КАФЕ ПАУЗА

Tag: соништа

  • Зошто не треба да им ги кажувате вашите цели и соништа на другите?

    Зошто не треба да им ги кажувате вашите цели и соништа на другите?

    Работите кои ги споделуваме со другите имаат директно влијание на нашите животи. Најдобриот начин да ја избегнеме негативноста во нашите врски, цели, планови или општо во животот, е да внимаваме што споделуваме со другите.rnrnzoshto-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-vashite-sonishta-na-drugite-kafepauza.mkrn

    Ако вашите планови си ги чувате за себе, полесно ќе се фокусирате на целта и ќе ги избегнете негативните вибрации од другите.

    rnНе секој верува во своите соништа, или пак во себе, па кога таков човек ќе слушне за вашата голема визија, тој може веднаш да почне да ве критикува, па можеби дури и да ве исмејува. Негативноста може да дојде од секој, од вашите пријатели, па дури и од вашето најблиско семејство.rn

    Споделувајте ги вашите идеи и цели само со некој кој верува во вас и кој ќе ве поддржува.

    rnМногу луѓе не го разбираат ова и ги кажуваат своите планови на луѓе кои не ги разбираат, а тие пак ги обесхрабруваат бидејќи не веруваат во нив. Така почнува да се раѓа сомнеж за вашите способности поради што можеби засекогаш ќе се откажете од вашиот сон.rn

    Кога некој не е свесен за својот потенцијал, го гледа животот само од една гледна точка. Не дозволувајте перспективата на другите да ве засени.

    rnПомирете се со сè што ќе ви се појави на патот, бидејќи така требало да биде. Немојте да брзате. Не сакате сè да се случува истовремено. Бидете благодарни за сегашноста која ја имате. Бидете смирени и не дозволувајте расправиите да го нарушат вашиот внатрешен мир.rnrnНикој нема да ве гледа со ваши очи. Ослободете се од потребата да им докажувате на другите дека вредите. Не трошете ги вашите енергија и зборови за да им објасните нешто на луѓе кои едноставно не можат да го сфатат тоа.rn

    Важно е да останете тивки и да не привлекувате внимание.

    rnКако пример земете ги растенијата. Ние не ја гледаме нивната битка под земјата додека се обидуваат да пораснат. Ние ги забележуваме дури откога ќе ја постигнат нивната цел. Немојте да се грижите за мислењето на другите, грижете се за себе.rnrnНекои можеби ќе помислат дека споделувањето на мислите и идеите може да ви помогне подобро и полесно да ги остварите. Ова може да функционира само кога ќе бидете способни да прифатите критика и кога нема да дозволувате негативноста да влијае на вашите одлуки. Штом ќе можете да ги контролирате вашите емоции кога некој ќе се обиде да го „уништи“ вашиот сон, можете да ги раскажувате вашите идеи. Но дотогаш, најдобро е да бидете тивки и сами да работите на вашата цел.rnrnЗа полесно да ги постигнете вашите цели, погледнете ги овие трикови кои многу ќе ви помогнат.

  • Каде оди нашата душа кога сонуваме според Индијанците?

    Каде оди нашата душа кога сонуваме според Индијанците?

    Сонувањето е многу важен дел од културата на Индијанците. Тоа е длабоко врежано во нивната традиција и нивната духовност. Тие ги учат своите деца да ги помнат нивните соништа за да можат да ги користат како водич во животот.rnrnkade-odi-nashata-dusha-koga-sonuvame-spored-indijancite-kafepauza.mkrnrnНо, каде оди нашата душа кога сонуваме? Дали останува во нашето тело додека нашиот ум го истражува светот на соништата? Или пак, доаѓа со нас и истражува заедно со умот. Овие прашања укажуваат на тоа дека имаме една душа. Но, според Индијанците, ние имаме 3 души. Прва е его-душата која е поврзана со нашиот здив. Втора е телесната душа која ни дава енергија и животна сила додека сме будни. И трета е слободната душа, која го напушта телото за време на сонувањето и на состојбите на транс.rnrnИндијанците верувале дека дел од душата буквално оди и истражува други димензии. Таа оперира додека физичкото тело спие. Другите две души остануваат во телото додека слободната патува кон светот на соништата.rn

    Светот на соништата

    rnСпоред Индијанците, умот не сонува ништо, исто како и телото. Поглаварот на едно племе го објаснил тоа на следниот начин:rn

    „Вашата душа ги сонува соништата, не вашето тело, ниту вашиот ум. Овие соништа се остваруваат. Душата патува низ целиот свет кога сонувате.“

    rnТие веруваат дека кога душата оди во светот на соништата таа комуницира со други духови и човечки души. Во овој свет, можете да комуницирате и со животни. Овој свет е реален колку и физичкиот.rnrnГолем дел од Индијанската филозофија смета дека и овој живот е само еден долг сон. Кај Индијанците нема разлика во важноста на светот на соништата и реалниот живот. Всушност, ако некој сонувал дека е повреден од некое животно, тој бил третиран во реалниот свет.rnrnСлично како нашите психијатари кои ни помагаат со проблемите во реалниот живот, Индијанците се консултираат за нивните соништа.rn

    Гледање на соништата во ново светло

    rnСпротивно на модерниот свет, соништата во Индијанската култура се исто толку важни колку и реалноста. Понекогаш дури соништата се и поважни. Ова е бидејќи во сонот добиваат духовни водичи, предвидувања за иднината, и се поврзуваат со Духот. Може да се каже дека светот на соништата е астрална димензија која ја посетуваат нашите души со цел да учат и да созреваат.rnrnАко Индијанците биле во право, можеби треба да почнеме посериозно да ги сфаќаме нашите соништа. Можеби во нив се кријат одговорите кои ги бараме.rnrnПрочитајте го и мислењето за значењето на соништата на психолозите.

  • Дознајте кои соништа носат среќа

    Дознајте кои соништа носат среќа

    Соништата сѐ уште се мистерија за нас луѓето. Понекогаш тие се страшни, понекогаш прекрасни. Но, сите тие носат некое важно значење. Соништата ја покажуваат нашата скриена потсвест, воспоставуваат врски со луѓето со кои сме психички поврзани и ги прикажуваат чувствата кои наскоро ќе ги доживееме или ги посакуваме. Освен тоа, тие нѐ предупредуваат за физичката состојба на нашето тело, ни помагаат во решавањето на проблемите, внатрешните конфликти и слично. Од овие причини, многу е важно правилно да ги толкуваме соништата.rnrn(1) Дознајте кои соништа носат среќаrnrnСите луѓе поминуваат третина од својот живот во спиење, а од тој период 4-5 години поминуваат во сонување пријатни и непријатни соништа. Научниците докажале дека жените почесто сонуваат од мажите, а возрасните повеќе од децата. Соништа во боја сонуваат луѓето со уметничка природа, а црно-белите соништа се одлика на практичарите. Доколку сте сонувале некоја од следниве работи, може да верувате дека наскоро ќе ви се насмевне среќата…rn

    Прстен

    rnАко носите прстен, тоа е знак дека ве очекуваат пари во иднина.rn

    Изградба на зграда

    rnАко во сон видите изградба на зграда, тоа е добар знак кој укажува на парична добивка.rn

    Папагал

    rnПапагалот е симбол на пријателството, меѓутоа ако во сон видите мртов папагал, можеби ве очекуваат лоши вести.rn

    Лисја

    rnСоништата кои носат пари се како лисја, дел од целина. Честопати не ја забележуваме нивната убавина и задоволството што го претставуваат.rn

    Катаклизма

    rnСтанува збор за предупредување кое сака да ви каже дека треба да промените нешто во животот.rn

    Сиромаштија

    rnСиромаштијата се смета за симбол на добра среќа.rn

    Крава

    rnКрава во сон секогаш значи дека ве очекува нешто убаво. Ако сонувате како молзете крава, тоа е знак на среќа.rnrnВо продолжение дознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат.

  • Никогаш не се сомневајте во себе: Вашите соништа не се губење време

    Никогаш не се сомневајте во себе: Вашите соништа не се губење време

    Доволно сте амбициозни за да го правите она што го сакате и да заработувате од тоа. Доволно сте амбициозни за да најдете начин да го претворите вашето хоби во кариера. Замислете си колку би било убаво секој понеделник да станувате со нетрпение за да го започнете денот, а секоја петочна вечер да се чувствувате исполнети поради сите работи што сте ги завршиле во текот на неделата.rnrn(1) Никогаш не се сомневајте во себе: Вашите соништа не се губење на време!rnrnДоволно сте силни за да ги избришете солзите предизвикани од страна на момчињата кои ве одбиле, членовите на семејството кои се сомневале во вас и пријателите кои ве навредиле. Доволно сте силни за да се одмаздите на најизвонредниот можен начин: Со тоа што ќе живеете најдобро што можете и ќе им покажете на сите негативци дека не ви требаат за да преживеете. Имате сѐ што ви треба во вас самите.rnrnДоволно сте паметни за да дознаете каде припаѓате и кој пат треба да го следите без оглед на тоа колку време ќе ви треба за да стигнете до завршната линија. Доволно сте паметни за да ги игнорирате сите оние кои ви велат дека нема да ги остварите вашите соништа и дека нема да издржите. Докажете им на вашите најстроги критичари дека грешат.rnrnДоволно сте храбри за да излезете од вашата удобна зона, дури и тогаш кога тоа ви се чини како најтешкото нешто што треба да го направите. Доволно сте храбри за да се справите со сувото грло, да ги смирите растреперените раце и да го направите она што треба да го направите.rnrnДоволно сте талентирани за да се издвоите од толпата луѓе кое се исто толку искусни колку и вие. Доволно сте талентирани за да оставите впечаток и да продолжите да се обидувате додека не ја достигнете крајната дестинација.rnrnДоволно сте независни за да успеете сами, дури и тогаш кога немате никој за да ве држи за рака и да ви кажува дека одлично ви оди. Доволно сте независни за да ја преживеете секоја потешкотија сами и да испливате од емоционалните бранови во кои тонете.rnrnДоволно сте трпеливи за да ги почекате плодовите од вашиот труд. Доволно сте трпеливи за да знаете дека напорната работа не дава резултати преку ноќ, туку дека можеби ќе треба да почекате години и децении за да го живеете животот од вашите соништа.rnrnДоволно сте амбициозни за да продолжите да растете дури и тогаш кога мислите дека сте го достигнале врвот. Доволно сте амбициозни за да сфатите дека никогаш нема да завршите со учење и дека иако сте горди на вашата сегашност, секогаш можете да целите кон подобра иднина.rnrnПоседувате доволно ентузијазам за да им пренесете позитивна енергија на луѓето кои сакаат да успеете. Поседувате доволно ентузијазам за да ги инспирирате другите луѓе да ги следат нивните соништа наместо да го прифатат животот што не можат да го поднесат.rnrnВие сте посветени, мотивирани и вашата моќ не е за потценување. Вие сте доволно добри за да успеете. Никогаш не се сомневајте во себе и во вашите соништа!rnrnВо продолжение прочитајте кои 4 нешта не смеат да ве спречат во остварувањето на вашите соништа.

  • Луѓето не сфаќаат дека ги правите овие работи бидејќи дискретно ги следите вашите соништа

    Луѓето не сфаќаат дека ги правите овие работи бидејќи дискретно ги следите вашите соништа

    Вие не зборувате многу за она што го правите, не се фалите со своите постигнувања, ја гледате вашата работа, молчите и не се рекламирате. Честопати ниту вашите блиски пријатели не знаат на што работите во моментот и до каде сте стигнале, бидејќи вие се држите до вашата потреба да бидете дискретни. Еве зошто им делувате чудно на другите.rnrn1-raboti-koi-lugjeto-ne-sfakjaat-deka-gi-pravite-bidejkji-diskretno-gi-sledite-vashite-sonishta-www,kafepauza.mk_rn

    1. Ги задржувате работите за себе

    rnНикому не му објаснувате зошто не можете да излезете. Всушност, вие велите дека имате некои работи кои морате итно да ги завршите, а не сте можеле на работа, па морате да се посветите на тоа, додека вашите пријатели ве убедуваат дека треба да излезете, но вие не се откажувате. Тие ќе кажат, „Па, тој/таа е малку чуден/чудна“, ќе ги подигнат рамениците и ќе заминат без вас. Вие сте го задржале за себе она што ви е поважно од излегувањето со пријателите, а најверојатно и од многу други работи, како на пример, од спиењето.rn

    2. Умеете неочекувано да го промените правецот

    rnТоа на другите им изгледа како одеднаш да сте се преориентирале на нешто што досега воопшто не било во игра, без разлика дали станува збор за вашата кариера или на емотивно поле – стапување во брак, неочекувана бременост. Но, вие многу добро сте размислиле за тоа и сте го направиле она што најмногу го сакате, не грижејќи се да водите сметка за тоа колку сите останати ќе се изненадат од вашиот избор.rn

    3. Откажување од општата идеја за успех и среќа

    rnПотребно е многу храброст за да го живеете вашиот живот како што сакате, надвор од сите шаблони и категории кои другите ги поставиле, измислувајќи сопствени правила и водејќи се по сопствените желби и потреби. Бидејќи вие го правите тоа тивко и дискретно, на луѓето ќе им биде потребно доста време за да сфатат колку всушност сте пред вашето време и колку сте непоколебливи во она што го сакате. Полесно ќе им биде ако мислат дека сте малку чудни.rnrn2-raboti-koi-lugjeto-ne-sfakjaat-deka-gi-pravite-bidejkji-diskretno-gi-sledite-vashite-sonishta-www,kafepauza.mk_rnrn

    4. Понекогаш гласно велите „НЕ“

    rnИ ги плашите сите околу себе, бидејќи најчесто сте повлечени. Кога ќе покажете дека имате цврст став и дека воопшто не се согласувате со нешто со коешто сите се согласуваат, вие ќе покренете бурни реакција. Луѓето можеби се плашат, не размислуваат за тоа дека смеат и можат нешто да одбијат или се неинформирани и не знаат дека имаат право на сопствен став, па затоа и едноставно стивнуваат и тотално се збунуваат. Можеби ќе ви успее да инспирирате некој срамежлив и тивок да каже „НЕ“.rn

    5. Го покажувате својот производ, а не својата работа

    rnМожеби никој не знае што сте правеле изминатата година, но што е до вас, никој и не треба да знае. Вие ќе ги изложите вашите резултати, вашиот финален производ, вашето дело, кога ќе биде завршено. Нема на сите да им зборувате за маките од создавачкиот процес, темелното истражување или пронаоѓањето на соодветната поддршка. Никој не мора да ја следи вашата работа, но кога ќе имате готово дело, тогаш сте подготвени и да го покажете.rn

    6. Се менувате и повеќе не сте личноста која луѓето ја познаваат и со која им е пријатно

    rnВас не ве интересира дали некој ќе ја осудува вашата новооткриена духовност, одлучност и строгост, вашиот нов имиџ, новите пријатели и интересирања. Тоа е резултат на вашата работа и вие сега го покажувате, исто како кога е во прашање некој работен проект или создавање ново дело. Вие сте работеле на себе и сте станале најдобрата верзија од себе. Можеби на другите повеќе им се допаѓате кога сте попустливи, неодредени, ненаметливи и тивки, бидејќи така може да ви ги препишат особините кои замислуваат дека ги имате, а сега мораат да се соочат со тоа дека погрешно ве процениле. Само што вас навистина не ве интересира што мислат тие и колку им „бодете во очи“ со објавената најдобра верзија од самата себе.

  • Дали знаете дека можете да ги контролирате вашите соништа?

    Дали знаете дека можете да ги контролирате вашите соништа?

    Познато ви е она прекрасно чувство кога ќе се разбудите од совршен сон? Дали знаете дека можете да го повторите тој сон доколку сакате? Поимот луцидно сонување го подразбира моментот кога сте свесни дека сонувате и способни сте да го контролирате сонот. Звучи како научно фантастичен филм, но науката навистина го докажала постоењето на овој феномен. Успеавме да ве заинтересираме? Научете како да ги контролирате вашите соништа со помош на следниве неколку техники…rnrnДали знаете дека можете да ги контролирате вашите соништа?rn

    Верувајте во вашите способности

    rnСпоред психологот Диадри Берет од Универзитетот Харвард, најважното нешто што можете да го направите за да си ги зголемите шансите за луцидно сонување е да се потсетите дека навистина сакате да го сторите тоа пред да заспиете. Берет советува дека треба да си кажете „Вечер кога ќе сонувам, сакам да бидам свесен/на дека сонувам“. На тој начин ќе ја спречите вашата потсвест да ве убеди дека вашиот сон е реалност.rn

    Потсетувајте се дека сте будни во текот на денот

    rnЗа да сфатите дека сонувате додека сонувате, некои експерти советуваат дека треба да се потсетувате себеси дека сте будни додека сте будни. Ве збунивме? Со проверувањето дали сте будни во текот на денот на методичен начин, ќе почнете да го правите истото и додека сонувате. На пример, можете да прочитате нешто или да видите колку е часот, бидејќи буквите и бројките во соништата најчесто се нејасни. Други луѓе се потсетуваат дека се будни на тој начин што го вклучуваат и исклучуваат светлото. Ова лесно можете да го направите во реалноста, но во светот на соништата обично не функционира.rn

    Водете дневник за соништа

    rnМожеби ви звучи како нешто што го прават децата од основно училиште, но запишувањето на соништата ќе ви помогне полесно да ги паметите. Колку повеќе ќе можете да се сетите на вашите соништа, толку попознат ќе ви биде тој свет, па затоа ќе можете да го разликувате светот на соништата од вистинскиот свет. Освен тоа, на овој начин постојано ќе имате нешто интересно за читање кога ќе ви биде здодевно.rn

    Стискајте снуз

    rnПостојат докази дека поголеми се шансите да имате луциден сон доколку се разбудите за време на РЕМ фазата од спиењето и веднаш потоа повторно заспиете. Но, стандардното снуз на секои 10 минути веројатно нема да ви помогне, бидејќи тоа не е доволно време за да започнете нов сон. Дајте си време за да заспиете како што треба, на пример наместете два аларма на 30 минути, и можеби ќе се најдете во светот на вашите омилени соништа.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте повеќе за луцидниот сон.

  • Што значат соништата? Психолозите имаат различни одговори

    Што значат соништата? Психолозите имаат различни одговори

    Соништата многу долго се под радарот на научниците. Овој феномен е толку мистериозен што многу луѓе сакаат да знаат повеќе за него. Уште поважно е прашањето: „Зошто сонуваме?“ Не постои сигурен одговор кој кажува која е целта на нашите соништа. Секој човек сонува, иако помнењето на соништата е различно кај сите.rnrnshto-znachat-sonishtata-psiholozite-imaat-razlichni-odgovori-kafepauza.mkrn

    Што ни прават соништата? Дали имаат некоја цел?

    rnОва е прашање на кое сè уште нема одговор, но шпекулациите и теориите си продолжуваат. Позната теорија е дека спиењето и сонувањето работат тимски и му помагаат на мозокот да се обнови после прибирањето на многуте информации во текот на денот. Додека спиеме, мозокот ги „разгледува“ овие информации и го зачувува она што е потребно, а се ослободува од непотребните информации. Истражувачите мислат дека соништата се еден вид алатка во овој процес.rnrnСонувањето се одвива во потсвеста за време на РЕМ фазата во спиењето. Може да се појави и во другите фази, но најмногу соништа биле забележани во РЕМ. Се покажало дека соништата се поврзани со надополнувањето на меморијата кое се случува за време на спиењето. Овде спаѓа „снимање“ и организирање на сеќавањата според чувствата, како и пренесување на сеќавања низ разните региони на мозокот.rn

    Има ли поврзаност помеѓу соништата и потсвеста?

    rnЗа одговор на ова прашање потребно е да се погледне во чудниот свет на соништата. Главното прашање е: Дали мозокот се обидува да пронајде некаква смисла во сигналите кои се генерираат во фазата на дополнување на сеќавањата?rn

    Дали соништата значат нешто?

    rnБарањето на значењето на соништата е нешто кое се одвива со векови. Интерпретацијата на соништата многу често е поврзана со вербата, мотивацијата и симболите кои имаат некакво значење за сонувачот. Замислете дека процесот на дополнување на сеќавањата не е случаен и е фокусиран на искуствата од минатото и целите кои се биолошки одредени. Во овој случај се појавува мотивирачката тензија во соништата.rnrnПа, соништата можеби не се пораки кои ни ги праќа потсвеста. Тие можеби се алатка на мозокот за истражување на можни ситуации и подготвување за акција во иднина. Сликите во соништата може се резултат на програмата која ги преработува сигналите кои се генерирани од внатрешните системи за мотивација и кои не се ограничени со сетилата.rnrnДоколку имате чудни соништа, погледнете што може да биде причината за тоа.

  • Зошто бремените жени имаат чудни соништа?

    Зошто бремените жени имаат чудни соништа?

    Тоа дека жените во текот на бременоста имаат почудни и пореални соништа може да звучи како мит, но е феномен кој навистина постои. Исто така и причината за ова е еден вид мистерија. Првото нешто што се прави со кој било психолошки феномен е истражувањето дали тој е реален. Во овој случај, поради огромниот број докази, јасно е дека станува збор за нешто што жените навистина го искусуваат.rnrn(1)zoshto-bremenite-zheni-imaat-chudni-sonishta-kafepauza.mkrnrnКако и секој аспект од бременоста, секое искуство на жените во овој период е различно. Многу бремени жени изјавиле дека нивните соништа се многу пореални и поинтензивни, многу подобро ги помнат и им се случуваат многу често.rnrnНајчеста тема на овие соништа била нивната неподготвеност за пристигнување на бебето. Некои жени сонувале животни, вода, патувања, неверен партнер, архитектура, катастрофи или компликации при породувањето. Многу од овие соништа се всушност кошмари, и за разлика од некои други феномени, постојат цврсти докази дека се почести во поодмината бременост.rnrn(2)zoshto-bremenite-zheni-imaat-chudni-sonishta-kafepauza.mkrnrnЕдно истражување од 2014 година покажало дека жените во третото тромесечје од бременоста искусуваат најмногу кошмари. Содржината на соништата се менува со менувањето на телото на жената. Нејзините соништа ја отсликуваат нејзината промена и стравовите и надежите за детето што треба да се роди.rnrnВо првото тромесечје соништата за вода и за плодност се најчести. Како што се менува телото, тие стануваат сѐ помалку апстрактни и сѐ повеќе за бебето и за она што се случува со телото. Конечно, во последното тромесечје почнуваат соништата со страв за породувањето и она што следува после него. Сето ова најверојатно се случува поради неколку причини: Масивно зголемување на хормоните и често прекинување на сонот.rnrn(4)zoshto-bremenite-zheni-imaat-chudni-sonishta-kafepauza.mkrnrnБидејќи бремените жени се будат почесто навечер (поради неудобност, физиолошки потреби или поради мрдање на бебето) тие неколку пати ја прекинуваат РЕМ фазата од нивното спиење. Во оваа фаза се случуваат соништата, па кога ќе се разбудат додека сонуваат многу е полесно да ги запомнат соништата и тие изгледаат пореални.rnrnНе може многу да се направи за соништата во текот на бременоста. Едно решение е тие да се искористат како показател за она што ги измачува во реалниот живот. Има многу видови соништа во текот на бременоста бидејќи ова е период од животот кога жените најмногу сонуваат. Некој од нив се дури и убави – соништа за родендени, одмори или прослави кои може да рефлектираат некој заклучок или весела прослава.rnrnДознајте го и значењето на соништата кои се повторуваат.

  • Единствената разлика меѓу просечните и извонредните луѓе

    Единствената разлика меѓу просечните и извонредните луѓе

    Разликата меѓу просечните и извонредните луѓе всушност и не е толку голема. Лесно можете да станете дел од поединците на кои им се восхитувате, само треба да станете свесни за неколку работи. Дали имате некаков животен сон што сакате да го остварите, но не знаете како или од каде да почнете? Овие 2 едноставни мотивациски техники со сигурност ќе ви помогнат да го извлечете најдоброто од себе…rnrnЕдинствената разлика меѓу просечните и извонредните луѓеrn

    1. Никој не почнал како експерт

    rnСекој човек почнува како никој и ништо, без никакво знаење и успеси зад себе. Големите фирми некогаш биле мали. Големите успешни луѓе некогаш биле несигурни почетници. Зад секое големо име што некогаш сте го чуле стои скромен почеток. Талентот нема никакво значење доколку не ги развивате вашите вештини, а вештините се градат цигла по цигла, чекор по чекор, ден по ден, со многу, многу упорност. Дали сте на самиот почеток? Одлично! Тоа е идеалното место за да почнете со остварувањето на вашите цели.rn

    2. Доволно е да правите по еден чекор секој ден за да постигнете голема разлика

    rnЕдинствената разлика меѓу просечните и извонредните луѓе е упорноста. Успехот се постигнува со помош на дејствување. Единствениот трик што ќе ви помогне да направите големи работи е преземањето чекор по чекор. Ако премногу размислувате за огромната задача што треба да ја завршите, ќе застанете сред пат уште пред да го преземете првиот чекор. Речиси секој човек може да стане експерт во нешто ако доволно долго се занимава со одредена активност. Верувајте во она што го правите и вложувајте многу љубов во сите ваши активности.rnrnОна што треба да го направите е да одлучите што сакате, да направите еден мал чекор што ќе ве приближи до целта и да не заборавите да уживате додека чекорите по патот. Повторувајте го ова секој ден и успехот нема да изостане.rnrnДоколку навистина сакате да го извлечете најдоброто од себе, дознајте која е разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе.

  • 20 неверојатни факти за соништата кои сигурно не сте ги слушнале

    20 неверојатни факти за соништата кои сигурно не сте ги слушнале

    Мистериозни, збунувачки, понекогаш и страшни: Соништата се сето тоа и многу повеќе. Еве 20 неверојатни факти за соништата за кои (можеби) не сте слушнале.rnrn20-neverojatno-fakti-za-sonishtata-koi-sigurno-ne-ste-gi-slusnale-kafepauza.mkrn

    1. Додека сонувате не можете да читате или да видите колку е часот

    rnАко не сте сигурни дали сонувате или не, пробајте да прочитате нешто. Мнозинството луѓе се неспособни да читаат во сон. Истото е и за часовниците: Секој пат кога ќе погледнете во часовник, тој ќе ви покажува различно време. Според луцидните сонувачи, стрелките на часовникот ќе бидат неподвижни.rn

    2. Луцидни соништа

    rnИма цела група луѓе кои практикуваат луцидни, или свесни соништа. Користејќи најразлични техники, овие луѓе научиле да ја преземаат контролата над нивните соништа и прават неверојатни работи, како летање, минување низ ѕидови и патување низ различни димензии, па дури и враќање назад во времето.rn

    3. Пронајдоци инспирирани од соништата

    rn

      rn011

    • Соништата се одговорни за дел од најголемите изуми на човештвото. Некои од нив вклучуваат:
    • rn011

    • Идејата за Гугл – Лери Пејџ
    • rn011

    • Генератор за наизменична струја – Никола Тесла
    • rn011

    • Двојната спирала на ДНК – Џејмс Вотсон
    • rn011

    • Машина за шиење – Елајас Хау
    • rn011

    • Периодичниот систем на елементи – Димитри Менделеев
    • rn

    rn… и многу, многу други!rn

    4. Пророчки соништа

    rnПостојат неверојатни случаи каде што луѓето сонувале работи што подоцна им се оствариле потполно исто како во сонот. Би можеле да кажеме дека ѕирнале во иднината, или пак дека можеби станува збор за едноставна случајност. Сепак, ова останува како интересен и чуден феномен. Некои од најпознатите пророчки соништа се:rn

      rn011

    • Абрахам Линколн го сонувал своето убиство
    • rn011

    • Многу од жртвите од бомбардирањето на кулите Близначки имале предупредувачки соништа за оваа катастрофа
    • rn011

    • Марк Твен ја сонувал смртта на неговиот брат
    • rn011

    • Постојат 19 потврдени пророчки соништа за потонувањето на Титаник
    • rn

    rn

    5. Парализа во сонот

    rnПеколот постои и е наречен парализа во сонот. Тоа е вистински кошмар. Две од карактеристиките на овој феномен се неспособноста за мрдање (парализа) и чувството дека има нешто многу злобно во собата со вас. Чувството е многу реално. Студиите покажале дека за време на напад, луѓето кои страдаат од овој феномен покажале зголемена активност на амигдалата. Амигдалата е одговорна за инстинктот „брани се или бегај“ и за емоциите како страв, терор и анксиозност.rn

    6. РЕМ нарушување

    rnВо РЕМ (rapid-eye-movement) фазата вашето тело е парализирано. Во ретки случаи луѓето почнуваат да ги глумат нивните соништа. Резултатот на ова се скршени раце и нозе, скршена покуќнина, и во барем еден случај, изгорена куќа.rn

    7. Сексуални соништа

    rnОвој феномен е многу добро документиран. Наједноставно кажано, сексуално се возбудувате во вашиот сон. Всушност, студиите покажале дека мажите добиваат до 20 ерекции во текот на само еден сон.rn

    8. Неверојатните месечари

    rnМесечарењето е многу ретко и понекогаш опасно нарушување. Тоа е екстремен случај на РЕМ нарушување, и луѓето кои месечарат не само што ги одигруваат нивните соништа, туку имаат цели авантури во текот на ноќта. Ли Хадвин е болничар, но во неговите соништа тој е уметник. Тој додека месечари црта прекрасни портрети за кои наредниот ден нема сеќавање. Чудни авантури на месечари вклучуваат и:rn

      rn011

    • Жена што има сексуални односи со странци
    • rn011

    • Маж што возел 20-тина километри и го убил својот братучед
    • rn011

    • Месечар си излегол од прозорот на третиот кат, и едвај преживеал
    • rn

    rn

    9. Дрога за сонување

    rnПостојат луѓе кои толку многу сакат да сонуваат што никогаш не сакат да се разбудат. Тие сакат да сонуваат и преку ден, па затоа земаат илегална и високо халуциногена дрога наречена диметилтриптамин (ДМТ). Дрогата е всушност изолирана и синтетичка форма од хемикалијата што нашите мозоци ја произведуваат додека сонуваме.rn

    10. Ловец на соништа

    rnЛовецот на соништа е еден од најпознатите индијански симболи. Тоа претставува мрежа ставена околу обрач и е украсен со свети предмети кои треба да ве заштитат од кошмари.rn

    11. Зголемена мозочна активност

    rnИако би го поврзале спиењето со мир и тишина, вистината е дека нашите мозоци се поактивни додека спиеме отколку во текот на денот.rn

    12. Креативноста и соништа

    rnКако што спомнавме погоре, соништата се одговорни за изуми, одлични слики и се многу интересни. Тие исто така ни ја „полнат“ креативноста. Во ретки случаи на РЕМ нарушувања, некои луѓе воопшто не сонуваат. Овие луѓе страдаат од значително намалена креативност и постигнуваат слаби резултати кај проблеми кои бараат креативно решение.rn

    13. Милениците исто така сонуваат

    rnНашето другарче животинче исто така сонува. Набљудувајте куче или маче додека спие и ќе забележите дека мрдаат со нивните шепи и прават звуци како да бркаат нешто.rn

    14. Сонувате секогаш, само не се сеќавате

    rnМногу луѓе тврдат дека воопшто не сонуваат, но тоа не е вистина. Сите ние сонуваме, но до 60 проценти од луѓето не ги помнат нивните соништа откако ќе се разбудат.rn

    15. И слепите сонуваат

    rnСлепите кои го изгубиле видот во текот на животот гледаат слики во нивните соништа, но луѓето кои се родени слепи, не гледаат ништо во соништата. Тие сонуваат и нивните соништа се исто интензивни и интересни, но во нив се вклучени сите други сетила освен видот.rn

    16. Во соништата гледаме работи што веќе ги знаеме

    rnДокажано е дека во соништата секогаш гледаме лица што сме ги виделе барем еднаш во реалниот живот, дури и ако не се сеќаваме на нив.rn

    17. Соништата настојуваат да бидат негативни

    rnИзненадувачки факт, но соништата се почесто негативни отколку позитивни. Трите најраспространети емоции кои ги почувствувале луѓето во текот на сонот се гнев, тага и страв.rn

    18. Повеќе соништа во една вечер

    rnМоже да имате и до 7 соништа во една вечер, во зависност од тоа низ колку РЕМ циклуси поминувате. Ние сонуваме само во РЕМ фазата, а просечна личност сонува еден, до два часа секоја ноќ.rn

    19. Полова разлика

    rnИнтересно, но 70 проценти од ликовите во машките соништа се други мажи, а женските соништа содржат ист број на мажи и жени. Исто така, соништата на мажите се многу поагресивни. И мажите и жените имаат ист број на соништа поврзани со секс.rn

    20. Не секој сонува во боја

    rnОколу 12 проценти од луѓето сонуваат само во црно-бело.rnrnМожеби ќе ве интересираат и овие дополнителни 8 факти за соништата