Сигурни сме дека секојдневно се соочувате со многу луѓе, било тоа да е на училиште, на работа, дома или пак во друштво. Тоа најчесто е забавно, но понекогаш таквото дружење може да биде голем извор на стрес и анксиозност. Секој има потреба да зборува, но исто така секој има потреба и да биде слушнат. Но, постојат и моменти кога чувствувате дека никој околу вас не ве слуша, па тоа ве прави лути, нервозни, тажни, а понекогаш и депресивни. Дали ви се случило да посакате на цел глас да викате „Слушајте ме!“?rnrn
rnrnИмајќи го тоа на ум, слушањето е доблест којашто не ја поседува секој. Во продолжение погледнете ги најголемите 10 причини зошто луѓето одамна престанале да слушаат…rnrn1. Луѓето се премногу зафатениrnrn2. Луѓето се премногу зафатени со себесиrnrn3. Честопати претпоставуваат дека знаат што би рекле другитеrnrn4. Мислат дека давањето совети е поважно отколку покажувањето разбирањеrnrn5. Понекогаш забораваат дека секој има потреба да биде слушнат, без разлика колку таа личност е силнаrnrn6. Додека некој зборува, луѓето веќе во себе размислуваат што би рекле во наредниот мигrnrn7. Иако некои луѓе поседуваат вештини за слушање, тоа може да се однесува само на слушање на предавања, но не и на слушање во секојдневните разговориrnrn8. Секој посакува да биде слушнатrnrn9. Слушањето не е лесноrnrn10. Малкумина сфаќаат дека е потребно да научат како да слушаат
Tag: сослушување
-

10 причини зошто луѓето одамна престанале да слушаат
-

Како да го подобрите впечатокот кој луѓето го имаат за вас?
Автор: Горана КоневскаrnrnВо човечката природа е секој да посакува да остави добар впечаток кај другите, луѓето да имаат позитивна перцепција за него или да биде одличен пример за останатите и да биде запаметен како позитивна личност. Еве неколку совети кои ќе ве направат попопуларни меѓу пријателите и ќе ви помогнат при оставање одличен впечаток кај соговорниците.rnrn
rnrnБидете заинтересирани за случувањата во животот на соговорникот. Секој сака да зборува за себе, за работите кои го тангираат во секојдневието, без разлика дали станува збор за личниот или за деловниот живот. Кога покажувате интерес за личноста со која разговарате преку прашања и теми поврзани лично со нејзе, вие директно покажувате дека ја почитувате, дека работите кои ѝ се случуваат ви се битни, а со тоа му создавате на соговорникот чувство дека ви е важен.rnrnНаучете активно да слушате. Никој не сака да биде прекинат додека зборува. Активното слушање ви овозможува постигнување поголемо почитување кај соговорничката страна, како и време во кое можете внимателно да размислите за тоа што се говори, без притоа да ја следите само сопствената мисла. На крајот, можеби ќе соберете повеќе информации или ќе го промените своето мислење кога соговорникот ќе ја постигне својата поента. Не претпоставувајте дека знаете што точно соговорникот сака да каже. Активно и внимателно слушајте и ќе станете еден од најдобрите соговорници.rnrnБидете свои, бидете искрени. Искреноста е една од карактеристиките што секој човек многу ја цени кај другите. Дури и да сте погрешиле или нешто да не знаете во моментот кога сте прашани, искрената реакција нема да наиде на осудување. На осудување може да наиде обидот за прикривање или глумата. Бидете искрени. Бидете свои. Никој не сака луѓе кои копираат или кои немаат свое мислење и свој став. Вашиот уникатен став и јасното изразување на мислењето без напад на соговорничката страна, како и искрениот пристап, ќе ве направи личност со која секој сака да соработува и да се дружи.rnrn
rnrnПоставете добар пример. Луѓето се воодушевуваат на добрите примери на кои потајно посакуваат да се огледаат. Една од карактеристиките на луѓето кои претставуваат добар пример за другите е позитивниот дух. Да се гази цврсто на земја, да се биде реалистичен и притоа да се задржи позитивниот дух и енергичноста е исклучително важно. Никој не ги сака намуртените личности околу себе, а од друга страна секогаш сакаме да бидеме во присуство на луѓе кои ни влеваат позитивна енергија и кои дури и во тешките моменти знаат дека „ќе дојдат и подобри времиња“ и дека „во секое зло има и добро“.rnrnИсто така, во се што работите вложувајте го својот максимум. Работата завршувајте ја со љубов, без разлика дали станува збор за готвење, работа на шалтер, фризерски салон и слично. Вашите клиенти секогаш ќе бидат задоволни, а верувајте дека и кај вашите претпоставени тоа нема да остане незабележано, така што напредокот ќе биде гарантиран.rnrnБидете дарежливи во однос на парите и времето. Дарежливите луѓе се посреќни, поисполнети, поздрави и позадоволни од другите. Дарежливоста, во секого предизвикува чувство дека е важен и дека со своите добри дела може да направи макар и мала промена во животот на другите. Тука не се мисли само на финансиска помош за некое лице кое има потреба од тоа, туку и за волонтирање во непрофитна организација, одвојување на дел од своето време за помош на пријател, сосед, постаро лице или за други слични цели.rnrnВложувајте во она во кое верувате. Многу успешни и влијателни луѓе делат исти карактеристики: напорно работење, добри идеи, солидна едукација и голема социјализација. Направете шема за оние работи кои се важни за вас и постојано надградувајте се себеси. Вложувајте ја својата енергија за работите во кои верувате и кои ги посакувате, за да ги постигнете своите цели. Никој не ги цени луѓето кои лутаат, кои не знаат што сакаат и кои се недефинирани, затоа поставете си цели и работете да ги остварите.rnrnСигурно постојат личности на кои во овој момент можете да се сетите, а кои ви претставуваат добар пример. Тоа може да биде родител, пријател, писател, бизнис лидер или друга личност која е дел од вашиот живот. Но, во истовреме, постојат луѓе околу вас кои претставуваат и негативни примери. Можеби вашиот шеф кој никогаш не е тука за да поразговарате за некој проблем, вашиот пријател кој никогаш не ве сослушува, вашиот комшија кој секогаш наоѓа причина за да ви префрли нешто или вашиот колега кој секогаш е негативен.rnrnОбидете се и од нив да научите нешто – на пример како не треба да се однесувате ако сакате да постигнете ниво на забележителна личност на која сите ѝ се воодушевуваат.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

12 златни правила за пријатен разговор
Без разлика дали сте на состанок со некој од спротивниот пол, на средба со колега од работа или пак едноставно сте излезени да се дружите со некој од вашите пријатели, добриот и пријатен разговор е клучот за започнување или зацврстување на односот кој го имате со таа личност, а е и предуслов за добар помин. За да бидете добар соговорник и за луѓето околу вас повеќе да ве ценат, секогаш на ум имајте ги следниве 12 златни правила за пријатен разговор.rn
1. Избегнувајте непотребни детали. Не излегувајте од колосек на разговорот. Обидете се да не скокате од тема на тема, само затоа што ви текнало нешто друго од минатото кое не сте го кажале. rnrn2. Не прашувајте ново прашање пред да ви биде одговорено првото. Сè додека од соговорникот не добиете соодветен одговор на прашањето, не избрзувајте да прашате ново, за кое можеби би добиле одговор доколку би биле малку потрпеливи сослушувајќи го соговорникот до крај.
3. Не прекинувајте никого дур зборува. Исто така, обидувајте се секогаш да раскажувате кратки приказни, за да му дадете шанса и на соговорникот да зборува и да не ве прекине.rnrn4. Не бидете контрадикторни, особено за нешто неважно. Избегнувајте да додавате непотребни детали во вашата приказна, но и во приказната на лицето од другата страна. Луѓето кои се контрадикторни, обично знаат после некое време истото нешто да го кажат на сосема нов начин оставајќи го слушателот збунет. Никој не го сака ова.rnrn5. Никогаш не зборувајте само вие. Прашувајте прашања за да ги најдете работите за кои имате заеднички интереси и теми на разговор.rn
6. Немојте секогаш да бидете главниот херој во вашата приказна, иако приказната треба да има херој. Обидете се да ги истакнете и пофалите и останатите исто толку добро како да сте вие во прашање.rnrn7. Секогаш одбирајте тема од заеднички интерес. Извлечете ги интересите на соговорникот и гледајте да не го свртите муабетот на политика, доколку соговорникот сака да зборува за поезија и уметност. Избегнувајте да зборувате на теми кои ви лежат само вам и притоа несвесно да нарушите некое од останатите правила од оваа листа.rnrn8. Бидете добар слушател. Следејќи ги правилата на оваа листа сослушувањето ќе ви стане природна работа.rn
9. Разговорот треба да е во хармонија со околината. Секогаш внимателно анализирајте што се случува околу вас. Понекогаш и тишината не треба да се потценува.rnrn10. Не претерувајте. Понекогаш не е сè „најдобро“, „најсмешно“ или „најлошо“ како што вам ви изгледа.rnrn11. Немојте погрешно да цитирате. Кога цитирате некого, треба да ја пренесете точната информација и чувството со која е кажана. Погрешното пренесување може да предизвика лажно обвинување на личноста.
12. Имајте мерка. Не ширете невистини и не чувствувајте потреба да повредите некого. Внимавајте што кажувате, бидејќи не сите нешта идат во прилог на добриот тек на разговорот. Запомнете дека тишината е секогаш опција. Кажете го вистинското нешто или молчете.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn