КАФЕ ПАУЗА

Tag: старост

  • 7 тајни на луѓето кои изгледаат помладо отколку што навистина се

    7 тајни на луѓето кои изгледаат помладо отколку што навистина се

    Многу е нормално да сакате да ги спречите последиците кои настануваат со стареењето. Додека тие години ни даваат многу мудрост, исто така ни даваат и брчки. Ако некогаш сте се запрашале како некои луѓе изгледаат многу помладо отколку што се, еве некои од нивните тајни кои можете да ги искористите за да создадете ваша „фонтана на младоста“…rnrn7-tajni-na-lugjeto-koi-izgledaat-pomlado-otkolku-shto-navistina-se-kafepauza.mkrn

    1. Тие живеат како млади

    rnЛуѓето кои изгледаат помлади настојуваат да се чувствуваат и да размислуваат како млади. Не ги гледаат стереотипите за стареење, па затоа ставот „млади во срцето“ е можеби и најдобрата тајна да изгледате младо. Истовремено е важно и секогаш да бидете свои и да го прифатите фактот дека стареењето е дел од животот. Една студија открила дека оние кои гледаат позитивно на стареењето живеат подолго и изгледаат помладо.rn

    2. Не се оптоваруваат со ситници

    rnИстражувачи од Харвард откриле дека имањето „цврста кожа“ за неизбежните проблеми кои доаѓаат во животот може да ви помогне да изгледате помладо. Ако не се загрижувате лесно за вашите околности, тоа може да ви помогне во борбата против брчките. Запомнете дека ништо не трае вечно, околностите постојано се менуваат, па не вреди да се грижите за ситници, па дури ни за некои поголеми работи.rn

    3. Имаат куче

    rnСо чувањето куче имате и физичка и психичка корист. Шетањето на вашето куче ви ја зголемува физичката активност, а неговото друштво е докажано дека ви го подобрува менталното здравје. Сето ова резултира со помлад изглед.rn

    4. Ја разбираат важноста на спиењето

    rnСпиењето е важен дел од здравјето. Ако секоја вечер спиете шест или помалку часови, може да си предизвикате секакви проблеми, од губење концентрација и лошо расположение, до зголемување на телесната маса и послаб имунитет. Сето ова ќе покаже знаци на старост. Обидете се да спиете од 7 до 8 часови секоја вечер.rn

    5. Тие пеат

    rnНе е важно каков е вашиот глас, ефектот кој го има пеењето, според научните истражувања, ви помага да изгледате помладо. Експертите не се сигурни зошто е ова вака – можеби е подоброто дишење кое природно се одвива или опуштање од стресот.rn

    6. Активни се

    rnАктивноста е нешто што мора да го земете предвид доколку сакате да изгледате помладо. Не само што ве одржува во добра форма, туку се бори со стресот кој многу придонесува во стареењето.rn

    7. Имаат смисла за хумор

    rnПозитивниот став е клучот до среќниот живот како и до младиот изглед.rnrnПрочитајте и за овие едноставни трикови за коса кои ќе направат да изгледате до 5 години помлади.

  • 20 фотографии за љубовта која не гледа години!

    20 фотографии за љубовта која не гледа години!

    Годините се само број и не треба да претставуваат пречка во љубовта. Живејте како повторно да имате 20 години, бидејќи никогаш нема да бидете премногу стари за да…rn

    Уживате заедно во природа

    rn(1)20-fotografii-za-ljubovta-koja-nema-godishna-granica-kafepauza.mkrn

    Се разгалувате

    rn(2)20-fotografii-za-ljubovta-koja-nema-godishna-granica-kafepauza.mkrn

    Бегате од сè

    rn(3)20-fotografii-za-ljubovta-koja-nema-godishna-granica-kafepauza.mkrn

    Се шегувате еден со друг

    rn(4)20-fotografii-za-ljubovta-koja-nema-godishna-granica-kafepauza.mkrn

    Се прегрнувате силно…

    rn(5)20-fotografii-za-ljubovta-koja-nema-godishna-granica-kafepauza.mkrnrnПродолжете на втората страница за повеќе фотографии!rnrn

  • 17 знаци дека сте старци сокриени во телото на млади луѓе

    17 знаци дека сте старци сокриени во телото на млади луѓе

    Вашето друштво договара луда забава во домашна атмосфера, а вие гласно размислувате кои филмови би сакале да ги гледате легнати на каучот. Веќе сте изморени од излегувањето секој викенд, местата ви изгледаат еднолични, муабетите непотребни, а парите скапи. Повеќе не ве интересираат социјалните мрежи и смешните фотографии од мачки. Тогаш вие сте стар човек, заробен во младо тело, кој само чека да поминат годините за да го покаже своето вистинско лице.rnrn17 знаци дека вие сте возрасна личност сокриена во тело на млад човекrnrn1. Дома седите со ќебе преку вашите нозе. (Бонус е ако самите сте си го исплеле)rnrn2. Кога сите се шегувале за електричното ќебе од телевизиските реклами, вие сериозно сте размислувале како да го нарачате што побрзо.rnrn3. Вашиот омилен дел од ноќта е кога конечно се враќате дома и легнувате.rnrn4. Не ви е пријатно повеќе да го користите тинејџерскиот жаргон иако имате нешто ситно над 20 години.rnrn5. Секогаш се грижите дали сите во друштвото понеле јакна.rnrn6. И внимавате сите на масата да имаат пијалак, како и чаша вода, бидејќи кога пиете алкохол најважен е балансот.rnrn7. Заспивате додека гледате филмови.rnrn8. Заспивате додека гледате филмови во 7 часот попладне.rnrn9. Веќе сте професионален дремач.rnrn10. Не ви е чудно да им кажете на луѓето дека ќе легнете да се одморите. А не сте уморни затоа што сте трчале маратон, туку само затоа што сте биле до продавница и тоа ве истоштило.rnrn11. Поседувате едно чудо тренерки за по дома.rnrn12. Не се срамите до продавница да отидете по папучи.rnrn13. Всушност папучите и тренерките се ваш заштитен изглед.rnrn14. Заостанувате со технологијата и не можете да ги следите сите нови апликации. Што е тоа Твитер? Дали луѓето сѐ уште користат Фејсбук?rnrn15. Сами си имате одредено време за легнување. И станувате анксиозни доколку навечер сте излезени до доцна.rnrn16. Групата адолесценти ја нарекувате „младина“. И се прашувате зошто толку викаат кога поминуваат под вашиот прозорец.rnrn17. Всушност, вашата најголема желба е само да седите во удобната фотелја, со мало милениче во скутот. Што повеќе би можеле да посакате?

  • Запознајте го 26-годишниот Кордурој: Најстарото маче на светот

    Запознајте го 26-годишниот Кордурој: Најстарото маче на светот

    Кордурој е едно маченце – пензионер кое одбива да остари. Со 26 години, односно 121 година во мачешки години, Кордурој го држи Гинисовиот рекорд за најстарата жива мачка на светот. Неговата сопственичка, Рид Окура, го посвоила од едно засолниште во Орегон кога имал само 7 години и сфатила дека тој има многу весел и мил карактер и дека сака кога луѓето му обрнуваат внимание, а е трпелив и со децата.rnrnЗапознајте го 26-годишниот Кордурој: Најстарото маче на светотrn

    „Кордурој сигурно не се однесува според своите години, тој сѐ уште скока на кујнската маса, трча по скалите, скока на нашиот кревет и спие со нас, а потоа се буди секое утро во 5 часот. Силно верувам дека клучот на неговата долговечност е во тоа што не му ги пресековме канџите и му дозволивме да оди надвор. Така можеше да се одбрани себеси и да го вежба своето тело и ум преку ловењето. Кордурој сѐ уште фаќа животинки, но не е толку добар како порано“, вели Рид

    rnИако е на специјална нископротеинска диета за да ги заштити своите бубрези, Кордурој, кој инаку припаѓа на најголемата раса мачки мејн кун, е во одлична здравствена состојба.rnrnЗапознајте го 26-годишниот Кордурој: Најстарото маче на светотrn

    „Чест ни е што го имаме Кордурој во нашиот живот, искрено не се сеќавам толку многу на животот без него. Тој е прекрасен сопатник и се надевам дека ќе му овозможам среќен и здрав живот уште многу години“, објаснува Рид

    rnНајстарата мачка на сите времиња, по име Крем Паф, живеела 38 години, што значи дека Кордурој го чекаат уште многу среќни моменти во иднината.rnrn

  • Истражувањата покажаа: Ова е најдобриот комплимент кој може да ѝ го упатите на жена

    Истражувањата покажаа: Ова е најдобриот комплимент кој може да ѝ го упатите на жена

    Тешко дека нема да бидете поласкани кога некој ќе ви каже дека одлично ви стојат новите фармерки, фустан или штикли. Плус, кој не сака да слушне убав збор за себеси? Но, во морето од комплименти, жените сепак преферираат еден комплимент пред сите останати.rnrn0-istrazhuvanja-pokazhaa-ova-e-najdobriot-kompliment-koj-mozhe-da-i-go-upatite-na-zhena-kafepauza.mkrnrnЕдно британско истражување покажа дека дури 60% од испитаните жени сакале да чујат дека изгледаат младо и тој е комплиментот кој најмногу ќе им се допадне и ќе им влее најголема самодоверба. Студијата исто така покажа дека 41% од испитаниците навистина сакат да бидат млади, додека 62% од нив активно работат на забавување на процесот на стареење, користејќи разни природни и козметички препарати.rnrnИсто така, се докажало дека жените со 39,5 години чувствуваат најголем стрес поради стареењето, затоа што се грозат од 40-тиот роденден. Наспроти тоа, најголема самодоверба со својот изглед имаат жените кои наполниле 55 години.

  • Бидете трпеливи кон вашите родители. Оваа приказна ќе ве потсети зошто е тоа важно!

    Бидете трпеливи кон вашите родители. Оваа приказна ќе ве потсети зошто е тоа важно!

    Оваа приказна е за сите вас кои имате родители, за вас кои сте родители, како и за вас кои познавате нечии родители…rnrnbidete-trpelivi-kon-vashite-roditeli-ovaa-prikazna-kje-ve-potseti-zoshto-e-toa-vazhno-kafepauza.mkrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Драг/а сине, ќерко,rnrnСега сѐ уште не сум стар/а, но кога ќе ме видиш таков/ва, биди трпелив/а со мене и обиди се да ме разбереш. Ако се извалкам за време на ручекот и ако не можам сам/а да се облечам, биди трпелив/а. Сети се на времето што го потрошив додека те тебе учев на тоа.rnrnИ ако во разговор повторувам исти работи, немој да ме прекинуваш. Сослушај ме! Кога беше мал/а, морав да ти читам една иста приказна сѐ додека не потонеше во сон.rnrnАко не сакам да се бањам, не ме исмевај и не ме навредувај. Сети се како морав да те бркам и да смислувам илјада причини за да те убедам да влезеш во када.rnrnКога ќе го забележиш моето непознавање на новите технологии, дај ми време и немој да ме гледаш со потсмев. Јас тебе те научив многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш, да се соочуваш со животот.rnrnАко некогаш во разговор ја заборавам или ја изгубам смислата на разговорот, дај ми малку време да се присетам, и ако тоа не ми оди од рака, немој да се вознемируваш. Не ми е најважната работа на светот нашиот разговор, туку тоа што сум со тебе и тоа што сакаш да ме сослушаш.rnrnАко не сакам да јадам, немој да ме присилуваш. Самиот/ата најдобро знам кога ми треба храна, а кога не.rnrnКога моите изморени нозе веќе нема да ми овозможуваат да одам, пружи ми рака исто како што јас ти пружав тебе кога ги правеше првите чекори.rnrnИ ако еден ден кажам дека веќе не сакам да живеам, дека сакам да умрам, немој да ми се лутиш. Еден ден ќе ме разбереш.rnrnЌе видиш дека и покрај сите грешки кои ги имам направено кон тебе, секогаш ти посакував само најдобро и се обидував да те подготвам за патувањето на животот.rnrnНе жали, не се лути и не се чувствувај беспомошно кога ќе ме гледаш таков/ва покрај себе. Биди покрај мене и обиди се да ме разбереш и да ми помогнеш како што јас ти помагав тебе кога ти почнуваше да живееш. Биди ми потпора, помогни ми да го завршам животното патување со љубов и трпение. Ќе ти возвратам со насмевка и со неизмерна љубов, која отсекогаш ја чував за тебе.rnrnТе сакам,rnТато/Мама[/message_box]

  • 5 добри страни на стареењето

    5 добри страни на стареењето

    Веројатно многумина кога ќе наполнат 50 години веќе се чувствуваат како да стапнале со едната нога во гроб, но не е баш така. Напротив, постојат неколку корисни страни на стареењето.rnrn5-dobri-strani-na-stareenjeto-kafepauza.mkrn

    1. Помалку мигрени

    rnОние кои страдаат од мигрени знаат дека не постои ништо полошо од болката и мачнините кои поради нив често ги чувствуваат. Но, добра вест е што мигрените постануваат поблаги со годините.rnrnШведските научници откриле дека скоро 1/3 од луѓето кои пателе од мигрена, во својата 55-та година веќе немале такви проблеми. Дури 80% од луѓето со мигрена, имаат ублажување на симптомите во староста со двојно намалување на времетраењето на нападите.rn

    2. Помала потрошувачка на шампон

    rnИако би можеле да се пошегуваме дека е логично помалку коса да бара и помалку шампон, всушност овде се работи за нешто друго. Имено, со стареењето се стеснуваат жлездите поради кои косата ни се масти. Накратко, тоа значи поретко миење на косата.rnrnАко мислите дека тоа истовремено значи и дека скалпот набрзо ќе ви стане пресув, имаме една препорака за вас – само ставете некое етерично масло и проблемот е решен. Многу подобро од пречестото миење на косата со шампон.rn

    3. Помалку настинки

    rnМожеби на прв поглед не ви делува логично дека со стареењето се станува поотпорен на настинки, но статистиките покажуваат дека луѓето по 60-тата најмалку подлегнуваат на таков вид болести. Возрасните лица настинуваат 2-4 пати годишно за разлика од децата кои ги фаќа настинка 6-8 пати во годината.rnrnОбјаснувањето е многу едноставно – колку сме постари, толку повеќе вируси имаме прележано, па затоа и сме имуни на нив.rn

    4. Појаки заби

    rnОна што ќе го зачувате од вашите заби до педесеттите веројатно ќе ви остане во добра состојба и понатаму. По вашиот 50-ти роденден, забните нерви стануваат поотпорни на кариес и други проблеми. Секако, и понатаму мора да се грижите за забите, но поретко ќе имате проблеми со нив.rn

    5. Животно задоволство

    rnСтресот на секојдневието е огромен проблем, но анкетите велат дека 85-годишните старци се чувствуваат посреќни одошто кога имале 18 години. Животното незадоволство опаѓа после 50-тата.rnrnПа ете, не чекаат низа добри нешта кога ќе остареме.

  • Негувателка открива за што луѓето најмногу жалат на смртна постела

    Негувателка открива за што луѓето најмногу жалат на смртна постела

    Брони Вер со години работела како негувателка, па одлучила она што го купила како животно искуство да го преточи во текст. Откако текстот се покажал како ултрапопуларен, напишала книга базирана на нејзината приказна и искуство.rnrnБрони вели дека со години работела на палијативна нега и дека луѓето многу созреваат и стануваат многу посвесни кога ќе се соочат со сопствената смртност. На смртна постела секој од пациентите се соочувал со разни емоции и пројавувал различни реакции како на пример нешто очекувано, одрекување, страв, гнев или каење, но секој од нив на крајот покажал прифаќање.rnrnСепак, на прашањето за што најмногу се каат, некои теми биле позастапени од другите. Еве што забележала Брони, ова се 5-те најчести нешта за кои луѓето жалат на својата смртна постела.rnrnНегувателка открива за што луѓето најмногу жалат на смртна постелаrn

    1. Посакувам да имав храброст да го живеам животот онака јас како што сакав, а не како што другите очекуваа од мене

    rnОва е најчестиот одговор на прашањето за што жалите најмногу во животот? Кога луѓето се на смртна постела лесно е да погледнат назад во нивниот живот и да помислат на сите соништа кои не им се оствариле. Многумина не оствариле ни половина од големите цели и соништа па им било тешко да се соочат со фактот дека не направиле нешто што требало да го сторат.rnrnПред да биде премногу доцна, осврнете се кон своите соништа. Стремете се кон нивно остварување. Пробајте и трудете се колку и да ви изгледа безнадежно. Живејте онака како што сакате и правете ги работите кои ги сакате, за ваше задоволство, не за нечие друго.rn

    2. Посакувам да не работев толку напорно

    rnОвој одговор дошол од речиси секој машки пациент. Се каеле што го пропуштиле детството на своите деца и како тие растеле, за тоа што не ја вреднувале доволно љубовта на партнерката и не уживале повеќе во нејзиното друштво. И жените исто го искажале ова каење, но бидејќи биле од постарите генерации не биле оние кои го носат лебот дома, односно немале кариери.rnrnКако млади личности сите сонуваме за светли кариери и големи пари кои ќе ни овозможат и нам а и на нашите семејства удобен живот. Но, доколку не успееме да најдеме некаков баланс и доколку заборавиме дека семејството е на прво место, ќе имаме голема тежина тогаш кога веќе нема да можеме да промениме ништо.rn

    3. Посакувам да имав храброст да ги искажам своите чувства

    rnКриејќи ги своите чувства, страсти и емоции, многумина не станале она што сакале да бидат, па морале да се соочат со огорченоста и незадоволството кои доаѓале како резултат од тоа.rnrnНе можеме да ги контролираме туѓите реакции, не можеме да знаеме како некој ќе реагира на нашата искреност. Но, наше е да го кажеме она што го мислиме. Не дозволувајте да ве обземе огорченоста на некажаните зборови. Секој ден ги гледате вашите блиски, луѓето кои ги сакате и почитувате. Кажете им го тоа.rn

    4. Посакувам да имав поцврсти пријателства

    rnМногумина од пациентите признале дека биле толку обземени и преокупирани со себе, своите животи и својата кариера, што дозволиле многу пријателства да им се излизгаат низ прсти.rnrnНормално е да имате сè помалку време за себе и пријателите со ова брзо темпо на живот. Но, направете време за оние кои ви значат. Пријателството е неопходна потреба на секој човек. На крај, сè се сведува на љубовта и нашите врски со луѓето.rn

    5. Посакувам да си дозволев себеси да бидам среќен/на

    rnНа големо изненадување, прилично висок е бројот на луѓе кои се каеле што не си дозволиле да бидат вистински среќни. Предоцна сфатиле дека среќата е избор, начин на живот. Сите биле заглавени во нивните навики без желба да променат нешто, без да знаат дека среќата доаѓа кога ќе излезеш од безбедната зона.rnrnСмејте се гласно, бидете глупави понекогаш, не сфаќајте го животот премногу сериозно и едноставно забавувајте се.rnrnЗа крај, не заборавајте. Животот е избор. Животот е ваш избор. Одбирајте внимателно и мудро.

  • Тест: Колку ви е стар мозокот?

    Тест: Колку ви е стар мозокот?

    Сите знаеме дека со годините нашето тело се менува и старее, но што се случува со нашиот мозок? Што се случува во нашите глави, што со текот на годините почнуваме да забораваме и ни станува потешко да сфатиме некои работи.rnrntest-kolku-vi-star-mozokot-kafepauza.mkrnrnЗдравствената организација на Англија составила квиз од 25 прашања, кои точно утврдуваат колку е стар вашиот мозок и што можете да направите за да го одржите во форма. Доколку сакате да дознаете, решете го тестот од д-р Винсет Фортнас, одговарајќи со „да“ или „не“.rnrn1. Спиете повеќе од 8 часа секоја ноќ.rnrn2. Јадете барем 5 овошја и зеленчуци на ден.rnrn3. Јадете барем по една порција малини, боровинки или капини на ден.rnrn4. Барем трипати неделно јадете печена риба.rnrn5. Конзумирате рибино масло барем 5 пати неделно (со оброк).rnrn6. Секојдневно конзумирате мултивитамини.rnrn7. Лекови конзумирате ретко (помалку од еден на ден).rnrn8. Пиете црно вино или сок од грозје секој ден.rnrn9. Тренирате барем по 30 минути секој ден.rnrn10. Читате сериозна литература или решавате крстозбори 5 пати неделно.rnrn11. Имате добри гени во фамилијата, никој од блиските не го губел помнењето.rnrn12. Имате низок холестерол.rnrn13. Лошиот холестерол ви е под 3,3 ммол/л.rnrn14. Не сте дебели.rnrn15. Јадете медитеранска храна одвреме-навреме.rnrn16. Наместо маргарин и путер користите маслиново масло.rnrn17. Никогаш не сте пушеле цигари.rnrn18. Имате нормален крвен притисок.rnrn19. Немате дијабетес.rnrn20. Немате проблем со спиењето.rnrn21. Немате проблем со метаболизмот.rnrn22. Не сте изложени на секојдневен стрес.rnrn23. Уживате во друштво на пријателите.rnrn24. Немате проблем со краткотрајното и долготрајното помнење.rnrn25. Подготвени сте по секоја цена да се борите против Алцхајмеровата болест.rn

    Решение:

    rnАко сте одговориле со „да“ на 23-25 прашања, одземете 15 години од вашата возраст и тоа е староста на вашиот мозок. Ризикот од Алцхајмерова болест е минимален и би требало да остарете по план.rnrnАко сте одговориле со „да“ на 20-22 прашања, тоа не е лошо. Одземете 10 години од вашите вистински години и гледајте да се подобрите за работите за кои сте одговориле со „не“.rnrnАко сте одговориле со „да“ на 15-19 прашања, вашиот мозок е стар колку и вие. Изложени сте на опасност од Алцхајмерова болест и заради тоа обидете се да ги поправите вашите секојдневни навики.rnrnАко сте одговориле со „да“ на 12-14 прашања, вашиот мозок можеби е постар за 5 години од вас и во опасност сте од добивање Алцхајмерова болест. Под итно подобрете си ги секојдневните навики.rnrnАко сте одговориле со „да“ на 0-11 прашања, вашиот мозок е 10 години постар од вас. Мора да се обратите кај вашиот доктор и да закажете преглед, а потоа да направите сè што треба за да ги промените секојдневните навики.

  • Сведоштво за вистинското значење на љубовта

    Сведоштво за вистинското значење на љубовта

    Љубовта воопшто не е како во романтичните комедии. Во реалниот живот, ретко толку се бориме за освојување на личноста која ја сакаме, и многу повеќе се бориме за да се одржиме после фазата „и така среќно си живееја до крајот на својот живот“. Овие парови, го издржале тестот на времето и покажуваат дека нивната љубов ги одржала и во најлошото и во најдоброто во нивните животи.rnrn

    Парот кој сè уште знае заедно да се вози со стил
    Парот кој сè уште знае заедно да се вози со стил
    rnrn