КАФЕ ПАУЗА

Tag: свет

  • 20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чуда

    20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чуда

    Дали сте виделе пештера со мраз што свети или огромен ќуп полн со парички од 15-тиот век? На фотографиите во продолжение ќе го видите тоа, но и многу повеќе. Овие фотографии ќе ви докажат дека нашата планета е полна со изненадувања.rn

    1. Замрзната пештера во Исланд за време на зајдисонце

    rn20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чудаrn

    2. Керамички ќуп со илјадници бронзени парички кои неодамна беа откопани во домот на самурај од 15-тиот век

    rn20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чудаrn

    3. Идни октоподи

    rn20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чудаrn

    4. Статуата што ги претставува женската безбедност и чест во Керала, Индија

    rn20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чудаrn

    5. Желба за живот

    rn20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чудаrn

    6. Маче-цвет

    rn20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чудаrn

    7. Дрвото што никогаш не сте откажало

    rn20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чудаrn

    8. Зајдисонце во Тјумен

    rn20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чудаrn

    9. Патека од цветови

    rn20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чудаrn

    10. Главниот плоштад во Хрватска по нивната победа против Англија во Светското првенство

    rn20 неверојатни фотографии кои докажуваат дека светот е секогаш полн со чудаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот

    10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот

    Дали знаете дека постои „златна крв“ или дека Мерцедес има автомобили со тајна технологија што се активира пред несреќа? Дали сте слушнале дека токму во овој момент луѓето аплицираат за да станат жители на вселенска станица? Ако одговорот е не, подгответе се да бидете изненадени со овие неверојатни факти.rn

    1. Најгласно кажаниот збор е „Тишина“

    rn10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светотrnrnОвој необичен рекорд ѝ припаѓа на наставничка од основно училиште во Белфаст, Ирска. Во 1994-та година, госпоѓицата Гланган го поставила рекордот кога извикала „Тишина!“ со јачина од 121,7 децибели, звук посилен од она што го слушате на рок концерти. За среќа на нејзините ученици, никогаш не го користи ова тајно оружје за време на часовите.rn

    2. Термалните извори Такини во Канада одржуваат годишен фестивал за замрзнати фризури

    rn10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светотrnrnСекоја зима посетителите на термалните извори Такини скокаат во топлата вода со температура од 37,7 степени Целзиусови и ѝ дозволуваат на косата да им замрзне на надворешната температура од -30 степени Целзиусови. Потоа ги фотографираат нивните интересни и чудни фризури.rn

    3. Некои автомобили на Мерцедес пуштаат „розов звук“ пред несреќа

    rn10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светотrnrnСистемот е наречен „Pre-Safe“. Кога сензорите на возилото ќе забележат судир, системот ја пушта „розовата врева“ која ние речиси и да не можеме да ја слушнеме, и таа создава напнатост во мускулите на ушите. Овој систем му помага на возачот да ја избегне несреќата или да го спаси неговиот слух.rn

    4. Според Гордон Рeмзи, постојат само 5 оброци коишто секој треба да знае да ги подготви

    rn10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светотrnrn1. Голем хамбургер. Бидејќи сите сакаат хамбургери.rnrn2. Здрав појадок. Појадокот е особено важен за почетокот на добар ден, па поради ова треба да биде вкусен и здрав.rnrn3. Чорба. Ова е оброк што можете да го подготвите во кој било ден од неделата.rnrn4. Оброк со пилешко. Постојат дузина начини да го подготвите пилешкото и оди одлично со секаков прилог.rnrn5. Добар десерт. Тортата што сте ја направиле вие ќе ви биде многу повкусна од купената.rn

    5. Во текот на Првата светска војна, Германците, Французите и Британците користеле шупливи дрва за шпионирање

    rn10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светотrnrnПрво столарите правеле посебни скици и мереле дрва што растат во близина на непријателската територија. Потоа правеле идентична копија на измереното дрво. Во текот на ноќта, тим инженери ја изведувал операцијата и го заменувале дрвото со лажно. Во лажното дрво се криел војник кој внимателно ги забележувал движењата на непријателите.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Како во овој хаотичен свет, токму ТИ да бидеш промената што му е потребна?

    Како во овој хаотичен свет, токму ТИ да бидеш промената што му е потребна?

    Суровата вистина е дека, колку повеќе растеш и созреваш, толку повеќе сфаќаш дека светов во којшто живееме, понекогаш знае да биде навистина мрачен. Срцето ќе ти биде скршено многупати и ќе се соочиш со многу одбивања, разочарувања и безброј збогувања во животот. Не можеш и не треба постојано да ги молиш другите луѓе да останат дел од твојот живот и колку и да звучи како клише, ти мораш да си бидеш твој сопствен херој, за да се спасиш себеси.rnrnКако во овој хаотичен свет, токму ТИ да бидеш промената?rnrnСамо ти и никој друг си единствената личност што ќе мора да ги собира скршените парчиња од твојата душа од подот и само ти ќе мораш да изнајдеш начин да стануваш секое утро од постелата, после непроспиените ноќи, поминати во агонија. На моменти, овој свет ќе изгледа како да се обидува да те скрши, да те собори, да те раскине… Во овие тешки периоди, никогаш не заборавај дека не е сè така црно, и и покрај тоа што можеби во моментот не можеш да ја видиш, сепак ИМА светлина на крајот од тунелот и мораш да продолжиш да веруваш во неа и да ја пречекаш со задоволство кога ќе реши да те осветли.rnrnЗнаеш, секојпат кога овој свет ќе се обиде да те собори, не ги слушај оние коишто ти велат да издржиш и да бидеш цврст. Нема потреба да ја ублажуваме реалноста на нештата и да си велиме дека наскоро сè ќе биде подобро, бидејќи вистината е дека не знаеме кога ќе стане подобро. Ни јас ни ти не знаеме кој е рецептот за успех на сите полиња во животот, но знам дека јас работам на тоа, секој ден, малку по малку, бебешки чекор по бебешки чекор и се надевам дека еден ден, сончев или дождлив, успехот, кармата и универзумот ќе го најдат патот до моето срце.rnrnМожеби товарот којшто го носиш сега на плеќите ќе биде тука уште утре, до следната седмица или до следната година или пет. Но, исто така можеби од утре, поради сплет на околности, ти ќе станеш најсреќната личност на планетава. Што и да ти понуди овој свет, биди личност којашто никогаш нема да се плаши од љубовта.rnrnБиди личноста којашто ќе љуби најсилно од сите, којашто ќе испрати убава, искрена порака и која редовно ќе прашува „Како си?“ и навистина ќе ја интересира одговорот што ќе го добие назад, без разлика дали тој ќе биде позитивен или негативен.rnrnБиди личност којашто ќе биде смела да побара помош од другите, без да чувствува грижа дека можеби ќе биде окарактеризирана како „голем емотивец, на којшто секогаш му е потребна поддршка од светот околу него“.rnrnБиди личност којашто признава кога некој ѝ недостига. Биди личност којашто секогаш се грижи за другите луѓе.rnrnБиди личноста којашто не се срами да ја покаже својата ранливост и којашто знае дека понекогаш е во ред дел од тежината што ја носиш во себе да ја споделиш со блиските.rnrnКако во овој хаотичен свет, токму ТИ да бидеш промената?rnrnБиди личноста којашто никогаш нема да се плаши да биде скршена, којашто признава и ја прифаќа реалноста дека одвреме-навреме ѝ е потребно малку време за себе, бидејќи тоа е сосема во ред, нормално и човечки.rnrnБиди личност којашто е доволно храбра да ги почувствува сите можни емоции што постојат и да прифати дека тие само те прават уште поголем човек.rnrnБиди онаа личност којашто ретко ја среќаваме во денешно време, којашто не ги суди ниту своите ниту туѓите емоции, не озборува и не им посакува лошо на своите пријатели или непријатели. Живеј за себе и за она што си ти. Се прашуваш зошто? Зошто да бидеш добар, кога светот околу тебе е лош? Одговорот е прост и одамна познат: Биди добар, за добро да ти се враќа. Гледај го најдоброто во луѓето, дури и кога не ти оставаат многу простор за тоа.rnrnБиди спиритуалниот, буден ум кој ќе ги цени најмалите нешта, како мирисот на цвеќињата напролет, силното летно сонце, допирот на дождот наесен, крцкањето на снегот под стапалата во зима.rnrnБиди личност којашто е доволно храбра да почувствува сè и да биде добра, дури и кога животот не те третира баш најнежно, затоа што знаеш дека утре пак ќе има нов ден, Сонцето одново ќе изгрее, а тоа значи нови можности за промена.rnrnБиди човек којшто секогаш ги љуби другите со целото свое срце, а истовремено ги остава да дишат слободно. Биди личноста којашто безусловно ги сака другите луѓе, без да чувствуваш опсесија дека тие се твоја „сопственост“. Запомни дека ова е единствениот искрен, вистинит начин да љубиш некого!rnrnБиди личност којашто ги љуби другите луѓе, но не ги моли да останат дел од нејзиниот живот, доколку тие не сакаат. Биди личност којашто секогаш ги остава луѓето да чекорат по својот пат и сами да ги прават сопствените избори, најдобро што знаат и умеат. Подај им рака ако им е потребно тоа, но не ги критикувај, не се наметнувај себеси и дефинитивно немој да им судиш… Зошто? Бидејќи немаш поим како е да се живее во нивната кожа! Си знаеш само за себеси и за никој друг.rnrnБиди човек којшто верува дека силната љубов којашто им ја даруваш на другите луѓе, еден ден ќе ти се врати назад. Верувај дека луѓето коишто треба да бидат дел од твојот живот и се составен дел од твојата „пишана“ судбина, секогаш ќе го пронајдат нивниот пат назад кон твоето срце и ти кон нивното. На моменти, обидувај се и да ја „зафркнеш“ таа судбина којашто е како меч со две острици и пробај да ги промениш нештата околу себе, колку и тоа понекогаш да ти изгледа невозможно поради некое лошо минато искуство.rnrnЗапомни дека живееш само денес, сега и во овој момент! Запомни дека подоцна е подоцна. Пред еден час, месец, година се точки во минатото коишто не можеш да ги вратиш назад, а утре е нешто што сè уште не дошло на ред. Живеј за СЕГА, за ТУКА и ВАКА. Остави го мобилниот телефон на којшто му стана роб 24/7 и навистина СЛУШНИ што ти зборуваат пријателите, семејството и колегите околу тебе. Којзнае, можеби од нив ќе научиш нешто ново или преку нив ќе откриеш нешто ново за себеси!? Заборави за миг на стресот, обврските што те чекаат дури утре и плановите за наредната година…rnrnКако во овој хаотичен свет, токму ТИ да бидеш промената?rnrnСопри за миг, додека трчаш да го фатиш автобусот и почувствувај го мирисот на тазе потстрижената трева во паркот. Ќе бидеш благодарен за тоа. Грижи се за неа. Природата е дар од небото со којшто не треба да си поигруваш.rnrnБиди личноста којашто секогаш одбира да се сака доволно себеси, за секојдневно да работи на своето ментално и физичко здравје. Медитирај, шетај во природа, „рокни“ музика до крај, качувај се по планини, вози велосипед, скокај со параглајдер, вози скутер на вода… Прави сè што сакаш, сè што прави да се чувствуваш живо, среќно, полетно и здраво! Заборави на мрсните хамбургери во 3 часот по полноќ, заборави дека мораш да испиеш 4 алкохолни пијачки додека си излезен со пријателите, само затоа што ТАКА ПРАВАТ СИТЕ.rnrnБиди личноста којашто индивидуално ќе одлучи како да се погрижи за своето тело, бидејќи нема да добиеш друго тело гратис во овој живот. Наполни го стомакот 80% отколку што собира и престани да јадеш во тој миг. Не, не мора да делиш банана-сплит со пријателите, не мора да ја запалиш таа цигара после 10 минути од претходната, не мораш да го испиеш тоа трето виски…rnrnВљуби се во свежиот домашен зеленчук и овошје, во мирисот на зготвената храна и забележувај како полека се трансформираш во личност којашто има енергија, волја и желба да направи сè што ќе науми. Гледај како ти, твоето тело и ум, станувате она што го јадеш и пиеш секој ден, како ќе ти се намалува стресот и ќе ти се зголемува чувството на задоволство.rnrnСедиш минимум 8 часа на работа, па седиш уште 2-3 часа во кафеана и си одиш дома за повторно да седиш или лежиш на каучот и пред да си легнеш, се префрлаш во спалната, за погоди што? ПАК да не се движиш! Си знаел ли дека седечкиот стил на живот експертите го нарекуваат „новото пушење цигари“? Заборави го непотребното „висење“ на Јутјуб или Инстаграм со часови. Излези надвор! Живеј! rnrnБиди личноста којашто секогаш простува и никогаш не ги обвинува другите луѓе за своите лични неуспеси. Биди личност којашто нема да се мрази себеси поради пропаднатите љубовни врски или поради тоа што неизмерно си сакала некого кој бил погрешен за тебе.rnrnБиди личност којашто никогаш нема да се кае, затоа што ја подарила својата љубов на другите луѓе. Биди личност којашто не очекува ништо за возврат на нејзините добри дела. Биди личност којашто ќе верува дека постојат карма, праведност и универзум, коишто еден ден ќе најдат начин да ти искажат благодарност за сета љубов што ја споделуваш. Можеби не во формата и од луѓето од коишто си ги очекувал, но запомни дека љубовта ќе го пронајде патот до тебе, само треба да продолжиш да ја даваш!rnrnКако во овој хаотичен свет, токму ТИ да бидеш промената?rnrnВиди, на светот му се потребни повеќе луѓе како тебе. Интензивната, искрена, чиста љубов којашто им ја даваш на другите, не е никаков знак на слабост, напротив, таа е симбол на сила, симбол на нешто коешто ретко може да се види и искуси денес.rnrnБиди личност, којашто ќе живее спонтано и за моментот и убавината коишто се кријат во него.rnrnСекој ден, без разлика што и да ти се случува, запомни дека во овој хаотичен, прашлив свет, ТИ можеш да бидеш нежниот раноесенски дожд, кој ќе ги освежи сите околу себе после летната жега. Којзнае, можеби ќе инспирираш и некој друг ДА БИДЕ ПРОМЕНАТА што му е потребна на овој свет, па тоа ќе поттикне спирален ефект во кој добрината ќе продолжи да се шири и да инспирира безброј други лица во круг. Луѓето денес не се навикнати на тоа, а отсекогаш, во сите времиња и векови, човекот живеел за истото: љубов, мир и благосостојба. Биди личноста, што секојдневно ќе ги потсетува другите на нивните базични инстинкти и потреби!rnrn„Зошто? Зошто? Зошто?“ – можеби се прашуваш. Бидејќи, кога твојот животен часовник на овој свет ќе престане да чука, зад себе ќе оставиш трага од некој кој ќе биде запомнет како голем, хуман човек, којшто чесно љубел, без да се двоуми околу тоа. Ќе бидеш запомнет како личност, којашто придонела другите луѓе околу неа да се чувствуваат добро во врска со себеси. Ќе бидеш запомнет како личност, која НАПРАВИЛА ПОЗИТИВНА ПРОМЕНА во животите на другите, а нема поголем божји дар од тоа, нели!?rnrnЗа крај, НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА БИДЕШ ПРОМЕНАТА којашто ти и сите останати околу тебе сакаат да ја почувствуваат. Биди убавата промена, што ќе го осветлува светот околу себе и во себе.rn

    Јас сакам да бидам промената, ќе ми се придружиш?
  • Авантури, забава и незаборавни спомени: Прошетајте низ светот со блогерката Софија Јанева

    Авантури, забава и незаборавни спомени: Прошетајте низ светот со блогерката Софија Јанева

    Софија Јанева е 24-годишна девојка чиј Инстаграм профил ќе ве привлече уште од првиот момент штом го видите. Таа исто така води и свој блог, каде што можете да прочитате многу интересни текстови од областа на патувањето и модата. Од професионален аспект, таа е дипломиран економист, но набрзо ќе ја добие и својата магистерска диплома во областа на дигиталниот маркетинг. За Софија маркетингот отсекогаш бил огромна пасија во животот, а во моментов раководи со маркетинг агенцијата „Niko Media“.rnrnПрочитајте го нашиот разговор за нејзините патувачки авантури во продолжение, и уживајте во неверојатните фотографии што таа ги прави…rnrn

    A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

    rnrn

    1. Кое е првото патување на коешто се сеќаваш и колку години си имала тогаш? Дали отсекогаш си уживала во патувањето или тоа ти е новоразвиена страст?

    rnЈас патував уште од многу рана возраст со моите родители, од кои ја наследив љубовта кон патувањата, авантуристичкиот дух и желбата за истражување нови дестинации. Воедно, моја голема инспирација е и тетка ми Марија која е страсен турист и светски патник и го има пропатувано скоро целиот свет.rnrnПрвото патување на кое се сеќавам е двонеделниот одмор во Хургада, Египет. Тој изобилуваше со прекрасни песочни плажи, корали, нуркање, неверојатен морски свет, патувања низ пустината, пирамиди и фасцинантни атракции.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

    rnrn

    rnrn

    2. Која ти е омилената дестинација од твоите досегашни авантури? И кое место на оваа планета би отишла веднаш да го посетиш, без размислување, доколку ти се укаже шанса?

    rnМојата омилена дестинација е и ќе остане Калифорнија, каде што имав можност да живеам една година и каде што го завршив средното училиште. Лос Анџелес е градот на моите соништа, центар на филмската индустрија, модата, Холивудските ѕвезди, Дизниленд, прекрасните плажи (мојата омилена е плажата Венеција), шопинг центрите и забавните паркови… Тоа е место каде што создадов нови и доживотни пријателства.rnrnОна што посебно ме фасцинираше е прекрасната клима и сонцето преку цела година. Секогаш кога ќе ми се укаже можност,  без размислување ќе се враќам во Лос Анџелес.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

    rnrn

    rnrn

    3. Дали си отишла на некое место што излегло многу поразлично одошто си очекувала, на негативен начин? Исто така, дали постои некое место на коешто никогаш не би се вратила назад?

    rnСите дестинации кои сум ги посетила ме инспирирале на посебен, поинаков начин и ми даваат позитивна енергија. Сепак, понекогаш нашите очекувања од некое место се поинакви од реалните доживувања. Таков впечаток ми остави Мексико, каде што и покрај преубавите плажи, неверојатните активности како јавање коњи и забавите со необични коктели во локалните барови, негативен впечаток ми остави големата нечистотија и беда во Тихуана, бездомниците што се присутни насекаде и чувството на небезбедност поради криминалот и дрогата. Бев дури и сведок на полициска интервенција при апсење на нарко трафиканти на американско-мексиканската граница. Мислам дека не би се вратила повторно во Мексико.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

    rnrn

    rnrn

    4. Со какви проблеми најчесто се соочуваш на твоите патувања? Исто така, какви совети би им дала на младите македонски патници и авантуристи за подобра подготовка?

    rnЗа среќа, не сум се соочила со некои поголеми проблеми при моите патувања, повеќе би рекла одредени предизвици, како што се доцнење на поврзани авионски летови при трансфер, губење багаж, неочекувана промена на климатските услови… Сепак, со добра организација и планирање на патувањето, како и позитивен пристап и авантуристички дух, секое патување претставува огромно задоволство и неповторливо искуство.rnrnМој совет за младите авантуристи и љубители на патувањата е да го користат секој слободен момент за да ги остварат своите соништа. Ниедна дестинација не е премногу скапа ако имате добра организација и ако планирате со време. Одберете ја вашата омилена дестинација и планирајте најмалку три месеци однапред – тука се вклучени авионските билети и резервацијата на сместувањето (Booking, Airbnb, хостели). Доколку е потребна виза, почнете со организацијата и шест месеци однапред.rnrnПотоа задолжително истражете ги сите знаменитости кои планирате да ги посетите, сите можни начини на транспорт (влезниците за музеи и метро картите можат да се купат поевтино онлајн), како и студентските попусти. Исто така препорачувам и користење бесплатни локални туристички водичи што можат да се најдат во секој град. За разгледување на градовите ги препорачувам и „Hop-on Hop-off“ автобусите. Офлајн мапите исто така се нешто без што не тргнувам од дома!rnrnСо вас носете ги само најнеопходните предмети и што е можно помалку багаж, одберете сместување со поголем позитивен рејтинг и бесплатно Ви-Фи, пробајте ја локалната кујна, научете неколку изрази на локалниот јазик, започнете го денот порано и нормално, направете многу фотографии… спомените се бесценети и вечни!rnrnИсто така, јас лично имам позитивно искуство со користење евтини авионски летови до најразлични дестинации, кои имаат организирано автобуски трансфер до центарот на градот. Не плашете се да одберете и ваква опција за да заштедите на патувањето.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

    rnrn

    rnrn

    5. Би сакала ли да споделиш некое незаборавно забавно искуство од твоите патувачки патешествија? Нешто што ти се врежало во сеќавањата и што никогаш нема да го заборавиш.

    rnЕдно од моите најнезаборавни патувања е Австралија, посетата на Мелбурн и Сиднеј, а особено турата по „Great Ocean Road“ (Големиот океански пат) во должина од околу 100-тина километри, каде што со моите пријатели ги посетив најневеројатните плажи и заливи, најфасцинантните гребени и едно од новите светски чуда – „12 Апостоли“ како финале.rnrnМоите фотографии сведочат за импресивната природна убавина на оваа обала. Пливањето и нуркањето во океанот е незаборавно искуство, иако секогаш треба да бидете внимателни поради честото појавување на ајкули во близина на брегот. Таму ги видов најголемите и најстрашните инсекти, но имав можност и да погалам џиновски кенгури, мали слатки коали и папагали во најразлични бои што ми слетуваа на рака.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

    rnrn

    rnrn

    6. И за крај, што е тоа што те поттикнува на патување? Дали би можела да си го замислиш животот без да патуваш?

    rnПатувањата отсекогаш биле моја страст. На патувања ме поттикнува љубопитноста и желбата да ги истражам неоткриените убавини во светот, да соберам нови искуства и да стекнам нови пријателства. Секое патување ме исполнува со нова енергија и ме инспирира да создадам нови фотографии и занимливи блог постови.rnrnДосега имам посетено дестинации на сите континенти, освен во Јужна Америка и на Антартикот. Патувањата низ светот го прошируваат умот, давааат слобода на размислување и поттикнуваат на авантури, така што мојот живот би бил навистина неисполнет и празен доколку не би патувала.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

    rnrn

    rnrnrnИскачете се и на планинските врвови со Љупчо Јовчевски, македонски планинар и авантурист.

  • Невообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедија

    Невообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедија

    Светот е неверојатен! Секогаш кога ќе помислиме дека сè сме виделе, тој нè изненадува со нешто ново и непознато. Дури и разни факти од секојдневието, можат целосно да нè изненадат и фасцинираат доколку ги погледнеме од поинаков агол. Прочитајте ја оваа колекција од разни неверојатни факти за светот, коишто се толку невообичаени што веројатно ќе посакате да ги споделите со вашето семејство или со пријателите.rnrnrnrn1. Веројатно досега не сте слушнале дека бебињата слончиња ги шмукаат сопствените сурли, исто како што човечките бебиња ги шмукаат своите палци или цуцлите? Причината поради којашто го прават тоа е од иста природа – чувство на комфор, утеха и спокојство. Покрај тоа, шмукањето на сурлата, во којашто има неверојатни 50.000 мускули, им овозможува на слончињата да научат како да ја користат и контролираат уште од рана возраст.rnrn2. Стивен Спилберг сакал да режира филм за Џејмс Бонд, но бил одбиен. Го споделил овој проблем со неговиот пријател Џорџ Лукас, кој му рекол дека има идеја како да направи подобар филм од Џејмс Бонд. Така започнало создавањето на серијалот филмови Индијана Џонс.rnrnНевообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедијаrnrn3. Дури 1/10 од светските резерви на злато им припаѓаат на индиските домаќинки. Чисто за споредба, тоа е повеќе од вкупните резерви на САД, Швајцарија и Германија.rnrn4. Во 1982 година, маж успеал да се прикраде во Бакингемската палата. Тој дури и јадел чедар сирење околу половина час и шетал низ палатата. Си заминал, дури откако седнал на тронот и испил половина шише вино.rnrnНевообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедијаrnrn5. Додека траела Прохибицијата во САД (1920 -1933) за забрана на производство, увоз, извоз, транспорт и продажба на алкохолни пијалаци, сопствениците на лозје произведувале цврсти концентрирани сокови од грозје, коишто биле наречени „гроздови цигли“. За да не одат во затвор, тие морале да докажат дека грозјето не било употребувано за да се направи вино. Поради тоа, циглите се продавале заедно со известување на коешто стоело дека откако циглата ќе се раствори во вода, добиениот раствор не треба да се чува 21 ден на темно и ладно место. Совршен маркетинг трик, нели!?rnrn6. Луѓето коишто живеат во Калачи, Казахстан имаат многу чуден синдром на спиење. Тие се чувствуваат уморно и поспано, а некои од нив дури спијат по цела седмица. Многу научници имаат спроведено разни истражувања во ова село, но до ден-денес сè уште ја немаат откриено причината, зад овој неверојатен феномен.rnrnНевообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедијаrnrn7. Дали сте знаеле дека јаболката којшто ги купуваме во маркетите, се набрани пред 6-12 месеци? Пред да ги видиме во продавниците, тие се чуваат во специјални фрижидери во коишто има многу мали количества кислород, со цел да не го изгубат својот свеж изглед.rnrn8. Постои епизода од „Разоткривачи на митови“ (Mythbusters) којашто никој нема никогаш да ја гледа. Во неа, креаторите се снимале додека прават многу моќен експлозив од отпадни материјали, но кога станале свесни за можните последици, веднаш го избришале видеото и ја предупредиле полицијата дека терористите може да ги употребат резултатите од овој експеримент за нивни цели.rnrnНевообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедијаrnrn9. Дали сте знаеле дека атомите се во суштина 99.9999999% празен простор? Доколку ги соберете сите луѓе од светот на едно место и го отстраните сиот вишок простор од нив, целото човештво би било сведено на големина од еден портокал.rnrnПрочитајте ги останатите факти на следната страница…rn

  • 15 факти што докажуваат дека светот е многу почуден отколку што мислиме

    15 факти што докажуваат дека светот е многу почуден отколку што мислиме

    Нашиот свет е полн со неверојатни и понекогаш неочекувани факти. Со овие информации не само што ќе научите нешто ново, туку и ќе се расположите. Овие факти ќе го променат начинот на којшто го гледате светот.rn

    1. Во Франција е дозволен брак со мртви луѓе

    rn15 факти што докажуваат дека светот е многу почуден отколку што мислимеrnrnВо Франција, постхумните бракови каде што еден од сопружниците е мртов се легални. Овој вид брак е легален и во Кина и во Судан. Поднесени се дузина барања во Франција од 20-тиот век до денес, и повеќето се одобрени.rn

    2. Очите на нојот се поголеми од неговиот мозок

    rn15 факти што докажуваат дека светот е многу почуден отколку што мислимеrnrnОчите на нојот често се споредуваат со топчиња за билјард. Нивните очи се толку големи што во черепот може да се смести само мозок со големина на орев. Масата на мозокот на нојот е 2 пати помала од онаа на очите.rn

    3. Пилата е измислена како помагало за породување

    rn15 факти што докажуваат дека светот е многу почуден отколку што мислимеrnrnВо 1830-та година, ортопедот Бернхард Хајн го направил првиот хируршки инструмент за сечење коски во кој била вклучена и пила. Пилата била неверојатно корисна при симфизотомија, алтернатива на царскиот рез.rn

    4. Во Исланд било забрането да се галат кучиња цели 60 години

    rn15 факти што докажуваат дека светот е многу почуден отколку што мислимеrnrnЗабраната била ставена во 1924-та година откако се открило дека кучињата се преносители на тенија. Овој паразит е особено опасен бидејќи може да предизвика сериозни инфекции, па дури и слепило. Во 1984-та година забраната била тргната, но во текот на тие 60 години мачката станала омилено домашно милениче.rn

    5. Анатидаефобија: Страв дека ве гледа патка

    rn15 факти што докажуваат дека светот е многу почуден отколку што мислимеrnrnОвој поим е создаден од Гери Ларсон кога цртал една карикатура. Таа се состоела од 2 збора – anatidae и phobia.rn

    6. Наполеон бил нападнат од зајаци

    rn15 факти што докажуваат дека светот е многу почуден отколку што мислимеrnrnВо 1807-ма година, Наполеон решил да прослави со лов. Човекот одговорен за организацијата добил наредба да купи диви зајаци. Но, животните се однесувале многу чудно. Кога започнал ловот наместо да бегаат, зајаците почнале да напаѓаат. Сигурно не знаеле дека го нападнале моќниот Наполеон. Генералите и војниците веднаш почнале да му помагаат, но залудно. Она што е уште почудно е што императорот се исплашил и избегал.rn

    7. Пајак вегетаријанец

    rn15 факти што докажуваат дека светот е многу почуден отколку што мислимеrnrnПостојат околу 40.000 видови пајаци во светот. Во главно тие се хранат со инсекти и други суштества. Сепак, во Централна Америка бил пронајден пајак вегетаријанец наречен Bagheera Kiplingi. Ова е првиот пајак што ни е познат што се храни само со растенија.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Најубавите базени во светот, според Инстаграм

    Најубавите базени во светот, според Инстаграм

    Да, морските и езерските пејзажи се едни од најневеројатните на планетата Земја, особено кога станува збор за летен одмор. Но, верувале или не, постојат неколку базени ширум светот што се наоѓаат рамо до рамо со најневеројатните мориња и езера. Погледнете ги следниве неколку локации што според корисниците на Инстаграм се најдобрите кога станува збор за базени!rn

    Сан Алфонсо дел Мар Алгаробо (Чиле)

    rnrnrnАко некогаш сте се запрашале каде се наоѓа најголемиот и најдлабокиот базен во светот, тогаш дојдовте на вистинското место. Одговорот е во Чиле. Овој неверојатен базен е долг 1 километар, длабок 35 метри и содржи дури 250 милиони литри солена вода. Не е воопшто чуден фактот што покрај пливање, можете и да сурфате во овој базен.rn

    Ресорт Марина Беј Сендс (Сингапур)

    rnrnrnСтанува збор за водена тераса со поглед кон градот. Овој базен се наоѓа во најпопуларниот ресорт во Сингапур, како дел од Небесниот парк на кровот на Марина Беј Сендс, на 57-миот спрат. Поради својата неверојатна локација, овој хотел е прогласен за најчесто објавуваниот на Инстаграм за 2017 година.rn

    Ресорт Хувафен Фуши (Малдиви)

    rnrnrnДа, ова е тоа што се нарекува „бесконечен базен“. Не постои подобро име за ова место што во целост се претопува со океанот. За време на зајдисонцето, базенот изгледа како ѕвездено небо, правејќи го најромантичниот избор на оваа листа.rn

    Хотел Белмонд Карусо Амалфи (Италија)

    rnrnrnЗа разлика од другите базени на оваа листа, овој се наоѓа многу близу до нас, па затоа и можеме да го посетиме барем на еден викенд. Базенот е опкружен со средновековни рушевини, а поради својата одлична положба на морските карпи, тој овозможува неверјоатен поглед кон Средоземното Море.rn

    Блу Лагун (Исланд)

    rnrnrnАко планирате во скоро време да го посетите Исланд, тогаш Сината лагуна е местото што не смеете да го напуштите. Станува збор за вештачко геотермално езеро со сина вода, богата со алги, што има козметичка и освежувачка моќ. Бањањето во врелата вода, додека надвор температурите се под нулата, е искуство што никогаш нема да го заборавите.rnrnПогледнете ги и овие бесконечни базени за целосно опуштање!

  • 3-те хороскопски знаци што се родени да го променат светот!

    3-те хороскопски знаци што се родени да го променат светот!

    Менувањето на светот е тешка задача, но сепак не е целосно невозможно, особено ако сте родени во еден од овие три хороскопски знаци. Кога размислувате за сè што во моментов се случува во светот, за сите конфликти меѓу земјите, за еколошките проблеми, па дури и за омразата помеѓу соседите, изгледа навистина тешко за да се направи план што би сменил нешто. Но, како што знаете и самите, промената почнува од самите нас. Па, кои хороскопски знаци имаат најголеми шанса да направат нешто што целосно ќе го смени светот?rnrn3-те хороскопски знаци што се родени да го променат светот!rn

    1. Овен

    rnОвој знак навистина знае како да ги мотивира луѓето. Како му успева? Едноставно, Овенот не се откажува од своите цели без оглед на тоа колку лошо му изгледаат нештата. Никогаш нема да ги напушти своите планови, без оглед на стресот или потешкотиите со кои се соочува по пат.rnrnАко сте Овен, не можете да верувате дека светот сам ќе се промени, вие мора да бидете подготвени да станете лидери. Некои луѓе мислат дека сте нарцисоидни бидејќи не сакате да си имате работа со слабите и невпечатливите луѓе. Но, реалноста е дека вие само знаете да ги разликувате ситуациите што се важни од оние што се секундарни. Имате голема способност да се сосредоточите на своите цели и планови, како и упорност да ги спроведете до крај.rn

    2. Девица

    rnДевиците секогаш ја користат својата интелигенција за детално да ги анализираат проблемите и ситуациите сè додека не пронајдат најдобро решение. Вие не сте едни од оние луѓе што импулсивно реагираат или зборуваат без да размислат, па кога имате цел да го промените светот околу себе, знаете точно која улога треба да ја играте.rnrnДолго време размислувате за промените и имате долгорочна стратегија за успех. Без оглед на тоа кон што сте насочени – околина, луѓе или технологија, вашите промени мора да бидат величествени. Комбинацијата од вештините и желбата за помош на другите ви овозможува бавно напредување, но темелно и цврсто градење на основите од самиот почеток.rn

    3. Водолија

    rnПостојаната потрага по иновации и напредок ги прави Водолиите најважните луѓе што можат да го променат светот. Вие постојано се обидувате да промените нешто во својот живот и им се воодушевувате на луѓето што постојано се менуваат.rnrnПодготвени сте да се соочите со проблемите и потешкотиите без никаков страв, а исто така можете и да ги гледате нештата од различни перспективи. Сакате секоја промена во која учествувате да биде на голем број луѓе. А кога тоа се случува, подготвени сте да вложите неверојатно голема количина труд и време.rnrnДознајте и кои се 3-те хороскопски знаци со најсилна интуиција!

  • 17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

    17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

    Постојат многу работи во светот за коишто никогаш не сме чуле. Станува збор за секојдневни нешта што нѐ опкружуваат, но како последица на нашите хаотични животи, немаме време да размислуваме за нив. Следниве необични факти ќе ви откријат зошто авионите се секогаш бели и зошто чоколадите Ритер Спорт имаат форма на квадрат. Продолжете со читање и дознајте нешто повеќе за светот околу вас…rnrn17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувањаrnrn1.  Сѐ до 1800-тата година, околу 43% од светската популација не живееле подолго од 5 години.rnrn2. Саудиска Арабија увезува камили од Австралија. Постојат арапски камили, но тие се користат само за забавување на туристите и за превоз. Кога станува збор за храна, Арапите ги претпочитаат австралиските камили.rnrn17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувањаrnrn3. Научниците откриле дека нилските коњи и китовите имаат заеднички предок кој живеел пред 50 милиони години. Токму затоа, може да се каже дека китовите и нилските коњи се далечни роднини.rnrn4. Чоколадите Ритер Спорт почнале да се произведуваат во форма на квадрат откако јакните со квадратни џебови станале популарни во 1930-тите. Компанијата решила да произведува квадратни чоколади што ќе ги собере во овие џебови без да се скршат и ќе тежат исто колку и обичното чоколадо.rnrn17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувањаrnrn5. Се сметало дека семките од рогач се идентични една на друга и се користеле како мерка за тежина – карат (еднакво на 200 милиграма). Оттогаш, каратот станал традиционална мерка за тежина на скапоцените камчиња и бисери.rnrn6. Во 19-ти век во Англија, макасаровото масло било многу популарно помеѓу мажите, бидејќи се верувало дека може да излечи алопеција (ќелавост). За да го заштитат мебелот од дамки од масло, домаќинките почнале да ги покриваат наслоните на мебелот со марамчиња. Оттогаш, тие се нарекуваат антимакасари и овие марамчиња може да се најдат на наслоните на седиштата во возовите и во авионите.rnrn17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувањаrnrn7. Ако човек изеде црн дроб од поларна мечка, постои голема веројатност дека ќе умре. Црниот дроб содржи премногу витамин А и затоа може да предизвика хипервитаминоза и сериозно труење.rnrn8. Некои истражувања покажале дека бебињата свесно се смеат и го прават тоа кога ќе видат дека мајка им или татко им ќе им ја возвратат насмевката. Тие сакаат да ја гледаат насмевката на нивните родители и успеваат да ја предизвикаат со својата насмевка.rnrn17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувањаrnrn9. Во средината на грчката химна има поема од 158 катрени, но се пеат само првите два.rnrn10. И покрај нивните надворешни сличности, дивиот зајак – дупкар и домашниот зајак не можат да се размножуваат еден со друг. Тие имаат различен број на хромозоми. Домашните зајаци имаат 22, а дивите зајаци имаат 24.rnrn11. Авионите се најчесто бели, бидејќи оваа боја го олеснува наоѓањето на некои неправилности, дамки од масло и пукнатини. Освен тоа, белата боја го спречува претераното загревање на авионите. Која било друга боја би ја апсорбирала сончевата светлина и би довела до загревање на авионот.rnrn17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувањаrnrn12. Во подземната железница во Њујорк, електричните светилки се малку неконвенционални. Имено, сијалиците не се одвртуваат во насока на стрелките на часовникот, туку обратно. Ова било измислено за да се спречат кражбите на сијалици.rnrn13. Обичниот полжав се движи побрзо од електроните во бакарна жица.rnrn14. Непријатниот мирис во устата наутро се јавува поради тоа што не се произведува плунка во текот на ноќта. Како последица на тоа, по неколку часови спиење, се собираат бактерии и се распаѓаат.rnrn15. На влезовите на големите згради, најчесто се поставуваат врати со систем на вртење и има причина зошто е тоа така. Отворањето обична врата или врата на лизгање дури и за краток временски период (особено кога времето е студено или топло) доведува до значителни промени на температурата во просторијата. Вратата со систем на вртење го спречува наглото спуштање или покачување на температурата.rnrn17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувањаrnrn16. Националниот фудбалски тим на Бразил е единствениот тим што учествувал на секое светско првенство. Освен тоа, ова е и најуспешниот тим со вкупно 5 победи.rnrn17. Во 1830-та година, кечапот се продавал како лек за дијареја, ревматизам и егзема. Доматите содржат ликопен кој е многу корисен за телото, но секако дека не може да ги излечи сите можни болести. Денес, може да се најде во форма на таблети во сите аптеки.rnrnПрочитајте ги и следниве 16 чудни факти кои се покажале како вистинити.

  • 20-те најубави жени во светот според Интернетот

    20-те најубави жени во светот според Интернетот

    Веб-сајтот TC Candler прави анкети за избор за најубава жена уште од 1990 година. Не се земени предвид ни талент, ни возраст, туку само физичкиот изглед. Погледнете ги 20-те најубави жени од минатата година.rn

    20. Тејлор Хил, супер модел, САД

    rn20-те најубави жени во светот според ИнтернетотrnrnТејлор Хил е модел на Victoria’s Secret. Таа има 21 година и учествува во модни ревии на познати дизајнери од 2015-та година.rn

    19. Лупита Нјонго, актерка, Кенија/Мексико

    rn20-те најубави жени во светот според ИнтернетотrnrnЛупита е родена во Мексико, но пораснала во Кенија. Таа се смета за една од најубавите млади актерки. Нејзиниот талент беше забележан кога доби Оскар во 2013-та година за нејзината улога во „12 години роб“ (12 Years a Slave).rn

    18. Џени Ким, пејачка, Јужна Кореја

    rn20-те најубави жени во светот според ИнтернетотrnrnЏени Ким е најпознатата пејачка од жанрот познат како к-поп, популарна музика од Северна Кореја. Покрај пеењето, оваа девојка е и модел за познати корејски и европски брендови.rn

    17. Јаел Шелба, модел, Израел

    rn20-те најубави жени во светот според ИнтернетотrnrnЈаел пораснала во многу религиозно семејство. Но, ова не ја спречило да го оствари својот сон и да стане модел.rn

    16. Октјабрина Максимова, модел, Русија

    rn20-те најубави жени во светот според Интернетотrnrn22-годишната Октјабрина е од Санкт Петербург. Покрај тоа што е модел, таа судира право и сака да стане адвокат.rn

    15. Лалиса Манобан, пејачка, Јужна Кореја

    rn20-те најубави жени во светот според ИнтернетотrnrnОваа девојка е родена во Тајланд и е пејачка во бендот BlackPink. Таа исто така е и модел.rn

    14. Ема Вотсон, актерка, Велика Британија

    rn20-те најубави жени во светот според ИнтернетотrnrnНема потреба да објаснуваме која е Ема Вотсон. Речиси секој ја знае од серијалот Хари Потер. Покрај убавината, оваа девојка има и неверојатен талент, па многу режисери сакаат да работат со неа.rnrnПродолжува на следната страница…rn