Не треба да очекувате од вашата сродна душа да ви го направи животот поисполнет. Таа треба да ве инспирира да го сторите тоа самите. Сродна душа е некој кој нема да ве осудува поради вашите недостатоци. Сродна душа е некој кој ќе може да ги види вашите лузни од животните битки и сепак ќе одлучи да остане покрај вас. Сродна душа е некој кој секогаш ќе ве поттикнува да заздравите сами, тогаш кога ќе бидете подготвени, на свој начин. Некој кој секогаш ќе ве тера да одите напред.rnrn
rnrnСродната душа ќе ве убеди да ги прифатите сите животни предизвици. Ќе го види потенцијалот што струи низ вашите коски и ќе ви ги открие сите ваши способности за кои ни самите не сте биле свесни. Ќе ви ги отвори очите и ќе ве убеди дека поседувате неверојатна моќ. Сродната душа ќе ве гледа онака како што никогаш не сте можеле да се видите себеси.rnrnСродната душа нема да се исплаши од вашиот личен развој. Нема да ја почувствува потребата да ве затвори и да ве спречи да напредувате онолку колку што можете. Нема да се чувствува непријатно кога ќе ви биде тешко, туку ќе може да ја забележи секоја ваша нова искра. Сродната душа никогаш нема да ве прекорува поради тоа што сте се промениле или сте решиле да преземете нов чекор на патеката наречена живот. Нема да ви се лути затоа што конечно сте се осмелиле да ги следите вашите соништа. Сродната душа ќе знае дека се претворате во личноста која отсекогаш сте посакувале да бидете и ќе биде толку горда на вас поради тоа.rnrnСродната душа нема да ви го исполни животот, туку ќе ве инспирира самите да го направите исполнет. Ќе ја поддржува секоја ваша одлука, ќе ве мотивира и охрабрува да се менувате и одново да се откривате себеси сѐ додека не ја пронајдете вистинската среќа. Сродната душа ќе ве сака толку силно, што никогаш нема да се посомнева во вашата способност да станете најдобрата верзија од себе.
Tag: сродна душа
-

Сродната душа нема да ви го исполни животот, туку ќе ве инспирира самите да го направите тоа
-

Што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак?
Постојат многу сродни души кои ги среќаваме во различни периоди од животот. Сродна душа може да најдеме во нашиот љубовен партнер, пријатели, па дури и членови од семејството. Но, кога велиме дека копнееме по нашата друга половина, мислиме на нашиот духовен близнак – нашиот близначки пламен, на англиски познат и како „twin flame“.rnrn
rnrnСите ние имаме само еден духовен близнак кој е на исто енергетско ниво како нашето, но на спротивна фреквенција. Кога фреквенциите на близнаците со идентична енергија ќе се претопат, се постигнува ускладување на јин и јанг. Во моментот кога близнаците ќе се препознаат, нивните души почнуваат да се враќаат во нивната суштина преку процес на соединување. Можеме да знаеме дали навистина сме го сретнале нашиот близнак, само ако се соединиме со него на емоционално и духовно ниво.rnrnСредбите на духовните близнаци се многу интензивни. Станува збор за длабоко искуство кое ги менува и двајцата партнери. Тие никогаш повеќе нема да бидат исти, бидејќи се доживуваат себеси на поинаков начин. Тие почнуваат интензивно да се чувствуваат себеси во нивната близначка половина.rnrnЕгото може да се обиде да му се спротивстави на тој интензитет, да настојува да ја уништи врската и да ја втурне во конвенционалните љубовни односи. Тогаш настануваат драмите, разделбите, караниците и недоразбирањата, сѐ додека близнаците не разберат дека треба да се предадат на безусловната љубов. Средбата помеѓу близнаците ќе ја постигне целта само ако и двете лица се емотивно и духовно зрели за тој однос.rnrn
rnrnЦелта на таа средба е духовното будење, кое на почеток се одликува со сите оние збунувачки моменти на препознавање. Чувствуваме дека се познаваме од претходно, од некој друг живот, се препознаваме, хемијата е силна, емоциите интензивни и се добива чувство на љубов на прв поглед. Но, на енергетско ниво работите се сепак многу подлабоки од тоа. Со духовниот близнак се поврзуваме точно преку градите, од срцевите чакри, а двете енергии со ист интензитет но спротивна фреквенција се соединуваат во трета, единствена енергија. Тоа е вистинската енергија на љубовта, онаа која е поголема од сите луѓе на светот, која бара безусловна посветеност, бидејќи само така би можеле да доживееме духовно будење и да стекнеме повисоко ниво на свесност.rnrnДуховното будење го содржи одговорот на некои од најголемите суштински прашања на човештвото од типот „Која е смислата на нашето постоење?“. Врската со духовниот близнак нѐ води право кон тоа сознание, но само ако не се спротивставуваме и не се обидуваме да го трансформираме во нешто површно што не би ја барало нашата стопроцентна посветеност и од кое би можеле да се извлечеме неоштетени.rnrnБлизначкиот пар поминува низ кризи во кои се обидува да ги примени дисфункционалните правила на љубовните врски, а кои би требало целосно да ги отфрли. Во таа фаза всушност се тестира подготвеноста на близнаците и нивната зрелост. Доколку успеат да ја поминат таа фаза и не го саботираат текот на нивната енергија, тие сѐ повеќе ќе се зближуваат и заеднички ќе ја продолжат авантурата на духовното будење.rnrn
rnrnМногу духовни близнаци никогаш не стигнуваат до потполно соединување. Остануваат заглавени во фазата на тестирање и кризи, его, осудувања, лутина, отпор, манипулација и закани. А никој не може да остане долго во таа фаза, бидејќи нејзината главна одлика е неизмерливата болка. Во тој случај близнаците страдаат толку интензивно што целиот тој интензитет на првичното препознавање и љубов се претвора во неподнослива болка. Тогаш близнаците се разделуваат, свесни дека не можат да страдаат заедно до крајот на нивниот живот. Близнакот кој бил позрел и посовесен, кој повеќе се посветил на врската и доживеал поголема болка, самостојно го продолжува патот кон духовното будење. Понекогаш на патот среќава други сродни души меѓу кои наоѓа компатибилен партнер.rnrnЧувството кое ги следи разделените близначки души никогаш не ги напушта. Тие знаат дека пропуштиле нешто највредно и најдрагоцено во животот. Најдоброто нешто што може да се пронајде во човечката љубов. Тој интензитет и енергетска поврзаност веќе никогаш нема да можат да ја постигнат меѓу себе. Нема враќање и почнување од почеток во ваква врска, бидејќи станува збор за трет елемент составен од постоечките два кој имал сопствена свест и кој умрел во моментот на разделбата на близнаците. Невозможно е да се оствари истата поврзаност со некој друг, бидејќи постои само еден духовен близнак. Близначкиот пламен се пали само еднаш и потоа или се распламтува или се гаси. -

Не ја барајте вашата сродна душа, барајте го вашиот животен партнер
Зборовите „сродна душа“ треба да предизвикуваат чувства на среќа и љубов. Чувство на благодарност и возбуда што сме ја пронашле личноста која ни е судена. Чувство на удобност и благосостојба.rnrn
rnrnНо, понекогаш овие зборови како да го предизвикуваат токму спротивното. Се чини како само да создаваат чувство на нервоза. Причината за тоа е што чувствуваме притисок да ја најдеме таа совршена љубов од бајките. Преплавени сме со приказни за луѓе кои го поминуваат целиот свет за нивните сакани и за луѓе кои се целосно различни едни од други, но остануваат заедно затоа што нивната љубов е ете толку многу силна.rnrnЗборовите „сродна душа“ предизвикуваат паника затоа што поради нив мислиме дека треба да бидеме дел од романса во која ќе се гледаме очи во очи со партнерот и ќе си кажуваме работи кои се речиси исто толку убави колку приказната што постои за нас. Ја знаете онаа приказна во која мажот трча на аеродром за да ја стигне неговата сакана пред да полета авионот и тие се бакнуваат додека сите присутни ракоплескаат. Или, пак, онаа во која се бакнувате на силниот дожд и тогаш тој ви кажува нешто што звучи совршено. Зборовите „сродна душа“ ги подразбираат сите овие работи.rnrnЖивееме во заблуда дека треба да ја пронајдеме нашата сродна душа, но она што треба да го пронајдеме е вистинскиот човек за нас. Нашиот животен партнер.rnrn
rnrnОној кој ќе нѐ сака и кога косата нема да ни биде измиена, кој ќе може да нѐ насмее дури и кога сме му лути, оној кој ќе сака да останеме дома во сабота вечер и да не правиме апсолутно ништо.rnrnОној на кого целосно ќе му се сплетка јазикот додека се обидува да каже „Те сакам“, што ќе го направи целиот момент уште посовршен и позначаен. Оној кој ќе ни се јави во вистинскиот момент и кој ќе направи да се вљубиме уште повеќе откако ќе ги открие неговите недостатоци, бидејќи тоа ќе нѐ потсети дека и тој е само едно обично човечко битие кое ни верува доволно за да ни се отвори и довери.rnrnТоа се вистинските романтични работи, оние секојдневни, обични, човечки ситуации кои се случуваат постојано и кои навистина постојат за разлика од оние совршено претставени романтични филмски сцени.rnrnСекој може да се вљуби во сродна душа. Сродните души се мистериозни и совршени суштества кои никогаш не делуваат несигурно и збунето. Но, љубовта кон личност која може да ве насмее и покрај сите негативни работи на кои сме сведоци во секојдневниот живот? Тоа е реткост. Тоа е посебно. И тоа нешто со кое ниту една љубовна приказна не може да се рамни. Тоа е она вистинското. -

Смешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душа
Можеби до сега сте го анализирале вашиот партнер за да откриете колку си одговарате, но, покрај вообичаените работи, постојат и неколку не толку романтични работи што сепак ќе ви покажат дека до себе ја имате сродната душа. Еве едни од најчестите, секојдневни работи.rnrn
rnrn1. Обожавате заедно да практикувате досадни работи, како што е купувањето, одењето во аптека или плаќањето сметки.rnrn2. Повеќе се забавувате кога јадете во кревет отколку надвор во ресторан со пет ѕвездички.rnrn3. Една од омилените работи што сакате да ги правите заедно е да јадете што било и колку било, без да се грижите дали изгледате добро.rnrn4. Уште повеќе се заљубувате во него кога гледате како спие со отворена уста.rnrn5. И не ви смета доколку и тој ве види во ваква состојба.rnrn6. Вие, секако, си се допаѓате еден на друг кога сте убаво облечени. Но, најмногу сакате кога сте облечени во старата кошула и стари пантолони.rnrn7. Ги чувате рачно напишаните пораки од него, повеќе од најскапите работи што некогаш сте ги добиле.rnrn
rnrn8. Ве повикува да излезете кога тоа ви е потребно. Па и обратно.rnrn9. Немате потребна јавно да покажувате нежност. Повеќе се забавувате кога со насмевка гледате еден во друг преку масата и само вие го разбирате тој говор.rnrn10. Ве поттикнува и охрабрува, но истовремено одбива да ви попушта.rnrn11. Отворено можете да зборувате за своите телесни функции и да се смеете за тоа.rnrn12. Сакате заедно да одите на свадби и други церемонии каде што ќе можете да се забавувате.rnrn13. Имате развиено свој речник и свои фрази што само вие ги разбирате и имаат специфично значење за вас двајцата.rnrn14. Се познавате толку добро што би можеле да одговорите точно на 9 од 10 прашања доколку играте на квизот „Колку добро го познавате вашиот партнер?“rnrn15. Некои од вашите прекари не се класични изјави на нежност. Наместо тоа тие вклучуваат прекари како „глупчо“ или „дебел“. И тоа го обожавате.rnrn
rnrn16. Кога ќе се разболи вашиот партнер, ништо друго не ви е важно, туку само сте насочени кон него.rnrn17. Можете отворено да си кажете еден на друг кога сте си досадни или кога сте напорни, па и покрај тоа што ова е вистина, можете слатко да се изнасмеете.rnrn18. Можете долго да останете во тишина и да не се чувствувате чудно поради тоа.rnrn19. Всушност, можете да се опуштите во мир и тишина, без потреба од разговор.rnrn20. Секогаш заедно ги гледате новите епизоди од омилената ТВ серија, но сепак нема да се издадете доколку некогаш го направите тоа сами.rnrn21. Почесто ви купува благи работи и грицки од продавницата, отколку романтични поклони. Ова не би го смениле за ништо!rnrn22. Ве насмева во тешките ситуации.rnrn23. Попрво би биле мрзливи со него цел ден, отколку да одите на забава со кој било друг. -

Можеби е добро што не завршуваме со нашите сродни души во овој живот
Можеби знаевте дека тој е вистинскиот за вас уште кога прв пат го слушнавте неговото име. Потоа, како што зборувавте, сѐ повеќе се уверувавте во тоа. Станавте блиски и откривте дека имате безброј сличности. Не е тоа дека имате заедничка омилена книга, омилен филм или дека практикувате исто хоби. Тоа е нешто подлабоко.rnrnНачинот на којшто ги споделувате емоциите со таа личност прави да сфатите дека делите исти мислења, планови и соништа. Сфаќате дека сте како парчиња од различни сложувалки, коишто се вклопуваат совршено. Верувате во еден Бог и дека тој одлучил вие двајца да се запознаете.rnrn
rnrnВелат дека кога ќе ја пронајдете својата сродна душа, вие едноставно ќе го знаете тоа. Но, во свет полн со мистерии и измислени приказни, ние избираме да веруваме само во она што сакаме да веруваме. Па, како да се прифати нешто како вистина, кога единствената причина што ја имате е тоа што вие самите верувате? Па, се прашувате: Дали е ова парадокс? Дали како што погледнувате подетално на работите, вашата визија не останува толку јасна? Тогаш станувате несигурни и постојано барате одговор или некој знак којшто ќе ви ја покаже насоката. Можеби ова не е случај и кај другата личност. Можеби таа сѐ уште нема сфатено дека вие сте предодредени да бидете заедно, а можеби и никогаш нема да сфати.rnrnСепак, не треба да чувствувате каков било вид грижа, затоа што најтешката одлука ве донела онаму каде што сте денес. Сте ја запознале личноста која ви одговара и таа била присутна во само дел од вашиот живот. Можеби тоа е причината што овие личности се наречени сродни души – затоа што тие одговараат на небото, но не се предодредени да останат на земјата. Па, од една страна тоа е во ред. Кој знае што се случува по смртта? -

Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?
Постојано се зборува за тоа дека секој трага по неговата сродна душа, со цел да ја најде својата друга половина и да го надополни делот од себе што недостасува. Дури и да не верувате во сродни души и да мислите дека сте си доволни сами на себе, сигурни сме дека би сакале да пронајдете партнер кој ќе биде вистинскиот за вас. Тоа е нормална потреба на секој човек бидејќи кога ќе се случи тоа, вие се менувате а со тоа се менува и вашиот живот и станувате многу посреќни. Ова се неколкуте неизбежни промени кои ќе ги забележите кај вас откако ќе го најдете партнерот кој совршено ви одговара…rn
Не се плашите да зборувате за личните проблеми кои ве мачат
rn
rnrnОна што ви се чинело тешко и срамно ќе стане лесно и природно ако сте со вистинската личност. Знаете дека тој или таа нема да ве осудуваат поради ништо што се случило или се случува во моментот, така што ќе ви биде многу полесно да го откриете секој аспект од вашата личност и да им дозволите да ве видат во вистинско светло.rnМожете да бидете сами со вашиот партнер без онаа непријатна тишина
rn
rnrnНема потреба да зборувате цело време за да ви биде пријатно еден покрај друг. Ќе сфатите дека е возможно да поминувате време заедно во удобен мир и тишина, без да кажете ниту збор а сепак целосно да се разберете. Комуникацијата не мора секогаш да се појавува во говорна форма.rnНе мора да погодувате како се чувствува вашиот партнер
rn
rnrnПостојано сте смирени кога мислите на вашиот партнер. Деновите кога нервозно го чекавте неговиот или нејзиниот одговор на вашата порака се далечно минато. Вие сте приоритетот во животот на партнерот, исто како што и тој е приоритет во вашиот.rnМожете да покажете несогласување, а сепак да ја задржите меѓусебната почит
rn
rnrnНормално дека понекогаш ќе наидувате на несогласувања, но тоа не значи дека тие секогаш мора да завршуваат во караници и конфликти. Ја почитувате гледната точка на работите на вашиот партнер исто како и тој вашата, и секогаш се слушате со љубопитност а не со нервоза.rnСе посакувате еден со друг дури и кога нема очигледна причина за тоа
rn
rnrnНачинот на кој вашиот партнер го пие кафето и дискутира за нешто може да ви биде исто толку еротично како кога ќе го видите без облека. Тоа се случува затоа што карактерот на вашиот партнер е многу попривлечен од неговиот изглед.rnНе се плашите да ги откриете вашите чудни навики
rn
rnrnНе само што си ги откривате чудните навики и ги прифаќате без проблем, туку во некои случаи дури и намерно ги поттикнувате.rnГо запознавте партнерот со вашите пријатели
rn
rnrnВоопшто не сте загрижени дали вашите пријатели ќе мислат дека сте го направиле погрешниот избор и дека заслужувате повеќе. Вашиот партнер е личност која одвај чекате да ја запознаете со вашите пријатели. Нема никаков сомнеж дека ќе им се допадне исто толку колку и вам.rnГи сакате пријателите на вашиот партнер како да се ваши
rn
rnrnНе морате со сила да се смеете или да разговарате со пријателите на вашиот партнер. Наместо тоа, искрено уживате во нивното друштво и дури и сакате да се гледате повеќе. Најдобрите луѓе секогаш го привлекуваат најдоброто друштво.rnrnПродолжете на следната страна за да ги откриете останатите промени…rnrn -

11 знаци кои покажуваат дека вие и вашиот поранешен партнер сте сродни души
Никогаш не е лесно да се прекине љубовната врска, особено ако не сте сигурни дека тоа е вистинската одлука. Понекогаш, по раскинувањето се прашуваме дали поранешниот партнер бил всушност вистинскиот и дали сме ја пропуштиле можноста да бидеме со нашата сродна душа. Иако поранешните партнери се поранешни со причина, понекогаш постои веројатност дека сте прекинале со вистинската личност за вас. Доколку се соочувате со вакви сомнежи овие 11 знаци ќе ви покажат дека вашиот поранешен партнер е вашата сродна душа…rnrn
rn1. Се разбирате меѓусебно на сите можни нивоа
rnПонекогаш остварувате таква поврзаност со некого што не ви се верува дека тоа е возможно бидејќи никогаш порано не сте доживеале нешто такво. Меѓусебно се разбирате на начин кој никој друг не би можел да го разбере. Сте почувствувале поврзаност на секое можно ниво, емоционално и интелектуално. Дали сте биле толку многу поврзани со вашиот партнер? Дали ви е тешко повторно да ја најдете таа поврзаност со некого? Ако одговорот и на двете прашања е „Да“, веројатноста е дека сте прекинале врска со вашата сродна душа.rn
2. Не можете ни да си замислите да споделите толку многу работи со некој друг
rnНа вашиот партнер сте му кажувале буквално сѐ. Сега кога не сте повеќе заедно, одеднаш сфаќате колку многу информации сте биле подготвени да споделите со поранешниот партнер и не можете ни да си замислите да станете толку блиски со некој друг. Ова е голем знак дека вашиот поранешен партнер е вистинската личност за вас.rn
3. Сте раскинале поради некоја ситница и не можете да престанете да размислувате колку глупаво било тоа
rnДали вашата љубовна врска била прекрасна поголемиот дел од времето? И на крајот нешто мало предизвикало импулсивна реакција и сега не сте веќе заедно. Размислете за причината поради која сте раскинале и ако се работи за нешто безначајно, обидете се да сфатите дали сега се каете. Доколку се чувствувате така, можеби вреди да ѝ дадете уште една шанса на врската. Секако дека ќе треба да работите на проблемот за да ја спречите неговата повторна појава. Но, ако проблемот бил голем и постојано се провлекувал низ врската, треба да размислите два пати пред повторно да бидете со истата личност, бидејќи шансите се дека проблемот нема да исчезне.rn
4. Сметате дека не сте ѝ дале доволно време на врската
rnДали со поранешниот партнер се обидовте да ги решите проблемите или се откажавте без борба? Сега постојано посакувате да вложевте повеќе труд и да оставевте повеќе простор пред конечно да кренете раце. Понекогаш луѓето се откажуваат премногу лесно и го одбираат полесниот пат, а тоа е разделувањето. Доколку размислувате повторно да му се вратите на поранешниот партнер, треба и двајцата добро да разговарате пред да ја донесете конечната одлука да започнете повторно.rnrn
rn5. Долго време не сте ги имале истите чувства за некој друг
rnКога бевте со вашиот поранешен партнер имавте некое необјасниво чувство цело време поради кое се чувствувате неверојатно. Сега кога не сте повеќе заедно, не можете да го разбудите истото чувство со кого и да се обидете да започнете врска. Но, пред да му дадете на ова значење, треба да бидете сигурни дека сте си дале доволно време за да го преболите поранешниот партнер. Доколку не можете да се замислите со никој друг, можеби ви е потребно да бидете повеќе време сами и да си посветите внимание на себе. Ако сметате дека поминало доволно време, тогаш размислете дали чувствата што сте ги имале за вашиот поранешен се намалиле или не. Дури тогаш можете да ја земете предвид идејата да ѝ се вратите на таа личност. Понекогаш потребно е да паузирате еден од друг и да поминете некое време одвоени за да сфатите дека треба да бидете заедно.rn
6. Чувствувате дека сте станале подобра личност поради поранешниот партнер
rnБидете најискрени што можете: Дали верувате дека личноста со која сте биле во врска ви помогнала да станете подобри? Доколку поранешниот партнер имал многу позитивно влијание на вас, извлекувајќи го најдоброто од вас, веројатноста е дека треба да останете со таа личност.rn
7. Вашите пријатели и семејство се согласуваат
rnСекогаш кога ќе им кажете на вашите пријатели и семејство дека вашиот поранешен партнер можеби бил вистинскиот тие се согласуваат и велат дека тој или таа биле совршени за вас. Земете го предвид нивното мислење кога ќе одлучувате дали вашиот поранешен партнер е вашата сродна душа. Токму вашите најблиски се луѓето кои можат да ви го дадат најобјективното мислење за вашата поранешна врска и треба да ги послушате.rn
8. Редовно го браните поранешниот партнер кога ќе слушнете лош збор за него
rnСлушате како некој го споменува вашиот поранешен партнер во негативен контекст и вие веднаш застанувате во негова одбрана. Ова е инстинктивна реакција и е добар знак дека се работи за вашата сродна душа. Дали и вие се навредувате кога некој зборува лошо за поранешниот партнер? Тоа е показател дека тој или таа се прекрасни личности и совршено во одговараат.rnrn
rn9. И двајцата сте се поддржувале безусловно
rnЕден од најголемите фактори кој стои зад идејата за сродните души е дали помеѓу двете личности постои огромна поддршка. Доколку вие двајцата сте биле совршен тим и заедно сте биле непобедливи, дефинитивно треба да размислите дали вреди да се обидете повторно.rn
10. Сфативте дека вие сте погрешиле
rnНе сте заедно веќе некое време и вие постојано размислувате на тоа дека вие сте погрешиле во врската. Дали сѐ било прекрасно, но знаете дека вие сте ги расипале работите? Бидете искрени со себе. Доколку тоа е случајот, можеби треба да ѝ признаете на вашата поранешна љубов дека не сте биле во право. Тргнете ги на страна вашата гордост и его и признајте ја грешката. Можеби ќе можете да ја вратите таа личност, доколку не е предоцна.rn
11. Сте се чувствувале сигурни во врската
rnУште еден показател дека сте ја сретнале вашата сродна душа е фактот дали покрај поранешниот партнер сте се чувствувале сигурни. Тоа може да значи дека сте биле подготвени да се штитите еден со друг во секакви можни околности. Дали вашиот партнер ни на сон не би помислил да ги истакне вашите недостатоци и да направи да се чувствувате лошо поради нив? Во тој случај, можеби се работи за личност од кај не требало да се откажете.rnrnПо долго размислување, овие неколку знаци можеби ќе ви помогнат да разберете дали вие и вашиот партнер сте сродни души. Ако навистина верувате во тоа, послушајте ја вашата интуиција, бидете искрени и отворено искажете ги вашите чувства.
-

Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа?
Со секој од хороскопските знаци владее некој од четирите елементи: Оган (Овен, Лав, Стрелец), Земја (Бик, Девица, Јарец), Воздух (Близнаци, Вага, Водолија) и Вода (Рак, Скорпија, Риби), а секои од овие елементи го одликуваат одредени особини и активности. Огнените знаци се наклонети кон спорт и игри во кои е потребна посебна вештина, земјените знаци се тесно поврзани со природата и различни креативни активности, воздушните повеќе тежнеат кон интелектуални цели истражувања, а водените најдобро се снаоѓаат кога се занимаваат со уметност и духовност. Доколку ја барате вашата сродна душа, обидете се на места каде што е најголема можноста да сретнете луѓе кои најмногу одговараат на вашиот хороскопски знак.rnrn
rnОгнени знаци
rnТие се енергични, ентузијасти и многу социјални. Луѓето со кои владее овој елемент често се во движење и својата енергија ја полнат обично на места каде што има многу физичка активност. Затоа, родените во знаците на Овен, Лав и Стрелец, многу често ја пронаоѓаат својата сродна душа во фитнес клубови или на спортски игралишта. Вклучување во активностите на некој клуб или на некој спортски тим, може да биде предност во романтичната потрага. Огнените знаци се многу натпреварувачки настроени и можат својата љубов да ја пронајдат и на некои спортски случувања, турнири или друг вид натпревари. Тие се импулсивни и повеќе им одговараат места каде што луѓето можат да се изразат без стравови и притисоци, каде што се чувствуваат релаксирани и свои.rnrn
rnЗемјени знаци
rnЛуѓето родени во овие знаци се сензуални, стабилни и практични. Затоа Бикот, Девицата и Јарецот се одлучуваат за хоби во коешто примарно сетило е допирот, како што се готвењето, работата со дрво, вајарство, плетење. Доколку барате некој кој ќе ја дели вашата страст за создавање убави нешта надвор од материјалниот свет, запишете се на курс за некоја активност каде што допирот и работата со дланките доаѓа до израз. Овие знаци се исто така многу социјални и можат да го пронајдат својот душевен мир доколку се приклучат во групи кои се занимаваат со култура или екологија. Тие се исклучително поврзани со физичката складност и мораат својата љубов да ја бараат онаму каде што сите сетила се поврзани на убав, креативен начин. Избегнувајте стерилни места, а дајте му предност на конструктивниот развој.rnrn
rnВоздушни знаци
rnРодените во овие знаци се интелектуални, објективни и аналитички настроени. Доколку сте под влијание на овој елемент, потребен ви е партнер кој може да ве следи во вашата спиритуалност. Ако сте во потрага по вашата сродна душа, фрлете поглед кон некои литературни клубови, клубови на писатели и поети, клубови за социолошки дебати или на некои политички организации. Луѓето кои се родени во знаците на Близнаци, Вага или Водолија се љубопитни, и можат да ја пронајдат својата љубов во библиотека, книжара или пак, некоја државна институција. Всушност, секаде каде што има многу информации со различна намена. Воздушните знаци постојано мораат да имаат ангажирани умови, така што можете да си барате друштво онаму каде што интелигенцијата е на врвот и го има приматот. Не одете на места каде што има медиокритети.rnrn
rnВодени знаци
rnРаковите, Скорпиите и Рибите се креативни и интуитивни. Доколку припаѓате на некои од овие три знака, барајте партнер кој ќе знае да ја почитува уметноста. Вашата сродна душа можете да ја сретнете во некој танцов клуб, во кино, во театар или во музеј. Водените знаци, исто така, имаат силен инстинкт и главно кај луѓето повеќе го почитуваат нивното дејствување, отколку она што го кажуваат (некои луѓе се силни само на зборови, но водените знаци тоа одлично знаат да го препознаат). Можете да пронајдете прекрасен љубовник во некој хуманитарен центар, на сите места каде што луѓето го посветуваат своето време на нешта преку кои светот може да стане барем малку подобар и поубав. Водените знаци тежнеат кон тоа да се поврзат со луѓето на емоционално ниво и затоа им се потребни места каде што има многу луѓе, но исто времено кои нудат одреден мир и спокој. Доколку сте родени во некој од овие три знака, стојте подалеку од места кои ја обесхрабруваат искрената дискусија. Вашата сродна душа мора да ги дели со вас истите интереси или во себе да носи искрена заинтересираност за тоа што вас ве прави среќни.rnrn

-

Прочитајте го ова ако не можете да замислите некој да се вљуби во вас
Не можете да си замислите дека некој чувствува „пеперутки во стомакот“ кога вашето име ќе му се појави во телефонот? Не можете да си замислите дека некој мечтае за вас додека е на работа? Не можете да си замислите дека некој е вљубен во вас, затоа што тоа не ви се случило досега? Но, не заборавајте, тоа не значи дека нема да се случи во иднина. Прочитајте зошто треба да почнете да верувате во чуда, за кои мислите дека се далеку од вас и им се случуваат само на други девојки или момци.rnrn
rn1. Мислите дека имате една сродна душа
rnИли, можеби имате повеќе сродни души, но во секој случај, бројот на луѓе со кои ќе се сретнете ќе биде поголем од бројот на оние со кои ќе остварите вистинска врска. Затоа, не се потресувајте доколку сите ваши вљубувања или љубовни врски, на крајот не испаднале онака како што сте си ги замислувале. Доколку некој не испаднал фер кон вас, ги изневерил вашите очекувања или ве оставил, тоа не значи дека треба да се затворите дома. Гледајте го тоа како нова можност да се вратите на забавата и да продолжите со потрагата по личноста која навистина ве прави среќни. Некои луѓе знаат да го поминат сиот живот со погрешна личност, затоа бидете среќни поради новите патишта што се отвораат пред вас, во изнаоѓањето на својата сродна душа.rn
2. Не се изедначувајте со вашите несигурности и недостатоци
rnМожеби го мразите изгледот на вашиот стомак, мислите дека вашиот нос е многу голем или дека премногу анализирате и се оптоварувате со сите нешта околу вас? Но, погодете што? Кога ќе ја сретнете вистинската личност, таа или тој, нема да се фокусира на вашите „недостатоци“. Секако таа личност, не значи дека ќе биде слепа и нема да забележи некои несовршености на вашето тело или вашиот ум, но воопшто нема да ѝ биде грижа за тоа. Тоа значи дека нема да се обидува да ве поправи, затоа што е среќен/среќна со вас онакви какви што сте и со тоа кои сте. Замислете си, вие сте љубовта на неговиот/нејзиниот живот… Да, и тоа е можно!rnrn
rn3. Вие сте вистинска добивка
rn„Оној што ќе те има, ќе биде многу среќен.“Сигурно оваа изјава често ја слушате од пријателите и семејството и сметате дека е лага, затоа што си мислите дека единствено сакаат да ве утешат и да направат да се чувствувате добро. Но, без оглед дали ќе поверувате или не, тоа е точно! Вие сте човек што без проблем ќе му купи или ќе му подготви вечера на својот партнер или ќе му пеете детски песнички кога не се чувствува добро? Дали би седеле до него на каучот читајќи си книга, додека тој или таа си ја гледа омилената ТВ емисија? Па размислете, зарем не сте вистинска добивка?rn
4. Никогаш не знаете што точно мислат другите
rnДали сте се вљубиле некогаш и тоа да го зачувате како ваша тајна? Секако дека имало таква приказна во вашиот живот. Па, токму затоа отворете го умот и размислете. Ако вие сте се нашле во таква ситуација, зарем не мислите дека таму некаде не постојат барем неколку луѓе кои се „затрескани во вас до уши“, но не сакаат или не знаат како да го признаат тоа? Немојте да мислите дека сте личност којашто не може да биде сакана доколку не добивате љубовни пораки и други знаци кои укажуваат дека некој е заљубен во вас. Вие всушност им се допаѓате на многу повеќе луѓе отколку што можете да си замислите.rnrn
rn5. Песимизмот никаде нема да ве однесе
rnДоколку си велите себеси дека никогаш нема да ја најдете вистинската љубов, тогаш од старт имате позиција на губитник. Дури кога некоја сосема непозната личност ќе флертува со вас, вие тоа нема да го доживеете така, затоа што претходно сте го истренирале умот да размислува дека никој не може да биде заинтересиран за вас. Затоа многу често можете да прочитате или да слушнете совет од типот дека мора да се засакате себеси, пред да засакате некој друг. Верувајте, вашата доверба може да ве однесе многу далеку.
-

Секогаш бирате погрешен партнер? Нумерологијата ви открива каде грешите
Науката за броевите може многу да ни помогне во емотивниот живот. Секој од нас има личен број кој лесно е да се пресмета и дава преглед на нашата, но и на личноста на нашиот партнер. Бројките се како магија. Ако сретнете личност со која сте нумеролошки компатибилни, можете да очекувате убава врска која може да стане вечна и да заврши со брак. Но, некои врски не успеваат без разлика на тоа колку се трудат двајцата партнери. Нешто како да недостасува или, пак, разликите во карактерот се премногу големи за да може врската да опстане. Во тој случај, можеби сте сретнале личност која не се согласува со вашиот личен број. За да не талкате емотивно и да се врзувате за погрешни партнери, прочитајте го овој нумеролошки водич кој ќе ви ја олесни љубовната потрага и ќе ви одговори што не е во ред во вашата врска.rnrn
rnПресметајте го вашиот и бројот на партнерот
rnЗа да дознаете дали сте еден за друг, доволни ви се вашата и датата на раѓање на вашиот партнер. Вашиот личен број е клучот со кој ќе можете да откриете колку сте емотивно компатибилни со партнерот. Едноставно соберете ги бројките од датата на вашето раѓање и претворете ги во еден број. Тоа е вашиот личен број. Направете го истото и за вашиот партнер.rnrnНа пример, ако вашиот роденден е на 14.07.1985, треба да ги соберете цифрите на денот, месецот и годината и да ги претворите во еден број.rnrnМесец: 7rnrnДен: 1 + 4 = 5rnrnГодина: 1 + 9 + 8 + 5 = 23, односно 2 + 3 = 5rnrnСоберете ги сите: 7 + 5 + 5 = 17, 1 + 7 = 8rnrnВашиот личен број е 8.rnrnСледниот чекор е да го дознаете роденденот на личноста во која сте заљубени. Пресметајте го неговиот или нејзиниот личен број. Кога ќе го направите тоа, погледнете го описот на броевите кој ќе ви покаже дали вие и вашиот партнер сте сродни души според нумерологијата.rn
Број 1: Одлични љубовници
rnРодените во бројот 1 се многу упорни, честопати и тврдоглави. Тие се родени лидери, амбициозни и креативни. Имаат голема самодоверба и се одлични љубовници. Тие се многу посесивни кон нивниот сакан, но и заштитнички настроени. Личноста која ја сакаат ја чуваат како капка вода на дланка и сакаат да се гордеат со партнерот во друштво. Додворувањето никогаш не им е проблем бидејќи освојуваат благодарение на нивниот неоспорлив шарм. Најголем романтичен успех можат да имаат со бројките 2, 4 и 7. Кај двојките им се допаѓа нивната нежност, топлина и добродушност, а четворките ги привлекуваат поради нивната непредвидливост.rnrn
rnБрој 2: Романтичари
rnЛуѓето родени во бројот 2 се одликуваат со дипломатски и мирољубив став. Тие се големи романтичари кои сакаат да фантазираат. Нив ги краси трпеливост, сочувствување и љубезност. Многу лесно се прилагодуваат на секоја ситуација и многу се пријатни за заеднички живот. Во љубовта се топли и потребни им се многу љубовни докази од партнерот за да се чувствуваат сакани. Потребен им е партнер кој ќе ја цени нивната верност и искреност и кој ќе ги разбере нивните чести промени на расположение и нивната пречувствителност. Единиците ја зголемуваат нивната самодоверба, а одлично се сложуваат и со бројот 7.rn
Број 3: Лесно за заљубуваат
rnТројките се луѓе кои ги краси оптимизам и великодушност. Добронамерни се и гостољубиви, сакаат да уживаат во животот и во убавите работи. Поврзани се со нивниот дух, чувствителни се и многу лесно се заљубуваат, па им треба партнер кој ќе ги смири и кој ќе им даде сигурност. Луѓето родени во бројот 3 се во постојана потрага по идеален љубовен партнер и затоа често влегуваат од една врска во друга. Се согласуваат со бројот 6, кој може да им даде многу љубов, но и да ја разбере нивната потреба за слобода. Добро се сложуваат и со броевите 8 и 9.rn
Број 4: Тешко се врзуваат
rnЛуѓето родени во бројот 4 се многу независни и ја сакаат нивната слобода. Досетливи се и оригинални, а поради нивната интересна личност омилени се во секое друштво. Добро се информирани, знаат да се шегуваат и да ги сакаат луѓето. Во љубовта честопати се непредвидливи и тешко им е да се врзат за некого трајно, бидејќи кај секого наоѓаат маани. Пред да се смират со некој, проаѓаат низ турбулентен љубовен живот. Луѓето родени во бројот 1 одлично се согласуваат со четворките бидејќи го делат сличниот ентузијазам и љубовта кон промените. Четворките се исто така во добар однос со седмиците.rn
Број 5: Ги кријат чувствата
rnТие се многу комуникативни луѓе кои се одликуваат со снаодливост и брзина. Креативни се, природно шармантни и забавни. Љубопитни се и обожаваат излегувања, забави и патувања. Во љубовните врски честопати се премногу затворени, бидејќи сѐ сакаат да рационализираат и емотивно тешко се отвораат. Но, многу се привлечни, па затоа се успешни во заведувањето. Најдобро се согласуваат со единиците и шестките.rn
Број 6: Љубовта им е на прво место
rnРодените во бројот 6 се вистински уметнички души кои ги краси богатата имагинација, добриот и попустлив карактер и толеранција, а овие одлики ги ставаат на врвот на листата на најпосакувани љубовни партнери. Секогаш се смирени, честопати и наивни, а љубовта им е секогаш на прво место. Лесно се заљубуваат и се во вечна потрага по сродна душа. Без љубовта не можат да се смират и ќе бараат додека не го најдат вистинскиот партнер. Бројот 3 ќе им ја да даде посакуваната сигурност и одлично ќе комуницираат. Добро ќе се согласуваат и со бројот 5 со кого ќе имаат возбудлив љубовен живот.rnrn
rnБрој 7: Ќе направат сѐ за партнерот
rnСтанува збор за интуитивни и креативни луѓе кои се многу духовити. Тие се толерантни и многу попустливи. Но, многу се чувствителни, па затоа лесно остануваат повредени. Тешко заздравуваат од љубовните неволји и затоа оставаат да помине многу време пред да се одлучат за нова врска. Во љубовта се нежни, романтични и чувствителни. Подготвени се да направат сѐ за партнерот. Иако имаат одлична интуиција, многу често одбираат погрешен партнер. Љубовната среќа многу лесно ќе ја остварат ако се врзат со личности родени во броевите 1 и 2, бидејќи со нив многу добро емотивно ќе се разбираат.rn
Број 8: Внимателни се во љубовта
rnОсмиците се практични луѓе кои цврсто стојат на земјата. Не се занесуваат со нереални цели, многу се внимателни и систематични. Трпеливи се и имаат одлична самоконтрола. Имаат аналитички ум, а во љубовта се внимателни, дури и премногу. Многу се плашат дека ќе бидат повредени и затоа долго им треба да одберат партнер. Бараат сигурност во љубовта, односно врска која веднаш ќе го носи печатот на одговорност и трајност. Токму затоа најмногу им одговараат партнери родени во бројот 3 и 9. Тројките се подеднакво практични како и тие, а со деветките се согласуваат енергетски.rn
Број 9: Посветени освојувачи
rnДеветките имаат страсна и енергична природа, но честопати се многу тврдоглави и импулсивни. Искрени се и не сакаат одложувања. Имаат голема психичка сила, но и изразено либидо. Кога ќе се вљубат, целосно ја губат главата. Освојуваат директно и шармантно без разлика за кој пол станува збор. И жените и мажите во овој број лесно се заљубуваат и ќе направат сѐ за да ја освојат личноста која им се допаѓа. Во љубовта одлично се согласуваат со тројките и петките, со кои се надополнуваат и имаат сложен однос, а шестките и осмиците можат лесно да ги смират.