КАФЕ ПАУЗА

Tag: стан

  • Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?

    Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?

    Овој неверојатен замрзнат водопад кој произлегува од стан во една зграда во Џилин, Кина, е дело на 58-годишниот Вен Хсју, кој е единствениот преостанат станар. Тој ја оставил пуштена славината на чешмата во текот на цела зима, за да се осигури дека неговите неизолирани цевки нема да замрзнат од студот.rnШто ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?Па, доколку некогаш сте се прашувале што би се случило доколку ја оставите водата пуштена во текот на целиот зимски период, еве ви го одговорот – огромен замрзнат водопад. Овој бизарен потфат можеби личи на некое оригинално уметничко дело, но сепак станува збор само за стравот на Вен, да не остане дома без вода.rnШто ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?Човекот живее во истиот стан веќе 35 години. Како што беше случајот и во многу други кинески градови, оваа зграда неодамна била закажана за демолирање, за да се ослободи простор за нов шопинг центар. Инвеститорите се обиделе да постигнат компромис, понудувајќи им пари на сопствениците на станови, со кои можат да купат живеалиште на некое друго место, но Хсју вели дека ја одбил нивната понуда, бидејќи не била доволно добра за да се купи пристојно место за живеење.rnШто ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?Така, и покрај тоа што сите соседи веќе се иселени, тој останал во својот стар дом. Самотијата била доволно тешка за да се издржи, но изминатава зима тој имал уште поголем проблем со кој морал да се соочи. Ниските температури се заканувале дека ќе ги замрзнат цевките за вода во зградата, оставајќи го без проток на вода и без ниеден друг избор, освен да се отсели и тој. Но, очигледно не е личност којашто лесно се откажува, па затоа го смислил овој чуден план.rnrnБидејќи водата доаѓа од под земја, каде што температурите се над точката на смрзнување, Вен се сетил да ја остави пуштена славината цело време, за да го спречи замрзнувањето на цевките. Тој едноставно го пренасочил текот на водата од седмиот кат кајшто се наоѓа неговиот стан, надвор низ прозорецот кон фасадата на зградата, оставајќи ја жешката вода пуштена цела зима.Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?За негова среќа, овој огромен замрзнат водопад им го привлекол вниманието на интернационалните медиуми, како и на градскиот совет на Џилин, од каде што сега апелираат до инвеститорите да го решат проблемот со неговата релокација што побрзо. Вен се надева дека ќе добие подобра понуда, бидејќи осаменоста почнува навистина да му смета. Времето е малку потопло сега, така што не постои опасност од замрзнување на цевките, но ќе помине извесно време додека да се стопи ова масовно ремек-дело.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршено уреден стан од 22 метри квадратни

    Совршено уреден стан од 22 метри квадратни

    Иако многу луѓе својот дом од соништата го замислуваат како голема и пространа резиденција, во која има голем број соби и дизајниран мебел, има и онакви кои преферираат скромна, многу помала и едноставна верзија од овој сон.rnrnСовршено уреден стан од 22 метри квадратниrnrnТим Сегермен од Бруклин, го уредил ова мало станче во Менхетен изработувајќи го целиот мебел рачно. Во овој стан од 22 квадрата можете да видите многу генијални и специфични решенија. При изработката Тим употребувал полно дрво и успеал и покрај малата квадратура да не го задуши просторот, а домот делува топло и удобно.rnrnСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Авантуристички стан со внатрешен тобоган

    Авантуристички стан со внатрешен тобоган

    На поткровјето од една зграда во Менхетен од 19 век, се наоѓа неверојатно уреден модерен апартман, во кој центарот на вниманието е огромен тобоган со надворешност како огледало, кој поврзува четири ката. Ова значи дека од највисокиот кат можете да се излизгате четири ката надолу, со тоа што на третиот можете да излезете од тобоганот, но можете и да се премислете, да се вратите во лизгалицата и да продолжите до првиот кат. Авантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганИ како тоа да не е доволно забавно, на ѕидовите има и вештачки камчиња доколку почувствувате потреба за искачување на карпа. Њујоршкиот архитект Дејвид Хотсон, заедно со внатрешниот дизајнер Хизлаин Винјас го трансформирале овој простор за живеење во неверојатно модерен стан, во кој нема никогаш да му дозволите на детето во вас да заспие. Авантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАпартманот е одлично искомбиниран со стакло, нерѓосувачки челик, бели површини оживеани со колоритен мебел и акцентирани со креативни предмети. „Ова е комплексен ентериер со многу драматични елементи“ – потенцира Хатсон.Авантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоган
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поткровје за ергенски живот

    Поткровје за ергенски живот

    Зарем има подобро место за живеење за еден млад самостоен човек од поткровје дизајнирано во современ минималистички стил? Овој одлично уреден простор е дело на архитектот Максим Жуков, којшто од малото поткровје направил функционално место за живеење кое во исто време изгледа прекрасно.rnrnПоткровје за ергенски животrnrnЗа да го направи просторот пофункционален, Жуков одбрал мебел со помали димензии кој изгледа недовршено и рапаво, баш како во поткровјето да живее маж. Ѕидовите ги оставил сиви, а целиот простор изобилува со челични елементи и сообраќајни знаци. Еден од најинтересните детали е импровизираното лебдечко биро поставено веднаш над креветот, а до кое се стигнува преку метални скалила закачени на ѕидот.rnrnПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најлуксузниот стан во Велика Британија

    Најлуксузниот стан во Велика Британија

    Овој луксузен стан претставува еден од најлуксузните домови во Велика Британија, а неговата цена изнесува 65 милиони фунти.Најлуксузниот стан во Велика БританијаСтанот се наоѓа на осмиот кат на една зграда во центарот на Лондон, а со својот ентериер и погледот кон Хајдпарк и Најтсбриџ ги маѓепсува сите. Сепак, него можат да си го дозволат само оние со подлабок џеб. Станот е уреден модерно, но и доволно класично за да делува софистицирано и луксузно.Најлуксузниот стан во Велика БританијаНајлуксузниот стан во Велика БританијаРаскошниот стан нуди дури 5 спални соби и 6 купатила. Распослан е на површина од 800 метри квадратни, а тематски е поделен на два дела кои се поврзани со ходник долг 65 метри. На овој начин едниот дел со спалните соби има поглед кон центарот на градот, додека дневната соба овозможува рајска глетка кон паркот.Најлуксузниот стан во Велика БританијаНајлуксузниот стан во Велика БританијаНајлуксузниот стан во Велика БританијаНајлуксузниот стан во Велика БританијаНајлуксузниот стан во Велика БританијаНајлуксузниот стан во Велика БританијаНајлуксузниот стан во Велика БританијаНајлуксузниот стан во Велика Британија
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони долари

    Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони долари

    Наскоро ќе се направи најскапиот стан во светот, кој ќе се наоѓа во Менхетен и ќе има поглед кон Централ парк во Њујорк. Станот е од 1.000 метри квадратни и ќе има стаклени ѕидови. Зградата е сè уште во фаза на изградба, а според плановите би требало да биде населена во 2013 година.Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони американски долариЕден квадратен метар во овој стан ќе чини 110.000 американски долари или вкупно целиот стан ќе чини 110 милиони американски долари. Зградата е дело на францускиот архитект Кристијан Портзампар и ќе има 95 станови.Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони американски долариНајскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони американски долариЗградата ќе биде заштитена со чувари, на влезот ќе стојат вратари, во неа ќе има затворен базен, џакузи, библиотека, уметничко ателје, фитнес-центар, студио за јога и просторија за негување и бањање на куќни миленици.Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони американски долариНајскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони американски долариrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршен мал стан во Њујорк

    Совршен мал стан во Њујорк

    Ова мало станче во Њујорк е уште еден успешен пример, како правилно треба да се искористува просторот, без разлика колкав е. Проектот е реализиран благодарение на компанијата JPDA. И не само што просторот е максимално искористен, туку на многу паметен начин се направени некои специфични работи кои го прават станот уште пофункционален. Како на пример, скалите имаат функција на фиоки.rnrnСовршен мал стан во ЊујоркrnrnПедесет-квадратниот стан се состои од просторна кујна и прилично голема дневна соба, во која има и посебен дел со работно биро. Скалите-фиоки кои веќе ги споменавме, водат кон спалната која е сместена во интимна галерија. Бањата, која е со туш кабина е прилично голема. Пред и после влезот на кујната има два плакари, во кои може да се складираат многу работи. Сумирано, просторот е перфектно искористен, модерно наместен и совршен за млад пар.rnrnСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во Њујоркrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Божествен апартман во Аризона

    Божествен апартман во Аризона

    Овој неверојатен апартман се наоѓа во Феникс, Аризона. Тој е распослан на површина од 215 метри квадратни, а во него има две спални соби и три купатила. Отворениот простор овозможува максимално уживање во дневната соба, а неверојатниот поглед кон градот од широкиот балкон го прави местото совршено. Мермерно мозаичките подови и уникатните теписони пак, заедно со одличното осветлување, го прават местото уште полуксузно и гламурозно.rnrnБожествен апартман во АризонаrnrnБалконот претставува одлично место за дружење и уживање со пријателите или семејството, бидејќи вградените звучници ќе создаваат одлична атмосфера додека правите ручек или вечера на скарата од нерѓосувачки челик и додека точите пијалак од шанкот изработен од гранит. Доколку можете да си го дозволите овој луксуз, стапете во контакт со агенцијата за недвижнини која го нуди овој стан и дознајте нешто повеќе.rnrnБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во АризонаБожествен апартман во Аризонаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Апартман направен од 25.000 пинг-понг топчиња

    Апартман направен од 25.000 пинг-понг топчиња

    Апартманот на Даниел Аршам во Бруклин е малечко место во кое сите би посакале да живеат. Неговата површина изнесува само 8,5 метри квадратни, а декорот е елегантен и минималистички, принудувајќи ве да се заљубите во прекрасно смислениот простор.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаrnrnСтанчето е всушност поткровје на објектот каде што се сместени канцелариите на Snarkitecture, архитектонската фирма во која Аршам е партнер. За него овој стан овозможува само две функции, а тоа се спиењето и пресоблекувањето. Ѕидовите на апартманот изгледаат како огромен пикселен екран, кој преминува од сиво кон бело, гледајќи од подот кон таванот. Таканаречените пиксели всушност се илјадници пинг-понг топчиња, или попрецизно 25.000.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаrnrnОстатокот од местото е уреден едноставно. Аршам во апартманот сместил еден кревет, поставил неколку вградени полици и плакар, каде што чува дел од својата гардероба. Најинтересно, а воедно и најсмешно, е тоа што за да влезе во својот стан, Аршам мора да се качи по скала која се наоѓа во тоалетот на една од канцелариите.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаrnrnАпартманот, кој нормално е направен од неговата фирма, бил изграден за 2 месеци и чинел помалку од 100 долари по квадрат. Како и да е, очигледно дека некоја продавница за спортска опрема извлекла најголем профит од создавањето на овој интересен апартман.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчиња
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn