КАФЕ ПАУЗА

Tag: страст

  • Страста сокриена во бакнежот

    Страста сокриена во бакнежот

    Како ли еден фотограф може да ги „улови“ страсните, чисти и невини бакнежи на лудо заљубените парови? Прашајте го Мајкл Креј, кој работејќи заедно со уште еден моден фотограф Ринз Ван Бруг и модниот стилист Кит С. Вашингтон, создале прекрасна серија фотографии со љубовна тематика за списанието Метропоп.Страста сокриена во бакнежотФотографиите се направени во една вечер низ Њујоршките улици, а најинтересниот факт во врска со нив е дека, девојките се професионални фотомодели, а мажите кои ти ги бакнуваат не се. Мајкл смета дека вистинската страст не може да биде форсирана, па за фотографиите ги повикал вистинските момчиња на манекенките.Страста сокриена во бакнежот.rn

    „Секогаш сум сметал дека една од најтешките работи во оваа професија, е да ги насочуваш луѓето да прават нешто што не им е удобно да го прават. Најмивме модели, но само женски. Машките на сликите се нивните слатки момчиња.“

    rnСтраста сокриена во бакнежот.rn

    „Не ги натеравме да го прават ова. Тие тотално уживаа во работата и повеќе се забавуваа од нас. Заљубените парови се бакнуваа околу 20 минути, додека Ринз и јас ги менувавме аглите и светлината. Беше доста секси и на моменти слатко. Ние требаше само да го создадеме вистинското расположение за секоја сцена со помош на осветлувањето и да го фотографираме вистинскиот момент.“

    rnСтраста сокриена во бакнежот.rn

    „Најверојатно најинтересните моменти беа кога стилистот Кит С. Вашингтон, мораше цело време да „влетува“ на сцената, за да ја поднамести облеката на љубовните партнери кои страсно се ‘бореа’.“

    rnСтраста сокриена во бакнежотСтраста сокриена во бакнежотСтраста сокриена во бакнежотМагијата на љубовта е навистина фантастично доловена во овие фотографии. А самиот бакнеж е една бескрајна приказна за младоста и лудоста.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Астрологијата и страста

    Астрологијата и страста

    Што го „пали“ вашиот љубовен партнер? Без разлика дали тој/таа во сексот се поврзуваат на духовно, мистично ниво или си го закажуваат самиот акт во нивниот дневен планер, секој хороскопски знак има позитивен стил кога станува збор за ова задоволство. Откријте како да ја одведете интимноста со вашиот партнер до нови, „магични височини“, дознавајќи го влијанието на планетата која управува со неговиот хороскопски знак.rnrnАстрологијата и страстаrnrnЛавот го возбудува помислата дека го забележувате и цените како личност. Погалете го неговиот/нејзиниот грб одозгора надолу и притоа со „љубовна нота“ шепнете му/и во уво некој комплимент. Верувајте, лавот нема да остане рамнодушен на убавите зборови.rnrnТајната за поминување една незаборавна романтична вечер со вашиот рак, е да направите да се чувствува сигурно и заштитено. Спалната соба е најдоброто место во кое можете да се релаксирате и да зборувате слободно за сето она што ви лежи на душа. Бидете отворени, расположени, нежни и чувствителни за да ја разбудите страста во вашиот љубовник со хороскопски знак рак.rnrnКога станува збор за близнаците и девиците, ништо нема да ви донесе повеќе возбуда во креветот од добриот разговор базиран на обострано зборување и слушање. Одрежете жива, весела комуникација во спалната и избегнувајте сериозни теми на разговор. Чувајте го нивниот ум свеж и активен, на начин што во детали, вербално ќе им објаснувате сè што планирате да им правите во креветот.rnrnБикот и вагата се сензуални и грациозни секс партнери, кои сакаат да даваат, но го очекуваат истото од вас за возврат (тие воопшто не ценат самобендисани луѓе). Создадете пријатна атмосфера, луксузно декорирајте ја собата, прилагодете се на секоја нивна желба и ќе го добиете и вие она што ви следува.rnrnОвните сакаат физички да ја демонстрираат нивната страст и би сакале да им дадете дозвола да ја заземат главната улога во креветот и да ви ги остварат сите ваши сексуални фантазии. Следете ги. Кога ви се дава прилика да правите нешто дрско, не се повлекувајте.rnrnЈарците може на прв поглед да изгледаат конзервативно кога станува збор за сексот, но тоа го компензираат во постелата со нивниот нежен, сензуален и трпелив стил на водење љубов. Сексот со нив можеби не е спонтан, но јарците по природа се „диви“. За да биде задоволен, договарајте со него редовни термини во седмицата за водење љубов.rnrnСтрелецот има богата духовна природа и не е тајна дека има желба сексот, интимноста и водењето љубов да ги одведе до едно легендарно ниво. Бидете дарежливи со стрелецот во кревет и научете спектакуларно да го прославувате чинот на водењето љубов. Трчајте низ шумата голи, бркајќи се еден со друг, може да биде една предлог – идеја. :)rnrnЉубовникот со хороскопски знак водолија е див, понекогаш перверзен, умее добро да се забавува, а во остатокот од времето е емоционално отсутен. Со неа бидете отворени, експериментирајте и имајте волја да го пробате она што има да ви го понуди, но не и дозволувајте да го избегнува емоционално поврзување, кое прави партнерите во сексот да се чувствуваат интимно блиски и задоволни.rnrnРибите се мечтатели, кои изгледаат како да дошле на планатава од некое далечно место. Тие можат да лежат и само да гледаат во вашите очи со саати, доколку им го дозволите тоа. Па, дозволете им. Обидете да се поврзете со нив на едно мистично ниво, со тоа што ќе го одржувате контактот со нивните тажни очи, кој може да ве одведе двајцата до највисоката точка на сексуално уживање.rnrnМоже да мислите дека вашата скорпија сака да ја поседува вашата душа на начин што сексуално ќе се поврзе со вас и да ви изгледа како таа да си ги „полни батериите“  кои ја одржуваат во живот со вашата сексуална енергија. Тоа и не е далеку од вистината. Кажете и на вашата скорпија што посакувате. Бидете искрени. Верувајте, таа ќе ги претвори сите ваши сексуални мечти во реалност.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Астрологијата и сексуалната предигра

    Астрологијата и сексуалната предигра

    Се обидувате да ги „загреете“ страстите помеѓу вас и вашиот партнер за обострано да уживате во претстојната ноќ? Астрологијата и овој пат ќе ви помогне да сфатите што е тоа кое вас двајца ве возбудува и ќе ви обезбеди незаборавно сексуално доживување под чаршавите?rnrnАстрологијата и сексуалната предиграrn

    Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец

    rnДел од предиграта на овие знаци се вкусна храна и квалитетно вино. Тие обожаваат масажа, прегратки, допири и еден куп нежности. Земјените знаци се страсни и сензуални типови луѓе, кои брзо ќе се возбудат и ќе се препуштат на милувањата под чаршавите, но само доколку сите нивни сетила, се комплетно задоволени.rnrnСовет: Доколку вашиот партнер е земјен знак, ви советуваме да го нагостите со гурманска храна, добра музика, пријатен мирис и безброј нежни допири. Ако и понатаму се двоумите дали вашиот партнер е подготвен да ја помине вечерта со вас и „да оди до крај“, пробајте со масажа на стапала, притоа употребувајќи лосион со свежа арома или масло.rn

    Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец

    rnСтраст, возбуда и опасни, авантуристички доживувања ги „палат“ огнените знаци. Овие личности посакуваат креативност и спонтаност во спалната соба и сакаат да испробуваат нови секс-пози и да експериментираат со повеќе различни партнери. Искусни и по малку диви, огнените знаци ценат кога личноста со која се во кревет, ќе ја покаже својата „дива страна“.rnrnСовет: Доколку се спремате да излезете на состанок со некој огнен знак, изберете некоја невообичаена локација и облечете се во примамлива секси облека. Изненадете ги со некоја интересна играчка или некој специјален подарок. Заземањето улоги или некои други авантуристички сексуални игри, дефинитивно ќе го возбудат вашиот партнер, кој е огнен астролошки знак.rn

    Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија

    rnОвие остроумни и интелигентни личности ќе се возбудат во оној момент кога нивниот ум ќе биде стимулиран. Со добар разговор, разменување интересни идеи и кажување досетки, ќе го одведете вашиот воздушен знак во кревет побрзо отколку што сте очекувале. Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.rnrnСовет: Ако вашиот партнер припаѓа во астролошката категорија воздушни знаци, неколку часа пред да излезете на состанок со него, испратете му секси СМС-порака или имејл, бидејќи тој неверојатно многу ужива во сексот преку телефон. Пронајдете некои еротски приказни и книги и испратете им ги на вашиот партнер, пред да се видите, за да му ги „подгреете“ страстите.rn

    Водни знаци: Рак, Скорпија и Риби

    rnРомантичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер. Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се премислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.rnrnСовет: Магнетизирајте го вашиот партнер кој спаѓа во категоријата водни знаци, со долготраен, непрекинат контакт со очи, бидејќи тој ќе го „прочита“ она што го чувствувате за него преку вашиот поглед. Кога им се обраќате на овие знаци кажете малку, но одбрани зборови кои ќе имаат подлабоко значење за нив. Водните знаци ценат нежна, но истовремено длабока и страсна ноќ под чаршафите и еден куп бакнежи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Страсни бакнежи низ француските улици

    Страсни бакнежи низ француските улици

    Убавината на животот се состои во оние мали нешта кои честопати забораваме дека се креатори на нашата среќа: нечија убава насмевка, сладок ненадеен бакнеж, комплимент од срце и безброј навидум незначителни моменти, кои ни го „подгреваат“ срцето.rnrnИнспирирана од љубовта, францускиот уметник Клер Стритарт прави фантастични графити на ѕидовите во француските градови Париз и Монпелије и во Бразил, цртајќи љубовници како се бакнуваат во секси и провокативни пози.rnrnСтрасни бакнежи низ француските улициrnrnСензуалните силуети се насликани со дебели линии, имаат едноставен облик и јак контраст на бои, па кога ќе поминете покрај нив нема да можете, а да не подзастанете да погледнете во убавата љубовна приказна.rnrnСтрасни бакнежи низ француските улициrnrnГрафитите се насликани на одбрани фасади, така што секогаш кога ќе се најдете во тој дел од градот, страсните љубовници пријатно ќе ве изненадат и ќе ви го растреперат срцето.rnrnСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициrnrn 

  • Lavazza календар за 2011 година

    Lavazza календар за 2011 година

    Едно е сигурно – срцето не може да се контролира. Секој оној кој бил во Италија, знае дека тоа е така. Италија е земја на љубовта и земја каде што сигурно ќе се заљубите.  Тоа е земја каде страста е најчиста. Предрасудите се напуштаат, чувствата се „фаќаат во момент“ и за миг во воздухот може да го почувствувате вистинското задоволство.rnrn

    (2) Lavazza календар 2011 година
    Насловна страница
    rnrnМногу филмови, книги и песни се напишани и испеани во име на љубовта. А кафето? Тоа одлично се испреплетува во секоја љубовна приказна. Погледнете го календарот на Lavazza (Италијански производител на кафе со многубројни кафе-продавници низ целиот свет) за 2011 година, ироничен и нереален, страствен и љубовен. Доживејте го патувањето во Италија, читајќи само од фотографиите. Исто како одличен романтичен филм.rnrn
    (2) Lavazza календар 2011 година
    Јануари-февруари
    rnrn
    Lavazza календар 2011 година
    Март-април
    rnrn
    Lavazza календар за 2011 година
    Мај-јуни
    rnrn
    Lavazza календар за 2011 година
    Јули-август
    rnrn
    Lavazza календар за 2011 година
    Септември-октомври
    rnrn
    Lavazza календар за 2011 година
    Ноември-декември
    rnrnЦелата приказна, во интерактивна, мултимедијална варијанта е достапна на официјалниот веб-сајт на производителот, на страницата резервирана за календарот на Lavazza за 2011 година.

  • Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

    Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

    Нели би било одлично доколку секој од нас би знаел што точно го возбудува оној во кого сме лудо заљубени? На тој начин, голем број недоразбирања и фрустрации би се замениле со совршена комуникација, прекрасно љубовно искуство и одличен секс. Сè што треба да знаете за да бидете среќни во љубовната врска, е што на вашиот партнер му се допаѓа, а што не. Следува кратка анализа на хороскопските знаци, класифицирани во четирите астролошки елементи: оган, земја, воздух, вода.rn

    Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

    rn

    Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец

    rnДоколку сакате да однесете во кревет некој од нив, немате никаква причина за грижа. Направете план сочинет од список на сексуални желби, а тој/таа ќе биде среќен/а да се потчини на секоја од нив. Тие носат во себе голема страст и ќе сакаат да ги испробаат сите можни секс пози, а вие доколку сакате да има и втор пат, ќе морате да ги задоволите сите нивни барања. Немојте да се однесувате авторитетно или премногу емотивно со некој од огнените знаци, бидејќи ним не им се допаѓа тоа. Наместо тоа задоволете ги на сите можни физички начини и на крајот искрено кажете им дека ви е време за спиење. Не би штетело доколку им кажете дека имаат божествено тело.rn

    Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец

    rnОднадвор земјените знаци изгледаат како да им е грижа за сè освен за секс, но доколку имате прилика да завршите во кревет со некој од нив, ќе бидете изненадени од моќта која ја имаат во физичкиот свет. Ако еднаш се заплеткате со земјен знак, никогаш нема да сакате да го оставите, бидејќи тие се најсексуалните знаци во зодијакот. За нив сексот претставува природна ствар, која постои откако постои човештвото. Бидете природни и релаксирани за да доведете некој земјен знак до лудило. Охрабрете ги самите себеси да си изразат голема почит за работите кои најдобро умеат да ги прават, а тие за возврат ќе ве направат комплетно задоволен љубовник.rn

    Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија

    rnВоздушните знаци го користат умот за да го пронајдат своето сексуално задоволство, па за да однесете некој од нив во кревет потребен ви е голем ментален напор. Можеби ова ви звучи како тешка задача, но доколку еднаш успеете да им го освоите срцето, тие како камелеон ќе се приспособат на секоја ваша желба без грам напор. За овие знаци страста претставува интелектуален стимуланс, а сексуалните интеракции се ствар на договор помеѓу партнерите. Дознајте кој е нивниот омилен сексуален амбиент и побарајте го нивното мислење за различни теми, но немојте премногу да се возбудувате во врска со нивните предлози. Едноставно останете рационални и одржувајте го нивниот ум активен и наскоро ќе дознаете дека интелектуалните стимуланси навистина ги „палат“ воздушните знаци.rn

    Водни знаци: Рак, Скорпија, Риби

    rnВодените знаци се најенигматичните знаци во зодијакот, кои умеат да ви го овозможат најдлабокото сексуално задоволство кое никогаш не сте го ни сонувале. Меѓутоа за да го заслужите тој третман, потребно е прво емотивно да се поврзете со нив, комплетно да ги разберете и да изградите однос базиран на доверба и блискост. Ако вие сте таа личност која ќе успее да го разбере и поддржи водниот знак на милион начини, тој за воврат ќе ви ги прошири сексуалните хоризонти, при што ќе искусите кралски задоволства и искуство за кое не сте верувале дека е возможно. За да заведете некој од овие знаци, однесете го покрај вода: во езеро, река или во када полна со топла вода и миризлива купка, за да направите да се чувствува релаксирано и љубено. Исто така, не штедете на романтика.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

    Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

    Интервјуата за работа се еден вид натпревар. Се прашувате како токму вие да победите во „морето“ од дипломирани и магистрирани луѓе? Не губете надеж! За секого има место во овој свет. Она за кое треба да се борите е да се прикажете себеси во најдоброто можно светло, но притоа да не делувате премногу ентузијастички настроени.

    rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?Секое интервју е различно искуство, па затоа обидете се да го „прочитате“ говорот на телото и фацијалните експресии на вашиот соговорник додека зборувате. Дали тој/таа ве гледа во очи додека вие се обидувате да ѝ придадете значење на некоја ваша способност или карактерна особина? Тоа е обично добар знак. Дали тој што ви го прави интервјуто вообразено се потсмевнува, го трга погледот од вашите очи и се потпира со грбот на столот? Тоа не е добар знак.rnrnВо продолжение следуваат 5 клучни работи кои не смеете да ги занемарите во текот на интервјуто.rn.rn

    1. Страст за работата

    rnДајте му на знаење на вашиот потенцијален шеф дека со голема страст и волја ќе ги извршувате вашите работни обврски. Последното нешто кое работодавачите го сакаат, е вработен кој работи само за да преживее или за да се испроба во конкретната област.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    2. Човечки капитал

    rnОдењето на работа не е исто што и стажирање, а тоа значи дека работодавачот не сака да слушне дека вие сте аплицирале да работите во неговата фирма затоа што сте сакале нешто да „научите“. Она што сака да го чуе, е дека вие поседувате одредени квалификации, способности и квалитети кои ќе му донесат поголема заработувачка. Сè што треба да направите, е да го убедите шефот дека компанијата ќе има голема полза од вас.rn

    3. Комуникативност

    rnКвалитет број 1 според работодавачите е вештината за ефективна комуникација на своите вработени. Способноста за јасно изразување на вашите идеи и перспективи на колегите и на надворешните соработници е од мошне големо значење за вашиот работодавач.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    4. Брзо учење и напредување

    rnДоколку вчера сте излегле од академските клупи, невозможно е да имате големо работно искуство зад себе. Бидејќи работодавачите се по малку скептични за вработување на луѓе без искуство, вие ќе мора да го убедите вашиот потенцијален газда дека доволно би ви било одредена задача еднаш да ви биде објаснета, за потоа самостојно да се усовршувате во извршувањето на истата.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    5. Практичност

    rnПовеќето луѓе кои штотуку дипломирале едвај чекаат да ја пронајдат првата вистинска работа и да „скокнат“ во својата позиција со полна пареа. Ентузијазмот е двигател на мотивацијата на вработените, но преголемото возбудување може лошо да биде сфатено од страна на работодавачите. Тие тоа го доживуваат како особина на младите да избрзуваат со ветување работи кои не можат да ги исполнат. На тој начин, многу е важно да го уверите вашиот потенцијален работодавач дека ќе ги исполнувате вашите работни задачи служејќи се со вашата здрава логика, реалистичност и практичност.rnrnrnrnrnrn

  • Подигнете го нивото на вашата самодоверба

    Подигнете го нивото на вашата самодоверба

    Вашата претстава за себеси има огромно влијание врз тоа како другите луѓе ве доживуваат. Колку сте посамоуверени, толку е поверојатно дека ќе успеете во животот. Голем број фактори имаат силно влијание врз вашата самодоверба кои се надвор од ваша контрола, но има и многу нешта кои можете да ги направите за да ја доизградите. Со следниве стратегии ќе успеете да ја достигнете вашата потребна ментална подготвеност за успех.rn

    1. Облеката нека говори за вас

    rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnИако облеката не го прави човекот, сепак начинот на облекување влијае врз тоа како се чувствувате. Направете ја вашата појава  необична и препознатлива за останатите. Ова не значи да трошите премногу пари на облека. Едноставно почнете полека и надградувајте го вашиот плакар со интересни и квалитетни парчиња. Изгледот комплетирајте го со вашиот омилен парфем, некое парче накит и интересна фризура.rn

    2. Изберете идол

    rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnБез разлика дали станува збор за некој ваш близок или позната личност, најдете модел на личност кому навистина се восхитувате. Ова не значи да го имитирате или да му го преземате стилот. Едноставно, фокусирајте се на квалитетите кои таа личност ги поседува и учете.rn

    3. Вежбајте

    rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnВежбањето и оформувањето на вашето тело може двојно да ја зајакне вашата самодовербата. Редовната физичка активност ќе ви ја зголеми енергијата и ќе направи да се чувствувате поудобно во вашето тело. Ќе бидете изненадени од тоа колку опуштени и комуникативни можете да бидете.rn

    4.  Најдете ја вашата страст

    rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnБез разлика дали тоа ќе биде музиката, некоја боречка вештина или пак везење, правењето нешто во кое уживате ќе ве направи сигурни и исполнети. Уште поважно е тоа што со напредувањето во вашето хоби, самодовербата ќе се движи во нагорна линија.rn

    5. Подобрете го држењето на вашето тело

    rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnДржете ги грбот и рамената секогаш исправени. Главата секогаш нагоре и не дозволувајте погледот да ви паѓа надоле. Избегнувајте да ги прекрстувате рацете или постојано да ги подигате ракавите нагоре. Ваквите гестикулации прават да изгледате многу несигурно и нервозно.rn

    6. Однесувајте се самоуверено дури и да не се чувствувате така

    rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnМожеби ќе ви звучи чудно и неприродно, но овој метод е многу ефективен. Секогаш смејте се, зборувајте гласно и јасно, правете шеги и гледајте ги луѓето во очи додека зборувате со нив. Научете да не ви е грижа што мислат другите, само така навистина ќе бидете среќни.rn

    7. Примајте комплименти, но и давајте

    rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnКога имаме негативна перцепција за некого, обично тоа се преточува во озборувања и навреди. За да се надмине овој проблем, без разлика на се, треба да се гледаат и позитивните страни кај секого. Со самото тоа што ќе почнете да ги забележувате и истакнувате добрите страни на човекот, индиректно го изнесувате најдоброто од себе, а тоа сигурно нема да помине ненаградено.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.