КАФЕ ПАУЗА

Tag: сродна душа

  • Како да ја препознаете вашата сродна душа?

    Како да ја препознаете вашата сродна душа?

    Дали отсекогаш сте сонувале да ја сретнете вашата сродна душа? Тоа е можно само ако верувате дека таму некаде постои некој кој е совршен за вас. Па, доколку сакате да проверите дали сте ја нашле оваа личност, тогаш погледнете ги следниве неколку знаци кои ќе ви помогнат да ја препознаете вашата сродна душа.rnrnКако да ја препознаете вашата сродна душа?rnrnЕдноставно го знаете тоа – Нешто длабоко во вас ви говори дека тој е совршен за вас. Како да постои духовна сила која ве тера да оставите сè останато зад себе и да му се посветите нему во целост.rnrnИ порано сте чувствувале поврзаност, дури и ако не сте се познавале – Сродните души отсекогаш биле поврзани. Токму оваа поврзаност се чувствува уште во првиот момент кога ќе се видите.rnrnВашите души се сретнале во вистинскиот момент – Секоја личност мора да биде целосно подготвена со цел да воспостави врска со својата сродна душа. Вие морате да расчистите со претходните односи, да ги напуштите лошите врски и да го отфрлите списокот кој ја сочинува „совршената“ личност според вашите стандарди. Кога станува збор за сродните души, тајмингот е сè!rnrnМожете да ги „чуете“ неговите мисли – Ако тој страда и вие страдате со него, ако тој е среќен и вие сте среќни со него. Едноставно како да ги делите вашите емоции.rnrnГи знаете сите негови недостатоци, но и придобивките кои тие ги носат – Да, така е. Нашите маани можат да имаат и добра страна. Секоја личност има своја позитивна и негативна страна, а вие умеете во недостатоците на вашиот партнер да ја најдете нивната добра страна. Исто како и тој во вашите.rnrnДелите исти животни цели – Немате искуство со љубомора. Неговите убави колешки и пријателки воопшто не ви сметаат бидејќи знаете дека сте единствени во неговиот живот. Вие исто така ги почитувате неговите мислења и ставови, како и тој вашите, дури и кога се различни.rnrnНемате потреба постојано да бидете заедно – Го почитувате своето време и не сте патолошки врзани еден за друг. Вие многу добро знаете дека е важно секој да има простор само за себе и за свој личен развој.rnrnНе викате, не се навредувате и не се заканувате со раскинување или развод – Вие се предавате во целост бидејќи сакате вашиот партнер да бидете среќен и сте многу трпеливи со него, исто како и тој со вас.rnrnЗнаете како и кога да се извините – Вие се надополнувате еден со друг. Ниту една личност не е совршена и вие тоа многу добро го знаете. Гледани од страна, многу наликувате на јин и јан. Заедно сте совршени и создавате хармонија.rnrnКога сте во прегратката на својата сродна душа, сè што е лошо исчезнува – Целата болка, нервоза и стрес едноставно исчезнуваат и вие се чувствувате како да сте на најсигурното место во целиот универзум.

  • Вашата сродна душа отсекогаш била покрај вас: Вашата најдобра пријателка – вашето најголемо богатство

    Вашата сродна душа отсекогаш била покрај вас: Вашата најдобра пријателка – вашето најголемо богатство

    Го знаете оној момент кога запознавате некого и одеднаш ќе се појави „она“ чувство? Не знаете како се случува, но веднаш потоа вие станувате најдобри пријателки. Ние ги одбираме луѓето во нашиот живот. Некои сè уште се околу нас, некои заминале, но најдобрата пријателка е онаа личност која е секогаш тука – во добро, во лошо, при среќа и тага… Поради овие причини таа е вашата сродна душа.rnrn1-vashata-srodna-dusha-otsekogash-bila-pokraj-vas-vashata-najdobra-prijatelka-vasheto-najgolemo-bogatstvo-www.kafepuaza.mk_rnrn1. Вие понекогаш комуницирате без зборови. Толку сте блиски што понекогаш зборовите не се потребни. Доволно е само да си упатите еден поглед и да знаете што сакате да кажете без да го кажете тоа со зборови.rnrn2. Вие несвесно носите исти модни комбинации кога сте заедно. Кога треба да се сретнете, двете доаѓате во блуза со пруги и фармерки. Како се случува тоа? Не знаете, но знаете дека се случува често. Вие несвесно започнувате да се облекувате како близначки.rnrn3. Дури и кога не сте заедно, можете да почувствувате ако нешто не е во ред. Во оние денови кога се чувствувате тажно и осамено, вашата пријателка ќе дојде кај вас уште пред да ѝ го кажете проблемот.rnrn4. Вие си ги довршувате започнатите реченици. Една од вас ќе започне да кажува некоја приказна, а другата ќе се вклучи и совршено ќе ја заврши. Вие сте на иста бранова должина и совршено знаете што таа ќе каже уште пред да започне да го кажува.rnrn2-vashata-srodna-dusha-otsekogash-bila-pokraj-vas-vashata-najdobra-prijatelka-vasheto-najgolemo-bogatstvo-www.kafepuaza.mk_rnrn5. Вие имате листа со шеги кои никој освен вас не ги разбира. Никој не ја разбира вашата смисла за хумор и сите се чувствуваат изоставени кога вие две хистерично се смеете.rnrn6. Вие можете да поминете денови, месеци и години разделени, а веднаш штом се видите сè да биде како порано. Времето не е важно за вас две. Вашето пријателство е силно и константно, без разлика колку време поминало.rnrn7. Вие не можете да останете лути подолго време. Во ред, понекогаш може да дојде до некоја караница, но не можете да замислите никогаш повеќе да не зборувате. Се извинувате бидејќи знаете дека ќе биде голема загуба ако изгубите пријателка како неа. Таа го прави истото.rnrn8. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога имате важни новости. Без разлика дали таа вест е од големо значење за вас или пак е мала, секојдневна новост, таа е првата со која ја споделувате.rnrn9. Таа ќе ви ја каже вистината дури и кога е болна. Добрата пријателка ќе ви каже „бела“ лага за да ве расположи. Најдобрата пријателка ќе ви ја каже „грдата“ вистина, бидејќи таа знае дека така е најдобро за вас. Таа нема да ви каже дека ѝ се допаѓа момчето со кое излегувате, кога во суштина не може да го поднесе. Таа знае дека вие го заслужувате најдоброто и секогаш ќе се погрижи да го добиете.

  • 12 прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте во врска со вашата сродна душа

    12 прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте во врска со вашата сродна душа

    Сте се почувствувале ли како отсекогаш да сте го познавале вашиот партнер? Со секоја нова насмевка, шепот или прегратка вие едноставно не можете да не помислите дека сте ја познавале оваа личност од претходно, од некое друго време, на некое друго место… Па, доколку сакате да откриете дали сте ја пронашле вашата сродна душа, поставете си ги следниве едноставни прашања…rnrn12 прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте во врска со вашата сродна душаrnrn1. Дали личноста која ми се допаѓа има физички, емотивни, интелектуални квалитети и вредности кои ги посакувам?rnrn2. Имаме ли заеднички цели, вредности и идеи?rnrn3. Имаме ли меѓусебна доверба?rnrn4. Дали се цениме еден со друг?rnrn5. Дали си даваме доволно простор за автономија (самостојност, независност)?rnrn6. Дали комуницираме на јасен и фер начин?rnrn7. Успеваме ли да се договориме и тогаш кога нашите гледишта се различни?rnrn8. Дали и двајцата чувствуваме дека сме поврзани?rnrn9. Дали меѓусебно се почитуваме?rnrn10. Се чувствувам ли прифатена онаква каква што сум?rnrn11. Го/ја прифаќам ли и него/неа во целост?rnrn12. Покрај тоа што сме љубовници, дали сме и пријатели?rnrnМногу е важно да имате голема почит кон себе со цел да изградите добри меѓучовечки односи. Доколку не се сакате самите себеси, многу е тешко да успеете да сакате друга личност на здрав начин. Доколку се почитувате и знаете како да бидете сами, вие и ќе се поврзете со партнерот од љубов, а не затоа што имате потреба од него/неа. Исто така не треба да се обидувате да ги контролирате другите, да ги наметнувате вашите идеја и правила, туку едноставно опуштете се, бидете флексибилни и уживајте во животот.rnrnОнаа личност која не се предава и која прави сè што е можно за да се промени кон подобро, но ги прифаќа во целост и оние работи врз кои нема влијание е токму онаа личност која не бара многу, но добива премногу. Оваа личност не е зависна од својот партнер, туку е со него или неа затоа што чувствува поврзаност необјаснива со зборови. Токму тоа и покажува дека сте ја нашле вашата сродна душа…

  • 3 заблуди поради кои ќе ја пропуштите можноста да го најдете совршениот партнер онлајн

    3 заблуди поради кои ќе ја пропуштите можноста да го најдете совршениот партнер онлајн

    Барањето љубов онлајн во некои земји е одамна хит, а и кај нас веќе сѐ поголем број луѓе им даваат шанси на социјалните мрежи со цел на таков начин да го запознаат потенцијалниот партнер. Ако се одлучите да се зачлените на кој било сајт за запознавање сродни души сигурно ќе се сретнете со некои заблуди кои уште на почеток можат да ве обесхрабрат. Овие 3 се најлоши и во нив секако не треба да верувате – барем додека не пробате.rnrn0-3-zabludi-poradi-koi-kje-ja-propushtite-mozhnosta-da-go-najdete-sovrsheniot-partnerrn

    1. Само губитниците бараат љубов онлајн

    rnКога би морале да го замислите просечниот корисник на некои од страниците за пронаоѓање љубов веројатно напамет би ви паднало дека изгледа вака: буцкав, неугледен и несмасен човек кој едноставно нема доволно храброст да зборува во живо со жена. Секако дека има такви, но поголемиот број сепак се нормални луѓе.rn

    2. Ризикуваш средба со манијак!

    rnПријателите ви ја полнат главата со тоа дека момците од онлајн страниците за состанување, иако изгледаат како нормални луѓе, во живо се тотални манијаци. Во ред, дури и да налетате на некој таков, тоа не значи дека сите кои љубовта ја бараат онлајн се манијаци. Всушност на лудак можете да налетате и во секојдневниот живот, зар не?rn

    3. Срамота е

    rnИако живееме во ера кога поголемиот дел од работите функционираат преку интернет, на луѓето и понатаму им е срам да признаат дека запознале некого онлајн. Но ако на ваков начин ја пронајдете љубовта на вашиот живот и со него/неа остварите прекрасна врска, дали воопшто е битно дали сте се запознале во реалниот или во виртуелниот свет?

  • Астролошка прогноза: Дали ќе ја сретнете вашата сродна душа до крајот на годинава?

    Астролошка прогноза: Дали ќе ја сретнете вашата сродна душа до крајот на годинава?

    Измина пола од оваа календарска година, а наспроти сите очекувања и прогнози, вие сè уште трагате по личноста за која ќе можете да кажете дека е вашата сродна душа. Еве ги прогнозите на астрологијата.rnrn0-ljuboven-horoskop-godina-na-vozdusnite-iognenite-znaci-kafepauza.mk (2)rn

    Овен

    rnВашата упорност и дрскост ќе ја изморат личноста која ви се допаѓа. Младите дами ќе ги почувствуваат заводливите погледи на некој Лав или Водолија, а посилниот пол може да налета на горделив Близнак или Стрелец кого не го држи место.rn

    Бик

    rnОтсекогаш сте се труделе да бидете забележани од личноста која ви се допаѓа. Некоја припадничка на понежниот пол во знакот Рак ќе биде импресионирана од вашиот заштитнички став, а Девицата ќе биде освоена од сигурноста која зрачи од вас. Ако сте дама, тешко ќе му одолеете на некој упорен Јарец или на некоја еротична Риба.rn

    Близнаци

    rnВашиот забавен и весел карактер ќе ви донесе некој шармантен припадник во знакот Вага или енигматична Водолија, ако тоа веќе не се случило. Кај посилниот пол изненадно ќе се појави огромна привлечност кон некоја претставничка на Лав или Овен.rn

    Рак

    rnПоради вашата романтична природа не можете да се заситите од нежности, а тоа го знае личноста која ви се допаѓа. Некоја сензуална Риба или Скорпија ќе успеат да го привлечат вашето внимание, особено ако сте припадничка на понежниот пол. Машките Ракови треба да обрнат внимание на некој Бик или Девица кои веќе ги познаваат. Можеби во нив се крие вашата сродна душа.rn

    Лав

    rnИако често паѓате на надворешниот лажен сјај, сепак секогаш успевате да препознаете искрени емоции. Особено кога тие потекнуваат од страсниот Овен или романтичната Вага. Ако сте припадник на посилниот пол, нема лесно да можете да одолеете на духовитоста на Близнакот или на опуштеноста на лежерниот Стрелец.rn

    Девица

    rnНа вашата практична и перфекционистичка природа најмногу ѝ е потребно малку релаксација во друштвото на забавниот Бик, а може да ве освои и доминантниот Јарец. Машките претставници веројатно ќе ги привлече некоја Скорпија или Рак.rn

    Вага

    rnВие важите за еден од најшармантните знаци. Тоа значи дека спротивниот пол нема да може да одолее на вашиот шарм. Некоја недостижна Водолија или некој духовит Близнак ќе успее да го привлече вашето внимание. Ако сте припадник на посилниот пол, со огромна леснотија ќе заинтригирате некоја припадничка на Стрелец или Лав.rn

    Скорпија

    rnПоради вашата харизма и таинственост вие никогаш не би можеле да останете незабележани. Може да имате среќа со некоја емоционална припадничка на знакот Рак или со еротична Риба. На дамите во знак Скорпија може да им се допадне некоја срамежлива Девица или воздржан Јарец.rn

    Стрелец

    rnСпонтаноста, веселоста и релаксираноста ќе ви донесат некој великодушен Лав или луда Водолија кои ретко можат да одолеат на вашиот неодолив шарм. Машките претставници ќе налетаат на некоја страсна припадничка на Овен или тактична Вага.rn

    Јарец

    rnВашиот знак е воден од Сатурн кој после 28,5 години успеал да влезе во вашето астролошко поле на тајните и потсвеста. Тоа значи дека може да влетате во паралелна или тајна врска со Девица или Скорпија. Ако сте дама, никако нема да можете да одолеете на заводливите погледи на мистичната Риба или лежерниот Бик.rn

    Водолија

    rnСо секоја ваша постапка уживате да ги шокирате луѓето околу вас. Зошто љубовните врски би биле исклучок? Може да наидете на некоја Вага која ќе биде привлечена од вашиот неспокоен дух или од некој Близнак на кого нема да му сметаат постојаните промени на планот. Припадничките на знакот Водолија може да запознаат некој Стрелец или Овен.rn

    Риби

    rnКаде и да се појавите, вашата сензуалност и еротичност не можат да останат незабележани, особено ако сте припадничка на понежниот пол. Една таинствена Скорпија или упорен Рак можеби ќе успеат да ве освојат. Рибите од посилниот пол ќе успеат да ги освојат погледите на Јарецот или Бикот.

  • Хороскоп според старите Римјани: Како да ја препознаете својата сродна душа?

    Хороскоп според старите Римјани: Како да ја препознаете својата сродна душа?

    Дали вие веќе ја имате оваа личност во вашиот живот, или пак тој или таа ве чека зад следниот агол? Пронајдете го вашиот знак и откријте каде се крие вашата сродна душа…rnrnХороскоп според старите Римјани: Како да ја препознаете својата сродна душа?rn

    Овен

    rnВие сте упорни и дрски, па не се откажувате сè додека не го изморите „противникот“, односно личноста која ви паднала во очи. Младите дами можат да се најдат на мета на додворување од страна на Водолија или Лав, додека посилниот пол може да му се допадне на нескротливите Близнаци или Стрелци кои не можат да седат мирни на едно место. Вие можете да ја запознаете вашата љубов на забавите кои ги посетувате.rnrnМожат да ви се појават емоции и кон личност која е од странство и која сте ја запознале за време на патување. Оние кои веќе имаат врска, исто така можат да влезат во паралелна или забранета тајна врска во која ќе доминира страста.rn

    Бик

    rnНикој од другите хороскопски знаци не може да се бори со вашиот шарм и упорност. Вие секогаш се трудите да оставите силен впечаток на онаа личност која ви се допаѓа. На Ракот му се допаѓа вашиот заштитнички став, додека пак, на Девицата безбедноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе одолеете на упорниот Јарец или егзотичната Риба.rnrnВие можете да запознаете некој за време на пролетта, па водете се од страстите и емоциите. Доколку врската се движи побавно, исто како што вие би сакале, тоа значи и дека таа не би траела долго. Вие можете да развиете силни емоции за личност од вашето родно место.rn

    Близнаци

    rnВие сте весели, духовити и забавни, па во вашето друштво никогаш никому не му е здодевно. Ова може да им одговара на шармантната Вага или таинствената Водолија, особено ако сте жена. Машките претставници на овој знак, можат ненадејно да бидат привлечени од Лав или Овен.rnrnМожностите за нова врска постојано ви доаѓаат сами, па токму затоа не мора да се трудите многу на тоа поле. Но, имајте на ум дека и покрај тоа што не мора да се потрудите за почетокот, доколку сакате вашата нова врска да трае, тогаш ќе треба да вложите малку и од себе во неа. Најголемиот предизвик за одржување на врската кај вас е чекањето и трпеливоста.rn

    Рак

    rnВие сте романтични и никогаш не ви е доволно од нежности, па токму тоа и јасно ѝ го давате до знаење на личноста која ви се допаѓа. Доколку станува збор за Скорпија или сензуална Риба, тие веднаш ќе знаат дека го привлекле вашето внимание, особено ако сте припадничка на понежниот пол. Мажите Ракови треба да обрнат внимание на Бик или Девица кои веќе ги познаваат.rnrnБез разлика дали сте сами или имате партнер, во вашиот живот може повторно да се појави бивш партнер кој целосно ќе го размрда.rn

    Лав

    rnВие сте страсни и топли, често паѓате на надворешниот сјај, но умеете да ги препознаете искрените емоции. Особено ако тие доаѓаат од страсниот Овен или романтичната Вага. Ако сте мажи, нема лесно да можете да одолеете на духовитите Близнаци или спонтаните и лежерни Стрелци.rnrnСекоја личност која влегува во вашиот живот го прави тоа со причина. Токму затоа обидете се да ја одберете онаа личност која може да ви овозможи сигурност и стабилност, а не забава и моментално задоволство.rn

    Девица

    rnНа вашата практична и перфекционистичка природа најмногу ѝ одговара опуштање во друштво на весели личности кои умеат да уживаат. Тоа може да биде еден Бик, иако исто така ви одговара и доминантниот Јарец. Доколку сте претставници на посилниот пол, големи се шансите дека ќе ве привлече Скорпија или Рак.rnrnПартнерите можете да ги запознавате во својот роден крај или друго познато окружување. Често се случува и некој од вашата фамилија да ви биде стројник.rn

    Вага

    rnВие сте едни од најшармантните карактери, па токму затоа и спротивниот пол едноставно се „лепи“ за вас. Една нескротлива Водолија или пак, зборлест Близнак би можеле лесно да го привлечат вашето внимание. Доколку сте мажи, вам нема да ви биде тешко да се заинтересирате за Стрелец или Лав.rnrnСамата суштина на Вагите е љубовта, па токму затоа припадниците на овој пол постојано се во потрага по љубов, правејќи голем број прилики со цел да ги активираат своите емоции.rn

    Скорпија

    rnПоради вашата харизма и мистериозност, вие никогаш нема да останете незабележени и секогаш ќе зрачите со сексапил. Вие можете да влезете во врска со еден пречувствителен Рак или еротична Риба, додека пак на дамите може да им се допадне некоја срамежлива Девица или воздржан Јарец.rnrnВие ќе имате можност некое пријателство да го претворите во љубов, но тоа може да биде и непромислена одлука. Од друга страна пак, никогаш не ја исклучувајте можноста дека некој од вашите пријатели може да ве запознае со личност која целосно ќе ги исполни сите ваши очекувања.rn

    Стрелец

    rnВие сте спонтани и природни, весели и опуштени, како и вистински магнети за некој великодушен Лав или „откачена“ Водолија кои ретко би можеле да одолеат на вашиот шарм. Машките претставници на овој знак можат да забележат страстен Овен или тактична Вага.rnrnВие можете да влезете во врска во која ќе има голема разлика во годините, начинот на живот и културата. На оваа врска ќе треба долго да се прилагодувате, но ако успеете во тоа, вие ќе најдете стабилен и вистински партнер кој ќе остане со вас до крајот на вашиот живот.rn

    Јарец

    rnМожете да влезете во паралелна или трајна врска со одредена Девица или Скорпија. Ако сте дама, нема да останете имуни на додворувањето на мистична Риба или лежерен Бик.rnrnКај вас емоциите и врските не се менуваат многу често, па доколку личноста е активна, може да се задржи подолго време во вашиот живот. Ако не ја контролирате љубомората и посесивноста може да дојде до прекин на односот поради недоверба.rn

    Водолија

    rnВие уживате да ја шокирате околината за сè, па зошто љубовниот однос да биде нешто поразличен? Можеби вам ќе ве интересира некоја Вага кај која ќе ви се допадне немирниот дух или пак, некој Близнак кој нема да му смета тоа што постојано ги менувате плановите. Жените Водолии можат да запознаат Стрелец или Овен.rnrnВие можете да го помешате пријателството со љубовта, па токму затоа бидете сигурни пред да ги покажете своите вистински чувства. Исто така обидете се да бидете искрени кон партнерот бидејќи секоја тајна може само да ви штети.rn

    Риби

    rnВашата сензуалност и еротичност не може да остане незабележана, особено ако сте дами. Една таинствена Скорпија или упорен Рак може да направи сè за да ве освои. Доколку сте маж, вие можете многу лесно да освоите Јарец или Бик.rnrnВие можете да запознаете личност на интернет, но немојте пребрзо да оддавате многу информации за себе бидејќи можете да се разочарате. Оние кои имаат среќа да ја запознаат својата сродна душа, целосно ќе се препуштат на овој однос. Обидете се да се држите настрана од оние личности со кои ќе имате патолошки односи, бидејќи на тој начин само ќе се оддалечувате од среќата.

  • Следете ги овие 3 чекори и ќе ја откриете љубовта на вашиот живот

    Следете ги овие 3 чекори и ќе ја откриете љубовта на вашиот живот

    Многумина веруваат дека нивната сродна душа е само една личност на оваа планета која во секој поглед е совршена за нив и на која со сигурност, во одреден момент од животот, ќе налетаат. Но, тоа е далеку од вистината. За да ја откриете љубовта на вашиот живот вие мора да бидете отворени, искрени и подготвени да се предадете себе на некој друг. Вие мора да сте храбри за да бидете ранливи пред личност која ќе ве познава во секое светло. За да го постигнете тоа, следете ги овие 3 чекори…rnrnСледете ги овие 3 чекори и ќе ја откриете љубовта на вашиот животrn

    Прв чекор

    rnНајголемата тајна за привлекување на вашиот совршен љубовник или сродна душа е целосно да се прифатите самите себеси. Доколку се сакате, со сите свои маани, слабости и несигурности, вие без сомнение ќе се претворите во магнет за љубов. Како би можел да очекувате да ве сака некој друг, ако ни вие не се сакате себе? Кога се чувствувате убаво во вашата кожа, вие многу полесно ќе ја отворите вратата кон интимноста со друга личност. Не е важно дали ќе станува збор за романтична љубовна врска или за бил кој друг вид поврзување.rn

    Втор чекор

    rnСледната тајна е вежбањето да одржувате контакт со очи. Кога сте доволно храбри да ја спуштите вашата заштита и да си дозволите да останете во подолг контакт со очи со друга личност, овозможувајќи им да ја погледнат вашата душа преку нив, тоа значи дека вие сте си дозволиле повторно да бидете отворени и ранливи. Потребно е да најдете начин како да го соблечете вашиот оклоп и да соберете храброст да ѝ верувате на новата личност во вашиот живот дека ќе се грижи за вас. Долгото и длабоко набљудување на „душата“ на друго човечко суштество е едно од најмоќните и најхрабрите дела кои еден човек може да ги направи за себе.rn

    Трет чекор

    rnУште еден начин на кој можете да ги подобрите вашите „љубовни вибрации“ е доколку стапите во контакт со вашиот внатрешен духовен борец. Некаде длабоко во вас постои нескротлив и незаситен слободен дух кој само вие можете да го откриете. Доколку сакате да го најдете овој ваш дел, почнете постепено да истражувате во себе. Кога ќе се отворите и ќе го поделите она што не може да биде поделено со некој, тогаш сите ваши стари штитови од минатото ќе паднат и вие ќе се покажете себеси во вистинското светло.rn

    Дополнителен совет: Како да го напуштете целиот ваш страв?

    rnДоколку сакате да живеете добар живот, мора да научите како слободно да љубите и целосно да го напуштите вашиот страв. Замислете како би било да се сака некој доколку тој никогаш не би можел да повреди. Токму тоа е вистинска љубов која може да привлече многу сродни души за време на вашето патување низ животот.rnrnНа почетокот може да биде малку тешко да ги промените сите ваши однесувања, заштити, криења и избегнувања со цел да постигнете повисоко ниво интимност со друга личност, но доколку сте искрени со себе и постојано сте насочени кон она што се случува во вас, тогаш нема да ви биде потребно многу време да го постигнете тоа.rnrnНе се плашете да преземате одговорност за тоа што го наоѓате во себе и дозволете си повеќе време за анализа на сите оние ѕидови кои сте си ги изградиле со страв. Кога ќе воочите од каде доаѓа изворот на вашиот страв, тогаш истиот ќе можете и да го надминете. Работите стануваат многу едноставни кога ќе сфатите што е тоа што ве спречува да живеете во целост и да љубите со целото ваше срце.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен тест: Дали сте ја пронашле вашата сродна душа?

    Љубовен тест: Дали сте ја пронашле вашата сродна душа?

    Сакате да дознаете дали личноста со која сте во врска е вашата сродна душа? Можеби резултатите од овој тест ќе успеат да ви помогнат да ја откриете вистината…rnrnЉубовен тест: Дали сте ја пронашле вашата сродна душа?rn

    1. По долготрајно чекање, откако конечно ќе ја видите, што би ѝ кажале на личноста која ја сакате?

    rnа) Среќо моја, конечно дојде!rnrnб) Кај си ти досега? Премногу долго те нема!rnrnв) Пак касниш, намерно или ова треба нешто да значи?rnrnг) Те фати гужва?rn

    2. Колку пати годишно ви се случува да си пратите СМС порака во исто време?

    rnа) Мислам дека тоа никогаш не ни се случило.rnrnб) Неколку пати, случајно.rnrnв) Често, тоа е доказ дека во исто време размислуваме еден за друг.rnrnг) Не обрнувам внимание на тоа, не знам.rn

    3. Како ѝ искажувате љубов на личноста која ја сакате?

    rnа) Со прегратка во тишина, зборовите се непотребни бидејќи тој/таа знае дека го/ја сакам со целото срце.rnrnб) Му/ѝ купувам некоја ситница за да биде опкружен/а со подароци кои го/ја потсетуваат на мене.rnrnв) Одвреме-навреме кажувам „Те сакам“.rnrnг) Од сè по малку, и подароци и убави зборови.rn

    4. Со кој пар од животинскиот свет би се споредиле?

    rnа) Коњиrnrnб) Богомолка и пајакrnrnв) Славеиrnrnг) Зајациrn

    5. На кое место би излегле со вашиот партнер?

    rnа) Во клуб или дискотека, на забава до утро.rnrnб) На песочна плажа, покрај зајдисонце и звук на гитара.rnrnв) Прошетка во природа.rnrnг) На вечера.rn

    6. Во нумеролошкиот свет, со која бројка би се споредиле вие и љубениот/љубената?

    rnа) 11rnrnб) 007rnrnв) 50rnrnг) 1.000.000.000.000rn

    7. Кои анимирани ликови најдобро би ве опишале вас и љубениот/љубената?

    rnа) Том и Џериrnrnб) Убавицата и Ѕверотrnrnв) Којотот и Брзата птица итрицаrnrnг) Штрумфета и Гаргамелrn

    8. Која годишна сезона најдобро ја опишува вашата врска?

    rnа) Зимаrnrnб) Летоrnrnв) Есенrnrnг) Пролетrn

    9. Кое овошје според својот вкус ве потсетува на вашиот партнер?

    rnа) Грозјеrnrnб) Јагодаrnrnв) Лимонrnrnг) Бананаrn

    10. Што најмногу ве асоцира на личноста во која сте вљубени?

    rnа) Ружаrnrnб) Небоrnrnв) Гитараrnrnг) Срцеrn

    11. Која боја ве потсетува на вашата љубов?

    rnа) Зеленаrnrnб) Црнаrnrnв) Синаrnrnг) Жолтаrnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бодување:” active=”false”]rnrn1. а – 5; б – 3; в – 4; г – 2rnrn2. a – 2; б – 4; в – 5; г – 3rnrn3. a – 5; б – 2; в – 3; г – 4rnrn4. a – 3; б – 2; в – 5; г – 4rnrn5. a – 3; б – 5; в – 4; г – 2rnrn6. a – 5; б – 2; в – 4; г – 3rnrn7. a – 3; б – 5; в – 2; г – 4rnrn8. a – 3; б – 4; в – 2; г – 5rnrn9. a – 2; б – 5; в – 4; г – 3rnrn10. a – 4; б – 2; в – 5; г – 3rnrn11. a – 2; б – 5; в – 4; г – 3rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rn

    Резултати:

    rn

    Средно жалосно (22-34)

    rnЗа жал, вие не сте со личноста која може да биде вашата сродна душа. Но, сепак не грижете се, ако оваа личност вистински ве прави среќни, нема место за паника и тага. Времето најверојатно ќе покаже дека не сте еден за друг, но тоа не е причина за несреќа. Секоја личност има своја сродна душа, па ако со некој не ви оди, на негово/нејзино место ќе дојде некој друг. За љубовта никогаш не е доцна.rn

    Златна средина (35-40)

    rnВие сте среќни покрај личноста во која сте заљубени. Можеби не станува збор за совршена и целосна среќа за која сите сонуваат, но дефинитивно можете да бидете задоволни. Во секоја врска постојат подеми и падови, но тие како што доаѓаат така и поминуваат. Токму затоа не дозволувајте да ве обесхрабрат лошите моменти и да ве натераат да се посомневате во она што сте го изградиле со вашиот партнер. Најдете начин заедно да ги решавате проблемите и на тој начин ќе ја градите и вашата среќа.rn

    Сродна душа (41-55)

    rnМожете веднаш да престанете со вашата потрага, бидејќи сродната душа ви е онаа личност која во моментов е пред вас! Уживајте во вашата среќа и немојте да ја криете ни пред партнерот ни пред другите луѓе. Не дозволувајте ситните несогласувања да ве натераат да верувате дека не сте совршени еден за друг. Вие лесно ќе ги надминете сите потешкотии на кои ќе налетате во животот бидејќи знаете дека станува збор за вистинска љубов.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Постојат 4 видови љубовни врски – откријте која е вашата!

    Постојат 4 видови љубовни врски – откријте која е вашата!

    Не може сите врски да траат вечно, па и не треба. Некои врски се само мост кон нови искуства и созревање на личноста, додека други, штом се оформат се толку силни, што ќе траат до крајот на животот.rnrnСпоред брачната терапевтка и психолог д-р Кармен Хара, постојат 4 видови љубовни врски, но тоа не значи дека не може да ги искусите сите во животот. Тие зависат од волјата и судбината и не е лесно да ги препознаете. Но секој љубовен однос треба да се анализира и да се категоризира. Иако ова не звучи многу романтично, сепак помага за личниот развој и за подобрување на квалитетот на животот.rnrnHappy couple embracing and laughingrn

    Преодна љубовна врска

    rnТаа е своевиден мост помеѓу две фази од процесот на созревање. Може да поттикнува на промена или да го ублажи товарот од претходната врска. Кај младите може да биде совршена лекција за тоа каква треба да биде љубовта, а после развод може да помогне во брзото лечење на раните. За жал, како што и самото име сугерира, ваквите врски најчесто со краткотрајни, но сепак се и многу благодарни, бидејќи им помагаат на луѓето да дојдат до нов, подобар стадиум од животот.rn

    Кармичка љубовна врска

    rnКармата е спој на сето добро и сето лошо што сме го направиле во животот, а нејзината мана и нејзината предност истовремено, е во тоа што се повторува. Заради тоа ваквите врски се многу интензивни. Кармичките љубовни врски исполнуваат и збогатуваат, без разлика на траењето. Тие подразбираат одредена акција, било да е тоа прекинување на причината за одредено однесување или поновување на иста ситуација. Како на пример, прекинување на долгогодишна врска по запознавање на сродната душа. Врските со сродни души едноставно значат дека имате посебен однос и нешто што ве привлекува кон таа личност без оглед на сѐ.rn

    Компромисна врска

    rnОвој вид врски е најчест и претставува спој на луѓе кои ги поврзува емоционална или финансиска стабилност. Најчесто парот останува заедно заради децата и комфорот. Поединците во оваа врска не ја напуштаат сигурната зона бидејќи се плашат да бидат сами или да бараат нов партнер. Задоволни се со постоечкиот, но не се потполно среќни. Сепак тоа не ги спречува да не го поминат целиот живот заедно.rn

    Врска со сродна душа

    rnОваа врска се протега надвор од психичките и физичките нивоа. Ретка е, но штом започне, ќе трае цел живот. Се карактеризира со интензивна поврзаност помеѓу партнерите. Тие толку многу се разбираат што буквално можат меѓусебно да си ги завршуваат речениците. Овие се и најдобри пријатели и веруваат дека заедно можат да ги победат сите незгоди. Тоа не значи дека немаат проблеми, само што полесно ги решаваат од другите парови.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“

    Лекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“

    10 години нè забавуваа смеејќи нè до солзи, нè шармираа со својата глума, но и нè поучија за некои работи во животот. Серијата „Пријатели“ ќе остане како едно од најпопуларните и најуспешните шоуа во историјата. Оригинални, забавни и неповторливи. Вреди да направиме еден ретро-преглед на најголемите лекции кои сме ги научиле гледајќи ја оваа серија.rnrnЛекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“rnrn

    Секој си има сродна душа

    rnrnВо серијата изобилуваа секакви карактери и неретко можевме да се поистоветуваме со нив. Бубалици, опседнати со чистота, по малку чудни, луѓе со несфатлива смисла за хумор, оние со навика да биде по нивно, разведени, несериозни итн… што всушност на некој начин нагласува дека никој не е совршен, па дури ни во филмовите. Она што со сигурност го научивме од ултрапопуларната серија е дека секој, без разлика на своите мани и негативности, може да си најде некој спроти себе. Некој кој ќе го сака, разбира, дури и обожува сето она што е чудно кај него. Што би рекол Рос, секој си има свој јастог.rnrnЛекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“rnrn

    Секогаш бидете сигурни кон што се стремите и што сакате

    rnrnМоника беше вљубена до уши во Ричард, но паметно реши да ѝ стави крај на врската која немаше никаква иднина. Кога очигледно и двете страни имаат различни интереси, сфаќања, погледи за иднината и животни очекувања, врската се претвора во губење време и уште посилно кршење на срцето.rnrn

    Секој понекогаш има лош ден

    rnВо серијата во многу наврати главните ликови имаа лош ден и искусуваа несреќни моменти. Но пријателството е како лековита билка. Пријателите се оние кои ве вадат од каша и ве развеселуваат на нивен уникатен, можеби и по малку чуден начин.rnrnЛекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“rnrn