КАФЕ ПАУЗА

Tag: спална соба

  • Летни инспирации за декорирање на спалната соба

    Летни инспирации за декорирање на спалната соба

    Подгответе ја вашата спална соба за летото со помош на овие едноставни идеи. Освежете го просторот со бои и оладете го без да користите клима уред.rn

    1. Дозволете му на светлото да влезе

    rnrnrnВоопшто не е интересно да се обидувате да заспиете во топла и загушлива спална, па ослободете се од темните и тешки зимски завеси и ставете нешто посветло и полесно. Едноставните модели со природни материјали се одличен начин да внесете повеќе светлина во собата и да му дозволите на воздухот подобро да циркулира.rn

    2. Заборавете на зимските материјали

    rnrnrnТоплото време значи и дека ќе ги спакувате тешките зимски ќебиња и дека ќе ги замените со лесни, памучни чаршафи што ќе ве држат свежи навечер. Но, оставете неколку полесни, меки ќебенца за оние посвежите летни вечери.rn

    3. Освежете ја собата

    rnrnrnНишто не асоцира повеќе на лето од морските мотиви. Додајте светло бели и морско сини бои за да го добиете овој изглед. Тоа можете да го сторите преку чаршафите, перниците, завесите или неколку уметнички дела што ќе ги закачите на ѕидот.rn

    4. Поедноставете го просторот

    rnrnrnТргнете ги настрана сите непотребни работи што се насобирале во текот на зимските месеци – тоа се премногу работи што ѝ натежнуваат на вашата соба и го вознемируваат вашиот сон. Отстранете сè што не припаѓа во спалната, па дури и тргнете ги теписите за да ја освежите собата.rn

    5. Обојте ја просторијата со светли бои

    rnrnrnБудете се секое утро во разнобојна соба. Светлите, силни бои се совршени за да ве наполнат со енергија веднаш штом ги отворите очите и да ве инспирираат да го зграпчите денот!rn

    6. Внесете ја надворешноста

    rnrnrnДопирот со природата може чуда да направи. Живописните лисја изгледаат одлично во комбинација со белите ѕидови и ќе веднаш ќе направат просторот да изгледа свежо и ладно. Држете се до едноставноста и ќе добиете неверојатен резултат.rnrnУживање, релаксирање и добар сон: 8 чекори до спална соба од соништата.

  • Каде треба да го поставите креветот за добро да се наспиете?

    Каде треба да го поставите креветот за добро да се наспиете?

    Квалитетниот сон е многу важен за здравјето на телото, како и за вашата психичка состојба. Но за некои луѓе, редовното и квалитетно спиење е невозможна мисија. Некои заспиваат тешко, други се будат навечер, а некои пак воопшто не можат да заспијат.nnКаде треба да го поставите креветот за добро да се наспиете?nnДоколку немате никакви здравствени проблеми и не сте изложени на многу стрес, а сепак спиете лошо, можеби треба да го погледнете распоредот во вашата спална соба. Имено, положбата на креветот може да има големо влијание врз квалитетот на сонот. Експертите за фенг шуи советуваат да ја уредите спалната соба практично, но и да внимавате на енергетските текови кои ќе донесат рамнотежа во просторот. Погледнете на кои нешта треба да обрнете внимание.n

    1. Оставете место покрај креветот

    Во некои простории ова се изведува лесно, но доколу спалната е мала, може да биде малку потешко. Како и да е, обидете се од двете страни на креветот да оставите малку слободен простор. Односно, немојте да го лепите креветот до ѕидот и ќе забележите дека нема да се чувствувате заробено додека спиете.n

    2. Погрижете се за симетријата

    Обидете се да ја уредите спалната соба така што во неа ќе владее рамнотежа. Дури и ако живеете сами и ви е потребна само една ноќна масичка, поставете две, од двете страни на креветот. Кога просторијата е симетрично уредена, ќе има рамнотежа и во собата и кај вас.n

    3. Поглед кон вратата

    Според експертите за фенг шуи, најдобро е да го поставите креветот така што кога лежите на него, имате добар поглед кон влезната врата од спалната соба. Притоа креветот не треба да стои директно во линија со вратата, туку малку понастрана. Ова ќе ви даде чувство на сигурност додека спиете.nnПогледнете и зошто треба да внимавате на поставеноста на огледалата во вашата спална соба?

  • Колку често треба да ја перете постелнината?

    Колку често треба да ја перете постелнината?

    Веројатно се прашувате колку често треба да ја менувате и перете вашата постелнина. Дури и ако секоја вечер легнувате во чист кревет, сигурно по само неколку денови чувствувате дека е време да ја исперете постелнината. Во продолжение дознајте нешто повеќе за хигиената во вашата спална соба.rnrnКолку често треба да ја перете постелнината?rn

    Чистота на постелнината

    rnСпоред експертите, чистотата на постелнината зависи од тоа колку е чиста вашата спална соба, но и навиките што ги имате. Односно, дали вашите миленичиња спијат во вашиот кревет, дали јадете во креветот, дали редовно проветрувате и слично.rnrnИмено, по само еден ден, на вашата постелнина се наоѓаат прашина, коса, мртва кожа и влакна од миленичињата. Доколку често проветрувате, голема е веројатноста во просторијата да влезат и нечистотиите од надвор.rn

    Средување

    rnНајверојатно помислувате дека постелнината треба да се менува секој ден. Но според експертите подобро е да се обидувате да ја зачувате спалната соба што можно почиста. Просторот за спиење најдобро е да го уредите во скандинавски или минималистички стил, така што чистењето нема да ви биде голема обврска.rnrnВо спалната соба најдобро е да има што помалку покуќнина, а доколку можете не ставајте завеси, тепих и облека.rn

    Менување на постелнината

    rnСпоред експертите, постелнината треба да ја менувате најмалку еднаш, па дури и два пати неделно. Ова е сосема доволно доколку редовно ја чистите спалната. Постелнината треба да ја перете на висока температура. Доколку имате сушална, со нејзина помош ќе ги отстраните и останатите бактерии и прашина.rn

    Перење

    rnСредството за перење ќе ви помогне да отстраните дел од прашината и нечистотиите. За да се осигурите дека сте отстраниле речиси сè, најдобро е постелнината да ја перете на 90 до 95 степени Целзиусови.rnrnПогледнете и како да ги исперете пожолтените перници.

  • Дизајнерка на ентериер открива: Какво влијание има спалната соба на расположението и здравјето?

    Дизајнерка на ентериер открива: Какво влијание има спалната соба на расположението и здравјето?

    Дали ви се случило да влезете во вашата спална соба, да го разгледате нередот и да се почувствувате лошо? Сигурно не ни помислувате како спалната соба влијае на вашето расположение, но можеби треба да обрнете внимание на тоа.rnrnДизајнерка на ентериер открива: Какво влијание има спалната соба на расположението и здравјето?rnrnАко вашата соба, па дури и вашето расположение ви изгледа малку „застојано“, можеби е време за пролетното чистење што го одложувате. Всушност, можеби токму тоа ви е потребно за навистина да ви се подобри расположението.rnrnСпоред Каролин ДиКарло, дизајнерка и архитектка од Њујорк, нередот лесно може да се манифестира на вашето здравје и да прави да се чувствувате неуредно. Кога станува збор за средување на собата на начин кој е најдобар за вашето здравје, најдобро е да размислувате за месото во коешто живеете како нешто што го контролирате, а не како нешто што ве контролира вас .rn

    „Просторот сигурно има влијание на расположението на луѓето. Само затоа што живееме во општество што не го прифаќа тоа, не значи дека не постои. Кога ќе влезете во соба, го чувствувате тоа. Премногу сме заглавени во нашите глави, па не ни размислуваме за тоа.“

    rnНе само што просторот влијае на вашето расположение, туку влијае и на начинот на којшто размислувате за себе. Ова особено важи за вашата спална соба. Каролин смета дека потребно е да се фокусирате само на 3 нешта – одмор, секс и забавување.rnrnЗа да го постигнете ова, потребно е да обрнете внимание на насоката на вашата покуќнина, во смисла на исток, запад север и југ. Исто така не треба да има работи што се истакнуваат. Потребна ви е хармонија и секоја насока има одредена особина. Север на пример, е насока на смиреност и одлично место за вашиот кревет.rn

    „Поставувањето на креветот на север е нешто што со години го практикуваат многу култури. Кога ќе го наместите во таа насока ги добивате особините на смиреност и мир.“

    rnКолку помалку визуелен неред има во собата, толку подобро. Ако не можете да си помогнете и навистина уживате во мал неред, Каролин советува да чувате 2-3 омилени предмети на видно место и ништо повеќе. За сè друго инвестирајте во полица, вазна, или што и да што ќе ви помогне да го тргнете нередот.rn

    „Колку помалку визуелни стимули, толку подобро.“

    rnКолку помалку нешта имате за гледање и колку помалку работи има за размислување во собата, толку полесно ќе го смирите мозокот.rn

    „Неуреден ум, неуредни соништа. Чистењето е навистина форма на чистење на вашиот ум.“

    rnИ за крај, важно е да обрнете внимание на бојата на вашата спална соба. Карлоин препорачува мирни, смирувачки нијанси наместо силни бои.rn

    „Ќе сакате нијанси кои ја менуваат бојата со светлината и периодот од денот. Ова ве прави поповрзани со природата. Ако е светло сина наутро, попладне и навечер, нема да ја чувствувате разликата на денот. Потребна ви е боја што изгледа различно наутро и навечер.“

    rnНајдобро е да одберете светла пастелна боја или малку сива. Во секој случај, избегнувајте ја црвената бидејќи може премногу да ве стимулира.rnrnПрочитајте и нешто повеќе за традиционалниот кинески метод фенг шуи.

  • 5 чести грешки при уредување на спалната соба

    5 чести грешки при уредување на спалната соба

    Спалната соба треба да биде ваша оаза за лесен сон, катче во кое ќе се одмарате и место каде што собирате сила и енергија за следниот ден. За жал, спалните соби често се занемарен дел од становите, особено поради тоа што се место каде што гостите не влегуваат. Исто така, новиот проектантски стил на организирање на ентериерот во спалната соба ни остава само простор за креветот и евентуално за плакар. Поради тоа, често се прават грешки кога е во прашање внатрешното уредување, што придонесува вашето место за спиење да изгледа празно, неинспиративно, па дури и неуредно. Ова се најчестите грешки при уредувањето на спалните соби:rn

    1. Преголем кревет

    rn5 чести грешки при уредување на спалната собаrnrnСите сакаме да имаме простран и удобен кревет за спиење, но исто така е важно и колку простор ќе имаме за движење во собата. Водете се од правилото дека креветот се поставува на средина на собата, па според просторот со кој располагате, изберете димензија која ќе овозможи околу него да има доволно место за движење.rn

    2. Недостаток на растенија

    rn5 чести грешки при уредување на спалната собаrnrnДури и кога ќе ја уредите спалната соба најдобро што можете, внесете и некое собно растение, за да додадете живост, свежина и чувство на природност. Ако немате доволно место, обидете се со мали ѕидни саксии кои не зафаќаат многу простор.rn

    3. Избор на материјали

    rn5 чести грешки при уредување на спалната собаrnrnКога избирате покривки и перници, не водете се само од естетика. Внимавајте материјалот од кој е изработена постелнината да биде природен, бидејќи многу е важно додека вие спиете, вашата кожа да продолжи да дише.rn

    4. Ролетни и завеси

    rn5 чести грешки при уредување на спалната собаrnrnИзберете ролетни и завеси кои и доволно ќе одржуваат мрак навечер, но и ќе пропуштаат светлина наутро. Доколку изберете темни и непроѕирни материјали, ќе ги блокирате првите утрински сончеви зраци, а со тоа ќе го нарушите и природниот циклус на будење на телото.rn

    5. Осветлување

    rn5 чести грешки при уредување на спалната собаrnrnИако најголем дел од времето во спалната соба го поминувате ноќе, во уредувањето вклучете и лустери и ламби, кои ќе додадат стил и удобност во оваа просторија.rnrnДознајте уште и кои домашни растенија можат да ви го подобрат сонот.

  • Постелнината во оваа боја ќе ви помага полесно да заспиете

    Постелнината во оваа боја ќе ви помага полесно да заспиете

    Оваа боја во спалната соба создава спокојно и мирно опкружување. Недостатокот на сон може да има негативен ефект врз сите аспекти во вашиот живот.rnrn1-postelninata-vo-ovaa-boja-kje-vi-pomaga-polesno-da-zaspiete-www.kafepauza.mk_rnrnЛуѓето кои патат од несоница често имаат проблеми со здравјето, концентрацијата, помнењето, а недостатокот на сон се одразува и на надворешниот изглед. Ако често имате проблеми со заспивањето, сигурно досега сте испробале разни методи, од лекови до медитација, но можеби само е потребно да ја промените постелнината.rnrnЕкспертите за сон тврдат дека сината боја во спалната соба создава спокојно и мирно опкружување, односно дека чаршафите во таа боја може да помогнат при проблемите со спиење.rnrn2-postelninata-vo-ovaa-boja-kje-vi-pomaga-polesno-da-zaspiete-www.kafepauza.mk_rnrnАко сината боја ви изгледа премногу впечатливо за спална соба, ист ефект ќе има и сиво-сината нијанса која е моментално и голем тренд во уредувањето на ентериерот.rnrnОд друга страна пак, љубителите на сината боја може слободно во спалната соба да додадат уште неколку детали во оваа нијанса за уште подобар ефект.rnrnЗа да создадете една пријатна и топла атмосфера во вашата спална соба, погледнете како вашата спална соба да ја претворите во рустична оаза.

  • Жените откриваат: Која машка навика во спалната соба ги нервира повеќе од ’рчењето?

    Жените откриваат: Која машка навика во спалната соба ги нервира повеќе од ’рчењето?

    Мажите и жените се два различни света, па така не е ни чудно што честопати знаеме малку да се изнервираме едни со други со некои навики и постапки. Соживотот со партнерот е полн со убави моменти, но секојдневно се провлекуваат и некои работи што иритираат. Жените најчесто се нервираат поради неуредноста на мажите и нивната навика да оставаат валкани чорапи насекаде низ домот.rnrnЖените откриваат: Која машка навика во спалната соба ги нервира повеќе од ’рчењето?rnrnПостојат и некои несвесни навики што се надвор од наша контрола, како што е ’рчењето на пример. Многу припаднички на женскиот пол се жалат од оваа неконтролирана појава, но сепак тоа не е она што најмногу ги нервира во спалната соба.rnrnСпоред едно истражување, спроведено на повеќе од 1.000 испитаници, крадењето на покривката е она што ги нервира жените повеќе од ’рчењето. Учесниците требале да оценат разни сценарија од спалната соба и на прво место од листата на најиритирачки навики што ги покажувал партнерот се нашло земањето на покривката на својата страна од креветот. ’Рчењето се нашло на второ место, а на трето непрестаното превртување.rnrnИнтересно е тоа што истата навика не ги нервира мажите премногу. На машките испитаници најмногу им пречело кога жената јадела во кревет. Истото истражување покажало дека паровите кои спијат во поголем кревет се посреќни, што е сосема логично со оглед на тоа што поголемата удобност во текот на спиењето пружа чувство на задоволство.rnrnОсвен тоа, 17% од омажените жени изјавиле дека немаат ништо против повремено да спијат одвоено од партнерот, бидејќи така полесно се одмораат, а само 8% од оженетите мажи го делеле истото мислење.rnrnШто мислите вие за ова? Која навика на вашиот партнер најмногу ве нервира во спалната соба?rnrnВо продолжение прочитајте кои се 6-те најиритирачки машки навики.

  • Тајните на брачниот кревет: Што предизвикува немир во спалната соба?

    Тајните на брачниот кревет: Што предизвикува немир во спалната соба?

    Речиси една третина од животот ја минуваме во спиење, па според тоа, спалната соба мора да биде просторија во која ќе можеме да уживаме. Според кинеската дисциплина Фенг шуи, спалната соба е од големо значење во домот, бидејќи има силно влијание на квалитетот на односот со саканата личност.rnrnТајните на брачниот кревет: Што предизвикува немир во спалната соба?rnrnПри уредувањето на собата каде што спиете, треба да се водите според вашиот вкус и инстинкт. Самите треба да откриете што ве вознемирува, а што ви носи хармонија и радост. Сепак, добро е да знаете кои работи предизвикуваат проблеми според Фенг шуи. Ова се некои од правилата на оваа древна вештина:rnrn1. Огледалото не треба да виде веднаш пред вас или над креветот.rnrn2. Телевизорот во спалната соба доведува до разделба на парот.rnrn3. Немојте да спиете во кревет над којшто се наоѓа греда која ја дели постелата на два дела.rnrn4. Немојте да спиете на брачен кревет што има одвоени душеци.rnrn5. Ако сакате да ги подобрите вашите сексуални односи, направете енергетски промени во спалната соба. Пирамидата од стакло или камен ќе ви помогне да го сторите тоа. Иако нејзините страни се рамни и остри, таа има способност да ја привлече и насочи енергијата што лесно може да побегне.rnrn6. Собата треба да ви биде уредна и чиста.rnrn7. Закачете ѕвончиња на прозорецот и немојте да чувате стари работи под креветот.rn

    Најважна е положбата на креветот

    rnНајдобро е спалната соба да биде најоддалечена од влезната врата. Влезот не би требало да биде во директна линија со влезната врата, бидејќи тоа влијае на интимноста. Исто така, не би смеела да биде во директна линија со тоалетот или кујната.rnrnКреветот треба да се наоѓа на такво место што личноста која лежи на него ќе може да види кој влегува во собата. Обично, најдобрата положба е да се постави дијагонално во однос на вратата. Наслонот треба да се допира со ѕидот, што ја симболизира потпората на вашите желби и не би требало да се наоѓа веднаш под прозорецот, бидејќи тоа може да ви донесе чувство на несигурност.rnrnДоколку сакате, едната страна на креветот може да го допира ѕидот, но само ако спиете сами. Кога ќе се разбудите, би требало да имате пријатен поглед. Тоа може да биде привлечен поглед низ прозорецот или убава слика на ѕидот.rnrnПрочитајте ги и овие фенг шуи лекции за вечна љубов.

  • Како вашата спална соба да ја претворите во рустична оаза?

    Како вашата спална соба да ја претворите во рустична оаза?

    Мора да се грижите за просторијата во која поминувате доста време. Не е важно дали станува збор за вашата спална или дневна соба, за бањата или можеби канцеларијата, важно е тие да бидат уредено декорирани за вие самите многу подобро и поубаво да се чувствувате. Кога е спалната соба во прашање, нејзиниот ентериер мора да биде природен, пријатен и во неа секогаш да биде удобно, а еден од начините за да го постигнете тоа е да ја уредите во рустичен, селски стил кој ќе ви го овозможи сето тоа во истиот момент штом стапнете во неа.rnrn1-kako-vashata-soba-da-ja-pretvorite-vo-rustichna-oaza-www.kafepauza.mk_rnrn1. Еден од поедноставните начини да го доведете рустичниот стил во вашата спална соба е доколку околу креветот или во некој дел од вашата соба поставите завеса која има некоја изработка на себе или која е слична на чипка. Ваквиот детаљ веднаш ќе му даде „душа“ на целиот простор, а вие сигурно ќе се почувствувате удобно.rnrn2-kako-vashata-soba-da-ja-pretvorite-vo-rustichna-oaza-www.kafepauza.mk_rnrn2. Ако некогаш сте биле во некоја стара куќа на село, сигурно сте забележале дека плафоните никогаш не изгледале како денес. Затоа луѓето при уредување на домот честопати се одлучуваат да направат барем лажен дел од таа атмосфера, па во аглите на своите плафони поставуваат греди или ги откриваат веќе постоечките, бидејќи изгледаат навистина совршено.rnrn3-kako-vashata-soba-da-ja-pretvorite-vo-rustichna-oaza-www.kafepauza.mk_rnrn3. Масичка од дрво, во комбинација со метални, бојадисани садови во кои се наоѓаат некои помали билки или служат како вазни, се еден од начините на кои можете да ја направите вашата соба рустична. Нека деталите бидат во бела или некоја пастелна нијанса, па сето тоа ќе изгледа совршено.rnrn4-kako-vashata-soba-da-ja-pretvorite-vo-rustichna-oaza-www.kafepauza.mk_rnrn4. И самите знаете колку е важна постелнината за убав и добар сон. Секогаш ноќта поубаво започнува кога постелнината е комплетирана и убаво испеглана, а не растурена. Со целата таа слика, доколку сакате „селски“ стил во вашата спална соба, изберете дезени кои се природни, кои не се нападни, можеби со некои детали на чипка и вез, што во текот на оваа година се голем тренд.rnrn5-kako-vashata-soba-da-ja-pretvorite-vo-rustichna-oaza-www.kafepauza.mk_rnrnПреминете на следната страница за останатите идеи…rn

  • Уживање, релаксирање и добар сон: 8 чекори до спална соба од соништата

    Уживање, релаксирање и добар сон: 8 чекори до спална соба од соништата

    Кога денот е лош, мрачен и сив, најверојатно одвај чекате да се вратите дома и да легнете во вашиот кревет. Во тие моменти кога ќе се „нурнете“ во вашите перници сфаќате колку многу си ја сакате спалната соба. Тогаш сфаќате дека оваа просторија е најважната во домот, бидејќи кога ви е потребно да побегнете од сѐ, кога ви е потребно само ваше катче во кое можете да бидете мирни, опуштени и сами со себе, таа е токму таму за вас. И постои ли поубаво место за излежување со партнерот од топлиот, удобен кревет? За вашата спална соба да биде оаза и во естетска смисла, време е да размислите за нејзиното преуредување за кончено да изгледа онака како што отсекогаш сте ја замислувале. Еве неколку клучни чекори.rnrn1-uzhivanje-relaksiranje-i-dobar-son-8-chekori-za-spalna-soba-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_rnrn1. Најпрво, пронајдете го вашиот стил. Поточно, одлучете се како сакате да ја уредите вашата спална соба. Дали таа целата ќе биде во розови тонови и ќе изгледа топло и пријатно или пак ќе биде во монохроматски, па дури и во скандинавски стил? Пронајдете инспирација на Инстаграм, Пинтерест или во магазините за уредување на домот. Кога еднаш ќе се одлучите каков впечаток сака да остава вашата соба, ќе знаете што да правите понатаму.rnrn2. Понатаму, пресметајте го просторот со којшто располагате. Едноставно, треба да направите план за желбите и можностите. На пример, сакате голем гардеробер со огледала, полици и други додатоци, а реално нема да можете да го сместите во собата која по површина е премногу мала или пак нема доволна висина. Размислите за секој детаљ.rnrn3-uzhivanje-relaksiranje-i-dobar-son-8-chekori-za-spalna-soba-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_rnrn3. Прво кревет, па сѐ останато. Секако дека креветот е „центар“ на секоја спална соба, па природно е да започнете од него. Изберете ја големината, обликот и бојата во согласност со вашата оригинална замисла, а според него комбинирајте го и останатиот мебел. Ако креветот зафаќа премногу место, сигурно нема да можете да го сместете секое парче мебел кое сте го замислиле на почетокот.rnrn4. После купувањето на креветот, започнете да го пополнувате остатокот од просторот. Следни во низата се гардероберот, полиците и ноќната масичка која е важна за складирање на работите. Освен по дизајнот, тие би требало да одговараат и по големината, па и овде е потребно добро да размислите. Ако во некој случај имате посебна соба која има функција на гардеробер, тогаш ништо друго освен ноќната масичка не мора да се најде во вашата соба.rnrn4-uzhivanje-relaksiranje-i-dobar-son-8-chekori-za-spalna-soba-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_rnrn5. Кога станува збор за уредување на самата соба, не мора сѐ да биде под конец, поточно, не мора се да одговара. Немојте да купувате перници, постелнина, маса и столчиња кои одговараат. Купете сѐ различно (или пак во сличен тил) и играјте си со бескрајните можности.rnrn6. Додајте и некои модерни детали, како што се интересните ламби, слики или некое друго уметничко дело.rnrn5-uzhivanje-relaksiranje-i-dobar-son-8-chekori-za-spalna-soba-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_rnrn7. Кога станува збор за парите, јасно е дека во важните парчиња мебел вреди да се вложат пари. Во тој случај, на ситниците за декорација слободно можете да заштедите. На крај, секако сметката е израмнета, бидејќи на нешто ќе заштедите, а на друго ќе дадете малку повеќе. Само важно е паметно да вложувате.rnrn8. На самиот крај, немојте да заборавите за што навистина служи спалната соба – за спиење и одмор. Значи, немојте да ја „наполните“ со телевизори, компјутери и останати работи кои ќе ве попречуваат во вашите слатки соништа!