КАФЕ ПАУЗА

Tag: свет

  • Неверојатно: двегодишно момче ги знае сите држави во светот

    Неверојатно: двегодишно момче ги знае сите држави во светот

    Запознајте го малиот Британец кој е толку напреден за своите години, што докторите и детските психолози се счудоневидени од неговата невидена интелигенција.Неверојатно: двегодишно момче ги знае сите држави во светотСвоите први зборови Шервин Сараби ги изустил кога имал само десет месеци, а сега, кога има полни 2 години, знае да ги наброи сите главни органи на човечкото тело и нивните функции, може да прочита 500 различно зборови, ги знае сите држави во светот, а умее дури и да ги препознае нивните знамиња. Шервин користи дури и компјутер, за да ги гледа своите омилени програми, како и снимки на ЈуТјуб.rn

    rn

    На почетокот мислевме дека тоа е нормално однесување. Еден ден посетивме доктори и тој започна со прстот да покажува на државите кои ги распознава изговорувајќи ги нивните имиња.  Доктор беше вон себе и рече дека такво нешто никогаш досега нема видено. Го одведовме и кај двајца психолози кои исто така ја потврдија неговата неверојатна дарба. Тој обожава да учи. Неодамна ме разбуди во три часот наутро за да ми раскаже сѐ за тоа како Њутн ја открил гравитацијата. Не можеме да отидеме некаде со него без да нè прашува „Што“, „Што“, „Што“ во врска со работите кои се случуваат околу него. Навистина сме благословени што го имаме.“ – вели неговата мајка Аманда

    rn

    rnЗа само 18 месеци научи да брои и да ги распознава сите геометриски облици, а моментално го интересираат вулканите и кометите. Докторите нема да знаат колку точно е паметен, додека не наполни 3 години, кога ќе може да се тестира неговиот коефициент на интелигенција.Неверојатно: двегодишно момче ги знае сите држави во светот
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најлудите забави во светот

    Најлудите забави во светот

    Од журки на плажа до борби со домати, од родео до карневали, во светот постојано се случуваат луди забави. Ако сакате да доживеете незаборавни моменти, ова се најлудите забави во светот кои треба да ги посетите.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Фестивалот Холи во Индија

    rnХоли е дводневен фестивал на бојата во Индија, кој се слави еднаш годишно, во март. Учесниците на овој фестивал фрлаат парфимиран обоен прав, боја и вода едни врз други, претворајќи се самите себе во шарени слики, размачкани од глава до пети во најразлични бои. Овој религиозен и традиционален настан ги претставува обновувањето и ослободувањето на „внатрешниот Пикасо“ во еден поинаков, хинду стил.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Карневалот во Рио де Жанеиро

    rnНајдобро време да го посетите Рио де Жанеиро е за време на карневалот, кога можете да уживате во сензацијата од бои, пердуви и самба. Шест дена низ улиците на Рио парадираат костумираните учесници, движејќи се во ритамот на афро-бразилската музика. Освен во карневалот, не заборавајте да уживате и во песочните бразилски плажи и вкусните коктели.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Родеото во Калгари

    rnОваа година беше одбележана 100-годишнината од најголемото родео во светот, родеото во Калгари кое се одржа од 6-ти до 15-ти јули. Секоја година родеото во Калгари привлекува повеќе од 1 милион посетители годишно, а вклучува паради, сценски настапи и натпревари во јавање бикови, влечење јаже, тркање околу буриња и слично. Продавниците се уредени во каубојски стил, а храната се состои од месо подготвено на скара и пиво.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Ла Томатина во Шпанија

    rnЛа Томатина претставува борба со домати која се одржува во шпанскиот град Буњол. За време на овој настан, низ улиците течат реки од сок од 100 тони презреани црвени домати. Ла Томатина настанала во 1945 година и оттогаш борбата со домати се одржува секоја последна среда од месецот август. Овој настан е само еден од многуте фестивали и улични забави кои се случуваат во Шпанија.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Забавата на полна месечина во Тајланд

    rnСекој месец, за време на полната месечина, туристи од целиот свет ја поминуваат ноќта забавувајќи се на плажата Haad Rin. Околу 20.000 патници си го наоѓаат своето место на плажата во форма на полумесечина, пијат евтин алкохол наточен во кофи и играат во ритамот на техно музиката. На оваа забава се препорачува да отидете боси затоа што големи се шансите да ги изгубите чевлите, посебно ако го консумирате локалното виски „Самсунг“.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Октоберфест во Германија

    rnТанцувањето полка, препознатливиот германски колбас и пивските градини се синоним за 16-дневниот фестивал на пивото, Октоберфест. Како што кажува самото име, Октоберфест се одржува во октомври, во Минхен и привлекува околу 6 милиони луѓе годишно. Традицијата на Октоберфест е стара 200 години. Најголемиот фестивал на пивото опфаќа 14 шатори со пиво, саем на вртелешки, костумирани поворки и концерти под отворено небо.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Марди Грас во Њу Орлеанс

    rnКога станува збор за најлудите забави, не може да се заобиколи Марди Грас кој се одржува во срцето на Францускиот кварт во Њу Орлеанс. Централната парада исполнета со многу алкохол се случува долж улицата Бурбон. Марди Грас всушност е прослава на јужната декаденција и трае цела недела. Главна карактеристика на Марди Грас е алкохолот кој вклучува многу пиво, виски и неонско зелен пијалак познат како „Рачна граната“.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Фестивалот „Огнен човек“ во Невада

    rn„Огнен човек“ е визуелно спектакуларен фестивал на уметноста кој се одржува во пустината Невада. Секоја година овој еднонеделен фестивал привлекува луѓе од целиот свет кои доаѓаат тука за да ги прослават човештвото, уметноста, креативноста и музиката. „Огнениот човек“ опфаќа уметност направена од автомобили, огромни инсталации кои испуштаат оган, голи велосипедисти и духовно будење. Сето тоа на крај кулминира со согорувањето на еден масивен портрет.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Фестивалот Роскилде во Данска

    rnФестивалот Роскилде е музички фестивал кој се одржува во Данска. Роскилде трае четири дена, а оваа година се одржа од 30-ти јуни до 4-ти јули. Се смета за еден од најголемите музички фестивали во Европа на кој настапиле Брус Спрингстин, Бјорк, Џек Вајт, бендовите Кјур, Рутс и многу други.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Конгресот на Дедо Мразовци, насекаде низ светот

    rnКонгресот на Дедо Мразовци (SantaCon = Santa Claus Convention) е еднодневен настан на кој се собираат пијани Дедо Мразовци кои пеат валкани божиќни песни. Овој настан се случува во средината на декември, насекаде низ светот. Учесниците се луѓе кои се облекуваат како Дедо Мраз, се сретнуваат со своите „колеги“, одат по улиците ѕвонејќи со новогодишни ѕвончиња и пиејќи пиво, сè додека не пристигнат до барот за кој претходно се договориле, каде што ја продолжуваат журката.rnrnНајлудите забави во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни држави за кои сигурно не сте чуле

    10 интересни држави за кои сигурно не сте чуле

    Во светот постојат повеќе од 258 држави, па некои помали, колку и да сакаме, не можеме да ги запаметиме. Во оваа листа ќе ви прикажеме 10 прекрасни мали земји, претставувајќи некои интересни информации за нив.rn

    Република Палау

    rnРепублика Палау својата независност ја прогласила во 1994 година. Таа е една од најмалите островски држави во светот. Се наоѓа во Тихиот Океан, а во неа живеат околу 20.000 жители. Составена е од околу 200 мали островчиња. Островчињата првпат биле населени пред околу 3.000 години, а на старите мапи тие биле обележани како „The Black Islands“ (Црните острови). Островите низ годините биле под влијание на многу култури, бидејќи низ вековите често биле купувани и продавани од многу земји. Пред осамостојувањето, последни тука биле Британците.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Република Вануату

    rnОваа малечка островска држава, лоцирана во јужниот дел од Тихиот Океан, има околу 243.000 жители, од кои 90% егзистираат од риболовство и морски животни. Има само еден мал дел од населението кое егзистира од земјоделство. Земјата е неразвиена поради нејзина ранливост од цунами и поплави, бидејќи поради овие фактори многупати била градена и рушена одново. Прекрасната природа, плажите и прекрасната вода, како и релаксираната и мирна атмосфера која владее во земјата, се адутите поради кои овде доаѓаат голем број туристи. Земјата ја прогласила својата независност од Британците во 80-тите години од минатиот век, после десетгодишното движење за осамостојување.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Комори

    rnКомори е африкански остров кој се наоѓа на крајот на Мозамбичкиот Канал. На него живеат околу 800.000 луѓе. Островот почнал да се населува во 6-тиот век, а оттогаш бил под влијание на голем број култури, како на пример персиската култура, свахили културата, онаа од островот Мадагаскар, кој се наоѓа во непосредна близина и од многу други. Во некои исламски белешки пишува дека Бог фрлил скапоцен камен во околните води, кој придонел да еруптира вулкан од што се создал овој остров.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Република Науру

    rnПред својата независност, овој остров бил освојуван од Британците, Германците и од Јапонците за време на Втората светска војна. Ова е една од најмалите држави во светот со популација од само 9.300 жители, кои живеат на површина од 21 квадратен километар. Порано главна индустрија на оваа островска земја било рударството на фосфати, но рудниците биле минирани во 80-тите години од минатиот век. Во поновата историја, овој остров пред кусо време беше тотално изолиран од светот. Имено, во 2006 година, авиокомпанијата која го опслужуваше островот комплетно се повлече, оставајќи го отсечен. Сепак, 2 години подоцна, летовите повторно беа воспоставени откако компанијата се врати со ново име.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Питкернски Острови

    rnПиткернските Острови се група на четири вулкански оформени острови во Тихиот Океан. Само еден од овие четири острови е населен, а тоа е вториот по големина. Всушност станува збор за остров од 5 квадратни километри. На овие острови вкупно живеат 48 луѓе. Сите жители на овој остров потекнуваат од 4 фамилии, Браун, Јанг, Кристијан и Ворен. Питкернските острови не се суверена држава и се под надлежност на Обединетите Нации. Островите имаат прекрасна локација и многу мирни места за релаксација.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Нагорно-Карабах

    rnОваа држава предизвикувала спор помеѓу Ерменија и Азербејџан бидејќи по нивното осамостојување од Руската империја, во почетокот на 20 век им припаѓала на двете земји. Земјата добила своја независност при распадот на СССР. Од 1991 до 1994 година државата предизвикала војна помеѓу Ерменија и Азербејџан за придобивање на оваа земја. Земјата е уредена со претседателски систем кој ја има извршната власт, но има и парламент од 33 члена. Во тие 33 члена се застапени 3 партии.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Маршалските Острови

    rnОстровите биле пронајдени од страна на европски истражувачи, кои нашле остатоци од претходни цивилизации околу 1500-тата година. Шпанците биле први кои ги населиле островите во 1526 година. Интересен податок е тоа што САД на овие острови има тестирано нуклеарно оружје, со што островите претставуваат едно од најконтаминираните места во светот.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Тувалу

    rnОваа островска држава се наоѓа помеѓу Австралија и Хаваите во Тихиот Океан. Групата острови ја сочинуваат 4 кои се создале од морски гребени и 5 корални острови. Тувалу е држава на која живеат околу 10.500 жители, што ја прави третата најмала суверена држава во светот. Од првиот век, па сè до 1974 година, островот се наоѓал под Британија. Во 1974 година локалното население изгласало за одделување и државата ја добила својата независност.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Гернзи

    rnОваа островска нација, за разлика од останатите споменати, е позната, но она што ретко кој го знае е тоа што таа не е дел од Обединетото Кралство. На островот живеат околу 65.000 луѓе, а неговата вкупна територија изнесува 63 квадратни километри. На островот се наоѓаат две неолитски скулптури кои привлекуваат голем број туристи.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Токелау

    rnДржавата Токелау се состои од три корални атоли. Официјалното име државата го добила во 1976 година, иако и денеска може да се сретне под називот „Сојузни острови“.  Островите биле откриени од европска експедиција, но датумот на нивното откривање е непознат. Државата засега нема свое законодавство, па така во секое село владеат различни закони.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чуле

  • Најдебелите и најслабите нации во светот

    Најдебелите и најслабите нации во светот

    Група на научници ја пресметале просечната тежина на еден жител на планетата земја, па така ја составиле и листата со најдебелите и листата со најслабите луѓе во светот.rnrnНајдебелите и најслабите нации во светотrnrnНивата процена тие ја направиле користејќи податоци за тежината и висината на жители од одредена земја, па така ја добиле просечната тежина на еден човек на планетата. На светско ниво, просечната телесна маса не еден возрасен човек изнесува 62 килограми.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    10 најдебели нации

    rn

    rn

    10 најслаби нации

    rn

    1. САД 1. Северна Кореја
    2. Кувајт 2. Камбоџа
    3. Хрватска 3. Бурунди
    4. Катар 4. Непал
    5. Египет 5. Конго
    6. Обединети Арапски Емирати 6. Бангладеш
    7. Тринидад и Тобаго 7. Шри Ланка
    8. Аргентина 8. Етиопија
    9. Грција 9. Виетнам
    10. Бахреин 10. Еритреј

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уф, колку е убав светот…

    Уф, колку е убав светот…

    Ова е еден од оние кратки филмови кои со секој свој кадар се обидуваат да ви кажат дека светот е преубав. Филмот се вика „Света Земја“ (Terra Sacra) и претставува колаж од фотографиите на канадскиот фотограф Шон Вајт. Тој има работено за многу познати медиуми, како на пример „National Geographic Channel“, „Discovery Channel“, „History Television“, „BBC“, „Outside Magazine“ и многу други. Многубројните патувања биле дел од неговите ангажмани, па во текот на кариерата направил многу фотографии кои сега ги споил во овој прекрасен филм.Уф, колку е убав светот…Фотографиите се направени во последните шест години, од 2006 до 2012 година, во 24 земји на сите седум континенти. Во колажот има спектакуларни пејзажи од Австралија, Боливија, Антарктикот, островот Сокотра, Камбоџа и многу други, надополнети со некои од најубавите антички споменици. Пуштете на цел екран и уживајте!rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водич низ светот за зависниците од кафе

    Водич низ светот за зависниците од кафе

    Кафето е многу повеќе од напиток со млеко и шеќер. Од селата во Етиопија, каде за првпат започнало да се одгледува, до кафулињата низ цела Европа и улиците на Токио, кафето стана дел од сечие секојдневие и се прилагодува на секаква култура.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnНа многубројните обожаватели на кафето, кога патуваат не им е потребна карта на светот, толку колку што им е потребен водич за конзумирање кафе. Сите ние имаме свои ритуали и начини на конзумирање на кафето. Би биле изненадени на колку различни начини тоа се прави во светот. Сите кафе зависници, подгответе се, одиме на една мала турнеја!rn

    Италија – Espresso (Еспресо)

    rnОпис – Совршеното италијанско еспресо, на површината треба да има слој со боја на карамела, кој е доволно дебел да го задржи неколку секунди шеќерот пред да пропадне надолу.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Еспресото во Италија се пие на една голтка. Колку и да изгледа невообичаено, луѓето го пијат стоејќи во кафе барот.rnrnКаде да го пиете – Експертите тврдат дека најдоброто еспресо во Италија може да го вкусите во Рим, во близина на Пантеонот, поради изворите од каде ова подрачје се снабдува со вода.rn

    Австрија – Melange (Меланж)

    rnОпис – Станува збор за популарното виенско кафе Меланж, кое е вид капучино со многу млечна или шлаг пена на површината.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Со кафето задолжително побарајте чаша вода, и тоа од чешма. Не само што е безбедна за пиење, водата во Виена е добра и препорачлива.rnrnКаде да го пиете – Се разбира, каде ако не во Виена! Со кафето не прескокнувајте да порачате некоја од познатите виенски торти, како тортата Захер.rn

    Етиопија – Buna (Буна)

    rnОпис – Во родното место на кафето, нека не ве чуди фактот што жителите го конзумираат со сол и путер, наместо со млеко и шеќер.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Ако сте поканети кај некого дома, покажете почит кон целата церемонија на подготвување на кафето. Напијте се макар три филџани кафе! Бројот три (наречен bereka) се смета за благослов.rnrnКаде да го пиете – Посетете некој од рестораните во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, каде церемонијата за подготовка на кафе се одвива на отворено во сламени колиби.rn

    Мексико – Café de Olla (Кафе Ди Ола)

    rnОпис – Традиционално зачинето кафе, кое се служи во земјен сад, а се додаваат и стапчиња цимет.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Доколку патот ве однесе во Мексико и сакате да си го порачате ова кафе, не додавајте шеќер пред да го пробате, и онака е доволно засладено.rnrnКаде да го пиете – Мексико Сити се смета за централно место на традиционалната мексиканска храна и пијалаци, па затоа оригиналното Кафе Ди Ола може да го вкусите токму овде. Најдобро би било да одберете место во периферијата на градот, каде би можеле да уживате во прекрасната глетка и вкусот на мексиканско кафе.rn

    Саудиска Арабија – Kahwa (Кава)

    rnВкусете го кафето на Бедуините. Ќе ве послужат и со слатки суви урми кои ќе ја засладат горчината на ова јако кафе. Заедно со кафето, порачајте си сок од роза или бадемово лиснато печиво.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Куба – Café Cubano

    rnИталијанското еспресо добива посебен и уникатен вкус со додавање на кубански шеќер, што резултира со слатка кафеава пена на врвот, наречена espumita.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Индија – Kaapi

    rnКафе-напитокот, кој оригинално доаѓа од Јужна Индија, се приготвува на висока температура, а на површината има дебел слој пена која се добива при процесот на ладење. Кафето се сервира со претурање од еден сад во друг неколку пати.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Индонезија – Kopi Luwak

    rnОва традиционално индонезиско кафе е едно од најскапите во светот, ако не и најскапо. Она што е посебно е начинот на кој се произведува. Кафето Копи Лувак се собира од измет на азиското животно дива цибетка, кое јаде зрна кафе. Колку и да звучи необично, светската побарувачка за ова кафе сè повеќе расте, па дивата цибетка почна да се одгледува во кафези со цел да се покачи производството на ова кафе, чија цена достигнува и до 11 долари од филџан.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Малезија – Pak Kopi/Kopi Putih/Bai Ka-fe

    rnУште е наречено бело кафе, се приготвува со печење на зрната кафе со маргарин.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Аргентина – Cortado

    rnЕдна од најстарите култури за одгледување кафе е токму во Буенос Аирес, Аргентина. Ова нивно традиционално кафе се прави со додавање мала количина млеко во кафето еспресо.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Шпанија – Café Bombón

    rnОваа слатка комбинација на еднаква количина кафе и млеко, потекнува од Валенсија и е позната насекаде низ светот.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Мароко – Café des Épices

    rnВкусот на ова кафе варира во зависност од количината на додатоците, како: ѓумбир, црн пипер, сусам, ким, цимет и други, кои можат да се најдат на мароканските пазари.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Финска – Kaffeost

    rnОсобено популарно кај локалното население, ова кафе се приготвува со млеко од крави или ирваси. Во чаша црно кафе се додаваат парчиња кајмак кои се вадат пред да почнете да го пиете кафето.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Ирска – Irish Coffee

    rnТрадиционалното ирско кафе е нешто што мора да се проба. Направено е од топло кафе, шеќер и ирско виски, со многу шлаг на површината на чашата.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Америка – Frappuccino

    rnСтарбакс е дефинитивно симбол за американската кафе-култура, а овој вид милкшејк кафе е еден од најпродаваните низ цела Америка.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Холандија – Bakkie Troost

    rnБуквално преведено, неговото име значи „чаша удобност“, може да го најдете под името kaffe, а се служи со колачиња. Доколку сакате млеко, ќе треба да порачате „koffie verkeerd“ или „coffee wrong“.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Полска – Kawa Parzona

    rnИсто познато под името „kawa naturalna“, ова традиционално полско кафе се прави со ставање на кафето во врела вода, без употреба на филтер.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Хонг Конг – Yuanyang

    rnОвој пијалак е мешавина од кафе и чај. Направено од повеќе видови млеко и чај, може да се служи и топло и ладно. Ова кафе е симбол за тоа како две некомпатибилни состојки можат да се измешаат и да се добие прекрасен вкус.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако што можеме да заклучиме, кафето е вистинска магија, разни вкусови, мешавини и додатоци симболизираат различни традиции ширум целиот свет. Затоа каде и да одите не заборавајте да пробате традиционално кафе и да го збогатите вашето животно искуство за уште една шолја.

  • Специфичниот див свет на Африка

    Специфичниот див свет на Африка

    Африка како континент има најразновиден животински свет кој вклучува големи месојадни животни (лавови, хиени и гепарди) и тревопасни животни (бизони, елени, слонови, камили и жирафи) кои живеат слободно во рамните предели. Таа е исто така дом на многу животни кои живеат во џунглите, вклучувајќи змии, примати и водни животни, како на пример крокодили и водоземци. Направете кратка прошетка низ животинскиот свет на Африка.rnrnСпецифичниот див свет на АфрикаСпецифичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка Специфичниот див свет на Африка rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најскапите начини да се искуси светот

    Најскапите начини да се искуси светот

    Кога патуваат, повеќето луѓе се трудат со што е можно помалку пари да видат и да се забавуваат што е можно повеќе. Ако припаѓате на ова огромно мнозинство, потрудете се по секоја цена да ги избегнете следните убави, но прескапи задоволства.rn
    rn

    Хотели

    rnНајскапата хотелска соба во светот е дел од хотелот „Президент Вилсон“ во Женева. Нуди панорамски поглед кон Женевското Езеро од едната и Мон Блан од другата страна. Вратите и прозорците се отпорни на куршуми, во една од дванаесетте соби е сместено едно пијано, друга служи како соба за билијард, трета како библиотека, а има и фитнес центар. Сето тоа чини 65.000 американски долари за една вечер.Најскапите начини да се искуси светотrn

    Тура со авион

    rn„Smithsonian Journeys“ ја нуди најскапата приватна тура со авион. Наречена е „Културните и легендарни богатства на далечните земји ширум светот“, а ги опфаќа Јапонија, Папуа Нова Гвинеја, Индонезија, Виетнам, Бутан, Руанда и Јордан. При тоа туристите престојуваат во скапи хотели, а водичите доаѓаат од „National Geographic“ и неколку познати музеи. Ова 23-дневно патување чини 71.000 долари.rn
    rn

    Крстарење

    rnЦената на 124-дневно крстарење со луксузниот брод „Silversea Silver Whisper“ е неверојатни 1,5 милиони долари. За 12.000 долари на ден се добива префрлање до бродот од дома со хеликоптер, мермерни купатила, многу кавијар и егзотична глетка од вкупно 28 земји.Најскапите начини да се искуси светотrn

    Храна

    rnНајскапата храна во светот може да се најде главно во САД. Омлет од 1.000 долари има во Њујоршкиот хотел „Ле Паркер Меридиен“, најскапиот кавијар чини 48.750 долари, а една пица во „Nino’s Bellissima“ во Њујорк може да се купи за 1.000 долари. Верувале или не, една порција макарони со сирење во ресторанот „Мелис“ во Калифорнија чини дури 95 долари, додека во Конектикат се продаваат најскапите чоколатца – нешто повеќе од еден килограм чини 2.600 долари.rn
    rn

    Оброк во ресторан

    rnНа менито на ресторанот „Арагава“ во Токио може да се најде само месо, но и покрај тоа е најскап ресторан во светот со просечна цена на оброкот од 217 долари. Тоа што нивното месо го прави посебно е фактот што се добива исклучиво од крави од видот Вагиу, коишто секој ден добиваат масажа, се хранат директно од раката на одгледувачите и пијат саке, само за да го дадат најсочниот бифтек што може да се замисли.Најскапите начини да се искуси светотrn

    Разни атракции

    rnЦената на влезот во музејот „Бирле“ во Цирих е 25 швајцарски франци, за посета на забавниот парк на филмското студио „Јуниверзал“ во Орландо мора да издвоите 85 долари, а следење во живо на натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона чини повеќе од 250 евра.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на фотографијата во животинскиот свет

    Моќта на фотографијата во животинскиот свет

    Фотографијата е многу моќен медиум и навистина тежок занает. Одличните фотографии не ги прикажуваат само работите, туку тие раскажуваат приказни, будат чувства и ја доловуваат емоцијата која ја имал фотографот кога го притиснал копчето на апаратот. Овие фотографии со прекрасни животни се навистина импресивни, а голем дел од нив прикажуваат неверојатни моменти.rnrnМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот светМоќта на фотографијата во животинскиот свет
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Тајниот свет од соништата на една купохоличарка“ – Софи Кинсела

    Книга: „Тајниот свет од соништата на една купохоличарка“ – Софи Кинсела

    Тајниот свет од соништата на една купохоличаркаПостојат многу зависности, некои се зависни од алкохол, други од работа, но има и такви кои се зависни од шопинг. Доколку имате симптоми на купохолик, не грижете се, не сте единствени.rnrnОваа книга ќе ви го ублажи чувството на грижа при купување, дури и ќе ве научи, сè она што ќе го купите да го гледате како добра инвестиција. Можеби ова не е секогаш правилен пристап кон работите, но со сигурност олеснува кога ќе разберете дека не сте единствените со ваков „проблем“. rnrn„Тајниот свет од соништата на една купохоличарка“ е една од петте книги од серијата „Купохоличарка“ на Софи Кинсела. Оваа извонредна новелистка со англиско потекло, чие вистинско име е Маделин Викам, го користи псевдонимот Софи Кинсела за своите авторски дела. Препознатлива е по пишувањето примамливи и интересни романтични комедии, во кои многу од девојките би се пронашле.rnrnОна што особено ми се допаѓа, е тоа што е оригинална во своето пишување, но пред сè природна. Во нејзините книги нема да сретнете „вештачки“ филмски настани, туку случки кои се реални и можат да му се случат секому.rnrnГлавниот лик во книгата е Ребека Блумвуд, со прекар Беки. Како што самата писателка вели:rn
    rn

    „Таа е финансиски новинар. Нејзината работа е да ги советува луѓето како да управуваат со своите пари. Таа го поминува своето слободно време… во купување.“

    rnТајниот свет од соништата на една купохоличаркаКнигата е поделена на поглавја, а речиси секое поглавје започнува со некое од писмата кои се адресирани до Беки. Секако, тоа се писма кои пристигнуваат поради нејзините долгови.  Таа е во своите дваесетти години и „плива“ во долгови поради неконтролираното користење на кредитните картички. Но тоа ù е во крвта, не може да се воздржи кога ќе здогледа примамливи излози, модерни потпетици или добро парче облека.rn
    rn

    rn

    „Има некаква возбуда во влегувањето во продавница, каква било продавница, возбуда која не можеш да ја победиш.“

    rn

    rnБеки работи во списанието „Успешни заштеди“, но воопшто не е инспирирана од својата работа. Тоа работно место не ù годи и не ја исполнува. Своите текстови ги составува препишувајќи од разни финансиски брошури, без никаква заинтересираност и посветеност на работата. Целата иронија е тоа што многумина ги читаат нејзините текстови за финансиски заштеди, некои дури ја прашуваат за совет, а ни самата не може да се извади од своите долгови и да ги скрати трошоците.Тајниот свет од соништата на една купохоличаркаЗа секое трошење наоѓа причина, кога работите ќе ù тргнат наопаку се спасува со купување. Кога и да почне да ја гризе совеста бидејќи потрошила многу пари, веднаш наоѓа изговор како тоа што го купила може да стане добра инвестиција.rn
    rn

    „Всушност, мислам дека шопингот треба да биде наведен во листата на кардиоваскуларни активности. Моето срце никогаш не чука толку брзо како кога ќе здогледам знак НАМАЛЕНО ЗА 50%.“

    rn Софи има таква дарба, што не секој писател ја поседува – се става во улога на главниот лик и раскажува во прво лице, знае толку добро да илустрира одредена случка и навистина да ве насмее, исто како да го гледате настанот пред своите очи. Она што е урнебесно смешно е обидот на Беки да добие работа на висока позиција во банка. Иако нема апсолутно никакво познавање за таа позиција, одлучна е да оди до крај, па се наоѓа во ситуација да мора да зборува на фински, јазик кој не го познава добро, или да речеме не го познава воопшто.rnrnНајголемите соништа ù се некој по грешка да го исплати нејзиниот долг во банка или да добие на лото. Таа дури ќе купи купон за лотарија и толку се внесува во овој сон, што веќе почнува да планира каде ќе ги потроши парите. Се разбира, нема толкава среќа, па мора да се освести и да се врати назад во реалноста.  Пробува да се извади од незгодната ситуација со штедење пари, но баш напротив, излегува дека троши премногу. Потоа пробува со тактиката заработување повеќе пари, но и тука среќата нема да ù се насмее.Тајниот свет од соништата на една купохоличаркаДоколку барем малку се пронајдовте во улогата на Ребека, со сигурност треба да ја прочитате книгата. Ви гарантирам дека не би останале рамнодушни на смешните случки во кои се наоѓа главниот лик. Ќе ве опседне со својата оригиналност и многу често ќе се поставите во нејзина кожа. Доколку не преферирате читање книги, би ви препорачала да го гледате филмот „Исповеди на купохолик“ базиран на оваа серија книги од Софи Кинсела.rnrnОстанатите книги од оваа серија се:rn

      rn011

    • „Купохоличарка во странство“
    • rn011

    • „Купохоличарка се мажи“
    • rn011

    • „Купохоличарката и нејзината сестра“
    • rn011

    • „Купохоличарката и бебето“
    • rn

    rnПозитивната страна е тоа што петте дела не се строго поврзани, па може секој дел да го читате независно, без да ги имате прочитано претходните. Но сепак, би ви препорачала да ги читате по ред. Доколку баравте начин да го пополните своето слободно време, еве ви одлична опција.rnrnСте прочитале некоја од книгите на Софи Кинсела? Споделете го тоа што најмногу ви се допаднало.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.