Автор: Нинаrnrnrn
rnrnИзгледа помина подолг период откако јас прејдов во старомодните. Некако скопскава трач мода ми стана толку излитена и веќе слушната работа, што и малку се повлеков од пукање сеир на новонастанатите „ѕверки“ во градот. Уз муабет, со колега, не знам како стигнавме до темата: зошто веќе подолг период немал девојка. Причината која ми ја кажа беше сосема коректна, дури се сложив со него целосно. Но! Имаше и нешто шокантно за мене, поточно нешто за кое не бев информирана своевремено.rn
„Па Нина, јас сè уште ја немам фатено болеста што кружи низ градов. Значи, денес си „фаца“ ако си ‘In a relationship’.“
rnХм, се зачудив. Денес во Скопје било у мода да се држиш за рака. Некако не ми се веруваше, но оставив потсвесно мозокот да ми работи на таа тема и тоа добро да го истражам кога ќе стигнам дома. Уште позачудувачки ми беше што уствари последен пат кога направив апдејт на тоа што е „ин“ во Скопјево, сè уште беше во мода да си „Single“ и да не се замараш со ништо друго освен со себе. Морам да признаам, се ставив во мисла.rnrnСеднав дома на писи. Ако на ФБ не можеш да дознаеш нешто, каде на друго место!? Шок!!! Констатацијата на мојот колега – апсолутно точна! Од 700 и нешто „пријатели“, тие што не беа веќе во брак, беа „In a relationship“, и тоа чисто онака ненадејно. Луѓе кои до вчера секогаш сум ги рачунала за сингл и тешко дека се натерувале да влезат во врска (пошто не беше у мода јасно), сега „In a relationship“!!! Дури и другари кои не се даваа лесно. 5 другари – 5 „In a relationship“ статуси. What’s next???rnrnВо Македонија, статистички, последниве 3 години секој втор брак завршил со развод. Поточно 70%. Се плашам дека после свадбите на некои познати градски фацки, и ова чудо (женачката) ќе стане мода во градов. Нели сме ние „во љубов“, свадбата ја доживуваме како една поспецифична журка и се натпреваруваме кој помодерна ќе направи, да не е забегана, старечка, со ора и чочеци и да не носи младожењата кравата ни невестата тул, значи бракот не е битен. Битна е дешавката наречена свадба. Ако не оди не оди, што е битно тоа. „Битно ресторанот да ти се погоди“. Не за џабе ја пуштиле у етер.rnrnКако што секоја година модната недела во Париз, Њујорк и сл. се менува, така и во Македонија емотивниот статус се менува, само зависи што е во мода. Врските веќе не се врски, туку се „еј се држам за рака, у тренд сум“, бракот поточно денот на свадбата е ден од кога почнуваш да ги одбројуваш деновите до развод.rnrnИ на ова баш би сакала да ми каже некој:rn
„Кога сето ова вака функционира, што е денес во тренд кога станува збор за љубовта??? Дали воопшто постојат чувства или тоа е „аут“ оваа сезона. Не ради друго, да знам дали сакам да сум модерна или не, да знам на што сум…“


Пред активирањето на оваа опција, родителите кои сакаа да ја споделат радоста, мораа да отвораат нов профил за нивното неродено дете, при што ги кршеа правилата на Фејсбук, според кои секој корисник мора да има минимум 13 години.rn
Вашата статусна промена ќе биде објавена и во јавниот дел за новости „news feed“, со која вашите пријатели ќе бидат информирани за новата голема промена во вашиот живот.rnrnКога била пуштена новата опција на 24 јуни, Фејсбук имал некој проблем во системот, при што шегобијците практично можеле да си ги додаваат имињата на нивните другари како бебиња кои допрва треба да се родат. Сега тој проблем е поправен.rnrnОд формирањето на Фејсбук до денес, се направени доста промени во опциите за персоналните врски, што им овозможува на неговите корисници да ги прилагодат информациите кои сакаат да ги споделат, на начин на кој целосно ќе се претстават себеси.rnrnВо февруари 2011, Фејсбук овозможи како љубовен статус да се одбере опцијата „in a civil union“ (во пристојна заедница) или “in a domestic partnership“ (во семејно партнерство). Оваа опција е корисна за нетипичните љубовни партнерства, како и за хомосексуалните двојки, а беше доживеана како извојувана победа на граѓанските права. Ваквата опција е активна за корисниците од САД, Канада, Велика Британија, Франција и Австралија.rnrn
rn
rn
rn
rn

rn
rnrnМожете да изберете и одредени листи со пријатели (вашите колеги, роднини или познаници), па дури и поединечни имиња на луѓе кои не треба да добиваат информации за вашите нови статуси. Затоа служи катанчето во десниот дел од рамката „What’s on your mind?”. Ако кликнете на „Customize“ ќе можете да изберете кој треба да го види статусот што ќе го објавите или кој не треба да го види.rn
rnrnЗа да спомнете некој во вашиот статус, напишете „@” во линијата за статуси и почнете со испишување на името на оној кој сакате да го обележите. Ќе ви се појави листа на имиња кои почнуваат со таа буква, после што само треба да го изберете вистинскиот профил. Оваа опција, покрај за профилите, е достапна и за страници, брендови, настани и компании.rn
6. Како да ставате симболи во вашите статуси
rnrnКорисниците на пи-си можат да ставаат дополнителни симболи со притискање на „Alt” + некој број од нумеричката тастатура.rn


rnrnАпликацијата прави анализа на вашите статуси и ви дава листа на сите што сте ги напишале, просечниот број на употребени зборови и број на објавувања на ден. Дополнително, генерира дијаграм кој покажува во кој период од денот и во кои денови од неделата најчесто пишувате нови статуси.