Во светот на модата терминот „атрактивно“ го означува сето она што во еден момент е тренди и модерно, односно нешто што изгледа убаво и го истакнува добриот стил, но и квалитетниот моден вкус. Доколку сакате да изгледате атрактивно на тој начин, тогаш овие совети и мали трикови со сигурност ќе ви бидат корисни, бидејќи ќе ви обезбедат совршена појава која ќе ја видите и како одраз во огледалото, но и како она што го презентирате на околината.rnrn
rnrn1. Она што најпрво треба да го совладате е постигнувањето „основен“ изглед. Сосема е едноставно, потребни ви се парчиња облека со едноставен крој, без впечатливи дезени и принтови, само чисти форми кои издишуваат елеганција и лежерност, и на тој начин секогаш ќе имате совршен изглед.rnrn
rnrn2. Еве еден одличен трик: Секогаш можете, со кои било парчиња облека, во кој било стил да ја додадете омилената маица или блуза со пруги, што е всушност дезен кој е секогаш популарен. Заедно со опуштените комбинации изгледа малку атрактивно, а на некои поелегантни, шик парчиња ќе им ја даде потребната доза лежерност.rnrn
rnrn3. Она што морате да го научите е слоевитото облекување кое секогаш изгледа занимливо и модерно. Освен тоа, ова е трик кој ќе ви овозможи дури и наједноставните комбинации да ги направите неповторливи и впечатливи.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете преостантите совети за атрактивен изглед.rn
Tag: стилски
-

Пруги, корсети и широки фармерки: Стилски трикови за атрактивен изглед
-

Најголемите стилски грешки што несвесно ги правиме
Дури и најдобрите помеѓу нас понекогаш знаат да направат некоја стилска грешка. Да, и најголемите стилски ѕвезди понекогаш носеле премали или преголеми обувки или пак, носеле сосема погрешна облека со некоја модна комбинација. Понекогаш грешките кои и самите ги правиме најдобро ги забележуваме на другите, па затоа денес ги издвојуваме 7-те најчести и начините на кои истите можете да ги поправите.rnrn
rn1. Не ја прекројувате облеката според вашите димензии
rnАко забележите дека некое парче облека не ви одговара како што треба, тотално се исплаќа да го прекроите по сопствена желба. Дури и со најмала промена, сепак може да се прилагоди на вас и вашите желби. Ова правило посебно важи за панталоните, бидејќи нема ништо полошо од куси ногавици или преширок струк.rnrn
rn2. Претерувате со модните додатоци
rnМожеби мислите дека најлесниот начин да ја „освежите“ модната комбинација е натрупувањето модни додатоци, но ова всушност може да го расипе целиот ваш изглед. Немојте да дозволите вашиот стил да се изгуби во многуте елементи.rnrn
rn3. Се облекувате за погрешна сезона
rnЛесно е да го игнорирате фактот дека службено сѐ уште не започнала пролетта, но подгответе се за тоа дека ќе изгледате смешно во бунда среде март.rnrn
rn4. Избирате премногу широка облека
rnШироките парчиња облека и тоа како се популарни и стилски кога ги носите добро, но тенка е границата помеѓу неуредното и модерното. Морате добро да ги урамнотежите пропорциите на широките парчиња облека за на крајот да изгледате елегантно и уредно.rnrn
rn5. Носите трендови кои не ви одговараат
rnНемојте да мислите дека треба да го имате секое тренди парче во вашиот гардеробер. Ако бушавите мокасини изгледаат одлично на Ријана, но ако не одговараат на вашиот личен стил, нелогично е да давате пари за нив.rnrn
rn6. Избирате погрешен градник за модната комбинација
rnДолната облека како модна комбинација е и тоа како во тренд, но погрешниот градник во комбинација со проѕирна кошула и може да го уништи вашиот целосен изглед.rnrn
rn7. Постојано одново купувате исти парчиња облека
rnКолку точно ѝ се потребни на една девојка блузи од омилениот бенд? Особено од оние кои после две перења можете да ги фрлите во ѓубре. Подобро инвестирајте во класични, квалитетни парчиња облека на кои постојано ќе им се враќате.rnrn

-

Како секогаш да изгледате беспрекорно во тоа што ќе го облечете?
Може да имате сјајна фигура, уште подобра гардероба, совршен стил и секогаш средена фризура, но доколку некои детали не се на своето место, сето тоа е залудно! Едноставно, постојат ситници околу кои треба повеќе да се потрудите иако станува збор за едвај забележливи нешта, бидејќи веќе добро знаете дека е доволен само еден детаљ за да го унапреди или да го уништи вашиот целокупен изглед. Токму поради тоа, денес ви откриваме мали тајни за беспрекорен стил без разлика на тоа што ќе го облечете.rnrn
rnrnПронајдете совршена долна облека! Нема ништо полошо од долна облека што се оцртува и тоа не само во естетска смисла, туку и во однос на тоа како вие се чувствувате. Добрата и соодветна долна облека ќе направи да се чувствувате пријатно и опуштено, а тоа без сомнеж ќе се забележи и на вас!rnrnНемојте да носите повеќе впечатливи трендови одеднаш! На пример, „закрпените“ фармерки самите по себе се многу впечатливи, секако и модерни, но тие нема да изгледаат толку добро во комбинација со впечатлива кошула и чевли. Едноставно, нападно е. Ставете го акцентот на едно ефективно парче облека.rnrnВнимателно избирајте ги и комбинирајте ги широките парчиња облека! Доколку не сакате да изгледате покрупно, широките парчиња облека носете ги со нивната спротивност за да постигнете совршен баланс. На пример, макси здолништето со многу слоеви добро ќе изгледа со едноставна, тесна блуза, а за целосен впечаток, ставете и некое гломазно ланче.rnrn
rnrnНе претерувајте со аксесоарите! Што помалку, толку подобро! Доколку вашата едноставна комбинација сте ја надополниле со чанта која самата по себе е впечатлива и веднаш паѓа во очи, тогаш со неа облечете и соодветни чевли и тоа е тоа. Нема потреба за додавање на цел куп аксесоари, бидејќи на тој начин само ќе го одвлечете вниманието од она што е навистина добро – и доволно!rnrnПроверете го шлицот! Свечените прилики главно бараат елегантни фустани, а многу од нив имаат шлиц. Облечете го фустанот, облечете ги чевлите кои планирате да ги носите и така облечени прошетајте за да видите колку сте подвижни во таа комбинација, и она што е поважно, дали е шлицот превисок и да не покажува многу кожа. Не сакате да изгледате невкусно!rnrnНаучете како да ја вовлекувате блузата или кошулата во панталоните! Во суштина, ако добро ви стојат панталоните, мислиме на задникот, вовлечете го она што го носите горе за суптилно да го изразите она што го имате. Секако, тоа ќе „работи“ само во случаите кога ќе носите соодветни парчиња. Туниката и не е баш практична за вовлекување, а нема да изгледа добро ниту на сите модели на панталони. Добар спој се, на пример, туниката и тесните панталони.rnrnНе го покажувајте премногу градникот! Сега е во тренд да се носат чипкасти градници кои дискретно „излегуваат“ под блузите со тенки рамки. Но, акцентот е на „дискретно“. Малку чипка е секси, премногу ќе биде вулгарно.rnrn
rnrnКроп топот е само за панталони и здолништа со висок струк. Нема што повеќе да се каже на оваа тема.rnrnМудро избирајте го монохроматскиот изглед! Едноставно е да облечете сè во една боја, зар не? Сепак, за навистина да го постигнете тој ефект, слободно комбинирајте различни нијанси на иста боја, различни материјали, а малку накит исто така може да ѝ даде сјај на целата комбинација.rnrnДа носите пар обувки само затоа што се убави, но не и удобни, не е паметен потег! Таа неудобност ќе се одрази на вашето држење, одење и целокупен изглед, а на тој начин ќе го нарушите впечатокот кој го оставате.rnrn
-

Запознајте ги домашните миленичиња со најдобар стил ширум светот
Покрај тоа што уживаат во секој миг поминат со нив, повеќето од љубителите на домашни миленичиња обожаваат и кога ги облекуваат, дотеруваат и фотографираат своите крзнени пријателчиња и потоа ги споделуваат нивните фотографии на Интернет со остатокот од светот. Тука можат да се забележат миленичиња со перики, со плетенки, или пак со цветни круни – сè што би посакале да видите кај овие неодоливи суштества. Погледнете ја галеријата со овие слатки животни коишто ќе го пленат вашето срце и ќе ви го разубават денот.rnrn
rnrn -

Часовник во вид на стилски прстен
Ring Clock е концепт-проект стар 2 години, но сега изгледа дека ќе успее да стане реалност благодарение на сервисот indiegogo. Креаторот на идејата Szikszai Gusztáv бил љубител на часовници, но не го сакал чувството да носи часовник на зглобот. Па така почнал да размислува да го обедини часовникот со прстен и го изработил проектот за кој рекол дека може да биде стварност за 10 години. За среќа, тоа се случува многу порано.
Прстенот го кажува часот, минутите и секундите преку 3 ротирачки прстени. Изработен е од челик кој не ‘рѓосува и не прави алергии, водоотпорен е, но не е погоден за со него да се туширате. Има ЛЕД диоди кои можат да светат во портокалова или во сина боја. Откако ќе видите колку е часот, тој автоматски се гаси за да ја штеди батеријата.
Батеријата трае една недела при нормална употреба (15 активирања во текот на еден ден), а се полни безжично на пад кој доаѓа со него.
Прстенот е широк 14 мм, дебел 3-3,5 мм, а внатрешниот дијаметар може да биде од 15,7 до 23,8 мм.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Некогаш цркви, денес модерни куќи
Архитектонската компанија „Zecc Architecten“ направила два необични проекта. Две напуштени цркви кои се наоѓаат во Утрехт, Холандија, тие ги претвориле во прекрасни фамилијарни домови за живеење. Ентериерот во куќите е стилски, а од надворешниот изглед на градбите ништо не е променето. Исто така, некои елементи од поранешниот ентериер од црквите се оставени недопрени, па така во комбинација со модерното, се добива нов, интересен, уникатен изглед. Па што мислите, би живееле ли вие во ваква куќа?






—————————————————————————————————————————————————-rn—————————————————————————————————————————————————-rn



rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
rnCIP – Каталогизација во публикацијаrnНационална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопјеrn
004.774.6(035)rn352:004.774.6(497.7)(035)rn
DORACAK për [[wiki]] / [autorë rë tekstit Kiril Simeonovski …rnи др.]. – Shkup : Fondacioni Metamorfozis, 2011. – 76 стр. :rnилустр. ; 20 смrn
Превод на делото: Прирачник за [[вики]]rn
ISBN 978-608-4564-22-5rn1. Simeonovski, Kiril [автор]rnа) Програмски алатки за организирање на Веб содржини – Прирачнициrnб) Локална самоуправа – Програмски алатки за организирање на Вебrnсодржини – Македонија – ПрирачнициrnCOBISS.MK-ID 89569034rn
































