се вклопувате и повеќе за тоа како се издвојувате. Вие не можете да влијаете никако ако бидете различни од тоа што навистина сте. И кршењето парчиња од себе за да почнете да припаѓате во свет што не ви одговара, само ќе ве раскрвави – вие повторно ќе останете на истото место, надвор од калапот.rnrnrnrnНикогаш не заборавајте дека вашата убавина се крие во вашата чудност. Вие сте неверојатни затоа што сте уникатни и не можете да бидете категоризирани затоа што сте единствени. Мааните што ги поседувате ви се најпрекрасното оружје, а лудите идеи – нешто извлечено од самите легенди. Не грижете се ако луѓето ве исмејуваат или игнорирајте ги ако се детерминирани да ви најдат место во кое ќе одговарате, бидејќи со тоа само ве влечат надолу.rnrnРазмислете, во видео игрите знаете дека одите во вистинската насока кога ќе сретнете пречки и непријатели. Истото се случува и во денешниот свет. Погледнете ги само најуспешните луѓе – тие се избориле за да стигнат онаму каде што се сега. По пат биле исмејувани и малтретирани, биле предадени од луѓе што ветиле дека ќе ги сакаат и неретко се чувствувале разочарано. Тие ги изгубиле своите работи и допреле до дното, и тоа не било само еднаш, но и покрај сите препреки, си изградиле свое име и постигнале успех!rnrnВие не можете да стигнете до врвот ако сите ве сакаат и прифаќаат. Хероите и најинтелигентните луѓе имаат тенденција да бидат осамени суштества бидејќи одбиваат да се движат по текот на реката, па затоа и најчесто не се дел од вообичаената толпа. Дури и да успеете да бидете сакани од сите, и тоа не е добро – на тој начин никогаш не би си ги поместиле границите или не би избегале од удобната зона само колку да дознаете што можете да видите надвор од неа. Со тек на време може дури и да се изгубите во мислењето на другите и да ја изгубите способноста да станете нешто повеќе од тоа што сте.rnrnЕдинствениот начин да најдете мир во светот, и истиот притоа да го промените, е доколку продолжите да бидете оние што навистина сте. Без извинувања, без изговори. И со тек на време ќе го најдете вашето племе, ќе ја најдете вашата страст и ќе откриете точно што ја придвижува вашата душа.rnrnПрочитајте и за овие неколку видови чудаци кои со сигурност ќе ги сретнете на работното место.
Кејси Де Пекол е првата жена која посетила 196 земји од целиот свет за само 18 месеци. Таа видела многу неверојатни места и се наполнила со прекрасни впечатоци, па решила нејзиното искуство да го сподели со јавноста. Ова се 10-те земји кои според Кејси задолжително мора да ги посетите некогаш во животот…rn
10. САД
rnrnrnСпоред Кејси, есента во Нова Англија е нешто што сите луѓе треба да го доживеат.rn
9. Костарика
rnrnrnМајмуни, свежо овошје, одлична музика и вулкани… Треба ли уште да се зборува?!rn
8. Перу
rnrnrnАмазонските дождовни шуми, градот Агуас Калиентес и урнатините на тврдината на древните Инки во Мачу Пакчу, придонеле за Перу да стане едно од омилените места на Кејси.rn
7. Тунис
rnrnrnТука ќе можете да го доживеете духот на Северна Африка. Има голем број древни споменици, а градот Сиди Бу Саид, што се наоѓа на 20 километри од главниот град на Тунис, со сигурност ќе ве остави без зборови.rn
6. Оман
rnrnrnЗа Кејси најинтересно било тоа што се претопила со пустините и планините и била опкружена со луѓе чиј начин на живот целосно се разликува од нејзиниот.rnrnПродолжете на следната страница за останатите неверојатни дестинации…rnrn
Дека привлечноста е во очите на набљудувачот, најдобро го докажуваат различните стандарди за убавина ширум светот. Дознајте што прават жените од различни области на планетата Земја за да изгледаат убаво и привлечно.rnrnrn
1. Жените од Иран се гордеат на совршено обликуваниот нос
rnЕстетските операции на носот денес се вообичаени, но малку е познато дека тие се најпопуларни во Иран каде што жените не кријат дека биле „под нож“, туку се гордеат со тоа. Бидејќи нивното тело и коса се покриени со хиџаб, жените се фокусираат на она што е видливо за сите, а тоа е лицето.rnrnrn
2. Жените од Нов Зеланд го красат своето лице со тетоважи
rnЖените од народот Маори во Нов Зеланд уште од памтивек ги украсуваат своите усни и брада со тетоважи. Тоа е античка традиција која е позната како „та моко“. Некогаш таквите тетоважи го означувале потеклото и општествениот статус, а денес се моден додаток.rnrnrn
3. На жените од Азија им е најважен порцеланскиот тен
rnВо азиските земји светлата кожа е традиционален знак за убавина и богатство. Азијките и денес го негуваат обичајот да го избегнуваат сонцето за нивната кожа да не добие сончана боја. Особено во Кореја жените трошат многу пари на креми за избелување на кожата.rnrnrn
4. Жените од Франција го сакаат природниот изглед
rnНа Французите им е најпривлечен природниот изглед без тешка шминка. Тамошните жени велат дека сакаат да бидат свои и да ја истакнат природната убавина, а не да се прилагодуваат на некој стил. На Французинките им е поважна негата на кожата отколку шминката.rnrnrn
5. Жените од античките племиња го „истегнуваат“ својот врат, уши, усни…
rnВо племето Карен во азиската држава Мјанмар има антички обичај во кој на жените целиот врат им е „окован“ со бронзени ланчиња. Декоративните кругови создаваат впечаток на растегнат врат, па жените од племето Карен се познати и како жирафи. Избричената глава и растегнатите ушни реси се илјадагодишни стандарди за убавина во африканското племе Масаи и другите племиња, во кои сѐ до денес се задржал и обичајот за растегнување на долните усни со помош на посебен „диск“. Во некои делови од Африка и Јужна Америка, традиционално на торзото се нанесуваат белези како знак на сензуалност.rnrnrn
6. Жените во Индија цртаат по своите тела со к’на
rnЖените во Индија традиционално ги исцртуваат очите со темна линија за да бидат поизразени, а на рацете и стапалата сакаат да носат цртежи од к’на. Најпрепознатливиот индиски украс е бинди, обоената точка или скапоцен камен на челото. На Индијките им е важно нивната коса да биде долга и сјајна, а кожата ја осветлуваат со помош на посебни креми. Овие илјадагодишни традиции ги модернизирале индиските филмски ѕвезди во Боливуд.rnrn
Дали знаете кои се најимпозантните градби во светот, кои со текот на времето станале симболи на градовите и земјите во кои се наоѓаат? Откријте некои од највисоките, најдолгите или најскапите објекти кои постојат ширум светот и кои и до ден денес привлекуваат туристи од сите краишта.rn
1. Колосеум (Рим)
rnrnrnКолосеумот е најголемиот амфитеатар во светот кој може да собере и до 50.000 посетители. Тој е висок 48 метри, а завршен е во 80-тата година во новата ера. Тогаш царот Тит Флавиј Веспазијан во чест на отворањето на Колосеумот организирал две поморски борби.rn
2. Кеопсовата пирамида во Гиза (Египет)
rnrnrnОваа градба е позната и како Големата пирамида, а се претпоставува дека е завршена околу 2.560 години пред нашата ера. Таа таа била висока 147 метри и повеќе од 3.800 години важела за највисоката градба во светот. За да се изгради оваа структура тешка 5.75 милиони тона, биле потребни околу 2,3 милиони камени блокови.rn
3. Сиднејската опера (Сиднеј)
rnrnrnКога архитектот се пријавил на конкурсот за дизајнирање на оперската куќа, тој до тогаш никогаш не го посетил тоа место. Сиднејската опера е завршена во 1943 година, а нејзината должина е 185 метри. Секоја година таа е осветлена од 15.500 сијалици.rn
4. Таџ Махал (Агра)
rnrnrnКога могулскиот цар Шах Џахан ја изгубил својата омилена сопруга додека на свет го донесувала нивното четиринаесетто дете, тој ѝ го изградил овој неверојатен мавзолеј висок 73 метри. За денес Таџ Махал да се заштити од загадување, околу него е дефинирано подрачје од околу 10.400 квадратни километри.rn
5. Статуа на слободата (Њујорк)
rnrnrnСтатуата на слободата е еден од симболите на САД, која е висока 93 метри, а нејзината изградба е завршена во 1886 година. Франција ѝ ја подарила оваа статуа на Америка точно 100 години по американската декларација на независност. Се проценува дека Статуата на слободата е погодена од 600 молњи секоја година откако е изградена.
Дали би пробале една од најотровните риби на светот, овчо сирење со ларви од инсекти или змиско вино? Секој народ има свои специјалитети, а денес ви прикажуваме дел од најнеобичните јадења кои постојат во светот.rn
1. Санаки, жив октопод (Кореја)
rnrnrnОктоподот се сече на парчиња додека сѐ уште е жив, се прелива со масло од сусам и веднаш се сервира. Можете да видите како сѐ уште мрда додека стои во вашата чинија. Јадењето жив октопод не само што е ментален предизвик затоа што ќе морате да се соочите со фактот дека вие јадете нешто што сѐ уште мрда, туку исто така и физички затоа што ќе морате малку да се борите со вашата храна за да го почувствувате нејзиниот вкус.rn
2. Кисела харинга (Шведска)
rnrnrnЕдно од најчудните јадења на светот е оваа балтичка харинга. Таа може да се пронајде на полиците во супермаркетите во Шведска. Харингата е сурова и се наоѓа во конзерви во кои се става за да се спречи гниењето на рибите. Процесот на ферментација трае околу 6 месеци и на рибата ѝ дава солено-кисел вкус.rn
3. Копи Лувак (Индонезија)
rnrnrnНајретките и најскапите кафиња на светот се прават од измет на животните кои потсетуваат на мачки, односно од едни диви животни кои се со изразени очи, издолжена муцка и многу остри канџи и заби. Овие ѕверки во текот на ноќта се искачуваат по дрвјата, каде што ги берат и ги јадат само најдобрите зрна кафе и откако ќе ја изгризат надворешноста, го проголтуваат внатрешното тврдо зрно, кое го исфрлуваат преку изметот.rn
4. Фуга (Јапонија)
rnrnrnДали сте слушнале за фуга? Со оваа риба треба да бидете многу внимателни, затоа што таа е една од најотровните на светот и ако не се подготвува правилно, може да ве убие. Овој деликатес е многу популарен во Јапонија и може да го подготвуваат само вешти готвачи. Отровните органи и кожата внимателно се отстрануваат и она што останува е вкусното месо. Поради тоа во Јапонија го подготвуваат само специјални експерти кои се обучени за подготовка на тој вид риба, а рестораните мораат да поседуваат специјална дозвола за нивно послужување. Поради непрофесионална подготовка на овој чуден специјалитет, имаат починато 15 лица. Тој се јаде во зимскиот период, кога се лови фугата.rn
5. Касу Марзу (Сардинија)
rnrnrnСтанува збор за овчо сирење кое во себе содржи ларви од инсекти и е многу популарен производ во Сардинија. Најчесто се јаде со ларвите.rn
6. Вино од змија (Виетнам)
rnrnrnЗмиското вино е алкохолен пијалак кој се добива така што во шишето со вино се става цела змија. Се верува дека отровот на смртоносните змии како што е кобрата или ѕвечарката, може да биде разложен со долготрајното стоење во алкохол и дека она што останува во шишето им дава на луѓето сила и виталност, а според традиционалната кинеска медицина, може да оживее и човек.rn
7. Балут (Филипини)
rnrnrnМожеби сте изненадени секој пат кога ќе отворите Киндер јајце, но ништо не може да се спореди со изненадувањето што се крие во Балут јајце од Филипините. Станува збор за јајце од патка или кокошка со речиси развиен ембрион. Најпрво се срка течноста која го опкружува ембрионот, а потоа се лупи јајцето и се јаде содржината која има коски, клун и пердуви на ембрионот. Ова е толку честа храна во овие земји, што дури се продава и на уличните штандови.rn
8. Печена тарантула
rnrnrnЗа овој десерт да се најде во вашата чинија, готвачот претходно би требало да убие тарантула. Тоа се прави со прободување со стап или нејзино давење во врела вода. Тарантулата стои во маринада направена од шеќер, сол, пилешка супа и локални зачини, а потоа се пржи во масло. Може да се купи на улица и да се јаде како ужина.rn
9. Хагис (Шкотска)
rnrnrnЦрниот дроб, белиот дроб и срцето на овцата во Шкотска се вистински деликатес. Тој може да се најде во рестораните и е дел од постојаните менија на повеќето пабови. Типично се послужува со кромид, закини, каша од јачмен и супа, а за да добие посебен шарм, се додава и варен желудник од овца.
Постојат многу интересни места на планетата Земја, кои за жал поголемиот дел од нас никогаш нема да можат да ги посетат. Но, има и добри причини зошто овие локации се толку недостапни. Таквите места секогаш привлекуваат голем интерес кај туристите и авантуристите, иако невозможно е да се стигне до нив. Ние ќе ви откриеме дел од тајните на овие дестинации и ќе ви овозможиме да ѕирнете што кријат тие во себе…rn
1. Оперативен центар за вонредни ситуации на планината Ведер, Вирџинија
rnВлезот им е дозволен само на функционери од највисок рангrnrnПланината Ведер ја крие тајната воена база на американската влада. Таа се наоѓа под планината и нејзината улога е да ја заштити земјата во случај на катастрофа и други вонредни ситуации. Некои од градбите на центарот се изградени на површината на земјата и нив ги чуваат посебно обучени безбедносни служби. Внатре, во центарот владеат посебни закони, а влезот е строго забранет за сите обични луѓе.rn
2. Свалбард, светскиот сеф за семки во Норвешка
rnСкладиште кое може да се искористи само во случај на катастрофаrnrnНа Шпицбершките Острови во Норвешка, на длабочина од 120 метри, изграден е тунел со константна температура од -18 степени Целзиусови. Влажноста се одржува на минимум, а климата во тунелот се регулира со помош на автоматски систем. Тука се наоѓа последната надеж на човештвото да го оживее природниот свет во случај на неочекувана катаклизмична појава. Во фрижидерите има семки од агрикултурата на сите светски земји и токму поради тоа ниту еден човек не смее да влезе тука. Ризикот од можноста да се уништат последните шанси на човекот да преживее во случај на катастофа е преголем!rn
3. Резервоарот Вале до Јавари, Бразил
rnМестото е изолирано за да се заштитат домородните племињаrnrnДомородните племиња живеат во амазонските џунгли со векови. Во резервоарот Вале до Јавари постојат околу 14 племиња кои никогаш не го виделе надворешниот свет и чиј живот се врти околу земјоделството. Истражувачите откриле дека таму постојат 8 села и процениле дека вкупната популација на домородни луѓе изнесува околу 2.000 жители. Со цел да им обезбедат постојана заштита и за да можат да го зачуваат нивниот начин на живот, властите им забраниле на луѓето да влегуваат во оваа област на амазонската дождовна шума.rn
4. „Клуб 33“, Њу Орлеанс
rnТајно друштво недостапно за сите обични луѓеrnrnВо 1967 година, Волт Дизни основал клуб на познати инвеститори, значајни јавни лица и политичари. Никогаш нема да добиете покана за да го посетите „Клуб 33“, бидејќи она што се крие зад интригантната врата останало мистерија за обичните луѓе до ден денес. Но, ако навистина „умирате“ од љубопитност, можете да го посетите клубот ако чекате 14 години и платите почетна цена од 10.450 долари за индивидуален влез или 27.500 долари за компании. Освен тоа, секоја година ќе треба да плаќате по 3.275 или 6.100 долари за да го зачувате членството во клубот.rn
5. Магнетниот остров Ес Ведра
rnЗабранет пристап за да се заштитат луѓето од влијанието на непредвидливите магнетни силиrnrnЕс Ведра припаѓа на Балеарските Острови во Шпанија и се смета за една од најмоќните геомагнетни сили на Земјата (другите се Бермудскиот триаголник и Северниот пол). Островот нема никакви метални остатоци, бидејќи целосно е формиран од вулкански камења. Тука сите технолошки уреди престануваат со работа и не се ни обидувајте да користите компас, затоа што стрелката ќе се врти хаотично во различни насоки. Постојат многу легенди и приказни за мистериозниот Ес Ведра. Шпанската влада ги забранила посетите на островот и го прогласила за природен резерват. Се вели дека Шпанците понекогаш организираат нелегални екскурзии на островот. Легално е само да го набљудувате брегот на островот од далеку.rnrnВо продолжение прочитајте и за 5-те најмистериозни места на Земјата каде туристичките посети се забранети.
Марина Пиро е девојка која многу сака да патува. Таа е родена во Италија, живее во Велика Британија, а сега патува низ светот во едно старо комбе кое таа го вика Пем, заедно со нејзиното куче, лабрадудл по име Оди. Самата го преуредила комбето по двомесечна подготовка.rnrnrnrnТаа комплетно го сменила ентериерот и го претворила во удобно местенце со сите неопходни работи за едно нормално живеалиште. Марина открила дека целосното преуредување на комбето ја чинело околу 600 евра.rnrnrnrnТаа немала поим како да го реновира комбето кога ја добила идејата. Учела на лице место.rn
„Комбето не испадна совршено. Не можам ништо да исечам рамно и секогаш грешам при земањето мерки, но добро функционира тоа што го направив“, признала Марина.
Херлуф Бидстрап е одличен дански илустратор кој го отсликува животот на реалистичен и досетлив начин. Сите луѓе можат да се пронајдат во неговите илустрации без оглед на националноста, верската и етничката припадност. Неговите дела сѐ уште се од големо значење иако повеќето од нив биле создадени во 1940-тите и 1950-тите години. Погледнете дел од неговите фантастични илустрации кои ќе ве поттикнат на размислување и ќе ви го претстават светот во вистинско светло…rn
Несомнено е дека жените се силни, а тоа го потврдуваат многу ситуации. Уште од минатото сме сведоци на жени кои биле големи борци и кои придонеле за создавање подобар свет. Но, сигурно не сте слушнале за силните жени кои ја одбележаа 2016-та година. Во продолжение проследете некои од нив кои покажуваат дека тие имаат храброст и моќ да направат многу работи.rn
1. Девојче што гледа во полицаецот за време на протестите во Чиле
rnrnrnСтанува збор за непознато девојче што учествувало во протестите за воениот удар во Чиле кој се случил во 1973 година. Фотографијата е направена откако полицијата почнала со случајно апсење на луѓе од групата која марширала низ градот. Фотографот, Карлос Вера Мансилиа, рекол дека девојчето застанало пред полицаецот со дрзок поглед.rn
2. „Las Hijas de Violencia“, група жени во Мексико кои се борат против малтретирањето на улица со користење конфети и пеење панк музика
rnrnrnЖените во Мексико Сити одлучиле да се справат со уличното малтретирање, така што формирале своја група. Секогаш кога некој човек ќе ги повика членовите кога тие се во јавност, групата ја пее нивната песна „Sexista Punk“ и пушта конфети од пиштол играчка кон оној кој ги вознемирува.rn
3. Меган Хајн, експерт за преживување која на оние кои бараат авантури им нуди безбедност во опасните средини со нејзините вештини и знаења
rnrnrnВо едно интервју таа рекла дека има преживеано напад од лавови и дека еднаш била бркана низ џунглата од вооружена банда. Таа исто така може да запали оган со тампон.rn
4. Балкиса Чеибау, жена која го ризикувала својот живот велејќи дека нема да се омажи за нејзиниот братучед кога имала само 16 години
rnrnrnОваа жена моментално учи медицина, следејќи го нејзиниот сон да стане доктор.rn
„Кога бев мала, сонував да станам доктор. Да се грижам за луѓето, да носам бел мантил“, вели таа. „Советот кој го имам за вас е да се борите и да учите со сите сили. Знам дека учењето не е лесно, но мора да се присилите себеси бидејќи тоа е вашата единствена надеж.“
rn
5. Амна Сулејман која ја предводи групата жени кои возат велосипед во јавноста во Газа
rnrnrnИмено, таа ја предизвикува непишаната забрана за жените да возат велосипед после пубертетот. Сулејман им помага на другите жени да се спротивстават на културните норми, преку поттикнување да возат велосипед во јавноста, нешто што таму се смета за кршење на социјалната пристојност и традиција.rn
6. Марли Диас, 11-годишно девојче кое собира илјадници книги за девојчињата со темна кожа
rnrnrnДиас има собрано повеќе од 7.000 книги за девојчињата со темна кожа и повикува за подобра разновидност во детските книги со нејзината кампања позната како #1000BlackGirlBooks.rnrnПродолжете на следната страница за повеќе инспиративни приказни…rn
Многу е тешко да се најде личност што не посакала да се откаже од својот обичен живот и да патува ширум светот. Но, нашата планета е толку голема што не можеме да не се запрашаме дали е воопшто можно да се посетат сите држави што постојат. Но, има една млада дама што го обожава животот, Кејси, од Конектикат, Америка, што полека ни докажува дека тоа е сосема возможно. Токму затоа и сме горди што можеме да ја споделиме со вас нејзината инспиративна приказна.rnrnrnrnКејси го започнала своето патување во јули 2015 година, кога имала 25 години. Таа сега има 27 години и за само 15 месеци успеала да посети 180 држави, патувајќи 254 пати во авион. Но, тоа не е сè. Кејси има цел да стане првата жена во историјата што ги посетила сите 196 држави во светот. Таа сака да ја заврши оваа мисија во следните 45 дена.rnrnrnrnКејси вели дека отсекогаш сакала да го види светот и дека почнала овој „луд план“ да го составува уште додека била во училиште. Таа сакала да открие колку што е можно повеќе за традициите, историјата, културата и религијата на луѓето што живееле таму. Кејси едноставно не можела да остане само на местото каде што била родена.rnrnrnrnСекако, за овој подвиг се потребни многу пари. Во глобала, патот на Кејси досега ја чинел околу 198.000 долари – сума што доаѓа од голем број спонзори. Со нивната помош, оваа храбра млада девојка направила документарен филм за нејзиното уникатно патување. За возврат, таа ги рекламирала нивниот бизнис.rnrnrnrnАко ја прашате Кејси, привлекувањето инвеститори не е лесна задача бидејќи таа морала да бара финансиска поддршка додека патува. Сепак, успеала да стане глобален амбасадор и сега е одговорна за средби со студенти и професори од факултетите за туризам ширум светот. Уште една програма на којашто работи вклучува собирање водени примероци со цел да им помогне на научниците во нивните истражувања.rnrnrnrnЗа Кејси многу е важно да излезе од својата удобна зона и да се нурне во неистражените и фасцинантните делови од светот. Таа исто така сака да покаже и дека една жена може сама да патува по светот. Не е помалку важна ни нејзината амбиција да постави нов рекорд и да им докаже на сите дека дури и најамбициозните цели можат да бидат постигнати.rnrnrnrnВо просек, Кејси поминува по неколку денови во секоја држава. Којзнае, можеби во моментов таа е во Куба!rnrnrnrnСо среќа Кејси! Се надеваме дека набрзо ќе ја оствариш својата цел.