КАФЕ ПАУЗА

Tag: супа

  • Детокс супа од грашок, магдонос, спанаќ и целер што ќе ви го исчисти целото тело

    Детокс супа од грашок, магдонос, спанаќ и целер што ќе ви го исчисти целото тело

    На оваа комбинација зеленчуци, никој не е рамен! Станува збор за највкусната крем супа чија подготовка е многу едноставна. Таа не само што ќе ви го заблажи сетилото за вкус, туку и ќе го зајакне вашето тело, ќе ви помогне да ослабите и ќе ве прочисти од сите токсини. Таа исто така ќе ви помогне да го нормализирате дигестивниот систем, да ја зголемите отпорноста на стрес и ќе ви го заштити телото од вируси и бактерии. Да не заборавиме и на антиоксидантските ефекти!rnrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 120 грама сварен грашок
    • rn 011

    • 2 шаки свеж спанаќ
    • rn 011

    • 1 големо стебло целер
    • rn 011

    • 1 шака свеж магдонос
    • rn 011

    • 1 лажица свеж коријандер
    • rn 011

    • 1 чешне лук
    • rn 011

    • 200 милилитри вода
    • rn 011

    • 2 лажици кокосово масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки освен водата во блендер и добро изматете. Потоа додајте ја водата и продолжете со матење додека не добиете кремаста структра. Префрлете ја супата во сад со средна големина и загрејте ја по желба, но не дозволувајте да почне да врие. Пробајте ја и додајте сол по желба.rnrnПробајте ја и оваа 7-дневна детокс диета препорачана од нутриционисти.

  • Борба против анемија: Супа од спанаќ што ќе ви го наполни телото со железо

    Борба против анемија: Супа од спанаќ што ќе ви го наполни телото со железо

    Анемијата е чест проблем меѓу луѓето, што е особено изразен кај жените во репродуктивната доба. Токму затоа и ви ја препорачуваме оваа супа за да го освежите организмот со железо. Гледајте на неа како нешто што се подготвува брзо, и што ќе ви го покачи здравјето на сосема ново ниво. Добар апетит!rnrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 950 милилитри вода или органска растителна основа
    • rn 011

    • 450 милилитри свеж органски спанаќ
    • rn 011

    • Морска сол
    • rn 011

    • Мускатно оревче
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗовријте ја водата или растителната основа во поголем лонец, па додајте го измиениот спанаќ. Варете уште една минута, па ставете ги состојките во блендер и добро изматете. Кога ќе добиете хомогена смеса посолете и изрендајте малку мускатно оревче.rnrnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

  • Супа полна со здравје која „брише“ 2 килограми за 10 дена

    Супа полна со здравје која „брише“ 2 килограми за 10 дена

    Доброто, старо цвекло со причина го нарекуваат една од најздравите намирници во светот. Полно е со железо и заради тоа е одлично за анемичните личности. Станува збор за нискокалоричен зеленчук со многу хранливи влакна и добри протеини кои нè држат сити подолго време и ни даваат енергија. Содржи и фолна киселина и витамините B1, B2, B3 и B6. Заради сето наведено тоа е одличен додаток во исхраната и диетите. За оние кои сакаат да ослабат на здрав начин, одличен избор е супата од цвекло која „брише“ и до 2 килограми за 10 дена. Во текот на тој временски период секојдневно консумирајте го и ослободете се од несаканите килограми.rnrn1-supa-polna-so-zdravje-koja-brishe-2-kilogrami-za-10-dena-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 400 милилитри пилешка супа или супа со зеленчук
    • rn011

    • 2 цвекла со средна големина
    • rn011

    • 500 милилитри вода
    • rn011

    • 2 лажици јаболков оцет
    • rn011

    • 1 мала лажичка кисела павлака
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn011

    • Копар
    • rn011

    • 2-3 капки лимон
    • rn011

    • Свеж рен, по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка

    rn1. Излупете го цвеклото, измијте го и исечете го на ситни коцки. Потоа ставете го во сад со вода, посолете го и оставете го да се вари. Варете го цвеклото околу 25 минути или сѐ додека не омекне, односно додека не можете со ножот лесно да поминете низ него.rnrn2. Загрејте ја пилешката супа или супата со зеленчук. Ставете го во неа вареното цвекло, јаболковиот оцет и копарот, па со помош на миксер или блендер сите состојки претворете ги во крем.rnrn3. На крајот додајте во супата малку лимон и лажичка кисела павлака, а по желба во неа можете да изрендате и малку свеж рен кој одлично одговара со цвеклото.rn

    Важни совети:

    rnПрепорачаното траење на диетата со цвекло е 10 дена. После тоа направете мала пауза, од барем една до две недели.rnrnВо текот на диетата секојдневно консумирајте минимално 2 литри вода, не вклучувајќи ја останатата течност која ја внесувате во текот на денот.rnrnЗдравствените придобивки од цвеклото се неисцрпни, па затоа подгответе го и овој вкусен напиток од цвекло за појаки мускули и подобар имунитет.

  • „Течна диета“: Чудесен план на исхрана за ефикасно губење килограми

    „Течна диета“: Чудесен план на исхрана за ефикасно губење килограми

    Течната диета е доста ефикасна доколку сакате брзо да ги изгубите килограмите. Оваа диета можете најмногу да ја држите две недели и за тоа време ќе намалите од 10 до 15 килограми.rnrn1-techna-dieta-chudesen-plan-na-ishrana-za-efikasno-gubenje-na-kilogrami-www.kafepauza.mk_rnrnТечната диета го намалува обемот на стомакот и од таа причина лесно можете да го контролирате својот апетит и да изгубите тежина. Таа се базира на консумирање само течна храна, сокови, супи, млечни производи, билни чаеви и вода. Вкупната количина на течности дневно не би требало да биде поголема од 3 литри.rnrn2-techna-dieta-chudesen-plan-na-ishrana-za-efikasno-gubenje-na-kilogrami-www.kafepauza.mk_rnrnМенито за еден ден треба да изгледа вака, но можете и да го менувате по потреба:rnrn09:00 – 90 грама овесна кашаrnrn10:00 – 230 милилитри бистра супаrnrn11:00 – 230 милилитри топла вриена водаrnrn12:00 – 230 милилитри сок кој е разблажен со водаrnrn13:00 – 230 милилитри топла вриена водаrnrn14:00 – 230 милилитри млекоrnrn15:00 – 230 милилитри чај без шеќерrnrn16:00 – 230 милилитри супа без солrnrn17:00 – 230 милилитри топла вриена водаrnrn18:00 – 230 милилитри топла вриена водаrnrn19:00 – 230 милилитри сокrnrn20:00 – 230 милилитри топла вриена водаrnrn21:00 – 230 милилитри обезмастен јогурт

  • 4 работи кои треба да ги знаете за чорбите и супите

    4 работи кои треба да ги знаете за чорбите и супите

    Супите и чорбите се важен дел од секој оброк. Слично како и салатата, една чинија супа дневно може да има позитивно влијание на вашето здравје, затоа што преку зеленчукот внесувате многу хранливи материи. Доколку ги избегнувате супите и чорбите, еве неколку причини кои без сомнение ќе го променат вашето мислење и ќе ве убедат тие да станат дел од вашето секојдневие.rnrn4 работи кои треба да ги знаете за чорбите и супитеrn

    1. Супата може да ви помогне да ослабите

    rnСупата содржи влакна кои ќе го заситат вашиот организам и ќе ги спречат налетите на глад. Всушност, овие влакна се нискокалорични хранливи материи кои ќе ви помогнат да изгубите до 50 проценти од маснотиите.rn

    2. Прв чекор кон совршено тело

    rnСпоред истражувањата на Универзитетот во Пенсилванија, консумирањето нискокалорични супи пред главното јадење ќе придонесе да внесувате 20 проценти помалку калории во организмот. Тоа се случува затоа што супата прави да чувствувате ситост, па со самото тоа ќе внесувате и помалку храна.rn

    3. Може да спречи настинка

    rnШтом почувствувате дека се разболувате, веднаш подгответе си една чинија супа. Едно истражување спроведено од Медицинскиот центар во Небраска открива дека пилешката супа ги потиснува процесите на воспаленија кои предизвикуваат настинка. Топлата течност ги олеснува симптомите кои ги чувствувате поради затнатите синуси и болката во градите.rn

    4. Го ублажува стресот

    rnСпоред истражувањата, консумирањето една порција супа од зеленчук дневно, во текот на две недели, ќе го редуцира нивото на мочна киселина која предизвикува стрес за 18 проценти. Секако, наоѓањето на внатрешниот мир е доволна мотивација да јадете супа или чорба, но намалувањето на нивото на стрес кое ќе ви помогне да ослабете до 5 килограми во текот на 6 месеци е само уште една причина плус да почнете да јадете супа или чорба.

  • Смудињата се минато: Холивуд „полуде“ по супите кои топат килограми

    Смудињата се минато: Холивуд „полуде“ по супите кои топат килограми

    За разлика од минатата година, кога зелените смудиња им беа фаворит на познатите ѕвезди, во новава 2016 година сѐ поголем број убавици се насочуваат кон здравите супи, кои лесно се подготвуваат, а се преполни со антиоксиданси.rnrn(01) smutinjata se minato holivud polude po supite koi topat kilogrami-kafepauza.mkrnrnСоковите и смудињата полека паѓаат во заборав, а на нивно место доаѓаат сѐ покреативни, разнобојни и здрави супи. Имајте предвид дека тука не станува збор за пилешката супа која ви ја подготвува вашата баба, туку за чорба од зеленчук, која не само што ќе ве засити, туку и се готви дупло поедноставно и побрзо од класичната супа.rnrnГвинет Палтроу, Џенифер Анистон, Мили Мекинтош и бројни други славни убавици се колнат во магичната моќ на овие топли напитоци. Меѓу нивните омилени се најдоа супите од брокула, компири, печурки, морков и многу други што ќе завршат голема работа за детоксикација на организмот после празниците. Дополнително, можете да ја пробате оваа 3-седмична диета која топи до 10 кг, без јо-јо ефект.rnrnGwyneth PaltrowrnrnПочетокот од годината е идеално време за детоксикација, вели Гвинет Палтроу. Поради тоа, таа на својот веб-сајт „Goop“ објави список со работи кои треба да ги јадете доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми и токсини, а главните ѕвезди на порталот се токму супите. Супите што таа ги обожава се преполни со витамини, минерали, протеини (ако додадете месо) и претставуваат вистинска витаминска бомба. Тие се нејзиниот омилен оброк, а на порталот таа неодамна објави и режим за постпразнична детоксикација, во која смести голем број рецепти за здрави супи.rnrnДенес со вас, сакаме да ги споделиме овие 3 вкусни рецепти за супа, од ѕвездата на Железниот човек (Iron Man).rn

    1. Супа од тиква

    rn(2) smutinjata se minato holivud polude po supite koi topat kilogrami-kafepauza.mkrn

    Порции: 3

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 средна тиква, исчистена
    • rn011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn011

    • 2 лажици кокосово масло
    • rn011

    • 1 поголем кромид, исечкан
    • rn011

    • 2 чешниња лук, исечкани
    • rn011

    • 2 лажици ѓумбир, исечкан
    • rn011

    • 1 лажичка мелен ким
    • rn011

    • ½ лажичка мелен коријандер
    • rn011

    • 3 шолји пилешка (или зеленчукова) супа од коцка
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсчистената тиква зачинете ја со сол и бибер и на секоја половинка ставете по 1 лажица маслиново масло, па потоа печете ја во рерна на претходно загреана температура од 200°C во времетраење од 35 минути, додека не стане сосема мека.rnrnВо меѓувреме, загрејте го кокосовото масло во тенџере и на него убаво издинстајте го кромидот, заедно со прстофат сол и мешајте 15-тина минути на тивок оган со затворен капак. Потоа додадете го лукот, ѓумбирот и сите преостанати зачини. Издинстајте уште неколку минути, чисто за да се измешаат добро сите вкусови, а потоа додадете ја супата и посолете по ваш вкус. Оставете ја супата да се готви додека да се испече тиквата.rnrnКога ќе се испече тиквата, оставете ја малку да се олади, а потоа нејзината внатрешност ставете ја во тенџерето и со сите додадени состојки, оставете ја да се вари со полузатворен капак на средно ниска температура уште 10 минути. На крајот, ставете сѐ во блендер и на овој начин ќе добиете превкусна супа со боја на портокал, која можете да ја служите со малку прелиено маслиново масло или со малку павлака.rn

    2. Зелена супа од праз и целер

    rn(3) smutinjata se minato holivud polude po supite koi topat kilogrami-kafepauza.mkrn

    Порции: 3

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 средни праза (само белите и светлозелени делови)
    • rn011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn011

    • Сол и бибер
    • rn011

    • 3 чешниња лук
    • rn011

    • 1 лажичка мајчина душичка
    • rn011

    • 1 среден корен од целер (исчистен и исечкан)
    • rn011

    • 2 ½ шолји пилешка (или зеленчукова) супа од коцка
    • rn011

    • 2 лажици лимонов сок
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсчистете го празот, измијте го и исечкајте го, фрлете му прстофат сол, а потоа динстајте го 10 минути на маслиново масло, додека да омекне (не треба да потемни). Додајте го лукот и мајчината душичка, посолете сѐ заедно и динстајте уште 3 минути. Потоа додадете го исечканиот корен од целер, ставете му малку сол и дарежливо сомелете му бибер одозгора. Подинстајте уште сосема малку и прелијте ја супата.rnrnГответе сѐ заедно околу 20 минути на потивка температура, со поклопен капак на тенџерето. Целерот треба да стане сосема мек, да може лесно да се пресече со нож. Кога ќе забележите дека е добро сварен, ставете ја супата во блендер и миксајте додека да добие фина текстура. На крајот зачинете со лимонов сок.rn

    3. Супа од брокула и рукола

    rnrn

    Порции: 2

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажица маслиново масло
    • rn011

    • 1 чешне лук, ситно исечкано
    • rn011

    • ½ кромид, крупно исецкан
    • rn011

    • 1 поголема главичка брокула, искината на поситни гранчиња
    • rn011

    • 2 ½ шолји вода
    • rn011

    • ¼ лажичка крупна сол
    • rn011

    • ¼ лажичка свежо мелен бибер
    • rn011

    • ¾ шолја рукола (ќе биде вкусно и со поточарка)
    • rn011

    • ½ лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте го маслиновото масло на средна температура и во тенџерето додадете ги лукот и кромидот и динстајте 1-2 минути. Потоа додадете ја брокулата и гответе уште 4 минути или додека таа не постане светлозелена. Додадете ги водата, солта и биберот, дозволете ѝ да почне да врие, а потоа намалете ја температурата и покријте го тенџерето со капак. Варете 8 минути или додека брокулата да омекне.rnrnСтавете ја супата во блендер и додадете ја руколата и блендајте додека добиете мазна текстура. Сервирајте ја приготвената супа со малку свеж лимон.rnrn[message_box title=”Совет:” color=”yellow”]rnrnВнимавајте кога блендирате жешки течности. Почнете со мала брзина и блендајте ја количината во неколку наврати, ако има потреба. Не би сакале од пареата да ви летне капакот од блендерот, нели?!rnrn[/message_box]rnrnВе предизвикуваме да си ги подготвите за себе (и за вашите најблиски) овие екстра вкусни детокс супи, а потоа да го споделите со нас вашето искуство.rnrnДобар апетит!

  • Супа од спанаќ и кокосово масло: Совршен рецепт за витка линија

    Супа од спанаќ и кокосово масло: Совршен рецепт за витка линија

    Едноставна и брза супа која е идеална за сите оние кои водат сметка за својата линија

    rnСупа од спанаќ и кокосово масло: Совршен рецепт за витка линијаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 лажици путер
    • rn011

    • 2 лажици кокосово масло
    • rn011

    • 1 голем кромид, исечкан
    • rn011

    • 140 грама пченкарно брашно
    • rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 2 лажици лук во прав
    • rn011

    • 1 лажица куркума
    • rn011

    • 1 прстофат чили
    • rn011

    • 1 килограм свеж или смрзнат спанаќ
    • rn011

    • Сенф
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnРастопете ги путерот и кокосовото масло во тенџере, а потоа додајте го кромидот и оставете го да омекне. Додајте го пченкарното брашно и мешајте полека додека додавате малку по малку вода. Варете сè додека смесата на зоврие и оставете ја така да вари 5 минути. Зачинете ја супата и потоа додадете го спанаќот. Не дозволувајте повторно да зоврие. Сипете ја зелената супа во чинија и послужете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здрава супа која помага во слабеењето

    Здрава супа која помага во слабеењето

    Зеленчуковата супа е силен сојузник во борбата со наталожените килограми

    rnPumpkin Souprn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 компир
    • rn011

    • 3 моркови
    • rn011

    • 1 стапче целер
    • rn011

    • 1 црвен кромид
    • rn011

    • 1 чешне мелен лук
    • rn011

    • 1 прстофат сол
    • rn011

    • 1/2 лажичка бибер
    • rn011

    • малку црвен пипер
    • rn011

    • 1 ловоров лист
    • rn011

    • 400 грама пастеризирани домати
    • rn011

    • 400 грама сварен грашок
    • rn011

    • 1 рака спанаќ
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки освен спанаќот во сад на оган и оставете ги да се варат. Кога варењето ќе биде при крај додајте го и спанаќот и оставете уште малку да се вари. При сервирањето додајте по една лажица маслиново масло во секоја чинија.rnrnСовет: Ако сакате кремаста супа, извадете малку од водата и остатокот изблендирајте го. Потоа, зависно од посакуваната густина, измешајте ја блендираната смеса со претходно одвоената супена вода.

  • Освежителна ладна супа од краставици

    Освежителна ладна супа од краставици

    Кремаста текстура која се бори со летните горештини

    rnОсвежителна ладна супа од краставициrn

    Потребни состојки за 5 порции:

    rn

      rn011

    • 2 големи краставици, со исчистени семки и ситно исечкани
    • rn011

    • 400 мл грчки јогурт
    • rn011

    • 3 лажици цеден лимон
    • rn011

    • една глава ситно исечкан млад кромид
    • rn011

    • едно чешне лук
    • rn011

    • малку мирудија
    • rn011

    • малку магдонос
    • rn011

    • 2 лажици естрагон
    • rn011

    • 60 мл маслиново масло
    • rn011

    • сол и бел пипер
    • rn011

    • половина глава ситно исечкан црвен кромид
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер ставете ги краставиците, јогуртот, лимоновиот сок, кромидот, лукот, мирудијата, магдоносот, естрагонот и маслиновото масло. Мешајте додека добиете хомогена смеса. Потоа додајте сол и бел пипер и оставете ја супата 8 часа во фрижидер за добро да се излади. Потоа декорирајте со ситно исечканиот црвен кромид и со ситно исечкани парчиња краставица.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која ќе ви помогне да ослабете

    Храна која ќе ви помогне да ослабете

    Погледнете ја оваа кратка листа која ќе ви помогне без диета да ослабете неколку килограми пред почетокот на летото…rn

    Благ десерт

    rnХрана која ќе ви помогне да ослабетеrnrnЕдна интересна студија која била спроведена од Универзитетот во Тел Авив открила дека луѓето чии оброци за појадок изобилуваат со јаглехидрати и протеини и кои потоа јадат десерт губат многу повеќе тежина од оние кои го започнуваат својот ден со нискокалорична храна без шеќер. Учесниците кои си дозволувале мала закуска – чоколадо, крофна, колаче или парче торта изјавиле дека се чувствуваат многу помалку гладни и имаат помала потреба за храна во текот на целиот ден. По завршувањето на 8-месечното тестирање, тие во просек изгубиле 20 килограми, а оние кои биле на нискокалорична диета изгубиле само 5 килограми.rn

    Супа

    rnХрана која ќе ви помогне да ослабетеrnrnСпоред едно истражување од Пен Стејт, доколку изедете една чинија нискокалорична супа пред главниот оброк, вие ќе конзумирате во просек околу 20% помалку калории за време на ручекот. Токму затоа секогаш одбирајте нешто полесно и поздраво како предјадење.rn

    Овесни снегулки со ореви

    rnХрана која ќе ви помогне да ослабетеrnrnБидејќи се многу густи, на вашето тело му е потребно многу повеќе време да ги обработи оревите. Како резултат на тоа, тие ќе останат подолго време во вашиот организам и ќе чувствувате ситост со часови по конзумирањето. Доколку ги комбинирате со овесни снегулки кои изобилуваат со јаглехидрати, вие ќе добиете дополнителна енергија која ќе го одржува нивото на шеќерот во крвта и токму поради тоа нема да имате потреба да јадете чоколади и други благи во текот на денот.rn

    Млеко

    rnХрана која ќе ви помогне да ослабетеrnrnЕдна студија која била објавена во Американскиот журнал за клиничка исхрана открила дека луѓето кои пијат една и пол чаша млеко на ден губат дупло повеќе килограми од оние кои пијат само половина чаша. Доколку пиете редовно млеко вие ќе го зголемите нивото на витаминот Д во вашата крв кој ќе ви помогне со губењето на тежината.rn

    Домашен сендвич

    rnХрана која ќе ви помогне да ослабетеrnrnОние кои барем еднаш неделно излегувале надвор на ручек губеле многу помалку тежина од оние кои си носеле домашно подготвен оброк на работа. Истражувачите од Центарот за истражување на ракот Фред Хатчинсон, кои ја спровеле оваа студија, велат дека за разлика од домашно подготвената храна, вие немате многу контрола врз состојките и големината на оброците кои ги служат во рестораните.rn

    Марула

    rnХрана која ќе ви помогне да ослабетеrnrnУбавината на зелените салати е што можете да изедете поголемо количество од нив без да се грижите за внесувањето на голем број калории. Плус, за да изедете обемна салата потребно е повеќе време, што ќе ви помогне да се чувствувате сити. Поголемиот дел до луѓето го завршуваат својот оброк за 5-10 минути, а на нашето тело му требаат барем 20 за да сигнализира дека ни е доволно, па токму затоа јадете колку што е можно побаввно.rn

    Црно чоколадо

    rnХрана која ќе ви помогне да ослабетеrnrnСпоред откритијата на Универзитетот во Копенхаген, црното чоколадо исполнува многу повеќе од млечното. Во ова истражување се открило дека луѓето кои изеле 100 грама црно чоколадо и на кои потоа им било понудена пица, изеле 15% помалку од останатите испитаници кои изеле 100 грама млечно чоколадо како предјадење.rn

    Диња

    rnХрана која ќе ви помогне да ослабетеrnrnСекоја храна која изобилува со калиум (лубеница, авокадо, банана) има улога на природен диуретик кој помага при исфрлањето на насобраната непотребна вода во вашето тело.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.