КАФЕ ПАУЗА

Tag: стан

  • Истражување: Колку метри квадратни се потребни за мирен брак?

    Истражување: Колку метри квадратни се потребни за мирен брак?

    Сите ние отсекогаш сме се мислеле дека за приватност во бракот е доволна само една врата што може да се затвори. Но, според една нова студија, потребни се одреден број на метри квадратни за да имате мирен брак. Кој би рекол?rnrnrnrnВо студијата учествувале 900 парови, а резултатите откриле дека оние што живееле во простор што имал најмалку 170 метри квадратни покажувале повисоко ниво на задоволство во врската во споредба со оние што имале помалку простор на располагање. Нивото на задоволство растело со бројот на метри квадратни на домот.rnrnСпоред авторите на студијата, колку повеќе простор имаат паровите на располагање, толку се позадоволни од врската. Дури и 10 метри квадратни можат да бидат разликата меѓу среќен брак и брак на прагот на распаѓање. Резултатите покажале дека оние што се со мало бебе, најзадоволни се во простор од минимум 170 метри квадранти, додека пак веќе на 160 метри квадранти се гледало забележително намалување на среќата.rnrnЗа милениумците оваа разлика е малку поширока – иако и тука најзадоволните биле со 170 метри квадратни или повеќе, дури и оние со 145 метри квадратни на располагање успевале некако да се снајдат.rnrnПа, што мислите вие? Дали навистина големината на станот или куќата има некакво влијание на среќата на бракот или пак, можеби други фактори се во прашање?rnrnЗнаете ли кога бракот станува она вистинското?

  • 8 нешта што треба да ги земете предвид кога прв пат барате стан

    8 нешта што треба да ги земете предвид кога прв пат барате стан

    Сте стигнале до фазата од животот кога треба да најдете ваш дом. По сите години поминати во студентски дом или во стан полн со цимери, конечно сте подготвени да продолжите понатаму. Сигурно одамна сте сонувале како ќе го уредите новиот апартман, но пред да стигнете дотаму, важно е да земете предвид некои работи додека го барате вашиот иден дом.rnrn8 нешта што треба да ги земете предвид кога прв пат барате станrn

    1. Локација

    rnЛокацијата е примарното нешто за коешто треба да размислите. Каде сакате да живеете? Дали работното место ќе ви биде далеку? Дали можеби сакате да живеете во странство? Штом ќе го имате одговорот на овие прашања, можете да обрнете внимание и на некои други детали – соседството, најблиската продавница и рекреативните нешта што ви се достапни во близина.rn

    2. Распоред

    rnРаспоредот на вашиот стан е многу поважен отколку што мислите. Важно е да имате место за сите ваши работи. Важно е да знаете што барате и распоредот да одговара на вашите потреби. Пред да го направите договорот, не заборавајте да направите тура низ станот. Проверете колку место имате во гардероберот и кујната. Ако се сомневате, размислете за што би направиле компромис.rn

    3. Кирија

    rnКиријата е дел од реалниот свет, па важно е да обрнете внимание на вашата заштеда пред да оставите депозит. Сигурно ќе сакате да можете да штедите, а не заборавајте и на сметките за струја и вода. Можеби ќе сакате стан во центарот на градот, но ако киријата е превисока за вас подобро е да најдете нешто на друго место. Вистината е дека вашиот прв стан можеби нема да биде како од соништата, но тој ќе биде само ваш.rn

    4. Цимери

    rnПлаќањето кирија понекогаш бара цимери. Можете да најдете некое студио и да живеете сами, а можеби имате доволно пари за стан надвор од градот. Без разлика која е вашата ситуација, земете ги предвид и другите луѓе. Можеби имате неколку пријатели кои би сакале да живеат во резервната спална. Веќе сте поминале многу време со цимери, па знаете како изгледа тоа.rn

    5. Домашни миленици

    rnЗа жал, не сите дозволуваат да чувате домашни миленици. Па, ако чувате милениче не заборавајте да прашате и за него. Некои дозволуваат да чувате мали миленици, а треба да научите многу пред да го земете вашето прво милениче. Исто така важно е да најдете место што ќе ви биде удобно и на двајцата.rn

    6. Ситуацијата на работното место

    rnПоголемиот дел од денот ќе го поминувате во вашата канцеларија. Но, после напорниот ден сигурно ќе сакате да имате брз пристап до вашиот кревет. Кога барате стан добро разгледајте дали работното место е оддалечено и дали имате превоз дотаму. Дали има автобуси или дали можете да пешачите или да одите на работа со велосипед? Реално, не е најдобро да минувате часови заглавени во сообраќаен метеж. Ако работите од дома, осигурете се дека ќе имате посебно место за тоа.rn

    7. Идниот сопственик

    rnПред да го одберете станот, не заборавајте да се запознаете со сопственикот. Важно е да ви се допадне бидејќи тој ќе биде личноста која ќе ви помага доколку се појави некој проблем. Како и секоја врска или пријателство, важно е да имате заеднички јазик со него. Потребно е оваа личност да се грижи за вас и за вашето место.rn

    8. Други услуги

    rnДа имате ваш стан е вистинско исполнување на сон. Но обрнете внимание и на другите услуги што доаѓаат пред да направите каков било договор. Понекогаш можете да најдете стан што нуди сè што ви е потребно. Некои места имаат централно греење, некои нудат нешто друго. Размислете што ви е најпотребно и направете го изборот според тоа.rnrnДоколку најдовте помал стан, погледнете ги овие креативни решенија за заштеда на простор.

  • Нема да ви се верува дека овој стан е со големина од само 22 метри квадратни!

    Нема да ви се верува дека овој стан е со големина од само 22 метри квадратни!

    Урбанизацијата постојано се зголемува и сè повеќе и повеќе луѓе се вселуваат од руралните области во големите градови со цел да најдат подобри можности за себе. Ова создава огромен притисок за недвижнините, па луѓето сè почесто завршуваат во мали простори.rnrnrnrnСакајќи да помогнат со овој проблем, дизајнерски тим од Тајпеј Сити во Тајван, создале брилијантен пример за како функционално да се уреди стан од 22 метри квадратни. Секој милиметар од просторот е мудро искористен, а боите се соодветно избрани за дополнително да го „отворат“ секој дел. Овој дизајн без сомнение е беспрекорен кога станува збор за штедење простор во големите градови…rnrn rnrnПогледнете ги и овие 12 креативни начини да уредите мал стан!

  • Како би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година?

    Како би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година?

    Со текот на времето, доколку продолжеше да се емитува култната серија „Пријатели“ (Friends), станот на Моника сигурно ќе претрпеше одредени промени или пак целосно реновирање, но и прифаќање на модерните технологии. Тим од дизајнери на ентериери се обидел да направи реконструкција на овој популарен стан, вклучувајќи и идеја како би изгледал ако Моника и Чендлер останеа да живеат таму, но и како другите пријатели би го реновирале.rnrnКако би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година?rnrnНа пример, влезната врата би останала виолетова, додека остатокот од ѕидовите ќе биде обоен во понеутрална боја. Моника би обрнала особено внимание на кујната, со оглед на тоа што и самата е готвачка. Во дневната соба мебелот ќе биде променет со поминималистички и помодерен дизајн, а секако, неизоставен дел е и телевизорот со рамен екран.rnrnКако би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година? Како би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година? Како би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година?rnrnДоколку пак, Речјел се вселеше во овој стан, таа ќе негуваше модерен изглед со помалку, но повпечатливи детали.rnrnКако би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година? Како би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година?rnrnОд друга страна пак, Џои би создал свој уникатен дом со модерни елементи, типичен за неговиот начин на живот, едноставно, но со многу стил.rnrnКако би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година? Како би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година?rnrnПотсетете се и на овие незаборавни реплики од серијата „Пријатели“ кои ќе ве вратат во старите и добри времиња.

  • 4 кучешки раси што без проблем можат да живеат и во стан без двор

    4 кучешки раси што без проблем можат да живеат и во стан без двор

    Вие би сакале куче повеќе од сè на светот, но постојано се премислувате бидејќи немате простран дом. И не само тоа, туку живеете во стан без пристап до двор и едвај имате место за самите вас – како би можело да се справи едно енергично куче со оваа атмосфера? Не грижете се! Постојат неколку видови кучиња што совршено ќе се вклопат и во вашиот мал дом. Еве за кои станува збор…rn

    1. Кавалерски шпаниел на кралот Чарлс

    rn(1) 4-kucheshki-rasi-shto-bez-problem-mozhat-da-zhiveat-i-vo-stan-bez-dvor-www.kafepauza.mkrnrnСе сеќавате на Елизабет Тејлор, кучето на Шарлот од Сексот и градот? Токму на тоа мислиме! Оваа раса не расте многу и достигнува тежина од 4 до 8 килограми. Кучињата вообичаено се пријателски настроени, подготвени да направат сè за да бидете среќни и совршено се согласуваат со мали деца и други кучиња.rn

    2. Француски булдог

    rn(2) 4-kucheshki-rasi-shto-bez-problem-mozhat-da-zhiveat-i-vo-stan-bez-dvor-www.kafepauza.mkrnrnКако додаток на нивната мала, компактна природа, овие слатки крзнени топчиња имаат и пријателски карактер. Тие најчесто се најзаинтересирани за лежење на каучот, каде што попрво би го минувале своето време отколку во парк за кучиња.rn

    3. Мала пудлица

    rn(3) 4-kucheshki-rasi-shto-bez-problem-mozhat-da-zhiveat-i-vo-stan-bez-dvor-www.kafepauza.mkrnrnНе, не станува збор за кадифена играчка! Овие пудлици се толку мали, што нема да ви се верува дека се вистински кучиња. И токму поради својата големина немаат потреба од многу надворешно вежбање бидејќи се раздвижуваат доста и трчајќи меѓу ѕидовите на станот.rn

    4. Мопс

    rn(4) 4-kucheshki-rasi-shto-bez-problem-mozhat-da-zhiveat-i-vo-stan-bez-dvor-www.kafepauza.mkrnrnЗарем би можеле да го одбиете ова лице? Најчесто со тежина од 4 до 8 килограми, овие разиграни кучиња ќе ве смеат секојдневно. За разлика од другите мали раси, тие се многу тивки, па затоа и соседите најверојатно нема ни да знаат дека сте зеле куче.rnrnДознајте и кои се најверните раси кучиња.

  • Непотребни предмети што веднаш треба да ги исфрлите од вашиот дом

    Непотребни предмети што веднаш треба да ги исфрлите од вашиот дом

    Свесни сте дека треба да го исчистите вашиот дом и да го ослободите од старите предмети, кои ви зафаќаат многу простор, но не знаете од каде да почнете. Ние ќе ви помогнеме со листа од 21 работа кои веднаш, без размислување треба да ги исфрлите од вашиот дом.rnrn(0) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    1. Стари пластики и слични садови

    rnОвие пластики зафаќаат многу простор во вашите кујни. Исфрлете ги веднаш.rn

    2. Шишиња со ликери и други пијалаци кои се стари неколку години

    rnВо сечија кујна или бифе може да се најдат отворени шишиња со пијалаци, кои можат дури и да му наштетат на здравјето. Зошто воопшто ги чувате?rn

    3. Мали пакувања со сосови, мајонез и кечап

    rnТие не зафаќаат многу место, па затоа можат да останат во фрижидерите и со месеци. Затоа погледнете го добро датумот и доколку му поминал рокот на производот веднаш исфрлете го од дома.rn

    4. Стари кујнски апарати на кои им недостига некој дел

    rnНе ви е потребен таков апарат во домот. Фрлете го тој миксер, блендер или соковник и ќе си ослободите простор за нов и употреблив.rn

    5. Отворени стари пакувања со замрзнат зеленчук

    rnПризнајте, никогаш нема да подготвите јадење зеленчукот што стои во вашиот фрижидер изминативе неколку месеци.rn

    6. Полначи за телефоните кои сте ги користеле пред 5 или повеќе години

    rnДа. Телефоните одамна сте ги фрлиле, а полначите стојат како сеќавање за нив?rn

    7. И, стариот телефон, доколку уште е во вашиот дом

    rnПрифатете ја реалноста. Можеби ви значел во 2004 година и во него сте ги примиле најубавите пораки и повици, но време е да оди на рециклирање.rn

    8. Далечински управувачи

    rnНаоѓате далечински управувач и не знаете дали е од телевизорот кој го исфрливте пред 6 години или од клима уредот што го заменивте пред 3 години. Доколку ви се случи ова, зошто би го чувале и понатаму тој правоаголен пластичен предмет?rn

    9. Кабли

    rnКаблите се потребни, но не сите. Има и кабли кои се стари, искинати, оштетени…rnrn(4) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    10. Стари списанија

    rnПризнајте дека нема никогаш повеќе да го отворите весникот кој сте го купиле пред 5 години и заедно на куп со други списанија зафаќа еден агол од вашата дневна соба кој може да се искористи за нешто многу поубаво.rn

    11. Книги кои не прилегаат на вашата полица

    rnСите сме имале моменти во животот кога сме се одлучувале за лесна литература. Но, повеќе не треба таквите „романи“ да фаќаат прашина на вашите полици. Заменете ги со нови, а старите донирајте ги или подарете ги некому.rnrn(1) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    12. ВХС касети

    rnДоколку на нив имате домашни видеа, преснимете ги, а на огромните видео касети конечно е време да им кажете„Чао“.rn

    13. Креми за лице и тело, тоници и други средства за нега и хигиена

    rnКолку вакви празни и полупразни шишенца имате во плакарот во бањата? Соберете ги во една вреќа и право во канта.rn

    14. Четка за тоалетна шолја

    rnПоминала една година, а вие уште ја користите истата? Овие четки се полни со бактерии и треба редовно да се менуваат.rnrn(2) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    15. Лекови со истечен рок на употреба

    rnЛековите чијашто употреба завршила, стануваат отрови. Исфрлете ги сите таблети, сирупи и чаеви кои некогаш ви помогнале, но веќе одамна се надвор од употреба.rn

    16. Шминка постара од една година

    rnДоколку имате шминки постари од една година исфрлете ги. Многу често и забораваме што сè имаме во нашите тоалетни маси и фиоки. Затоа не двоумете се. Ќе си ослободите место за нови, а и ќе се заштитите од можна појава на алергии и несакани дејства на кожата.rn

    17. Бесплатни примероци и тестери

    rnОвие нешта ги чувате без некоја особена причина. Сте ги добиле како бесплатен примерок и сте заборавиле на нив. Сигурно веќе им е поминат и рокот на употреба.rn

    18. Стари патики

    rnШкафчињата за чевли ви се неуредни токму заради старите патики, папучи, сандали. Знаете дека никогаш нема да ги ставите на нога, но упорно не се откажувате од нив.rn

    19. Фустан за свадба

    rnТоа е парче облека кое носи сеќавања во себе, но соочете се со фактот дека никогаш повеќе нема да го облечете.rnrn(3) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    20. Облека со дамка

    rnДоколку една блуза на себе има дамка којашто не сте успеале да ја извадите, зошто би ја чувале во вашиот плакар?rn

    21. Дупнати чорапи

    rnПризнајте, колкумина од вас имаат полна фиока со чорапи кои имаат дупче? Ќе ги облечете повторно? Не. Зошто да ви зафаќаат место, исфрлете ги.

  • Како гледаат момците на заедничкиот живот со нивната девојка?

    Како гледаат момците на заедничкиот живот со нивната девојка?

    Забавувањето со вашето момче или девојка и заедничките излегувања се одлични. Постојано сте некаде сами или со заедничките пријатели, одите на кино, театар, во ресторани, во дискотеки… Совршено се согласувате и љубовта ви цвета. Но, што се случува по одлуката да почнете да живеете заедно? Како заедничкиот живот и делењето на заедничкиот простор може да влијае на вашата врска. Еве неколку забавни интимни размислувања на момци кои живеат заедно со своите девојки.rnrn(1) Како гледаат момците на заедничкиот живот со нивната девојка?rn

    „Имав среќа да живеам со цимери кои секогаш имаа поразличен распоред од мојот. Кога почнав да живеам со мојата девојка, за прв пат се соочив со моментот дека треба да ја делам бањата со некој кој оди на работа, во истото време кога одам и јас. Тоа навистина беше хаотично. Бев навикнат да се разбудам, да си посветам неколку минути себеси, а потоа да влезам под туш. Но, сега имаме специфични распореди во кои нема место за грешка. Имав потреба од неколку тешки седмици за да се навикнам на новата ситуација.“ – Џордан, 28 години

    rn

    „Мојата девојка еднаш се расплака затоа што сметав дека не треба да го местам креветот секој ден. Никогаш не си го местев креветот, а не знаев дека другите тоа го прават секое утро.“ – Алекс, 29 години

    rn

    „Големо изненадување ми беше кога дознав дека ниту едно парче од мојот мебел не е доволно добро. Мојот кауч, мојот кревет, сè што имав врамено и ставено на ѕидовите. Ништо од тоа не претставуваше проблем во мојот стан, но одеднаш сето тоа мораше да биде фрлено или да го тргнам во подрум. Исто така, ме изненади и тоа што работите од факултетските денови не беа доволно добри да ги задржам.“ – Мајк, 26 години

    rn

    „Искрено ме изненади колку е тоа лесно. Сите веруваат дека момците и девојките се различни, но и двајцата сме многу релаксирани и не бараме многу еден од друг. Немаме никакви проблеми или стереотипи.“ – Ерик, 26 години

    rn

    „Не можев да си поверувам дека креветот не е толку голем колку што си мислев.“ – Ентони, 24 години

    rn

    „Не им се допаѓа кога играш видео игри 5 часа без прекин.“ – Шејн, 27 години

    rn

    „Се навикнав на тоа едноставно таа да се појави подготвена и прекрасна, а сега гледам дека тоа е еден долготраен, макотрпен и неколкучасовен процес. Можеш да ѕирнеш зад завесата. И натаму доцни, но сега знам зошто. И, барем, кога ќе почнете да живеете заедно, ја чекаш дома, па можеш да играш видео игра за тоа време.“ – Кајл, 25 години

    rn

    „Не знам за другите, но мене ме зачуди фактот колку многу работи имаат девојките. Мислев дека нашата бања има доволно фиоки и полици за сите нејзини ситници, но некако и местата што не се предвидени за чување работи се веќе пренатрупани, а фиоките не можат да се затворат.“ – Џастин, 26 години

    rn

    „Научив дека девојките некогаш сметаат дека едно пакување чипс може да биде и целосна вечера.“ – Мет, 30 години

    rn

    „Мислев дека мојата девојка се грижи за чистотата во станот. Но, се покажа дека таа знае супер трикови да ги среди работите пред некој да дојде кај неа. Набрзо сфатив дека јас сум оној уредниот во врската. Навистина е смешно, но јас сум тој што оди по неа и ги раскрева работите кои таа ги остава зад себе. Кога живеев со цимери, јас бев неуредниот, па сега замислете си вие каква е таа.“ – Брајан, 24

  • Колку долго треба да штедите за да купите стан во некои од најголемите светски градови?

    Колку долго треба да штедите за да купите стан во некои од најголемите светски градови?

    Доколку сте љубопитни колку време и колкава плата би ви била потребна за да соберете доволно пари да се вселите во некој од големите светски градови, како Њујорк или Сиднеј, погледнете ги следниве податоци. Имајте на ум дека станува збор за хипотетички претпоставки. Исто така, поради целите на оваа мала студија, претпоставете дека треба да се тргне настрана целата заработка за да се задоволат следниве резултати. Па, колку време треба да работите и со колкава плата, за да можете да си дозволите стан од 50 квадрати во вашиот омилен град на планетава?rnrn

    Њујорк: 12 години. Просечна месечна плата: 3.547 долари. Просечна вредност на стан: 522.350 долари.
    Њујорк: 12 години. Просечна месечна плата: 3.547 долари. Просечна вредност на стан: 522.350 долари.
    rnrn

  • Изградбата на оваа зграда во Мајами уште не ни почнала, а веќе е продаден стан во вредност од 21 милион долари!

    Изградбата на оваа зграда во Мајами уште не ни почнала, а веќе е продаден стан во вредност од 21 милион долари!

    Според развивачите и финансиските менаџери на Fortune International Group и Château Group еден пентхаус во зградата во Мајами, која сѐ уште не ни почнала да се гради, е продаден за неверојатни 21 милион долари.rnrnИзградбата на оваа зграда во Мајами уште не ни почнала, а веќе е продаден стан во вредност од 21 милион долари!rnrnЦелиот 51-ви кат од 52-катната зграда Ritz Carlton во Сани ајлс бич е моментално под договор. Изградбата на луксузната зграда ќе започне во 2016-тата година, а се очекува да се заврши во 2018.rnrnИако оригинално се продавалe како две посебни места за живеење, купувачот (успешен претприемач), избрал да ги спои двете во еден пентхаус од 719 м2 со 5 спални соби, кој се протега на целиот кат. Пентхаусот исто така ќе има тераса од 330 м² со летна кујна, приватна градина и базен.rnrnЗградата ќе има 221 стан, чии сопственици ќе можат да ги користат сите заеднички услуги како што се: ресторан, надворешен базен, паркинг простор и услужен сервис кој ќе ги одржува автомобилите и ќе се грижи секогаш да имаат полн резервоар бензин.rnrnСите станови во зградата ќе имаат прозори поставени од таванот до подот, со поглед кон океанот и висина на собите од 4 метри, давајќи им на просториите „воздушно“ чувство и отвореност.rnrnВо зградата ќе се продава уште еден таков целосен пентхаус со малку поголема квадратура и затоа и по повисока цена во износ од 30 милиони долари.rnrn

  • Ова се најважните правила ако започнувате да живеете со цимери

    Ова се најважните правила ако започнувате да живеете со цимери

    Ретки се луѓето кои во текот на своите студентски денови не живееле заедно со цимери кои ги излудувале со својата ароганција и неуредност. Затоа, доколку живеете со цимери, не правете го она што не сакате да ви го направат вам. Обидете се да се придржувате до овие 10 правила кои ќе ви ги откриеме денес, тие ќе ви го олеснат заедничкиот живот со нив.rnrn1-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_rn

    1. Секогаш чистете после секоја ваша активност

    rnБез разлика дали сте јаделе или сте имале гости, колку и да сте уморни, секогаш потрудете се да ги соберите работите и садовите од масата или пак, да ги измиете. Тоа нема да ви одземе многу време, а вашиот стан секогаш ќе изгледа чисто и уредно.rn

    2. Поделете ги домашните работи

    rnОдберете еден ден во неделата кој ви одговара и вам и на вашите цимери како ден за чистење и поделете ги домашните задачи. Тие задачи не мора да се однесуваат само на тој ден, туку за секој, но потрудете се да ги определите така што секој од вас ќе добие еднаков број обврски.rnrn2-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_rn

    3. Водете сметка каде ги оставате работите

    rnДоколку не живеете сами, водете сметка за тоа каде ги оставате работите и колку простор тие заземаат, бидејќи овој детаљ при живеењето со цимери може да биде многу иритирачки. Раскревајте си ги вашите работи и не оставајте ги насекаде низ домот.rn

    4. Вкусовите се различни

    rnДоколку заедно со вашите цимери изнајмувате стан кој вие треба да го опремите, тогаш бидете подготвени за нови предлози. Истото важи и доколку делите заеднички простор во веќе опремен стан, бидејќи тоа е заедничко место на кое треба да дадете личен печат и вие и вашите цимери.rnrn3-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_rn

    5. Заеднички изработете детали за станот

    rnНа интернет можете да пронајдете најразлични туторијали за изработка на детали за домот, па тоа ќе биде одлична прилика да се запознаете подобро, но и со заеднички сили да изработите креативни и интересни креации.rn

    6. Направете креативна просторија од дневната соба

    rnДоколку сакате некоја просторија во станот да ви биде вистински извор на инспирација, тогаш тоа дефинитивно треба да биде вашата дневна соба, па потрудете се таа да биде обоена во интересни бои и да претставува креативен простор во кој вие и вашите гости ќе се чувствувате пријатно.rn

    7. Направете свој мини бар

    rnМини барот претставува одличен начин да го пополните просторот во станот, а покрај тоа секогаш да имате пијалак при рака за вашите гости. Можете да го изработите сами или да го купите, а бидете сигурни дека тој на вистински начин ќе надополни некој запуштен простор од вашиот стан.rnrn4-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_rn

    8. Почитувајте го личниот простор на вашите цимери

    rnДоколку имате различни простории, тогаш почитувајте го личниот простор на вашите цимери и не влегувајте и не пребарувајте по нивните соби без прашање. Освен тоа што е многу непристојно, ваквото однесување сигурно и вам ќе ви пречи и ако се најдете во истата ситуација.rn

    9. Отворено разговарајте за проблемите

    rnАко нешто ви пречи кај вашиот цимер, немојте да молчите туку отворено кажете им, бидејќи со разговор може да се реши секој проблем. Со оглед на тоа дека делите ист простор во станот, потрудете се во него да владее мирна атмосфера.rn

    10. Немојте да бидете арогантни

    rnКога веќе сте одлучиле да живеете со друга личност, немојте да се однесувате арогантно како вие да сте единствената личност на овој свет. Пронајдете компромис и обидете се да не земате без прашање туѓа храна или туѓи работи.