КАФЕ ПАУЗА

Tag: спорт за жени

  • Фудбал за понежниот пол: Тренер и капитен #2

    Фудбал за понежниот пол: Тренер и капитен #2

    Го пропуштивте првиот дел? – „Фудбал за понежниот пол: Неколку почетни факти #1“rn

    rnТренер

    rn

    Можеби најважната алка во тимот претставува мозокот зад целата поставеност на играчите и креаторот на играта, тренерот. За некого е чудно тоа што тимовите кои претендираат да освојуваат титули, фрлаат милиони евра за да донесат на својата клупа некој истакнат и искусен тренер, но без него играчите би трчале по теренот како муви без глави.

    rnrnrn

    Фудбал за понежниот пол-Тренер и капитен
    Алекс Фергусон – Тренер на Манчестер Јунајтед веќе 26 години
    rnrnДобриот и успешен тренер се одликува со интелигентност и мудрост и секогаш е спремен за надигрување и надмудрување на теренот и надвор од него (медиумски војни за создавање психички притисок). Тактичката замисла од неговата глава се пренесува на тренинзите и со нејзино правилно и успешно спроведување, тимот ја зајакнува својата игра и гради менталитет на победник. Не само со градењето на играта на својот тим туку и со добра анализа и со предвидување на тактиката на противникот, тренерот создава машинерија на која шансите за неуспех и се многу мали. rnrn
    Фудбал за понежниот пол-Тренер и капитен
    Жозе Мурињо – Тренер на Реал Мадрид
    rnrnМоментално актуелни најуспешни тренери: Жозе Мурињо (Реал Мадрид), Пеп Гвардиола (Барселона), Сер Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед), Фабио Капело (селектор на Англија), Рафа Бенитез (Интер) Арсен Венгер (Арсенал) Карло Анчелоти (Челзи)rn

    rnКапитен

    rnКапитен е играч кој е одбран од тренерот за да биде морален двигател на теренот. Неговата задача е секогаш да ги бодри и поттикнува своите соиграчи да даваат максимум од себе и да ја оставаат душата на игралиштето. Многу често се случува тој да е најискусниот поединец во тимот или пак некој од моменталните најдобри играчи во тимот. Него ќе го препознаете по тоа што носи лента на ракавот на едната рака.rnrn

    Фудбал за понежниот пол-Тренер и капитен
    Стивен Жерард – Играч на Ливерпул

  • Фудбал за понежниот пол: Неколку почетни факти #1

    Фудбал за понежниот пол: Неколку почетни факти #1

    Фудбалската игра се сфаќа како најважната споредна работа на светот без која животот би бил сосема поинаков. Оваа реченица е лесно сфатлива и многу реална доколку би бил прашан некој од посилниот пол, но доколку запрашате жена таа би ви се изнасмеала.rnrnrnrnНормално, додека мажот длабоко е навлезен во екранот обидувајќи се да ја разбере филозофската поставеност на новата тактика на тренерот, притоа возбудувајќи се и воздивнувајќи на секое ново волшепство на виртуозите кои се излезени на зелениот тепих, жената гледа само 22 будали кои се обидуваат да го земат малото бело топче притоа несфатливо и дивјачки убивајќи се самите себеси. Но не е се така црно-бело.rnrnИако се малку, има припаднички од понежниот пол кои длабоко се вљубени во магијата на фудбалот, но сепак мнозинството гледаат фудбал само кога мораат, како на пример кога е во тек Светско Првенство, па треба да се вклопат во амбиентот и еуфоријата, или пак им се допаѓа некој фудбалер. Без разлика дали вашата цел е навистина да ја засакате оваа игра или пак сакате да научите нешто повеќе за да го импресионирате вашето момче или друштвото со кое излегувате, тука ќе можете да ја добиете основата за правилата, историјата и актуелностите поврзани со фудбалот.rnrnОсновни правилаrnrn rn

      rn011

    • Секогаш се натпреваруваат два тима кои се составени од по 11 играчи (1 голман и 10 играчи)
    • rn011

    • Топката со која се игра е бела, а во снежни услови портокалова
    • rn011

    • Натпреварот трае 90 минути (две полувремиња по 45 мин., со пауза од 15 мин. помеѓу нив)
    • rn011

    • За регуларноста на натпреварот се грижат 4 судии, од кои 1 е главен (трча по теренот заедно со играчите), 2 се линиски (се движат по страничните бели линии) и 1 е помошен (се грижи за замените на играчите и покажува колку минути се надополнува на регуларното време)
    • rn011

    • Секој тим има право да направи 3 замени во составот во текот на целиот натпревар (освен ако се игра пријателски натпревар, па тоа да е поинаку регулирано)
    • rn011

    • Теренот на кој се игра е поделен на две половини, а пред двата гола е исцртано поле од 16 метри во кое само голманот има право да игра со рака – тоа е шеснаесетникот
    • rn

    rnЗа почеток овие правила би биле сосема доволни, но со редовно читање на оваа рубрика сите коцки од мозаикот ќе дојдат на своето место. Време е да почнете да ги сфаќате мажите малку повеќе, па дури и да ги импресионирате со она што тие не очекуваат да го знаете.