КАФЕ ПАУЗА

Tag: сродна душа

  • Феноменот на духовна привлечност

    Феноменот на духовна привлечност

    Оваа привлечност многу често се меша со романтичната и сексуалната привлечност, но во исто време ви е јасно дека станува збор за нешто подлабоко. Како нешто да ве поттикнува да се поврзете со другата личност, чувствувате поврзаност на многу длабоко, потајно ниво и не можете да објасните што се случува. Па, кои околности ја предизвикуваат оваа привлечност?rnrnФеноменот на духовна привлечностrn

    Духовен договор

    rnКога препознавате некој, односно кога се чувствувате дека го знаете многу одамна, причината е што вашите души имале некаков однос во минатите животи. Ако ја прифатите мислата дека душата живее неколку животи, можно е да имате некаков договор со таа личност дека заедно ќе работите на вашиот духовен развој во овој живот. Најверојатно имате стотици такви договори. Некои од овие души ќе ги сретнете, а некои не. Кога ќе ги сретнете ќе се чувствувате како да сте закажале состанок, повторна духовна средба која не можете со сигурност да ја препознаете, но чувствувате дека тоа е нешто големо, нешто што се случува на подлабоко ниво.rnrnДека секој има сродна душа и треба да ја пронајде е вистина, но тоа не се однесува само на љубовниот однос и не секогаш станува збор за една сродна душа. Дури и да станува збор за љубовен однос, духовниот договор не мора да се однесува за целиот ваш љубовен живот. Понекогаш средбите со тие сродни души ќе траат кратко, но не се без причина. Овие средби ќе ви користат за вашиот духовен напредок. Често овие односи може да се градат со пријателите и колегите, но целта им е заедничка – ги сретнувате овие души бидејќи со нив сте направиле договор.rn

    Духовна наклонетост

    rnМожно е да почувствувате поврзаност и со некој без да ја почувствувате изразената духовна привлечност. Ќе се чувствувате како да припаѓате на некоја иста невидлива заедница. Во овој случај станува збор за души кои не сте ги сретнале и со кои немате договор, но души кон кои чувствувате наклонетост. Ова се личности со кои сте енергетски поврзани, со нив го делите чувството на припадност и тие имаат влијание на обликувањето на вашата душа.rnrnОва чувство на наклонетост е слично како кога ќе сретнете некој од вашиот град или некој со исто работно место како вашето. Ова чувство ве радува, па средбата може да биде навистина интензивна.rn

    Слични вибрации

    rnМожете да почувствувате привлечност и кон луѓето со слична енергетска вибрација. Често ве привлекуваат луѓе кои зрачат нешто, а луѓето кои имаат слична енергетска вибрација како вашата прават да се чувствувате удобно. Можеби не ги гледате како сродни души, но сакате да бидете во нивно друштво. Всушност, можно е да запознаете личност со енергија каква што вие сакате да имате и ве привлекува токму поради тоа. Во нивно присуство можете да се прилагодите на нивната енергија, а со тоа ќе созревате и ќе се менувате, па ќе ги промените и вашите вибрации.rn

    Духовни дарови

    rnСвесно или несвесно, сите настојуваат да ги истакнат своите духовни дарови. Ако ги изразувате сами, без присуство на други, нема да доживеете некој значаен напредок во духовниот развој. Поради ова, потребна е интеракција со другите. Некои луѓе ќе ви помогнат целосно да се изразите, па поради ова ќе ве привлекуваат повеќе. Добар пример за ова се исцелителите кои ги привлекуваат личностите со какви било проблеми, или учителите кои привлекуваат луѓе кои се подготвени за ново знаење. Кога чувствувате дека имате да му дадете нешто на светот, ги привлекувате луѓето на кои им е потребен вашиот дар.rn

    Тивка духовна привлечност

    rnРечиси секој сретнал личност која не го привлекувала на почетокот, но нешто се променило. Подоцна не сте можеле без таа личност, а не ви е јасно зошто. Сепак, и овие личности се во вашиот живот со причина. Тие се вашите духовни водичи. Ве привлекувале полека и стрпливо. Секому му е потребна насока и поддршка во животот, а оваа помош доаѓа во разни облици, понекогаш и во форма на човек.rn

    Дали поврзаноста секогаш е обострана?

    rnНе секогаш. Понекогаш во луѓето го препознавате она што сте го сакале кај некој друг. Ве преплавуваат чудни чувства кога запознавате некој што ве потсетува на личност од која сте физички разделени, па често може да не ви е јасно за што станува збор. Ако ова чувство не е обострано, најверојатно причината е тоа што само сте се потсетиле на некоја драга личност. Сепак, и ова чувство е потребно. Потсетувањето на чувствата на поврзаност и љубов се важни бидејќи ќе ги пренесете и во духовната сфера на другите животи.rn

    Живеење со отворена душа

    rnПовеќето луѓе ја искусиле оваа неопислива духовна привлечност. Но, постојат и многу луѓе кои не се ни свесни за нематеријалната страна на животот. Најчесто причината е бидејќи немаат време да се одвојат од материјалните вредности – профитот и статусот во општеството. Ова не значи дека во нив не постои душа на која ѝ е потребна средба со друга душа.rnrnСигурно сте слушнале дека сличностите се привлекуваат. Но, не треба да се ограничите само на тоа, туку токму на спротивното. Потребно е да барате луѓе кои се различни од вас бидејќи никогаш не знаете што има да ви понуди нивната душа.rnrnИсто така важно е да ја отворите вашата душа. Како што созревате ќе научите да се сакате себеси, ќе научите да ги сакате сите други и ќе ја барате љубовта во сите форми. Ако им пристапувате на луѓето кои се целосно различни од вас со љубов, на овој начин ја „отворате“ вашата душа и вратата кон нивната.rnrnЖивотните приказни и личните искуства ве учат дека со некои луѓе не ви било судено. Но, секогаш сте ги привлекувале луѓето со причина и сите тие имале по некоја лекција за вас. Некои души ќе се појават сами, некои ќе ги чекате долго, а некои треба самите да ги побарате. Во секој случај, најдобро е да мислите дека никогаш не може да знаете што се крие кај другите. Затоа отворете ја вашата душа и верувајте му на вашиот инстинкт. Тој е овде со причина.rnrnПогледнете и кои се разликите помеѓу сродна душа и животен партнер.rn

  • Зошто е поважно да барате авантура отколку сродна душа во вашите 20-ти?

    Зошто е поважно да барате авантура отколку сродна душа во вашите 20-ти?

    20-тите се период кога треба да се пронајдете. Можеби сте сфатиле што сакате додека сте биле на факултет или пак сè уште трагате обидувајќи се да пронајдете нешто што ќе ве инспирира. Сепак, тешко е да го игнорирате тоа што другите го очекуваат од вас, па сигурно сте поминале многу време барајќи ја вашата сродна душа. Но, барањето авантура во вашите 20-ти е многу поважно. Немојте да ги одложувате патувањата и авантурите за некоја иднина кога ќе имате семејство или пари. Погледнете зошто.rnrnЗошто е поважно да барате авантура отколку сродна душа во вашите 20-ти?rn

    1. Ќе се пронајдете себеси

    rnСигурно го имате слушнато ова безброј пати, но има причина за тоа. Кога ги следите вашите желби наместо само да размислувате за некоја иднина, вие навистина ќе се пронајдете себеси. Секој од нас има внатрешен компас. Некои го нарекуваат инстинкт, некои интуиција. А кога патувате, му дозволувате на тој компас да ве води. Искусувањето нови култури и опкружувањето со нови луѓе ќе ви помогне да ја истражите вашата душа. Ќе сфатите што сакате а што не за некое место и ќе се инспирирате. Сигурно имате забележано дека после секое патување се враќате променети.rn

    2. Ќе сретнете многу нови луѓе

    rnПомалку користениот пат секогаш е полн со најмногу приказни. Можеби ќе најдете нов најдобар пријател, или пак некој со кој делите иста страст. Учете нови јазици и комуницирајте со локалните жители. Тоа е најдобриот начин навистина да почувствувате некое место. Каде и да отидете, вашиот живот ќе биде поразличен од она на коешто сте навикнати. Дури и ако одите на обичен одмор во соседните држави, хотелската соба сигурно ќе ви биде поразлична од вашиот дом. Среќавањето нови луѓе ќе ги прошири вашите погледи и којзнае, можеби дури и ќе ја сретнете вашата сродна душа на овие авантури.rn

    3. Ќе станете „светски човек“

    rnУчењето надвор од државата може да ве направи здодевни за вашите пријатели бидејќи додека тие учеле, вие сте го шетале светот. Ќе се вратите дома со многу приказни, но веројатно никој нема да сака да ги слуша бидејќи сте си поминале неверојатно. Патувањето навистина ве прави светски човек и ќе стекнете безброј сеќавања кои ќе бидат со вас целиот живот. Но, прво мора да ги создадете сеќавањата пред да ги раскажувате. Дозволете си да ги искусите и да ги видите нештата за кои другите само сонуваат.rn

    4. Ќе научите да живеете во моментот

    rnСигурно уште откако знаете за себе ве прашувале што сакате да бидете кога ќе пораснете. Па, не е баш ваша вина што постојано мислите на иднината наместо да живеете во сегашноста. Кога ја барате вашата сродна душа, лесно е да се изгубите наместо да уживате во потрагата. Авантурата во вашите 20-ти е важна бидејќи ќе ве научи да живеете во сегашниот момент. Кога ќе го погледнете светот за прв пат, нема да сакате да ја завртите главата. Ќе сакате да го впиете и да му се восхитувате.rn

    5. Ќе станете креативни

    rnСветот е полн со инспирација. Кога сте во вашите 20-ти, нормално е понекогаш да се чувствувате заглавено. Можеби немате доволно пари, работите нешто што не го сакате, или пак живеете со родителите, а сакате лично ваш дом. Но, и овие моменти имаат своја убавина. Авантурата ќе ви овозможи да се чувствувате како да можете направите сè. Секоја култура си има своја уметност, храна и пејзажи кои ќе ви го одземат здивот. Дури и ако не излеете од државата, сигурно има многу места кои треба да ги посетите таму. Авантурата ќе ја инспирира вашата креативност.rn

    6. Ќе го отворите вашиот ум

    rnОдеднаш ќе сфатите дека се согласувате со секој забавен план. Она што некогаш ве плашело, сега ви изгледа мало и безначајно. Вашите стравови повеќе не ве контролираат. Спонтаното патување ви звучи како одлична идеја, а светот е место полно со можности. Кога ја барате сродната душа, лесно е да заглавите со мислите дека сè е лошо. Најчесто причината за ова се вашите очекувања. Авантурата ќе ви даде шанса да размислувате поинаку, да го отворите вашиот ум и да го прифатите она што универзумот го подготвил за вас.rn

    7. Ќе добиете добра перспектива

    rnПерспективата е најважното нешто. Можеби љубовта и барањето на сродната душа ќе направат да се чувствувате добро, но авантурата ќе ве натера да го погледнете вашиот живот и свет со нови очи. Можете да поминете часови барајќи ја сродната душа, но на крајот на краиштата вие го живеете животот за вас. Сè се случува со причина, и кога ќе дојде време ќе ја сретнете и личноста што ви е потребна.rnrnПа, немојте да се откажувате од љубовта, но имајте на ум дека постојат други работи за кои треба да живеете во вашите 20-ти. Не заборавајте ги пасошот и камерата, никогаш не знаете каде ќе завршите.rnrnПогледнете и кои грешки е добро да ги направите во вашите 20-ти.

  • Дали вашата сродна душа е во врска со друг човек? Тоа може да е позитивна работа!

    Дали вашата сродна душа е во врска со друг човек? Тоа може да е позитивна работа!

    Луѓето го поминуваат животот барајќи ја својата сродна душа со надеж дека ќе успеат да ја изградат совршената врска и да завршат со вистинскиот или вистинската. Но, понекогаш работите не одат онака како што сме планирале. Понекогаш дури и да ја најдеме сродната душа, таа можеби нема да биде сингл. Зар не е апсурдно тоа што конечно сте ја сретнале сродната душа, но не можете да сторите ништо? Дали судбината крои некакви посебни планови за вас?rnrnДали вашата сродна душа е во врска со друг човек? Тоа може да е позитивна работа!rnrnПонекогаш, луѓето ги наоѓаат своите сродни души, но тие веќе се во сериозна врска или брак. Тоа можеби ќе ве наведе да се посомневате во концептот за сродните души. Нема никаква смисла судбината да создаде некој за вас, а да не бидете заедно. Апсурдноста на ситуацијата ја убива смислата на потрагата по сродната душа. Па, дали постои воопшто некаква причина за нивното постоење? Дали секој човек мора да има сродна душа?rn

    Што да правите кога вашата сродна душа не е сингл?

    rnСамо судбината може да одреди кога 2 сродни души треба да се сретнат. Можно е кога ќе ги запознаете, тие веќе да започнале врска со некој друг. Можеби причината за тоа е да се освестат и да сфатат што навистина сакаат за себе и што бараат од љубовниот партнер.rnrnТоа што ќе следува не е воопшто едноставно. Комплексноста на овие околности не е бесцелна. Постои голема веројатност дека тие ќе понесат со себе многу знаења и искуства од нивната моментална врска што ќе бидат од голема корист за вашата идна врска. Тоа што ќе ги запознаете во моментот кога тие се со некој друг само ќе им помогне да ве видат со поинакви очи и да сфатат колку би им бил животот поубав кога би биле со вас. На почетокот, можеби ќе ви се чини предобро за да биде вистинито, но подоцна ќе ја разберете важноста на овие настани.rnrnНекои луѓе не можат да веруваат во идејата за сродни души и не се убедени дека им е судено да го поминат животот со вистинската личност за нив. Средбата со нивната сродна душа може да ги изненади и да предизвика губење на контролата. Па затоа, подобро е да поминат некои работи и да се справат со предизвиците што ги носи љубовната врска, за да бидат подготвени пред да доживеат вистинска љубов.rnrnОд друга страна, пак, луѓето многу се вознемируваат кога ќе ги видат нивните сродни души со некој друг. Во таков случај, тие се обвинуваат себеси, иако немаат никаква контрола врз ситуацијата. Дури и почнуваат да си го проколнуваат животот! Меѓутоа, треба да знаат дека постои голема причина за сѐ што им се случува. Само треба да верувате во себе и да имате доверба во вашата судбина кога станува збор за нештата што не можете да ги контролирате.rnrnДали вашата сродна душа е во врска со друг човек? Тоа може да е позитивна работа!rnrnВашето присуство постојано ги потсетува што би можеле да имаат во животот. Преку вашето присуство, универзумот ви го покажува вистинскиот пад со сродната душа. Тоа е исто како кога луѓето се заглавени во лоши врски и им треба надворешна помош и поддршка за да излезат од ситуацијата и да сфатат дека никогаш не треба да прифаќаат помалку од она што го заслужуваат. Колку и да ви се чини бесмислено тоа што вашата сродна душа е во врска со друг човек, не заборавајте дека можеби вие сте нивната светлина што треба да им даде сила и да ги одведе до слободата.rnrnНормално е тоа што ќе им треба време да излезат од врската, особено ако станува збор за личност која не верува во сродни души. Таквите луѓе веруваат дека не треба да се откажат од врската, бидејќи вложиле време, емоции и енергија во партнерот. Тие можеби не му придаваат доволно значење на приватниот живот и го занемаруваат. Самата љубов што ја имаат за вас нема да биде доволна за да се ослободат. Но, како што веќе споменавме, сето ова можеби е дел од големата подготовка што мора да се случи пред да започне она вистинското. Потребно е многу трпение и издржливост за да се сменат работите, но вреди да се борите.rnrnПонекогаш ќе мора да се помирите со фактот што некои луѓе едноставно не можат да стават крај на нивната врска. Можеби не знаат да донесат правилна одлука или не се доволно храбри за да го направат првиот чекор. Емпатијата и сочувството понекогаш нѐ спречуваат да ги ставиме нашите интереси на прво место.rnrnПа, што треба да направите кога работите не одат онака како што сакате и не можете ништо да смените? Дали треба да продолжите да се борите за нив или подобро е да го прифатите само нивното пријателство? Вистината е дека не постои еден точен одговор на овие прашања, бидејќи сѐ зависи од околностите. Сите сродни души се разликуваат едни од други и не важат истите правила за сите.rnrnИ покрај тоа, може да се заклучи дека ако вашата сродна душа не е сингл, не мора да го сфаќате тоа како нешто негативно. Гледајте ја поголемата слика. Не смеете да дозволите тоа да биде причина за вашата тага. Најважно е да донесувате правилни одлуки додека се борите за вашата сродна душа, а не да ја освоите по секоја цена.rnrnВо продолжение, дознајте нешто повеќе за 4-те видови сродни души и нивното влијание врз вашиот живот.

  • Вистината за запознавањето на „вистинскиот“

    Вистината за запознавањето на „вистинскиот“

    Сигурно си го имате поставено прашањето: „Како ќе знам дека сум ја сретнал/а вистинската личност?“ Одговорот, се разбира, не е едноставен. Постојат 2 причини за тоа зошто луѓето сакаат да се венчаат.rnrnvistinata-za-sretnuvanje-na-vistinskiot-kafepauza.mkrn

      rn011

    • Да добијат љубов, признание, безбедност и сигурност
    • rn011

    • Да споделуваат љубов и да созреваат духовно и емоционално
    • rn

    rnАко се чувствувате несигурно и осамено, веројатно ќе барате некој кој ќе ја исполни таа празнина и ќе ви ја даде љубовта која ја барате. Можеби сакате да најдете некој кој ќе ве исполни и кој ќе направи да се чувствувате вредно. Проблемот е што никој не може да го направи тоа за вас. Ова е нешто што треба да научите да го правите самите. Бидејќи секогаш сме привлекувани од луѓе кои се на исто ниво на ранливост и здравје со нас, личноста која бара љубов ќе привлече личност која исто така бара љубов. Секој човек се надева дека ќе се исполни од другиот без да сфати дека се чувствува празно и всушност нема што да даде. Поради ова, ниту една личност не е вистинската кога желбата за брак потекнува од желбата за добивање љубов и безбедност наместо споделување љубов и учење.rnrnНаместо да се прашувате „Дали ова е вистинската личност за мене?“ прашајте се „Дали јас сум вистинската личност? Дали јас сум личност која во врската влегува полна со љубов подготвена да ја сподели или сум личност која само бара љубов и признание?“rnrnНајголемата причина за неуспешноста на врските е тоа што секој од партнерот очекува нешто што не го добива. Кога луѓето не знаат како да се сакаат и ценат самите, и да си создадат чувство на безбедност, сигурно не можат да го направат тоа за некој друг. А сепак, сите го очекуваат ова од нивниот партнер.rnrnЛесно е да дознаете дали некој е вистинскиот за вас кога вашата цел во врската е да учите и да ја споделувате љубовта. Личноста која е исполнета лесно забележува дали некој е „празен“ и сигурно нема да биде привлечена од таков човек. Луѓето кои се отворени за учење, за емоционално и духовно созревање, за преземање одговорност за нивните чувства и безбедност, нема да бидат привлечени од личности кои се затворени, сакаат да контролираат и само сакаат да добиваат љубов.rn

    Нема веднаш да знаете дали сте ја пронашле вистинската личноста

    rnПотребни се месеци за да откриете дали некоја личност е онаа којашто кажува дека е. Не можете да дознаете каков е некој сè додека не дојде до конфликт и додека не откриете како оваа личност се однесува во таква ситуација. Некои луѓе изгледаат навистина отворено и љубезно, но кога ќе дојде до конфликт стануваат гневни, покажуваат отпор и се затвораат наместо да се обидат да научат нешто повеќе за себе и за другата личност. Важното прашање е: Како оваа личност се справува со конфликтите и колку време ѝ е потребно да се отвори по конфликтот?rnrnБидејќи никој од нас не почнува врска целосно заздравен, важно е да знаете дали вашиот партнер сака да ги истражува конфликтите наместо само да се штити од нив. Несогласувањата се појавуваат во сите врски, но ако и двајцата партнери не сакаат да учат од овие несогласувања, нерешените проблеми со тек на време ќе ја уништат врската.rnrnАко сте личност која е отворена кон учење и која сака врска за да шири љубов, постојат 3 клучни „состојки“ за некој да биде вистинскиот:rn

      rn011

    • Мора да има и најмала искра на привлекување. Ако не се чувствувате физички привлечени кон оваа личност во првите 6 месеци, голема е веројатноста дека привлечноста никогаш нема да се појави.
    • rn011

    • И двајцата треба да бидете грижливи, сочувствителни и да се прифатите онакви какви што сте.
    • rn011

    • И двајцата треба да бидете отворени кон учење во конфликт наместо само да сакате да победите и да бидете во право.
    • rn

    rnПостојат и други состојки, како заеднички интереси и вредности, и тие се важни. Но без овие 3 вашата врска нема да издржи. Пеперутките во стомакот кога ќе го сретнете вистинскиот можеби не се далеку од вистината. Ако се чувствувате депресивно во врската, веројатно не е вистинската. Но, ако се чувствувате среќно и оптимистично со оваа личност, можеби сте на правиот пат. Обрнете внимание на вашата интуиција, таа може да ви каже дали некој е добар за вас. Запомнете дека не секогаш е важно дали тој е вистинскиот. Во добрата врска треба да постои љубов и заемно почитување.rnrnДознајте и кои се разликите помеѓу сродната душа и животниот партнер.

  • 15 мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја запознаат својата сродна душа

    15 мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја запознаат својата сродна душа

    Мажите веднаш знаат кога ќе ја запознаат вистинската жена за нив. Можеби на почетокот нема да бидат сигурни во нивните чувства, но со текот на времето ќе им станува сѐ појасно и појасно. Ова се 15-те мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја сретнат вистинската…rnrn15 мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја запознаат својата сродна душаrn

    1. „Не смеам да се вљубам!“

    rnКога мажите ќе сфатат дека се вљубуваат во некого, почнуваат многу да се плашат. Тоа чувство им е чудно и непознато. Виделе како нивните другари завршуваат повредени и дефинитивно не би сакале да поминат низ истото. Исто така, тие се загрижени дека девојката ќе ги одбие, а не се подготвени да ја поднесат болката што ќе следува.rn

    2. „Како може да е толку убава?“

    rnКога мажите ќе пронајдат вистинска љубов, не станува збор само за физичка привлечност. На почетокот можеби ќе ги привлече нејзиниот изглед, но како што минува времето, тие ќе почнат да обрнуваат внимание на секој нејзин детаљ и сѐ ќе им се чини волшебно. Нема да можат да ги тргнат очите од неа.rn

    3. „Навистина ја почитувам“

    rnНовата жена во неговиот живот предизвикува позитивни промени кај него. Тој ќе се обиде да стане подобар и поуспешен за неа. Тој ќе ја почитува девојката, но и нејзините желби и соништа. Во оваа врска ќе постои заемна почит што тој длабоко ќе ја цени и негува.rn

    4. „Ќе ја сакам без оглед на сѐ“

    rnТој ќе ја сака поради нејзината личност и начинот на кој се однесува со него. Дури и да поминале низ некакви проблеми и несогласувања во минатото, тој сѐ уште ќе ја сака и ќе се грижи за неа. Нема да дозволи нејзиното минато да ја определи нивната заедничка иднина.rn

    5. „Таа ме разбира“

    rnМажите се обидуваат да ги задржат проблемите и тагата за себе. Тие мислат дека ако се отворат, ќе предизвикаат одбивност кај партнерите. Меѓутоа, кога ќе ја сретнат вистинската жена за нив, тие се чувствуваат удобно во своја кожа и не се грижат дали ќе бидат осудени за нивните грешки и проблеми. Нивната сродна душа секогаш да ги разбере и нема да ги понижи поради нивните несигурности.rnrn15 мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја запознаат својата сродна душаrn

    6. „Таа е вистинската“

    rnКога мажите ќе го сфатат ова, девојката ќе стане центар на нивниот универзум. Ќе можат да мислат само на неа. Нејзината среќа и здравје ќе бидат нивниот главен приоритет. Нема да се трудат да оставаат позитивен впечаток, бидејќи врската ќе стане интимна и вистинска. Ќе се чувствуваат длабоко поврзани со неа и ќе направат сѐ за да ја заштитат.rn

    7. „Дали тоа што го чувствувам за неа е љубов?“

    rnДали пеперутките што му создаваат немир се последица на љубовта? Никогаш претходно не почувствувал такво нешто и затоа му е чудно и непознато. Тој ќе ги прашува неговите пријатели и роднини дали постои име за неговите емоции.rn

    8. „Не постои ништо што би променил кај неа“

    rnПред да се вљубат во некого, мажите ја создаваат совршената девојка во нивната глава, со одредена боја на очи, фризура, тело, интереси и слично. Меѓутоа, кога ќе ја сретнат сродната душа, тие ќе заборават на нивните критериуми и сѐ ќе им се допаѓа кај неа. Ќе им се допаѓаат сите нејзини недостатоци и чудни интереси. Ќе се вљубат поради нејзината личност и нема да сакаат да ја променат.rn

    9. „Не се плашам повеќе“

    rnДечкото кој добивал панични напади од самото спомнување на зборот „врска“ и „брак“ сега не може да дочека да изгради заеднички живот со неговата сакана. Тој е свесен за сите промени што ќе се случат и колку ќе се смени неговиот живот, но тоа не му пречи. Не се чувствува нервозно, туку возбудено поради новите почетоци.rn

    10. „Дали сум доволно добар за неа?“

    rnТој е загрижен дали е доволно добар за неговата сродна душа. Се чувствува несигурно дека таа можеби е предобра за него. Токму затоа, тој почнува повеќе да се труди и навистина сака да ја заслужи нејзината љубов. Сака да го извлече најдоброто од себе. Сака да ѝ покаже дека секогаш ќе се грижи за неа.rnrn15 мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја запознаат својата сродна душаrn

    11. „Можам цел ден да зборувам со неа“

    rnРазговорите течат природно со вистинската жена. Тој нема да размислува што ќе каже и никогаш не му станува здодевно. Имаат заеднички интереси и забавно му е да зборува со неа. Се чувствува пријатно покрај неа и не може да си го замисли животот без нивните разговори.rn

    12. „Време е да се смирам“

    rnТој повеќе не чувствува потреба да брка други жена, да флертува и да се впушта во минливи авантури, бидејќи ја нашол вистинската. Сите тие работи сега му се чинат незрели, бидејќи ја осознал радоста и исполнетоста што ги нуди стабилната врска. Кому му требаат повеќе жени кога може да ја помине ноќта со жената од неговите соништа?!rn

    13. „Таа е мојата судбина“

    rnВистинската љубов ќе му биде најважното нешто на светот. Таа е совршена во негови очи. Среќата што ја чувствува кога е со неа не може да се објасни со зборови. Не може ни да се замисли без неа. Самата помисла на тоа го плаши. Ја сака и покрај сите нејзини маани и недостатоци. Таа е најубавата жена за него и засекогаш ќе биде така.rn

    14. „Ова е совршено!“

    rnПорано мислел дека врските се напорни, исполнети со постојани караници и компромиси. Но, со вистинската девојка сѐ делува лесно и нормално. Постојано се прашува од што се плашел толку многу. Ова е токму тоа што отсекогаш го барал: Љубов, среќа, разбирање и поддршка. Сѐ се одвива природно. Вистинската љубов има толку позитивно влијание на него, што тој почнува да прави работи кои порано го нервирале.rn

    15. „Таа е мојата втора половина“

    rnНе може да си го замисли животот без неа. Животот би бил премногу обичен и безначаен. Мажот кој порано бегал од љубовта, сега постојано копнее по нејзиното присуство.rnrnВо продолжение прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.

  • 8 знаци дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави во вашиот живот

    8 знаци дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави во вашиот живот

    Сродната душа се појавува кога вашата душа е подготвена. Можеби вашето срце било скршено многупати па сте си дале заклетва дека веќе нема да дозволите да бидете повредени. Или пак, толку долго сте го штителе вашето срце што воопшто не му давате шанса да се скрши.rnrnCreation concept. Concept imagernrnНо, наоѓањето на вистинската личност вреди повеќе од сите скршени срца дотогаш. Подобро е да бидете повредени отколку цел живот да го поминете не дозволувајќи си да се вљубите. А добрата вест е што постои вистинската личност за секого, а вие заслужувате да ја пронајдете вашата. Љубовта се појавува кога најмалку очекувате, и секако има некои знаци кои ве подготвуваат за тоа.rnrnВо поголемиот број случаи, веднаш знаете кога ќе го запознаете вистинскиот. Има некаква радост во воздухот или чувство во вашиот стомак дека тоа е вистинската љубов. Можете да го следите тоа чувство. Но, кога вашата сродна душа „наближува“, вие ќе го почувствувате тоа. Ова се сигналите на кои треба да обрнете внимание.rn

    1. Имате романтични соништа

    rnПред космичката романса да се појави во вашата реалност, многу е веројатно прво да ја доживеете во соништата. Можеби нема да ги помните деталите од сонот, но ќе се чувствувате убаво во текот на целиот ден.rn

    2. Сакате да станете подобра личност

    rnАко одеднаш добивте желба повеќе да се грижите за себе, ова е знак дека вашата сродна душа ве инспирира. Сакате да се фокусирате на личниот развој бидејќи сметате дека тоа ви е потребно за да привлечете некого. И многу е добро кога ќе вложите енергија во ова. Како што се подобрувате вие, и вашата сродна душа го прави истото. Всушност, токму на овој начин сè повеќе се приближувате еден кон друг.rn

    3. Почнувате појасно да ја гледате целта на вашиот живот

    rnБлизината на вашата сродна душа ви помага подобро да ја видите вашата животна цел. Она што ви изгледало како празно постоење, почнува да има некакво значење и насока. Се чувствувате живо и возбудено. Овие емоции ги предизвикува вашата сродна душа, но со нив и ја привлекувате.rn

    4. Почнувате да ја гледате љубовта околу вас

    rnКаде и одите гледате парови кои се држат за рака или пак се однесуваат како целиот свет да им припаѓа само ним. Станувате свесни за љубовните „приказни“ кои сè почесто ги гледате на телевизија или пак на социјалните мрежи. Ова можеби ќе ве иритира на почетокот, но токму тоа ќе ве натера да ја сознаете и да ја прифатите љубовта во вашиот живот.rn

    5. Знаете што сакате од партнерот

    rnВеќе имате план за вашата наредна врска. Веќе знаете што сакате од партнерот, како сакате да изгледа, како сакате да зборува и слично. Многу често овие барања водат до лоши врски. Но, кога ќе сфатите што навистина ви е важно во врската, кога ќе гледате подалеку од тие детали, вашата сродна душа ќе ве пронајде. Можеби сакате вашиот партнер да има црна коса, да биде во добра физичка форма и да сака животни. Но она што навистина го сакате е здрав и позитивен партнер со кој ќе можете да созревате. Наместо да барате црнокоса личност која сака животни, барајте некој што ви дава чувство на сигурност и среќа. Така ќе ја најдете вашата сродна душа.rn

    6. Се отворате кон нови можности

    rnБидејќи сте подготвени да ја примите новата љубов во вашиот живот, вие се отворате кон нови можности и сакате да запознавате нови луѓе. Социјализирањето ќе ви помогне полесно да ја пронајдете вистинската љубов, бидејќи таа никогаш нема сама да затропа на вашата врата. Желбата да се отворите потекнува од вашата потсвест која сака да ве ослободи од вашиот удобен затвор и да ви помогне да ја сретнете вашата сродна душа.rn

    7. Имате повеќе енергија од вообичаено

    rnЈа чувствувате близината на вашата сродна душа со тоа што се зголемува нивото на вашата енергија. Незнајно го чувствувате позитивното влијание од неа бидејќи вашата душа прва ја забележува. Можеби се будите наутро со повеќе енергија од обично. Можеби се чувствувате среќни без некоја причина. Сите овие нешта се знаци дека вистинскиот партнер е многу блиску.rn

    8. Конечно сфативте кои се лекциите од минатите љубовни врски

    rnНештата ви стануваат појасни и веќе сте свесни дека грешките од минатото не се против вас. Напротив, сфаќате дека овие грешки се искуства од кои можете да научите нешто. Повеќе нема да ги повторувате. Знаете што треба, а што не треба да правите во новата врска со вистинската личност. Ова е знак дека сте ги надминале сите повреди од минатите врски и дека сакате повторно да се вљубите.rnrnАко мислите дека сте ја пронашле вистинската љубов, овие знаци ќе ви помогнат да препознаете дали тоа е вашата сродна душа.

  • Како вашето тело ви покажува дека сте го пронашле вистинскиот?

    Како вашето тело ви покажува дека сте го пронашле вистинскиот?

    Колкупати сте се запрашале дали сте го пронашле вистинскиот? Целата ваша љубовна историја е исполнета со луѓе кои не биле доволно добри за да бидат вашата вистинска љубов. Што ако вашата сродна душа е во близина, но вие не сте ни свесни за тоа? Можете да се послужите со клишето на чувствување пеперутки во стомакот за да се уверите дали сте со совршениот човек за вас, но постојат и други физички реакции што можат да ви го откријат истото.rnrnКако вашето тело ви покажува дека сте го пронашле вистинскиот?rnrnПа, кои се знаците на кои треба да обрнете внимание? Не заборавајте дека ова не е лекарски преглед и не станува збор за симптоми што можат да ја докажат љубовната инфекција, но постојат неколку знаци што ќе ви помогнат да откриете дали личноста со која сте во врска е посебна или не. Ова се знаците што вашето тело ќе ви ги покажува кога ќе го пронајдете вистинскиот…rn

    Топлина

    rnСе чувствувате топло и пријатно во негова близина. Самото негово присуство прави да се чувствувате слободни да ги споделите сите ваши тајни. Топлината прави да се чувствувате како природен дел од неговиот живот.rn

    Оптимизам

    rnДобрата врска ќе направи да бидете позитивни и енергични. Дури и да се чувствувате депресивно и тажно, добриот партнер ќе се погрижи да ве расположи. Постоењето на позитивна енергија помеѓу двајца луѓе е показател на ретка и посебна врска што не смеете да ја изгубите.rn

    Мотивација

    rnСекако дека ако се чувствувате позитивни однатре, ќе сакате да се потрудите тоа да го покажете и однадвор со тоа што ќе си го подобрите животот. Тоа значи дека кога ќе најдете посебен партнер, ќе бидете мотивирани да станете подобри од претходно. Добриот партнер ќе ве форсира да работите напорно и ќе ве поттикне да си ги проширите хоризонтите. Добриот партнер непрестајно ќе ве форсира да станете подобри личности, а тоа несомнено ќе ви помогне да ги достигнете вашите цели.rn

    Ќе бидете свои

    rnНема да мора да се претставувате како некоја друга личност. Добриот партнер ќе сака да ве запознае во вистинско светло и затоа нема да се однесувате лажно и да глумите. Ќе ви биде пријатно да бидете свои и ќе се ослободите од сите несигурности и ограничувања.rn

    Мирис

    rnАко неговиот мирис прави да ја изгубите главата, тогаш со сигурност сте го нашле совршениот партнер. Ова е и научно докажано, бидејќи мирисот е најсилното сетило. Ако ви мириса убаво, зачувајте го во животот!rn

    Здравје

    rnАко поради него сте почнале да донесувате поздрави животни одлуки и повеќе да се грижите за себе, тогаш тој ви значи многу повеќе одошто мислите. Доколку личноста ве поттикнува да бидете најдобрата верзија од себе, со сигурност се работи за посебен човек во вашиот живот.rnrnКако вашето тело ви покажува дека сте го пронашле вистинскиот?rn

    Интуиција

    rnВашата интуиција открива многу повеќе одошто мислите. Тоа значи дека кога сте во близина на некоја посебна личност, вашиот интуитивен радар ќе ви праќа силни сигнали и ќе знаете дали тој е вистинскиот или не. Овој знак нема голема научна основа, но дефинитивно не треба да се занемари.rn

    Емпатија

    rnНе ни се случува многу често да имаме толку силни чувства кон некого што би посакале да ја споделиме неговата болка, па дури и самите да ја чувствуваме. Ако оваа емпатија ве обзема во негово присуство, нема сомнеж дека тој е вистинскиот за вас.rn

    Возбуда

    rnНа овој знак не му треба големо објаснување. Станува збор за биолошка реалност. Ако поминале месеци или години, а тој сѐ уште ве возбудува, тогаш постојат големи шанси дека се работи за вистинскиот.rn

    Гушкање

    rnГушкањето е многу поинтимно одошто мислите. Ако сте на работа и единственото нешто на коешто мислите е тоа колку ќе ви биде пријатно и удобно кога ќе го прегрнете вашиот партнер навечер, бидете сигурни дека не може да постои поголема физичка манифестација на вашите чувства кон него. Гушкајте го засекогаш!rn

    Смиреност

    rnДали се чувствувате потполно смирени кога сте со него? Иако луѓето мислат дека треба да чувствуваат пеперутки во стомакот кога се во близина на саканата личност, тоа не е секогаш така. Напротив, тој може да прави да се чувствувате смирени и спокојни. Дури и во стресните моменти, тој има смирувачки ефект на вас.rn

    Мисли

    rnАко откако сте го запознале, постојано мислите на неговиот допир, на нештата што ги кажал, начинот на кој се насмевнал и многу други ситници поврзани со него, тогаш тоа е несомнено добар знак. Овие мисли се јавуваат само кога знаете дека сте го пронашле совршениот партнер.rn

    Потреба

    rnМора да чувствувате силна потреба и желба да бидете со него. Тоа значи дека има празнина во вашиот живот кога тој не е до вас и единственото нешто на коешто мислите е моментот кога ќе бидете заедно конечно. Оваа необјаснива желба е последица на потребата да бидете со него и на празнината што се јавува кога не сте заедно. Негувајте ја таа потреба и потрудете се да поминувате повеќе време заедно. Тој ви треба во вашиот живот за да се справите со сите неизбежни потешкотии.rnrnДа се надеваме дека се појави насмевка на вашето лице додека ги читавте овие знаци, бидејќи тоа значи дека длабоко во себе знаете дека сте го пронашле вистинскиот. Доколку не се препознавте и сѐ уште сте во потрага, не губете надеж. Постои човек кој е совршен за вас и кој ќе ви го направи светот подобро и посреќно место за живеење веднаш штом се појави.rnrnДоколку сѐ уште не сте сигурни дали се работи за вистинскиот, прочитајте ги следниве 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душа.

  • Астрологијата открива како треба да се чувствувате покрај господинот Вистински

    Астрологијата открива како треба да се чувствувате покрај господинот Вистински

    Вистинската личност треба да има особини заради кои вие ќе се чувствувате добро, кој ќе прави да бидете задоволни со себе, да биде оној покрај кого ќе бидете она што сте, оној со кого ќе ги споделувате најважните работи во вашиот живот. Хороскопот го одредува тоа според вашиот знак.rnrn1-kako-treba-da-se-chuvstvuvate-pokraj-vistinskiot-sudejkji-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnПотребен ви е некој што има ист глад за животот како вас. Некој што ќе сака да го истражувате светот заедно, што постојано сака да учи и да сознава нешто ново заедно со вас. Некој што ќе остане со вас и ќе биде со вас кога ќе се одлучите да тргнете по патот по кој поретко се чекори.rn

    Бик

    rnКога ќе пронајдете некој што ќе ви пружи топлина и ќе ве прегрне со таква нежност со која покрај него ќе се чувствувате како конечно да сте пристигнале дома, тогаш тој е Вистинскиот. Некој покрај кого ќе се чувствувате сигурни, на кого ќе можете да сметате и кој никогаш нема да ве зема здраво за готово.rn

    Близнаци

    rnПотребен ви е некој што целосно ќе ве разбира и ќе ве сака токму онакви какви што сте и заради што сте станале токму такви. Некој покрај кого не треба да глумите и да ги криете вашите слабости и недостатоци, покрај кого ви е пријатно во сопствената кожа, бидејќи можете да бидете она што се, што и да сте, и кој заради тоа нема да се вознемирува, туку ќе го прифаќа како нешто прекрасно и занимливо.rnrn2-kako-treba-da-se-chuvstvuvate-pokraj-vistinskiot-sudejkji-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Рак

    rnВам ви е потребен некој што ќе се грижи за вас, што без грешка ќе ги толкува вашите расположенија, изрази на лицето и погледи, некој што ве познава како самиот себе, кој ве разбира и прифаќа сѐ во врска со вас, кој ја цени романтиката, нежноста и посветеноста во врската исто толку колку и вие. Некого кому му е потребно да биде потребен и кој со задоволство дава сѐ од себе.rn

    Лав

    rnЗа вас Вистинскиот е оној што ќе се вклучи на иста фреквенција на која сте вие и која константно ќе остане вклучена. Некој што исто така е љубопитен во поглед на светот како што сте вие, некој кој ќе го цени времето кое го поминува со вас иако е доста тешко да одвои време од она што е потребно за градење кариера и достигнување цели. Некој што ќе ги разбере вашите амбиции и кој нема да ве попречува, бидејќи и самиот има исти вредности и цели како вас.rn

    Девица

    rnПотребен ви е оној покрај кого помалку ќе се плашите за љубовта и предавањето. Некој кој отворено и искрено ги изразува своите чувства, некој на кого не му е тешко да се обврзе и на кого не му е тешко во секој момент да признае дека сте му важни, некој што ќе ви даде поддршка и покрај кого ќе се чувствувате помалку осамено и изгубено во хаотичниот надворешен свет.rnrn3-kako-treba-da-se-chuvstvuvate-pokraj-vistinskiot-sudejkji-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Вага

    rnПотребен ви е некој покрај кого уште посилно ќе сјаете и ќе блескате. Некој на кого нема да му биде непријатно заради тоа колку луѓе ве сакаат и сакаат да бидат во ваша близина, на кого не му пречи да ја гледате вашата работа и да уживате во исполнетоста на вашиот живот. Некој што знае дека ви е потребно разбирање и потпора, иако вие сте толку сјајни и сами на себе доволни. Кој знае да ве фати за рака и да ве поведе онаму каде што сакате да отидете, а да не мора ништо да ве праша.rn

    Скорпија

    rnДобро ќе се чувствувате покрај некој што ви нуди предизвик и на кого бескрајно му верувате, бидејќи ве познава, ве разбира, ве сака и ве прифаќа. Некој што ќе биде свесен за вашата вредност, знае кои сте и колку можете и кој безрезервно ќе ве поддржува во сѐ. Кога некој таков ќе ви предложи да направите нешто за себе, нема да има отпор, туку ќе пронајдете начин како да го направите тоа.rn

    Стрелец

    rnПотребен ви е некој што е истрајно позитивен и полн со животна радост, што постојано пронаоѓа убавина и магија во малите нешта, што не се плаши да биде целосно искрено со вас, некој што се раководи во животот според здравиот разум и логиката, а притоа не го губи чувството за чудесност и возбуда.rnrn4-kako-treba-da-se-chuvstvuvate-pokraj-vistinskiot-sudejkji-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Јарец

    rnПотребен ви е некој покрај кого ќе можете да ја исполните вашата забавна и опуштена страна, бидејќи во него ќе имате доволно доверба за да се опуштите. Некој што е исто толку активен и амбициозен како вас, што никогаш нема да бара од вас да бидете она што не сте, но кој, исто така, постојано ќе ве потсетува дека е во ред да ја гледате поведрата страна на животот и да пронаоѓате хумор и радост во малите нешта.rn

    Водолија

    rnВам ви е потребен некој пред кого ќе се чувствувате независно, но и покрај кого ќе чувствувате припадност – истовремено. Некој покрај кого ќе се чувствувате поврзано со своето внатрешно битие, некој што разговара со вас така што ќе чувствувате дека имате повеќе разбирање од кога било, некој што ќе се однесува како ваш партнер, пријател и тимски играч, без обиди да ве окупира и да ви го одземе вашиот идентитет.rn

    Риби

    rnПотребен ви е некој што постојано ќе ве изненадува, така што ќе ве предизвика да го извлечете од себе она за кое не сте знаеле дека го имате, што ќе ве запознае со новите страни од вашата личност, некој покрај кого сте сигурни дека секогаш сте му на првото место, покрај кого ќе чувствувате реална и длабока припадност.rnrnА, кога веќе сме кај хороскопот и неговото влијание врз нашиот љубовен живот, тогаш погледнете кои парови од зодијакот имаат подлабока врска од сите други.

  • Која е вашата сродна душа според хороскопскиот знак?

    Која е вашата сродна душа според хороскопскиот знак?

    Дали сте се запрашале што може да ве научи астрологијата за вашата сродна душа? Со анализирање на вашиот хороскопски знак можете подобро да сфатите кој е совршениот љубовен партнер за вас.rnrnkoja-e-vahsata-srodna-dusha-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mkrn

    Овен: Партнер со самодоверба кој може да го следи неговото темпо

    rnОвните живеат брзо. Тие немаат време да чекаат некого и потребен им е партнер кој ќе може да го следи нивното темпо. Нивната сродна душа е личност со голема самодоверба и што не се плаши да превзема ризици.rnrnПотенцијални сродни души: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци и Водолија.rn

    Бик: Лојален и романтичен партнер кој има очи само за нив

    rnЗа вистинската личност, Биковите остануваат верни до крај, но потребен им е некој кој може да ја возврати услугата. Нивната сродна душа е некој кој е верен, искрен и кој не сака да си игра со нив бидејќи Биковите немаат време за тоа. Тие исто сакаат романтичари кои можат да направат да се чувствуваат како да се единствената личност на светот.rnrnПотенцијални сродни души: Рак, Јарец, Девица и Риби.rn

    Близнаци: Некој со мозок, смисла за хумор и доволно различен од нив за да им биде интересно

    rnБлизнаците знаат да бидат навистина пребирливи, па доколку ве одберат вас треба да се чувствувате посебно. Нивната сродна душа е личност која е забавна, паметна и интересна. Тие исто така сакаат да имаат неколку разлики со партнерот за врската да не им стане здодевна.rnrnПотенцијални сродни души: Лав, Вага, Овен и Водолија.rn

    Рак: Интелигентен, приврзан партнер со сочувствително срце

    rnРаковите имаат огромно срце и многу љубов за давање, но ако навистина сакате да ги освоите треба и вие да го правите истото. Нив им е потребен некој кој е доволно интелигентен за да може да ги разбере, но исто така и приврзан за да направи да се чувствуваат посебни и сакани. Раковите немаат време за себичност па нивниот идеален партнер треба да биде грижлив и сочувствителен.rnrnПотенцијални сродни души: Скорпија, Бик, Риби и Девица.rn

    Лав: Некој кој е мистериозен и полн со самодоверба

    rnЛавовите се безнадежно привлечени од самодовербата и мистериозноста. Тие сакаат некој кој е подготвен за авантура, но истовремено и мистериозен за да ги тера да погодуваат што е следно.rnrnПотенцијални сродни души: Близнаци, Вага, Стрелец и Овен.rn

    Девица: Партнер кој е софистициран, комплексен, амбициозен и целосно посветен

    rnСродната душа на Девиците е некој кој е комплициран и софистициран како луксузно француско вино. Но нивниот партнер исто така треба да биде амбициозен, а не некој кој не прави ништо по цел ден. Најмногу од сѐ, на Девиците им е потребен партнер кој ќе ѝ се посвети на врската исто колку и тие.rnrnПотенцијални сродни души: Скорпија, Јарец, Рак и Бик.rn

    Вага: Некој со добар изглед, самодоверба и паметен

    rnВагите имаат високи стандарди кога станува збор за љубовта. Тие ја сакаат физичката убавина бидејќи уживаат во естетиката. Тие ја сакаат интелигенцијата бидејќи се паметни и бавните умови за нив се здодевни. Самодовербата ги привлекува бидејќи тие сакаат некој што знае што сака.rnrnПотенцијални сродни души: Близнаци, Водолија, Стрелец и Лав.rn

    Скорпија: Партнер кој ги предизвикува и кој се „храни“ од нивната страст

    rnЉубовта на Скорпиите е длабока, интензивна и безусловна. Но, потребен им е партнер кој ќе ги предизвикува. Нивната сродна душа е некој со длабочина и имагинација, некој кој размислува и чувства длабоко, но не открива сѐ за себе.rnrnПотенцијални сродни души: Риби, Девица, Јарец и Рак.rn

    Стрелец: Некој со отворен ум и слободен дух кој не се обидува да ги промени

    rnСтрелците ја сакаат својата слобода и независност и не им треба некој посесивен. Нивниот совршен партнер е некој кој е забавен и кој има широк поглед кон светото и животот. Стрелците немаат безброј правила и рутини, ниту пак им е потребен некој кој пробува да ги промени или „поправи“. Нивната сродна душа е некој кој им помага да се изградат како личност и некој со кој ќе го освојат светот.rnrnПотенцијални сродни души: Лав, Водолија. Овен и Вага.rn

    Јарец: Партнер кој е елегантен и со стил и кој е верен до крај

    rnЈарците не се плашат да пребираат во љубовта, особено кога ја бараат нивната сродна душа. Нивниот идеален партнер е елегантен и со стил и е горд на себе. Тој исто така треба да биде интелигентен и да може да се поврзе со нив на подлабоко ниво. Но најважно од сѐ, нивниот партнер треба да биде верен.rnrnПотенцијални сродни души: Риби, Бик, Девица и Скорпија.rn

    Водолија: Некој посветен, но забавен и со талент за готвење

    rnСродната душа на Водолиите мора да биде забавна и понекогаш да сака луди авантури. Ако можете да насмеете Водолија, можете да ги натерате да направат што било. Способноста за готвење е голем бонус бидејќи Водолиите обожаваат да јадат.rnrnПотенцијални сродни души: Вага, Овен, Близнаци и Стрелец.rn

    Риби: Партнер со самодоверба и со креативен ум, некој кој е на исто ниво со нив

    rnРибите живеат во нивен свет и никогаш не го сфаќаат животот премногу сериозно или буквално. Нивната сродна душа е некој со умерена самодоверба, див и креативен ум и со способност да размислува нелинеарно . Најмногу од сѐ им е потребен некој со кој можат да се поврзат и да комуницираат на подлабок начин.rnrnПотенцијални сродни души: Рак, Скорпија, Девица и Бик.rnrnПрочитајте и кои хороскопски знаци најтешко наоѓаат сродна душа.

  • Како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?

    Како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?

    Секој хороскопски знак се однесува различно кога се работи за љубовта. Сите сакаат да најдат вистинска љубов, но ретко кој е подготвен да ги направи потребните жртви и компромиси за да ја зачува. Прочитајте како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот…rnrnКако хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?rn

    Овен

    rnОвните ја оттурнуваат сродната душа со тоа што не сакаат да се врзуваат и постојано се во движење.rnrnТие немаат проблем да се заљубат, бидејќи сакаат да доживуваат нови, возбудливи чувства. Меѓутоа кога нештата ќе станат сериозни и удобни, Овните почнуваат да се плашат. Тие се навикнати постојано да се движат, да менуваат работи и не знаат како да се однесуваат кога ќе ја најдат личноста со која би можеле да го поминат животот.rn

    Бик

    rnБиковите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што не ѝ ги простуваат грешките.rnrnБиковите сакаат длабоко и страсно, но интензитетот на нивните емоции знае да ги премине границите на нормалата. Тие не простуваат и тешко им е да ги заборават грешките на партнерот, дури и ако го добиле посакуваното извинување. Воопшто не се флексибилни и се стремат кон совршенство во љубовта.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците ја оттурнуваат сродната душа со нивната неодлучност.rnrnТие не знаат што сакаат од врската, но и од животот. Близнаците честопати очекуваат од партнерот тој да одлучува наместо нив. Наместо да бараат поддршка, тие очекуваат некој друг да им ги донесува важните животни одлуки и на тој начин целосно ја губат сопствената независност.rn

    Рак

    rnРаковите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што ѝ кажуваат како би требало да се чувствува.rnrnРаковите имаат силна интуиција и добро знаат да ги прочитаат луѓето, а тоа знае да предизвика проблеми во љубовните врски. Честопати, тие инстинктивно се обидуваат да ги проектираат нивните сопствени чувства на партнерите или им кажуваат како би требало да се чувствуваат, наместо да ги сослушаат и да ги прашаат што им се случува.rnrnКако хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?rn

    Лав

    rnЛавовите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се обидуваат да ги контролираат нештата врз кои не може да се воспостави контрола.rnrnЛавовите секогаш ги преземаат работите во нивни раце и од ништо прават нешто спектакуларно. Но, оваа навика знае да им наштети во љубовниот живот. Тие не разбираат дека љубовта не може да се контролира и манипулира. Иако многу се трудат во љубовните врски, понекогаш знаат да ги исплашат партнерите со нивната потреба да доминираат во секој аспект од врската, наместо да ја остават да дише.rn

    Девица

    rnДевиците ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се плашат од развојот на врската.rnrnСекогаш кога ќе започнат среќна врска, нивниот мозок одлучува дека е време да почне да смислува милион причини зошто сето ова е лоша идеја и зошто нивната врска е осудена на пропаст. Колку и да се трудат нивните партнери, нормално е тоа што завршуваат повредени бидејќи Девиците постојано претеруваат со размислување и неуморно бараат причини за да бидат несреќни и незадоволни. Тие не ја оттурнуваат нивната сродна душа од себе, туку самите почнуваат да се оддалечуваат, поради што крајот на врската е неизбежен.rn

    Вага

    rnВагите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што ја наведуваат да помисли дека мора да се натпреварува со сите луѓе во нивниот живот.rnrnНема ништо лошо во тоа да се има многу пријатели и блиски личности. Но, партнерите на Вагите не можат да се вклопат во нивниот богат социјален живот и имаат чувство дека мораат постојано да се борат за нивното внимание.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се обидуваат да ја саботираат сопствената среќа.rnrnСкорпиите не можат да поверуваат дека заслужуваат да бидат среќни со некого. Наместо да уживаат во моментот и да им се препуштат на емоциите, тие се борат со љубомората, сомнежите и постојаната грижа за тоа дали врската ќе трае или не.rnrnКако хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?rn

    Стрелец

    rnСтрелците ја оттурнуваат сродната душа со нивната претерана пасивност во врската.rnrnСтрелците се безгрижни и позитивни, а тоа се нивните најдобри страни. Меѓутоа, овие особини поинаку се одразуваат на нивните љубовни врски. Нивната безгрижност преминува во пасивност и делуваат како воопшто да не се грижат околу тоа како се развива нивната врска. Со текот на времето, нивните партнери почнуваат да се плашат дека само тие се целосно посветени на врската и затоа постепено се оддалечуваат.rn

    Јарец

    rnЈарците ја оттурнуваат сродната душа со тоа што секогаш помислуваат на најлошото.rnrnЈарците се многу практични и фокусирани во нивниот секојдневен живот, што е одлично за нивната кариера и амбиција. Но, кога се работи за љубовта, песимистичкиот став може да се одрази негативно на врската, поради што нивните партнери престануваат да се трудат и постепено се оддалечуваат.rn

    Водолија

    rnВодолиите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се обидуваат да се заштитат наместо целосно да се препуштат.rnrnРечиси сите Водолии биле многу повредени во минатото и затоа им е тешко повторно да го отворат срцето. Посигурно им е да останат ладни и далечни, иако таквото однесување остава уште понегативни последици не само на нивните партнери, туку и на нив самите.rn

    Риби

    rnРибите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што мислат дека проблемите ќе се решат сами по себе.rnrnНа Рибите не им е тешко да се поврзат со луѓето. Нивната добрина и сочувство делуваат како магнет на околината. Но, кога врската ќе стане посериозна, кај нив почнуваат да се јавуваат нереалистични очекувања и не знаат како да се справат со проблемите. Тие живеат со главата во облаците, наместо да се соочат со тешкотиите кои се неизбежен дел од секоја љубовна врска.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за тоа како вашиот хороскопски знак се однесува во љубовта, прочитајте која е вашата најлоша навика во љубовните врски.