КАФЕ ПАУЗА

Tag: свет

  • Водич низ светот за љубителите на скара

    Водич низ светот за љубителите на скара

    Правењето скара изгледа како нешто наједноставно на светот – стави месо врз жар и за неколку минути имаш ручек. Сепак, тоа е многу повеќе од најобично печење месо. Начинот на подготвување на скарата и печењето на месото во различни делови од светот покажува дека секој народ во тоа вметнува еден дел од себе и својата култура. Некаде ставањето стек врз жар е доволно, на друго место скарата е незамислива без приготвување колбаси или додавање на разни зачини врз месото. Сите јадат тоа што им дава природата околу нив и го подготвуваат на начинот на кој што низ годините се привикнувале на таа иста природа.rnrn

    Шиш таук (Либан и други земји од Блискиот Исток)
    Шиш таук (Либан и други земји од Блискиот Исток)
    rnrnСледната галерија изобилува со фотографии кои покажуваат како културата на луѓето од одреден регион го обликува изгледот на нивниот оброк подготвен на жар.rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светот

    11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светот

    Дали некогаш чувствувате дека сте премали за да направите некаква разлика во светот? Размислете подобро. Светот е составен од луѓе како вас самите. Клучно е, што и да ни се случи и колку и да пораснеме, никогаш да не го заборавиме, навидум детскиот и наивен нагон дека можеме да го промениме светот. Всушност, секој може да го промени светот и да го направи подобро место за живеење со помош на својот мал придонес. Еве како.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    1. Со насмевка

    rnВистинско чудо е што сè може да направи една насмевка. Кога ќе му се насмевнете некому неговиот инстинкт му кажува да ви се насмевне и тој вам. Ширете позитивни насмевки и подарувајте ги бесплатно. При секој разговор или невербален контакт, не заборавајте да се насмевнете. Насмевнете му се на денот штом се разбудите наутро, насмевнете му се на градот штом излезете од дома, и при секоја упатена насмевка ќе добивате насмевка за возврат. Насмевнете му се дури и на оној кој се однесува лошо со вас. Размислувајте на ваков начин: зошто да се муртам кога можам да се насмевнам? Насмевката навистина нема да ве чини ни денар, а со неа ќе разведрите многу тмурни денови.rn

    2. Слушајте

    rnСите ние имаме своја приказна која сакаме да ја кажеме, сите ние сакаме да бидеме ислушани и да бидеме сфатени и поддржани. Но, слушањето е техника што не секој може или сака да ја совлада. Заглавени во сопствените суети имаме време само за нашите, некогаш навистина безначајни маки и проблеми. Огромна разлика ќе направите доколку издвоите време вистински да ислушате некого. Вашиот пријател, колешка, мајка, сестра или брат, дури и човек кој ќе го сретнете на улица. На луѓето им треба некој кој ќе ги сослуша и ќе им каже дека не е сè така црно, некој кој ќе ги потсети дека вредат доколку загубиле верба во себе. Навистина, дури и за наше добро, мора да почнеме повеќе да слушаме а помалку да зборуваме.rn

    3. Чистете го нередот позади себе

    rnБуквално, не оставајте неред. Во соба, канцеларија, во двор или на улица. Кога ќе поминете во парк и забележите отпад, фрлете го кај што му е местото, иако не сте вие оние кои го направиле нередот. Засадете цвеќиња во дворот и по терасите и разубавете му го денот на секој кој ќе мине покрај вашата куќа или вашиот стан. Под изговор дека сме презафатени забораваме на важноста на убавиот изглед на нашите дворови, бироа и канцеларии, како и на грижата за околината и природата. Трудете се сегде каде што ќе поминете да оставите впечаток и на секој кој ќе мине низ вашиот простор да му се разубави денот од позитивната енергија, чистотата и светлината на тоа место. Изненадете ја вашата мајка и средете ја кујната за да се одмори кога ќе се врати од работа. Навистина е прекрасно да се биде уреден и за вас, но и за другите околу вас.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    4. Отворете им врата на луѓето

    rnПрво, буквално. Замислете ваква ситуација. Една девојка има навистина ужасен ден, и токму кога е на работ да изгуби верба во човештвото, налетува на вас, и двајцата истовремено сакате да влезете во бутикот, но вие ѝ ја отворате вратата и ја пуштате да влезе пред вас. Без разлика на полот или возраста, отворајте им врата на луѓето. Ете, толку е едноставно. Ќе направите да се чувствуваат важни.rnrnВторо, метафорички. Давајте им можности на луѓето. Кога ќе слушнете за супер работно место веднаш кажете му на вашиот пријател за можноста што ја има. Ако вие можете да помогнете, сторете го тоа. Пружете им рака за помош на луѓето. Можеби не секој ќе ви биде благодарен, но вие ќе знаете дека сте направиле некаков придонес.rn

    5. Бидете тука за луѓето

    rnКога некому му треба помош, помогнете несебично. Без разлика дали станува збор за носење тешки ќеси, товарање на камион, средување на домот и сл. Бидете тука дури и за оние кои не ви се блиски и кои не ги познавате. Не мора да ги знаете двете слатки дечиња кои чекаат на каса веднаш позади вас со сладолед во рака за да им ги платите сладоледите. Едноставно треба да бидете хумани. И кој и да ви рече дека хуманоста е губење време, е огорчен човек кој ни дава, а ниту пак добива љубов.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    6. Редовно велете „ве молам“ и „благодарам“

    rnСамите зборови кажуваат сè, и искрено се магични, само што ние понекогаш ги забораваме. Никој нема обврска да направи ништо за вас, не заборавајте го тоа. Дури и некој кој добива пари за услугата што ви ја прави, може да ја направи лошо. Затоа никогаш не заборавајте да речете „ве молам“ и „благодарам“. Да, тоа важи и кога ќе му речете на вашиот брат да ви донесе чаша со вода.rn

    7. Научете ги имињата на луѓето

    rnКога веќе на второто гледање ќе му се обратите некому по име, вие оставате впечаток дека личноста ви е мила, ви значи штом сте ѝ го запаметиле името и ја/го цените како индивидуа. Без разлика дали е вашиот автомеханичар, продавачката или сосетката, обраќајте им се на луѓето по име, секако, доколку пригодата и односот ви го дозволуваат тоа. Со тоа што ќе се потрудите да ги запомните имињата на луѓето, создавате еден вид блискост меѓу вас.rn

    8. Охрабрувајте ги луѓето

    rnСекако, ова не важи кога очигледно некој губи време на нешто што нема да вроди со плод. Но, секому му е потребно едно едноставно тапкање по рамо и охрабрување. Дајте им до знаење на луѓето дека верувате во нив, дека тие се способни, дури и ако не ви се многу блиски. Сè е возможно и секој кој вложува труд ќе успее. Само што негде попатно може да изгуби надеж и верба во себе. Тука настапуваат другите кои негуваат емпатија за луѓето. Охрабрувајте ги оние кои минуваат низ тешки мигови или се соочуваат со големи предизвици.rn

    9. Давајте, но и добивајте за возврат

    rnПрекрасно е што сте хумани и што сакате да помогнете и безрезервно се вложувате себеси. Не секој го може тоа и затоа сте достојни за восхит. Но некогаш ви е потребно време за себе. Не заборавајте да бидете сами со вашите мисли, не заборавајте на нештата кои ги сакате и ве опуштаат. Не плашете се да побарате помош и поддршка. Никој никогаш не успеал сам. Ако немавме потреба од другите луѓе, сите ние ќе живеевме сами и постојано ќе бевме сами. Да покажете дека ви е потребна помош не значи дека сте слаби, туку доволно јаки да ја признаете вашата потреба и немате проблем со барање услуга бидејќи безброј пати сте ја дале.rnrn11 мали нешта со кои сите ние можеме да го подобриме светотrn

    10. Кажувајте „те сакам“ почесто

    rnНема потреба од никаков коментар. Сите ние имаме круг на луѓе кои вистински ги сакаме, но од некој причина забораваме да им кажеме или не им кажуваме доволно често. Не, не зборувам за индиректни постапки кои покажуваат дека ги сакате вашите блиски, туку за кажување во лице – те сакам. Тоа што некој ве сака значи дека ве почитува и му значите. Дека сте незаменлив дел од нечиј живот. Добро е да се слушнат овие зборови одвреме-навреме. Не ги потиснувајте емоциите во себе и кажете им на луѓето како се чувствувате.rn

    11. Бидете свои и вложувајте максимално

    rnНајголем придонес на светот може да му дадете со тоа што ќе бидете свои. На светот му се потребни разлики и шаренила, а не луѓе излезени од ист калап. Бидете свои во однесувањето, зборувањето, движењето, облекувањето. Оставете белег со секој ваш потег. Борете се за своите ставови и држете се до своите принципи и до она во што верувате без разлика што ви кажуваат другите. Засадете нешто од што ќе никне прекрасен плод и допрете до срцата на другите. Не секој го дава најдоброто од себе, но вие правете го тоа и служете им како пример на другите. Вие сте она што сте и нема потреба да се преправате или да се срамите од себеси. Кога секој би ја тргнал својата маска и едноставно би бил свој и искрен, светот би бил подобро место за живеење.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најневеројатните фестивали во светот

    Најневеројатните фестивали во светот

    Автор: Сања ПетровскаrnrnОвие фестивали се одржуваат еднаш годишно во различни градови, земји и континенти низ целиот свет. Секој од нив е со своја приказна и убавина, а заедничко им е тоа што нема да сакате да пропуштите ниту еден од нив.rn

    1. Фестивал на снегот и мразот – Харбин, Кина

    rnОвој едномесечен фестивал започнува секоја година на 5-ти јануари и трае до 5-ти февруари во градот Харбин во Кина и е најголемиот фестивал на снегот и мразот во светот. Таму може да се видат најразлични скулптури изрезбани од мраз, па дури и цели згради и објекти во реална големина.rnrn1-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    2. Холи – Фестивал на Хиндуистите

    rnПознат и под имињата Фестивал на боите или Фестивал на љубовта, овој настан се одржува во пролет во Индија, Шри Ланка и други Хинду региони. Фестивалот го прославува крајот на зимата и почетокот на пролетта и победата на доброто над лошото. Ако некогаш одите, не заборавајте да понесете многу боја со себе.rnrn2-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    3. Каскаморас – База, Шпанија

    rnСекоја година на 6 септември во провинцијата на Гранада се собираат илјадници Шпанци кои се мачкаат со маст за да го одглумат за светот крадењето на статуата Девицата на Пиедад и борбата меѓу градовите База и Гуадикс што се случила пред повеќе од 500 години. После точката следи една од најдобрите забави.rnrn3-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    4. Карневалот во Венеција, Италија

    rnТрадиционалниот карневал е едно од главните обележја на овој преубав италијански град и се одржува сѐ до празникот познат како Чиста Среда или до четири дена пред празникот Марди Грас. Сѐ од 13-тиот век па наваму, луѓе од целиот свет доаѓаат за да учествуваат на овој карневал и да ги претстават своите маски.rn

    4-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

    rn

    5. Фестивал на огнот – Лервик, Шкотска

    rnПоследниот вторник во јануари за Шкотланѓаните, а и за луѓе од разни краеви на светот, е резервиран за овој неверојатен фестивал кога толпи луѓе маршираат преправени во разни костуми по улиците на градовите и селата во Шкотска. Кулминацијата доаѓа на крајот на церемонијата кога традицијата налага да се запали цел еден брод кој е копија на старите викиншки бродови.rnrn5-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    6. Тумороуленд – Бум, Белгија

    rnЕден од најголемите музички фестивали на електронската музика и играњето кој секоја година е посетен од повеќе од стотина илјади млади луѓе. Иако датира од 2005 година, дефинитивно претставува прилика за одлична забава и играње до раните утрински часови во текот на летниот период.rnrn6-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    7. Марди Грас – Њу Орлеанс

    rnСекоја година точно во вторникот пред Чиста Среда, улиците на Њу Орлеанс се преполни со луѓе желни и подготвени за забава како да не постои утрешниот ден. Две недели пред и за време на празникот, низ Њу Орлеанс може да се видат и да се учествува на различни паради и балови.rnrn7-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    8. Октоберфест – Минхен, Германија

    rnСе одржува последните недели од септември до крајот на првата недела од октомври, а е најголемиот и најпознатиот фестивал на пивото во светот. Секоја година е посетен од неколку милиони луѓе и се служат неколку милиони литри пива. Побрзајте и резервирајте си лет отсега.rnrn8-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    9. Ла томатина – Буњол, Шпанија

    rnЕден од ретките фестивали кои се одржуваат само за забава и без некоја посебна причина, а настанал така што во 1945 година некои жители почнале да фрлаат овошје и зеленчук за време на парадата. Секоја последна среда во август, во близина на Валенсија, започнува познатата тепачка со домати која претставува ретко и интересно искуство кое не смеете да го пропуштите.rnrn9-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    10. Меѓународниот фестивал на балоните – Албакерки, Ново Мексико

    rnОвој фестивал се одржува секоја есен на почетокот на октомври, а претставува најголемиот собир на балони на топол воздух. Трае 9 дена, а за тоа време може да се видат повеќе од 750 балони на небото.rnrn10-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    11. Карневалот во Рио де Женеиро, Бразил

    rnСамба музика, костуми во секакви бои и облици и огромен број луѓе кои парадираат по улиците на Рио де Женеиро. Овој фестивал се одржува еднаш годишно, точно четириесет и шест дена пред Велигден, а е меѓу најпознатите во светот. Ритамот и шармот на овој бразилски карневал сигурно ќе ве воодушеват.rnrn11-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    12. Фестивал на тркалање кашкавал по Купер Хил – Глоучестер, Англија

    rnАко некогаш сте посакале да видите стотици мажи како трчаат надолу по рид и бркаат кашкавал, тогаш овој фестивал во Глоучестер е вистинското место за тоа. Големото тркало од кашкавал се пушта од врвот на ридот и натпреварувачите трчаат по него, па тој што прв ќе ја помине целта го освојува кашкавалот. Забавата продолжува по локалните пабови.rnrn12-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    13. Коачела – Индио, Калифорнија

    rnТридневен музички и уметнички фестивал кој е вистинско пролетно уживање и кампување во пустина во преубавата Калифорнија. Пропратено со музиката на некои од најпознатите имиња на музичката естрада и присуството на многу познати личности, ветува неверојатна забава.rnrn13-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    14. Денот на мртвите – Фестивал на Мексиканците

    rnСекој 1-ви ноември, традиционалните Мексиканци насекаде во светот го прославуваат Денот на Сите Светци (според католичкиот календар), за да се сетат на нивните блиски кои починале пред нив. Најголемите забави се одржуваат во Мексико Сити и Лос Анџелес, а можат да се видат најразлични маски и културни спектакли.rnrn14-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    15. Трка со бикови – Памплона, Шпанија

    rnНема некој кој не би сакал да види толпа луѓе кои трчаат и бегаат од бикови на сред улица. Тоа е возможно секој јули од 6-ти до 14-ти во градот Памплона во Шпанија и претставува негова долготрајна традиција, а е вистинско возбудливо искуство.rnrn15-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    16. Водниот фестивал во Сонгкран – Чианг Маи, Тајланд

    rnНајголемата борба со водени балони, пиштоли на вода и полни шишиња. Неверојатна пролетна водена авантура која ја означува традиционалната Тајландска Нова година, а трае најмалку три дена.rnrn16-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    17. Огнен човек – Блек Рок Сити, Невада

    rnAко и вие сте од оние кои сакаат да се ослободат од конвенционалните стеги на општеството, тогаш оваа пустинска деноноќна забава во Невада е местото каде треба да одите. Започнува последниот понеделник од август и завршува првиот понеделник од септември, а името го добила по палењето на големата дрвена фигура во саботата вечер.rnrn17-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    18. Кирпинарскиот турнир во борење во масло – Ердин, Турција

    rnЗа сите обожаватели на борба меѓу полуголи мажи измачкани со маслиново масло ова е вистинското место каде треба да се биде. Се одржува во летниот период во градот Ердин, Турција.rnrn18-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    19. Вандерласт, фестивал на јогата – Оаху, Хаваи

    rnОдмарање на прекрасните плажи на Хаваи и инспиративна авантура која е комбинација на јога, музика, природа и душевно исполнување за сите љубители на овој индиски ритуал.rnrn19-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    20. Фестивал на борби во кал – Порен, Јужна Кореја

    rnКореја изобилува со навидум случајно организирани фестивали и настани од кои дефинитивно најпознат е овој фестивал на борби во кал. Се одржува покрај плажа, па во секој момент можете да направите пауза и да се разладите во океанот.rnrn20-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    21. Геј парада – Сан Франциско

    rnПозната и под името Гордоста на Сан Франциско, оваа парада е традиција на градот многу години наназад. Овој фестивал е незаборавно дводневно доживување кое ги слави хомосексуалците, бисексуалците и трансродните лица низ целиот свет.rnrn21-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    22. Фестивал на фенерите – Пингши, Тајван

    rnНе постои ништо поромантично и помагично од небо осветлено со илјадници лебдечки фенери токму над вас. Оваа неверојатна глетка е возможна на неколку фестивали во светот, но токму овој во Тајван ќе ве остави без зборови.rnrn22-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    23. Гластонбери – Гластонбери, Англија

    rnУживање во звуците на неверојатна музика создадена од најпознатите музички имиња додека немирно газите во кал во вашите чизми за дожд и кампувате со пријателите. Музички фестивал како ниеден друг – гласен, валкан и див. Не смеете да го пропуштите.rnrn23-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водич за ладно кафе низ светот

    Водич за ладно кафе низ светот

    Температурите се покачуваат и сите ние полека, но сигурно целосно го исфрливме топлото кафе и го заменивме со чаша ладно кафе погодно за летните горештини. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за приготвувањето ладно кафе низ светот, продолжете со читање. Сигурно ќе запомните некој интересен факт кој ќе го споделите со своите пријатели. Плус, со информациите што ќе ги купите од овој текст секогаш ќе може да се правите важни кога ќе посетите некоја земја и ќе порачате ладно кафе за кое ќе знаете од каде потекнува и како се приготвува.rnrnВодич за ладно кафе низ светотrn

    Cold Brew (колд бру)

    rnИако звучи луксузно и со него ќе ве послужат во сите тренди кафулиња во Америка, опремата со која се прави ова кафе воопшто не е нешто посебно. Станува збор за апаратите за кафе како Toddy или Filtron, кои иако звучат кул, во суштина се само пластичен сад одозгора кој го исцедува кафето преку филтерот во стаклен сад долу. Како и да ви звучи ова, крајниот производ од овој начин на правење ладно кафе е навистина фантастичен. Кафето се остава да се цеди во филтерот 12-24 часа, и пред да се послужи се разредува со вода или млеко.rnrnВаквата подготовка го ослободува кафето од киселините, што е одлично за оние кои имаат проблеми со стомакот. Кафето што се добива на крај има уникатен вкус, богата арома и ги истакнува оние ноти што љубителите на кафето ги сакаат. Да имате ваков апарат во домот е добра инвестиција бидејќи кафето останува свежо во фрижидер дури до две недели. Погледнете како се прави ова кафе [видео].rnrnВодич за ладно кафе низ светотrnrnИсто, cold brew се продава и во шишиња, кои може да ги порачате онлајн. Се продаваат два вида: готови за пиење како Stumptown Stubbies, но исто и концентрати кои се раствораат со млеко и вода како Chameleon и Grady’s.rnrnВодич за ладно кафе низ светотrn

    Јапонско ладно кафе

    rnСпротивно на претходниот метод, јапонското ладно кафе се приготвува така што жешко кафе се налева врз коцки мраз. Тајната е во инстантното ладење кое ги задржува свежите вкусови, оригиналната арома и карактеристиките на обична шолја кафе.rnrnЗа да го направите ова кафе дома, зовријте дупло помала количина на вода отколку обично. Во стаклен сад ставете доволно мраз за да ја замени водата што недостига. Поставете филтер со кафе над стаклениот сад и налевајте од жешката вода. Не заборавајте дека најважно е жешкото кафе да паѓа директно врз мразот. Потоа на кафето може да му додадете уште мраз, млеко и шеќер.rnrnВодич за ладно кафе низ светотrn

    Kyoto (кјото)

    rnСтаклените садови во кои се приготвува ова кафе се налик лабораториска опрема и може да ги најдете во тренди кафулиња како Blue bottle во Њујорк. Yama и Ojl се два познати брендови, а доколку сакате да се пофалите со вашето познавање може да го нафрлите овој интересен факт: стаклените филтри за кафе на Ojl се рачна изработка на дувачи во стакло од Јапонија.rnrnЗа да се направи кјото, најгоре во цилиндарот се додава вода која полека капе во садот со кафе под него и секоја капка се цеди во садот најдолу. Колку и да звучи комплицирано, сепак е побрзо од подготовкта на колд бру, бидејќи за да се исцеди целото кафе потребни се 8 часа. Овој префинет начин на подготовка му дозволува на кафето да ги задржи своите карактеристики. Некои пак тврдат дека нема разлика во вкусот меѓу колд бру и кјото. Сепак, едно ќе мора да признаеме, овие стаклени цилиндри изгледаат многу покул.rnrnВодич за ладно кафе низ светотrn

    New Orleans Cold Brew (Њу Орлеанс колд бру)

    rnАко некогаш одите во Њу Орлеанс еве што треба да пиете. Кафето се подготвува така што во сад со вода се додава кафе и се остава да отстои 12 часа. Во една цедалка се поставува книжен филтер за кафе и се цеди кафето. Во кафето се додава мраз, шеќер или млеко по желба. Ова интересно видео ќе ви помогне да си го приготвите дома за добро утро.rnrn6-vodich-za-ladno-kafe-niz-svetot-www.kafepauza.mk_rn

    Разни видови ладно еспресо

    rnМоже да ги најдете речиси во секое кафуле, а со еспресо машина во домот може да направите чуда. Иако кај нас е многу попопуларно ладното инстант кафе, оваа сезона би можеле да обрнете повеќе внимание на ладното еспресо. За да се приготват ваквите кафиња може да се додаде многу мраз во обично лате, или да се додаде ладно млеко во кафето. Некои бармени можеби се против еспресо со коцки мраз, но вие сепак пробајте го. Можеби ова ќе биде вашето ново омилено кафе.rnrnВодич за ладно кафе низ светотrn

    Shakerato (шекерато)

    rnКога веќе зборуваме за еспресо со мраз, шекерато е италијанско ладно кафе кое полека почнува да зема замав и во некои италијански кафулиња во Америка. Ќе го најдете во секое налик италијанско кафуле. Станува збор за еспресо, шеќер и мраз, промешани во шејкер. Кафето обично се сервира во фенси стаклена чаша. Но, тоа не е сè. Постојат многу верзии на овој брз и интересен микс, од додавање на разни овошни вкусови до алкохол.rnrnВодич за ладно кафе низ светотrn

    Ca Phe Sua Da во Виетнам (ка фе суа да)

    rnВиетнамското кафе го бие лош глас – препечени црни зрна кафе со лош квалитет. Никој не може да ви гарантира дека ќе може да го поднесете кафето во Виетнам, но тука е млекото како засладувач. Традиционално, ca phe sua da се подготвува со мал метален филтер поставен врз стаклена чаша со кондензирано млеко. По околу 5 минути откако кафето ќе се исцеди, кафето и млекото се мешаат и се додава мраз. Сепак, многу кафулиња и ресторани во Виетнам разбирливо се одлучуваат за инстант кафе поради значајната заштеда на време.rnrnВодич за ладно кафе низ светотrn

    Грчко фрапе

    rnБез некоја голема филозофија, се меша инстант кафе, шеќер и ладна вода, во шејкер или со машина, се додава мраз, а по желба и млеко. Интересно, овој пијалак бил измислен сосем случајно во 1950-тите од страна на еден вработен во Нестле кој немал топла вода за кафе. Ова кафе е многу популарно, но не само во Грција. Во Америка фрапето обично се прави со увезено Нескафе од Грција за кое се верува дека е појако од Американското.rnrnВодич за ладно кафе низ светотrn

    Австралиско ладно кафе

    rnАвстралијците навистина знаат да прават забавни верзии на кафето, иако можеби некогаш претеруваат како што е случајот со babyccino (бејбичино)– еспресо за деца. Австралиското ладно кафе е навистина кул. Еспресо и сладолед од ванила полеани со млеко и послужени во висока стаклена чаша со цевка. Љубителите на црно незасладено кафе ќе го сметаат за уништување на оригиналниот вкус на кафето, но ќе мора да признаат дека австралиското ладно кафе е вистина вкусно.rnrnВодич за ладно кафе низ светотrn

    Старбакс фрапучино

    rnСекако, последно, но не и помалку важно – ултрапознатото Старбакс фрапучино кое има и своја веб-страна. Таму може да го дизајнирате вашиот омилен вкус на фрапучино и да го споделите на Фејсбук.rnrnВодич за ладно кафе низ светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Малиот принц“ – Антоан де Сент-Егзипери

    Книга: „Малиот принц“ – Антоан де Сент-Егзипери

    1-kniga-maliot-princ-antoan-de-sent-egziperi-kafepauza.mk„Малиот принц“ е најпознатиот роман на Антоан де Сент Егзипери, објавен во 1943-та година. Иако замислена како книга за деца, оваа филозофско-лирска сказна, прави повеќе длабоки и идеалистички поенти за животот и човековата природа, со што претставува неповторливо четиво не само за децата, туку и за читателите од сите возрасти. Во општество полно со гордост, суета и лажни вредности, оваа книга ќе ве потсети на важноста на љубовта, пријателството, одговорноста и приврзаноста во градењето на подобар живот, а со тоа и на подобар свет.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrn


    rnrnНа почетокот, нараторот, кој раскажува во прво лице, се навраќа на своите први цртежи и на неуспешниот обид да биде сликар, по што станува авијатичар. Поради дефект на авионот, тој е принуден да се спушти среде пустината Сахара каде што ќе го сретне малиот принц, кој на Земјата е дојден од друга планета, астероидот Б 612. Особено важни се меѓупланетарните патувања на принцот, кои отвораат цела галерија портрети на луѓе, што својот живот го посветиле на безумни цели: крал кој управува со илузорна империја, вообразеник опиен од суета, бизнисмен занесен со сметање на ѕвезди итн. Кога веќе еднаш стигнува на Земјата, принцот се соочува со уште една група симболи, кои се во улога на подучувачи и морализатори. Се чини дека најважна од сите е лисицата, која на принцот му открива една голема тајна, која како да ја носи суштината на целото дело:rn
    rn

    „…човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите.“

    rnИ така, принцот доаѓа до сознанието дека времето што го загубил за неговата ружа е она што ја прави толку значајна и поразлична од многуте расцветани ружи во градината, кои иако убави, се неприпитомени и празни. Кога недостигот од вода во пустината станува алармантен, принцот му го открива на пилотот неисцрпниот извор, богатството што секој го носи во себе. Наскоро доаѓа часот на нивната разделба. Обземен од споменот за своето цвеќе, принцот ја замолува змијата смртоносно да го касне, зашто само така ќе може да ја напушти Земјата и да се врати онаму од каде што доаѓа.rnrn2-kniga-maliot-princ-antoan-de-sent-egziperi-kafepauza.mkrnrnЗа да ја открие смислата на животот, малиот принц никогаш не престанува да поставува прашања. Авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет, лишен од вистинските вредности, каде владее грубиот рационализам и извештаченоста на возрасните. Преку ликот на принцот, се оживуваат квалитетите и доблестите, кои му даваат смисла и содржина на животот. Тој лесно стекнува пријатели, чесно ги исполнува обврските, има храбро, благородно срце и разумен поглед кон светот. Трудољубив е, постојан во својата приврзаност и без алчни или агресивни стремежи.rnrnЕдноставноста на раскажувачкиот тон, езотеричниот јазик, ненаметливоста на репликите и навидум наивните цртежи и акварели, се оние што ја кројат необичноста на „Малиот принц“, за кој несомнено се можни безброј интерпретации. Ќе уживате во едноставниот стил на кој е напишана книгата и ќе ве натера да се запрашате дали можеби и вие несвесно сте станале дел од грубиот, рационален свет на возрасните, целосно отуѓени од детскиот светоглед. Ќе ве натера да се преиспитате и да сфатите дека чувството на пожртвуваност, одговорност и солидарност во остварувањето на одредена хумана цел, му помагаат на човекот, најпрвин да стане господар на самиот себеси, а потоа во заедница со другите луѓе и господар на целиот свет.rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 16 јули 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Неверојатни панорами од најпрекрасните градови ширум светот направени од високо

    Неверојатни панорами од најпрекрасните градови ширум светот направени од високо

    Што ако можевте да патувате низ светот од удобноста на вашиот дом? „AirPano“, проект кој е посветен на правење панорами со висока резолуција, ви го овозможува токму тоа. Нивната огромна галерија вклучува прекрасни локации од целиот свет. Тимот се состои од руски фото-ентузијасти кои патуваат насекаде и прават фотографии од хеликоптери, авиони и воздушни балони.rnrn

    Неверојатни панорами од најпрекрасните градови ширум светот направени од авион
    Њујорк, Америка
    rnrnЗа разлика од традиционалните фотографии, овие сферични панорами им овозможуваат слобода на гледачите да ја истражуваат сами областа, со можност да ја вртат самата фотографија за 360 степени и да се доближуваат гледајќи во сите детали. Оваа неверојатна технологија создава илузија како да сте навистина физички присутни на овие прекрасни локации. Погледнете…rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вие сте дел од најсреќните луѓе во светот, но можеби не сте свесни за тоа

    Вие сте дел од најсреќните луѓе во светот, но можеби не сте свесни за тоа

    Кога последен пат сте имале лош ден и сте помислиле дека и вашиот живот е еднакво лош? Во тие моменти корисно е да се потсетите колку сте благословени и дека огромен број луѓе ширум светот не се ни приближно толку среќни. Еве зошто вие сте дел од среќниците и зошто на овој факт треба да му се радувате повеќе.rnrnВие сте дел од најсреќните луѓе во светот но можеби не сте свесни за тоаrnrn1. Живи сте.rnrn2. Вчера не си легнавте со гладен стомак.rnrn3. Утрово се разбудивте со покрив над главата.rnrn4. Можете да ја чуете песната на птиците и вревата што ја прават брановите.rnrn5. Денес немате причина да се плашите за вашето здравје и вашата безбедност.rnrn6. Сте излегле живи од многу животни предизвици и сте научиле важни лекции.rnrn7. Силни сте и здрави – ако се разболете лесно ќе оздравете.rnrn8. Често се грижите за вашиот живот – вашата кариера, обврските на работа и дома, за следниот ваш чекор и слично, што значи дека имате амбиции, планови, се стремите кон нешто, водени сте од страста и од можноста да донесувате одлуки самите за себе.rnrn9. Кога ќе излезете го чувствувате ветерот низ вашата коса и топлината на сонцето на вашата кожа.rnrn10. Живеете во земја која ги штити вашите човекови права и слободи.rnrn11. Кога ќе го отворите плакарот имате избор на облека која може да ја носите.rnrn12. Сте го вкусиле прекрасниот вкус на чоколадна торта.rnrn13. Имате пријатели и роднини на кои им недостигате и кои не можат да ја дочекаат наредната средба со вас.rnrn14. Имате некој со кого може да зборувате и да се смеете сеќавајќи се на старите добри денови.rnrn15. Знаете да читате.rnrn16. Имате пристап до чиста вода за пиење.rnrn17. Овозможена ви е медицинска грижа и заштита.rnrn18. Имате пристап до интернет.rnrn19. Може да го гледате изгрејсонцето и зајдисонцето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се јаде за појадок ширум светот?

    Што се јаде за појадок ширум светот?

    Многу земји, многу различни култури и традиции, како и различни утрински навики. Ова кратко, но навистина интересно видео прикажува што појадуваат луѓето ширум светот. Погледнете го и одлучете кој е вашиот омилен појадок.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 1 фотографија – 1000 зборови: Природната убавина на луѓето ширум светот

    1 фотографија – 1000 зборови: Природната убавина на луѓето ширум светот

    Убавината е насекаде околу нас. И не мислиме само на разнобојните пејзажи и занемувачките зајдисонца, туку и на луѓето. Секој човек е приказна сама за себе, а понекогаш е доволна само една фотографија да ни покаже една страна на луѓето која можеби никогаш досега не сме ја забележале. Луѓето се едноставно прекрасни.rnrn1 фотографија - 1000 зборови: Природната убавина на луѓето ширум светотrnrnГолем дел од фотографите го посветиле целиот свој живот во документирање на природната убавина на луѓето ширум светот. Почнувајќи од големите и урбани градови, па сѐ до најмалите и заборавени племиња, погледнете ја оваа моќна колекција на фотографии од различни фотографи кои ќе ви покажат една сосема нова страна на човекот. Природната.rnrn1 фотографија - 1000 зборови: Природната убавина на луѓето ширум светотrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 работи кои треба да ги научиме од децата

    10 работи кои треба да ги научиме од децата

    Откако ќе влеземе во светот на возрасните мислиме дека треба да го избркаме детето од нас за сериозно да се соочиме со животните предизвици. Но верувале или не, многу навики, мислења и ставови на децата, можат многу да им бидат од корист на возрасните. На што нè учат децата? Ова се 10 работи кои секој возрасен мора да ги научи од најмладите ако сака да биде успешен во светот на постарите.rnrn10 работи кои треба да ги научиме од децатаrn

    1. Срушете ги ѕидовите околу себе

    rnКако што растеме животот ни наметнува многу предизвици и неретко се случува да бидеме разочарани од некоја личност. Со цел да се заштитиме себеси од повредувања, издигнуваме ѕидови околу себе и се повлекуваме. Стануваме ладни и дистанцирани само за да изгледаме силни. Вистината е дека постојат многу луѓе на кои не смее да им се верува, вистина е дека треба да се заштитиме себеси и својата приватност, но исто така постојат и личности кои заслужуваат да нè видат во вистинско светло. Дајте им можност наместо да се повлекувате во себе и да делувате ладно и дистанцирано. Дајте им шанса на луѓето наместо предвреме да претпоставувате дека ќе ве разочараат. Сетете се како бевте отворени за нови познанства кога бевте деца.rn

    2. Слободно изразете се себеси

    rnДецата не ги преиспитуваат своите мисли пред да ги кажат, не се плашат дека нема да бидат сфатени, не се трудат да ги менуваат своите ставови со цел да му се допаднат некому. Бидете слободни онакви какви што сте, па кој е совршен? Слободно изразете се себеси, своите чувства, ставови, мислења. Секој има право да не се согласува со вашето мислење, но вие му должите на детето во вас да бидете свои и слободни во својата кожа.rn

    3. Бидете искрени

    rnДецата не лажат. Тие се искрени кон себе, а и кон другите. Возрасните ова го сметаат за наивност, но во суштина е една прекрасна особина која може да ви донесе само позитивни исходи. Престанете да лажете за да избегнете некоја обврска, не лажете за да му се допаднете некому, не лажете се себеси кога длабоко во себе знаете дека не е така. Бидете отворени и поставете ги картите на маса. Бидете искрени за она што сте и како се чувствувате. Не работете со кодови и престанете да се обидувате да го декодирате светот околу вас. Во суштина сè е многу поедноставно, но возрасните сакаат да го прават комплицирано.rn

    4. Секогаш бидете љубопитни

    rnЉубопитноста е мудрост. Децата секогаш прашуваат „зошто“, и тоа им помага да растат, да учат и да созреваат. Наместо да прифаќате статус кво, запрашајте се зошто е така и што може да сторите за да ги придвижите работите кон подобро? Никогаш не е доцна за да се научат и искусат нови нешта во животот. Бидете гладни за авантура и жедни за нови знаења. Така секогаш ќе откривате нови светови за кои порано сте мислеле дека ви се недостижни.rn

    5. Бидете оптимисти за иднината

    rnПаметите ли колку бевте возбудени пред Божиќ или пред вашиот роденден? Таа детска радост никогаш не смее да нè напушти. Како возрасни се грижиме за трошоците и сите оние нешта кои би можеле да тргнат наопаку. Затоа е корисно да го послушаме детето во нас кое ни вели дека сè ќе биде добро. Нема проблем за кој не постои решение.rnrn10 работи кои треба да ги научиме од децатаrn

    6. Сонувајте и поставувајте си големи цели

    rnСигурно сте чуле дека секогаш треба да целите кон месечината. Можеби нема да ја достигнете, но ќе дофатите некоја ѕвезда. Децата не се плашат да поставуваат големи цели и планови за себе. „Еден ден ќе бидам астронаут“, често ќе го чуете ова од некое дете. Но умот на возрасните веднаш прави пресметки – колку е нелогично, тешко, речиси невозможно, дека целта не е реална, дека ќе бидат потребни многу пари и слично. Секогаш кога ќе си поставите некоја цел која ќе ви изгледа недостижна и нереална, не заборавајте дека многумина го направиле невозможното и дека секогаш може да пробате повторно дури и ако не успеете.rn

    7. Позитивностите нека ги надраснат негативностите

    rnДетето се фокусира на тоа како да си ја исполни својата желба. Возрасниот се фокусира на сè она што може да тргне наопаку. Ако на цела бела површина има само една црна точка, возрасниот ќе одбере да се фокусира на точката. Не е сè розово, но со сигурност не е сè сиво.rn

    8. Некогаш е во ред да се биде несериозен

    rnСекако дека сме возрасни и дека имаме обврски кои мора да ги сфаќаме сериозно, но да се биде возрасен не значи да се заборави што значи да се смееш. Секогаш наоѓајте време за забава и дружење. Не само што преголемата сериозност ве прави здодевни личности, туку прави работите да ви изгледаат многу пострашни од што навистина се.rn

    9. Живејте во сегашноста

    rnКако возрасни или се каеме за минатото или се грижиме за иднината. Децата живеат сега, го користат моментот. Играат, трчаат и се дружат и целосно уживаат во сегашноста. Нивниот осет за времето, за минатото и иднината не е развиен и затоа умеат да го искористат моментот. Иако секогаш е добро да се има план за иднината, никогаш не смееме да заборавиме дека она врз што најмногу можеме да влијаеме е токму сегашноста. Ни минатото може да се измени ни иднината може побрзо да ја донесеме.rn

    10. Без скриени намери

    rnУмееме да го минуваме времето мислејќи зошто некој се однесувал на одреден начин, пробуваме да скроиме планови, да го разбереме она што ни се случува, да изнајдеме начини како да го добиеме она што го сакаме без отворено да го побараме. Постојано си поставуваме прашања „Што ако се случи тоа и тоа?“ Но вистината е дека понекогаш треба да го доживуваме светот онаков каков што е и себеси да се претставиме во вистинско светло – она што го гледаш е тоа што го добиваш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.