Никогаш не е доста од фасцинантни фотографии од овој свет затоа што колку и такви да сте виделе, не можете да го изгледате сето она прекрасно и неверојатно кое постои на овој прекрасен свет. Повелете уште 22 од нив.rnrnПостојано активниот вулкан Арта Але во Етиопијаrnrn
Светската фотографска организација ја објави својата листа на „Сони светските награди за фотографија“ за 2015. Рекорден број од 173.444 фотографии се пријавени од професионални и аматерски фотографи од 171 држава за изминатава година. Победниците ќе бидат објавени на 23.04.2015, а дотогаш проследете ја скратената листа од трите категории – професионална, отворена и младинска категорија.rn
rnrnrnФотографијата е направена на тренинг на сумо борачи каде посебен акцент се става на нивната флексибилност, што ги изненадува оние кои судат според изгледот.rn
rnrnrnФотографијата била направена од мал авион на височина од 1.500 метри. Височината била пресудна за птичјата перспектива која е доловена, користејќи долго фокално растојание. Периодот и временските услови кога е направена се исто така важни, а апстрактноста е зголемена со целосниот недостаток на сенки.rn
rnrnrnЗападен Бенгал, Индија, 21 октомври 2013 година: Слепите девојчиња Соња (12) и Анита Синг (5) се родени со вродена катаракта и слепило во сиромашна фамилија. Тие секаде биле придружувани од нивните родители. Операцијата да се излечи нивното слепило е едноставна и трае 15 минути, но нивното семејство финансиски не можело да ја поткрепи. Донаторите собрале пари за нивната операција, па така оваа фотографија е есеј кој раскажува приказна за животот пред, за време на операцијата и по неа. Ова е моментот кога се радуваат на светлината.rn
10. „Обезглавена“ – Адриан Јажзак – Уметност и култура, отворена категорија
rnrnrnТурнир по гимнастика во Полска, категорија од 8-12 години.rn
Михаела Норок е фотограф од Романија која ја напуштила својата работа и започнала со нов живот. Пред две години, таа го земала својот ранец и фотоапаратот и почнала да патува ширум светот, фотографирајќи илјадници природни жени опколени со својата култура.rnrnКинаrnrnНејзиниот проект е наречен „The Atlas Of Beauty“ и ја опфаќа различноста на нашата планета прикажана преку портретите на жени. Патувајќи со многу мал буџет, таа посетила 37 држави во кои имала можност целосно да се вклопи во околината.rn
„Сега можам да кажам дека убавината е насекаде и дека не станува збор за козметика или големини, туку многу повеќе за тоа да бидеме оние кои навистина сме“, вели таа. „Глобалните трендови прават да изгледаме и да се однесуваме исто, но ние сме прекрасни само затоа што сме различни. На крајот од краиштата, убавината се наоѓа во очите на оној кој набљудува, а набљудувачот е секогаш некој друг. Мојата цел е да продолжам да правам фотографии од жени од секоја држава на планетата, правејќи го ‘Атласот на убавината’ огледало кое ќе ни ги покажува различните општества и ќе служи како инспирација за луѓето кои се обидуваат да останат автентични.“
Сите сакаат да бидат среќни и да живеат подобар живот, но толку многу се фокусирани на своите цели што едноставно забораваат на оние нешта кои можат да го подобрат светот околу нив. Без разлика на вашата возраст, пол или националност, сите вие поседувате способност да влијаете за позитивни промени така што ќе поставите добар пример и ќе ги инспирирате другите. Погледнете ги овие 5 едноставни начини на кои можете брзо да го направите светот подобро место за живеење…rnrnrn
1. Бидете љубезни
rnМногу е лесно да се биде безобразен кон луѓето кои ги мразите, но не му дозволувајте на вашиот гнев и омраза да ги дели луѓето на добри и лоши. Вие никогаш не можете да ја знаете целосната приказна на одредена личност, па токму затоа не е во ред да осудувате. Вие не знаете што тој/таа размислува или чувствува. Едноставно бидете добри кон луѓето и тие ќе бидат добри кон вас. Ослободете се од чувствата на омраза и со тоа ќе станете многу посреќна личност.rn
2. Помагајте
rnДа бидеме искрени, не е лесно да помогнете некому бесплатно. Треба да имате голема емпатија за да волонтирате. Но, помагањето на луѓето или животните кои имаат потреба е еден од најдобрите начини на кои можете да го направите светот подобро место за живеење. Доволно е само да му дадете храна на некое улично кученце, да им помогнете на вашите соседи, да волонтирате по еден ден во месецот во засолниште за бездомници, да засадите цвеќиња или дрвја или пак, ако можете да си дозволите, да им донирате пари на оние кои навистина немаат и верувајте, светот околу вас веднаш ќе стане многу посреќно место.rn
3. Давајте комплименти
rnВие не треба да бидете богати за да го промените светот. Една насмевка упатена кон странец е сосема доволна за да го направите неговиот, но и вашиот ден подобар. Токму затоа не се воздржувајте со комплиментите, кажете ѝ на вашата мајка дека денес изгледа прекрасно или пофалете ја новата кошула на вашата пријателка. Секогаш кога давате комплименти бидете искрени, а доколку нешто не ви се допаѓа, подобро премолчете отколку да лажете.rn
4. Одржувајте ја природата чиста
rnСветот никогаш нема да се подобри доколку не се грижиме за природата. Ако садите цвеќиња и дрвја, тогаш тоа е во ред, но ако фрлате ѓубре на улица, тогаш ѝ правите на природата многу голема штета. Не ги оставајте отпадоците позади вас во паркот и не ги фрлајте во водата. Уште полошо е доколку имате навика да ги палите или закопувате. Бидете пример и инспирирајте ги другите така што ќе се грижите поактивно за природата или пак, ќе започнете со рециклирање.rn
5. Престанете да се натпреварувате
rnМногу луѓе го поминуваат својот живот тежнеејќи кон тоа да бидат подобри од своите пријатели, соработници или соседи. Тие работат напорно за сите оние нешта кои ги постигнале, само за да бидат подобри од своите пријатели или соработници. Но, оваа навика лошо влијае врз вас и врз оние околу вас. Токму затоа најдете друга инспирација која ќе ве води низ животот. Престанете да се споредувате со другите и фокусирајте се на себе. Доколку некој пред вас добие унапредување, бидете среќни за него/неа и продолжете со вашата добра работа и понатаму. Нема потреба постојано да покажувате дека сте подобри, бидејќи на тој начин не само што ги оддалечувате вашите најблиски од вас, туку и оставате лош пример во средината во која живеете.rnrn rnrn
Кога артистот Лук Јарам сфатил колку многу луѓе го поминуваат своето време покрај странци без притоа да изустат ниту еден збор, тој решил да се обиде да ги смени работите така што ќе постави пијана во силни бои на отворено со цел да ја поттикне спонтаната комуникација.rnrnКобург, Канада, 2014rnrnПроектот „Play me, I‘m yours“ започнал во Бирмингем, Велика Британија во 2008 година со 15 пијана поставени низ градот во период од 3 недели. Оваа идеја била целосен успех и се претпоставува дека над 140.000 луѓе свиреле на овие музички инструменти или слушале додека некој друг свири. Од тогаш, над 1.000 пијана со едноставната инструкција „Play me, I‘m yours“ биле поставени во 37 градови ширум светот, допирајќи до околу 6 милиони луѓе. Уличните пијана, од кои дел биле реновирани од други локални артисти, започнале да се појавуваат на плоштадите, во парковите, на автобуските и железничките станици, на мостовите и на други најразлични јавни места. Погледнете…rnrn
Дали некогаш сте се запрашале како луѓето ширум светот ги празнуваат претстојните празници? Доколку ве интересираат туѓите култури и начини на празнување, во продолжение – најчудните традиции низ светот.rnrnrn
1. Каталонија
rnДецата во Каталонија изработуваат измет од дрво на кој исцртуваат лик и пред божиќната вечер го фрлаат во оган и го удираат со стапчиња.rn
2. Јужна Африка
rnДецата во Јужна Африка наместо колачиња, не можат да дочекаат да јадат полна чинија пржени стоногалки.rn
3. Норвешка
rnЛуѓето ги кријат метлите пред божиќната вечер за да не бидат украдени од вештерки и зли духови.rn
4. Јапонија
rnОткако спровеле успешна реклама во Јапонија, останало традиција да се јаде во КФЦ за божиќната ноќ.rn
5. Венецуела
rnrnrnКако и во многу католички земји низ светот, и во Венецуела луѓето масовно се собираат на плоштадите за божиќната ноќ. Но, таму традицијата вели дека сите треба да возат ролери таа вечер.rn
6. Германија
rnГерманските палавковци наместо јаглен во чорапите си ставаат гранче во чевлите.rn
7. Холандија
rnВо Холандија Дедо Мраз има чуден пријател. Тој е бел човек со црно лице кој им дава бонбончиња на децата.rn
8. Нов Зеланд
rnrnrnБидејќи немаат елки, како новогодишно дрво го користат новозеландското божиќно дрво Похутукава.rn
9. Украина
rnrnrnНаместо со новогодишни украси во Украина елките се китат со вештачки пајаци и мрежи.rn
10. Чешка
rnВо Чешка има традиција за Божиќ да не се пали светло додека не се појави правата ѕвезда. Па потоа ќе може да се сервира трпезата, но не и да се служи алкохол.rn
11. Естонија
rnrnrnТрадиција е Божиќ да се прослави фамилијарно во сауна.rn
12. Велс
rnВо некои велшки села има традиција за Божиќ да се носи череп од кобила на врвот од прачка и така да се парадира по улиците.rn
13. Шведска
rnВо Шведска традиција е да се стави излупен бадем во пудинг и се верува дека оној кој ќе го пронајде ќе стапи во брак истата година.rn
14. Италија
rnВо Италија децата не го чекаат дедо Мраз, туку Бефана – стара бабичка која ги дарува децата со слатки и играчки на 5 јануари.rn
15. Канада
rnrnrnВо Канада постои адреса на Дедо Мраз. Дедо Мраз, Северен Пол, Канада, ХОХОХО. Поштата ги прима и одговара на пристигнатите писма.rn
16. Словачка
rnНајстариот член во семејството за божиќната ноќ зема лажица со пудинг и фрла кон таванот. Колку поубаво се залепи – тоа подобро.
Луѓето од сите краеви на светот се понесени од празничната магија која ја носи овој период од годината, па на социјалните мрежи ги споделуваат своите новогодишно украсени градови.rnrnДизниленд Париз, ФранцијаrnrnМногубројните сијалички, снешковци, Дедо Мразовци во различни бои придонесуваат празничната атмосфера да биде уште поеуфорична и многу позабавна.rnrnСалерно, ИталијаrnrnВо продолжение – дел од магија наречена „Нова година“ претставена низ фотографии кои ги споделија луѓето ширум светот.rnrn
Ако имате барем малку идеја што се случува во светов во последно време, книгава не би требало да ја пропуштите
rn
Наша оценка: 9/10
rn
Ваша оценка: [ratings]
rnrnДорота Масловска имала само 18 години кога ја напишала „Бело – црвен свет“. Романот, примен од критичарите и од публиката со широко раширени раце, свеж литературен бран во младешки, контроверзен стил, е сè уште своевиден феномен и сè уште нашироко се зборува за истиот. Масловска има доживотно членство во клубот на големите имиња, а со првите неколку страници ќе сфатите дека е целосно заслужено, дури и ако не го повтори успехот со ниту едно друго дело.rnrnВпрочем, не мора ниту да ви се допаѓа книгата, дури многу веројатно е дека темата и стилот на пишување ќе бидат тешко сварливи за некои, но не верувам дека постои читател кој би можел да го оспори талентот, имагинацијата и способноста за конструктивна критика на младата авторка. Особено ако земеме во предвид дека поголем дел од осумнаесетгодишниците не гледаат ни вести а камо ли да имаат волја и способност да напишат книга која во завиена форма и преку младешки глупирања всушност ќе му тресне во фаца некои сериозни муабети на општеството.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnГлавниот лик е Анджеј, или „Силниот“ ако баш сакате, бидејќи е главен во друштво, дрзок на јазик и остар во размилувањата, веројатно бидејќи поголем дел од времето е на спид и плус врти неколку женски во книгата. Го запознаваме во моментот кога неговата голема љубов Магда му пренесува преку нејзината другарка дека меѓу нив е готово. И Магда е на спид поголем дел од времето, плус се мафта со руски војници. Анджеј, нормално ја мрази поради тоа, но земено во предвид дека не прави нешто многу покорисно со неговиот живот а и можеби ќе може да ја легне пак во скоро време, спремен е да и прости и некоја таква грешка. Не дека е ова нешто многу трагично, горе – долу нивните животи не се разликуваат од животите на нивните врсници. Поголемиот дел од нив се невработени, без перспектива, огорчени и конфузни. Плус, се наоѓаат сред полско – руска војна под бело – црвено знаме.rnСцените и разговорите, горчливи во поголем дел од романот, се пренесени низ конфузни и набиени мисли на Анджеј кој дури и разговорите со другите му ги прераскажува на читателот, како да ги преработува прво и никогаш како да не ни дава „директно“ да ги слушнеме другите ликови (сигурно постои соодветен термин за ова, таму некаде во книгите по македонски јазик).rnrn
„Името ти е убаво, Магда, исто како и твоето лице. Твоите раце се убави, твоите прсти, нокти, нели можеме да останеме заедно? Ако сакаш, ќе те однесам одовде каде сакаш. Можеби дури и во болница, ако е неопходно. Ме прашуваш дали сум пиел, е па, сум пиел, ама не е ничија работа дали сум пиел или не. Ајде одиме, ајде само да влеземе во колата и да одиме, ќе те однесам секаде, дури иако десет илјади Руси сакаат да ни направат тестови за алкохол и дрога. Ми велиш да не те заебавам, да престанам…“
rnrnrnНекогаш не можев да одлучам дали навистина е дијалог или сè се случува во неговиот ум. И помеѓу сите „љубовни“ дискусии, драми и расправии кои единствено асоцираат на незрелост и преголема конзумација на дрога одеднаш се наоѓате сред монолог за некое општествено прашање. Сите прашања тргнуваат од политика, од војни, од слаба економија, од лошо образование, од нефункционални семејства и се враќаат пак таму, со ниту еден одговор, само некој краток горчлив бунт кој никој не го перцепира.rnrn
„Не се согласувам многу со даноците, предлагам држава без даноци, каде што моите родители нема да се убиваат од работа за некои принцови што пушат и си имаат свои апартмани и телефонски броеви во време кога работите не се баш толку едноставни. Како и да е, како што реков, економската ситуација во земјава е категорично заебана…“
rnКнигата е сплет на набиени случки, од трагични разговори до халуцинации од спид па до некои просветлувачки моменти кои кратко траат. Анджеј и сите попатни ликови се само одраз на уништена младина до срж, бунтовници со причина но без кауза. Трагично, но поголем дел од нив не знаат ниту на која страна треба да се свртат. Масловска, дури им се приклучува како еден од ликовите при крајот, генијален потег кој само додава на оригиналност. На моменти, чувството е како да сте вовлечени во „Requiem for a dream“ во генијалната режија на Дарен Аронофски, па се префрлате во сцени на „Trainspotting“ на Дени Бојл, а корицата неизбежно ме потсети на „Romper Stomper“ на Џефри Рајт… ако овие се наоѓаат на вашата листа на топ филмови, книгава не би требало да ја пропуштите. Всушност, ако имате барем малку идеја што се случува во светов во последно време, не би требало да ја пропуштите.rnrnКнижарница ТРИ, ГТЦ, I кат тел: 02/3238-722 knizarnica@kniga.com.mkrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 26 ноември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn
Патувањата ќе ви ги отворат очите на многу различни начини. Ќе согледате различни начини на живеење ширум светот кои ќе да ви помогнат да го разбере или пак едноставно да го цените начинот на живот на другите култури.rn
1. Учење преку барање помош
rnКога сте во туѓа држава, потребно е да се распрашувате и да комуницирате со локалното население, тоа ќе ви го прошири обемот на познавањето на туѓиот начин на живот, но и вас ќе ве направи поопуштена и покомуникативна личност. Така што, доколку сакате да стигнете до метрото, не лутајте со часови и не им верувајте само на вашите паметни телефони, едноставно социјализирајте се и прашајте.rnrnrn
2. Чувство на удобност во секоја ситуација
rnИако сте далеку од дома и ве опкружуваат работи кои не се дел од вашето секојдневие, научете да ги прифаќате и секако чувствувајте се удобно во таквата средина. Ако нештата се поразлични, не значи дека не се правилни. На тој начин ќе го градите вашиот карактер во насока да станете личност со отворени хоризонти на размислување.rnrnrn
3. Вкусување на храната преку споделување
rnПри еден престој во странство речиси е невозможно да ги вкусите сите типови храна и сите рецепти коишто можат да се приготват, па така споделувањето на храната е неопходно. На тој начин може да пробате повеќе видови храна, да заштедите повеќе пари и да согледате што ви се допаѓа, а што не.rnrnrn
4. Ќе научите да заспивате без проблем
rnПатот може да биде долг и напорен. Повеќечасовно патување со различни превозни средства, а вие ќе треба на сето тоа да се прилагодите. Но, откако ќе пристигнете, ништо не ви ветува дека сместувањето ќе биде токму онака како што сте го замислиле. Што доколку минатата вечер не сте можеле да заспиете или пак сте заглавиле до доцна во ноќта? Дали и тогаш ќе пребирате во каква положба ќе спиете?rnrnrn
5. Ќе научите да не се врзувате за материјални нешта
rnСкоро секој од вас на патување би си понел некои работи коишто му се од некаква си емотивна вредност иако не се толку неопходни. Многумина сметаат дека токму таквите работи се премногу вредни за да бидат елиминирани од списокот на задолжителни нешта. Но, во текот на вашето патување ќе научите дека многу лесно ќе живеете и без материјалните нешта кои не ви се неопходни. Тие немаат вистинска вредност, искуствата имаат.rnrnrn
6. Ќе си го цените вашиот секојдневен живот
rnКога сме надвор од нашата држава и кога постојано се сретнуваме со различни размислувања, начини на живеење, почнуваме да го согледуваме нашиот живот од друга перспектива. Во таквите мигови учиме да не го сфаќаме животот здраво за готово.rnrnrn
7. Ќе научите секогаш да гледате на позитивната страна
rnНе секогаш сè оди по сценариото. Неочекувани работи се случуваат, не можете да влијаете на околностите како што се задоцнување на воз, испуштање на лет итн. Но, секако дека можете да влијаете на себе. Затоа извлечете го најдоброто од ситуацијата, дружете се, разгледувајте, не пропуштајте ни миг.rnrn
Автор: Сара ПренкrnrnВо 1988 година, парот Гунтер и Кристин Холторф тргнал на патување кое првично требало да трае само 18 месеци низ селата во Африка со нивниот Мерцедес G-Wagen кој го нарекле „Ото“. Планираните година и пол се претвориле во едно континуирано патување кое било прекинато само неколку пати низ целиот тој период. Без спонзорства, публицитет и социјални мрежи, парот патувал само затоа што сакал да патува, а целта била да го видат светот колку што можат. Кога доаѓало време за спиење „Ото“ бил секогаш тука, а убавите ноќи тие спиеле на лежалки заврзани за дрво. Бања им биле шишињата со вода врзани за „Ото“, а се хранеле готвејќи локална храна на нивниот малечок пренослив шпорет.rnrnrnrnГунтер и Кристин извозеле низ 6 континенти, од прекрасните песочни дини на Сахара, руралните села на Кенија, улиците на светлиот Париз, старите Будистички храмови, воените зони како Ирак, па сè до тешко достапната Северна Кореја.rnrnПарот вистински го заменил модерниот живот со едно фасцинантно искуство кое вреди многу повеќе. Како што и самиот Гунтер вели:rnrn
„Колку повеќе патуваш, толку повеќе сфаќаш колку малку си видел. А колку повеќе гледаш и искусуваш толку повеќе сакаш да продолжиш да гледаш и искусуваш.“
rnПогледнете ја нивната авантура низ фотографии.rnrn
rnrnЗа жал Кристин починала во 2010-тата, оставајќи го Гунтер да продолжи да патува и за двајцата, носејќи ја со себе сликата на Кристин закачена на ретровизорот на „Ото“.rnrnНеодамна 76-годишниот Гунтер го заврши своето патување враќајќи се дома во Берлин. Холторфовиот верен пријател „Ото“, кој ниеднаш не ги изневерил во текот на 26-годишното патување, ќе биде изложен во музејот на Мерцедес во Штутгарт.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.