КАФЕ ПАУЗА

Tag: стомак

  • 5 видови стомачиња што не се предизвикани од вишок килограми

    5 видови стомачиња што не се предизвикани од вишок килограми

    Летото се наближува и многу од нас сакаат да изгледаат совршено. Сепак, понекогаш стомачето не се намалува и покрај напорното вежбање. Но дали знаевте дека постојат неколку ситуации кога вашето стомаче не е резултат на вишок килограми? Погледнете за што станува збор…rn

    1. „Љубовни рачки“

    rn(1)5-vidovi-na-stomache-koi-ne-se-predizvikani-od-vishok-kilogrami-kafepauza.mkrn

    Карактеристики:

    rn„Перничиња“ од страните.rn

    Причини:

    rn

      rn011

    • Долго седење
    • rn011

    • Љубов кон благото
    • rn011

    • Често консумирање алкохол
    • rn011

    • Внесување многу шеќер и рафинирани јаглехидрати (колачиња, торти и бел леб) или скробни јаглехидрати (тестенини и ориз)
    • rn

    rn

    Како да се ослободите од него?

    rn1. Пијте помалку алкохол. Неколку чаши вино и тоа 3-4 пати неделно водат до „винска половина“ и масни наслаги на страните. Престанете со пиење 2 недели, а потоа, ако сакате, продолжете умерено.rnrn2. Сменете го начинот на исхрана. Избегнувајте диетални продукти и храна со ниска масленост. Свртете се кон јајца, посно месо и зеленчук, како и кон добрите масти, како што се авокадото, јаткастите полодови и рибата.rnrn3. Најдете време за вежбање. Не мора да одите во теретана, долгите прошетки комбинирани со исчекори, чучнувања и обратни склекови се сосема доволно.rn

    Посебни инструкции:

    rnВежбањето и правилната исхрана се доволни. Тие ќе ви помогнат да го намалите стомачето и ќе ви дадат сила за да продолжите со рутината.rn

    2. Стомаче од стрес

    rn(2)5-vidovi-na-stomache-koi-ne-se-predizvikani-od-vishok-kilogrami-kafepauza.mkrn

    Карактеристики:

    rnМасните наслаги се околу папокот, и стомачето е цврсто.rn

    Причини:

    rn

      rn011

    • Хроничен стрес
    • rn011

    • Често прескокнување оброци
    • rn011

    • Пиење многу кафе
    • rn011

    • Иритирано дебело црево
    • rn011

    • Нездрава храна (солени јатки, чипс и слично)
    • rn

    rn

    Како да се ослободите од него?

    rn1. Легнувајте си порано. Кога сте под стрес спиете малку, а тоа го попречува создавањето лептин, хормонот кој е одговорен за регулација на апетитот и метаболизмот.rnrn2. Опуштете се пред спиење со вежби за дишење, топла купка или медитација. Овие корисни навики ќе ви помогнат добро да се наспиете. Ограничете го консумирањето кафе навечер, а во текот на денот немојте да пиете повеќе од 2 шолји.rnrn3. Не го преморувајте телото со вежбање. Интензивните кардио вежби само ќе го покачат нивото на кортизол во вашето тело. Вежбајте јога, одете на долги прошетки, па дури и вежбањето во теретана ќе ве смири, само немојте да претерате.rnrn4. Вклучете магнезиум во вашата исхрана. Магнезиумот е минерал за опуштање и се наоѓа во зелениот зеленчук, јаткастите плодови и пченичните трици.rn

    Посебни инструкции:

    rnВежбајте јога, истегнувајте се и напијте се чај од камилица пред спиење. Ова ќе го намали нивото на кортизол и ќе му помогне на вашето тело да се смири.rn

    3. Ниско стомаче

    rn(3)5-vidovi-na-stomache-koi-ne-se-predizvikani-od-vishok-kilogrami-kafepauza.mkrn

    Карактеристики:

    rnСлаби сте, но долниот дел од стомачето ви е истакнат.rn

    Причини:

    rn

      rn011

    • Неодамнешна бременост
    • rn011

    • Монотони и заморни вежби во теретана
    • rn011

    • Непроменлива исхрана
    • rn011

    • Искривување на ‘рбетот
    • rn

    rn

    Како да се ослободите од него?

    rn1. Здрава исхрана и многу хранливи влакна. Зелениот лисест зеленчук, интегралниот леб и сите останати извори на хранливи влакна се добри за вас.rnrn2. Откажете се од чучнувањата. Веројатно ги правите погрешно, создавате преголем притисок на долниот дел од грбот предизвикувајќи искривување, а со тоа вашето стомаче е уште поизразено. Заменете ги чучнувањата со планк.rnrn3. Подеднакво вежбајте го целото тело наместо да преморувате само еден дел. Обидете се со кружен тренинг, бидејќи на тој начин работите на секоја мускулна група.rn

    Посебни инструкции:

    rnПијте повеќе вода и јадете храна која лесно се вари и која содржи лесни протеини (риба и пилешко).rnrnПродолжува на следната страницаrn

  • Едноставен трик кој треба да го знаете ако практикувате спиење на стомак

    Едноставен трик кој треба да го знаете ако практикувате спиење на стомак

    Познато ли ви е она нешто што знаете дека е лошо за вас, но сепак продолжувате да го практикувате? Покрај јадењето слатки работи, тука спаѓаат и некои начини на спиење. На пример, и покрај тоа што многумина знаат дека спиењето на стомак е најлошата позиција која не влијае добро на вашето здравје, сепак, тие не можат да се откажат од неа.rnrnЕдноставен трик кој треба да го знаете ако практикувате спиење на стомакrnrnАко и вие спаѓате во оваа група, тогаш треба да го погледнете овој едноставен трик кој ќе ви биде од корист ако и покрај сѐ не можете да ја замените вашата удобна позиција со ништо друго. За ова ќе ви биде потребно дополнителна перница. Така, легнете рамно на вашиот стомак, прицврстете ја дополнителната перница под вашите колкови и можете да одморате. Се прашувате зошто помага ова? Спиењето на вашиот стомак е лошо затоа што го отежнува правилното држење на ‘рбетот, што ве прави поподложни на болка во грбот и вратот. Поголем дел од тежината ја носите на средниот дел од телото, па потпирајќи се на вашите колкови, вие му помагате на вашето тело.rnrnПа, вреди да го испробате овој трик со цел да си овозможите подобро здравје.rnrnПогледнете и што открива за вашиот карактер положбата на спиење.

  • Како да се изборите со салото на стомакот и да направите совршено обликувани стомачни мускули?

    Како да се изборите со салото на стомакот и да направите совршено обликувани стомачни мускули?

    Поминаа сите декемвриски и јануарски празници, деновите се подолги, а пролета за момент ќе чукне на вратата. Имате доволно време за вашата програма со која ќе ги избришете сите непотребни масни наслаги да биде таква што практично нема да ја почувствувате. Ако вашата цел е рамен стомак, тогаш морате да пристапете стратешки, бидејќи долготрајното и макотрпното вежбање не се гаранција дека ќе ја постигнете целта.rnrn3-sega-ili-nekogash-kako-da-se-izborite-so-saloto-na-stomakot-i-da-dobiete-stomachni-muskuli-www.kafepauza.mk_rnrnРамниот стомак е 80% исхрана и 20% вежбање, а од тие 20% само 10% се стомачни вежби. Тоа значи дека салото од стомакот не можете да го отстрани правејќи само стомачни вежби! Токму сега доаѓаме до правилната исхрана и кардио тренингот. За почеток, салото на стомакот главно се состои од рафиниран шеќер, преработена и масна храна, алкохол и храна која содржи многу сол. Нашиот организам едноставно ја губи битката со тие намирници и затоа е потребно да ги избегнуваме.rnrnА сега, добрата вест! Храната која ја внесувате во организмот мора да биде квалитетна, но и квалитетно распоредена, што значи дека нема да јадете помалку, туку повеќе. Препорачливо е да внесете 3 главни оброци во текот на целиот ден и 2 помали ужини. Малите и квалитетни оброци ни помагаат да го одржуваме нашиот организам сит во текот на денот, а тука посебно важен е појадокот, кој ни дава енергија. Со овој начин на исхрана исто така ги спречуваме доцните оброци, кои се и едни од главните виновници за салото на стомакот.rnrnПојадокот треба да биде обилен. Дозволете си доволно јаглехидрати и протеини, а појадокот изедете го 1 час откако ќе се разбудите. Исто така, можете да се напиете чаша нискокалорично млеко. За ужина изедете нешто масно, најдобро би било еден грст бадеми или несолени кикиритки. Потоа, за ручек повторете ја комбинацијата со протеини и јаглехидрати, но оние квалитетните, како варен компир. Следува уште една ужина која може да биде овошје, интегрални крекери или зеленчук. Вечерата треба да биде лесна, а многу добро би било да комбинирате протеини и масти. Добар избор би било посно сирење со маслиново масло, марула со туна и слично.rnrn1-sega-ili-nekogash-kako-da-se-izborite-so-saloto-na-stomakot-i-da-dobiete-stomachni-muskuli-www.kafepauza.mk_rnrn

    Златни правила за исхраната:

    rn1. Секогаш појадувате.rnrn2. Пожелна е комбинацијата со протеини и јаглехидрати, како и протеини и масти. Не е добро да комбинирате јаглехидрати и масти, особено ако станува збор за спојување компир и масло (помфрит).rnrn3. Немојте премногу доцна да јадете овошје и немојте премногу да го комбинирате со други намирници. Добра комбинација е она овошје што содржи вода и зелен лиснат зеленчук, а немојте во мешавината да додадете зеленчук кој содржи скроб.rnrn4. Дозволете си еден ден за мамење. Само еден ден во неделата можете да изедете оброк кој не спаѓа под здрава исхрана. Нема да ви наштети!rnrn5. Измерете го вашиот струк и следете ги резултатите. Мерењето на вагата честопати може да нè излаже, бидејќи таа сепак не знае колку килограми создаваат мускулите, а колку е салото. Со мерењето на струкот најдобро ќе ги препознаете резултатите. Нема да штети и доколку се фотографирате, па да го повторите фотографирањето по одреден временски период.rnrn2-sega-ili-nekogash-kako-da-se-izborite-so-saloto-na-stomakot-i-da-dobiete-stomachni-muskuli-www.kafepauza.mk_rn

    Вежбање – 100 стомачни или не?

    rnКога ја регулирате исхраната, со помош на вежбањето ќе го забрзате отстранувањето на салото од стомакот и ќе го обликувате телото. Бидете умерени, вежбајте неколкупати неделно, но не изоставувајте го вежбањето со лесни тегови, бидејќи тие ќе помогнат во топењето на мастите. Пример за добро вежбање би можело да биде добро истегнување, загревање од 10 до 15 минути на лента за трчање, потоа да следуваат неколку серии со тегови и на крај, интензивен кардио тренинг. Никако немојте да заборавите уште едно истегнување на крајот од тренингот. И за крај, стомачни вежби. Правете ги во умерени количини, а кога ќе го отстраните салото од стомакот, зголемете ги стомачните вежби, сѐ додека не дојдете до посакуваниот облик. Ако не сакате да одите во теретана, тренингот можете да го правите и дома.

  • 8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголем

    8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголем

    Облеката има моќ да залажува. Таа може да направи да изгледате послаби или пак, да ви додаде некој вишок килограм, особено кога станува збор за областа околу стомакот. Непријатните стилови облека не избираат дали сте мажи или жени, па затоа, осигурете се дека во вашиот плакар ги немате овие непријателски парчиња облека што може да направат вашиот стомак да изгледа поголем отколку што навистина е.rn

    1. Шорцеви со еластичен појас

    rn8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголемrnrnШорцевите со еластичен појас може да му додадат повеќе килограми на вашиот стомак, а тука проблемот е материјалот кој создава повеќе волумен. Ако пак навистина сакате да ги носите, тогаш барајте модели кои имаат послаби еластични појаси и полесен материјал.rn

    2. Панталони со фалти

    rn8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголемrnrnФалтите на панталоните или здолништата доаѓаат и излегуваат од мода. Но, без разлика дали се популарни или не, тие не се добра идеја ако сакате да имате рамен стомак. Тие додаваат волумен на местата каде што не сакате, како што е областа на вашиот стомак и половината.rn

    3. Хоризонтални ленти

    rn8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголемrnrnСигурно веќе имате слушнато дека вертикалните линии се најдобри за да создадете впечаток на повисока и потенка фигура. Па, ако сакате вашиот стомак да изгледа помал, држете се настрана од хоризонталните ленти на кошулите, блузите и фустаните.rn

    4. Големи дезени

    rn8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголемrnrnИсто како и хоризонталните ленти, така и големите дезени нема да направат да изгледате добро, затоа што тие може визуелно да го прошират просторот што го опфаќаат, па така вашиот стомак ќе изгледа поголем отколку што навистина е. Ако морате да изберете дезени, одлучете се за некои помали.rn

    5. Патенти, џебови и набори

    rn8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголемrnrnИако овие работи може да бидат корисни и функционални, сепак, доколку можете без нив – избегнувајте ги. Тие може да го привлечат вниманието кон вашиот стомак на непријатен начин, затоа што најчесто прават оваа област да изгледа поголема отколку што навистина е.rn

    6. Светкави материјали

    rn8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголемrnrnСветкавите материјали или оние кои рефлектираат светлина, може да бидат ваш непријател кога станува збор за слабиот стомак. Најдобар пример за ова е сатенот. Иако може да ви изгледа убаво, сепак, тој ќе создаде погрешен впечаток за вашата фигура.rn

    7. Широка облека

    rn8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголемrnrnПонекогаш луѓето мислат дека со широката облека најдобро ќе може да ги сокријат проблемите околу областа на стомакот. Но, во реалноста се случува токму спротивното. Широката облека не само што не ги сокрива проблематичните делови, туку и ги нагласува истите.rn

    8. Тесна облека

    rn8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголемrnrnИсто така настојувајте да не носите и премногу тесна облека. Панталоните кои се премногу тесни околу половината ќе ви создадат непријатен ефект, а истото ќе го сторат и тесните блузи и кошули кои дополнително ќе го нагласуваат вашиот стомак. Затоа, изберете удобна облека со вистинската форма за вашето тело.

  • Рамен стомак без диета и вежбање: Врзете конец околу половината за да ги добиете посакуваните стомачни мускули

    Рамен стомак без диета и вежбање: Врзете конец околу половината за да ги добиете посакуваните стомачни мускули

    Физиотерапевтите пронашле нов начин кој ќе ви помогне да постигнете рамен и затегнат стомак. Имено, се покажало дека еден обичен конец врзан околу половината, може да ви помогне да добиете затегнат стомак, без притоа да вежбате или да одите во теретана.rnrnРамен стомак без диета и вежбање: Врзете конец околу половината за да ги добиете посакуваните стомачни мускулиrnrnВодечкиот британски физиотерапевт, Семи Марго, тврди дека конецот врзан околу половината постојано ја потсетува личноста на неопходноста за зацврстување на стомачните мускули.rn

    „Земете конец, врзете го околу стомачните мускули. Поставете го на половина земен воздух, така што ќе го почувствувате откако ќе издишите. Притисокот од конецот постојано ќе ве потсетува на неопходноста од затегнување на мускулите. Правете го тоа во текот на целиот ден: Додека одите, додека стоите, за време на работата или дома. Обидете се да не го отстраните конецот колку подолго можете да издржите. Тој ќе ви даде рамен стомак и ќе ви го подобри држењето на телото“, вели Семи.

    rnВаквите вежби се прават постојано, што е многу поефикасно од вежбањето три пати неделно. Семи тврди дека неговиот едноставен метод им помага на луѓето да го остварат посакуваниот резултат, со помал психолошки и физички напор. Внатрешните стомачни мускули најверојатно се едни од мускулите во човечкото тело кои не се тренираат со динамички напор, туку со статичен. Постојаното нивно затегнување (вовлекувањето на стомакот) е вежба која доведува до рамен стомак.

  • 5 активности што треба да избегнувате да ги правите на празен стомак

    5 активности што треба да избегнувате да ги правите на празен стомак

    Од моментот кога ќе станете од кревет, па сѐ до ноќта кога ќе треба повторно да легнете, вие можете да имате толку многу активности, поради што можеби ќе го заборавите најважното нешто – да јадете. Но, со пропуштањето на некој оброк можете да си предизвикате здравствени проблеми. Отсекогаш се сметало дека треба да се јадат три стандарди оброци на ден, но јадењето пет до шест помали, може да биде дури и подобро за вашиот организам. Но, нивното прескокнување во никој случај не е добро. Тоа може да ве направи уморни и нервозни, а еве ги петте активности кои без сомнение треба да избегнувате да ги правите кога немате јадено.rnrn5 активности кои треба да избегнувате да ги правите на празен стомакrn

    1. Купување во продавница

    rnКога сте гладни и ќе отидете во продавница, вие постојано ќе посегнувате кон тортите, колачите и друг вид брза храна. Едно истражување во кое учествувале 68 учесници го тестирале ова. Имено, на половина од учесниците им било кажано дека можат да јадат колку што сакаат, додека на другите не им било понудено ништо. Потоа, од нив било побарано да купуваат онлајн, каде што покрај високо калоричната храна, како што се тортите и колачите, било понудена и здрава храна како овошје и зеленчук. Во просек, погладните учесници избирале да купат високо калорична храна, додека пак другата група ги избирала поздравите опции. Иако можеби ќе помислите дека кога ќе пазарувате на празен стомак сепак би избирале овошје и зеленчук, ова истражување покажува дека вашата волја не може да биде толку силна колку што мислите. За да го избегнете искушението, понесете со себе здрава ужина.rn

    2. Земање лекови

    rnИма причина зошто на кутијата од вашите лекови пишува дека треба да ги консумирате заедно со храна. Додека некои се препорачуваат да се пијат на празен стомак, оние кои препорачуваат да јадете пред да ги пиете, го спречуваат чувството на гадење кое може да ви се појави подоцна. Медицинските лица објаснуваат дека лековите против воспаленија што не содржат стероиди, како што се ибупрофенот или аспиринот, може да предизвикаат гастроинтестинални проблеми или крвавење доколку се консумираат на празен стомак. Опивните средства за намалување на болката исто така може да предизвикаат гадење и повраќање, па нив најдобро е да ги земате заедно со храна.rn

    3. Вежбање во теретана

    rnПостојат две гледишта на ова прашање: Некои велат дека најдобро е да се вежба на празен стомак, при што директно ќе ги согорувате мастите, наместо јаглехидратите коишто само што сте ги внеле. Ова има некаква смисла, но практикувањето тешки кардио вежби на празен стомак може да резултира со губење на мускулите. Всушност, кога вежбате на празен стомак, нивото на гликоген е ниско. Ако премногу го оптеретувате вашето тело, ќе немате доволно сила за да ги издржите вашите напори, при што тогаш наместо мастите, ќе ги согорувате мускулите. Вежбањето по јадењето ќе ви даде доволно калории, јаглехидрати и протеини, при што ќе можете да вежбате напорно и многу побрзо ќе ги видите резултатите отколку кога би вежбале на празен стомак.rnrn5 активности кои треба да избегнувате да ги правите на празен стомакrn

    4. Пиење кафе

    rnДали и вашата утринска рутина вклучува станување од кревет, пресоблекување и пиење кафе? Тогаш треба да знаете дека нивото на киселина во стомакот се зголемува кога консумирате кафе без појадок. Ова може да резултира со проблеми при варењето или киселини во желудникот што ќе ви бидат присутни во текот на целиот ден, а на подолг период може да предизвика стомачни чиреви, синдром на нервозно дебело црево и слично. Ако се чувствувате дополнително нервозни и под стрес по вашето испиено утринско кафе, ова исто така може да биде показател дека не сте јаделе доволно. Веќе е познато дека кофеинот во кафето во некои случаи го зголемува стресот, па ефектот би бил поголем доколку пиете кафе на празен стомак.rn

    5. Пиење алкохол

    rnСтарата поговорка дека треба да пиете алкохол само доколку имате јадено, е сосема точна. Всушност, храната може да спречи и да се опијаните пребрзо. Научниците препорачуваат да јадете храна богата со протеини, масти и јаглехидрати, за да го забавите процесот на апсорбирање на алкохолот. Телото исто така го апсорбира побрзо алкохолот кога тој е топол или е помешан со друг вид алкохол, па дефинитивно треба да ги избегнувате овие пијалаци доколку пиете на празен стомак.

  • Узбекистански народен рецепт против гастритис

    Узбекистански народен рецепт против гастритис

    Гастритисот е многу честа појава, која започнува со болки во горниот дел од стомакот, проследени со мачнини и киселини. Таквите симптоми најчесто се појавуваат по консумација на тешко сварлива храна, а набрзо по појавата, симптомите се повлекуваат сами од себе. Но, доколку чувствувате мачнини подолго време тогаш голема е веројатноста да се развил гастритис. Станува збор за воспаление на слузницата на желудникот, којашто може да претставува голем проблем. Оваа состојба се лекува и потребно е да се воведе нов начин на исхрана. Но, секогаш во природата постојат одредени алтернативи, кои секако не ги заменуваат класичните лекови и лекарската помош, но можат да ги ублажат симптомите и последиците.rnrn(1) Узбекистански народен рецепт против гастритисrnrnВо народната традиција на Узбекистан постои еден многу ефективен лек против гастритис, кој се подготвува едноставно, а придобивките од него се големи. Рецептот може да се најде во збирката на Мухамад Хамрајев, претседател на Академијата на народна медицина на Узбекистан.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1/2 слатка тиква
    • rn011

    • 2 кафени лажици мед
    • rn011

    • 1 кафена лажичка јаболков оцет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзлупете половина тиква и исечкајте ја на помали парчиња. Сировите парчиња ставете ги во соковник. Откако ќе го добиете сокот, на половина литар течност, додајте две кафени лажички мед и една лажичка јаболков оцет. Сокот можете веднаш да го консумирате. Овој лек ќе ви помогне против болката и мачнините во желудникот, но сокот од тиква, кој е полн со витамини и минерали се препорачува да го пијат и луѓе кои немаат желудочни проблеми.

  • Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?

    Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?

    Отсекогаш се сметало дека причините за депресија се првенствено невролошки или потекнуваат од мозокот, но една неодамнешна студија посочува на тоа дека коренот на депресијата може да е поврзан со бактерија пронајдена во стомакот на луѓето. Лекарите и нутриционистите уште одамна ги поврзувале мозокот и цревата. Некои истражувања потврдуваат дека стомакот си има свој посебен невролошки систем. Според британскиот нутриционист Ив Калиник мозокот и цревата се директно поврзани преку одреден нерв, што објаснува зошто чувствуваме „пеперутки во стомакот“ кога се соочуваме со стресни и провокативни ситуации.rnrn(1) Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?rn

    Како таа бактерија во стомакот предизвикува депресија?

    rnНаучниците успеале да откријат дека причините за депресија, анксиозност и други детски болести, како што се аутизмот и хиперактивноста, се поврзани со гастринтестинални абнормалности. Како и останатите хронични болести, дебелина, срцеви заболувања, рак и дијабетес, депресијата првенствено е воспалителна состојба. Односно, да бидеме попрецизни, воспаление во цревата е коренот на депресијата.rnrnОва откритие има потенцијал да изврши големо влијание во областа на медицината и да значи чекор нанапред кон ефективното третирање и можното излекување на луѓето со депресија. Иако, секогаш кога ќе почувствувате симптоми на депресија треба да се обратите на лекар и да побарате соодветен третман, можете и дома, со промена на начинот на исхрана да си го подобрите, како физичкото, така и менталното здравје.rn

    Начин на исхрана

    rn(2) Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?rnrnПостојат неколку начини на кои можете да ги намалите лошите бактерии во вашите црева и да создадете плодна основа за развој на добрите бактерии.rn

      rn011

    • Јадете свежа храна – Свежата храна полна со хранливи витамини, минерали и протеини ќе овозможи полесна работа на вашите црева. Избегнувајте или сведете ја на минимум преработената храна.
    • rn011

    • Избегнувајте храна со вештачки шеќери – Оваа храна содржи многу вештачки хемикалии и додатоци кои ја нарушуваат работата на флората во вашите црева. Таа ја оптоварува работата на цревата и му праќа сигнал на вашиот мозок дека сте гладни, поради што често ќе се прејадувате.
    • rn011

    • Консумирајте здрави масти и протеини – Не значи дека сите масти се нездрави за вашето тело. Научниците посочуваат дека мастите што ги содржат пилешкото и мисиркиното месо, бразилските оревчиња, јајцата, авокадото и рибиното масло имаат големо позитивно влијание врз нашето ментално здравје. Тие се извор на важни аминокиселини, витамини и минерали, кои ја поттикнуваат работата на мозокот.
    • rn011

    • Големо количество витамин Д – Витаминот Д е многу важен за развојот и работата на мозокот, а неговиот недостаток често се поврзува со депресија и други нарушувања на расположението кај луѓето. Сонцето, житарките, лебот, природно цедените сокови и млекото се големи извори на овој витамин.
    • rn011

    • Избегнувајте ги вештачките додатоци во исхраната – Ова е особено важно, затоа што речиси сите хранливи материи кои му се потребни на нашиот организам, можеме да ги пронајдеме во продукти од природата. Наместо да ги оптоваруваме цревата со вештачки додатоци, зошто да не применуваме здрава храна, којашто лесно се вари и е полна со здравје?
    • rn

  • Со 3 лесни вежби во море до тенок струк и цврст задник

    Со 3 лесни вежби во море до тенок струк и цврст задник

    Пливањето е ефикасна кардиоваскуларна активност, преку која многу брзо се согоруваат калориите и која не создава притисок на зглобовите. Меѓутоа, доколку не сте љубител на пливањето или едноставно сакате со други вежби да го збогатите вашето фитнес секојдневие додека сте на плажа, тогаш ви ги претставуваме следниве 3 едноставни вежби.rnrn(1) Со 3 лесни вежби во море до тенок струк и цврст задникrnrnСите вежби можете да ги изведувате одеднаш во интервали, а подредете ги онака како вам најмногу ви одговара. Сетот вежби, пред сè е наменет за струкот и ќе ви помогне да дојдете до убаво оформени стомачни мускули, но одлично делуваат и на останатиот дел од телото, затоа што водата дава отпор и ги активира сите мускули.rn

    1. Лажни стомачни вежби

    rnЛегнете во плиткиот дел од морето, така што главата ќе ви биде над водата, а делот од телото од рамениците надолу, ќе ви биде под неа. Подлогата не мора да биде рамна, а малиот пад надолу нема да ѝ пречи на вежбата. Рацете ставете ги покрај телото и исправете ги нозете. Потоа истовремено држете ги рамно испружените нозе и торзото, а рацете поставете ги во положба како да сакате да ги допрете прстите на нозете. Повторете го ова 10 пати.rn

    2. Склекови во вода

    rnЗастанете исправено во вода која треба да достигнува до вашите бедра. Испружете ги двете раце пред себе и клекнете. Повторете го и ова 10 пати.rn

    3. Подводен велосипед

    rnЗастанете во вода, чиешто ниво ќе биде речиси до вашиот врат и со нозете имитирајте возење велосипед. Работете ја оваа вежба една минута.

  • Задоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомак

    Задоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомак

    Без разлика дали редовно се препотуваат во салата за вежбање или имаат строг режим на исхрана со недели пред да го облечат костимот за капење, многу голем број жени имаат проблеми со науденост на стомакот. Ослободувањето од надуеноста се крие во неколку експресни решенија кои како игли ќе го дупнат балонот и ќе ви го израмнат стомакот. Во продолжение прочитајте кои се тие…rnrnЗадоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомакrn

    1. Купка од горка сол

    rnНајпопуларната примена на горката сол е како состојка во солените купки. Додајте две шолји со околу 400 грама горка сол во бањата полна со топла вода и веднаш ќе се опуштите, а оваа купка го поттикнува и потењето, што е одличен начин за ослободување од вишокот течности, токсини и целулит од телото.rn

    2. Намалете ги порциите зеленчук

    rnПознато е дека солената храна и газираните пијалаци предизвикуваат надуеност, но причините за надуен стомак се кријат и помеѓу здравите прехранбени производи. Брокулите, карфиолот и кељот изобилуваат со влакна и поради тоа го дујат стомакот, што секако не значи дека треба целосно да се откажете од нив, туку само да ја намалите порцијата.rn

    3. Омлет од белки

    rnПред да отидете на плажа изедете омлет од белки кој делува како диуретик. На тој начин ќе ја добиете потребната количина на протеини, која ќе ве засити и нема да почувствувате глад во текот на целиот ден поминат на плажа.rn

    4. Одбегнувајте газирани пијалаци

    rnОдбегнувајте сѐ што содржи јаглерод диоксид, како што се газираните пијалаци, бидејќи тие се најголемите виновници за појавата на гасови. Во текот на летните денови можете да се освежите и на многу други начини со поздрави пијалаци како што се ледениот чај и витаминските води.rnrnЗадоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомакrn

    5. Побавно голтајте ја храната и пијалаците

    rnБрзото консумирање на храната и пијалаците предизвикува внесување на преголема количина на воздух што доведува до надуеност. За да го спречите тоа, јадете го оброкот во мирно опкружување и придржувајте се кон малите залаци и бавното жвакање. Се препорачува по оброкот да поминете барем 5 минути во движење, кое ќе ја поттикне разработката на храната.rn

    6. Одбегнувајте го овошјето како десерт

    rnОвошјето наместо парчето чоколадо е дефинитивно поздрав избор за телото, но ефектот кој овошјето може да го предизвика по главниот оброк не е ни малку привлечен. Имено, овошјето со молскавична брзина поминува низ дигестивниот систем поради тоа што содржи вода и едноставни шеќери, па доколку го изедете по некоја потешка храна, потребни ќе бидат со часови за да се преработи. Овошјето останува заглавено во стомакот и по некое време започнува процесот на ферментација, што доведува до надуеност. Овошјето консумирајте го на празен желудник или како прв дневен оброк веднаш штом се разбудите, за да помине брзо низ дигестивниот систем и да ви ја даде максималната количина на витамини.rn

    7. Житарки омекнати во вода

    rnЖитарките како киноа, ленено семе и јаткастите плодови се извор на протеини, влакна и голем број витамини. Но, неправилната подготовка на овие прехранбени производи може да доведе до непријатна надуеност. Имено, телото тешко ги преработува поради фитинската киселина со која се обложени, а која ја блокира работата на ензимите значајни за варењето на храната. Здравите производи ќе ги прилагодите за потребите на телото доколку ги потопите во вода преку ноќ со малку лимунов сок или јаболков оцет. На тој начин ќе ја отстраните фитинската киселина и ензимите ќе станат подостапни, а во телото ќе се испуштат повеќе хранливи состојки и храната ќе стане лесно сварлива.