КАФЕ ПАУЗА

Tag: спална соба

  • Дознајте како изгледаат спалните соби на луѓето ширум светот

    Дознајте како изгледаат спалните соби на луѓето ширум светот

    Џон Теквреј е фотограф од Јужна Африка кој во 2010 година го започнал неговото неверојатно патување околу светот со цел да направи фотографии за проектот наречен „Проектот: Мојата соба“. Имено, тој поставувал фотоапарат на таванот од спалните соби на жителите од одредени места за да го претстави нивниот животен стил и културни карактеристики.rnrn

    Дознајте како изгледаат спалните соби на луѓето ширум светот
    Букурешт, Романија
    rnrnПовеќе од 1.000 луѓе од 55 различни земји учествувале во проектот. Погледнете некои од неговите највпечатливи фотографии кои можат многу да ви кажат за навиките на луѓето од земјите во светот…rnrn

  • 9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

    9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

    Вашата спална соба треба да биде удобно и пријатно катче во кое секогаш можете да се повлечете, да се одморите и опуштите. Дури и малечката спална соба која нема многу простор може да биде трансформирана во најубавата и најпривлечната точка во вашиот дом од која ретко кога ќе посакате да излезете. Погледнете ги овие 9 практични совети кои ќе ви помогнат правилно и максимално да го искористите малиот простор.rn

    1. Избегнувајте темни ѕидови

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnСветлите и лесни бои или тапети ќе направат собата да изгледа многу поголема отколку што е.rn

    2. Не плашете се да користите несекојдневни бои

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnСветлите и вибрантни бои, живите слики, разнобојните завеси или шарениот покривач за креветот можат многу да ја осветлат вашата соба и да го подигнат расположението на секој кој ќе ја посети. Но, бидете умерени во боењето и декорацијата.rn

    3. Изберете светло обоен плакар за облека

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnЧестопати, спалната соба служи и како место каде ја чувате вашата облека и огромните плакари можат да го зафатат цел простор. Изберете светло обоен плакар за да го зголемите чувството на простор во вашата соба.rn

    4. Уште подобро, доколку имате можност, изберете вграден плакар

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnКако алтернатива на вообичаениот плакар, изберете вградени плакари во ѕидот. Во повеќето случаи и завесите можат да ја преземат улогата на врати и да ја зачуваат леснотијата и светлоста на овој внатрешен дизајн.rn

    5. За сезонската облека, ставете закачалка за најчесто употребувани и носени парчиња

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnОние парчиња облека кои ретко ги облекувате може да бидат ставени на полици чија боја се совпаѓа со бојата на ѕидот. Ова е интересна идеја која не само што служи како креативна декорација, туку и значително го намалува натрупувањето на облеката во плакарите.rn

    6. Минимализмот е одличен концепт за дизајн на малите соби

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnЗадржете ги само најважните и најфункционалните парчиња мебел во собата и додадете ограничен број декоративни елементи.rn

    7. Ако се ученик или студент, тогаш ви е потребен и простор за работа

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnОбидете се да одвоите дел каде ќе го сместите вашето биро, вашиот компјутер, книгите, приборот за работа и слично. Мебелот во собата би било добро ако е компактен и повеќенаменски.rn

    8. Детските соби ќе изгледаат поубаво со светли и разиграни тонови

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnВо овој случај користете ги најсветлите и највпечатливите бои како што се светло зелената или нежно виолетовата боја.rn

    9. Двојните кревети се многу ефикасни и ефективни

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnКога во собата престојуваат две дечиња, тогаш модерните изгледи на двојните кревети се многу удобни и одлични за зачувување на просторот.

  • 5 лесни начини како да ја преуредите вашата спална соба за подобро да спиете

    5 лесни начини како да ја преуредите вашата спална соба за подобро да спиете

    Спиењето е важно од секој аспект на нашето живеење, а сепак 40 проценти од нас спијат помалку од потребното. Тоа значи дека си кратиме себеси некои чудесни здравствени придобивки како здраво губење на тежина, подобра меморија, па дури и зголемен сексуален апетит со неспиењето. Имајќи го тоа на ум, постојат прехранбени продукти, вежби и препарати кои ќе го подобрат квалитетот на вашето спиење, но не го игнорирајте најважниот дел од равенката, вашата спална соба. Направете ги овие едноставни промени и преуредете ја спалната соба за да можете подобро да спиете.rnrn5 лесни начини како да ја преуредите вашата спална соба за подобро да спиетеrn

    1. Купете добар душек

    rnДобриот душек треба да ви биде приоритет број еден. Одберете душек што ќе ве прави да се чувствувате удобно. Мек или тврд, не е важно, сè додека ве опушта. Во продавница можете да ги проверите и да откриете која цврстина најмногу ви се допаѓа.rn

    2. Ставете го кревеетот покрај ѕид

    rnПоставете ја главата спротивно од ѕидот за да го избегнете провевот и да најдете чувство на психолошка стабилност. Ако ги следите фенг шуи принципите веќе знаете дека креветот никогаш не треба да стои под прозорец, бидејќи додека спиете енергијата може да ви бега низ него.rn

    3. Исклучете ги сите екрани од електронските уреди

    rnИстражувањата докажуваат дека користењето електронски уреди пред спиење може да го наруши сонот. Отстранете ги телефоните и лаптопите од вашата спална, за да не бидете предизвикувани да ги проверувате во текот на ноќта. Исто така отстранете го и телевизорот или најдете креативен начин да го покриете.rn

    4. Декорирајте симетрично

    rnНауката ни вели дека луѓето симетријата ја перципираат како убава. За максимална смиреност, околу вашиот кревет е потребно да имате симетрија. Ако над вашиот кревет има слика, погрижете се да биде на средина и имајте две перници наместо една. Според фенг шуи, симетријата помага во хармонијата на врската со вашиот партнер, но и со самите себеси.rn

    5. Одржувајте совршена температура

    rnОптималната температура за спиење е некаде помеѓу 15 и 19 степени. Купете термометар и внимавајте температурата да се движи во овие граници. Ќе се исплати.

  • 9 совети со чија помош ќе ја претворите спалната соба во личен рај

    9 совети со чија помош ќе ја претворите спалната соба во личен рај

    Спалната соба е единственото место кое претставува безбедно прибежиште од сѐ останато. Мека, тивка, пријатна и создадена за одмор и љубов, спалната соба е просторијата во која сакате да бидете. Но што ако не се чувствувате вака во сопствената спална соба? Одговорот веројатно припаѓа во некои од основните грешки кои сите ги прават кога станува збор за декорирање на спалната соба, а следниве совети се брзо решение за нив.rnrn0-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mkrn

    1. Користете неутрални бои

    rnБела, беж или крем – ова се боите кои треба да ја красат вашата спална соба. Без разлика на карактерот и типот на бои кои вообичаено ги користите, неутралните бои се оние кои ќе ви го подарат спокојот кој го барате во спалната соба. Наместо јаки бои и силни принтови, изберете спална соба во нежни нијанси.rnrn1-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mkrnrnЗапомнете, секогаш може да ставите перници или покривка во живи нијанси кои ќе ја разбијат неутралноста, но сепак ќе ја задржат основната идеја.rnrn2-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mkrn

    2. Користете рачно изработени декоративни елементи

    rnНаместо скапи слики и ладни скулптури, купете или направете сами декоративен елемент кој ќе ѝ ја долови на вашата спална соба потребната топлина. Дрвено масиче, слика која вие сте ја насликале, интересна прекривка. И винтиџ декорацијата е секогаш добредојдена.rnrn3-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mkrn

    3. Декорирајте ги ѕидовите

    rnПразните ѕидови не се никогаш добро решение. Ако сакате да ја развеселите спалната соба и да ја постигнете посакуваната удобност и топлина, украсете ги ѕидовите на некој начин. Ставете интересна слика, нацртајте нешто или залепете мапа од светот со местата кои сакате да ги посетите. Има толку многу идеи кои можат да го направат овој простор целосно ваш.rnrn4-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mkrn

    4. Чувајте го телефонот и сличните уреди што подалеку од себе

    rnДоволно е само еднаш да пробате да спиете без телефонот веднаш до вас или под вашата перница за да согледате колку ќе бидете посвежи кога ќе се разбудите следното утро. Зрачењето од телефонот влијае на вашиот сон, а квалитетното спиење ви е и повеќе од потребно.rnrn5-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mkrn

    5. Спалната соба нека ви биде секогаш средена

    rnТри минути од вашето драгоцено време кои ќе ги потрошите на средување на собата ќе значат многу часови опуштање и одмор во неа. Голема е веројатноста дека колку повеќе ја оставате растурена, толку повеќе и ќе ја избегнувате. А кога си е сѐ на своето место таму, тогаш и вие ќе може повеќе да уживате.rnrn6-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mkrn

    6. Имајте различно осветлување на повеќе места

    rnОсветлувањето е една од најважните работи кога е во прашање спалната соба, а силното светло не е никогаш добра опција. Бидејќи спалната соба се поврзува со мир, одмор и љубов, па и осветлувањето треба да има карактеристики на романтично и смирувачко. Поставете повеќе извори на осветлување на различни места во собата и погрижете се светлината која ја даваат да не биде премногу интензивна.rnrn7-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mkrn

    7. Откажете се од класичните ролетни

    rnИ додека на некој начин мора да си овозможите затемнување на собата, класичните ролетни не се баш најдобриот избор. Ладни се и бараат постојано чистење, а и никако не се вклопуваат во декорот на спалната соба. За разлика од нив, ролетните изработени од некој материјал и во боја која ќе се вклопи во топлината на вашата спална соба се секогаш подобар избор. Завесите во два слоја се исто така добра опција – едниот ви ја дава потребната приватност преку ден и е во светли нијанси, а вториот е потемен и со цел да ја затемни собата кога сакате убаво да се наспиете.rnrn8-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mkrn

    8. Душекот е и те како важен

    rnСкапите душеци кои се неверојатни за гледање не се секогаш единственото решение. Иако изгледаат убаво, веројатноста е дека не само што не се вклопуваат во целосната слика на спалната соба, туку неверојатно се и неудобни за спиење. Прашајте експерт каков душек е најпогоден за спиење, а потоа дадете си повеќе време да го најдете вистинскиот. Добриот сон и удобноста нека ви бидат на прво место.rnrn9-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mkrn

    9. Одржувајте ја чистотата

    rnПрашината неизбежно се таложи во секој дел од домот. Комодите, вратите, масата, креветот – сите овие и сѐ останато е вечно осудено да собира прашина која е штетна по нашето здравје. И додека површното чистење е неизбежно, не заборавајте дека подробното чистење е потребно многу повеќе. На пример, креветот во вашата соба е исто така изложен на голема нечистотија иако е покриен со прекривка. Постојат многу мини машинки кои навлегуваат и во најмалите делови на креветот, а кои ефикасно ќе ја завршат работата. Исто така, менувањето постелнина секоја недела е задолжително. Чисто и свежо – рецепт за одмор.rnrn10-9-soveti-so-chija-pomosh-kje-ja-pretvorite-spalnata-soba-vo-lichen-raj-kafepauza.mk

  • Уредување на просторот: Претворете ја спалната соба во совршено катче за одмор!

    Уредување на просторот: Претворете ја спалната соба во совршено катче за одмор!

    Вашата спална соба треба да биде вашето светилиште. Начинот на кој собата е дизајнирана и нејзиниот декор се од исклучителна важност за сонот и одморот кој толку многу ви е потребен. По долгиот ден, спалната соба е местото кое треба ви ја понуди потребната релаксација и смиреност и да ве однесе во земјата на соништата. Затоа, претворете ја вашата спална соба во совршена оаза.rnrn0-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mkrn

    1. Мек тепих

    rnКога ќе ги протегнете нозете наутро и кога ќе станете од креветот, убаво е да допирате нешто меко, наместо груб ладен под. Започнете го утрото правилно така што ќе ве инвестирате во некое мало, меко тепихче.rnrn1-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk 2-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mkrn

    2. Цвеќиња покрај креветот

    rnЧувањето свеж букет во спалната, не само што ќе им предизвика сензација на вашите мирисни сетила додека спиете, туку и ќе придонесе собата да изгледа уште помирно и поскопокојно. Внесувањето малку природа во спалната ќе ви помогне да се ослободите од стресот на крајот од денот и да се будите покрај навистина убава глетка.rnrn3-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk 4-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mkrn

    3. Нежно осветлување

    rnАко се обидувате да ја направите вашата соба што е можно поудобна, тогаш плафонското светло нема да помогне во тоа. Наместо тоа, побарајте мала ламба – закачена на ѕид или столна ламба. Мора да биде доволно светла за да можете да читате во кревет, но не премногу силна или флуоресцентна.rnrnСовет плус: Сѐ што е со потенциометар е идеално.rnrn5-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk7-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mkrn

    4. Уметност која инспирира

    rnДекорот во спалната соба е многу важен и тој мора многу внимателно да се одбира – особено кога станува збор за уметничките дела. Овие слики ќе бидат првото нешто што го гледате наутро и последното нешто што го гледате навечер, па затоа бидете сигурни дека навистина многу ќе ви се допаѓаат пред да ги поставите. Одберете слики кои ви предизвикуваат пријатни чувства – среќа, надеж, освежување… Вашата спална соба треба да биде место за одмор и релаксација. Треба да се радувате кога ќе влезете во неа, а овие мали и едноставни промени можат многу да направат за вашето здравје.rnrn8-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk6-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk

  • 9 индикатори кои ќе ви откријат дали навистина е бог во спалната соба

    9 индикатори кои ќе ви откријат дали навистина е бог во спалната соба

    Едно од прашањата кои најмногу им го поставуваат на секс експертите е „Како да знаеме дали тој е добар во кревет?“ Вистината е дека не можеме точно да знаеме, без разлика колку сме одговарале на тестови во нашите омилени магазини. Вистина е дека жените детално го анализираат машкото однесување – од она што тој го прави (и начинот на кој го прави) до начинот на кој зборува. Но, одговорот повторно не го добиваме. Затоа, после долго истражување, ние дојдовме до овие 9 заклучоци.rnrn0-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    1. Не е фалбаџија

    rnДоколку тој многу зборува за неговите бивши, тогаш има можност да не е којзнае колку добар во кревет. Оние кои постојано зборуваат дека се богови во спалната, всушност не се. Фактички, сите жени се поинакви и секоја сака поинакви работи во сексот, а мажите не знаат автоматски што сака секоја девојка. Затоа, за да имате добар секс мора да имате добра комуникација, а не да го слушате што ви раскажува за неговите бивши.rn

    2. Прави да се чувствувате секси

    rnАко кога ќе излезете тој прави да се чувствувате секси, иако вие тоа не го забележувате, тогаш тој е пастув во спалната. А да се чувствувате секси е многу важно. Начинот на кој се чувствуваме во својата кожа, а не физичката појава, е тоа што придонесува да имаме квалитетен сексуален живот. Не ви е потребна секси долна облека за да имате добар секс. Ако сакате врската да опстои и да имате магија во спалната, давајте си комплименти и внимавајте на малите детали. Така никогаш нема да бидете разочарани.rnrn1-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    3. Вешт е со рацете

    rnМногу може да се каже според начинот на кој ги користи рацете. Оние кои често ги користат рацете – музичари, уметници или атлетичари, се многу добри во креветот.rn

    4. Дали ризикува?

    rnАко ужива во нови работи и презема ризици, тогаш големи се шансите да имате лав помеѓу чаршафите. Но, ако сте со личност која не сака да ризикува или не ужива во авантури како вас, тогаш подобро е прво да поразговарате пред да отидете заедно во кревет. Доколку и двајцата уживате во ризици и истиот вид авантура, тогаш новите потези и идеи ќе бидат полн погодок во спалната соба.rn

    5. Не е себичен

    rnЗа секс се потребни двајца. Затоа ако излегувате со некој што мисли само на себе тоа значи дека истото ќе се случува и во спалната соба. Ако тој ви обрнува внимание и надвор од спалната, тогаш тој ќе ви ги задоволува желбите и потребите и внатре во неа. Но, не треба да очекувате само тој да ги задоволи вашите потреби. Потрудете се и вие да ги задоволите неговите. Тоа е најдобриот начин за да имате добар секс.rnrn2-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    6. Начинот на кој оди

    rnАко се движи со самодоверба и крената глава, тоа значи дека таа самодоверба ја има и во спалната соба. Говорот на телото е најдобриот индикатор за тоа каков е всушност човекот, а според одот во извесна мера може да се препознае и карактерот.rn

    7. Го интересира како ви поминал денот

    rnДоколку ви поставува многу прашања тоа значи дека се обидува да ве направи среќна. Размислите за тоа, кој е најдобриот начин да запознаете некого? Најдобриот начин да научите што таа личност сака и посакува е да поставувате многу прашања и да поминувате многу време заедно.rn

    8. Начинот на кој се бакнува

    rnЕден од најдобрите показатели за тоа дали е добар меѓу чаршафите е начинот на кој се бакнува. Добриот бакнеж е нежен и страстен. Сигурно сакате некој кој ќе ви предизвика пеперутки со неговото бакнување. А бакнежот е најдобриот индикатор за хемија и заведување.rnrn3-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    9. Дали вежба?

    rnЛуѓето кои вежбаат имаат поголема сила и се повешти во кревет. Доколку тој е физички активен и многу се движи, тој сигурно е добар во спалната соба.

  • Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението?

    Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението?

    Вашата спална соба треба да биде мирна. Но, многу често таа станува простор на звуци на кликање од вашиот лаптоп, шумови од телевизорот и вибрации од вашиот смартфон. И покрај тоа што ќе биде потребно труд и дисциплина за да почнете повторно да ја третирате вашата спална соба како оазата која навистина треба да биде, вие можете побрзо да го постигнете тоа со помош на овој едноставен трик…rnrn(1) Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението?rnrnБојадисајте ја сино. Сината боја предизвикува чувства на мир, смиреност и спокој, истовремено правејќи ја таа да изгледа поголемо. Различни нијанси на сина исто така покажале и дека таа го намалува крвниот притисок. Во една студија од 2013 година се открило дека луѓето спиеле подолго во сина спална соба отколку во било која друга боја. Собата со сини ѕидови делува поголемо, просторно и ни помага да спиеме поквалитетно. Зарем треба да се каже нешто повеќе?rnrnКејти Рејнолдс, експерт за дизајн, препорачува декорирање на вашата спална соба со три различни тонови на истата сина боја со цел да постигнете изглед кој ќе ви помогне полесно да се релаксирате. За најголем ефект, во вашата спална соба додајте кревет кој е целосно бел, од дизајнот до постелата. Вие исто така можете да комбинирате светли до средни нијанси на сина со бледо жолтеникава боја со цел да додадете малку топлина или пак светло сиви нијанси, доколку сакате да ги одржите нештата студени и смирени.rnrn(2) Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението? (3) Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението? (4) Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението? (5) Која боја треба да биде вашата спална соба со цел да ви влијае позитивно врз расположението?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еве што сè може да ви се случи ако не го чувате телефонот во спалната соба

    Еве што сè може да ви се случи ако не го чувате телефонот во спалната соба

    Изминативе години многу често слушавме како технологијата негативно влијае врз нашиот сон. Вештачката сина светлина од електричните уреди во нашиот мозок ги активира невроните кои нè спречуваат да се чувствуваме поспани.rnrn0-eve-shto-se-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-ne-go-chuvate-telefonot-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrnrnЕлектричните уреди не влијаат само на нашата способност да заспиеме туку и на квалитетот на сонот. Тие го нарушуваат производството на мелатонин, хормонот кој го поттикнува сонот. Иако сината светлина е главна причина зошто треба да го оставиме телефонот надвор од нашата спална соба, постојат уште неколку други причини.rn

    1. Помали се шансите тотално да го нарушите вашиот внатрешен часовник

    rnДопишувањето до доцна навечер и користењето на телефонот во креветот само повеќе ги зголемува проблемите со недостаток на сон. Кога сe допишувате во кревет, мозокот постојано ви е стимулиран и го одложува заспивањето. Затоа го нарушувате вашиот внатрешен часовник и фазите на сонот. И утредента не можете да заспиете сè до времето кога сте останале будни претходната вечер. Поради тоа немате доволно енергија и сте помалку продуктивни.rnrn1-eve-shto-se-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-ne-go-chuvate-telefonot-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    2. Може да прочитате нешто корисно

    rnАко не можете веднаш да заспиете, земете книга наместо телефон. Ламбата која стои до креветот не го стимулира мозокот како сината светлина од телефонот, и дозволува да заспиете. Содржината на книгата ќе ве заспие, секако доколку не е премногу возбудлива. Освен тоа, подобро ќе го запаметите она што ќе го прочитате пред спиење. Една студија во 2012 година откри дека најдобро го памтиме она што ќе го научиме пред спиење.rnrn2-eve-shto-se-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-ne-go-chuvate-telefonot-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    3. Ќе ја намалите изложеноста на радијација

    rnИако нема цврсти докази што ги поврзува телефоните со развојот на рак, познато е дека телефоните емитираат некој вид електромагнетна радијација која ткивото кое се наоѓа во близина на телефонот го впива. Интернационалната агенција за истражување на ракот открила дека трансмисиите се „потенцијално канцерогени“ и дека ризикот е сè поголем доколку телефонот е поблиску. Ризикот е минимален и безначаен ако телефонот не е поврзан со Wi-Fi, а најмалку ако е потполно исклучен.rnrn3-eve-shto-se-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-ne-go-chuvate-telefonot-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    4. Ќе се релаксирате (штом известувањата од телефонот ќе престанат да доаѓаат)

    rnАко го оставете телефонот во близина, сакале вие или не, постојано ќе бидете алармирани и напнати. Ако потсвесно очекувате повик, порака или е-пошта, нема да можете да се релаксирате и да заспиете. Колку е телефонот подалеку од вас, толку подобро ќе спиете.rnrn4-eve-shto-se-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-ne-go-chuvate-telefonot-vo-spalnata-soba-kafepauza.mk

  • Идеи за вашата нова спална соба

    Идеи за вашата нова спална соба

    Автор: Марија МитеваrnrnСпалната соба треба да претставува простор во кој го започнувате денот, кој ве инспирира, ви дава енергија, ве релаксира и одмора. Токму затоа е многу важно во неа да се чувствувате пријатно и удобно.rnrn16-idei-za-vashata-nova-spalna-soba-www.kafepauza.mkrnrnЕве неколку идеи за тоа како да уредите една спална соба со многу стил, модерна, а сепак практична и релаксирачка.rnrn


    rnrnИ гратис додаток – катче за вашиот миленик во вашата спална соба.rnrn13-idei-za-vashata-nova-spalna-soba-www.kafepauza.mk 8-idei-za-vashata-nova-spalna-soba-www.kafepauza.mkrnrnСи замисливте ли како би изгледала вашата соба?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 19 кул и креативни постелнини за вашиот кревет

    19 кул и креативни постелнини за вашиот кревет

    Во просек, ние поминуваме околу 1/3 од нашиот живот во спиење, па токму затоа постелата треба да биде одбрана со внимание. Таа треба да биде удобна и да ве топли кога е ладно, но во зависност од вашите години, и да ве штити од чудовишта. Доколку ви се потребни декоративни идеи и сакате да ја направите совршената атмосфера во вашата детска или спална соба, погледнете ги наредниве неколку постелнини за инспирација.rnrn19 кул и креативни постели за вашиот креветrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.