Иако дизајнирани и изградени за одбранбени цели, денес замоците изгледаат како остаток од некоја бајка. Од цврсти камени градби до ориентални тврдини со декоративен шмек, замоците претставуваат наша врска со минатото, места на испишување на историјата и раѓање на многу легенди.rn
1. Замокот Хоенцолерн, Германија
rnОвој волшебен замок бил средиште на големи пруски кралеви и германски владетели. Датира уште од средниот век. Изграден е во 11 век, потоа бил целосно уништен во 1423 година, а бил реконструиран во 1461 година. Погледот кон планината Хоенцолерн (855 м) е зачудувачки, како и самиот комплекс. Овој замок се наоѓа на околу 50 км јужно од Штутгарт.rnrn
rn
2. Замокот Хауард, Англија
rnИако изгледа како замок, ова е всушност фамилијарна резиденција на семејството Хауард, кое живее тука веќе 300 години. Оваа семејна резиденција се наоѓа во Северен Јоркшир и претставува најголемото живеалиште во Велика Британија. Изградбата на оваа палата е започната од крајот на 17 век и траела околу 15 години. Меѓу најзабележителните карактеристики на замокот се прекрасните градини и паркови кои се распослани на огромно пространство.rnrn
rn
3. Замокот Алказар во Сеговија, Шпанија
rnОвој замок се наоѓа во стариот дел на Сеговија, Централна Шпанија. Изграден е како арапска тврдина во 12 век. Неговата уникатна форма како лак на брод, го прави овој замок еден од најкарактеристичните во светот. Во Средниот век Алказар бил главен дел од одбраната на земјата. Најверојатно, со својата убавина и уникатност, Алказар претставува инспирација за замоците на Волт Дизни.rnrn
rn
4. Замокот Химеџи, Јапонија
rnЗамокот Химеџи, познат и како Белиот замок на чапјите, се одликува со прекрасна бела надворешност. Во овој огромен комплекс влегуваат 83 древни објекти. Еден од најпознатите одбранбени елементи на овој замок се многуте лавиринти кои водат до главната кула. Портите се изградени на тој начин што ги принудуваат натрапниците да се соочат со многу слепи патеки. Химеџи бил изграден во 14 век, а денес може да го посетите во регионот Кансаи во Јапонија.rnrn
rn
5. Замокот во Прага, Чешка
rnПрашкиот замок претставува икона на Чешка, а е еден од најстарите и најголемите замоци во светот. Долг околу 570 метри и широк 130 метри, овој замок претставува извонредно архитектонско чудо. Во себе ги содржи сите стилови на последниот милениум, готика со романескни и барокни елементи. Првиот објект од овој прекрасен комплекс е изграден уште во 9 век.rnrn
rn
6. Замокот Пелеш, Романија
rnСместен во планинската идила на Карпатите, Пелеш е вистинска бајковидна градба. Изградбата била започната во 1873 година и еве како романската кралица Елизабета го опишала неговото градење:rn.rn
„Италијанците биле ѕидари, Романците ги граделе терасите, Циганите биле носачи, Албанците и Грците работеле со камен, Германците и Унгарците биле столари, а Турците ги гореле тулите. Инженери биле Полјаците, а каменоресци Чесите. Очигледно, можеле да се слушнат 14 јазици меѓу работниците.“
rn
rn
7. Замокот Шамбор, Франција
rnСо оглед на тоа дека Шамбор бил официјално изграден како викенд-куќа за лов, овој замок е доста импресивна градба. Локацијата за неговата изградба била одредена од кралот Франсоа I. Тој намерно го избрал тоа место бидејќи се наоѓало блиску до замокот на неговата љубовница, Клод Рохан. Овој масивен замок има 440 соби, 365 камини и 84 скали и со тоа претставува најголемиот замок во долината Луара во Франција.rnrn
rn
8. Замокот Нојшванштајн, Германија
rnИзградбата на овој замок била започната уште во 1896 година, а дизајнер на ова прекрасно здание бил, не архитект, туку сценографот на Лудвиг Втори, Христијан Јанг. Пред завршувањето на замокот тој бил прогласен за луд. Ова објаснува многу во поглед на архитектурата на Нојшванштајн. Локацијата и големината на замокот се спектакуларни и помалку луди. Тој се наоѓа на врвот на еден рид во југозападниот дел на Баварија и претставува голема туристичка атракција во Германија.rnrn
rn
9. Замокот Корфе, Англија
rnИако, рушевините е сè што е останато од замокот Корфе, тие се доволен доказ за грандиозноста на оваа градба. Се наоѓа во округот Дорсет, на островот Пурбек и се претпоставува дека е изграден во 9 век. Други докази укажуваат на тоа дека е изграден многу порано и бил римска дефанзивна градба. Остатоците од деловите кои се сочувани до денес, биле изградени во 11 век. Два века подоцна биле во функција на магацини на богатството на кралството на Англија и служеле како затвор.rnrn
rn
10. Замокот во Мацумото, Јапонија
rnОва е неверојатен замок кој се наоѓа во градот Мацумото, во близина на Токио. Бил изграден во 1504 година и денес е Национално богатсво на Јапонија. Замокот бил во употреба сè до средината на 19 век. По реставрацијата на Меиџи во 1868 година, новата јапонска влада била одлучна да го сруши замокот и да го продаде за дрво и железо. За среќа, локалните жители го купиле пред да биде срушен и денес сведочи за суровата јапонска историја.rnrn
rn
11. Замокот Елц, Германија
rnЕлц е уште еден истакнат германски замок. Оваа прекрасна средновековна конструкција се наоѓа во југозападниот дел на Германија и сè уште е сопственост на фамилијата која живее таму 800 години. Сопственик на замокот е д-р Карл Граф фон унд цу Елц, кој ја претставува 33-тата генерација на домот на Елц.rnrn
rn
12. Ејлен Донан, Шкотска
rnЗамокот Ејлен Донан бил изграден во 13 век да ги спречи Викинзите од инвазии, а денес е најпознатата туристичка атракција во Шкотска. Бил именуван по епископот Донан кој дошол во Шкотска во 6 век. Замокот се наоѓа на остров опкружен со прекрасни предели и висорамнини. Тврдината е реконструирана најмалку 4 пати, па затоа и нејзината реставрација траела 200 години (18-20 век). Таа всушност лежи на урнатини. Во 1932 година е отворена за посетители и секојдневно има огромен број туристи од целиот свет.rnrn
rn
13. Тврдината Нешател, Швајцарија
rnЗамокот, изграден во 10 век, е подарок од Кралот Рудолф III и неговата жена. По овој дарежлив подарок биле именувани градот, езерото и Швајцарскиот кантон. Бил реконструиран во 15 и 17 век, а денес замокот е средиште на кантонската влада и судовите.rnrn
rn
14. Тврдината Гуаита, Сан Марино
rnОваа тврдина се наоѓа на врвот Гуаита, има поглед кон целиот град Сан Марино и претставува икона на оваа мала земја целосно опколена со територијата на Италија. Тврдината била изградена во 11 век и некое време служела како затвор. Гуаита е една од трите кули на Сан Марино, која се наоѓа на трите врвови на Монте Титано. Кулите се прикажани и на националното знаме и на грбот на Сан Марино.rnrn
rn
15. Замокот Конви, Велс
rnКонви е еден од најистакнатите замоци на Едвард Први, изграден во 13 век. Тој е еден од клучните замоци на кралскиот „железен прстен“ изграден на тврдината во Велс. За неговата градба се претпоставува дека Едвард Први потрошил 15.000 фунти (162.000.000 фунти во денешни пресметки) што го прави овој замок најскапиот во Велшката историја. Денес Конви е прогласен за светско наследство и со својот поглед кон заливот Конви е најпретставителниот објект во Северен Велс.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Најсвеж проект на Ел Мек му е „Духот на летото“ лоциран во Монтреал, Канада. Тој претставува интерпретација на некоја млада жена, чие што име е исто со називот на маалото каде е нацртана оваа фреска – Роуз Филипс. Фантастично, зарем не?!

Сите негови фрески се интересни, специфични и уникатни на свој начин и му даваат душа и карактер на маалото во кое се нацртани.












На почетокот од ова лето, во маестралната уметност на Ел Мек, уживаа жителите на Виетнам. Во слободниот простор за цртање на артисти „Сан Арт“ во Хо Ши Мин Сити, тој насликал огромен портрет, базиран на фотографија од бабата на неговата девојка. Ова огромно уметничко парче пресликува некој карактер, некоја емоција, која Ел Мек се обидува да им ја пренесе на Виетнамците. Видеото кое следува е рефлексија на животот во Виетнам, погледнат низ очите на Ел Мек, врз основа на неговиот прв впечаток за оваа земја.
rn
Режија:
Дел од прикажаните приказни сосема разбирливо повеќе се запечатуваат во нашите сеќавања. Но освен неколку луѓе, поголем дел од ликовите се појавуваат само по еднаш што е сосема разбирливо. Ова не е воајерско навлегување во нечиј живот туку збир на секвенци. Интересно е што филмот не е направен за да ни крене некаков морал или да направи да се чувствуваме подобро за нашиот живот. Има и среќни и тажни и глупави и обични приказни. Но сепак, крајно интелигентно и ненаметливо, „Живот во еден ден“ го слави животот.
Во ова филмско патување воопшто не се губи фокусот и не се добива конфузно чувство и покрај тоа што се користат видеа снимени од различни луѓе. И нормално, едно од прашањата кое сигурно ви се поставува е „Дали има видео од Македонец?” Искрено мислам дека не, освен една сомнителна секвенца во филмот каде едно момче набројува што има во џебовите и вели нешто како „клучеви, телефон, шприцеви“, но сепак тоа може да се должи на блискоста на словенските јазици.





rnrnЈапонскиот артист и архитект
rnrnЗа нивната изработка тој прави минијатурни скулптури кои прецизно ги сече од парче хартија, користи малку плута и кога е потребно, во тегличката сипува течен парафин за да создаде ефект на пливање во вода. Потоа тој ги продава овие теглички како сувенирчиња на сајтот 

rnrnЗнаете како велат: „Добрите работи доаѓаат во мали пакувања“. Додека повеќето од нас го поминуваат денот седејќи пред компјутер или гледајќи телевизија, овој токиец напорно работи на креирањето на еден паралелен универзум. Убаво погледнете низ стаклото и ќе забележите колку е едноставно да си ја визуелизирате сцената во реален формат.rnrn







rnrnПогледнете го 
rnrnВо меѓувреме келнери: ставете широка насмевка на вашите лица додека послужувате, а вие муштериите, не бидете толку скржави, 20-30 денари нема да ве осиромашат, а на вработениот ќе му го направите работниот ден прекрасен! Погледнете каква култура постои во земјите ширум светот, во врска со оваа работа.rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

rnrnЗа да го креираат ова чудо т.н „
rnrnВо овој свет, исто како и во реалниот, луѓето организираат концерти, слават празници, штрајкуваат, се случуваат сообраќајни незгоди, па дури и избувнуваат пожари, кога пожарникарите дотрчуваат за да го изгасат секое жарче во земјата-играчка. Возовите и автомобилите се движат како да се вистински. Се менуваат и годишните времиња. Бродови контролирани со радио, си пловат во водата, која е вистинска.rnrn
rnrnСекогаш нешто се случува, токму како што е во реалниот живот, а целиот овој свет е контролиран од 40 компјутери. Овој чудесен минијатурен свет е фантастичен пример за тоа како едно хоби се претворило во добар бизнис. Група ентузијасти работеле на оваа паралелна реалност уште од 2000 година, а денес сите имаме прилика да ги видиме резултатите од нивниот труд.rnrn












rnrnСе сеќавате на 
rn
rn
rn
rn
rn
rn


rnrn rnrn
Во последниве години, на филмското платно можевме да погледнеме многу интересни филмови во кои беше прикажан постапокалиптичниот свет, како „Јас сум легенда“, „Денот после утре“, „2012“, „Војна на световите“ и многу други. Оваа колекција од околу 50 слики е направена од различни автори, а на нив можете да видите различни перспективи и гледишта за тоа како би изгледал денешниов свет после катаклизмата.














































rn

















































