Најновите истражувања во кои учествувале околу 500 мажи и жени, на возраст од 65 до 100 години, биле направени со цел да се дознае тајната за долг живот. Сите тие луѓе живеат на островот Икарија, Грција, каде што повеќе од една третина од населението живее повеќе од 90 години.
Како што луѓето стареат, нивните крвни садови стануваат помалку еластични, прогресија која може да доведе до зголемен крвен притисок. Токму овие истражувања покажале дека умереното пиење кафе може да го спречи овој процес.rnrnУчесниците во истражувањето кои пиеле една или две шолји кафе на ден имале за 25% поголема еластичност на нивните крвни садови, од оние кои пиеле нередовно или воопшто не пиеле.rnrnД-р Christina Chrysohoou, главниот истражувач, препорачува да се пијат една до две шолји кафе на ден, за да се борат против стареењето на артериите, а со тоа и за подобрување на целокупното здравје.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: старост
-

Со кафе до подолг живот и подобар крвен притисок
-

За помалку проблеми со слухот, свирете на некој инструмент
Светски познатиот музичар, Лудвиг Ван Бетовен, можеби бил тотално глув, но најновите истражувања покажуваат дека доколку свирите на било каков инструмент, на постари години слухот сè уште ќе ве служи. Истражувачите откриле докази дека оние кои се занимаваат со музика во текот на животот, можат да имаат многу помалку проблеми со слухот отколку оние кои никогаш не отсвириле ниту една нота.
Претходно се знаеше само дека музичарите имаат поразвиени аудитивни способности од сите останати. Ова ново истражување е првото кое го истражувало слухот на лица од 18 до 91 година. Со него се докажало дека музичарите можат да си ги одложат проблемите со слухот и до 20 години.rnrnВо истражувањето, 74 музичари на возраст од 19 до 91 година и 89 луѓе кои не се занимаваат со музика на возраст од 18 до 86 години, учествувале во серија задачи на звучни процени. За музичари биле одбрани луѓе кои почнале да ја изучуваат науката на возраст од 16 години, се занимаваат со музика до денешен ден и најмалку 6 години непрекинато посетувале настава. Од друга страна, останатите учесници биле луѓе кои немале контакт со науката.rnrnИспитаниците биле ставени во просторија изолирана од звук и 4 часа исполнувале задачи, по кои се докажало дека музичарите имале евидентно поголема предност кога станува збор за слухот. На просечна возраст од 70 години, музичарите можеле да разберат говор во гласна средина, исто колку што можел просечен 50-годишен човек кој не се занимавал со музика.
rn„Она што ние го откривме е дека музичарите на постари години имаат многу подобар слух, одложувајќи ги проблемите кои ги носи староста. Ова е заклучено откако е споредено со врсници кои немаат допирни точки со музиката“ – вели Бенџамин Рич Зендел, од институтот „Baycrest’s Rotman“, Торонто.
rnСепак, има и предупредување. Познати музичари патат од проблеми со слухот и делумна глувост, како и од тинитус, како резултат на преголема изложеност на гласна музика.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Фризури кои ќе ве направат помлади
Косата е една од првите работи кои луѓето ја забележуваат. Таа кажува многу нешта за вас – колку години имате, дали се грижите за себе, дали сте среќни и расположени. За среќа обликувањето на косата е лесно. Тоа може да го направите на фризер или дома, ако сте вешти. Дури и мала корекција и поправка на косата ќе направи да изгледате свежо, ново и за миг да го промени вашиот изглед. Погледнете неколку идеи за фризури кои освен што ќе симнат неколку години од вас, ќе направат и да се чувствувате и да изгледате одлично и посакувано.rn
Опавче
rn
rnrnКога е направено со стил и вкус, опавчето на косата може да изгледа прекрасно, софистицирано и секси. Плус, со секое фаќање на косата во опавче, вие несвесно правите мини лифтинг на лицето. Со тоа го измазнувате лицето, особено во делот околу очите, челото и образите. За екстра изглед, наместо обичен стегач во боја, „декорирајте“ го опавчето со марама во елегантен дизајн.rnШишки на страна
rn
rnrnЌе се зачудите од тоа која моќ ја имаат шишките. Тие му даваат на лицето рамка, која во зависност од тоа како се потстрижени, ќе изгледа убаво или неуредно. Шишките веднаш привлекуваат внимание, а притоа брчките или акните на лицето остануваат речиси незабележани. Особено шишките потстрижени на страна, му даваат младешки изглед на вашето лице.rnКоса разделена на половина
rn

rnИако овој изглед го прави вашето лице широко и големо, ова е совршена фризура за повозрасни жени кои сакаат да привлечат внимание. Оваа фризура е разиграна и создава необични виткања на косата околу лицето, што во секој случај ве прави да изгледате поприродно.rn
Коса со волумен (тапирана коса)
rn
rnrnВолуменот на косата најдобро се постигнува ако таа биде благо тапирана, со цел да се постигне ефект на бујна коса. Најдобро е тапирањето да биде направено во долниот дел на косата, кај врвовите, со што секогаш се постигнува одличен и посакуван ефект кој дава изглед на полност и здрава коса.rnПраменчиња
rn
rnrnТоа е онаа фризура кога косата е фатена во опавче или штипка за коса и од неа нежно се одвојуваат неколку праменчиња коса кои лелеаво паѓаат по должината на лицето. Овој изглед созадава одлична рамка и дефинитивно привлекува гоелмо внимание. Полн погодок е ако вашата коса е шатирана во две нијанси.rnБоб
rn
rnrnОва е фризура која им прилега на жените на кои им се истакнуваат коските на лицето. Фризурата е вонвременска. Може да биде обликувана на повеќе начини (косата да паѓа до под брадата, да биде кратко истрижена до линијата на вратот…) Оваа коса дава млад изглед и изглед на самодоверба.rnПлетенка
rn
rnrnИако плетенките најмногу ги носат помладите девојчиња, факт е дека одлично им прилегаат на оние со долга коса, без оглед на годините. Обидете се да направите долга плетенка, на страна и шишки кои се совпаѓаат со страната на плетенката. Тоа можеби создава неуреден изглед на косата, но дава впечаток на младешки дух и разиграна личност. Во секој случај, плетенка е секогаш подобар избор отколку неуредно опавче. -

12 лоши навики кои прават да изгледате постаро
Сите знаеме дека е невозможно да изгледаме младо цел живот, но затоа понекогаш можеме да го спречиме времето кое маршира низ нашето лице. Затоа, не дозволувајте овие 12 грешки кои ги правите секојдневно да го направат вашиот лик предвреме да изгледа постаро.rnrn
rn1. Немојте да сте премногу слаби
rnГолемиот недостаток од масни наслаги на вашето лице, ќе направи тоа да изгледа коскесто, постаро, бледо и без живот.rnrn
rn2. Престанете да ги триете очите
rnТриењето, тегнењето и почестото допирање на очите предизвикуваат подочници и темни делови околу нив.rn
3. Спијте попладне
rnКожата ја има таа способност да се обновува преку ноќ. Затоа, попладневната дремка секогаш одлично влијае и врз мозокот и врз кожата на лицето.rnrn
rn4. Не спијте само на една страна
rnСпиењето на страна можеби е удобно, но тоа и штети на кожата. Притискајќи го лицето на перницата осум часа во текот на ноќта, често предизвикува брчки.rn
5. Не пијте од цевка
rnПиејќи од цевка (ова се однесува и на пушење цигари) ги притискате усните, што потоа доведува до брчки околу нив.rnrn
rn6. Не барајте секоја крема да е против брчки
rnНа пазарот има многу производи со состојки против стареење, но тие најчесто не се застапени во доволен процент во кремата или млекото за чистење лице. Затоа, ваквите креми можат негативно да влијаат на лицето, бидејќи ја немаат потребната концентрација.rn
7. Без стрес
rnКоризол, главниот стрес хормон, го уништува колагенот, што пак доведува до бледа кожа, брчки и предизвикува воспалување.rnrn
rn8. Не се потпирајте на козметиката за сончање
rnИако има козметики кои штитат од штетните ултравиолетови зраци, тие не ги блокираат зраците кога се судираат со кожата. УВ зраците предизвикуваат темни точки на лицето и ги зголемуваат порите.rn
9. Не се фокусирајте само на брчките
rnБрчките не се единствениот доказ дека кожата старее. Ако ги имате, не значи дека кожата ви е стара или дека сте почнале да стареете. Темните флеки на лицето и пигментацијата се уште еден знак за тоа каква е вашата кожа.rnrn
rn10. Не ги занемарувајте вратот и рацете
rnВратот и рацете многу ретко ги добиваат потребната нега и внимание. Со едно истражување во кое учествувале жени од различни возрасти, се покажало дека оние кои имаат брчки и темни флеки на рацете, се постари од оние кои имаат брчки на лицето.rn
11. Не ги заборавајте очилата за сонце
rnПовторливите движења како смеење, мижење и намуртеност влијаат долгорочно на лицето. Изложувањето на сонце го уништува колагенот на кожата околу очите.rnrn
rn12. Не користете сапун
rnСапуните најчесто содржат тешки детергенти кои многу лошо влијаат на кожата. Сувата кожа е непривлечна и груба и на неа полесно се забележуваат брчките и сите нејзини недостатоци.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.