Замислете како вашиот култен филм го гледате среде отворено море, на удобен сплав, кој повремено се занишува од брановите… Би сакале ли, покрај со миризбата на солените пуканки, атмосферата да ја зачините и со свежината на морските широчини, додека нозете ви се брцнати во солената вода?rnrnОрганизаторите на тајландскиот филмски фестивал „Fil on the Rocks Yao Noi“, се одлучиле за токму вакви кинопроекции. За љубителите на големото платно, тие го создале најдоброто кино досега, односно првата киносала, која лебди над вода. Удобните седишта ги поставиле на сплавови, сместени во преубав залив, опркужен со високи карпи и со џунгла.
Оваа најкул киносала во светот, наречена „Кино Архипелаг“, е дело на архитектот Оле Шерен. Тој градбата ја конструирал од рециклирани материјали, кои после фестивалот завршиле кај жителите на најбликото тајландско село.rnrn
„Дури и помислата да гледате филм тука е шокантна. Ве обзема безвременско чувство, кога ќе го видите целиот аудиториум како лебди над водената површина, фокусиран на подвижни слики среде отвореното море“, изјавил Шерен за време на фестивалот.
rn




rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



rnrnОвој необичен ресторан се состои од столчиња и масички од бамбус, поставени на многу мало растојание од водопадот. Посетителите ручаат буквално потопени во вода. rnrn


rnrnПокрај во ресторанот, на хациендата можете да уживате и во набљудување на околу 90 видови локални птици, да се релаксирате на турнеја низ селото, да научите да собирате кокос, да пловите со сплав од бамбус…rnrn




rnrnМожете да најдете еден куп задоволни посетители на хациендата, кои импресиите ги споделиле на интернет. Пишуваат дека ако еднаш ја почувствувате енергијата на ова волшебно место, никогаш нема да посакате да заминете оттаму. Ако и вие одлучите да го посетите, имајте предвид дека температурите на Филипините во овој период од годината изнесуваат околу 27 °C.rnrn