КАФЕ ПАУЗА

Tag: свет

  • Вашиот свет ќе биде сосема поинаков ако имате повеќе верба во себе

    Вашиот свет ќе биде сосема поинаков ако имате повеќе верба во себе

    Вашиот свет ќе биде сосема поинаков ако престанете да ѝ дозволувате на негативната енергија да ви ги контролира мислите. Престанете да ги слушате злобните гласови во вашата глава. Престанете да се сметате себеси за неуспех! Вие можете да успеете!rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако имате повеќе верба во себеrnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако ги следите вашите амбиции, наместо да претпоставувате дека вашите соништа се бесмислени. Слушајте го вашето срце! Не го стишувајте неговото биење, само за да ги слушнете негативните мисли во вашата глава.rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако решите да пробате наместо да се откажувате уште пред да почнете. Дозволете си да сонувате на големо, да размислувате на големо и да живеете на големо!rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако продолжите да одите напред, наместо да уживате во удобноста на местото каде што се наоѓате моментално. Подигнете ги вашите стандарди од сите аспекти на вашиот живот: Вашата кариера, пријатели и љубовни врски.rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако почнете повеќе да се сакате себеси. Престанете да се гледате во огледало и да се муртите поради тоа што сте го виделе. Престанете да се опседнувате со недостатоците на кои никој друг не им обрнува внимание и почнете да размислувате за работите што ги сакате кај себе.rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако си ја зголемите самодовербата. Држете ја главата повисоко, одете исправено и гледајте ги луѓето право во очи, наместо да им го одбегнувате погледот.rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако престанете да играте на сигурно. Преземајте повеќе ризици. Дозволете си да се обидете и да потфрлите, без никаков страв. Обидете се да ги добиете работите што ги сакате наместо да сонувате со отворени очи и да замислувате што би се случило кога би ги добиле.rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако бидете исто толку добри кон самите себе колку што сте добри кон сите останати. Донесете одлука дека нема да се сметате себеси за непријател и спријателете се со вашето вистинско „јас“. Бидете доволно себични и ставете се себеси на прво место за промена.rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако им кажете збогум на вашите несигурности. Кажете им збогум на вашите стравови. Кажете ѝ збогум на вашата удобна зона. Кажете им збогум на токсичните луѓе во вашиот живот кои не заслужуваат да бидат дел од него.rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако почнете да верувате во себе. Имајте верба дека ќе го постигнете сето она што сте го замислиле, бидејќи вие сте доволно интелигентни, креативни, прекрасни и силни.rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако одвоите момент за да се спознаете себеси. Вие вредите и можете да успеете. Нема да се откажете додека не стигнете до местото за коешто сонувате во доцните вечери и раните утра.rnrnВашиот свет ќе биде сосема поинаков ако го смените вашиот став. Сменете го вашиот став и сменете го вашиот свет!rnrnВо продолжение, прочитајте ги и овие 6 знаци дека треба да внесете промени во вашиот живот.

  • 15 примери што ќе ви докажат колку многу се има сменето светот за 17 години

    15 примери што ќе ви докажат колку многу се има сменето светот за 17 години

    Одвреме-навреме сите си помислуваме дека светот многу се има сменето. Можеби мислите дека нема толку голема разлика помеѓу 2000 и 2017 година, но ако подобро размислите, ќе сфатите дека нештата денес воопшто не се такви какви што биле порано. Следниве 15 докази ќе ви покажат колку многу се има сменето светот за 17 години…rn

    1. Шише вода наспроти шише за вода што се јаде

    rn15 примери што ќе ви докажат колку многу се има сменето светот за 17 годиниrn

    2. Печатење хартија и 3Д печатење

    rn15 примери што ќе ви докажат колку многу се има сменето светот за 17 годиниrn

    3. Зек Ефрон во 2000 и Зек Ефрон во 2017

    rn15 примери што ќе ви докажат колку многу се има сменето светот за 17 годиниrn

    4. Телефон на преклопување и ајфон

    rn15 примери што ќе ви докажат колку многу се има сменето светот за 17 годиниrn

    5. Ролерки и Ховерборд

    rn15 примери што ќе ви докажат колку многу се има сменето светот за 17 годиниrn

    6. Шминката во 2000 и шминката во 2017

    rn15 примери што ќе ви докажат колку многу се има сменето светот за 17 годиниrn

    7. Мп3 на УСБ наспроти Спотифај

    rn15 примери што ќе ви докажат колку многу се има сменето светот за 17 годиниrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Неверојатни факти за светот кои ќе ги изненадат дури и најпаметните умови

    Неверојатни факти за светот кои ќе ги изненадат дури и најпаметните умови

    Сите ние сме сигурни дека знаеме сè и дека не постои ништо на светот што може да нè изненади. Но колку само грешиме. Погледнете ги овие 30 факти кои сигурно ги немате слушнато и убедете се дека светот сепак е полн со многу изненадувања.rnrn(1)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mkrnrn1. За да разликувате вистински од лажен дијамант, доволно е да дувнете на него. Лажниот ќе се замагли, а вистинскиот ќе остане сјаен.rnrn2. Лебарките можат да живеат неколку недели без глава. Потоа умираат од глад.rnrn3. Средниот прст на Галилео Галилеј се наоѓа во Научниот музеј во Фиренца.rnrn4. Ајфонот, книгите „Хари Потер“ и Рубиковата коцка се 3-те најпродавани производи во историјата на човештвото.rnrn5. Мона Лиза неколку години се наоѓала во спалната соба на Наполеон Бонапарта.rnrn(2)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mkrnrn6.Фенотипот Бомбај е феномен каде што одредени елементи од крвта недостасуваат. Резултатот е личност со неколку крвни групи. Само 0,0004% од населението имаат ваква крв. Постои дури и посебно складиште за оваа крв за припадниците на групата да можат веднаш да добијат трансфузија ако имаат потреба од тоа. Интересно е што оваа уникатна крвна група може да биде користена кај секоја личност со некоја од другите крвни групи.rnrn7. Покрај сетилата што ни се познати како мирис и допир, луѓето имаат уште едно сетило – проприоцепција. Ова сетило претставува свесност за положбата на деловите од телото.rnrn8. Само 5% од населението на Бразил живее во Рио Гранде. Сепак, ова е местото од каде што потекнуваат 70% од бразилските модели.rnrn9. Формата на бананите е резултат на нивното движење кон сонцето.rnrn(3)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mkrnrn10. „Мејдеј“ (mayday) е интернационален збор кој се користи наместо СОС во радио разговор.rnrn11. Покемоните Хитмонли и Хитмончан се крстени по Брус Ли и Џеки Чен.rnrn12. Шпанскиот збор „esposas“ истовремено значи и „лисици“ и „сопруги“.rnrn(4)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mkrnrn13. Сината птица од логото на Твитер има име – Лери. Креаторите на социјалната мрежа ја крстиле птицата по кошаркарот Лери Бирд.rnrn14. Во високите планински шуми на Непал, постојат џиновски пчели. Должината на нивните тела може да достигне и до 3 центиметри. Овие пчели произведуваат посебен вид мед кој предизвикува халуцинации. Луѓето кои живеат во тој предел го собираат и користат овој мед.rnrn15. Кога слабеете или се здебелувате, вашите масни клетки не исчезнуваат туку само се менува нивната големина.rnrnПогледнете ги останатите факти на следната страница…rn

  • Совршен спој на модерно и луксузно: Ова се трите најбогати земји во светот!

    Совршен спој на модерно и луксузно: Ова се трите најбогати земји во светот!

    Секоја година се објавува листа со најбогатите и најсиромашните земји во светот. Таа листа се формира врз основа на куповната моќ на населението, во споредба со курсевите во одредени земји и во релација со цените на различни добра.rnrn1-sovrshen-spoj-na-moderno-bogato-i-luksuzno-ova-se-trite-najbogati-zemji-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rnrnИ оваа година, првите три места ги заземаат едни од помалите држави кои продолжуваат со својата доминација.rn

    3. Сингапур

    rn2-sovrshen-spoj-na-moderno-bogato-i-luksuzno-ova-se-trite-najbogati-zemji-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rnrnСингапур оваа година се најде на третото место. Овој микрокосмос на Азија е населен со Кинези, Малајци, Индијци и голем број странски државјани. Овој град овозможува многу нешта, како што е брилијантната локација за сите оние кои сакаат да се занимаваат со бизнис, бидејќи Сингапур покрива цел континент и е одлично место за живот и работа. rnrnБогатиот град, во комбинација со модерните облакодери, со различни влијанија, со вкусната храна, со рестораните кои во голем број работат по 24 часа, со добриот шопинг и возбудливиот ноќен живот го прават одлична дестинација за туризам, како и за живот. Сепак, славната држава има и свои недостатоци, како што се доста строгите казни за најразлични работи или фактот дека овој град-држава со своите просечни 30 степени не е место во кое би можеле да живеат оние кои се навикнати на умерени температури и 4 годишни времиња.rn

    2. Луксембург

    rn3-sovrshen-spoj-na-moderno-bogato-i-luksuzno-ova-se-trite-najbogati-zemji-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rnrnМалиот Луксембург е на второто место на оваа листа. Минијатурната држава ја стекна својата популарност со својот голем и фантастичен развој. Тоа можеби е и заради специфичната положба, на раскрсница кој овозможила различните култури, влијанија и јазици да се измешаат создавајќи една сосема нова и единствена култура. rnrnНеобично позиционираниот град Луксембург остава впечаток дека се состои од две нивоа, повисоко и пониско. Преполн е со паркови кои се особено интересни во пролет и есен, а традиционалната кујна ќе ве остави без здив бидејќи изобилува со разновидни рустикални, вкусни и рафинирани јадења, во кои најмногу се чувствува влијанието на соседните земји: Германија, Франција и Белгија.rn

    1. Катар

    rn4-sovrshen-spoj-na-moderno-bogato-i-luksuzno-ova-se-trite-najbogati-zemji-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rnrnСо околу 14% од населението кои се милионери, Катар уште еднаш се здоби со титулата за најбогата земја во светот. Оваа релативно млада земја, која до пред триесеттина години била рибарско село во пустина, се разви неверојатно брзо. Безброј хотели, трговски центри и спортски хали се само дел од сето она што можете да го пронајдете во државата во која нафтата е поевтина од водата и која е синоним за сјај и луксуз. rnrnНеколку специфичности посебно се издвојуваат, како на пример шопинг центарот Вилаџио што претставува совршена реплика на Венеција или вештачките острови кои ги гради владата, на кои странците купуваат станови со брзина на светлината. Една таква населба е Периа, во облик на школка со бисер во средината, исполнета со луксузни трговски центри, најмодерни солитери и прекрасни јахти.

  • 13 неверојатни работи кои во овој момент се случуваат во светот

    13 неверојатни работи кои во овој момент се случуваат во светот

    Според приказните што медиумите ги споделуваат со нас, светот не изгледа како најдоброто место, но тоа не значи дека не се случуваат и убави работи. И покрај сите лоши, постојат и многу навистина добри работи кои се случуваат, и тоа во овој момент. Во последно време добрината околу нас не го добива потребното внимание, па во продолжение е листа од прекрасни работи кои се случуваат сега. Дали сте знаеле за која било од овие работи?rn

    1. Научниците класифицирале нов вид поларна светлина наречена Стив

    rn(1)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОваа поларна светлина, или Аурора изгледа како панделка од светлина и е забележана во северната хемисфера.rn

    2. Лекарите успешно поправиле оштетување на мозокот

    rn(2)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnИстражувачите во САД успешно излечиле 2-годишно девојче кое имало оштетување на мозокот. Девојчето се удавило во базен и било вратено во живот, но нејзиниот мозок бил толку многу оштетен што тоа не можело да зборува, да реагира на гласови, ниту пак да оди. Сè што можело да направи било да ја мрда главата. Благодарение на третманот, девојчето се чувствува многу подобро, а штетата на мозокот е речиси целосно поправена.rn

    3. Близу сме до одржлива нуклеарна фузија

    rn(3)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnЗа оние кои не знаат, нуклеарната фузија може да биде решението за неограничен извор на енергија. На крајот на 2015-та година, во Германија почнал да се тестира ваков реактор и веќе некое време тестовите се успешни. Според научниците од МИТ, можеме да ја очекуваме енергијата од фузија пред 2030-та година.rn

    4. НАСА ги објави сите свои истражувања

    rn(4)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnМинатата година НАСА изјави дека до крајот на годината сите нивни истражувања ќе ѝ бидат достапни на јавноста, и тоа бесплатно.rn

    5. Хипер-јамките можеби ќе станат реалност

    rn(5)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnЕлон Маск веќе некое време работи на овој проект. Хипер-јамките се замислени како цевки кои ќе ги пренесуваат луѓето помеѓу градовите со огромна брзина. Веќе почнаа да се градат прототипови на хипер-јамки низ светот, и изгледа дека онаа што ќе ги поврзува Париз и Амстердам ќе биде готова пред 2021 година.rn

    6. Сега можеме да го слушнеме универзумот

    rn(6)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnИмаме детектирано уште најмалку 2 гравитациони бранови од 2015 година, а научниците сакаат да ги користат вселенските детектори како ЛИСА за да научат повеќе за нив.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

    Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

    Како ја замислувате иднината? Дали мислите дека драстично ќе ни се смени животот или пак нема да доживееме толкави промени? Најпознатиот футурист во Европа, Реј Хемонд, има неколку интересни идеи околу тоа како ќе изгледа светот во 2040 година. Прочитајте ги неговите замисли и видете дали се совпаѓаат со вашите…rn

    Здравје

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnСите ќе носиме разновидни сензори кои постојано ќе ни ги надгледуваат крвниот притисок, шеќерот во крвта и нивото на кислород во крвта. Животниот век ќе се продолжи и многумина ќе живеат повеќе од 100 години. Децата родени во 2040 година на некој начин ќе имаат бесконечен живот. Со помош на генетските терапии, матичните клетки и наномедицината, ако ги исклучиме несреќите и смртоносните болести, ќе можеме да живееме засекогаш и да изгледаме многу помлади. Благодарение на егзоскелетите, односно надворешните вештачки цврсти структури, постарите луѓе ќе можат да останат подвижни многу подолго. Сега тие се тврди и крути, но тогаш ќе бидат меки и удобни.rn

    Секс

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnЛуѓето ќе се вљубуваат во роботи, а тоа ќе влијае на човечките односи. Како што е познато, имаме навика да наоѓаме човечки карактеристики кај неживите предмети, а со тоа што роботите стануваат сѐ понапредни, неизбежно е некои луѓе да започнат врска со нив. Свадбите ќе станат поретки, а промискуитетот ќе порасне, бидејќи моралните норми ќе бидат многу поопуштени. Во просек, жените денес имаат 9 сексуални партнери во текот на нивниот живот, а мажите 11. Очекувајте бројките да пораснат на 100 за жените и 200 за мажите.rn

    Транспорт

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnПовеќето возила ќе се возат самите, а автопатите и патиштата ќе имаат ленти за самовозење. Сообраќајот без возачи ќе се одвива во конвои, односно во групи, така што возилата ќе се наоѓаат многу блиску едни до други и ќе ослободат простор на автопатите. Единственото место каде што ќе можете да го возите вашиот автомобил ќе биде лиценцираното тркалиште. Продажбата на автомобили што возат на бензин или дизел ќе биде забранета во 2040 година. Улиците ќе изгледаат и звучат многу поинаку.rnrnШто се однесува до воздушниот сообраќај, нема да има големи промени. Ќе дојде ерата на електрични и самолетачки авиони, но сепак ќе постои мала контрола. Ќе има и хипер дупки, туби за транспорт со патнички ленти што ќе патуваат со брзина од 1100 километри на час.rn

    Храна

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnСо оглед на тоа што светската популација ќе порасне од сегашните 7 билиони на повеќе од 9 билиони, нема да можеме да одгледуваме месо на истиот начин како досега. Нема да има доволно место за сите животни што ќе бидат потребни, а метанот што се ослободува од нив значително ќе ѝ наштети на животната средина. Наместо тоа, ќе има вештачко ткиво, односно месо, што ќе се одгледува во фабрики и нема да има потреба од вистински животни.rnrnВеќе биле произведени и изедени таквите бургери во лабораториите, а до 2040 година, 40% од месото ќе биде вештачко или направено од растенија. Ќе биде направено на таков начин што ќе изгледа, ќе мириса и ќе има ист вкус како вистинското месо. Исто така, ќе се користат и инсекти како замена за месо, бидејќи се богати со протеини, поевтини се и еколошки поздрави. Очекувајте да јадете бургери и колбаси од инсекти! Освен тоа, повеќето луѓе ќе живеат во градови, па житните култури ќе се одгледуваат на вертикални фарми од страните на зградите.rn

    Комуникација

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnСмартфоните ќе исчезнат и ќе бидат заменети со контролни центри што ќе ги носиме во низа уреди поставени околу нашето тело. На пример, ќе носиме паметни контактни леќи каде што текстовите ќе лебдат пред нашите очи и обетки кои ќе испраќаат пораки преку виртуелните асистенти во нашите уши. Нема да се забележува дека носиме нешто дополнително, но ние ќе се чувствуваме како да го гледаме реалниот свет преку смартфон. Исто така, социјалните мрежи ќе се соединат со реалноста. Ќе може да видиме непознат човек на улица и со помош на софтверот за препознавање лица кој ќе биде поврзан со нашите контролни центри, веднаш ќе го знаеме неговото име и ќе можеме да му го најдеме профилот. Како последица на сето тоа, приватноста речиси ќе исчезне.rn

    Вештачка интелигенција

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnЌе мора да си го поставиме прашањето дали машините ќе бидат наши робови или господари. Компјутерите ќе можат да решаваат проблеми исто толку добро колку и луѓето, а ќе имаат потенцијал и да нѐ надминат за кратко време. Потоа ќе се запрашаме дали да им дозволиме да ја преземат контролата или да се обидеме да ја регулираме и да ја измениме вештачката интелигенција. Ќе се појави и идејата за генетска модификација на луѓето за да можат да се натпреваруваат со машините. Нашите одлуки ќе имаат значително влијание на редот во светот. Ако Западот одлучи да ги регулира машините, ќе забележи уназадување во споредба со земјите што им дозволуваат на компјутерите неконтролирано да се развиваат.rn

    Забава

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnДенес, луѓето се „залепени“ за нивните телефони, но замислете си го животот во 2040 година. Помножете ја таа зависност со 100! Поголемиот дел од нашето време ќе го поминуваме во виртуелни светови, без разлика дали станува збор за работа или уживање. Луѓето многу поретко ќе го напуштаат виртуелниот свет за да запознаат луѓе во реалниот живот.rnrnПогледнете ги и овие 6 навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата.

  • Најстрашните работи на светот што навистина постојат

    Најстрашните работи на светот што навистина постојат

    Кога ќе помислите на зборовите „страв“ и „хорор“ што е првото нешто што ви паѓа на памет? Духови? Зомбиња? Страшни филмови? Колку од овие работи се вистински? Што е со големите пајаци, ужасните болести и сериски убијци? Мора да признаеме дека реалноста е многу почудна и пострашна од фантазијата. Па, доколку си барате причина за да не заспиете вечерва, прочитајте ги најстрашните работи на светот што навистина постојат…rn

    Самоубиствено растение

    rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnСтанува збор за најопасната грмушка во Австралија позната под латинското име Dendrocnide moroides. Нејзините листови имаат мали влакна полни со отров. Ако ги допрете, ќе почувствувате како кожата да ви гори од киселина и тоа може да трае со месеци доколку не ги отстраните сите влакна. Се зборува дека некој човек ги употребил листовите како тоалетна хартија и болката била толку неподнослива што се самоубил. Ботаничарите кои дошле до контакт со ова растение ја опишуваат болката на следниов начин:rn

    „Станува збор за најлошата болка што можете да си ја замислите. Чувството е како да сте биле изгорени со жешка киселина и изложени на електрошокови истовремено. Алергиската реакција се развива постепено и предизвикува екстремно чешање и огромни осипи.“

    rnДефинитивно не би сакале да се најдете во близина на ова опасно растение.rn

    Алцхајмерова болест

    rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnЗамислете си да изгубите сѐ и сите луѓе што некогаш сте ги познавале. Последиците од Алцхајмеровата болест не се забавни за гледање ни кога му се случуваат на некој ваш близок човек. Многу луѓе ја поврзуваат оваа ментална болест со хорор филм и тие не се многу далеку од вистината. Најстрашните филмови раскажуваат за вистински случки од животот.rn

    Биолошко војување

    rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnСознанието дека постојат луѓе кои навистина се обидуваат да создадат вируси и бактерии што би можеле да ги искористат како оружје е многу страшно. Непријателите против кои не можете да се борите се пострашни од кои било бомби и пушки. Секако дека сите војни се ужасни, но биолошките војувања се посебно застрашувачки. Користењето биолошки оружја датира уште од антички времиња. Постојат докази дека чумата од туларемија која се појавила во 14 век п.н.е. во Источниот Медитеран била еден вид биолошко војување. Денес, со сета таа напредна технологија, станува сѐ полесно и полесно да се глуми Бог.rn

    Амеба што го јаде мозокот

    rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnНејзиното латинско име е Naegleria fowleri. Станува збор за паразит што може да влезе во човечкото тело преку носот доколку пливате во загадена вода. Оттука, тој патува до мозокот каде што може да предизвика смртоносно воспаление.rn

    Време

    rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnМногу луѓе се плашат од времето кое постојано тече и минува. Секој ден старееме и стравот од тоа дека еден ден ќе се разбудиме стари и беспомошни без да постигнеме ништо во животот е навистина голем и вистински. Егзистенцијалната криза е нешто што секојдневно се исмејува иако би требало да ѝ се обрне повеќе внимание и да се подигне свеста за негативните последици што може да ги предизвика.rn

    Ируканџи – мала, отровна медуза

    rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnСтанува збор за многу мала и нежна медуза (толку е нежна што не може да се чува во аквариум, бидејќи удирањето во стаклото може да ја убие) со неверојатно ужасен убод. Ако ве боцне оваа медуза, ќе го добиете синдромот Ируканџи кој научниците го опишуваат како „чувство на неизбежна пропаст“. Пациентите мислат дека ќе умрат и толку многу се сигурни во тоа што буквално ги молат докторите да ги убијат.rnrnПродолжете на следната страница за останатите страшни работи што навистина постојат…rnrn

  • 20 најинспиративни места во светот

    20 најинспиративни места во светот

    Постои верување дека светот е ризичен и опасен. Но, како што добро знаат луѓето кои патуваат, ова е далеку од вистината. Светот всушност е отворен и гостопримлив. Луѓето кои се наоѓаат на другиот крај на планетата не се странци колку што мислиме дека се. Избегајте од секојдневната реалност, и посетете некои од најинспиративните места.rn

    1. Занзибар

    rn(1)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОвој тропски остров во Индискиот океан е навистина романтично место. Овде можете да одите на сафари, или пак ако се чувствувате авантуристички, да отпатувате до Танзија за да го искачите највисокиот врв во Африка, Килиманџаро.rn

    2. Полуостровот Баха, Мексико

    rn(2)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВториот најголем полусотров ви нуди бегство долго 1.200 километри. Каде и да се завртите, погледот е прекрасен. Пијте коктели и гледајте го залезот на сонцето. Сурфајте на брановите или пак шетајте низ кањоните гледајќи во ѕвезденото небо. Како и да го поминете времето, ќе ги откриете задоволствата кои ги нуди Баха.rn

    3. Бамбусовата шума Арашијама, Јапонија

    rn(3)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnШумата е полна со знаменитости, мали ресторани, продавници и мали бродови. Најдобро е да ја посетите на почетокот на април, или во ноември кога почнуваат да цутат црешовите дрвја.rn

    4. Сосусвлеи, Намибија

    rn(4)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОвој простор е опкружен со црвен песок и огромни површини со бела солена глина. Можете да го посетите во кој било период.rn

    5. Карпести планини, Северна Америка

    rn(5)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОвој планински синџир е долг 4.800 километри и 563 километри широк. Поетскиот опис за планините е „’рбетот на континентот“.rn

    6. Мјанмар, Баган

    rn(6)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо овој древен град има 2.000 храмови и тој е вистинска палета од бои. Баган некогаш бил престолнина на кралството и тогаш имал повеќе од 10.000 храмови и манастири.rn

    7. Серенгети, Танзанија, Источна Африка

    rn(7)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnПоголемиот дел од екосистемот на Серенгети се наоѓа во Источна Африка. Паркот Серенгети е дом на многу цицачи и е популарен по неговото африканско сафари.rn

    8. Големиот насип, Ирска

    rn(8)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnЗаштитен од УНЕСКО, овој насип е резултат на вулканска ерупција пред 60 милиони години. Овде можете да видите многу ретки видови растенија како и интересни формации на карпи и камења.rn

    9. Паркот за диносауруси, Канада

    rn(9)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОвие суштества живееле милиони години пред луѓето. Ако сте љубители на фосили, ова е вистинското место за вас. Паркот се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, 48 километри од Калгари.rn

    10. Лакипија, Кенија, Источна Африка

    rn(10)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОвој регион претставува широко пространство полно со диви животни. Овде можете да видите носорози, слонови, лавови и леопарди кои се движат слободно.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Необични сексуални обичаи ширум светот

    Необични сексуални обичаи ширум светот

    Дали некогаш сте слушнале дека во минатото во хавајската култура имало обичај да им се дава име на своите гениталии? Или пак, дека членовите од кралството и народот имале песни во кои ги опишувале своите полови органи? Постојат уште многу интересни, и малку бизарни обичаи, а дел од нив ви пренесуваме во продолжение.rnrn1-neobichni-seksualni-obichai-shirum-svetot-www.kafepauza.mk_rnrn1. Во стариот Египет се верувало дека текот на реката Нил е предизвикан од ејакулацијата на богот Атум. Поради тоа фараоните ритуално мастурбирале во славната река.rnrn2. Народот Гуајиро од Колумбија има занимлив облик на забава. Во церемонијалниот танц девојката може да му ја постави ногата на момчето. Ако го направи тоа, нивниот танц мора да заврши со секс.rnrn3. Жителите на малиот остров Инис Беаг на крајбрежјето на Ирска се меѓу најзатворените општества, кога станува збор за сексуалните активности. Возрасните луѓе никако не ја соблекуваат до крај својата долна облека, ниту во текот на сексуалниот однос и сите сметаат дека сексот е лош за нивното здравје.rnrn4. Во Средниот век црквата велела дека мисионерската поза е единствената „правилна“ поза за сексуален однос.rnrn5. Некои племиња на Хималаите практикуваат полиандрија и сите браќа делат една сексуална партнерка. Така тие немале многу деца кои не можеле да ги издржуваат поради суровите животни услови.rnrn6. На некои острови во Полинезија било сосема нормално да се набљудуваат родителите додека имаат секс. Децата спиеле во собата заедно со своите родители и биле присутни во текот на нивните сексуални односи.rnrnПрочитајте и за следниве неколку обичаи за првата брачна ноќ кои ќе ве шокираат!

  • Како најздравите луѓе во светот го пијат своето кафе?

    Како најздравите луѓе во светот го пијат своето кафе?

    Погледнете ги најздравите 10 нации во светот и дознајте како нивните жители уживаат во својата дневна кофеинска доза. Можеби треба да научиме нешто од нив, па и ние да си го подобриме нашето здравје!rn

    10. Канада

    rnrnrnКанада е третата нација во светот каде што се пие најмногу кафе. Тоа воопшто не изненадува со оглед на фактот што е земјата од каде што потекнува Тим Хортонс – синџир ресторани познати по своето кафе! Иако порано традиционално подготвеното кафе било норма, денес љубителите на еспресото се во центарот на вниманието.rn

    9. Исланд

    rnrnrnНе е никаква тајна дека жителите на Исланд пијат многу кафе. Да, тие можеби не се нација позната по кофеинот, но откако кафето во 1703 година се вратило назад на островот, станало интегриран дел од културата. Тоа се поврзува со прослави на истиот начин како што алкохолот го прави истото во други култури. И за навистина да разберете колку тие уживаат во него – кафето без кофеин не се нуди воопшто!rn

    8. Ирска

    rnrnrnВеднаш по Турците, Ирците пијат најмногу чај во светот. И покрај тоа што повеќе го преферираат овој пијалак, со тек на годините кафето зема сè поголем замав, особено со подемот на кафетериите. Она што сите ние го знаеме (и сакаме) кај ирското кафе е фактот што тие први ставиле виски во него.rn

    7. Холандија

    rnrnrnСамо една нација во светот консумира во просек повеќе од 2 шолји кафе на ден, а тоа е Холандија. Според статистиките, консумацијата по жител изнесува 2,4 шолји секојдневно. Со други зборови, тие обожаваат редовно да уживаат во овој пијалак.rn

    6. Сингапур

    rnrnrnТие обожаваат „копи“ – темно филтер кафе, што е помалку горко во однос на виетнамското. Жителите на Сингапур пијат до 6 шолји на ден и уживаат во топлото, свежо подготвено кафе, малку засладено и со кондензирано млеко.rnrnПреминете на следната страница за останатите земји…rn