КАФЕ ПАУЗА

Tag: свет

  • 20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подобро

    20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подобро

    Светот има свои трикови и не е лесно да се пресмета колку е голема планетата Јупитер или колку храна се фрла дневно. Нема ништо подобро од слика што ви го става објаснувањето пред очи или барем ви отвора нови перспективи од кои можете да го видите светот.rn

    1. Користејќи ултравиолетови и инфрацрвените филтри, Месечината открива скриени карактеристики

    rn20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подоброrn

    2. Дрво полуспасено од пожар

    rn20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подоброrn

    3. Вака изгледале античките хиероглифи пред да им избледи бојата

    rn20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подоброrn

    4. Ајкула стара 392 која живее во океанот од 1627 година

    rn20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подоброrn

    5. Целиот набљудуван универзум во една слика

    rn20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подоброrn

    6. Хартија под микроскоп

    rn20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подоброrn

    7. Границата помеѓу Сан Диего, Калифорнија и Тихуана, Мексико

    rn20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подоброrn

    8. Ако Јупитер беше на исто растојание од Земјата како што е Месечината

    rn20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подоброrn

    9. Желка што излегува од хибернација

    rn20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подоброrn

    10. Судирање на реките во Женева, Швајцарија

    rn20 фотографии што треба да ги погледнете за да го разберете светот подоброrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • Какви позитивни работи се случуваат низ целиот свет во овој момент?

    Какви позитивни работи се случуваат низ целиот свет во овој момент?

    Моменталната непредвидлива ситуација може брзо да ве доведе до негативно размислување и да ве натера постојано да се прашувате што ќе се случи со светот. Но, иако звучи чудно, вирусот и пандемијата донесоа и некои позитивни работи, а во продолжение прочитајте за што станува збор.rnrnКакви позитивни работи се случуваат низ целиот свет во овој момент?rn

    1. Луѓето повторно се поврзуваат со природата

    rnСо оглед на тоа што мора да останете дома, природата сега е бегство од затворените простори и неколкуте минути пешачење се навистина значајни. Конечно почнувате повторно да ја цените природата, оставајќи ги мобилните телефони дома, па тоа нека остане така и откако ќе заврши пандемијата. Многу снимки покажуваат дека квалитетот на воздухот значително се подобрил, што исто така придонесува и во борбата против глобалното затоплување.rn

    2. Откривме дека треба да си помагаме едни на други

    rnВо последниве денови, кога се случуваат лоши работи, луѓето конечно станаа свесни дека имаат само еден живот, па ако сакаме да излеземе од сегашната ситуација колку што е можно поскоро, мора да си помагаме едни на други. Хуманитарните организации во моментов работат многу понапорно, а бесплатната психолошка помош им е достапна на сите оние кои имаат тешкотии со самоизолацијата. Има сè повеќе и повеќе кампањи кои нè мотивираат или собираат пари за луѓе на кои им е потребна помош. Повторно се покажува дека најлошите работи ги доведуваат најдобрите луѓе до израз.rn

    3. Откривме дека дружењето е исклучително важно

    rnМногупати ги прескокнувавме семејните средби или дружењето со пријателите затоа што немавме време. Во меѓувреме, откривме дека пријателствата и семејните односи се исклучително важни и дека не можеме без нив. Но, да бидеме свесни за ова и откако ќе заврши целата ситуација. Само кога ќе ни се одземат некои работи, тогаш сфаќаме колку се важни тие за нашето постоење.rn

    4. Луѓето стануваат покреативни

    rnДодека пандемијата ја загрозува економијата, сега е можноста компаниите навистина да го искористат својот потенцијал и да бидат уште покреативни од вообичаеното. Многу ресторани и други претприемачи го преобразија својот бизнис преку ноќ, така што и тие можат да работат преку Интернет и да ја олеснат доставата. Театрите имаат изведби во живо на Интернет, можете да гледате колекции на изложби во музеи, а состаноците лесно може да се реализираат преку Интернет.rn

    5. Знаењето никогаш не било подостапно

    rnУчилиштата ширум светот во моментов се затворени, но учењето продолжува. Сепак, досега немало толку многу бесплатни курсеви: од бесплатни курсеви по јазик, до идеи како да започнете бизнис или да им помогнете на претприемачите. Во моментов имате време да се фокусирате на работите што ги сакате и што сакате да ги развивате или дури да откриете нови таленти и работи за кои не знаевте дека ве интересирале.rn

    6. Стануваме почувствителни на малите работи

    rnОткривме дека сè што ни треба е здравје. Почнавме да уживаме во најмалите работи, како што се шолја кафе, топол туш или кратка прошетка. Веќе не брзаме, што е многу добро. Малите работи се она што е навистина важно во животот.rnrnПрочитајте дали ќе се зголеми бројот на случаи на семејно насилство за време на пандемијата на коронавирусот.

  • Еве како ќе го промените светот, според вашиот хороскопски знак

    Еве како ќе го промените светот, според вашиот хороскопски знак

    Секој човек поседува капацитет да го промени светот, но многу нешта зависат од неговата амбиција. Еве што велат астролозите за вашиот хороскопски знак и можноста да бидете придвижувачи на светот.rnrnЕве како ќе го промените светот, според вашиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnИмате доволно ревност и амбиција да направите нешто поголемо од себе. Вие ќе почнете да го менувате светот учејќи од вашите грешки кои ќе ги претворите во доживотни лекции. Некои животни ситуации ве натерале да созреете порано од очекуваното, па затоа сте подготвени на тоа. Вие сте еден од ретките знаци што можат да ја прифатат болката и да ја претворат во нешто моќно. Доволно сте силни за да издржите повеќе деструктивни „бури“, доволно сте храбри да преземете ризик и имате доволно сила за да го направите она што повеќето не би го направиле.rn

    Бик

    rnВие ќе оставите траг во светот работејќи напорно на нешто и ќе го постигнете со стил. Најсреќни сте кога градите кариера која не само што ви гарантира стабилност, туку може да ги обезбеди и оние кои ви се најблиски. Вие сте еден од најпознатите знаци во хороскопот кои се ориентирани на семејството и покажувате како треба да се почитуваат членовите на семејството, без разлика на нивната личност. Вие ги учите другите на лојалност кон оние што биле тука од почетокот, но не го покажувате изворот од каде потекнува безусловната љубов. Како што рекла Мајка Тереза „Ако сакате да го промените светот, одете дома и сакајте си го семејството“.rn

    Близнаци

    rnДобро сте знапознати со сè што се случува и точно знаете каде да се упатите. Вие сте роден говорник и природно сте човек, независно дали тоа ви се допаѓа тоа или не. Доволно сте љубопитни за да станете извонреден новинар еден ден, имате доволна количина на свест за да направите разлика и сте доволно социјализирани за да ги препознаете вистинските луѓе на време. На крајот на краиштата, вие ќе го промените светот со вашата внимателност кон луѓето. Без разлика дали станува збор за вашите пријатели, за вашето семејство или социјалната средина, фактот дека секогаш сте подготвени да слушате што ви го кажуваат, зборува многу.rn

    Рак

    rnВие имате можност да ги инспирирате и да ги водите дури и најранливите. Длабоко ќе влијаете на општеството со тоа што ќе бидете доволно храбри за да зборувате за работи за кои другите не ни помислуваат. Како природно чувствителни суштетства, вие најмногу ги препознавате чувствата уште од најрана возраст. Ракот е еден од хороскопските знаци што може да ја прифати својата чувствителна природа и да ја претвори во суперсила. Како стареете и ви се чини дека светот станува попрактичен, сфаќате дека сте човек и дека е сосема нормално да реагирате на одредени ситуации кои ве погодуваат. Како Рак, вие сте во можност да ги прифатите чувствотвата кои светот го сфаќа како слабост и да ги претворите во ваша сила, затоа што сте доволно реални за да сфатите дека постојат и лоши денови со кои сите треба да се соочат.rn

    Лав

    rnВие сте во можност да изградите империја од камењата кои ги фрлаат по вас. Припадник сте на знак кој може да има скршено срце, да биде понижен, дискриминиран, повреден до болка, но сепак да успее да направи навистина неверојатни работи во својот живот. Овие храбри луѓе ќе остават свој белег завршувајќи на најмоќните и највлијателните општествени позиции. Има нешто во врска со начинот на кој Лавот се соочува со несреќите и тие никогаш не можат вистински да ја повредат неговата душа. Има нешто во начинот на кој тие се справуваат со притисокот и критиката дури и кога се чини дека ќе се откажат. Одлучноста и искреноста се нивните најдобри карактеристики, па затоа Лавовите ќе го променат светот затоа што секогаш се насочени кон унапредување на нештата.rn

    Девица

    rnВлијаете на овој свет преку вашата непогрешлива работна етика. Вие сте хороскопскиот знак кој може да успее безброј пати, но и понатаму да пронаоѓа доволно верба за да продолжи со напредок во работата. Како и другите копнени знаци, кога станува збор за вашите достигнувања, вие сте целосно фокусирани на работата што треба да ја завршите. Но, како Девица, доволно сте практични и секогаш имате резервен план. Логично ви е да прифатите неуспеси понекогаш, затоа што сте стратешки насочени и свесни за пречките кои треба да ги надминете. Доволно сте реални за да сфатите дека вистинскиот успех никогаш нема да се случи преку ноќ. Вие неизбежно ќе го промените светот затоа што сте најдобар пример за подготвеност за соочување со најлошото.rn

    Вага

    rnВие сте во состојба да ги преживеете најлошите времиња со доволно верба дека правдата еден ден ќе биде ваша. Ќе влијаете на овој свет преку вашиот стремеж да бидете фер кон сите. Овој воздушен знак ќе остави трага завршувајќи на позиции кои ја поддржуваат правдата на највисоко ниво. Како Вага, доволно сте паметни за секогаш да ги ислушате двете страни на секоја приказна, доволно сте социјализирани за да се дружите со сите и доволно сте балансирани за да го прифаќате и доброто и лошото во секое време. Вие дефинитивно ќе го промените светот затоа што секогаш се залагате за обесправениот човек.rn

    Скорпија

    rnПознато е дека станувате неверојатно инспиративни додека ги надминувате вашите најлоши стравови. Вие сте практични, вредни и водени во кариерата од вашата тајна нежна страна. Ќе влијаете на овој свет кога ќе започнете да верувате во себе и ќе станете сосема поинаква личност. Вие нема да им давате значење на сомнежите, вашите стравови нема да влијаат на вас, а долгиот список со „што ако“ ќе добие одговори на секое двоумење. Овој воден знак ќе заврши на истите позиции на кои се моќните знаци како Овен, Лав и Јарец. Вие неизбежно ќе го промените светот затоа што покажувате како слабостите се претворат во јаки страни.rn

    Стрелец

    rnВие ќе оставете траг на овој свет покажувајќи колку е потребна вербата за време на хаос. Вие сте познати како најоптимистичен знак во хороскопот, полн со авантура и храброст. Вие сте најсреќни кога градите кариера која ви дозволува да го правите тоа што сакате, затоа што тогаш најмногу се вложувате. Како Стрелец, не се плашите да ја кажете вистината и да го пренесете она што треба да се каже и направи. Бестрашно се соочувате со критиките и предрасудите на луѓето и не треба да размислувате многу додека го следите она што навистина го сакате во животот.rn

    Јарец

    rnИмате доволно познавања од економијата и знаете што точно треба да се направи за да се подобри светот. Познато е дека сте најсреќни кога се наоѓате на тешко стекнатата позиција, што не само што зборува за вашиот ум, туку и за вашата душа. Вие ќе го допрете овој свет со вашата способност да ги поправите своите грешки. Како Јарец, вие сте добро информирани за тековните настани и работите доволно напорно за сè што започнувате да завршите до крај. Вие неизбежно ќе го промените светот со тоа што не се плашите да ги забележите темните страни на нештата и подготвеноста да преземете нешто во врска со тоа.rn

    Водолија

    rnВие ќе оставите траг на овој свет преку луѓето. Преку грижата и интерес за нив, како и интензивното слушање на приказните што ви ги раскажуваат. Вие сте интелектуалци, сомостојни души и слободни духовни ентитети со големо срце. Најсреќни сте кога градите кариера што ќе направи промена во животот на луѓето. Без разлика дали ќе завршите новинарски студии, бизнис, па дури и медицина, доколку сте во можност да ги видите резултатите од вашата работа преку детска насмевка или воздишка за олеснување на некоја постара жена, секогаш ќе заспивате со најголема насмевка на вашето лице. Вие Водолиите ќе влијаете на овој свет со вашето посветено работење за оние на кои тоа им е најпотребно.rn

    Риби

    rnВие ќе оставите белег на овој свет помагајќи им на оние на кои им треба емотивно насочување. Без оглед на тоа која кариера ќе ја изберете, вие ќе влијаете со вашата посветеност на оние на кои им треба помош. Како Риби, секогаш им го посакувате најдобро на сите од срце и вашите мотиви никогаш нема да бидат злобни. Вашата работа обично ве води кон непрофитни организации, сценски уметности, хуманитарна помош или сè што значи работа за доброто на човештвото. Вие ќе влијаете на овој свет така што ќе направите да се чувствуваат безгрижно и сакано оние што се чувствуваат заборавено и изгубено.rnrnМожеби сакате да прочитате и кои 6 хороскопски знаци кои секогаш бараат нешто подобро.

  • Еве како ќе живееме по коронавирусот: Ништо повеќе нема да биде исто!

    Еве како ќе живееме по коронавирусот: Ништо повеќе нема да биде исто!

    Откако ќе заврши пандемијата, со сите нејзини ефекти врз здравјето на луѓето и економијата, ќе се навикнеме на новата состојба, која ќе ја сметаме за нормална.rnrnЕве како ќе живееме по коронавирусот: Ништо повеќе нема да биде исто!rnrnНаучникот Грег Брајден претпоставува дека нашите животи ќе изгледаат поинаку и ќе бидат потребни одредени јасни промени – во општеството, бизнисот (економијата) и начинот на живот на секој од нас.rnrnНа крајот на краиштата, начинот на кој функционираше светот досега е целосно неодржлив, потенцира Брајан.rnrnПо короната, ќе живееме повеќе локално. Па, сè што досега набавувавме од светот, ќе го набавуваме во некое тесно, локално подрачје, без разлика дали станува збор за храна, лекови или извори на енергија.rnrnНо, благодарение на тоа, повеќе ќе ја цениме нашата заедница и обичниот човек.rnrnТоа ќе биде предизвик, но секако предизвик за кој вреди да се живее. Во извесна смисла, ќе се роди новиот човек.rnrnОстанува да се види како ќе нè промени искуството од коронавирусот.rnrnОстанете смирени и оптимистички настроени, но запомнете дека треба да се заштитите и да го зајакнете имунитетот.rnrnМожеби сакате да прочитате и за храната што ќе ви помогне во зајакнувањето на имунитетот за време на коронавирусот.

  • Тест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата открива како го гледате светот околу вас

    Тест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата открива како го гледате светот околу вас

    Без разлика колку заеднички работи имате со вашите пријатели, родители или партнери, сите го гледаат светот од друга перспектива. За да го направите овој тест на личноста ќе ви бидат потребни само неколку секунди, но ќе добиете многу одговори. Погледнете ја сликата и обрнете внимание на тоа што ќе го видите прво.rnrnТест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата открива како го гледате светот околу васrn

    1. Мачка

    rnАко гледате мачка, вие сте личност која го гледа светот како нешто што треба да се освои. Секој ден сте полни со енергија и со волја. Вие не сте личност што чека некој друг да го направи првиот чекор – попрво би се фрлиле на глава, дури и ако не застанете на нозе.rnrnВашата желба за живот е прекрасна, но не може сè да се реши со уривање. Не плашете се да ги преиспитате ситуациите и да видите дали постои поинаков начин да го решите тоа што сакате.rn

    2. Пеперутка

    rnАко гледате пеперутка, тоа значи дека го гледате светот како место предводено од невидливи сили. Вие верувате во натприродното и во судбината и верувате дека без оглед на тоа што ќе кажете или што ќе направите, работите ќе се одвиваат точно онака како што треба. Мислите дека не можете да ги контролирате работите и тоа не ви пречи. Не плашете се да ги остварите вашите соништа, дури и ако мислите дека тие не треба да се остварат.rn

    3. Јога

    rnАко гледале личност што вежба јога, вие сте личност што се гледа себеси како центар на универзумот. Вие не сте себични или арогантни, но не гледате многу подалеку од вашето мало место во универзумот. Вие се грижите за проблемите само ако тие им пречат на вашата среќа, на вашата удобност или на вашиот успех. Во универзумот постојат многу луѓе, вие не сте единствени. Побарајте врски со другите луѓе надвор од вашето мало царство и можеби ќе откриете дека сте способни за многу работи за коишто никогаш не сте помислиле дека би можеле да ги постигнете.rnrn[message_box title=”Изберете љубовен симбол и дознајте ја вашата љубовна судбина” color=”yellow”]Изберете љубовен симбол и дознајте ја вашата љубовна судбина[/message_box]

  • 10 интересни божиќни традиции ширум светот

    10 интересни божиќни традиции ширум светот

    Од игри, до празнични украси и храна, сигурно ќе сакате да ги испробате овие глобални божиќни традиции од различни земји во светот.rnrn10 интересни божиќни традиции ширум светотrnrnКако што постојат традиционални обичаи кај нас, така тие постојат и ширум светот. Од Кина до Италија, од Франција до Грција, еве ги божиќните обичаи кои сигурно ќе сакате да ги дознаете.rn

    1. Календари со чоколатца во Германија

    rn10 интересни божиќни традиции ширум светотrnrnВо Германија, децата добиваат календари (честопати направени од картон) исполнети со 24 квадратчиња наполнети со чокодатца и украсени со празнични цртежи. Почнувајќи од 1-ви декември, секој ден тие отвораат по едно квадратче од календарот, лапнувајќи по едно чоколатце, сè додека не дојде божиќниот ден.rn

    2. Средете ја куќата како во Јамајка

    rn10 интересни божиќни традиции ширум светотrnrnЗаборавете на пролетното чистење, Јамајчаните ги зафаќа празничен дух додека ги чистат своите домови. Многу семејства ги бојадисуваат ѕидовите, ги кастрат грмушките во дворот или закачуваат нови завеси за да го направат својот дом уште поубав за време на празниците.rn

    3. Испратете му писмо на Дедо Мраз како во Франција

    rn10 интересни божиќни традиции ширум светотrnrnФранцуската влада го сфаќа Божиќ многу сериозно. Од 1962 година, на секое писмо до Дедо Мраз мора да се одговори со разгледница од него, според законот. Дајте им идеја на вашите деца да му напишат писмо на Дедо Мраз и ставете ги во поштенското сандаче; потоа вие рачно напишете одговор во името на Дедо Мраз, а тие ќе бидат пресреќни заради малата божиќна магија.rn

    4. Наградете ги луѓето кои пеат божиќни песни како Грците

    rn10 интересни божиќни традиции ширум светотrnrnБожиќните групи од луѓе одат од куќа до куќа пеејќи и свирејќи (често на мали инструменти како триангл или хармоника), а кога ќе се заврши пеењето домаќините ги наградуваат со празнични слатки.rnrnСигурно и вие чувате кошница полна со бонбони и овошје на влезот за време на Коледе, затоа што оваа традиција на сличен начин се применува и кај нас.rn

    5. Изедете едно јаболко како во Кина

    rn10 интересни божиќни традиции ширум светотrnrnЕдна необична традиција се појавила во Кина. Зборот „јаболко“ звучи исто како зборот „мир“ на мандарински, па многу семејства јадат јаболка на Божиќ како симбол на добрата волја и хармонија во наредната година. Изедете едно јаболко како закуска за Божиќ и искажете ги вашите желби за мир.rnrnПрочитајте и за другите божиќни традиции на следната страница…rnrn

  • Магичниот свет на децата преставен преку моќни фотографии

    Магичниот свет на децата преставен преку моќни фотографии

    Фотографката Агниезска Ригула во 2016 година решила да научи како да го користи својот фотоапарат професионално. Таа постојано правела фотографии од сè и сите околу неа. Брзо потоа почнала да заработува од фотографирањето и да инвестира во подобра опрема. Денес, нејзината најголема инспирација се децата – таа го фотографира нивниот магичен свет, погледнат од нивна перспектива со цел да го потсети човештвото на безгрижноста и среќата што сите ние сме ја имале во детството. Погледнете дел од нејзините фотографии и подгответе се за патување низ минатото!rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Фотографи ширум светот ни покажуваат што значи среќата за нив

    Фотографи ширум светот ни покажуваат што значи среќата за нив

    Фотографи од целиот свет се обиделе да доловат како луѓето се забавуваат во нивните места на живеење. Различни луѓе имаат различни идеи за тоа што значи „забава“. Среќата доаѓа од вистинското човечко поврзување и пријателството, а не од материјалните работи кои предизвикуваат грижи. Следниве фотографии треба да нè потсетат колку е среќата едноставна и колку малку е потребно за да си го направиме животот позабавен!rn

    1. Мјанмар

    rnФотографи преку нивните фотографии се обиделе да прикажат што значи среќата ширум светотrn

    2. Мјанмар

    rnФотографи преку нивните фотографии се обиделе да прикажат што значи среќата ширум светотrn

    3. Индонезија

    rnФотографи преку нивните фотографии се обиделе да прикажат што значи среќата ширум светотrn

    4. Индија

    rnФотографи преку нивните фотографии се обиделе да прикажат што значи среќата ширум светотrn

    5. Индонезија

    rnФотографи преку нивните фотографии се обиделе да прикажат што значи среќата ширум светотrn

    6. Индонезија

    rnФотографи преку нивните фотографии се обиделе да прикажат што значи среќата ширум светотrn

    7. Непозната локација

    rnФотографи преку нивните фотографии се обиделе да прикажат што значи среќата ширум светотrn

    8. Шпанија

    rnФотографи преку нивните фотографии се обиделе да прикажат што значи среќата ширум светотrn

    9. Турција

    rnФотографи преку нивните фотографии се обиделе да прикажат што значи среќата ширум светотrnrnПродолжува на втората страница…rn

  • 7 храбри жени кои во моментов го менуваат светот

    7 храбри жени кои во моментов го менуваат светот

    Сите им се восхитуваме на добитничката на Нобелова награда Марија Кири, мајката на програмирањето Грејс Хопер, иницијаторот на движењата за граѓански права Роси Ли Паркс… Но, и денес во модерното време постојат жени кои ја менуваат историјата. Жени што можат на сите да им бидат инспирација. Тие се силни, храбри и љубезни жени чиишто имиња ќе се паметат и 100 години отсега, а овие се нивните неверојатни приказни…rn7 храбри жени кои во моментов го менуваат светотrn

    Надја Мурад

    rnНадја е 26-годишна жена која во 2018-та година ја освоила Нобеловата награда за мир. Ја добила оваа престижна награда за информирање на јавноста за страшната ситуација на језуитските жени во Ирак. За жал, Надја Мурад овие информации ги добила од сопствено искуство. Во период од само 21 година, преживеала сексуално ропство во Исламските држави. После 3 месеци живот во пекол, успеала чудесно да побегне. Заедно со другите бегалци стигнала во Германија каде што ги споделила своите искуства, напишала книга и станала активистка за граѓански права. Надја одлучила да направи сè што може за да го спречи патењето на другите жени во нејзината земја.rn

    „Терористите никогаш не би можеле да замислат дека некоја језуитска жена би била доволно храбра за на целиот свет да му раскаже детали за тоа што ни прават. Ние ги предизвикуваме, не дозволуваме нивните злосторства да останат тајна. Секогаш кога ја кажувам својата приказна, се чувствувам како да ги лишувам терористите од нивните моќи“, вели Надја.

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by The Economist 1843 (@1843mag) on

    rnrn

    rnrn

    Мелинда Гејтс

    rnМелинда е филантроп, деловна жена и сопруга на Бил Гејтс. Заедно со него основала добротворно здружение кое денес е едно од најголемите во светот. Мелинда и нејзиниот сопруг донирале повеќе од 40 милијарди долари за да ја подобрат здравствената нега, да го уништат гладот во сиромашните земји и да се борат против тешки болести.rnrnНеодамна нејзин приоритет станал помагањето на жените во далечниот свет. Таа говори за планирање семејство, контрацепција и право на образование. Исто така, ги поттикнува деловните жени, односно е вистински пример за активистка која се грижи за другите.rn

    „Мислам дека независните жени ќе го променат нашиот свет“, вели Мелинда.

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Melinda Gates (@melindafrenchgates) on

    rnrn

    rnrn

    Малала Јусафзаи

    rnЦелиот свет почнал да зборува за Малала Јусафзаи кога оваа пакистанска девојка имала само 11 години. Во тоа време имала блог на кој го опишувала својот живот во талибански режим и јавно зборувала за ограничениот пристап до образование во нејзината земја. Била многу храбра за своите години, па затоа и симпатизерите на радикалното исламско движење не ги поднесувале нејзините критики. Во 2012-та година сакале да ја убијат: Талибанците дошле до нејзиниот училиштен автобус и почнале да ја бараат викајќи: „Која е Малала?“ Таа бестрашно одговорила: „Јас сум Малала“ и тогаш ѝ пукале во глава. Подоцна рекла: „Тој ден, сите мои стравови умреа.“rnЛекарите ја спасиле Малала и кога закрепнала, успеала да ја раскаже нејзината приказна. Знаејќи дека во светот има 57 милиони деца (од кои 31 милион девојчиња) кои не одат на училиште, сега прави сè што може за тоа да се промени. Бидејќи повторно била покрената расправа за образованието во земјите во развој, Малала во 2014-та година ја добила Нобеловата награда за мир и со тоа станала најмлада добитничка на оваа награда.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Malala Fund (@malalafund) on

    rnrn

    rnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 15 чудни традиции од целиот свет

    15 чудни традиции од целиот свет

    Секој доживеал културолошки шок барем еднаш во животот. Кога на пример, ќе отпатувате во Египет, навистина ќе ве збуни кога ќе дознаете дека другарките ја штипат невестата пред свадба за среќа. Покрај ова, секоја традиција може да ни покаже многу за вредностите на државата и за нејзината култура. Па, погледнете ги овие 15 изненадувачки традиции кои постојат и денес и кои ги зачудуваат луѓето од целиот свет.rn

    1. Без употреба на тоалетна хартија, Индија

    rn15 чудни традиции од целиот светrnrnМногу туристи ќе се изненадат кога ќе откријат дека тоалетната хартија не е нешто што често го има во тоалетите во Индија. Наместо тоалетна, до школката има мала кофа со вода. Користењето тоалетна хартија е воглавно лоша идеја бидејќи може да ги затне цевките и создава дополнителен отпад.rn

    2. Забрана за употребување на тоалетот после брак, Индонезија

    rn15 чудни традиции од целиот светrnrnВо Тидонг, Индонезија, на венчаниот пар не му е дозволен да оди во тоалет 3 денови после венчавката. Доколку го направат ова, тоа се смета за несреќа во бракот. Младенците се надгледувани од членовите на семејството за да не ја прекршат традицијата, додека добиваат малку храна и вода.rn

    3. Поздравување со плукање, Масаи

    rn15 чудни традиции од целиот светrnrnИако плукањето се смета за неучтиво во многу култури, во кениското племе Масаи, ова е начин на поздравување и покажување почит. Членовите на племето плукаат на нивните дланки пред да се ракуваат, а им го прават ова и на новородените бебиња, па дури и на несвестите со цел да ги благословат.rn

    4. Не подарувајте жолта роза, Мексико

    rn15 чудни традиции од целиот светrnrnРозите се одличен начин да ги покажете вашите чувства, а ова важи во речиси секоја држава. Но бојата на розите во некои држави има одредено значење. Во Мексико, подобро е да се држите до традиционалната црвена роза наместо жолта, бидејќи таа значи смрт во мексиканската култура.rn

    5. Кршење чинии пред свадба, Германија

    rn15 чудни традиции од целиот светrnrnНеколку недели пред германските свадби, гостите носат чинии и шолји кои потоа се кршат во домот на младите. Потоа момчето и невестата треба да го исчистат нередот, нешто за коешто се верува дека ќе им донесе среќа и ќе ги охрабри заедно да работат во бракот.rn

    6. Фрлање цимет на самците, Данска

    rn15 чудни традиции од целиот светrnrnЕдна стара традиција од 16-тиот век, сè уште постои во Данска. Доколку некој остане сингл до 25-тиот роденден, неговите пријатели ќе фрлаат цимет на него. Традицијата се однесува на данските продавачи на зачини кои често немале време за брак поради нивните патувања.rn

    7. Доцнење, Венецуела

    rn15 чудни традиции од целиот светrnrnБез разлика дали станува збор за настан, состанок или забава во Венецуела, луѓето често пристигнуваат малку подоцна од договореното. Овде луѓето сакаат поопуштено темпо кога станува збор за бизнис, а за време на големите социјални настани, ова едноставно значи привлекување внимание.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn