КАФЕ ПАУЗА

Tag: соседство

  • Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

    Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

    Џесика Меклард е идејниот творец на малите улични шкафчиња во кои можат да се оставаат храна и средства за хигиена во градот Фајетвил, Арканзас, а се наменети за луѓето од соседствата кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба.rnrnТаа го забележала големиот успех што го постигнале уличните мини библиотеки за размена на книги и оттаму дошла на идејата да создаде модел за размена на храна и основни средства за хигиена, кои би им послужиле на луѓето од соседствата чијашто финансиска ситуација не е најповолна. Откако Меклард нашла средства да го изгради и постави првото шкафче во близина на локалната црква, идејата наишла на голем успех и одобрување од заедницата. Сега таа има голем број фанови на социјалните мрежи, а малите дрвени шкафчиња никнуваат како „печурки“ и во други градови.rnrnОва е еден прекрасен пример како едноставна идеја може да прерасне во значаен социјален и хуман проект.rnrn(1) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиенаrnrnЕдноставните шкафчиња се претвориле во симбол на сочувство и дарежливост.rnrn(2) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиенаrnrnПрвото шкафче било поставено на 10-ти мај 2016 -та година, во близина на локална црква во Фајетвил.rnrn(3) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиенаrnrnЏесика се изненадила од тоа на колку добар одѕив наишла нејзината идеја. Шкафчињата секој ден се преполни со храна којашто ја оставаат хуманите луѓе.rnrn(4) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиенаrnrnИдејата ја преземаат и во други делови од градот, како и пошироко.rnrn(5) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиенаrnrnПутер од кикирики, пелени за бебиња и средства за хигиена се производите кои секогаш ги има на располагање.rnrn(7) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиенаrnrnКога едно од дрвените шкафчиња било поставено во близина на училиште, тоа освен со храна, почнало да се полни и со училиштен прибор.rnrn(8) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

  • Комшии

    Комшии

    Автор: Тамараrnrn

    Ги поздравувате од сабајле или си замислувате дека се невидливи?

    rnrnИма комшии што повеќе дремат искривени до клучалка отколку што гледаат телевизор. И сабајле во 4 саат: „Леле ете го пак, само носи некои девојки по дома, леле ете го пак со овие од кафената зграда, леле види го уште пиво носи.“ И сабајле на мајка ти ѝ вели: „Абе се врати тој… беше 4 саатот и 47 минути. И така со уште двајца, високи едни, абе пијани што да ти кажувам, ама и со девојки. Абе секој викенд само различни си носи.“ Не зафркавај!rnrnКомшииrnrnИма комшии што имаат по 45.879.487.521 мачки по дома. Уствари ни тие не знаат колку мачки имаат. И цел ден слушаш Виенски концерт.rnrnОбавезно, некоја баба седи цел ден до прозор. На неа секогаш ѝ е досадно. Таа чека некого од партија да ѝ донесе локум и кафе, плус пенкалце за крстозбор и нормално да се пожали колку лоши времиња дошле и да му ја раскаже целата нејзина биографија. Таа секогаш знае кога некој има у ходник и таман некој се спрема да излезе и оваа се црта пред врата: „Леле синко, ладно денеска, кажаа минус 5 ќе било. Ѕиври имаш облечено? Чекај да видам.“ И доаѓа, ја пика раката под фармерки. А овој се брза, доцни, нервозен, ама мора да биде културен и да издржи зашто бабава му дава по некој денар од нејзината пензија. „Леле не носиш! А долна маичка? Ни тоа? Абре дете, морам да зборувам со татко ти. А парички си имаш? – Хмм… па немам. – Еве ајде две стотки земи. – Фала!“ И овој цвета. За 200 денари ќе се жртвува.rnrnА друга приказна е ако баба ти и дедо ти седат стан спроти твојот. Сабајле во 7 саат, носи сарма, мусака, гравче, спанаќ. И само ѕвони на телефон и се жали зошто уште сармата од пред една недела никој не ја изел. Кога не знаеш да готвиш така ти е.rnrnДобивам впечаток дека куќиве и зградиве се направени од хартија. Добро сега повеќе ставаат гипс картон отколку цигли. СЕКОЈА НЕДЕЛА. САБАЈЛЕ. СААТ: 7: „Јутро је, јутро је, кад те нема боље да се ни сам ни пробудила…“ И во позадина расипана правосмукална што брмчи како трактор! Има и некои што се учат да свират пијано, евентуално труба. И штрака по клавишите или белите дробови си ги остава во трубата. Тоа вади од такт. Исто така може да се слушне (попуштено до даска): „Каан душо, изеди си ги јајцата“. Нема потреба да пушташ телевизор, пренос во живо од кај комшијата. Пфф…. бизнис вести, временска прогноза, прељубници, Фокслајф, само да бираш на кој звук од телевизор да се сконцентрираш. И плус знаеш у колку саат има реклами, еве реклама за Вендоксин секој ден на Канал 5, пред вести во 15.00. Не дека некој сака да запамти, комшиите тоа го наложуваат.rnrnИ секако мора да има по некој стан и за: козметичко студио, извршител, адвокат, стоматолошка ординација, центар за странски јазици, невладини организации, фризерници.rnrnИма и такви комшичиња што мислат дека се Полат Алендар и снимаат клипчиња, со пластични пиштоли, чорапи на глави и прават салта по цела зграда. И нормално после ќе се видиш во позадина на видеото на Јутјуб како во пижами фрлаш ѓубре.rnrnА посебна приказна се комшиите кои не знаат „здраво“ да кажат, а доаѓаат на врата и замараат за австриски, шпански и португалски осигурувања. И дреме саат и пол, црта некои множества и графикони. И вели:„Значи сега е моментот, денеска е денот, утре можеби ќе биде доцна. Мораш да мислиш на твоите внуци. (Вао, а јас само 20 години имам. Ептен ме погоди, само тие ми беа на ум.) Твојата пензија може да изнесува и до 3.000 евра! (Не зафркавај) Сигурни сме дека сакаш да бидеш финансиски независна, ако се приклучиш многу ќе добиеш, ние ова веќе 3 години го работиме.“ И после тоа ќе ја чуеш на телефон: „Мама, немав пари да си ставам кредит, ај кажи му на тато да дојде да ме земе!“ Чекај малце, нели финансиски независна, нели многу добиваш?rnrnИма и по некој транс-металец-поп-турбофолкер. Тој прави журки. Сам со звучниците!rnrnЉубопитни:rn
    rn

    „Абе ти велам купија автомобил, само го кријат во гаражана, не сакаат да нѐ частат по едно ракијче.“

    rn

    „Ти велам го влече куферот секоја недела нагоре-надоле. Што прави, кај оди? Којзнае.“

    rn

    „Пред вратата имаа милион оставени кондури, имаше и по некои Најк. Јас колку што избројав 16 пара имаше. Каде тие во двособен стан ќе соберат толку луѓе?“

    rn

    „ЛЕЛЕ, вчера ја видов, беше 18.14, онаа испупчената од втор спрат, ја остави бело југо пред зграда. Абе сигурно ѝ е швалер тој. ЦЦЦЦЦ, како не ѝ е срам, 4 деца има.“

    rn

    „Чекај, нели овие се разведени и сега во вторникот требаше децава да дојдат. Обично кај 9 саат ги носат. Со црниот џип. Сега е четврток. И зошто толку рано ги донесе, и тоа со црвеното Пунто.“

    rnИма и комшии што си играат мајтап и што оговараат. Има и такви што бараат помош, а кога треба да помогнат ги нема нигде: „Комши, дојди да цепиме дрва! Комши ај пиперки да лупиме, нема многу, само 15 кила. Комши ај дојди да фарбаме прозори. КОМШИЈА АЈДЕ ЧАО!“rnrnПример, има комшии што доаѓаат на гости само за да го окупираат компјутерот и да се вклучат на Фејсбук. Добро немаш интернет дома? Јас затоа ли те викнав, да ми покажуваш Бојан какви слики имал со девојка му, гајле ми е! А има и такви што пишуваат на Фејсбук и тврдат дека ти се комшии, а уствари седи 5 километри подалеку од тебе: „Те гледам секој ден, сабајле со такси поминуваш кај мојата куќа, вчера го носеше црвеното палто. И што реши, ќе дојдеш на кафе? Имам нов тросед.“ Браво. Ептен добро ја еволуира темата: Ми се свиѓаш. -.-rnrnИма комшии што ти се пикаат, ти прават муабет, ти делат комплименти само кога тоа им оди во нивна полза. Пример, има такви што имаат по 10 каталози од Авон или Орифлејм и ги делат како бонбончиња по комшии: „Со оваа пудра ќе се чувствуваш како принцеза, со овој шампон нема да мораш да ја миеш косата по една недела, леле, а оваа крема за брчки, за десетина години ќе те подмлади, а тоалетнава вода е перфектна за вечера на јахта.“ Не, не е точно. Од пудрата ми излезе црвенило, кои брчки жено гледаш едвај 20 имам. Која вечера, која јахта. Кога сакам ќе ставам, ти ќе ми кажуваш. Една недела? Со тој шампон ни еден ден не е како што треба.rnrnКомшиите што по цел ден се караат. Е од нив нема спас. Тие се слушаат низ цело маало: „Лелее ти ма пак го тресеш врз нас чаршавот, аууу види врз моите цвеќиња. Леле кога ќе ти се качам горе!“ Или пак: „Ти реков ли, пак двојки наредил, аман бе синко, лаптоп доби, веспа доби, Ајфон доби, што сакаш уште од нас, абе учи синко, сега ви е бесплатно образованието, ако не ќе продаваш патлиџани на пазар!rnrnЕдноставно, тоа се комшиите. :)rnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Превртено (Flipped)

    Превртено (Flipped)

    Филм за тоа како работите можат да бидат сјајни на површина, а скапани во сржта (и обратно), за семејството и за детската невина љубов, која не е ни за грам помалку вредна од “возрасната”rnrnПревртено (Flipped)Режија: Роб РајнерrnrnИграат: Меделин Керол, Келан МеколифrnrnВреметраење: 90 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 10 септември 2010rnrnЖанр: комедија, драма, романсаrnrnВеб-сaјтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrn—————————————————————————————————————————————————-rnПонекогаш, за еден филм атрибутите „добар“ или „лош“ како да не важат и едноставно можеш да кажеш „сладок“. Од онаа слаткост што несвесно ти прави насмевка на лицето и малку ти ги разводенува очите. Не дека гледаш нешто тажно, не дека има патетика или трогателни „Титаник“-сцени, туку успеале да ти ги притиснат вистинските емотивни копчиња и по малку да те направат разнежнет глупак, кој се ѕвери во екранот. Кога би прочитале за содржината на „Превртено“ на IMDB, филмот ќе ви заличи на серија од каналот Дизни, но режисерот Роб Рајнер (The Bucket List, The Story of Us) креира филм, во кој своја длабочина и приказна би пронашол секој, без разлика на возраста. —————————————————————————————————————————————————-rn

    rn

    Приказна: Џули Бејкер е креативно девојче кое живее во мало преградие, со часови се губи уживајќи во погледот додека седи на големото јаворово дрво во соседството, а за викендите сака да го гледа татко ѝ додека црта. Нејзиното тивко секојдневие комплетно се превртува откако спроти нивната куќа ќе се досели, како што таа вели – момчето со најубавите очи, Брајс Лоски. Тој е човекот на нејзиниот живот. Ќе биде нејзин и тоа е тоа. Но, нарацијата во овој филм не ја води само Џули, туку и Брајс така што секоја случка ја гледаме „дупло“, и низ очите на едниот и низ очите на другиот, што на секоја случка и дава сосема поинаква перспектива. Брајс нормално не е заинтересиран и на Џули гледа како на чудно опседнато девојче, поради кое му се смее целото училиште.Превртено (Flipped)Нешто што тргнува како приказна за детската љубов, пополека станува мудра „надвор од фокус“ анализа на семејствата, на односите, на пропаднатите соништа, на фрустрациите… Семејството на Брајс изгледа совршено однадвор, додека она на Џули е трн во окото на „перфектните“ набљудувачи. Но, кога малку ќе се загребе под дијамантската или пак калливата површина, сè изгледа поинаку. Покрај брзото сценарио, константно исполнето со по нешто ново, без момент на стагнација, приказната ја надополнуваат и младите актери Меделин Керол и Келан Меколиф. Фантазерско чувствително девојче кое знае дека треба да се бори за тоа што го сака, наспроти прагматично покорно момче кое смета дека единствен начин да се игра е според правилата.Превртено (Flipped)Кинематографија: Приказна сместена во американско преградие во 50-тите години и веќе знаете дека се пие Kока-кола во шишенца, фармерките се носат со подвиткани ногавици и се возат оние убави велосипеди со големи рачки. Атмосферата е светла, а времето пролет или евентуално лето. Некако како „Превртено“ да е сместено во истото маало каде што живееше Веда Салтенфус во „Мојата девојка“ (My girl).Превртено (Flipped) Кога и како да го гледате: Ова е филм за кој било дел од денот, кога сте малку поразжештени, па барате нешто за да ве омекне. Еве го! Се чини дека на повеќето машки, особено мачо-момци, кои бараат мистерии и брзи случувања, нема воопшто да им се допадне, но за останатите е одлично бајадерче. Инаку, не гледајте го сами, повеќе ќе уживате во друштво, со пријатели или пак со момчето/девојката, не ви се мешаме во изборот. Превртено (Flipped)