КАФЕ ПАУЗА

Tag: свет

  • Расцветена пролет во различни делови од светот

    Расцветена пролет во различни делови од светот

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnПосле студената зима, сите со цела душа ја чекаме пролетта. Цело време затворени дома, едвај чекаме да излеземе надвор и буквално да не се прибереме. Мирисот на цвеќињата, убавиот воздух, џагорот на живиот свет го прави ова годишно време да биде посакувано и прекрасно. Магичната атмосфера се надополнува со прекрасните расцветени црешови дрвја, на кои никој не може да им остане рамнодушен. Еве неколку фотографии од расцветените цветови, фатени од страна на објективот во различни места на светот.rnrn

    Расцветена пролет во различни делови од светот
    Расцветено црешово дрво близу Ајфеловата Кула во Париз.
    rnrn
    Расцветена пролет во различни делови од светот
    Споменикот на Мартин Лутер Кинг во Вашингтон опкружен со црешови дрвја. Оваа година е значајна по тоа што се бележи 100 годишнина од првото црешово дрво, кое Јапонците го дале како поклон на Американците.
    rnrn
    Расцветена пролет во различни делови од светот
    Чамец кој плови под црешово дрво во паркот Sakuranomiya во Осака, Јапонија.
    rnrn
    Расцветена пролет во различни делови од светот
    Снег ги покрил расцветените цветови во Олимпискиот стадион во Минхен, Германија.
    rnrn
    Расцветена пролет во различни делови од светот
    Овие црешови дрвја расцветеле во паркот Yuyuan Tan, Пекинг
    rnrn
    Расцветена пролет во различни делови од светот
    Жителите на Портланд, Орегон, имаат прекрасна можност да пешачат во паркот Том МекКол, покрај реката Виламет.
    rnrn
    Расцветена пролет во различни делови од светот
    Преку црешовите гранки можете да го видите споменикот на Џеферсон во Вашингтон, кој се наоѓа покрај реката Потомак.
    rnrn
    Расцветена пролет во различни делови од светот
    На плоштадот во централен Ванкувер, Канада, можете да се прошетате под прекрасните расцветени дрвја.
    rnrn
    Расцветена пролет во различни делови од светот
    Романтична прошетка придружена со мирисот на пролетта, ви нуди кралската палата Chidorigafuch, која се наоѓа во Токио.
    rnrn
    Расцветена пролет во различни делови од светот
    Доколку се наоѓате близу Амстердам, посетете ја цветната изложба во Лисе, каде ќе уживате во црешовите расцветени дрвја.
    rnrn
    Расцветена пролет во различни делови од светот
    Девојка ги фотографира преубавите цветови во паркот Sakuranomiya, кој се наоѓа во Осака, Јапонија.
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчудните велигденски традиции ширум светот

    Најчудните велигденски традиции ширум светот

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnВо Македонија, традиционалното празнување на Велигден изгледа отприлика вака: рано утрото на Велики четврток се бојадисуваат јајца во црвена боја. Првото бојадисано јајце е наменето за Господ Бог и се покажува на семејството, а членовите на семејството го дочекуваат со зборовите „добре дојде“. На најмалите дечиња три пати им се врти со јајцето околу лицето велејќи им „црвено, бело, дебело“ за да бидат здрави и силни. Потоа, јајцето се завиткува во црвено крпче и се остава на видно место на прозорецот или на терасата од домот. Се верува дека тоа јајце штити од громови и зли сили. На Велигден, обичај е луѓето да се кршат со јајца, а победникот си го зема јајцето на тој што го скршил.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrnМеѓутоа, гледано во светски размери, ние сме доста конзервативни во празнувањето на Велигден. Откривме 10 најчудни традиции на празнување што се применуваат ширум светот. За некои можеби сте слушнале, некои можеби ќе ве зачудат или пак ќе ве насмеат. Како и да е, еве на што наидовме.rnrn1. Во Чешка и во Словачка, мажите и момчињата ги камшикуваат жените и девојките со декорирани инструменти, кои се обично украсени со шарени ленти. Овој обичај традиционално се одржува во понеделник, на вториот ден од Велигден и не е наменет да им предизвикува болка на жените, туку има за цел да го охрабри чувањето на доброто здравје и убавина. Секако, жените и девојките можеби мислат поинаку. :)rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn2. Во Полска и во Русија се прават јагниња од путер. Путерот е извајан во форма на јагне, кој придружува еден оброк.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn3. Остатоците од Божиќ им предизвикуваат забава на Германците за време на Велигден. Остатоци од новогодишни елки се собираат на куп и се палат како симбол дека дошол крајот на зимата и настапува пролетта.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn4. Веројатно сте виделе чоколадни јајца и зајаци, но дали сте виделе чоколаден билби? Билби е малечок вид зајак-торбар со големи уши, кој се закопува под земја. Потекнува од Австралија. И тој е овековечен во чоколадна форма.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn5. Додека во Нов Зеланд традиција е да се кријат велигденските јајца, некои луѓе во Швајцарија гордо ги покажуваат. Во Нион, близу Женева, традиција е да се украсуваат фонтани со цвеќиња, панделки и јајца.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn6. Камбаните во француските цркви не бијат на Велики петок како признание за смртта на Исус. Но, легендата вели дека камбаните всушност летаат кон Рим и се враќаат назад на време за да заѕвонат на Велигден. Постојат многу слики и фотографии кои сведочат за оваа традиција.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn7. Спалувањето на Јуда е древен Велигденски обичај во православните и католичките земји, но денеска се практикува само во неколку земји. Ликот на Јуда е често прикажан и изгорен на Велигден во некои делови од Грција, Мексико, Португалија и Шпанија.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn8. Оваа полска традиција несомнено ја започнал некој маж. Традицијата вели дека на мажите во Полска не им е дозволено да прават Велигденски леб, а некои тврдат дека не смеат да приготвуваат никаква храна за време на Велигденските денови, од страв дека ќе им побелат мустаќите. :)rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn9. На Финска можеби ѝ треба потсетник дека е Велигден, а не ноќта на вештерките. Децата се облекуваат како вештерки и талкаат по улиците со метли во рацете во потрага по колачиња. Се вели дека традицијата започнала со верувањето дека вештерките летале во Германија и лудувале со Сатаната. Затоа, се палат големи логорски огнови за да ги исплашат и да ги истераат што подалеку.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn10. Ние ги јадеме Велигденските јајца, а Англичаните ги тркалаат. Тркалањето на јајца сè уште е доста популарен спорт во Обединетото Кралство. Натпреварот се состои во тркалање на јајца надолу по големи ридови. Оној чие јајце ќе се истркала најдалеку или пак нема да се скрши при тркалањето, победува.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најопасните патишта во светот

    Најопасните патишта во светот

    Верувале или не, возењето по македонските патишта не е најлошото возачко искуство што може да ви се случи, вам и на вашиот автомобил. Во светот постојат патишта кои се толку лоши, што изгледаат опасно само да ги гледате, дури и без да знаете за огромниот број несреќи кои се случуваат на нив. Всушност, кога ќе ги видите фотографиите кои следуваат, за некои од нив и ќе се зачудите како и зошто воопшто се нарекуваат автопати.rnrn

    Најопасните патишта во светот
    Автопатот Северен Јунгас во Боливија
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Лос Караколес на Андите
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Автопатот покрај Јадранот во Хрватска
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Гримсел, Швајцарија
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Тунелот Гуолијанг во Кина
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Автопатот Халсема, Филипини
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Автопатот Каракорам кој ги поврзува Кина и Пакистан
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Ладах, Индија
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Лисеботн, Норвешка
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Автопатот Манали-лех во Индија
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Автопатот помеѓу Сичуан и Тибет
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Кањонот Скиперс, Нов Зеланд
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Стелвио, Швајцарија
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Тароко, Тајван
    rnrn
    Најопасните патишта во светот
    Пан-американскиот автопат

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Минијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијата

    Минијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијата

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnКолекцијата фотографии „Мал свет“ на американскиот фотограф Курт Мозес е најкраткиот пат до некој свет од фантазијата. Во него секојдневните ситуации се сместени во несекојдневна околина, и тоа без употреба на Фотошоп и слични алатки, туку само со користење на природна светлина.Минијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаКурт оваа колекција ја направил со помош на својата сопруга, со којашто тргнале на патување за да ги најдат совршените локации за фотографирање. Иако повеќето им биле однапред замислени, помеѓу овие фотографии има и такви кои се направени при моменталната инспирација на Мозес.Минијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијата
    rn

    За „Мал свет“ тој вели: „Мојата цел беше едноставна: да направам фотографија со приказна, која ќе буди емоции и ќе му дозволи на гледачот да извлече сопствени заклучоци за сцената која ја набљудува“.

    rnrnМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијатаМинијатурни светови кои ќе ви ја разбудат фантазијата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 најсовремени куќи во светот

    15 најсовремени куќи во светот

    Автор: Боро МирческиrnrnДури и да не можете да си дозволите куќа од соништата или пак доколку архитектурата не е на врвот на вашата листа со приоритетни луксузи кои ги посакувате, сепак може да одвоите барем 5 минути од вашето време и да погледнете какви куќи го красат светот.rnrn

    15 најсовремени куќи во светот
    Леирија, Португалија
    rnrnВо книгата „100 современи домови“ на авторот Филип Џодидио, претставени се 100 екстремно луксузни и современи домови изградени ширум светот, почнувајќи од Чиле, преку Хрватска па сè до Кина. Според Џодидио, дизајнирањето приватни домови им нуди на архитектите поголема слобода во реализирање на своите идеи и концепти, но и прикажување на нивната креативност, за разлика од сите корпоративни проекти за кои најчесто се ангажирани.rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Сантијаго, Чиле
    rnrnСепак, создавањето на сопствениот дом треба да биде исполнето со енергијата која вие ја поседувате како индивидуа. Домот треба да биде хармонично место кое ќе зрачи со топлина. Затоа, на архитектите им е вистински предизвик да го преточат „духот“ на едно семејство во расположливиот простор, а притоа да остават сопствен белег кој ќе ги натера случајните минувачи да прашаат кој ја дизајнирал куќата на домаќините.rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Рио де Жанеиро, Бразил
    rnrnФилип Џодидио направил една тура околу светот и избрал 100 најсовремени домови, кои потоа ги објавил во сопствена книга од два тома. Џодидио дипломирал историја на уметност и економија на универзитетот „Харвард“ и денес важи за еден од најпопуларните писатели во светот на теми од архитектурата. Ова се само 15 примери од неговата книга.rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Кауита, Костарика
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Сиднеј, Австралија
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Нагано, Јапонија
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Нагано, Јапонија
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Куала Лумпур, Малезија
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Качагуа, Чиле
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Британска Колумбија, Канада
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Конектикат, САД
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Онтарио, Канада
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Чиле
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Нагано, Јапонија
    rnrn
    15 најсовремени куќи во светот
    Њујорк,САД

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Патот на кафето околу светот

    Патот на кафето околу светот

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnЗа првпат, неговото височество-кафето, се појавува во Етиопија. Легендата вели дека човекот со име Калди, еден ден забележал како неговите кози после јадењето зрна од една грмушка се однесувале чудно. Од љубопитство, ги пробал и самиот и забележал дека добил поголема енергија. Веста за овошјето што дава сила, брзо се проширила низ регионот. Калуѓерите, за да останат подолго будни за време на молитвите, биле први кои смислиле начин како овошјето да го пренесуваат на поголеми далечини. Го цеделе сокот од овошјето, потоа го јаделе, а исцедената течност ја пиеле.Патот на кафето околу светотrn

    Кафето ја напушта Африка

    rnКафето од Африка било пренесено на Арапскиот Полуостров и за првпат било одгледувано во денешен Јемен. Од Јемен, потоа стигнало во Турција, каде за првпат самите зрна кафе биле печени на отворен оган. Потоа, испечените зрна се кршеле, се вареле во вода и се создавал напиток кој наликувал на денешното кафе.Патот на кафето околу светотrn

    Кафето пристигнува во Европа

    rnНа Европскиот континент, кафето е донесено од страна на Венецијанските трговци. Католичката црква веднаш остро се спротивставила на кафето, нарекувајќи го „пијалак на ѓаволот“. Но, за сечие изненадување, папата како голем уживател на магичната напивка, го благословил кафето, прогласувајќи го за вистински Христијански напиток. Набргу потоа кафето бргу се раширило низ Европа, а кафулињата постанале центри на интелектуална размена. Многу големи умови пиеле кафе за да ја поттикнат својата креативност.Патот на кафето околу светотrn

    Кафето патува во Америка

    rn

    На почетокот на 18 век, кафето пристигнува и во Америка. Американците можат да му заблагодарат на францускиот капетан кој пренел едно растение кафе преку Атлантикот. Токму ова единствено растение, посадено на Карипскиот остров Мартиник, е претходник на преку 19 милиони дрвја кафе, посадени на островот во наредните 50 години. Како омилена напивка, кафето во Америка е прогласено за национален пијалак.Патот на кафето околу светот

    rnrn

    Кафето во 21 век

    rnДенес кафето е огромна глобална индустрија која вработува над 20 милиони луѓе. Со преку испиени 400 милијарди чаши секоја година, кафето е најпопуларен пијалак во светот. Ако само може да замислите, во Бразил преку 5 милиони луѓе се вработени во одгледување и берење на повеќе од 3 милијарди кафе-растенија. Продажбата на висококвалитетни кафиња достигна ниво од неколку милијарди долари годишно и се зголемува значително секоја година.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?

    Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?

    Aвтор: Елена ЈошескаrnrnБез разлика дали го гледаме од врвот на планината, од песочната плажа, низ дрвјата во шумата, зад поларните глечери или од дините во пустината, изгревањето на сонцето се случува секој ден. Но, колку често навистина го гледаме изгрејсонцето? Еве неколку прекрасни фотографии кои го прикажуваат изгрејсонцето во различни делови од светот.Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот

    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот

    Спектакуларни огномети ги осветлија градовите ширум светот, во минутите додека луѓето ја испраќаа 2011 и го прославуваа доаѓањето на 2012 година. Еве дел од нивната атмосфера низ фотографии.rnrn

    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Лондон, Англија (1) – Во Лондон, за првпат огномети се пукаа од кулата Биг Бен, а истовремено ѕвоната одекнуваа точно на полноќ, означувајќи го почетокот на новата година.
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Лондон, Англија (2)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Лондон, Англија (3)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Лондон, Англија (4)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Лондон, Англија (5) – Околу 250.000 луѓе го гледале единаесетминутниот спектакл во главниот град на Англија.
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Њујорк Сити, Њујорк (1) – Во Њујорк, стотици илјади луѓе се собрале на Тајмс Сквер за да го посведочат свеченото спуштање на „кристалната топка“ од страна на Лејди Гага и њујоркшкиот градоначалник Мајкл Блумберг, притоа одбројувајќи ги последните секунди од 2011 година.
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Њујорк Сити, Њујорк (2)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Њујорк Сити, Њујорк (3) – Воедно тие танцувале и се бакнале в уста, така славејќи го отпочнувањето на новата година.
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Њујорк Сити, Њујорк (4)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Копакабана, Рио де Жанеиро, Бразил (1) – Трите милиони луѓе кои се забавувале за Нова година во Рио де Жанеиро, ги искористиле топлите временски услови, па се шетале во костими за капење на плажата Копакабана, а новата 2012 година ја дочекале капејќи се во морето.
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Копакабана, Рио де Жанеиро, Бразил (2)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Копакабана, Рио де Жанеиро, Бразил (3)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Копакабана, Рио де Жанеиро, Бразил (4)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Виена, Австрија
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Москва, Русија
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Сингапур, Сингапур
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Кулите Петронас, Куала Лумпур, Малезија
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Манила, Филипини
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Берлин, Германија (1)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Берлин, Германија (2)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Сиднеј, Австралија (1)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Сиднеј, Австралија (2)
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Фуншал, Португалија
    rnrn
    Спектакуларниот дочек на 2012 ширум светот
    Цирих, Швајцарија
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јурејќи низ светот за вистинската љубов

    Јурејќи низ светот за вистинската љубов

    Боб“ е 3Д анимиран филм кој раскажува приказна за еден хрчак кој неуморно, со огромна брзина, патува низ целиот свет со цел да стигне до својата вистинска љубов. Дали ќе успее во тоа? Одговорот е на крајот од филмот, по одјавната шпица.rnrnЈурејќи низ светот за вистинската љубовrnrnФилмот е изработен од страна на тим од 9 луѓе во 2009 година, кои тогаш биле на студии на филмската академија во Баден-Виртемберг, Германија. Целата работа траела 6 месеци, од првиот цртеж до финалната реализација, а оттогаш до денес, филмот бил прикажан на многу фестивали и се здобил со мноштво награди.rnrnЈурејќи низ светот за вистинската љубовrnrnУживајте во комичната, но и жалосна приказна за страсниот хрчак.rnrnrnrnОвој хрчак не е единствениот лудо заљубен, кој би направил сè за да дојде до својата сакана. Се сеќавате на заљубениот хрчак Вил?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде се пие најмногу кафе во светот?

    Каде се пие најмногу кафе во светот?

    Ова истражување е направено врз база на податоци кои биле прибирани од 1977 до 2008 година. Спроведено е од „Меѓународната организација за кафе“ во Лондон, а резултатите покажуваат колку кафе се пие по глава на жител низ земјите во светот.rnrnКаде се пие најмногу кафе во светот?rnrnТие го имаат следено порастот на побарувачката на кафе во секоја земја одделно, па така во 2008 година се забележани интересни бројки. Имено во Европа убедливо најмногу се пие кафе, особено во скандинавските земји. Погледнете ги добиените бројки.rnrn1. Финска 12 кгrn2. Норвешка 9,9 кгrn3. Исланд 9,0 кгrn4. Данска 8,7 кгrn5. Холандија 8,4 кгrn6. Шведска 8,2 кгrn7. Швајцарија 7,9 кгrn8. Белгија 6,8 кгrn9. Луксембург 6,8 кгrn10. Аруба 6,8 кгrn11. Канада 6,5 кгrn12. Германија 6,4 кгrn13. Австрија 6,1 кгrn14. Босна и Херцеговина 6,2 кгrn15. Италија 5,9 кгrn16. Словенија 5,8 кгrn17. Бразил 5,8 кгrn18. Грција 5,5 кгrn19. Франција 5,4 кгrn20. Хрватска 5,1 кгrn21. Кипар 4,9 кгrn22. Либан 4,8 кгrn23. Србија 4,5 кгrn24. Шпанија 4,5 кгrn25. Естонија 4,5 кгrn26. Португалија 4,3 кгrn27. САД 4,2 кгrn28. Македонија 4,2 кгrn29. Литванија 4,1 кгrn30. Словачка 4,0 кгrnrnДоколку сакате да ги дознаете податоците и за другите земји низ светот, погледнете ја интерактивната мапа каде што се прикажани информациите за секоја одделно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.