КАФЕ ПАУЗА

Tag: столб

  • 4-те столбови на значењето кои се клучни за среќен живот

    4-те столбови на значењето кои се клучни за среќен живот

    На еден или на друг начин, сите сакаат да бидат среќни. Но и покрај сѐ, многумина не можат да ја достигнат среќата, се чувствуваат како да немаат цел, како да се отуѓени, па дури и очајни. Каде лежи проблемот на ова? Психолошките истражувања покажале дека потрагата по среќа всушност може да ве направи помалку среќни, а клучот за подобар и поисполнет живот е барањето на вистинското значење. Основата за значаен живот, односно принципите врз кои сѐ друго се заснова, може да се наречат 4 столбови на значењето, а тие се: Припаѓање, цел, раскажување и возвишеност.rnrnНе прогонувајте ја среќата: 4 значајни столба кои се клучни за среќен животrn

    1. Припаѓање

    rnСекому му е потребно да го пронајде своето место, да се чувствува разбрано од другите, да биде признаен и ценет, односно има потреба да се чувствува корисен. Начинот на кој се задоволува оваа потреба се менува со текот на годините. Така, во порана возраст, љубовта од старателот е од суштинско значење, а подоцна припадност се бара во врските со пријателите, семејството, колегите и романтичните партнери. Исто така луѓето се приклучуваат и кон заедници на истомисленици.rn

    2. Цел

    rnЦелта е нешто што мотивира, служи како принцип за организирање на животот и ѝ овозможува на личноста да даде придонес кон светот. Луѓето кои имаат цел се поиздржливи и помотивирани да ги поминат добрите и лошите моменти во животот за да дојдат до посакуваното. Целта може да биде различна, или од поголемо или од помало значење.rnrnНе прогонувајте ја среќата: 4 значајни столба кои се клучни за среќен животrn

    3. Раскажување

    rnСите вие сте раскажувачи, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Вие ги собирате своите искуства во приказна која ви овозможува да ги разберете вашите животи. Овој процес ви помага да создадете идентитет и да му дадете смисла на светот, односно да разберете зошто нештата се онакви какви што се, кои сте вие и како сте стигнле таму. Размислувањето за искуствата од детството, слушањето или читањето приказни на други луѓе, може да ви помогне во создавањето значење.rn

    4. Возвишеност

    rnЗа време на некое возвишено или мистериозно искуство, вие чувствувате дека се имате издигнато над секојдневниот свет, во некоја повисока реалност. Без разлика кога се случуваат овие моменти, тие прават да се чувствувате поврзани со нешто огромно и значајно. Грижите за постоењето и смртта може да исчезнат и за момент да ви се чини дека животот има смисла, оставајќи ви мир и благосостојба. Ваквите возвишени искуства му даваат значење на вашиот живот.rnrnСекој од вас има капацитет и е во можност да му даде значење на својот живот. Не треба да го барате тоа значење некаде далеку, бидејќи ви е достапно до вас и сега, само треба да го признаете, да му се посветите и да го дофатите.

  • Џиновската патека – неоткриена ирска убавина

    Џиновската патека – неоткриена ирска убавина

    Автор: Марија СмокварскаrnrnПриродната симетрија е нешто што сме навикнале да го забележуваме кај цвеќињата, инсектите или тигровата глава, меѓутоа во геологијата, таа поретко се наоѓа, а кога ќе се појави, предизвикува чудење. Таков пример е Џиновската патека (Giant’s Causeway), предел во северниот дел на ирскиот брег. Тука природата на спектакуларен начин ја покажала својата математичка генијалност и создала десетици илјади повеќестрани столбови, набиени едни до други, како да се џиновски купчиња од моливи.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаОд далечина, оваа област изгледа како да е само еден дел од волшебниот брег на грофовијата Антрим, но одеднаш паѓа во очи необичниот коцкест ‘рт. Тој се простира од подножјето на стрмните карпи и постепено се спушта во морето како огромни, грубо изработени шини за извлекување бродови. За миг ќе останете збунети. Изгледа како компјутерска графика на некоја видео игра, но вистината е дека овој необичен каприц на природата е стар 60 милиони години.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаБазалтните столбови на Џиновската патека имаат пречник од 460 мм а висината им се движи и до 12 метри. Козвеј на најширокото место е широк 180 метри, се протега 150 метри во морето и содржи 40.000 столбови. Во текот на минатите милениуми, глечерската ерозија од леденото време, како и неуморното удирање на атлантските бранови постепено го обликувале Џајантс Козвеј, така што брановите многу често ги однесуваат горните делови од столбовите, па затоа имаат скалест изглед.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаВо прегратките на овие природни шестоаголници егзистираат огромен број животни и растенија од кои посебно интересни се црвените цевконоски (вид птица) кои локалното население често ги нарекува „дрвени крилја” поради вкочанетото држење што го имаат кога лебдат на ветрот.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаСлични базалтни творби има и на островот Стафа кој се наоѓа на западниот брег на Шкотска. Џиновската патека, всушност изгледа како пат што води од Ирска до Стафа, а така се создала и легендата според која го добила името. Џинот од таа приказна е големиот ирски митолошки јунак Фил МекКул (Finn MacCool), кој бил водич на група војници наречени Фијана. Според легендата, тој бил бестрашен херој кој го изградил овој пат поради љубов и верност. Забивал столб по столб, за да направи патека по која неговата сакана – женски џин, ќе може од островот Стафа да ја посети Ирска, а притоа да не ги натопи нозете. Нели е ова прекрасно? Прекрасно место за посета и дефинитивно прекрасна легенда за паметење.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавина
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.