КАФЕ ПАУЗА

Tag: сродна душа

  • 8 знаци дека тој не е вашата сродна душа

    8 знаци дека тој не е вашата сродна душа

    Сродната душа е личност со којашто се чувствувате потполно компатибилно и целосно разбрано. Ова е личност пред која можете да бидете свои и која ве посетува дека не треба да криете ниту еден дел од себе. Но како да препознаете која е вашата сродна душа? Како да знаете дали сте го пронашле вистинскиот партнер? Во продолжение погледнете ги предупредувачките знаци кои покажуваат дека вашиот партнер не е вашата сродна душа.rnrn8 знаци дека тој не е вашата сродна душаrn

    1. Не можете да го покажете вистинското лице пред него

    rnПартнерот не е вашата сродна душа доколку ги криете мислите или емоциите од него, или полошо, доколку се преправате дека сте некој друг за да го импресионирате. Вистинската сродна душа ќе ги виде сите делови од вас и ќе ве прифати со сите недостатоци.rn

    2. Не сака да биде ранлив со вас

    rnАко мажот со којшто сте во врска не сака да го подели неговото срце со вас, тогаш не ви е родна душа. Продлабочувањето на врската со некого е тешко и сигурно не сакате да го избрзате тоа. Најверојатно кога ќе се сретнете, и двајцата ќе се двоумите дали да се отворите. Но ако со текот на времето забележите дека партнерот сепак не ве пушта внатре, тој можеби не е вашата сродна душа.rn

    3. Крие тајни од минатото од вас

    rnОва оди заедно со ранливоста, но довербата е еден од најважните столбови во врската. Ако вашиот партнер не може да ви ги довери неговите тајни или крие нешто од вас, тогаш не ви е сродна душа. Вистинската сродна душа ќе ги каже и лошите нешта за себе, бидејќи знае дека ќе го сакате и дека ќе го прифатите онаков каков што е.rn

    4. Не сте сигурни кон каде се движи врската

    rnГолем предупредувачки знак дека тој не е вашата сродна душа е доколку не знаете кон каде се движи врската. Иако е добро да ѝ дозволите природно да еволуира, важно е да разговарате за иднината и што би сакале. Доколку партнерот не сака да зборува за иднината или не е сигурен за насоката, можеби врската и не е толку силна.rn

    5. Тој не се совпаѓа со вашите чувства или цели

    rnСо партнерот нема да ги имате истите цели и тоа е сосема во ред. Она што не е во ред е доколку партнерот прави да се чувствувате помалку вредно. Друг предупредувачки знак е кога партнерот не се усогласува со вашите цели. Тој не мора да ја има истата перспектива, но би требало да е поддржи на вашето патување.rn

    6. Вие го првите приоритет, но не и тој вам

    rnДоколку забележите дека постојано го правите приоритет а не добивате ништо за возврат, тогаш најверојатно партнерот не е вашата сродна душа. Љубовта не е еднострана, таа е здрава рамнотежа помеѓу давање и добивање.rn

    7. Често се чувствувате како да присилувате нешто да функционира

    rnВашиот партнер сигурно не е вашата сродна душа доколку сметате дека ја присилувате љубовта. Со сродната душа, љубовта ќе дојде природно. Кога сте со вистинската личност, љубовта нема да изгледа како обврска.rn

    8. Често ги чувате чувствата за себе за да не се расправате

    rnЈасен знак дека партнерот не е вашата сродна душа е доколку треба да криете работи само за да избегнете конфликт. Дури и во најсреќните врски има расправи, но она што е важно е компромисот што го прават партнерите.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави во вашиот живот.

  • 11 знаци дека сте ја пронашле вашата еротска сродна душа

    11 знаци дека сте ја пронашле вашата еротска сродна душа

    Дали ви се случило кога прв пат сте се нашле во кревет со некоја личност, да се чувствувате како тоа да е поразлично од сè што сте искусиле досега? Можеби не сте сакале да кажете никому за ова за да не ја уништите магијата и страста. Но, токму ова е разликата помеѓу сексот за една вечер и сексуалната сродна душа. Сексот со сродната душа не може да се влоши, а привлечноста никогаш не исчезнува.rnrn11 знаци дека сте ја пронашле вашата еротска сродна душаrnrnПричината е поврзаноста што ја чувствувате со оваа личност. Дури и кога сте целосно облечени, сексуалната хемија помеѓу вас постои. Па погледнете ги знаците кои покажуваат дека сте ја пронашле вашата сексуална сродна душа.rn

    1. Не ви се излегува

    rnДоколку ги откажувате сите планови за излегување и повеќе сакате да останете во кревет, тоа е јасен знак дека оваа личност е вашата сексуална сродна душа.rn

    2. Знае што да прави без да му кажувате

    rnСексуалната компатибилност е неопходна за задоволството, а сексот со сродната душа гарантира задоволство. И двајцата знаете што сакате и што ви е потребно за да го достигнете врвот.rn

    3. Комплименти

    rnДоколку партнерот сака да ви дава комплименти во креветот, но и надвор од него, најверојатно сте ја пронашле сродната душа.rn

    4. Несебичност

    rnКога сте со оваа личност, не ви е потребна причина да глумите оргазам или задоволство. Вашата сексуална сродна душа секогаш ќе се погрижи за вашето задоволство, дури и на сметка на нејзиното.rn

    5. Ве возбудува неговиот допир

    rnКога помеѓу вас и партнерот има посебна хемија, доволен е само еден допир за да се почувствувате возбудено.rn

    6. Ниту една вечер не поминува без допирање

    rnНајверојатно не можете да ги тргнете рацете од оваа личност. Вашите инстинкти се поврзани со допирот и вие точно знаете како да го употребите.rn

    7. Се чувствувате навистина пријатно

    rnКога сте со оваа личност, исчезнува секој ваш комплекс во врска со физичкиот изглед. Се чувствувате пријатно и удобно кога сте заедно, без разлика во која положба.rn

    8. Сакате да пробувате нови нешта

    rnСекој има свои желби, а кога сексуалниот партнер е вашата сродна душа, експериментирањето ви е навистина забавно.rn

    9. Другите ја забележуваат хемијата помеѓу вас

    rnРечиси секој околу вас може да ја забележи привлечноста. Доколку вашите пријатели коментираат за тоа, бидете сигурни дека сте ја пронашле вашата сексуална сродна душа.rn

    10. Не сонувате за други луѓе

    rnТолку сте среќни задоволни од оваа личност, што немате сексуални фантазии за никој друг.rn

    11. Секогаш знаете дека сте сигурни

    rnПокрај љубовта што ја споделувате, знаете дека доколку сакате да престанете во кој било момент, оваа личност ќе ве послуша, и тоа без прашања. Не може да постои здрава врска без доверба и сигурност, особено кога станува збор за сексот.rnrnПогледнете и кои се видовите сродни души што ќе ги сретнете во текот на вашиот живот.

  • Како ќе ја сретнете вашата сродна душа според хороскопскиот знак?

    Како ќе ја сретнете вашата сродна душа според хороскопскиот знак?

    Доколку не сте ја сретнале досега, веројатно се имате прашувано како ќе ја запознаете вашата сродна душа. Можеби дури и сте си ја замислиле целата средба. И во овој случај, вашиот хороскопски знак може да влијае на тоа како и каде ќе ја сретнете оваа личност. Па доколку сте нетрпеливи и сакате да знаете што да очекувате, продолжете со читање.rnrnКако ќе ја сретнете вашата сродна душа според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа кога ќе правите нешто навистина активно. Ќе бидете на првиот кик-бокс час или ќе искачувате некоја нова планина, а вашата сродна душа ќе биде личност која никогаш не сте очекувале да ја сретнете. Очигледно, и оваа личност ќе биде отворена за нови искуства како и вие, па токму поради тоа ќе се вљубите.rn

    Бик

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа додека купувате. Без разлика дали ќе купувате нова облека или намирници, токму тогаш ќе налетате на сродната душа. Можеби ќе ве праша нешто за начинот на исхрана, или пак нешто за облеката што сте ја одбрале. Како и да е, оваа личност ќе се појави кога го правите вообичаеното.rn

    Близнаци

    rnВие ќе ја сретнете вашата сродна душа преку заеднички пријател. Премногу сте неодлучни за самите да ја најдете оваа личност, бидејќи едноставно не му верувате на вашето расудување. Навистина сте се потрудиле да ја најдете сродната душа, но досега сте немале среќа. Па кога ќе бидете на забавата на некој пријател, ќе се појави оваа личност и навистина пријатно ќе ве изненади. Веднаш ќе се поврзете, бидејќи целото познанство ќе биде спонтано.rn

    Рак

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа на венчавката на ваш братучед. Вие сте традиционална личност, па не би сакале да ја пронајдете вистинската личност онлајн. Блиски сте со вашето семејство, па поради ова најверојатно ќе ја сретнете сродната душа на семеен настан. Оваа личност првиот пат ќе ве види во вашето најдобро издание и можеби ќе ве покани да танцувате, или пак ќе бидете седнати на истата маса.rn

    Лав

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа на апликација за состанување. Вие сте полни со самодоверба и точно знаете што сакате од партнерот, па ова ве прави совршени за онлајн состанување. Не ви е проблем да одредите кој е за вас, а кој не помеѓу многуте корисници.rn

    Девица

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа додека сте излезени со најблиските пријатели. Вие сте посветени и вредни, па многу се фокусирате на кариерата и на тоа да станете подобра личност. Нема да ја сретнете сродната душа во канцеларија, туку таа ќе се појави кога конечно ќе се ослободите од нештата што ви предизвикуваат стрес, а тоа е излегување со пријателите.rn

    Вага

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа на социјален настан во врска со некој ваш интерес или хоби. Сакате баланс и симетрија, а вие и вашата сродна душа ќе имате многу заеднички нешта. Ќе се запознаете кога и двајцата ќе сакате да ги истражувате нештата што ви се допаѓаат.rn

    Скорпија

    rnЌе ја сретнете сродната душа додека работите на нешто за коешто сте страсни. Вие сте навистина страсна личност и не правите нешто само за да го пробате. Вие правите нешто бидејќи се грижите за тоа. Сакате и вашиот партнер да биде исто страстен за нешто, па ќе го запознаете во ваква ситуација.rn

    Стрелец

    rnВашата сродна душа ќе ја сретнете на следната голема авантура. Без разлика која е вашата дестинација, вие сакате да патувавте и да истражувате и во овие моменти се чувствувате најдобро. Ќе имате можност да ја запознаете сродната душа во хостел или на некое шеталиште. Ќе ја сретнете кога ќе откривате нови нешта, а таа ќе биде едно од нив.rn

    Јарец

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа додека сте излезени со колегите. Вие сте посветени, па работите навистина многу. Но иако поголемиот дел од времето се грижите за работата, одвреме-навреме сакате да направите пауза и да не се грижите за ништо. Кога ќе бидете излезени на пијачка со колегите, вашата сродна душа ќе се појави во вашиот живот.rn

    Водолија

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа во кафетерија додека ја читате или пишувате вашата нова книга. Вие сте интелектуалец и во слободното време правите нешта што го прошируваат вашето знаење. Го гледате животот како голема можност за учење. Ќе бидете задлабочени во вашите мемоари, кога сродната душа ќе ве праша дали е слободен столот на вашата маса.rn

    Риби

    rnВашата сродна душа ќе се појави на концерт, на претстава или на некоја уметничка изложба. Вие сте креативни, но и уметници. Без разлика дали станува збор за музика, театар или сликање, вашата сродна душа ќе биде личност со којашто ќе можете да разговарате на сите овие теми. Дури и ако оваа личност не е уметник, таа ќе се грижи за уметноста и ќе се сретнете околу неа.rnrnСигурно ќе сакате да знаете и во кои хороскопски знаци се крие вашата сродна душа.

  • 7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душа

    7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душа

    Кога сите околу вас се во сериозни врски или стапуваат во брак, нормално е да се прашувате кога и како ќе се појави и вашиот животен партнер. Иако нема начин да ја предвидите иднината, сепак постојат неколку работи кои ќе ви помогнат во потрагата. Доколку сакате да ја сретнете вашата сродна душа, можеби најдобро е да почнете да размислувате за работите кои имаат влијание на таа средба. Според експертите, следниве нешта можат да одредат кога ќе ја сретнете вашата сродна душа.rn

    1. Дали сте среќни сами?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnКолку и да ве изненадува ова, вистина е дека вистинската личност ќе се појави кога всушност не ви е потребна. Важен фактор што одредува кога ќе ја сретнете сродната душа е врската што ја имате со себе. Ако не се грижите за себе, нема да можете да изградите здрава врска ни со некој друг, други ни со вашата сродна душа. Па штом ќе можете да се прифатите сами и онакви какви што сте, ќе станете отворени кон потенцијалните животни партнери.rn

    2. Дали живеете во голем град?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnНекои од нештата што влијаат на средбата со сродната душа се попрактични, како на пример, вашето место на живеење. Живеењето и одењето на состаноци во голем град е многу поразлично од она во мал град. Во големиот град имате поголеми шанси да запознаете нови луѓе, во кои може да спаѓа и вашата сродна душа.rn

    3. Дали сте со отворен ум?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnИако е важно да бидете доволно зрели пред да ја сретнете вашата сродна душа, можно е да се движите во сосема погрешна насока додека ја барате. Потребно е да имате поотворен ум пред да ја сретнете сродната душа. Повеќето луѓе стануваат пребирливи кога го бараат животниот партнер. Важно е да се држите до вашите основни вредности, но понекогаш треба да пробате и нешто ново. Па на потенцијалните партнери пријдете им се отворен ум.rn

    4. Дали имате добри пријатели?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnИако можеби нема да се вљубите во личност којашто веќе ја познавате, вашиот социјален круг може да одреди колку брзо ќе ја сретнете сродната душа. Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе ги наоѓаат нивните животни партнери преку пријатели. Па, групата добри пријатели секако ќе влијае на средбата со сродната душа.rn

    5. Дали претерувате со работење?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnДруг практичен фактор што влијае на вашата средба со сродната душа се часовите што ги поминувате во работа. Иако е добро работата да ви стане приоритет, периодот кога ѝ се посветувате само на неа нема да биде периодот кога ќе оформите долготрајна љубовна врска. Ова е особено вистина доколку работите прекумерно. Ако целиот ден го поминувате во канцеларија, драстично ви се намалуваат шансите да сретнете некоја нова личност, вклучувајќи ја и вашата сродна душа. Па затоа фокусирајте се на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот.rn

    6. Дали сте се соочиле со некаква траума во вашето детство?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnМожеби ова ќе ве изненади, но нешто што се случило во вашето детство може да влијае на вашиот љубовен живот. Всушност, ова се случува многу често. Се разбира, траумите од детството не значат дека не заслужувате љубов, туку едноставно треба да поработите на овие проблеми пред да го најдете животниот партнер. Кога ги потиснувате проблемите и траумите од детството, ги создавате истите шеми и динамики во вашите врски. Не плашете се и не срамете се да побарате помош доколку се соочувате со ваков проблем.rn

    7. Дали сакате сè да се одвива според вашиот распоред

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnАко сте направиле распоред за тоа кога треба да ја сретнете сродната душа, само си ја отежнувате ситуацијата. Ова размислување може да ве натера да се помирите со врска која воопшто не е за вас. Немојте да си создавате притисок да се венчате до 30-тата, да имате деца до 28-та или да ја најдете сродната душа до 25-тата година. Ова нема да ѝ дозволи на љубовта да се движи по нејзиниот природен пат. Посветувањето на овие понекогаш нереални цели само не ви дозволува да бидете отворени и да ги истражите сите ваши опции.rnrnМногу од овие фактори влијаат на наоѓањето на сродната душа. Воглавно експертите сметаат дека најверојатно ќе ја сретнете сродната душа кога сте најсреќни и кога ви е најудобно во вашата кожа и во вашето опкружување. Заслужувате љубов, но заслужувате да бидете задоволни и од личноста којашто сте додека сте сингл.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави во вашиот живот.

  • 4 причини зошто вашата душа е привлечена од неговата

    4 причини зошто вашата душа е привлечена од неговата

    Додека надворешниот изглед може да игра клучна улога во привлекувањето, не сè може да се објасни на тој начин. Привлекувањето се состои од многу слоеви, и најинтересно од сè е што нема универзални правила за начинот на кој се манифестира. Причината за привлекување е вкоренета длабоко во потсвесниот ум каде што не успеваме да објасниме со зборови што е тоа што нè тера да почувствуваме магнетна сила кон одредена личност.rnrnrnrnРазмислете, вие едноставно налетувате на некоја личност, разменувате неколку зборови и брзо потоа почнувате да чувствувате близина. Многумина веруваат дека кога ќе пронајдеме таква личност, ние всушност сме си ја пронашле сродната душа. Но, привлечноста не се темели само судбина. Според науката, параметрите на привлекувањето се всушност длабоко испишани во нашиот потсвесен ум.rnrnНема совршена личност која е направена по идеална мерка за некого, бидејќи тајната на совршениот однос лежи во постојаното вложување труд и напор, како и во балансираното разбирање. Па, ако сакате да знаете зошто вашата душа е привлечена токму од неговата, тогаш продолжете со читање.rn

    1. Ментална компатибилност

    rnВе привлекува личност што е на истата бранова должина како вас. Тоа често се доживува како активно ментално заведување. Со други зборови, вашите разговори вклучуваат емоции, инстинкти и интуиција бидејќи и двајцата сте вклучени во врската.rn

    2. Се чувствувате рамноправно

    rnКога сте способни да ги возвратите емоциите на другата личност, создавате подлабок однос. Взаемните емоции го зајакнуваат овој однос и ја прават врската посилна. Вие се чувствувате благодарно и сакано, и токму тие силни емоции прават да се чувствувате како вашиот живот одеднаш да има смисла.rn

    3. Ја делите истата перспектива

    rnНе сакате да го поминете остатокот од својот живот со некој чиешто размислување е скоро спротивно на вашето. Иако отворањето простор за меѓусебни разлики е здраво, тоа може да биде и исцрпувачко доколку немате ништо заедничко.rn

    4. Заеднички се соочувате со предизвиците

    rnПривлечноста се зголемува кога заедно се соочувате со животните предизвици и кога заедно ги надминувате. Токму овие предизвици ви помагаат да станете поблиски. Кога заедно ги надминувате препреките, вашата врска без сомнение е доволно сила за да го издржи тестот на времето.rnrnПрочитајте ги и овие 4 нешта за кои секогаш ќе се согласувате со вашата сродна душа.

  • Еден ден некој ќе ја види магијата на вашето постоење и нема да ве пушти

    Еден ден некој ќе ја види магијата на вашето постоење и нема да ве пушти

    Не е лесно да седите во позадина и да гледате како вашите пријатели се во врски, се венчаат и започнуваат семејства. Дури и ако сте задоволни со вашиот сингл статус, понекогаш не можете а да не се запрашате зошто сè уште не сте ја нашле вистинската личност за вас. Понекогаш едноставно посакувате да имате некој кој ќе ве сака и ќе биде овде за вас.rnrnЕден ден некој ќе ја видe магијата на вашето постоење и нема да ве пуштиrnrnЌе постојат моменти кога ќе се прашувате дали сте доволно добри, дали правите нешто погрешно и кога ќе ја пронајдете вистинската личност. Кога ќе бидете преоптоварени со овие прашања, не заборавајте дека сте доволно добри и дека не правите ништо погрешно.rnrnЖивееме во голем свет и има совршена личност за секого. Едноставно на некои им е потребно повеќе време да ја пронајдат оваа личност.rnrnНемојте да брзате и да се смирите со погрешната личност. Заслужувате да бидете со некој што навистина се грижи за вас. Заслужувате да бидете со некој што ќе ве сака и ќе ве цени. Бидете трпеливи и чекајте. Важно е да разберете дека нема секогаш да бидете сами. Прашање на време е кога ќе дојде вистинската личност.rnrnЕден ден некој ќе ја види магијата на вашето постоење и нема да ве пушти. Еден ден некој ќе ве гледа со вистински восхит. Кога ќе погледнете во очите на оваа личност, ќе ја видите нејзината искреност. Нејзината љубов, добрина и присуство ќе ве остават без зборови. Нејзината страст ќе ви го промени целиот свет.rnrnЕден ден некој ќе биде благодарен што имал можност да запознае некој неверојатен како вас. Некој ќе гледа во вас и ќе се прашува како никој друг не ја забележал магијата во вашите очи. Како некој ве оставил без да го види убавиот универзум што живее во вас.rnrnЕден ден некој ќе донесе светлина во вашиот живот и ќе направи да заборавите на лошите денови. Ќе дојде личност која ќе го сака секој ваш дел. Личност која ќе ја види убавината зад вашите недостатоци. Личност која ќе ја сака вашата физичка, но и внатрешна убавина уште повеќе.rnrnЕден ден некој ќе ве сака лудо, искрено, длабоко, страсно и со целото негово срце. Ќе разбере дека понекогаш сте љубоморни, анксиозни или депресивни, но секогаш ќе биде овде за вас. Јасно ќе ви ја покаже љубовта кон вас. Воопшто нема да се сомневате во тоа. Нема да има лаги и преправања.rnrnЕден ден некој ќе ги дознае вашите стравови, слабости и силни страни. Нема да ви суди без разлика колку ви е мрачно минатото. Ќе ве прифати без разлика на сè.rnrnЕден ден некој ќе биде покрај вас и заедно ќе се соочите со светот. Ќе ве штити, ќе биде вашата сила и ќе биде вашиот штит од животните проблеми. Ќе се бори за вас и нема да дозволи ништо и никој да ве повреди.rnrnЕден ден ќе дојде некој кој ќе знае што точно да каже за да ве насмее. Ќе дојде личност која ќе знае што ве прави среќни, што ве возбудува, а што ве прави тажни.rnrnЕден ден некој ќе биде доволно храбар за да се отвори пред вас. Ќе има моќ да направи да се чувствувате сакано без да изусти ниту еден збор.rnrnЕден ден некој ќе го разгори огнот во вашата душа. Некој ќе ве разбуди и ќе се чувствувате поживо од кога било. Овој оган ќе се прошири низ секоја клетка од вашето тело. Ќе чувствувате неверојатна привлечност.rnrnЕден ден ќе се појави некој и ќе ви помогне да сфатите зошто заминале другите. Ќе сфатите дека нивните раце не биле доволно силни за тежината на вашето срце. Ќе сфатите дека тие што си заминале не заслужуваат личност како вас.rnrnЌе се појави личност што ќе ве натера да се запрашате како сте имале толку среќа. Штом таа личност ќе дојде во вашиот живот, ќе сфатите дека чекањето се исплатело. Ќе ја добиете љубовта за којашто отсекогаш сте сонувале.rnrnЕден ден некој ќе ве прегрне многу силно и нема да ве пушти. Ќе сфати дека вие сте личноста која ја барал.rnrnЕден ден ќе сретнете личност која ќе го има секое нешто што сте го посакувале. Ќе ја види магијата на вашето постоење и ќе остане.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави.

  • 4 нешта за кои секогаш ќе се согласувате со вашата сродна душа

    4 нешта за кои секогаш ќе се согласувате со вашата сродна душа

    Дури и ако сте заедно со години, навистина е тешко да одредите како треба да изгледа врската со „вистинскиот партнер“. Без разлика во што ве натерале да верувате филмовите, љубовта на прв поглед најчесто е мит. Потребно е време да запознаете некого, а кога вистински се вљубувате, се вљубувате во срцето и умот на таа личност.rnrn4 нешта за кои секогаш ќе се согласувате со вашата сродна душаrnrnПостојат неколку начини на кои можете да откриете дали конечно ја пронајдовте вашата сродна душа. Еден од најдобрите е анализирање на вашата комуникација. Кога се расправате, за што се расправате? Каде има несогласувања? Во секоја врска има расправии и несогласувања, но постојат неколку работи за кои секогаш треба да се согласувате со вашата сродна душа.rn

    1. Созревање и напредок

    rnСозревањето е обесхрабрено во погрешната врска бидејќи на едниот партнер му недостасува самодоверба или се плаши дека ако созреете може да ве изгуби. Но вашата сродна душа ќе ве охрабрува да продолжите понатаму и нема да ви дозволи да се откажете од вашите соништа. Оваа личност сака да бидете среќни и разбира дека за да го направите потребното, треба да бидете искрени кон себе.rn

    2. Семејство

    rnОвде спаѓаат две нешта – создавање на ваше семејство и согласување со семејството на партнерот. Вашето или семејството на партнерот секогаш може да предизвика проблеми во врската, без разлика колку е таа стабилна. Но ако сте со вашата сродна душа, ќе најдете начин да го решите тој проблем.rnrnДруг проблем што може да се појави во врската е кога едниот партнер сака деца, а другиот не. Ова може да се случи и кај луѓе кои се создадени еден за друг, затоа е важно да знаете што вие и партнерот би жртвувале за да останете заедно. Покрај тоа, со текот на времето секој може да си го промени мислењето.rn

    3. Финансии

    rnВо споредба со вистинската љубов, парите не се важни. Тие се само алатка за преживување. Но, во реалноста проблемите со парите можат да предизвикаат неволји и во најдобрите врски. Ако сте со вашата сродна душа, кога ќе настанат проблеми со пари ќе знаете дека најважно е да бидете заедно и да бидете среќни. И двајцата ќе направите сè што е потребно за да го постигнете тоа.rn

    4. Каде сакате да одите

    rnСекој си има свои цели и соништа. Ако сте со вистинскиот партнер, ќе најдете начин да стигнете до местото кое и двајцата го сакате. Ќе се обидувате и двајцата да ги исполните вашите желби бидејќи сакате да бидете заедно без разлика на сè.rnrnОвие конфликти можат да се појават во секоја врска. Доколку навистина се обидувате да најдете решение за нив што ќе ви одговара и на двајцата, без сомнение сте ја пронашле вашата сродна душа.rnrnПогледнете и кои се знаците кои покажуваат дека спиете со вашата сродна душа.

  • 17 нешта што ќе ги научите откако ќе бидете во врска со вистинската личност

    17 нешта што ќе ги научите откако ќе бидете во врска со вистинската личност

    Сигурно се прашувате како би изгледала врската со вашата сродна душа. Ако нештата во вашата моментална врска се комплицираат, најверојатно сакате да знаете дали вреди да се борите. За среќа, постојат неколку работи што ќе ги забележите само доколку сте заедно со вистинската личност за вас. Погледнете за кои нешта станува збор.rnrn17 нешта што ќе ги научите откако ќе бидете во врска со вистинската личност rnrn1. Вашиот партнер треба да ви биде најдобар пријател. Тој треба да е личност што ви се допаѓа, не само личност што ја љубите.rnrn2. Личноста што сте одбрале да биде покрај вас не треба да ви предизвикува стрес, туку треба да ви помага да се справувате со него.rnrn3. Кога сакате некого, ако го повредите се повредувате самите себеси.rnrn4. Кога имате различен љубовен јазик од оној на партнерот, потребно е да научите како поинаку да ја покажувате вашата љубов. Она што вие го сакате од партнерот не секогаш е она што тој го сака од вас.rnrn5. Ако сметате дека засекогаш ќе бидете заедно, нема потреба да брзате со брак бидејќи пред вас е целиот живот.rnrn6. Не треба да престанете да работите на врската откако ќе помине некое време. Потребно е да ја вложувате истата енергија како на почетокот и години подоцна. Не смеете да бидете мрзеливи бидејќи во спротивно врската ќе пропадне.rnrn7. Иако оваа личност ви е сè, не заборавајте дека не е нејзина должност да ве направи среќни. Не смеете да ѝ создавате таков притисок. Вие самите сте одговорни за вашата среќа.rnrn8. Љубовта секојдневно бара мали жртви, но никогаш не треба да бара да се откажете од големите нешта во животот, како на пример плановите за вашата кариера.rnrn9. Кога сте во сериозна врска, никогаш не треба да се однесувате како да сте сингл.rnrn10. Никогаш не треба да прегазувате некого или да му предизвикувате проблеми само затоа што ви е удобно со него и знаете дека нема да ве напушти. Никогаш не треба да ги користите чувствата на партнерот за вас против него.rnrn11. Малите нешта, како оставање слатки пораки низ домот и купување шолја кафе можат да значат многу повеќе од големите гестови.rnrn12. Никогаш не сте престари да ја најдете вистинската личност, па немојте да прифатите помалку од она што го заслужувате.rnrn13. Љубовта оди во комбинација со прифаќањето. Вашиот партнер не треба да очекува да се промените, но треба да ви помогне во личниот развој.rnrn14. Вистинската личност нема да покаже непочитување кон вас, дури и за време на најлошите караници.rnrn15. Можете да имате здрава врска и успешна кариера во исто време. Нема потреба да запоставите една област од вашиот живот поради друга. Само потребно е да научите правилно да си го организирате времето.rnrn16. Дури и најдобрите врски се соочуваат со проблеми, па не треба да бегате кога ќе забележите криза. Ако се почитувате еден со друг, се поддржувате и сакате да ги решите проблемите, тогаш сè ќе си дојде на свое место.rnrn17. Иако изгледа како повеќето врски да се растураат само неколку месеци откако паровите подобро ќе се запознаат, некои врски навистина траат. Некои луѓе навистина остануваат засекогаш заедно. Можеби и вие сте дел од нив.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека спиете со вашата сродна душа.

  • Чекајте ја ОВАА љубов и ОВАА личност

    Чекајте ја ОВАА љубов и ОВАА личност

    Чекајте некој што ве топли само со тоа што ве држи за рака. Некој кој ве тера да мислите на убави нешта штом ќе го погледнете во очи. Некој кој има сладок вкус штом ќе му ги допрете усните. Некој кој прави да се чувствувате како да летате штом ќе го прегрнете. Чекајте ја таа личност.rnrnЧекајте ја оваа љубов и оваа личностrnrnЧекајте некој кој ќе ве натера да сфатите дека краевите се всушност убави почетоци. Бидејќи кога конечно ќе го сретнете вистинскиот човек, ќе заборавите на сите болни збогувања. Ќе почнете да се сеќавате колку всушност е прекрасно да љубите. Чекајте ја таа личност.rnrnЧекајте некој кој ја гледа вашата несовршено убава душа, а не само вашето неверојатно тело. Некој кој сака и продолжува да ве одбира вам бидејќи тоа сте вие, а не некој друг. Чекајте ја таа личност.rnrnЧекајте некој поради кој можете да се однесувате лудо и диво. Некој кој може да се справи со вашата налудничавост. Бидејќи навистина е ретко да најдете некој којшто е флексибилен за вас. Чекајте ја таа личност.rnrnЧекајте некој кој може да ве разочара, но истовремено му е страв да не ве изгуби. Некој кој е само човечко суштество што прави грешки, но секогаш се труди да не се откаже од вас. Некој кој ќе ве одбере вам пред неговото его, без сомнение. Чекајте ја таа личност.rnrnЧекајте некој без кого можете да живеете, но не сакате. Некој со кого сакате да го поминете остатокот од вашиот живот. Бидејќи чекањето на вистинската љубов е нешто што го правите за вас, одлука што самите ја носите. Тоа е верба во вашата судбина додека се подготвувате за неа. А кога ќе дојде вистинскиот момент, ќе го знаете тоа.rnrnВистинската љубов е многу повеќе од пеперутки во вашиот стомак. Вистинската љубов е некој кој предизвикува секакви чувства, емоции и искуства во вас. А тој некој ќе ви го промени животот на начин на кој не сте ни очекувале.rnrnДотогаш, чекајте ја таа личност.

  • Погрешни верувања за љубовната врска со сродната душа

    Погрешни верувања за љубовната врска со сродната душа

    Многу луѓе се убедени дека кога ќе ја пронајдат сродната душа ќе бидат наградени за сите љубовни разочарувања во животот. Но, овие верувања се погрешни. Ако во врската дојде до поголем проблем, веднаш размислувате дека повторно сте погрешиле со изборот и дека можеби никогаш нема да го најдете вистинскиот партнер. Поради ова важно е да знаете како навистина изгледа врската со сродната душа. Прочитајте ги најчестите погрешни верувања и вистините зад нив.rnrnПогрешни верувања за врската со сродната душаrn

    1. Со сродната душа сè ќе биде лесно

    rnОдносите се секогаш комплексни, а разбирањето и прилагодувањето никогаш не се лесни, дури и кога сте навистина вљубени еден во друг. Всушност, вашиот однос може да биде уште покомплициран поради големата привлечност помеѓу вас. Потребно е да го негувате, да го градите и да го чувате вашиот однос бидејќи ништо нема да се случи само од себе.rn

    2. Во врската со сродната душа нема расправи и недоразбирања

    rnНе постои врска во која партнерите немаат различни мислења за одредени работи. Сите парови се расправаат за милиони нешта врз кои влијаат стресот, притисокот и околностите. Длабоката поврзаност што ја имате може да ви помогне полесно да ги решите проблемите, да научите да не се расправате и подобро да се разбирате. Важно е да го цените мислењето на партнерот, но да го цените и вашето мислење.rn

    3. Помеѓу сродните души владее романтика

    rnЖивотот е малку поразличен и романтиката се однесува на моментите на неверојатна блискост и поврзаност. Романтиката е зачин во секоја врска и се однесува на намерата да го усреќите партнерот, да покажете нежност и да споделите страст. Таа нема врска со спонтаноста која не е многу честа во реалноста.rn

    4. Сродните души размислуваат на ист начин

    rnНе постојат две личности кои имаат потполно исто мислење за сè и кои размислуваат на ист начин. Кога длабоко сте поврзани со партнерот, често ќе бидете фрустрирани бидејќи тој нема да разбира некои ваши ставови и нема да ви биде јасно како размислува тој. Не можете да ги читате вашите мисли без разлика колку сте вљубени. Но, можете да најдете убавина во вашите разлики, да учите еден од друг и да се потпирате на партнерот кога неговото размислување е делотворно.rn

    5. Искреноста е нормална помеѓу сродните души

    rnИскреноста би требало да биде нормална во сите врски, но реалноста е поинаква. Многу ретко кажуваме што навистина мислиме и често ги премолчуваме лошите работи. Ова се случува во сите односи. Искреноста е достиг во врската кој обично му претходи на лошото искуство со неискреноста. Но искреноста не значи да кажете сè што ќе помислите. Кога не кажувате нешто со љубов, подобро е да почекате да се смири ситуацијата, па да ја кажете вистината.rn

    6. Проблемите се решаваат самите од себе

    rnНекои проблеми нема воопшто да ги решите, но затоа постојат толеранцијата и прилагодувањето. И сродните души можат да имаат спротиставени желби, потреби и интереси. Кога проблемот нема решение, важно е да најдете начин да живеете со него.rn

    7. Сексот со сродната душа е секогаш фантастичен

    rnСексот е динамичен дел од врската и не е секогаш фантастичен. Но, сепак е најдобриот начин да се ослободите од стресот и да ја задржите поврзаноста. Оние кои мислат дека секогаш ќе бидат расположени за секс со сродната душа, живеат во фантазија. Кај овие парови сексуалната врска е подлабока, но и овде има потреба од разбирање и компромис.rn

    8. Сродната душа ќе ве сака без разлика на сè

    rnДо некаде ова можеби е точно. Но, секој си има граница ако партнерот е неверен, неодговорен и очекува да му се простат сите грешки. Постојат работи кои можат да ја уништат дури и најсилната врска.rnrnПогледнете и како да ја препознаете вашата сродна душа.