КАФЕ ПАУЗА

Tag: соништа

  • 5 причини зошто уште веднаш да почнете да работите за вашиот живот од соништата

    5 причини зошто уште веднаш да почнете да работите за вашиот живот од соништата

    Многумина од нас наоѓаат разни изговори за да не го прават она што навистина го сакаат. Премногу е тешко, изгледа невозможно… Но, ако знаете што сакате да правите во животот, а не го правите сега, што навистина правите со вашиот живот?rnrn5 причини зошто да почнете да работите кон вашиот живот од соништатаrnrnНема смисла да работите нешто што го мразите. Ако можете да заработите доволно работејќи ја работата од соништата, зошто да не го направите тоа? Или зошто барем да не се обидете да го направите тоа? Погледнете ги 5-те причини зошто треба уште веднаш да почнете да работите за животот од соништа.rn

    1. Ќе ви биде криво ако не го направите тоа

    rnКога ќе остарите и ќе погледнете наназад кон вашиот живот, ќе бидете ли среќни? Се разбира успешно сте се издржувале, но дали навистина сте живееле? Ако не можете да дадете позитивен одговор, време е да размислите. Фокусирајте се на живот за кој нема да зажалите. Ако тоа значи да ги следите вашите соништа, направете го тоа. Ако веќе се чувствувате така, време е да преземете нешто. Почнете да работите за вашиот живот од соништата. Направете го реалност за да не ви биде криво во иднина.rn

    2. Ќе бидете многу посреќни

    rnДури и да заработувате помалку, што не мора секогаш да биде така, ќе правите нешто што го сакате. Ќе го нема негативниот ефект како работата што ја мразите и што ви го расипува расположението. Квалитетот на вашиот живот ќе се подобри само поради тоа што ќе бидете посреќни. Нивото на стрес ќе се намали и ќе наоѓате радост секој ден. Работењето на нешто што го мразите не само што ќе ви наштети вам, туку ќе има лошо влијание и на вашите врски и на семејството. Дозволете си да бидете среќни.rn

    3. Заслужувате да го живеете вашиот сон

    rnЗошто да не бидете среќни? Ако има нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, направете го! Сè додека вашиот сон е добар за вас и не повредува никого, зошто да не го направите реалност? Заслужувате да бидете среќни како и секој друг. Па, почнете да работите на тоа уште денес.rn

    4. Вашиот живот ќе има поголемо значење

    rnШто е најдоброто нешто во вашиот живот сега? Кое е најзначајното нешто? Зарем нема да биде добро да ја проширите таа листа? Работете кон вашиот сон и вашиот живот ќе има поголемо значење. Ќе се чувствувате како да имате поголема цел. Ќе се будите со подобро расположение, пред спиење ќе се чувствувате исполнето и ќе мислите дека добивате повеќе од животот.rn

    5. Никогаш не знаете што може да се случи

    rnМожеби вашиот сон нема да ве одведе никаде и ќе можете да се вратите на стариот живот. Но, може вашиот сон ќе ви донесе голем успех. Никогаш не знаете каде ќе завршите ако ги следите вашите соништа. Но каде и да е тоа, подобро е да го пробате наместо само да сонувате.rn

    Нешта кои треба да ги запомните кога ќе работите за остварување на вашите соништата

    rn

    Ќе биде многу тешко

    rnВо зависност од вашиот сон, ќе треба да работите многу напорно. Никој нема да ви ја подари крајната цел. Тоа е нешто што самите треба да го заработите. Луѓето кои го живеат својот сон многу често почнале од дното. Не заборавајте дека зад среќниот живот се крие напорна работа.rn

    Некогаш ќе ви изгледа недостижно

    rnНекои денови ќе бидат подобри од другите. Еден ден ќе се чувствувате одлично, како веќе да сте ја достигнале целта, а наредниот ден може да се чувствувате изгубено. Тоа е нормално. Ништо не е постојано лесно. Но кога ќе стигнете на врвот, погледот е неверојатен.rn

    Откажувањето не е опција

    rnМногу луѓе се откажуваат. Пробуваат за кратко, сфаќаат дека е тешко и се откажуваат. Ако сакате да го живеете животот од соништата, не ни помислувајте на откажување. Само движете се напред. Остварувањето на вашите соништа нема да се случи преку ноќ. Потребни се труд и време за да стигнете таму. Но работењето кон вашиот живот од соништата, дури и додека сè уште се фокусирате на работата што ја мразите, ќе го направи вашиот живот многу подобар.rnrnПогледнете ги и овие трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели.

  • 5 соништа кои најавуваат дека ќе ја сретнете вашата сродна душа

    5 соништа кои најавуваат дека ќе ја сретнете вашата сродна душа

    Соништата ни откриваат многу работи, а кога е во прашање љубовта може да ви кажат и дали се приближува онаа вистинската, но и дали треба да промените нешто за да ѝ направите место. Ако сонувате нешто од следниве 5 работи, може да значи дека конечно ќе се вљубите во совршената личност.rnrn5 соништа кои најавуваат дека ќе ја сретнете вашата сродна душаrn

    Кукла

    rnАко сонувате дека некому му подарувате кукла, тоа е најава дека во вашиот живот доаѓа вистинска љубов. Но, ако во сонот си играте со куклата тоа значи дека можно е да се расправате со некого.rn

    Голотија

    rnАко во сонот се соблекувате или веќе сте целосно голи, тоа е знак дека наскоро би можеле да запознаете некого. Тој некој ќе ви стане навистина важен, па можно е дури да биде и вашиот иден партнер.rn

    Постелнина

    rnСоништата за кревет и постелнина покажуваат дека сте подготвени за нова романса и дека едвај чекате да се развијат нови емоции во вас. Кога станува збор за љубовта, особено добро е ако сонувате бела постелнина.rn

    Густа шума

    rnАко сонувате густа шума, тоа е знак за доаѓањето на вашата сродна душа. Овој сон открива дека сте подготвени за сериозна врска. Ако сонувате дека не можете да излезете од шумата, тогаш сè уште не е вистинскиот момент да запознаете некого.rn

    Семе

    rnАко сонувате семе, може да станува збор за сеење или жнеење. Сеењето е добар знак за љубов, додека жнеењето не е (тогаш морате да се ослободите од некои лоши особини за да ве пронајде вистинската љубов). Семето исто така е и симбол на плодност.rnrnДознајте и кое е значењето на соништата кои се повторуваат.

  • 10 светски познати идеи што почнале како соништа

    10 светски познати идеи што почнале како соништа

    Повеќето соништа немаат некоја вредност, како одењето во продавница без облека или паѓање на испитот кој сте го положиле пред многу години. Но понекогаш некои луѓе имаат соништа кои ги инспирираат да создадат нешто ново. Уште поретко, некои од овие соништа стануваат светски познат феномен.rn

    1. Првиот периоден систем на елементите

    rn10 светски познати идеи што почнале како соништаrnrnДимитри Менделеев роден во 1834-та година бил познат хемичар. Тој сакал да открие логичен и научно прифатен начин за класифицирање на откриените елементи. Иако тој верувал дека постои решение за овој проблем, сепак не можел да го открие. Една вечер имал сон во кој сите негови мисли се средиле. Во неговиот дневник тој запишал:rn

    „Во сон видов табела каде што сите елементи си беа на своето место. Кога се разбудив веднаш го запишав сонот.“

    rnТој направил табела каде што ги сортирал елементите по нивната атомска маса и ја објавил во 1869-та година. Ова била основата на модерниот периоден систем во кој елементите се подредени по бројот на протони во нивните атоми.rn

    2. Филмот „Терминатор“ (Terminator)

    rn10 светски познати идеи што почнале како соништаrnrnЏејмс Камерон ја добил идејата за еден од најпознатите научно фантастични филмови во сон кога имал температура од 39 степени Целзиусови. Во тој период бил во Рим и го доработувал филмот „Пирана 2“ (Piranha II). Тој сметал дека треската и чувството на изолација во туѓа земја го предизвикале кошмарот кој го инспирирал „Терминатор“. Во сонот, Џејмс бил во чуден футуристички свет. Тој видел торзо од робот кое користело кујнски ножеви за да избега од експлозија. Идејата за робот убиец кој е невозможно да се сопре му се допаднала, па тој го запишал сонот и така настанал познатиот филм.rn

    3. Гугл

    rn10 светски познати идеи што почнале како соништаrnrnДодека бил на факултет во 1996 година, Лери Пејџ имал чувство дека единствената причина што го примиле била грешка. Помислата дека во секој момент може да го избркаат од факултет му предизвикувала анксиозност, а ова чувство предизвикало и чуден сон. Тој сонувал како го симнува и го складира Интернетот на разни компјутери. Кога се разбудил, поработил на математиката за да види дали е тоа возможно. Поради обемноста и проблеми со меморијата, било невозможно да се зачуваат сите веб-сајтови на еден компјутер. Но, тоа било возможно ако веб-сајтовите биле складирани како индивидуални линкови. Ова му дало идеја на Пејџ да ги спои линковите од веб-сајтовите низ целиот свет и да направи пребарувач. Со текот на времето идејата се претворила во Гугл.rn

    4. Теорија за релативност

    rn10 светски познати идеи што почнале како соништаrnrnЕдно од најпознатите откритија на Алберт Ајнштајн е инспирирано од чуден сон. Тој сонувал како гледа крави кои јаделе преку електрична ограда, но на кравите како да не им било ништо. Ајнштајн ја допрел оградата и сфатил дека не е вклучена. Тогаш некој фармер се приближил и ја вклучил, а сите крави во исто време се оддалечиле од оградата. Ајнштајн разговарал со фармерот за оддалечување на кравите. Збунет, фармерот му кажал дека кравите се оддалечувате една по една. Кога се разбудил, сонот го натерал Ајнштајн да сфати дека еден набљудувач може да ги гледа настаните во исто време, додека друг истите настани ги гледа во секвенца. Ова ја формирало основата на теоријата за релативност.rn

    5. Книгата „Некрономикон“ (Necronomicon) од Х. П. Ловкрафт

    rn10 светски познати идеи што почнале како соништаrnrnЕдна од најпознатите книги за злото е навистина мистериозна. Ловкрафт изјавил дека Некрономикон значи „Слика на законот на мртвите“ на грчки јазик. Сепак ова предизвикало контроверзии за тоа дали преводот е точен. Тој тврдел дека оригиналната идеја зад името ја добил од сон.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Што значи ако ја сонувате вашата менструација?

    Што значи ако ја сонувате вашата менструација?

    Дали ви се има случено да сонувате напнат и чуден сон, а потоа да сфатите дека почнала вашата менструација? Или пак да ја добиете вашата менструација во сон? Иако овие ситуации се малку чудни, тие сепак често се случуваат. А понекогаш треба да истражите нешто повеќе за значењето на овие соништа.rnrnshto-znachi-ako-ja-sonuvate-vashata-menstruacija-kafepauza.mkrnrnИнтерпретацијата и симболите во соништата не се баш дел од науката, па поголемиот дел од информациите се анегдоти и различно се интерпретираат. Нема единствено објаснување за еден сон кое одговара за сите. Секое искуство е уникатно и има различно значење за секого. Па, еден начин да ги толкувате вашите соништа е да го забележите вашето расположение во нив, како и значењето на луѓето, предметите и ситуациите во реалниот живот. Овие фактори ќе ви помогнат да пронајдете некаква смисла во вашите соништа.rnrnКога ја сонувате вашата менструација, размислете што тој процес значи за вас. Дали е болна? Дали имате ПМС симптоми кои се намалуваат кога ќе добиете менструација? Дали сметате дека менструацијата е поврзана со плодност или пак, со секс? Најчестото објаснување за сонот со менструација е ослободување од некаква напнатост или грижа. Овие соништа често укажуваат за крај на тежок период и почеток на релаксација.rn

    Ослободување или препознавање на вашата креативна енергија

    rnОвој сон може да значи ослободување или препознавање на вашата креативна енергија во реалниот живот. Од друга страна, ако добиете менструација во вашиот сон, тоа може да биде знак за стрес, особено ако тој период од месецот го поврзувате со стрес. Ова може да биде знак на проблем или непријатна ситуација која го бара вашето внимание. Во реалноста, менструацијата претставува нешто што е невозможно да го игнорирате или контролирате.rnrnДруга интерпретација сугерира дека овој сон е симбол за надминување на некои стари искуства, или пак знак од вашето тело дека треба да се грижите подобро за вашето здравје. Без разлика дали станува збор за посета на лекар или пак повеќе спиење, можеби вашата потсвест сака да ви каже нешто.rnrnСе разбира, секогаш постои и можноста да сонувате за вашата менструација ако се наближува нејзиниот почеток. Покрај овој, има и неколку нетрадиционални соништа поврзани со месечниот циклус за кој е потребно дополнително анализирање.rn

    Заглавување во циклус

    rnАко сонувате дека консумирате менструална крв, тоа може да значи дека сте заглавени во некој циклус. Оваа интерпретација укажува дека се држите до минатото и не сакате да продолжите напред со нешто продуктивно.rnrnПостојат некои истражувања кои ги поврзуваат чудните, живи соништа со почетокот на вашата менструација. Истото важи и за жените кои се бремени. Многу често нивните соништа се поживи и почудни кога наближува денот за пораѓање. Од ова може да се заклучи дека промената во вашите хормони сигурно има влијание на вашите соништа и на РЕМ фазата, иако не се знае што точно го предизвикува тоа.rnrnПа, ако ја сонувате вашата менструација, размислете што тоа значи за вас. Можеби е само сон, а можеби е некаков емоционален или физички увид. Ова е само уште еден интересен начин да научите нешто повеќе за себе.rnrnДознајте го и значењето на соништата кои најчесто се повторуваат.

  • Постојат само 6 видови соништа! Оние кои најчесто ги сонувате, содржат важна порака за вашиот живот

    Постојат само 6 видови соништа! Оние кои најчесто ги сонувате, содржат важна порака за вашиот живот

    Тоа што многу луѓе не се сеќаваат на своите соништа не значи дека не сонувале. Некои соништа се навистина јасни и се врежуваат во нашето сеќавање, додека некои можат да бидат збунувачки и веднаш да ги заборавиме. Обрнете внимание на она што сте го сонувале и обидете се да го поврзете со работите што ви се случувале пред, но и по сонот. Многу често нашите соништа се обидуваат да ни кажат нешто, да ни помогнат во решавањето на некои проблеми, или да ни ја најават иднината. Постојат 6 основни видови соништа кои речиси секогаш носат важна порака.rn

    1. Соништа кои прочистуваат

    rn(1)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mkrnrnСите ние имаме емоционални испади. Постојат денови и случувања кои нè прават емотивни до тој степен што тоа има големо влијание на нас и нашето секојдневие. Соништата кои прочистуваат ни помагаат да ги исфрлиме лошите емоции, односно емоционалниот отпад. Овие соништа нè ослободуваат и ни даваат духовна рамнотежа. Тие ни помагаат да се чувствуваме полесно, подобро и посмирено.rn

    2. Соништа од кои учиме

    rn(2)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mkrnrnОвие соништа носат некоја морална лекција или порака. Се појавуваат кога сме соочени со некоја дилема во нашите животи. Овие соништа се со цел да ни помогнат да решиме некој проблем и да го одбереме правилниот пат. Понекогаш тие се очигледни, но понекогаш треба да размислите за да ја сфатите пораката на сонот.rn

    3. Соништа со кои решаваме проблеми

    rn(3)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mkrnrnОва е можеби најчудниот вид. Овие соништа доаѓаат од нашата потсвест, а таму се складирани повеќето од секојдневните проблеми. Сепак, не успеваат сите да допрат до тој скриен дел од мозокот, па решенијата за проблемот остануваат длабоко во потсвеста. Но овие проблеми „излегуваат“ на површина преку соништата кои ни помагаат да ги решиме. Овие соништа често се дел од животите на многу научници.rn

    4. Интуитивни соништа

    rn(4)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mkrnrnОва се соништа кои се полни со предвидувања и работат на ниво на интуицијата. Најчесто им помагаат на луѓето кои имаат поизразена интуиција. Овие соништа може да ви кажат за настани кои допрва треба да се случат во вашиот живот. Тие можат да ви помогнат да избегнете некои потенцијални проблеми во иднина.rn

    5. Духовни соништа

    rn(5)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mkrnrnВо овој случај се работи за соништа кои се поврзани со духовниот пат на некој човек. Овие соништа нè насочуваат и ни помагаат да останеме на потребното духовно ниво. Ако застраниме од нашиот пат, овие соништа ќе нè предупредат. Секој би требало да ги слуша своите соништа бидејќи тие ни кажуваат што е добро за нас, а што не.rn

    6. Соништа за надворешни случувања

    rn(6)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mkrnrnОвие соништа се засновани на секојдневните настани. Делови од нашиот живот остануваат во потсвесниот ум и придонесуваат за создавањето на овие соништа. Иако понекогаш изгледаат како нашиот секојдневен живот и не се ни посебни, ни спектакуларни, соништата за надворешните случувања можат да ни помогнат да разгледаме некоја ситуација од друга страна.rnrnАко имате соништа кои се повторуваат, дознајте кое е нивното значење.

  • Следете ги дури и вашите најлуди соништа

    Следете ги дури и вашите најлуди соништа

    Дозволено ви е да ги следите најлудите соништа, и следете ги токму нив бидејќи ќе се каете ако им дозволите само да поминат покрај вас. Ќе се каете затоа што сте им давале отпор. Ќе се каете што сте одбрале удобен живот наместо живот што ќе ве исполни. Ќе ви биде криво што работите просечна работа која ве прави мизерни кога сте можеле да заработувате правејќи нешто што го сакате.rnrnsledete-gi-duri-i-vashite-najludi-sonishta-kafepauza.mkrnrnДозволено ви е да одлучите дека животот зад биро не е за вас. Дозволено ви е да кажете „НЕ“ на работата која има најмногу смисла, која бара најмалку труд и која е најбезбедната опција. Дозволено ви е да не ја следите кариерата која ви ја наметнувале родителите уште од кога сте биле мали. Дозволено ви е воопшто да не ја искористите универзитетската диплома за барањето работа.rnrnДозволено ви е да се премислите откако ќе дипломирате, откако ќе станете возрасни. Верувајте дека никогаш не е предоцна. Направете нешто за себе за промена. Слободно игнорирајте ги луѓето кои ви велат дека следењето на вашето срце е лоша идеја. Игнорирајте ги кога ви велат дека не сте доволно добри за успех. Дозволено ви е да ги игнорирате кога ќе ви кажат да се откажете.rnrnДозволено ви е да ризикувате дури и ако тоа значи дека ќе ви фали некој денар за кирија на крајот на месецот. Дозволено ви е да ги следите дури и најлудите соништа, иако другите ќе ве судат за тоа. Следете ја вашата страст дури и ако треба да поминете низ пекол за да го добиете она што го сакате.rnrnДозволено ви е да го правите она што го сакате, дури и ако тоа значи да го напуштите вашиот голем стан и да најдете некој помал. Дури и ако треба да барате попусти и акции некое време. Дури и ако треба да работите подолго, а да имате помали паузи.rnrnДозволено ви е да живеете живот кој ве прави среќни. Сакајте ја вашата кариера. Дозволено ви е да бидете од оние ретките луѓе кои велат дека ќе продолжат да ја работат нивната работа, дури и да не се платени, бидејќи тоа ги прави среќни.rnrnНе треба секое утро да се будите и да молите за уште некоја минута сон. Не треба да ги одбројувате саатите до крајот на работното време. Не треба да ги презирате понеделниците. Не треба да сонувате за одмор. Не треба да го мразите она што го работите. Не треба да поминувате 40 часа неделно чувствувајќи се мизерно.rnrnДозволено ви е да бидете храбри и да ја искористите шансата. Дозволено ви е да верувате дека еден ден ќе успеете. Направете нешто лудо. Дозволено ви е да ги следите дури и вашите најлуди соништа.rnrnЗа уште малку инспирација, погледнете што ќе се случи доколку ги следите вашите соништа.

  • Кој од овие фаќачи на соништа би го поставиле во вашата спална соба? Значењето на одговорот ќе ве изненади!

    Кој од овие фаќачи на соништа би го поставиле во вашата спална соба? Значењето на одговорот ќе ве изненади!

    Соништата заземаат голем дел од човечкиот живот, а на нивното толкување одамна се троши многу време. Тие се чест мотив во уметноста, а во најраната книжевност се познати како симболи што најавуваат идни настани. Иако се користеле уште од дамнешното минато меѓу Индијанците, нивната комерцијална употреба почнала во 1960-тите години. Задачата на фаќачите на соништа е да ве чува во текот на ноќта од кошмари и да ви помогне да имате убави и топли соништа. Тие исто така можат да откријат и нешто за вашата личност. Кој од овие фаќачи на соништа би си го одбрале за себе?rnrnkoj-od-ovie-fakjachi-na-sonishta-bi-gi-postavile-vo-vashata-spalna-soba-znachenjeto-na-odgovorot-kje-ve-iznenadi1rn

    1. Син фаќач на соништа

    rnВие сте конзервативни, веродостојни и големи љубители на вистината. Исто така сте и дружељубиви и искрено се грижите за другите. Откако добро ќе запознаете некоја личност, слепо ѝ верувате и сакате да бидете некој на кој таа може да се потпре. Кога станува збор за емоциите, вие редовно одвојувате време за нивна анализа бидејќи сакате постојано да се спознавате. Но иако сте добра личност, понекогаш емоциите ве преземаат. Можете да бидете непристојни и премногу емоционални или пак, целосно индиферентни. Непредвидливоста може да ве преплави.rnrn(1) koj-od-ovie-fakjachi-na-sonishta-bi-gi-postavile-vo-vashata-spalna-soba-znachenjeto-na-odgovorot-kje-ve-iznenadirn

    2. Розов фаќач на соништа

    rnВас ве дефинираат еднаквоста и чистотата. Сакате да ги тешите другите, бидејќи на тој начин се утешувате и себеси. Вие изобилувате со квалитети што едноставно не можете да ги сокриете. Ако нешто ви тргне наопаку, може да се почувствувате изолирано, но не грижете се – тоа е така затоа што сте се навикнале на совршен живот. Сепак, дури и тогаш можете да го засените хаосот.rnrn(2) koj-od-ovie-fakjachi-na-sonishta-bi-gi-postavile-vo-vashata-spalna-soba-znachenjeto-na-odgovorot-kje-ve-iznenadirn

    3. Кафеав фаќач на соништа

    rnВашата личност ја дефинираат оптимизам и екстровертност. Вие сакате да бидете во друштво на луѓе, па кога сте сами можете да почнете да се чувствувате депресивно. Вие сте најпривлечната личност во околината и лесно стекнувате пријатели. Наместо да осудувате, треба да ги прифатите луѓето онакви какви што навистина се. Помагањето на другите ве задоволува, а нивното возвраќање ве полни со оптимистична енергија.rnrn(3) koj-od-ovie-fakjachi-na-sonishta-bi-gi-postavile-vo-vashata-spalna-soba-znachenjeto-na-odgovorot-kje-ve-iznenadi

  • Престанете да бидете премногу строги кон себе: Имате време за да ја изградите кариерата од соништата!

    Престанете да бидете премногу строги кон себе: Имате време за да ја изградите кариерата од соништата!

    Сите сакаме да имаме работа од соништата, да ги положиме испитите, да земеме диплома, да поминеме одлично на интервјуто за работа, да ги направиме родителите горди, но и себеси. Легнувате доцна, станувате рано, работите по цели денови и го жртвувате вашиот социјален живот, затоа што знаете дека треба да вложите многу труд за да ги достигнете вашите цели. Знаете дека треба многу да се потрудите за да го создадете животот за којшто отсекогаш сте сонувале.rnrnПрестанете да бидете премногу строги кон себе: Имате време за да ја изградите кариерата од соништата!rnrnНо, тоа не значи дека мора постојано да се изложувате на огромен стрес. Тоа не значи дека не смеете да се одморите и да си ги наполните батериите. Смеете да имате социјален живот. Смеете да излегувате со пријателите. Смеете да уживате во моментот, наместо да се грижите за обврските што треба да ги завршите.rnrnДали постојано размислувате за тоа што сѐ ќе можевте да завршите доколку останевте дома со лаптопот наместо да излезете со вашето друштво? Престанете со тоа! Смеете да одите на одмор или на краток викенд со вашиот партнер. Смеете да се јавите на работа и да кажете дека сте болни за да се погрижите за вашето ментално здравје и да си дадете време за себе, дури и да немате никакви физички проблеми. Смеете да си земете слободен ден.rnrnСмеете да го стиснете копчето „снуз“ за време на викендот кога не мора да одите никаде, наместо да се труете со кафе и да работите дополнително. Смеете да спиете по 8 часа, па дури и 9 или 10 часа кога чувствувате поголема потреба за сон. Смеете да одберете ден кога ќе си останете дома по пижами и ќе си ги гледате омилените серии, без да се грижите за ништо друго освен за она што се случува на екранот.rnrnСмеете да кажете „Не“ кога се чувствувате преоптоварено. Смеете да му кажете на шефот дека не можете да работите прекувремено во моментот. Можете да им кажете на најдобрите пријатели дека немате време да им помогнете со учењето, бидејќи распоредот ви е премногу натрупан. Можеби ќе ви се налутат по малку, но ќе ја почитуваат вашата одлука и ќе разберат дека понекогаш мора да се ставите себеси на прво место.rnrnЗапомнете дека не мора да го проверувате имејлот по завршувањето на работното време. Смеете да го исклучите телефонот кога одите на љубовен состанок. Смеете да се изолирате од светот.rnrnНе смеете да бидете премногу строги кон себе. Да, точно е тоа дека напорната работа ќе ви помогне да ја постигнете вашата цел, но не мора да работите додека не колабирате. Заслужувате одмор. Дајте си го тоа што го заслужувате.rnrnПрочитајте ги и следниве 9 знаци кои укажуваат на тоа дека сте под преголем стрес и дека е време да почнете да се грижите за себе.

  • Зошто им се лутиме на партнерите поради работите што ги прават во нашите соништа?

    Зошто им се лутиме на партнерите поради работите што ги прават во нашите соништа?

    Дали ви се случило некогаш да имате лош сон поврзан со вашиот партнер? Можеби сте сонувале како се карате, како ве навредил или изневерил. Кога сте се разбудиле, сте чувствувале необјаснива лутина кон вашиот партнер иако сте знаеле дека тоа било само сон и дека тој не направил ништо за да ве повреди во реалноста.rnrnЗошто им се лутиме на партнерите поради работите што ги прават во нашите соништа?rnrnПред неколку години, писателката Емберли Питерсон речиси секоја недела сонувала дека дечко ѝ ја изневерува.rn

    „Бевме во сериозна врска и во моите соништа, тој секогаш беше неверен. Тешко ми беше да заборавам на соништата. Од оваа гледна точка, мислам дека соништата зборуваа повеќе за моите сомнежи во врската отколку за него. Тој никогаш не би ме изневерил, така што мислам дека на тој начин потсвеста ми кажуваше дека не сме еден за друг“, открила таа.

    rnДенес, Питерсон е во брак, но со друг човек. Кога сонува како сопругот ја изневерува, лесно може да заборави на соништата.rn

    „Кога ќе се случи такво нешто, му кажувам дека бил многу некултурен во мојот сон. Тој обично се смее и се извинува“, објаснила Питерсон.

    rnПитерсон не е единствената што има вознемирувачки соништа за партнерот. Во едно истражување со 2.000 испитаници, резултатите покажале дека речиси половина од учесниците имале лош сон за нивните сопрузи или партнери, а две третини од нив признале дека тоа влијаело на нивното однесување кон партнерот во текот на истиот ден.rnrnБрачните терапевти постојано слушаат за овој проблем од нивните клиенти. Рајан Хауез, психолог од Пасадена, Калифорнија, имал клиентка која му раскажала дека сонувала како сопругот ѝ ги уништил сите тениски трофеи што ги добила и ги заменил со лажни копии. Таа знаела дека ништо не им е на трофеите во реалноста и дека нејзиниот сопруг е добар човек. Но, симболиката на сонот ја вознемирила.rn

    „Можеби тој не ги уништил трофеите, но таа мислеше дека тој е тип на човек што би можел да го направи тоа“, објаснил психологот.

    rnХауез и жената истражувале што би можело секој дел од сонот да значи. На крајот заклучиле дека трофеите го претставуваат целиот труд што го вложила за да биде успешна во спортовите што ѝ биле забранети да ги игра кога била дете. Лошото однесување на сопругот во сонот ја потсетувало на тоа како се однесувал брат ѝ со неа за време на нивното напнато ривалство во детството.rn

    „Заклучивме дека овој сон го открива нејзиниот страв од тоа дека нејзиниот среќен брак ќе се претвори во огорчена и лоша врска, како онаа што ја имала со брат ѝ додека растела“, открил психологот.

    rnНајважно е да се открие симболиката на соништата, бидејќи поголемиот дел од нив не можат да бидат буквално сфатени.rn

    „Треба да откриеме кои асоцијации ги кријат соништата за да ги разбереме. Самиот сон е очигледната содржина. Ние целиме кон тоа да го разбереме неговото значење со тоа што ќе ја одгатнеме скриената содржина“, објаснуваат експертите.

    rnЗошто им се лутиме на партнерите поради работите што ги прават во нашите соништа?rnrnПсихоаналитичарите честопати се обидуваат да ги протолкуваат соништата со помош на теориите на Зигмунд Фројд или Карл Јунг. Фројд ги сметал соништата за „пат кон потсвеста“ што им овозможува на свесните секојдневни мисли да дојдат до недостапните делови од психата. Па, по кој пат одите кога сонувате дека вашиот партнер ве изневерува?rn

    „Вашите соништа може да се поврзани со стравот дека партнерот повеќе не ве сака или со грижата дека не сте доволно отворени. Но, многу ретко соништата го отсликуваат реалното однесување на партнерот“, изјавил Хауез.

    rnТолкувањето на соништата е индивидуален процес. Обично, соништата се поврзани со сонувачот, а не со личноста во сонот.rn

    „Кога некој пациент ќе спомене вознемирувачки сон, го разгледуваме од аспект на животот на сонувачот. Иако секоја ситуација е различна, кога пациентите раскажуваат соништа за нивните партнери, понекогаш тоа е знак на потисната лутина кон партнерот. Понекогаш, сонот е поврзан со проблем што сонувачот мора да го реши сам“, потврдил Хауез.

    rnСо други зборови, треба да размислите малку за себе пред да се расправате со партнерот поради неговото однесување во сонот.rn

    „Соништата се знак дека мозокот се обидува да реши некаков проблем. Кога ќе го препознаеме проблемот и ќе почнеме да го решаваме, ваквите соништа обично се повлекуваат“, изјавил психологот.

    rnАко решите да му го раскажете сонот на вашиот партнер, не се изненадувајте ако вашата реакција го фати во небрано.rn

    „Можеби сметате дека тие треба да чувствуваат вина и дека сценариото ви изгледало премногу реално, но тие нема да го сфатат тоа така. Запомнете: Никој не сака да биде обвинет за злочин што не ни знаел дека некогаш се случил“, заклучил психологот.

    rnНареден пат кога ќе имате лош сон за партнерот, размислете прво што кажува тоа за вас. Можеби скриеното значење на вашите соништа нема никаква врска со вашиот љубовен живот. Не избрзувајте со обвинувањата и обидете се да ја одгатнете симболиката што се крие зад очигледната приказна во сонот.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте за најчудните секс-соништа и нивното значење.

  • Сонување на иднината: Вистински приказни за претскажувачки соништа

    Сонување на иднината: Вистински приказни за претскажувачки соништа

    Иако не се зборува многу за овој феномен, изгледа тој е чест колку и познатото дежа ву. При овој феномен на претскажувачки соништа луѓето сонуваат нешто, а потоа во реалноста се случува нешто идентично со сонот.rnrnsonuvanje-na-idninata-vistinski-prikazni-za-pretskazhuvachki-sonovi-kafepauza.mkrnrnПонекогаш сонот се „остварува“ наредниот ден, а некогаш дури после неколку години. Прочитајте неколку вистински приказни за овој феномен, и самите одлучете дали станува збор за случајност или за нешто поголемо од нас.rn

    „Колку што знам многу луѓе имале некој сон или визија кои подоцна станале реалност. Првиот пат кога ми се случи мене бев во средно, пред матурската. Јас и двајца мои пријатели бевме кај мене и игравме видео игри кога почнав да имам чувство на дежа ву. На почетокот не ми беше јасно зошто, но кога на телевизорот почна една реклама, се сетив дека ја видов истата реклама во мојот сон. Во наредните 8 минути знаев точно што ќе се случи, секое движење, секој збор, секој звук. Знаев што ќе кажам уште пред да го кажам, но поради некоја причина зборував токму тогаш кога требаше. Како да ми беше страв да направам нешто различно од она што го очекував. Беше навистина чудно, и после неколку недели ништо не се случи. Вториот пат беше поразлично бидејќи се сеќавав на сонот од претходната ноќ, но само на мали детали. Денот се одвиваше нормално, сè додека не се сретнав со татко ми во еден ресторан. Само што ја отворив вратата, знаев дека се повторува истото од минатиот пат. Знаев на која маса да седнам без воопшто да разгледам наоколу, и веднаш му кажав на татко ми што се случува. Како и во мојот сон, тој извади еден потсетник и почна да го запишува она што му го кажував и ми кажа дека истото го прогонувало кога бил колку мене. Целата ситуација беше како да гледам реприза од некоја серија. Сè што беше кажано и направено беше како во мојот сон. Имав уште многу вакви случаи следните 6 години. Како што стареам се случува поретко, но сè уште не можам да си го објаснам овој феномен.“

    rn

    „Сè уште помнам еден сон од пред 15 години. Во сонот сум на работа и гледам како две од моите колешки се смеат и си ги бојат лицата. 2 недели после сонот, јас сум на работа и сите колеги се подготвуваме за настан организиран од компанијата: пејнтбол игра. И што видов? Моите колешки се смеат и си ги бојат лицата.“

    rn

    „Како што имам кажано многу пати, некој треба да искуси нешто за да поверува во тоа. Не треба слепо да верувате во сè. Но, овој феномен е нешто кое ми се случило мене. Во сонот добив порака на телефонот, а следниот ден ја добив потполно истата порака во реалноста. Шансите да станувало збор за случајност се навистина премногу мали. Пораката беше од девојка, Аманда, со која немав разговарано 9 месеци. Се сеќавам дека во сонот пораката беше ‘Хеј, Аманда е…’ и другото не го помнам. Ова не е единствениот ваков сон кој сум го имал, но ова е сонот кој ме убеди дека овој феномен е реален.“

    rn

    „Кога бев малечка, сонував дека мојата братучетка (која ретко ја гледав) си купила жолт автомобил и се возела околу училиштето со него. Следното утро мајка ми ми кажа дека братучетката навистина си купила жолт автомобил. Кога бев тинејџерка сонував како стотици исечени дрвја се расфрлани на земјата. Приказната во сонот беше цел еп, па дури и напишав приказна кога се разбудив. Следниот ден, отидов на прошетка во паркот, и погодете што видов. Сцената од сонот – многу исечени дрвја и оставени на земјата во паркот.“

    rn

    „Имам многу вакви искуства, а едно од нив си го викам ‘Сонот за смртта’. Не се важни деталите на сонот колку чувствата додека го сонував. Првиот пат кога знаев што значи сонот, еден од моите ученици изврши самоубиство. Пред неколку години, кога почина тетката на мојот сопруг, се разбудив во 4:44 наутро. Се разбуди и сопругот и ме праша зошто не спијам. Му реков дека ќе му кажам утрото, и му кажав. Наскоро потоа се јавија неговите родители и ни ја соопштија веста. Ни кажаа дека тетката починала помеѓу 4:30 и 5 часот наутро.“

    rn

    „Уште од кога знам за себе имам вакви соништа. Но пораснав во христијанско семејство, ја читав Библијата секој ден, а секоја недела одевме во црква. Поради ова сметав дека не треба да кажувам на никој за моите соништа, бидејќи според црквата предвидувањето на иднината е вештерство. Најчудното искуство кое сум го имала се случи помеѓу 14-ти и 15-ти ноември, 2006-та година, кога имав 12 години. Бев навистина вљубена во едно момче, но знаев дека и една од моите пријателки го чувствува истото. Сонував како сум стоела во училиштето и дошла пријателката и ми рекла ‘Тој рече не’. Знаев дека зборува за момчето, и дека тој ја одбил. Утредента ја наговорив да го праша, за да ми се зголемат шансите да го освојам. Се повтори сцената од сонот. Ја прашав дали ја одбил, а таа ми рече дека го прашала за мене, а тој рекол не. Од тогаш соништата почнаа поретко да се појавуваат, но во последните неколку недели повторно се случува истото. Дури мислам и дека можам да ги контролирам – пред некој ден ми се случи да имам претскажувачки сон, а не бев ни заспана.“

    rnПрочитајте и нешто повеќе за феноменот дежа ву.