КАФЕ ПАУЗА

Tag: стрмно

  • Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница

    Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница

    Доколку сакате да се возите на ролеркостер во безбедноста на вашиот автомобил, тогаш овој 44-метарски мост во Јапонија може да биде вашиот билет за луда авантура. И покрај тоа што нема ненадејни кривини и позиции во кои ќе бидете со главите надолу, сепак острата удолница изгледа прилично забавно (или застрашувачко) кога се движите кон неа.rnrn(1) Мост во Јапонија кој изгледа како луда железницаrnrnМостот бил дизајниран на овој начин со цел бродовите да можат да поминуваат под него, но тоа воопшто не го прави помалку возбудлив. Тој е најголемиот мост во Јапонија и третиот најголем мост во светот. Изгледот на ролеркостер делува многу посилно кога тој е фотографиран однапред. Во реалноста, тој изгледа малку поблаго отколку на овие фотографии.rnrn(2) Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница (3) Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница (4) Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница (5) Мост во Јапонија кој изгледа како луда железницаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Смртно опасна патека

    Смртно опасна патека

    За да ги истражите преубавите карпести предели на кинеската планина Хуа Шан имате само една опција, а тоа е 12-километарската „смртоносна патека“. Таа е неверојатно стрмна и важи за една од најопасните во светот. Патеката води точно до највисокиот од петте врвови на планината, која пак лежи во јужниот дел на градот Хуајин, 120 километри источно од Ксиан, на 2.200 метри надморска височина. Врвовите наликуват на ливчиња од цвет, па оттука доаѓа и нејзиното име Хуа Шан, што во превод значи „Лотус со пет ливчиња“.rnrnНејзините убавини можат да ви бидат на дланка, доколку соберете доволно храброст и се впуштите во ризична авантура по тенките дрвени штици, прикрепени за карпите. Не очекувајте заштитна ограда. Поставен е само еден синџир на кој можете да се придржувате додека се движите по патеката.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаАко ова ви звучи страшно, тогаш не ни помислувајте да ја започнете маршутата, бидејќи вистинските маки започнуваат кога ќе стигнете до каменот на кој со кинески симболи пишува: „точката каде се враќаат и коњите“. Тоа е еден вид предупредување и порака за недоволно подготвените туристи, да го завршат патувањето и да се повлечат назад. Таму патеката станува екстремно стрмна, едвај проодна и крајно небезбедна.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаСмртно опасна патекаДоколку не ве предомисли ниту овој знак и успеете да продолжите понатаму, на врвот на планината ќе посетите будистички храм во кој се чуваат бројни свети текстови. Таму, пред многу векови монасите се криеле од своите непријатели. Тогаш тие се движеле само по штиците. Синџирот е поставен во поново време, на барање на туристите, кои во 1990 година, ја принудиле месната управа дел од патеката да обезбеди и со огради и широки камени скали.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаСмртно опасна патекаЗа жал, овие зафати не се доволно безбедни, секој да се осмели да тргне по патеката. Иако, таа се нарекува смртоносна, не постојат официјални статистички податоци за несреќи кои се случиле таму. Но, загрижува фактот што во последно време по патеката се движат сè понеискусни посетители, а во некои случаи недостатокот на добра физичка и психичка подготвеност може да има фатален крај за неодговорните туристи.Смртно опасна патека
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Грандиозниот врв Матерхорн во Швaјцарија

    Грандиозниот врв Матерхорн во Швaјцарија

    Матерхорн е голем остар планински врв со 4.478 метри надморска висина на границата меѓу Швaјцарија и Италија. Како  еден од највисоките врвови на Пенинските Алпи, Матерхорн е познат и како Монте Цервино на италијански јазик или Мон Цервин на француски. Грандиозниот врв Матерхорн во ШвајцаријаОваа планина е позната по тоа што повеќе од 500 алпинисти кои се обиделе да ја освојат, загинале поради стрмноста и тежината. За прв пат бил освоен во 1865 година. Овој врв е најзначајниот врв на Швaјцарските Алпи и иако не е највисок, сепак претставува голем предизвик за сите алпинисти.Грандиозниот врв Матерхорн во ШвајцаријаГрандиозниот врв Матерхорн во ШвајцаријаГрандиозниот врв Матерхорн во ШвајцаријаГрандиозниот врв Матерхорн во ШвајцаријаГрандиозниот врв Матерхорн во ШвајцаријаГрандиозниот врв Матерхорн во ШвајцаријаГрандиозниот врв Матерхорн во ШвајцаријаГрандиозниот врв Матерхорн во ШвајцаријаГрандиозниот врв Матерхорн во Швајцарија
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.