24 часа, 8 држави, 2000 фотографии – 1 неверојатно видео. Се надеваме дека Алекс Профит, креаторот на овој извонреден и многу креативен проект ќе продолжи да фотографира, сè додека не го обиколи секое место на планетата Земја. Уживајте.rn
Доколку се прашувате колку милионери има во светот, одговорот ќе го добиете во зависност од тоа што подразбирате под зборот милионер. Списанието „The Economist“ известува дека постојат два „официјални“ метода кои се користат, за да се дознае колку милионери постојат во светот.rnМултинационалната корпорација за финансиски консултации „Capegemini“, за милионер го дефинира секој оној кој има повеќе од 1 милион американски долари кои во секој момент може некаде да бидат инвестирани. Ова означува сума во која не се вклучува недвижен имот. Според нив во светот постојат околу 10 милиони милионери.rnОд друга страна, мега банката „Credit Suisse“ употребува една малку поинаква дефиниција. Според нив милионер е секој чии нето средства надминуваат сума од 1 милион долари. Според овие малку поинаку поставени услови, во светот има 24,2 милиони милионери. Тоа отприлика би значело 0,5% од светското возрасно население или повеќе од целото население на Австралија. Од овие 24,2 милиони милионери, 41% живеат во САД, 10% во Јапонија и 3% во Кина.rn
Денеска православните христијани го прославуваат големиот празник Божиќ. Без разлика дали се водите според Јулијанскиот или според Грегоријанскиот календар, на овој ден се празнува раѓањето на Исус Христос.rnrnБогатата трпеза и големиот број традиции го прават овој празник толку посебен. Денеска на една македонска трпеза ќе може да се најде убаво печено месо, мрсна сарма или подварок, печен компир, по некоја заостаната риба од бадниковата вечера, фино црвено вино, а за десерт чоколадна торта, милиброд и печена тиква. Сепак, од држава во држава, се негуваат различни традиции кои создаваат прекрасна атмосфера помеѓу семејството и пријателите. Следуваат традиционалните божиќни трпези на 16 земји од светот, а вие одберете која ќе ја посетите наредната година.rn
Франција
rnБожиќната трпеза во Франција и во местата каде се зборува француски јазик е наречена Le Reveillon. Тоа е долга вечера или по можност забава, а името потекнува од францускиот збор réveil (будење), бидејќи обичајот подразбира луѓето да останат будни до полноќ, кога се служи вечерата и часовите кои следуваат потоа. За предјадење се служи „Foie gras“ (џигер од гуска или патка), остриги, пушен лосос или тенки палачинки направени со брашно од хељда. Главен оброк е печена гуска декорирана со костени, а место тоа може и мисирка, говедско или јагнешко печено месо. Пијалакот кој иде во комбинација со вечерата варира од едно до друго место, но најчесто се служи шампањско. Традиционалниот француски десерт на „La Reveillon“ е „Buche de noel“ – ролован сунѓерест колач (прикажан на сликата), направен да изгледа како паднат трупец дрво, а е декориран со печурки направени од матена белка и шеќер.rnrnrn
Перу
rnУште на почетокот на декември во перуанските цркви се одржува настанот „Chocolatadas“. Користејќи пари донирани од граѓаните, организаторите на овој настан го печат колачот panettone и прават зачинето топло чоколадо во големи казани. Колачот и чоколадото им се служат на луѓето од пониска социјална класа, во знак на прославување на празникот. Главен оброк на трпезата е печена мисирка, гарнирана со свежо овошје, а се служи во комбинација со пире од јаболка, „tamales“ (вид мексиканско јадење) и разни видови салати, погачица, сладок леб марципан и колачот „pannetone“.rnrnrn
Литванија
rnЛитванскиот божиќен оброк наречен „Kucios“ произлегол од паганските обичаи и голем број ритуали сè уште се одбележуваат. Специфично за него е што се состои од 12 различни видови јадења. Оброкот традиционално започнува кога првата ѕвезда ќе се појави на небото, која и најавува на мајката во секое домаќинство да скрши лепче за секој гостин. Според литванските обичаи, а и во останатите Балтички земји, едно место на масата секогаш останува празно. На трпезата не се служат месо и млечни производи. За главно јадење се служи риба (крап, харинга или штука) во комбинација со кисел зеленчук. Исто така, се служат и погачички т.н. „kuciukai“ (мали, слатки печива без квасец, со афионово семе) потопени во млеко од афионово семе, кое е омилено јадење за празникот. Исто така, во Литванија се верува дека секој оној кој ќе ја напушти Божиќната трпеза пред да завршат сите со јадење, ќе го следи несреќа.rnrnrn
Шпанија
rnВо текот на божиќните празници во Шпанија традиционално се јаде касно навечер. Така, на ноќта пред Божиќ, вечерата почнува некаде помеѓу 22 и 12 часот на полноќ. Оброкот обично започнува со разновидни мали сатчиња т.н. „tapas“ (прикажани на сликата), кои се сочинети од различни видови сирења, тиквички, шунка, маслинки… Супата од морски плодови е многу популарна за Божиќ, особено во крајбрежните региони. Се служи и бела шпаргла, како и јадења од разновидна морска храна, вклучувајќи „angulas“ (бебиња на јагула), „langostinos“ (морски ракчиња) и „besugo“ (печена морска риба од видот спариди). За десерт Шпанците обично јадат колачиња од марципан, шпански крофни т.н. „churros“ и „turron“ (колач во форма на цигла направен од мед, шеќер, печени бадеми и белки од јајца).rnrnrnrn
Погледнете како се подготвуваше светот за да го прослави доаѓањето на новата 2011 година:rnrnНеверојатен огномет експлодираше над мостот и оперската куќа во Сиднеј за време на пиротехничкото шоу наменето за прославување на новата година.rnrnЧленови на Комерцијалната Асоцијација во Сао Паoло пуштаат балони во боите на бразилското знаме за да и посакаат добредојде на новата 2011 година во Сао Паоло, Бразил.rnrnЛивчиња со испишани новогодишни желби се залепени на ѕид на Тајм Сквер во Њујорк на 20 декември, 2010 година.rnrnИлјадници луѓе со факели во рацете се собраа на 30 декември за да почнат со прославување на новата година во Едингбург, Шкотска.rnrnСопственикот на зоолошката градина во Малабон, Филипини држи зајак и тигар во рацете со кои на локалните дечиња им го покажува преминот од „година на тигар“ во „година на зајак“.rnrnЧовек ја бричи брадата во облик на бројките 2011, во берберница во еден источен индиски град.rnrnЛуѓе истураат сок од јаболка врз статуа која ја симболизира божицата на морето, за време на церемонија која традиционално се одржува на Копакабана, Рио де Жанеиро, Бразил, како дел од прославувањето на новата година која доаѓа.rnrnЖена нуди разни овошја додека шаманите изведуваат ритуал за добра среќа во новата година во Лима, Перу.rnrnЛуѓе закачуваат пиротехнички материјали на врвот на највисоката кула во Сиетл, т.н. Вселенска игла.rnrnОгномет врз финансиската област во Сингапур го означи доаѓањето на новата 2011 година.rnrnЛуѓе пуштаат балони во моментот кога Токио кулата почнува да свети, за да ја означи новата година.rnrnОгномет го осветли небото во близина на кулите Петронас во Куала Лумпур.rnrnБран од луѓе во Хонг Конг ја прославија новата година.rnrnБројките 2011 беа испишани во воздухот пред катедралата Св. Стефан во Виена, Австрија.rnrnОгномет заблеска од највисоката зграда во светот Бурџ Калифа во Дубаи.rnrnСобрани луѓе во центарот на Софија ја прославуваат новата година.rnrnОгномет на Црвениот плоштад пред Катедралата на Св. Василиј благословениот во Москва, Русија.rnrnСпектакуларен огномет го осветли небото над Биг Бен во Лондон, Англија.rnrnСо шампањско во рацете, французите ја прославија новата година на Шанзелизе во Париз.rnrnОгномет експлодира на небото на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро на 1 јануари 2011.rnrnДеца со запалки ја слават новата година во Хаити.rnrnКонфети со испишани желби беа пуштени на Тајм Сквер во Њујорк.rnrnМомчето ја побара за жена својата девојка за време на прославувањето на новата година во Њујорк.
Античкиот свет сè уште ги мачи денешните археолози. Истражувајќи низ остатоците од некогашните градови, тие се обидуваат да ги разјаснат мистериите на веќе исчезнати цивилизации, стари илјадници години. Еве една листа од неколку мистериозни споменици ширум светот.rn.rn
rn011
rn
Велигденскиот остров
rn
rn
rnИзолиран далеку на Пацификот, осторовот претставува пустелија на која не можете да најдете ниту едно дрво или грмушка. Затоа пак, можете да најдете огромни монолитни статуи од камен, во човечки облик чија тежина може да достигне и до 86 тони.rnИма околу 1000 камени моаи со висина од 5 до 20 метри, за кои и ден денеска не може да се разјасни кој и на каков начин ги изградил и со каква цел.rn.rn
rn011
rn
Теотихуакан
rn
rn
rnСе верува дека Теотихуакан во 600-тата година пред нашата ера бил еден од најголемите градови во Јужна Америка со повеќе од 200 000 жители. Низ централниот дел од градот има огромен булевар, познат како „Авенијата на Смртта“.rnБулеварот во должина се протега на 2, 5 километри и е опколен со големи платформи, изрезбани ѕидови, мали пропаднати плоштади и две огромни пирамиди. До денеска не се знае кој го изградил овој град.rnАцтеките кои живееле низ урнатините на градот никогаш не ги дознале неговите креатори, иако ги обожавале поради нивните вештини (На Ацтеките, зборот „Теотихуакан“ им значел „местото каде што мажите станаа богови“).rn.rn
rn011
rn
Јонагуни
rn
rn
rn„Јонагуни“ е откриен од една група нуркачи во 1987 година. Тој се наоѓа покрај брегот на островите Риуку и претставува голема колекција на камени структури за кои некои претпоставуваат дека се потонати остатоци од античката цивилизација.Јапонскиот геолог Масаки Кимура, кој го проучува споменикот веќе 15 години, тврди дека порано тука имало голем стадион, 5 храма и замок. Скептиците пак, тврдат дека оваа камена структура сосема случајно наликува на остатоци од антички град.Песочниот камен често се крши во прави линии, особено во зони на чести земјотреси. Јапонската влада досега не покажала некој особен интерес за споменикот, па така 23 години од неговото откривање сè уште нема пратено официјална експертска експедиција.rn
Од професионални безјбол играчи, сопственици на познати ресторани и професионалци во кревање тегови. Овие светски познати имиња се Македонци.rnrn
Кевин Кузманов – професионален бејзбол играч
rnrnКевин Кузманов на бејзбол теренотrnrnРоден е во Њупорт Бич, во Калифорнија, на 25 јули 1981 година, а израснал во Евергрин, Колорадо. Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат grand slam home run, односно home run при првото топче упатено кон нив во сезоната. Познат е под псевдонимот „Македонската машина“. Моментално игра за Оукленд Атлетикс, а кариерата ја започнал во Кливленд Индијанс. Тој припаѓа на третата генерација Кузманови, иселеници од Македонија, а неговиот прадедо бил бејзбол судија на почетокот од минатиот век.rnrn
Џон Битов и фамилијата – бизнисмени
rnrnДесно (Џон Битов) и во средина (Џон Битов Јуниор)rnrnЏон Битов (Сениор) е роден во 1928 година во Торонто, Канада. Тој е еден од најуспешните канадски бизнисмени, чија сопственост се синџирот на ресторани „Big Boy“ и „Roy Rogers“, како и уште неколку други ресторани ширум земјата. Во 1982 година неговите компании ја добија лиценцата за кетеринг на канадскиот аеродром, а наредната година лиценцата за послужување пијалоци и храна на стадионот „Toronto’s SkyDome“, сегашен „Rogers Centre“. Со тоа корпорацијата Битов стана една од најголемите канадски компании кои работат со храна. Неговиот син Џон Битов Јуниор е роден во 1960 година, исто така во Торонто. Тој е сопственик на телекомуникациската компанија „Mobilicity“ и е акционер во Канадското сателитско радио. Основач е на НБА тимот „Toronto Raptors“ и е креаторот на спортскиот центар „Air Canada Centre“.rnrn
Питер Џорџ – освојувач на златен олимписки медал во кревање тегови
rnrnЛетни олимписки игри во Мелбурн, АвстралијаrnrnПитер Џорџ е роден на 29 јуни 1929 година во Акрон, Охајо, а неговите родители Трајан и Параскева биле доселеници од Македонија. Во 1948 година, на летните олимписки игри во Лондон, успеал да го освои сребрениот медал во кревање тегови во машка конкуренција до 75 килограми. На следните летни олимписки игри, во 1952 година во Хелсинки го освоил златниот медал во истата категорија. Четири години подоцна, на олимписките игри во Мелбурн го повторил успехот од Лондон. Тој исто така бил првиот кој успеал на само 15 години да крене тежина од 136 килограми, а во периодот од 1947 до 1952 освоил и 5 државни шампионски титули.rnrnПрочитајте го и првиот дел за познатите и успешни Македонци низ светот.rnrnrn
Дали понекогаш посакувате да поминете подолго време под вода, восхитувајќи му се на растителниот и животинскиот свет? Секако тоа е возможно за оние кои знаат да нуркаат. Но, што да правите доколку не знаете, а сепак сте љубител на подводни авантури?„Hidrobob“ е скутер кој им овозможува на сите оние кои не се нуркачи, да уживаат во едно прекрасно искуство, доближувајќи му се на подводниот свет.Интересно е тоа што е многу лесен и едноставен за користење. Сѐ што треба е да ја ставите главата во балонската шуплина, да седнете и спремни сте за незаборавна лудорија. Дури не е потребно ниту да знаете да пливате. Скутерот овозможува поглед од 180 степени и со него лесно се маневрира. За жал на ваков скутер можете да се возите само во Флорида, а задоволството би ве чинело 25 американски долари за еден час.rn
По првата тура откачени закони, следува и второ урнебесно продолжение.rnrn1.Во Турција сите мажени жени кои сакаат да се вработат, мора претходно да добијат дозвола од нивните сопрузи. Жените мораат да живеат онаму кај што сакаат нивните мажи. При развод, жените го губат целиот заеднички имот кој е стекнат во текот на бракот.rnrn2.Во Италија секој маж кој носи здолниште може да биде уапсен.rnrnrnrn3.Во Јужна Африка потребна е посебна лиценца за да купите телевизор.rnrn4. Во Австралија, само на електричари кои имаат законска дозвола, им е дозволено да менуваат сијалици.rnrnrnrn5. Додека возите автомобил во Данска, мора да има некој кој ќе оди пред него со знаме за да ги предупреди запрежните коли водени од коњи, дека моторно возило доаѓа на патот.rnrn6. Секоја канцеларија во Германија мора да има прозор со поглед кон небото, макар и мал.rnrnrnrn7. Во Тајланд е нелегално да излезете од вашиот дом, доколку не носите долна облека. Исто така, додека возите автомобил мора да носите маица.rnrn8. Во Швајцарија е забрането да пуштате вода од казанчето во тоалетот после 22 часот.rnrnrnrn9.Во Сингапур оралниот секс е забранет со закон, освен ако се практикува како дел од предиграта.rnrn10. Во Камбоџа, пиштоли на вода не смеат да се користат за време на новогодишната прослава.rnrnrnrn11.Во Мексико велосипедистите не смеат да ги подигаат стапалата од педалите, бидејќи тоа може да доведе до губење на рамнотежата.rnrn12.Во Австралија на децата не им е дозволено да купуваат цигари, но смеат да ги пушат.rnrnrnrn rnrn
Некои луѓе имаат чуден вкус за уредување на нивниот дом однатре, но и за дизајнирање и украсување на својата куќа однадвор. Без да навлегуваме во причините, мотивите и оправданоста за изборот, ова се дефинитивно 10-те најнеобични куќи кои можете да ги видите низ светот:rnrn1. Куќа на танцот, Прагаrnrn2. Куќа на дрво, СинсинатиrnrnКуќа на дрво, Синсинати (2)rnrnКуќа на дрво, Синсинати (3)rnrn3. Еко-тркалезна куќа, Австралијаrnrn4. Спирална зграда, Германијаrnrn5. Куќа во облик на НЛО, Тајван (1)rnrnКуќа во облик на НЛО, Тајван (2)rnrnКуќа во облик на НЛО, Тајван (3)rnrn6. Куќа инспирирана од вселената, Чикагоrnrn7. Грбава куќа, Полскаrnrn8. Чита куќа, Чикагоrnrn9. Куќа-школка, Карибиrnrn10. Куќа од камено време, Португалија (1)rnrnКуќа од камено време, Португалија (2)rnrn rnrn