Можеби на прв поглед вашите желби и цели ви изгледаат комплицирани, но со мали промени во секојдневието, вие можете да го освоите целиот свет. Погледнете ги следниве промени што треба да ги направите и брзо ќе почнете да се приближувате до вашиот сон!rnrn
rnrn1. Почнете да се грижите за себе – Станете малку себични. Да, можеби ова ви звучи иронично, но кога сте одговорни за своите време, простор и живот, вие можете многу повеќе да постигнете од останатите.rnrn2. Одговарајте на секој настан – Не ги пропуштајте повиците, одговарајте на сите поставени прашања (во целост), одвојувајте време за другите… И најважно од сè вклучете ја вашата креативност во сè што правите.rnrn3. Бидете поквалитетни одошто се бара од вас – Работете повеќе, овозможете повеќе, направете повеќе од тоа за што ве плаќаат. Ценете се себеси и својата работа и завршувајте ги обврските затоа што сакате, а не затоа што морате.rnrn4. Бесрамно покажувате си ги талентите – Забавувајте се, бидете горди на тоа што го работите и кажете им сите. Секако, нема потреба од претерување, но штом имате нешто за што можете да се пофалите, направете го тоа!rnrn5. Имајте влијание на другите – Излезете од улогата што ви ја доделила општеството. Поврзете се со луѓето, прашувајте, одговарајте, бидете љубопитни. Излезете од рамките и бидете оние што навистина сте, без срам.rnrn6. Не одложувајте – Времето е премногу скапоцено за залудно да го трошите. Тоа е неблагодарно, најпрво кон вас, а потоа и кон оние околу вас. Ако нешто треба да се заврши веднаш, сторете го тоа. Утре нека биде за утрешните обврски.rnrn7. Успехот се крие во деталите – Обрнете внимание на суптилните, мали работи. Тоа што ве издвојува од останатите се токму малите ситници коишто вие можеби и не ни успевате да ги забележите.rnrn8. Не ги толерирајте нештата – Конечно ослободете се од здодевните дневни фрустрации и предвидливите непријатности во животот. Немојте само да го решите проблемот, туку најдете начин и како никогаш да не се повтори.rnrn9. Сосредоточете се на своите вредности – Кога поминувате време во согласност со своите вредности, вие се полните со енергија, смиреност, фокус и атрактивност. Зарем има подобар начин да се поминува секојдневието?rnrn10. Работете на вашиот развој – Никогаш не ги пропуштајте шансите за раст и развој. Никогаш не прекинувајте да вложувате во себе. Без разлика на годините, брачниот статус или работната позиција, секогаш можете да научите нешто ново.
Tag: соништа
-

10 начини да добиете сè што ќе посакате во вашиот живот
-

Поучна приказна: Желбите на дрвјата
Еднаш одамна, постоеле три дрвја на ридот во една шума. Тие разговарале за нивните надежи и соништа, кога првото дрво рекло: „Еден ден се надевам дека ќе бидам сандак за богатство. Би можело да бидам преполно со злато, сребро и скапоцени камења. Би можело да бидам декорирано со сложени резби и сите би ја виделе мојата убавина.“rnrn
rnrnПотоа, второто дрво рекло: „Еден ден ќе бидам моќен брод. Ќе водам кралеви и кралици низ водите и ќе пловам до сите краишта во светот. Сите ќе се чувствуваат безбедно во мене поради силата на мојот труп.“rnrnНа крај, прозборело и третото дрво: „Кога ќе пораснам сакам да бидам највисокото дрво во шумата. Луѓето ќе ме гледаат на врвот на ридот, со восхит за моите гранки. Јас ќе бидам најдоброто дрво на сите времиња и луѓето секогаш ќе ме помнат.“rnrnПо неколку години молење за нивните соништа да се остварат, се приближила една група луѓе до нив. Еден од нив пристапил до првото дрво и рекол: „Ова изгледа како силно дрво, мислам дека би можел да го продадам на некој столар“ и почнал да го сече. Дрвото било среќно, бидејќи знаело дека од него ќе направат сандак за богатство.rnrnПокрај второто дрво, друг човек рекол: „Ова изгледа како силно дрво, би требало да можам да го продадам во бродоградилиште.“ Второто дрво било пресреќно, бидејќи знаело дека е на патот да стане моќен брод.rnrnКога еден од луѓето се приближил до третото дрво, тоа било преплашено бидејќи знаело дека ако сега го исечат, никогаш нема да може да ги оствари своите соништа. „Не ми треба ништо посебно од моето дрво, па ќе го земам ова“, рекол тој и го пресекол.rnrnПрвото дрво пристигнало кај столарите, но било претворено во кутија за храна за животни. Потоа било сместено во штала и наполнето со сено. Неговата желба не се остварила. Второто дрво било исечено, а потоа од него направиле мал рибарски брод. Неговите соништа да биде моќен брод кој ќе пренесува кралеви се претворил во пепел. Третото дрво било исечено на мали парчиња, кои потоа биле оставени во мракот.rnrnКако што поминувале годините, така дрвјата почнале да ги забораваат своите соништа. Тогаш, маж и жена дошле во шталата. Жената се породила и бебето го сместиле во кутијата за храна за животни која била направена од првото дрво. Мажот посакал сам да ја направи колепката, но се задоволил и со оваа бидејќи била со совршените димензии за нивното најмало. Дрвото можело да ја почувствува важноста на овој настан и знаело дека конечно го добило најскапоценото богатство на сите времиња.rnrnГодини подоцна, група луѓе влегле во рибарскиот брод направен од второто дрво. Еден од нив бил уморен и заспал. Додека биле во водата, огромна бура донела бранови и дрвото мислело дека нема да биде доволно силно за да ги заштити мажите. Тие го разбудиле човекот кој спиел и тој само кажал „Мир“ и бурата се смирила. Во тој момент, дрвото знаело дека го носело кралот на сите кралеви.rnrnНа крај, некој дошол и го земал третото дрво. За неколку часа, човекот го заковал на друго високо дрво, од каде што имало поглед кон целата шума од која потекнувало. Дрвото се претворило во куќичка, на највисоката точка во шумата и секој пат кога луѓе поминувале покрај него, го гледале со воодушевување. Тогаш тоа знаело дека и неговиот сон е остварен.rnrnНикогаш не заборавајте, понекогаш срцето го гледа тоа што очите не можат! -

Дознајте кои соништа го претскажуваат доаѓањето на нова љубов во вашиот живот
Сигурно ви се случило да сонувате работи кои ви се чинеле комплетно бесмислени. Луѓето честопати се интересираат за значењето на соништата и веруваат дека тие се предзнаци на она што ги очекува во иднина. Поради тоа толкувањето на соништата, односно онеирологијата, е наука која предизвикува голем интерес. Според неа, доколку следниве 5 мотиви се појавуваат во вашите соништа, може да очекувате дека љубовта наскоро ќе ви заѕвони на врата…rnrn
rnКукла
rnОвој мотив нема само едно значење. Ако се играте со куклата тоа значи караница, конфликт. Меѓутоа, доколку ја подарите куклата, тоа кажува дека ќе ви се појави нова љубов.rn
Голотија
rnОвој мотив многу често се појавува во соништата. Доколку се соблекувате или веќе сте голи, тоа е предзнак на ново познанство. Таа непозната личност може да биде многу важна за вас и да стане вашиот иден романтичен партнер.rn
Постелнина
rnКреветот и постелнината укажуваат на љубов и на тоа дека сте во можност да ги прифатите новите емоции. Ако во соништата ви се појавува бела платнена постелнина, тогаш вие сте целосно подготвени за доаѓањето на новата љубов.rn
Густа шума
rnДоколку се двоумите во шумата и не можете да го пронајдете излезот, тогаш сѐ уште не сте подготвени за нова љубов. Меѓутоа, успешното бегство од шумата е знак дека сте зрели за нов однос и наскоро ќе пронајдете љубов.rn
Семе
rnСемето е симбол на плодноста, но и на љубовта. Ако во сонот се појави сеење на семето, тогаш подготвени сте да ги прифатите новите чувства. Но, ако сонувате жетва, тоа значи дека треба да се ослободите од лошите особини кои досега го спречувале создавањето на нова врска.rn
-

Дознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат
Дали ви се случило неколку ноќи по ред да го сонувате истиот сон? Доколку вашите соништа постојано се повторуваат, вашата потсвест можеби се обидува да ви укаже на некој голем проблем кој можете да го дешифрирате. Ниту еден сон не може да исплови од несвесното доколку не постои некој проблем кој навистина постои во јавето. Кошмарите, пак, честопати се последица на некое трауматично искуство или ситуација која му претставува потешкотии на оној кој сонува.rnrn
rnrnДоколку ви се случува да го сонувате истиот сон неколку пати за неколку дена, месеци или години, тоа е така затоа што потсвеста сака да обрнете внимание на некоја ситуација која го нарушува вашиот психички живот. Експертите советуваат да запишете сѐ што ви се случува во тој период, како се чувствувате и што точно сте доживеале.rnrnПонекогаш таквите соништа се апокалиптични или, пак, проблемите од секојдневието ви се јавуваат на сон, но збогатени со силни емоции и проследени со чувство на парализа. Психоаналитичарите ноќните мори и обичните соништа кои се повторуваат ги сметаат за позитивни. Кога го дешифрирате сонот, неговото повторување може да ви послужи како показател кој ви кажува до каде сте со решавањето на проблемот и каде сте заглавиле. Соништата говорат за внатрешните процеси, ги објаснуваат нашите односи со другите и ги изразуваат нашите стравови и ограничувања.rnrnНајважно е да ја прифатите помошта на вашата потсвест и да се соочите со проблемот. Во продолжение прочитајте го значењето на некои од најчестите соништа што се повторуваат…rnДоколку сте голи во сон, размислете за одлуките што ги носите
rnАко во сонот се појавувате голи или несоодветно облечени, тоа говори за вашиот страв од некое животно искушение за кое не сте спремни. Експертите советуваат дека по таков сон треба да размислите за одлуките што ги носите и за стравот од посрамотување.rn
Смртта значи промена на личноста
rnДоколку често сонувате смрт на блиска личност, тоа е обично знак дека време е да „умре“ некој стар дел од вашата личност. Сѐ што треба да направите е да се прилагодите на моменталната животна фаза.rnrn
rnТелефонска врска која не функционира е знак на проблеми
rnАко во сонот не можете да воспоставите телефонска врска или да зборувате со некого, тоа укажува на проблеми во комуникацијата со другите. Обидете се да размислите со кого не сте во добри односи и отворено разговарајте за тоа.rn
Ако не можете да закочите, сѐ е надвор од контрола
rnДоколку често сонувате дека имате проблеми со превозот или не можете да закочите, тоа е знак дека во некој сегмент од вашиот живот работите ви излегле надвор од контрола.rn
Технички проблеми укажуваат на проблеми со здравјето
rnАко често сонувате дека ви се расипал некој уред, автомобил и слично, обрнете внимание на вашето здравје. Сонот може да биде и предупредување за некои пропусти што ги имате во животот. Размислете по кои ситуации го сонувате тоа и откријте ја пораката што сака сонот да ви ја каже.rnrn
rnКАКО ДА ГИ ДЕШИФРИРАТЕ ВАШИТЕ СОНИШТА?
rn
Дневник и чаша вода за сеќавање
rnПо будењето не треба да ја менувате положбата на телото, ако сакате да се сетите на сонот. Клучот на значењето се крие во која било боја, чувство и навидум неважен детаљ. Но, за да го разберете сонот, треба да се сетите на него, а тоа понекогаш е проблем. Затоа експертите советуваат да водите дневник за соништа и да се обидете што е можно подетално да ги опишувате кога ги запишувате.rn
Бидете отворени кон пораките кои ви ги испраќа потсвеста
rnПред да заспиете можете да го изговорите следново: „Свесен сум за пораките кои ми ги испраќа потсвеста“ и на тој начин ќе го олесните сеќавањето на соништата.rn
Фокусирајте се
rnЗа да ја поттикнете обработката на податоците од соништата, добро е да се фокусирате на она што вас ве интересира или мачи. Така полесно ќе се сетите што сте сонувале.
-

Татко советува како да го пронајдете мажот од вашите соништа
Постои верување дека татковците се секогаш заштитнички настроени спрема нивните ќерки и им треба многу време за да го прифатат нивниот сакан, бидејќи сметаат дека никој не е доволно добар за нив. Тоа всушност не е целосно вистина. Тие само сакаат нивните ќерки да пронајдат некој кој навистина ги заслужува. Прочитајте ги следниве совети на еден татко кои се толку едноставни и вистинити истовремено што без сомнение ќе ви помогнат во вашата потрага…rnrn
rnИдниот сопруг треба да биде некој кој ќе може да ве насмее
rnИмајте момче кое ве прави среќни, но омажете се со него само ако може да ве насмее толку силно што секогаш прскате од смеење на неговите шеги. Бидете со него во врска доколку забележува дека ви е тешко и ви остава простор да ја почувствувате болката за момент како се шири во вашата свест, омажете се со него ако може да ве насмее и тогаш кога лиете крокодилски солзи. Светот е сурово место за живеење. И многупати ќе бидете повредени. Бидете со некој кој ќе го направи тоа подносливо. Смислата за хумор е одличен знак за интелигенција. Животот знае да стане досаден. Најдете некој кој и баналното го прави да биде интересно.rn
Видете дали има лузни на дланките
rnТој треба да има лузни на дланките, бидејќи тоа е добар знак дека тој искусил или борење или создавање работи. Создавањето е чин на несебичност, а помодрените прсти знак дека тој знае како да се брани. Вашата душа е премногу голема и со неа нема да може да се справи некој кој никогаш не покажал страст кон нешто. Не е добро ако никогаш не удрил тупаница, или барем бил блиску до идејата да стане реалност. Грубите дланки се подобри од нежните, тие биле посолени од земјата и претворени во кожа. Гребаниците и лузните се доказ дека тој живеел, дека има оштетена кожа и ја искусил болката повеќе пати, а сепак успеал да застане на нозе. Немојте да се омажите за него, доколку тој не може да поднесе ниту еден обичен плускавец.rn
Пред да го кажете судбоносното „да“, налутете го. Видете го исплашен, видете го како посакува нешто, видете го болен. Стресот го менува човекот
rnДознајте дали пие, и ако пие, опијанете го. Така ќе научите повеќе за неговите трезни мисли. Откријте ги неговите зависности. Видете дали ве става вас пред сите нив. Не можете да ги промените луѓето. Ако тие се создадени на еден начин, тоа нема самото да исчезне. Ако го мразите начинот на кој се однесува во таква ситуација, уште повеќе ќе го мразите како што ќе минуваат годините. Можеби ќе го сакате малку, но тоа нема да го промени фактот дека некои луѓе едноставно не си одговараат.rn
Верувајте му на вашиот инстинкт
rnДоколку некогаш направи да се чувствувате несигурно, не барајте изговори, туку едноставно заминете. Толку од таа работа. Подобро е да се спречи, отколку да се лечи.rnrn
rnДоколку ги става парите пред вас, тој ќе ве турка до дното на купот додека не станете неговиот последен приоритет
rnЕдна работа е ако тој не може да си го дозволи она што го сакате, сосема друга е ако тој има пари, а не сака да потроши на заедничко патување. Парите и љубовта се смртни непријатели. 62% од разводите се случуваат од економски причини. Бидете сигурни дека вие сте му поважни од неговите пари.rn
Односот на мажот спрема животните е добар показател за тоа како ќе се однесува со децата
rnАко видите дека тој крева рака на куче, веднаш заминете. Животните во нивното најлошо издание се само половина иритантни од тоа колку можат да бидат малите деца здодевни во нивното најдобро издание. Вашите деца ќе бидат прекрасни, но и ќе бидат непослушни. Истото важи и за келнерите и за хотелската послуга. Доколку тој е некултурен кон луѓето кои работат за минимална плата, тоа многу зборува за тоа како се гледа себеси. Трпението е реткост, но е многу важно. Ако тој не може да му прости на куче, не е добар за вашите деца.rn
Доколку тој не ви се восхитува, не ве заслужува
rnВие сте совршени. Ако тој не може да го види тоа, негова загуба. Постои некој на светот кој ќе мисли дека вашите маани го прават посилно неговото срце. Бидете силни. Ако тој побара од вас да се промените, бидете цврсти како карпа и не попуштајте. Вие сте прекрасни токму такви какви што сте.
-

Моќни цитати кои ќе ви ја вратат вербата во себе
Сите ние понекогаш поминуваме низ тешки периоди во животот кога мислиме дека ништо нема смисла и дека залудно вложуваме труд. Тогаш почнуваме да ја губиме нашата самодоверба и вербата во себе. Честопати забораваме дека треба да се стремиме кон тоа да ги оствариме нашите цели и соништа бидејќи дозволуваме другите да нè убедат дека тоа не е возможно. Во овие моменти добро е да пронајдеме некаква инспирација и поттик кои ќе нè мотивираат да не се откажуваме и да продолжиме понатаму. Овие моќни цитати ќе ви помогнат во тоа и ќе ви ја вратат вербата во себе…rnrn
rn„Ако чуете некој внатрешен глас кој ви вели ‘не можеш да сликаш’, тогаш сликајте по секоја цена и ќе го замолчите гласот.“ – Винсент Ван Гог
rn
„Кога една врата на среќата се затвора, друга со отвора. Но, честопати толку многу зјапаме во затворената врата, што не ја гледаме онаа која ни се отворила.“ – Хелен Келер
rn
„Јас сум најдобриот. Ова го кажав уште пред да знам дека навистина сум.“ – Мухамед Али
rn
„Дното што го достигнав стана цврста основа врз која повторно го изградив мојот живот.“ – Џ. К. Роулинг
rn
„Во кој било период од нивниот живот, луѓето се способни да го прават она за кое сонуваат.“ – Пауло Коељо
rn
„Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот се оние кои навистина го менуваат.“ – Стив Џобс
rn
„Имате непријатели? Тоа е добро. Тоа значи дека сте се бореле за нешто некогаш во животот.“ – Винстон Черчил
rn
„Не би се грижеле толку многу што мислат другите кога би сфатиле колку ретко тие всушност размислуваат.“ – Елеонор Рузвелт
rn
„Убавата работа кај стравот е тоа што кога се упатувате накај него, тој бега од вас.“ – Робин Шарма
rn
„Секој е генијалец. Но, ако ја судите рибата според нејзината способност да се качува на дрво, таа целиот живот ќе го помине верувајќи дека е глупава.“ – Алберт Ајнштајн
rn
rn„Љубовта кон самите себеси е почетокот на една долга животна романса.“ – Оскар Вајлд
rn
„Не станувате тоа што сакате, туку тоа во кое верувате.“ – Опра
rn
„Самодовербата не доаѓа од тоа постојано да сте во право, туку од тоа да не се плашите да погрешите.“ – Питер МекИнтајр
rn
„Бидете промената што сакате да ја видите во светот.“ – Ганди
rn
„Никогаш не е предоцна да си поставите нова цел или да сонувате нов сон.“ – К. С. Луис
rn
„Смислата на животот не е да се пронајдете себеси. Смислата на животот е да се создадете себеси.“ – Џорџ Бернард Шо
rn
„Само ако сме доволно храбри да ја истражуваме темнината, ќе ја откриеме бесконечната моќ на нашата светлина.“ – Брене Браун
rn
„Ако нешто ви значи… Никогаш не е премногу доцна, или во мојот случај премногу рано да бидете тоа што сакате. Не постои временска граница. Почнете кога сакате. Може да се промените или да останете истите. Не постојат правила за ова. Можеме да го извлечеме најдоброто или најлошото од тоа. Се надевам дека ќе го извлечете најдоброто. Се надевам дека ќе видите нешта кои ќе ве воодушеват. Се надевам дека ќе почувствувате работи што никогаш претходно не сте ги почувствувале. Се надевам дека ќе сретнете луѓе со различни гледишта. Се надевам дека живеете живот на кој сте горди, а ако не е така, се надевам дека ќе соберете храброст да почнете пак од почеток.“ – Ф. Скот Фицџералд
rn
„Вие самите како и сите во целиот универзум, заслужувате љубов и грижа.“ – Буда
rn
„Да останете свои во свет кој постојано се обидува да ве промени е најголемиот успех.“ – Ралф Валдо Емерсон
-

Душата го напушта телото кога сонуваме: Теорија на древните Индијанци која ќе ве замисли
Старите Индијанци верувале дека нашите духовни водачи или ангели чувари комуницираат со нас преку сонот, користејќи различна симболика за да се обидат да ни кажат нешто важно за животот. Тие верувале дека секој човек има 3 души, првата е его душата која е отелотворена во воздухот, другата е тело душата која дава енергија на телото и животна сила во будната состојба, а третата е слободната душа која го напушта телото во текот на сонот или е во состојба на транс.rnrn
rnrnДодека третата патува, првите две го одржуваат телото живо. За Индијанците сонувањето било многу важно, било длабоко вткаено во нивната традиција и духовна пракса. Децата од најмладите денови учеле да ги памтат своите соништа за подоцна да можат да ги проучуваат и од нив да извадат патокази за своите животи.rnrnСпоред нивната теорија, третиот, слободен дел од нашата душа во текот на спиењето излегува од телото и истражува други димензии. Верувале дека душата во текот на своето патување комуницира со душите од другите луѓе, но и со животните. Голем дел од нивната филозофија била заснована на сфаќањето дека животот сам по себе е eден голем сон, а соништата служат да се потсетиме колку овој свет е минлив и непостојан. -

Збогум
– Си одам.rnrn- Каде?rnrn- Некаде далеку.rnrn- Ме оставаш?rnrn- Не сакам…rnrn- Епа зошто тогаш го правиш тоа?rnrn- Морам. Нема иднина тука за мене.rnrn- А јас што сум? Нели требаше твојата и мојата иднина да станат едно?rnrn
rnrn- Тоа беа детски соништа.rnrn- Имаш некоја друга?rnrn- Не тропај глупости.rnrn- Не ме сакаш повеќе?rnrn- Не се работи за тоа… (молк) Види… Јас не можам да останам тука. Се гушам. Монотонијата ме убива. Тапкам во место. Не го замислував мојот живот вака на 25 години. Мислев дека ќе стане човек од мене. Јас сум никој и ништо. Не сум реализиран. А времето тече. Верувај дека се обидував и тука да створам нешто, да направам нешто значајно. За мене. За нас. Но, не оди. Морам да преземам нешто.rnrn- (се обидува да ги задржи солзите, со треперлив глас) Мислиш дека ова е фер спрема мене?rnrn- (ладно) Не сакав вака да испадне… Знаеш дека премногу ми значиш. Но, на крајот на краиштата не сме толку долго заедно за да го сфатиме ова трагично. Не смееме да ги заборавиме нашите цели и соништа само затоа што сме се заљубиле.rnrn- Ќе се вратиш?rnrn- Кога ќе успеам во нешто, ќе се вратам. И ќе те побарам.rnrn- А до тогаш?rnrn- До тогаш секој по свој пат.rnrn- (низ солзи) Ќе те чекам! Ти ветувам дека ќе те чекам! Нема да погледнам во друг. Нема да дозволам моето срце да затрепери поради нечиј туѓ поглед. Само тебе ќе те чувам во мислите. Ти ветувам. Верувај ми!rnrn- (се насмевнува и ја прегрнува цврсто) Глумице моја. Вистински ли се солзиве?rnrn- Само јас си знам колку се вистински…rnrn- (виновно) Јас ти верувам, но јас не можам да ти го ветам истото. Не можам да ти ветам дека во мене ќе тлеат истите чувства што се дел од мене сега. Не можам да знам. Не можам да ветам.rnrn- Не си сигурен во твоите чувства?rnrn- Сигурен сум сега. Но, до тогаш… Којзнае.rnrn- А добро зошто тогаш не можеме да бидеме заедно сè до последниот ден? После оди и ако сакаш не се враќај. Но, да останеме заедно до самиот крај!rnrn- После ќе биде потешко… Побезболно е ако ставиме крај сега.rnrn
rnrn- (со ентузијазам) Но, еве претстави си вака: Ако дознаеш дека ти останува уште една недела живот, ќе одлучиш да се затвориш и сам да ја дочекаш смртта за да не биде после потешко, или, пак, ќе гледаш таа една единствена недела да ја поминеш со сите луѓе што ги сакаш?rnrn- Во право си… Ама ова не е прашање на живот или смрт. Јас ќе се вратам и ќе те побарам.rnrn- А ако си најдам некој друг?rnrn- Ако си решила да најдеш, ќе најдеш.rnrn- Нема да ти биде криво?rnrn- Секако дека ќе ми биде. Ќе сакам да го убијам.rnrn- И ти си спремен да ризикуваш да ме изгубиш мене, само затоа што не знаеш дали уште ќе ме сакаш на истиот начин после извесен период?rnrn- Таков е животот. Нема добивка без ризик.rnrn- Нема да имам проблем да си најдам друг. Знаеш, нели?rnrn- Ако сакаш да си најдеш, ќе најдеш. Прекрасна си.rnrn- (остро) Кога да ти ја вратам кошулата?rnrn- Не ми ја враќај. Ќе ми треба изговор да те побарам, кога ќе се вратам.rnrn- Баш си ти итар. (молк) Сигурен си за ова? (последната солза се спушта по нејзиното лице)rnrn- Мора да биде вака. Долго размислував. Нема друг начин.rnrn- Се надевам дека не грешиш. Збогум.rnrn- Те сакам и ќе те сакам… -

Не плашете се од одразот во огледалото, вие заслужувате да се сакате себеси
За да бидете „некој“ ви се потребни многу работи. Треба да патувате на најегзотичните места. Треба да ја имате најдобрата кариера. Треба најмногу да заработувате. Треба да го имате најатрактивниот партнер. Треба да имате најмногу следачи и пријатели на социјалните мрежи. Треба да бидете убави. Само тогаш ќе бидете среќни. Само тогаш ќе бидете популарни. Само тогаш ќе имате вредност…rnrn
rnrnЖивееме во свет каде можеме да погледнеме во екран и да ги видиме сите луѓе кои се „подобри“ од нас. Можеме, само со движењето на прстите, да ги видиме сите луѓе кои се поубави, попаметни и кои постигнале многу повеќе од нас. Нашата пренатрупана и наметната неспособност ни е испратена во совршени мали кутии наречени профили кои нѐ чекаат да ги истражиме, квантитативно распоредени за нас во бројки на следачи, пријатели, лајкови.rnrnЖивееме во свет во кој ги избегнуваме сите огледала, бидејќи не сакаме да го погледнеме нашиот одраз. Во кој ја избегнуваме поврзаноста со луѓето, бидејќи сметаме дека сѐ уште не сме најдобрата верзија од себе – утре ќе имаме повеќе пари, подобра облека, подобар живот. Ја избегнуваме љубовта, бидејќи сме убедени дека не сме доволно добри. Чекориме со главата спуштена надолу, бидејќи секоја порака околу нас вели дека сме неадекватни. Бидејќи секогаш изгледа како да има некој поубав, попаметен, подобар, некој… друг.rnrnВака се сакаме. Но, тоа не е љубовта што ја заслужуваме.rnrnНие сме една уникатна колекција од клетки и енергија која веројатно никогаш повторно нема да биде создадена на оваа планета. Во таа смисла, ние сме едни, единствени, сами, вредни. За себе, ние сме најоригиналната личност која некогаш се создала. Како и сите други. Ние заслужуваме да го цениме својот труд, своите достигнувања, она што сме. Не треба да ги игнорираме работите кои ги имаме, заради работите кои ги немаме. Ние имаме посебни таленти, дарби, способности, вештини кои ги делиме со сите, а сепак се само наши и имаме посебна приказна која никој друг нема да може да ја искуси.rnrnЗаслужуваме да запреме да се споредуваме со другите. Сите сме исти во тоа што сме бесконечно различни. Една риба не би се сметала за паметна ако ги оценува своите способности во искачување дрва. Напредокот кој го правиме во својот живот, својата приказна, нема никаква поврзаност со приказните и животните авантури на другите луѓе. Заслужуваме да си простиме себеси. За сѐ.rnrnЗаслужуваме да го живееме секој ден како да е последен. Не треба да се вртиме наназад, бидејќи ќе се сопнеме преку шансите кои се наоѓаат пред нас. Ја заслужуваме самодовербата во нашиот од, насмевката на нашето лице, пролетта која ја оставаме зад секој наш чекор. Заслужуваме да бидеме ние, бидејќи само ние го можеме тоа.rnrnЗаслужуваме уште едно парче торта за десерт, луѓе кои ќе нѐ сакаат и шанса да ги оствариме и најлудите соништа. Тоа не значи дека тие ќе дојдат лесно или дека сѐ ќе биде совршено на крајот, но барем имаме можност да го земеме светот кој што ни е понуден. Ние сме вредни за сѐ она што го имаме и за сѐ она што посакуваме да го имаме. Не дозволувајте ниедна друга личност, реклама или песимистичка мисла да ве убеди поинаку.rnrnКога животот изгледа супер, кога работите не се одбиваат од цилиндари, кога се чувствувате како да го доживувате секој момент, а не само да го живеете – тогаш можеби конечно ќе поверувате во својата уникатна убавина. Вие заслужувате да се сакате без услови и без резервации. Вашата способност не се мери со унапредувањето на работното место или со бројот на пријатели во вашиот социјален круг. Додека вашето срце чука, вие сте вредни.rnrnИ што треба да направиме во деновите кога не можеме да се натераме да поверуваме во ова? Кога сте на крајот од јажето, заврзете го во јазол и држете се. Заслужувате да го дочекате новото утро, и тоа ќе биде подобро. Светот е место од кое сте интегрален, непроценлив и незаменлив дел – и така треба да се третирате. Така треба да се сакате себеси. -

Никогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!
Од овој викенд па натаму секој ќе може да ја почувствува магијата на приказната за Пепелашка со тоа што ќе може да се венча токму пред нејзиниот замок во Светот на Дизни. Кој не би сакал неговите соништа да станат реалност и да има венчавка како од бајките? Меѓутоа, изгледа соништата се доста скапи, бидејќи овој настан би ве чинел најмалку 75.000 долари.rnrn
rnrnПонудата е следнава: За да ја одржите церемонијата пред замокот, каде што може да собере 100 луѓе, и таа да започне во точно 9:30 часот наутро, треба да платите најмалку 25.000 долари. Во цената не се вклучени храната, пијалаците и другите трошоци, кои сè заедно би ве чинеле 75.000 долари. Ова се однесува само за церемонијата. Не може да имате и прием на истата локација.rnrnУште една важна работа: Може да ги додадете сите елементи вклучени во една венчавка од бајките, како што се влез на церемонијата во стаклената кочија на Пепелашка (2.950 долари за два часа), огномет за да го осветли кралството и сите Дизни ликови како придружба, но тоа не е воопшто евтино. Цените се однесуваат на еден час, и не го вклучуваат и бакшишот што ќе мора да го оставите.rnrn
rnrnПретходно во Светот на Дизни се одржувале венчавки и за 2.500 долари на различни локации во паркот, но оние коишто сакаат да се венчаат пред замокот ќе мора да располагаат со буџет кој ќе може им го дозволи тоа. Сè додека знаете што сакате, самовилите ќе ве придружат и ќе ви го овозможат тоа. Препорачливо е да закажете најрано 16 месеци однапред, за да можете без проблем да си одберете датум.rnrnКој не би сакал да биде Пепелашка, макар на еден ден?rnrn