Дали сродните души навистина постојат? За да можете да го одговорите ова прашање, прво морате да го дефинирате зборот „сродна душа“.rnrnПлатон се залагал за следнава теорија: Според грчката митологија, луѓето најпрво биле создадени со четири раце, четири нозе и глава со две лица. Зевс се исплашил од нивната моќ и ги разделил на два посебни дела, осудувајќи ги да го поминат нивниот живот во потрага по нивната друга половина… Љубовта се раѓа во секое човечко битие, ги повикува половините од нивната оригинална природа да се соединат повторно заедно. Се обидува да направи едно од две и да ги излечи раните на човечката природа.rnrn
rnrnНекои луѓе веруваат дека сродните души доаѓаат во многу форми и исполнуваат различни потреби. Можеби верувате во идејата дека сродните души се под влијание на кармата. Луѓето кои доаѓаат во вашиот живот ви помагаат да научите важни животни лекции. Соединети сте заедно за да научите нешто еден од друг и потоа се разделувате исто толку брзо колку што сте се споиле веднаш штом ја научите лекцијата.rnrnИли можеби верувате во идејата за романтична сродна душа: Некој со кого имате одлична сексуална хемија, но што е уште поважно и интензивно, топло чувство на емотивна поврзаност, удобност и сигурност. Таа личност инстинктивно прави да се чувствувате како дома и сакате да бидете со неа што е можно повеќе.rnrnА можеби постојат сродни души кои доаѓаат во форма на вечни пријатели?rnrnСте запознале ли некогаш некого со кого веднаш сте се поврзале? Постои моментална поврзаност и се чувствувате како да ја познавате оваа личност целиот ваш живот. Тие го подигнуваат вашиот дух и уживате во нивното друштво без да вложувате труд. Тие остануваат ваши пријатели целиот живот. Тука сте еден за друг во добро и во лошо. Без разлика дали живеете блиску или далеку, секогаш кога ќе се видите ви се чини како да не поминало воопшто време помеѓу средбите.rnrnНекои, пак, веруваат во концептот на близнак по душа. Кога ќе ја запознаете оваа личност, ви се чини како да сте запознале дел од себе, вашата друга половина. Толку сте синхронизирани, што тоа понекогаш ве плаши. Разбирате веднаш сѐ што ќе ви каже и се смеете хистерично додека не снемате воздух. Никогаш не можете да се излажете бидејќи толку добро се познавате. Не мора да станува збор за личност со која сте во љубовна врска. Тоа може да биде некој ваш пријател, пријателка, колега од работа…rnrnБез разлика на тоа дали верувате во сродни души или не, веројатно постои некоја вистина во овој концепт бидејќи сигурно на сите ви случило да запознаете некоја личност со која веднаш сте почувствувале инстантна конекција. Бидете отворени кон нови познанства и бидете слободоумни. Вашата сродна душа можеби ве чека зад аголот!
Tag: сродна душа
-

За да ја пронајдете вашата сродна душа прво мора да разберете што значи тој поим
-

5 ситуации во љубовната врска кои ги преживуваат само сродните души
Секоја врска доживува подеми и падови, среќни и несреќни настани, денови исполнети со љубов и нежност и денови исполнети со караници и лутење. Тешките моменти се неминовен дел од секоја врска, но најважно е да успеете да ги пребродите заедно и да ве направат посилни. Доколку и покрај сите лоши работи вие успевате да ја сочувате насмевката на вашето лице затоа што тој е покрај вас, нема сомнеж дека за оваа личност вреди да се борите. Ова се 5-те ситуации кои ако сте ги преживеале и понатаму сте останале заедно, немојте да се двоумите повеќе – вие засекогаш ќе останете заедно!rnrn
rn1. Сте отишле на одмор и сè тргнало наопаку
rnВеројатно сте очекувале дека заедничкото патување и првиот одмор ќе бидат идеални, но за жал баш тогаш може сè да тргне на лошо. Лошо време, уште полош хотел, неисполнети очекувања, здравствени проблеми… Но, доколку и покрај сите овие проблеми вие сепак се смеете и се забавувате, може да се каже дека сте ја нашла вашата сродна душа.rn
2. Неговите родители не ве сакаат (или обратно)
rnЗапознавањето на родителите секогаш било и ќе биде стресно. Нормално дека сакате да оставите добар впечаток и да им се допаднете, па подготвени сте и лошиот ден да го претворите во добар само за да ве засакаат. Доколку од некоја причина сепак не успеете да ги придобиете, а тој ве сака исто како и првиот ден и нивното мислење не му е пресудно затоа што знае што има покрај себе, вие сте навистина среќница!rn
3. Некој од неговото друштво не ве сака
rnНе постои апсолутно никаква причина зошто да не ѝ се допаѓате на неговата другарка, ама едноставно гледате дека девојката не ве „мириса“ баш. Можеби дури и му вели: „Ти можеш и подобро“. Но, тој не сака подобро и не знае за подобро, затоа што според него вие сте тоа најдоброто! И без оглед на коментарите на неговата пријателка, свесен е што има покрај себе, па затоа и ве чува и сака.rnrn
rn4. Одите на настани каде тој ги знае сите, а вие никого
rnУште еден кошмар како оној со запознавањето на родителите. Меѓутоа, ако ја преживеете оваа социјална драма и сфатите дека всушност ви било пријатно и убаво затоа што тој имал фантастичен пристап кон целата ситуација, вие имате личност со која би можеле да преживеете и бродолом.rn
5. Ги знаете сите негови тајни, си ги завршувате речениците еден на друг, имате заеднички цели и не можете да си замислите ниту еден ден без него
rnСо други зборови: Вие сте навистина еден за друг!
-

Прекрасна јапонска легенда: Приказната за црвениот конец на судбината
Уште од самиот почеток луѓето се прашувале и сѐ уште се прашуваат за значењето на животот. Во сите агли на светот потрагата за крајниот одговор покренала разни филозофски предавања и неверојатни, волшебни легенди. Во тој контекст, прочитајте ја приказната за црвениот конец. Со потекло од Јапонија, оваа легенда ги објаснува животните мистерии на начин кој многумина го сметаат за романтичен, па дури и веројатен. Доколку судбината како ентитет навистина постои, тогаш да се надеваме дека функционира токму така како што е опишана овде.rnrn
rnrnЗатворете ги очите и замислете дека вашето тело е транспарентно. Можете ли да си ги претставите комплексните мрежи на крвни садови кои ги поврзуваат сите делови на вашиот организам? Нашето постоење се должи на овие испреплетени линии. Сега, замислете го оној посебен канал во системот кој ги спојува вашето срце со вашето мало прсте. Формиран од улнарната артерија, овој канал го прави вашиот најмалку забележлив прст вистински претставник на срцето. Поради оваа причина, во многу култури во светот, се вели дека кога двајца треба да се смират или да направат завет, тоа го прават со своите мали прсти.rnrnСпоред јапонската легенда, овој канал кој произлегува од срцето не завршува на врвот од малото прсте, туку продолжува во еден невидлив црвен конец кој лебди во воздухот и се поврзува со црвените конци на другите луѓе – поврзувајќи го вашето срце со нивното. Двајца кои се поврзани на овој начин се всушност поврзани од судбината. Порано или подоцна, ним им е судено да се сретнат, независно колку се оддалечени еден од друг или колку нивните животи се разликуваат. Конецот понекогаш може да се истегне и да се заплетка, што може да ја отежни судбоносната средба, но оваа поврзаност никогаш нема да се скрши.rnrnВаквата гледна точка на животот и врските ја создала холистичката филозофија во која се вели дека главната есенција и важност во и на животот не е ограничена со нашата физичка форма. Холистите тврдат дека ние сме едно со универзумот и го гледаат црвениот конец како еден од начините на кои може да се разбере тоа единство. Сте помислиле ли некогаш: „Оваа личност постои во мојот живот со причина?“ Според холистичките ставови, вие сте во право и можеби судбината веќе ве довела до оној момент кога можете да правите промени во туѓите животи.rnrnОваа филозофија аргументира дека, иако сѐ уште не го разбираме тоа, нашите животи се движат во една предодредена насока, предводени од невидливите конци кои се вткаени во материјалот на самиот универзум. И, како што поминува времето, така црвениот конец кој нѐ поврзува со нашите далечни сродни души станува сѐ пократок и пократок. Затоа, Јапонците велат:rn„Нашиот свет е преполн со пречки и предизвици, но ништо не се случува без причина.“
-

5 клучни разлики помеѓу сродна душа и животен партнер
Постојат многу погрешни сфаќања за значењето на сродната душа, како и за тоа на животниот партнер. Сродната душа е личност која доаѓа во вашиот живот за да ве научи, збогати, да ве турка напред и да ви помогне да станете многу посвесни за своето постоење. Животниот партнер е придружник на кој му верувате и од кој зависите во текот на вашиот живот. Во продолжение следуваат клучните разлики помеѓу сродната душа и животниот партнер…rnrn
rn1. Сродната душа ви помага да ги научите големите животни лекции
rnСродните души можат да влезат во вашиот живот како пријатели, членови од семејството или љубовници. Тие ја пополнуваат страста и желбата која треба да биде научена. Откако задачата или насочувањето ќе биде завршено, вашата сродна душа најчесто си заминува, оставајќи голема болка зад себе.rnrnЖивотниот партнер има слични интереси во вашиот живот. Оваа личност може да биде вашиот најголем фан или столб на сила и поддршка, помагајќи ви да преземате повеќе ризици. За разлика од сродната душа, животниот партнер останува во ваша близина, без разлика на пречките и предизвиците кои следуваат.rn
2. Постои огромна разлика во поврзаноста на душите
rnСродните души имаат длабока поврзаност помеѓу срцето и свесноста. Тие удираат во егото и донесуваат превирања. Врските најчесто се интензивни и преполни со транзиции. Но, сепак овие прекрасни искуства неретко завршуваат со скршени срца. Сродните души носат кармички лекции кои треба да бидат завршени во оваа инкарнација.rnrnЖивотните партнери доаѓаат во оној момент кога постои љубов кон себе и прифаќање. Вие повеќе немате потреба да ја пополните празнината која не може да биде објаснета. Овие партнери имаат слични приказни, па токму затоа и се појавуваат во вашиот живот со цел да останат таму подолго.rn
3. Постои привлечност која ја надминува оваа временска линија
rnКога ќе ја запознаете вашата сродна душа, вие се чувствувате како да сте ги знаеле отсекогаш. Се разбирате еден со друг и имате слични начини на размислување. Вашето детство е исполнето со слични приказни. Токму тука и започнува интензивноста помеѓу сродните души. Вие едноставно „знаете“ дека помеѓу вас постои магнетска привлечност. Овие врски можат да бидат хаотични и деструктивни токму затоа што постои отсликување на мааните и навиките.rnrnОд друга страна пак, животните партнери доаѓаат од различни патишта и потекла. Токму оваа разлика ја зголемува емоционалната поврзаност. Вие сакате да знаете повеќе и да учите еден од друг. Вие се чувствувате лесно во нивното присуство и тоа се претвора во пријателство кое е цврсто и трајно. Љубовта се зголемува со секој нареден ден.rn
4. Сродната душа ве познава интуитивно
rnПостои голема поврзаност помеѓу размислувањето и чувствувањето. Вие ги знаете мислите и желбите на другиот. Сродната душа нема потреба од зборови за да ги искаже своите идеи и емоции. Тие биле онаму каде што сте биле и вие, па знаат како е да се чувствувате на одреден начин.rnrnЖивотните партнери се привлекуваат еден со друг физички, но и тежнеат да ги научат вредностите на другиот. Врската се базира на логичката и интелектуалната стимулација, а не на емоциите од кои се водат сродните души.rn
5. Кога ќе ја запознаете вашата сродна душа, веќе сте имале огромно животно искуство
rnСродните души доаѓаат во специфични моменти кога нешто треба да најде крај. Тие нудат неверојатни лекции кои можат да бидат научени само преку овие врски. Љубовта која се дели е екстатична и понекогаш преполна со тешки препреки. Овие личности се обидуваат да најдат правец во врската која го извлекува најдоброто, но и најлошото во нив.rnrnВрската со животниот партнер е многу лесна. Таа започнува без никаква работа и продолжува да се развива преку секојдневните настани. Не постојат минати или идни приказни кои би манипулирале со оваа врска. Постои само сегашноста. Овие врски се претвораат во здрави бракови бидејќи и двете страни се подготвени да создадат единство додека истовремено остануваат индивидуални и автентични.rnrnЗа крај, постои шанса вашата сродна душа истовремено да биде и вашиот животен партнер. Исто така можно е и врската со животниот партнер да стане длабока поврзаност помеѓу душите. Најголемата разлика помеѓу животниот партнер и сродната душа е дека едниот од нив е избор, а другиот не. Не постои подобро или полошо кога станува збор за овој вид врски. Вашата душа и вашата поврзаност ги создава овие посебни врски. Секоја личност која влегува во вашиот живот е истовремено и учител, но и студент.
-

3-те личности кои треба да ги пронајдете во вашиот живот
Животот се состои од низа интимни односи кои нѐ туркаат кон напредокот и менталното проширување и ни помагаат правилно да растеме и да се развиваме. Сите односи играат голема и клучна улога во нашето разбирање на животот и развојот на нашиот карактер, но некои врски сепак се малку позначајни од другите. Постојат многу видови меѓучовечки односи кои можете да ги имате во животот и неколку од нив се во целост најважни за вашето патување низ животната авантура. Во продолжение прочитајте кои се 3-те архетипски личности кои треба да ги пронајдете во својот живот и кои ќе бидат вашата основа за понатамошниот личен напредок.rnrn
rn1. Вашата сродна душа
rnВашата сродна душа е онаа личност со која соодветствувате и се дополнувате на сите нивоа. Со неа не можете да се чувствувате неудобно. Понекогаш можно е да се расправате, но секогаш ќе го пронајдете решението и тоа искуство на крајот само ќе го зајакне вашиот однос. Кога ќе се сретнете, можете да почувствувате чудна блискост, како да сте избрале да ја вклучите таа личност во својот живот уште пред да се родите. Спротивно на верувањата на поп културата, вашата сродна душа не мора да биде вашиот партнер или љубовта на вашиот живот, ниту пак нужно мора да биде од спротивниот пол. Таа може да се појави како вашата мајка, брат, сестра или најдобриот пријател. Секоја личност ќе ја сретне својата сродна душа во некој момент од нивниот живот. Доколку тоа не ви се случило, прашање е само на време.rn
2. Вашето огледало
rnВашето огледало е личноста која ви ги кажува и покажува работите онакви какви што се. Таа е искрена со вас и не ѝ е гајле дали вистината ќе ве повреди. Тоа што не се грижи за вашите емоции ѝ овозможува да направи влијание кое ќе ја донеси вашата повеќе од потребна трансформација. Но, тука не станува збор за пречувствителност. Тука станува збор за пријателот кој ќе ви каже кога не сте на правилниот пат или кога се однесувате како што не треба. Често се случува и вие да ја имате таа улога на нечие огледало и некому да ги покажувате подрачјата и карактерните особини на кои треба да поработат. Можеби се расправате почесто отколку што е потребно, но под тие аргументи лежи искрена грижа која не може да се разниша. Понекогаш на сите ни е потребен некој што ќе нѐ разбуди кога ќе престанеме да бидеме одговорни.rn
3. Вашиот заштитник
rnВашиот заштитник е вашиот ментор, учител и водич. Тој ви дава инспиративни, охрабрувачки и повратни информации за вашиот живот. Тој ве води и ви помага во најтешките моменти. За некои луѓе, нивниот заштитник може да дојде во облик на еден член од семејството. За други може да се појави во облик на некој кој повеќе не е жив или пак е симбол за некоја висока религиозна сила и спасител, како што се Кришна, Буда, Исус… Важно е да имате некој кој е секогаш во можност да ве поттикне и да ве посоветува во вашето животно патување. Како што подлабоко и посигурно се движите на патот кон вашите цели, така вашиот заштитник постепено ќе станува помалку личен и поопшт. Во оној момент кога ќе ја сфатите својата универзалност и поврзаност со сите, наместо да ги барате одговорите од својот учител, ќе ги барате директно во изворот.
-

8 нешта во животот кои се поважни од наоѓањето сродна душа
Многу луѓе ги поминуваат своите животи фокусирани на идејата и желбата за вистинска љубов. Но љубовта не е единственото нешто кое значи во животот и секако не е единственото нешто за кое треба да се бориме. Погледнете ги следниве 8 нешта кои се многу поважни од вашата потрага по сродна душа.rnrn
rn1. Лојалност од пријателите и саканите
rnБезусловното прифаќање не се случува многу често. Да најдете некој кој ве прифаќа и во најлошото издание е едно од најубавите нешта кои може да ви се случат. Кога можете да сте сигурни дека таа личност ќе остане покрај вас и покрај сѐ, тогаш сте ја нашле совршената за вас.rn
2. Толеранција
rnПонекогаш дури не се ни обидуваме да разбереме што се случува со другите луѓе и низ што поминуваат тие. Ако знаете да сте толерантни со другите луѓе и нивните одлуки, иако не се согласувате со нив, тоа ќе ве направи подобра личност. Мора да сфатите дека вашиот начин на живот не е единствен и дека и другите луѓе се всушност само луѓе.rn
3. Трпение
rnЖивееме во егоцентричен свет. Во свет каде што нашите лични потреби се поважни од што било друго. Очекуваме дека веднаш ќе бидеме услужени, дека веднаш ќе ни бидат возвратени емоциите, дека многу брзо ќе успееме во сите наши замисли и кога нема да сме задоволни од ефектите, збеснуваме поради неправдите. Одложеното задоволство може да биде уште поубаво од тоа веднаш да го добите тоа што го сакате.rn
4. Желба за учење
rnЛуѓето ја развиле лошата навика да се откажуваат кога треба да учат. Вашето образование не значи дека завршило затоа што повеќе не сте студент или ученик. Да се биде паметен не е исто со тоа да имате многу познавања за животот и никогаш нема да зажалите што поседувате многу информации.rn
5. Висока самодоверба и верба во своите можности и одлуки
rnЕдно од најтешките нешта кои може да ги постигнеме како човечки суштества е да се стекнеме со самодоверба. Уште од најрана возраст како деца, почнуваме да се сомневаме во себе и тој сомнеж се провлекува низ тинејџерските години, па сè до зрелоста. Никој на светот не е совршен и штом сфатиме дека не постојат стандарди според кои треба да се водиме, тогаш ќе почнеме да веруваме во себе и своите способности.rn
6. Различни перспективи
rnНа почетокот сите почнуваме од иста позиција. Сите сме родени без предрасуди, без размислувања, без страв. Начинот на кој растеме, местата и луѓето кои нѐ опкружуваат, одредуваат какви ќе бидеме како возрасни. Лесно е да го гледаме светот само од наша перспектива и да не ни е грижа за тоа како другите гледаат на нештата. Константното разгледување на светот од различни перспективи ќе ни помогне да ги цениме разликите и да се поврземе на начин на кој сме биле поврзани на почетокот.rn
7. Радост
rnНајлесното нешто што можете да го направите е да се затворите во темно место и да се жалите себеси и вашите порази во животот. Тешко е повторно да застанете на нозе и да побарате радост во секојдневието. Можеби животот не се одвива како што сте испланирале, но доволно е што сѐ уште сте живи.rn
8. Слобода
rnМислиме дека другите нѐ ограничуваат, но вистината е дека најмногу се ограничуваме ние самите. Ние си кажуваме дека нешто е невозможно да се направи и кога го слушаме внатрешниот глас, ги пропуштаме можностите да се ослободиме од очекувањата. Слобода е кога го правиме она што го сакаме без да се грижиме. Патувајте кога и каде што сакате, живејте со кого и каде сакате, бидете она што сакате.
-

30 знаци дека вашата сестра е вашата сродна душа
Кој вели дека сродната душа мора да биде вашиот партнер? Според дефинициите, сродна душа е онаа личност која идеално ви одговара на вашиот карактерот и со која делите нераскинлива врска. Нам ова ни звучи многу како сестринската поврзаност. Ако не сте сигурни, погледнете дали и вашата сестра е вашата сродна душа…rnrn
rnrn1. Кога и да ви се сретнат погледите, вие точно знаете што другата мисли во тој момент.rnrn2. Имате сосема иста смисла за хумор и постојано се смеете една со друга.rnrn3. Имате синхронизирани копнеења за нездрава храна.rnrn4. Можете да се гушкате и да зборувате за момчиња и пријатели со часови.rnrn5. Зборувате со истиот будалест тон на гласот кога раскажувате приказна или имитирате здодевни луѓе.rnrn6. Вие ја слушате истата музика, дури и во оние моменти кога не ви се допаѓа што другата избрала.rnrn7. И двете имате по едно нешто со кое сте опседнати, но кое другата го мрази.rnrn8. Секогаш можете да забележите кога едната од вас е лута, нервозна, тажна или гладна.rnrn9. Вие постојано се нервирате, намерно и сè додека една од вас не „пукне“, што најчесто води кон насмевки од двете страни.rnrn10. Вие можете да си го купите подарокот кој другата воопшто не сфаќала колку ѝ е потребен.rnrn11. Се повикувате во совршеното време.rnrn12. Вие сте брутално искрени една со друга за сè, дури и за момчињата, облеката и шминката.rnrn13. Имате моќ да се повредите една со друга и тоа понекогаш го правите, но на крајот секогаш ги поправате нештата меѓу вас.rnrn14. Можете да имате длабок разговор со часови без да го проверите мобилниот или да се исклучите ментално.rnrn15. Вие најчесто се согласувате кои ТВ серии да ги следите.rnrn16. Секогаш кога сте во автомобил, радиото ви е пуштено на најгласно и пеете заедно.rnrn17. Имате сопствен моден стил, но постојано си позајмувате облека, аксесоари и чевли едни од друга.rnrn18. И двете имате лудо (скоро психопатско) смеење кога ќе налетате на нешто според вас урнебесно.rnrn19. Сте си направиле многу лоши нешта една на друга во текот на годините, но секој пат сте излегувале од тие ситуации, посилни и поотпорни.rnrn20. Вие подеднакво не сакате одредени луѓе.rnrn21. Имате ист стил на брзо одење.rnrn22. Доволна е само една прегратка за да ви ги реши сите проблеми.rnrn23. Имате дарба да ги претворите дури и најобичните и здодевни ситуации во забава.rnrn24. Секогаш имате теми на коишто можете да зборувате.rnrn25. Знаете точно како да се расположите кога не се чувствувате добро.rnrn26. Вие ги разбирате и целосно ги поддржувате потребите на другата.rnrn27. Вие вистински ги сфаќате дури и најлошите страни кај вас и сè уште многу се сакате.rnrn28. Вие сте си најдобрите пријателки, но понекогаш и најлошите непријатели – токму тоа и ја прави вашата врска нераскинлива.rnrn29. Нема сомнение дека сте партнери во криминал.rnrn30. Споделувате толку длабока поврзаност, што повеќето луѓе не можат дури ни да ја замислат. -

Цитати за вистинската љубов од незаборавниот Боб Марли
Најпознатата реге икона, Боб Марли, чија музика секогаш внесува позитивност и мир во вашите срца, овој пат зборува што значи вистинската љубов и колку таа може да биде тешка. Љубовта за која Марли често пееше може да се доживее само со отворено срце, свесни за опасноста дека тоа лесно може да биде скршено. Според него, вие не треба да барате совршени луѓе, туку луѓе покрај кои вреди да се помине остатокот од животот. Погледнете дел од неговите најпознати цитати за вистинската љубов.rnrn
rn„Таа не е совршена. Не си ни ти. И вие двајцата заедно никогаш нема да бидете совршени. Но, ако може да те насмее барем еднаш, или да те натера да размислиш два пати, ако признава дека е човек и греши, тогаш остани покрај неа и дај сѐ од себе за да бидете среќни.“
rn
„Тој нема да цитира стихови, тој не мисли на тебе во секој момент, но тој ти дава дел од себе кој ти лесно можеш да го уништиш и тој тоа го знае. Не повредувај го, не обидувај се да го промениш и не очекувај од него повеќе од тоа што ти го дава.“
rn
„Насмеј се кога те прави среќна, викај кога те нервира, и сакај го кога не е покрај тебе.“
rn
„Не постојат совршени мажи, но секогаш постои еден, совршен за тебе.“
rn
„Можеби нема да си ѝ првиот маж во животот, ниту последниот или единствениот. Сакала некого пред тебе, можеби ќе сака некого и после тебе. Но, ако сега те сака тебе, зарем е важно нешто друго?“
rn
„Го отвораш своето срце иако знаеш дека еден ден може да биде скршено и притоа доживуваш љубов и задоволство за кои никогаш не си мислел дека постојат. Сфаќаш дека ранливоста е единствениот начин да му овозможиш на своето срце да го почувствува вистинскиот притисок кој е толку реален што те плаши.“
rn
„Работите кои никогаш претходно не те интересирале, стануваат фасцинантни бидејќи знаеш дека се многу важни за љубената личност. Мислиш на таа личност во секоја прилика, без разлика што правиш. Се присетуваш на сите оние нешта како светло синото небо, нежниот ветер, па дури и облакот кој носи невреме на хоризонтот.“
rn
„Ако е идеална жена, нема да биде лесна. Ако е лесна, не е идеална. Ако ја заслужуваш, нема да се откажеш. Ако се откажеш, не ја заслужуваш. Вистината е дека секоја жена ќе те повреди, твое е само да ја најдеш онаа за која вреди да страдаш.“
rn
„Велиш дека го сакаш дождот, а носиш чадор кога врне. Велиш дека го сакаш сонцето, но бараш сенка кога грее. Велиш дека го сакаш ветрот, но кога дува ги затвараш прозорците. Затоа се плашам кога велиш дека ме сакаш.“
rn
„Длабоко во себе верувам дека само еднаш во животот среќаваме луѓе кои можат да го свртат целиот наш свет наопаку.“
rn
„Ќе делите надеж за иднината, соништа кои никогаш нема да се остварат и бројни разочарувања со кои ќе ве почести животот. Секогаш кога ќе ви се случи нешто убаво, брзате да им кажете, бидејќи знаете дека со вас ќе ја споделат вашата возбуда.“
rn
„Наоѓате сила во сознанието дека имате сродна душа која ќе ви остане верна до крајот на животот. Животот ви изгледа сосема различно, возбудлив и вреден да се живее.“
-

Еве зошто сѐ уште не сте ја запознале вашата сродна душа
Доколку се прашувате зошто љубовта досега не чукнала на вашата врата, можеби во продолжение ќе го откриете одговорот. Психологот и нобеловец Даниел Канеман на сите слободни дами им го понуди одговорот на вечното прашање: „Зошто сѐ уште не ја најдов љубовта на мојот живот?“ Сѐ што ви треба е само пенкало и дигитрон и внимателно да ги применете неговите методи со чија помош ќе дојдете до одговорот.rnrn
rnrnЗамислете дека вашиот живот е сценарио за филм и дека ќе треба еден ден од него да го раздвоите на составни делови. На секоја епизода (будење, растегнување, возење до училиште, средба со другарка, дечко) дајте ѝ реден број и време од десет минути до два часа. Потоа за секоја епизода поставете ги следните прашања:rnrn1. Колкав дел од времето бевте способни да се посветите на друга личност? (0-100%)rnrn2. Колку енергија имавте?rnrn3. Колку време од оваа епизода чувствувавте заеднички проток на мислите и чувствата?rnrnСоберете ги минутите кога сте биле будни во текот на тој ден, а потоа секоја епизода претворете ја во минути и тој број помножете го со делот од времето кој сте го означиле во одговорот (пр. 20% значи дека треба да помножете со 0,20).rnrnРазликата помеѓу бројот на минутите кога сте будни и бројот кој сте го добиле за љубовната епизода, го претставува вашиот неискористен љубовен потенцијал. Дали и понатаму сметате дека е мудро да поминувате толку многу време на Интернет? -

Сѐ уште сте сингл? Еве што не смеете да заборавите!
Понекогаш доволно е само малку да го промените начинот на кој размислувате со цел да ја забележите љубовта на вашиот живот која стои пред вас. Секако дека ви посакуваме преголеми дози љубовна среќа, но овие 4 работи ви ги посакуваме уште повеќе…rnrn
rn1. Држете ги своите критериуми на високо ниво
rnМожеби мислите дека сѐ уште сте сингл само затоа што сте презафатени. Погрешно! Сосема е во ред да верувате дека може да ве усреќи партнер со одредени квалитети. Немојте да заборавите кои работи ви се важни и да ги спуштате критериумите само затоа што очајно сакате да пронајдете некој.rn
2. Ценете се себеси
rnВие сте паметни, забавни, талентирани и единствени. Немојте никому да дозволувате да ја разниша вашата самодоверба и да ве убеди во спротивните ставови. Тоа што сѐ уште не сте ја пронашле вашата сродна душа не значи дека сте помалку вредни. Поработете на вашите квалитети и насмејте се од уво до уво.rn
3. Немојте да се плашите да преземете иницијатива
rnТука не се мисли само на љубовта. Кога ќе станете свесни за своите желби, направете сѐ што е во ваша моќ за да ги остварите. Можеби тоа нема да ви оди од рака, но најважно е да се обидете, бидејќи на крајот на баладата ги жалиме само оние шанси (и луѓе) кои ги пропуштивме, зарем не?rn
4. Лудо забавувајте се
rnПлачењето врз канчето сладолед бидејќи партнерот изгубил интерес за вас е целосен апсурд. Искористете го слободното време за сѐ она што ве весели и забавува, како и за незаборавен помин со најблиските пријатели.